еуростнадард банка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eurostnadard-banka/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Feb 2023 09:31:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еуростнадард банка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eurostnadard-banka/ 32 32 Штедачите прашуваат: Зошто обвинителството молчи за организираниот криминал во Еуростандард банка? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/shtedachite-prashuvaat-zoshto-obvinitelstvoto-molchi-za-organiziraniot-kriminal-vo-eurostandard-banka/ Wed, 08 Feb 2023 09:31:22 +0000 https://republika.mk/?p=606357

На денешен ден пред цели две години Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција започна истрага за организираниот криминал во Еуростандард банка.

Трифун Костовски и уште три одговорни лица од неговиот поранешен највисоко поставен раководен тим во Еуростандард банка се осомничени за масовниот грабеж на депозити што со години се случувал во банката. Осомничени се за предизвикување стечај на банката и за перење пари и други приноси од казниво дело. Уште минатата година се поминати ѝ законските рокови за носење одлука на обвинителството за покренување на обвинение, но од таму и понатаму молк. Зошто?

Се прашуваме зошто се молчи на јавното признание од Трифун Костовски дека свесно сторил кривично дело? Со негов потпис во 2019 година се нелегално земени три милиони евра од депозитите во Еуростандард банка и префрлени во соседната Комерцијална банка за да служат како гаранција за доделени кредити на трети правни лица, пари кои засекогаш исчезнале од сметките на депонентите во Еуростандард банка.

Зошто обвинителството молчи за масовното делење неповратни кредити на некредитоспособни фирми од Еуростандард банка? Зошто обвинителството молчи, на пример, за неповратните 2,5 милиони евра дадени како кредит на некредитоспособна фирма Феро Центар во 2019 година само врз основа на обична меница, за да фирмата отиде во стечај само неколку месеци после затворање на банката без да врати ниту еден денар од кредитот? Кредит одобрен од раководниот тим на банката вклучително и од Трифун Костовски како долгогодишен претседател на надзорниот одбор на Еуростандард банка.

За организираниот криминал во Еуростандард банка има многу докази. Се правел од внатре со години. Се делеле кредити без почитување на основни критериуми за нивно одобрување. Како да не постоела кридитна политика, ниту политики и процедури за кредитен ризик. Се делеле кредити во милионски суми без или со мали обезбедувања или пак со обични меници како единствено обезбедување. Најмногу на правни лица. И тоа е веројатно така поради фактот што правните лица имаат ограничена одговорност до капиталот со којшто располагаат. А тие не располагале со соодветен капитал и потоа фирмите ги однеле во стечај или се веќе затворени. Се разбира, парите однесени во нечии приватни, туѓи џебови кои се одамна познати на обвинителството. Како што е познато и дека се переле стотици милиони евра од Венецуела преку трансакции со нерезидентни фирми како клиенти во Еуростандард банка, но и за тоа упорно се молчи.

Се прашуваме чии интереси штити обвинителството? На тие што ги украле парите од Еуростандард банка или на сите оние граѓани и фирми депоненти чии лични парични средства се украдени во законски лиценцирана и контролирана банка!? И повторно прашуваме, дали молкот од обвинителството е можеби и поради можно соучество на некои познати високо поставени политичари, банкари и сопственици на фирми во грабежот на Еуростандард банка?

Молкот не се прифаќа и не може да биде решение.

The post Штедачите прашуваат: Зошто обвинителството молчи за организираниот криминал во Еуростандард банка? appeared first on Република.

]]>

Костовски прашува: Доколку со пресот го загрозивме банкарскиот систем зошто не покренат кривични пријави против сите учесници? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostovski-prashuva-dokolku-so-presot-go-zagrozivme-bankarskiot-sistem-zoshto-ne-pokrenat-krivichni-prijavi-protiv-site-uchesnici/ Tue, 23 Aug 2022 10:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=543220

Соопштенијата на Комерцијална банка, Народна банка, замислете од Советот на Нродна банка и Асоцијацијата на банките во Македонија беа клише, вели за „Фокус“ мнозинскиот сопственик на пропаднатата Еуростандард банка, Трифун Костовски за реакциите на неговата прес-конференција на којашто со странски експерти го обелоденија извештајот за пропаѓањето на банката.

-Пресот беше фактографски. Доколку со пресот го загрозивме банкарскиот систем во Македонија зошто не покренат кривични пријави против сите учесници. Жално е сознанието дека никој, ама баш никој не е спремен да се зафати во броба против ова општествено зло. Најискрено, не можам да разберам какво општество сме ние. Моите сограѓани по се изгледа сакаат некој друг да ни го „чисти дворот“. Јас не се откажувам, одам до крај, вели Костовски во изјава за „Фокус“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kostovski-tehnichkata-vlada-na-spasovski-bila-stavena-vo-funkcija-za-unishtuvanje-na-eurostandard-banka/

Биснименот вчера истакна оти е убеден дека тогашниот технички премиер Оливер Спасовски и Народната банка стојат зад одењето во стечај на неговата Еуростандард банка.

The post Костовски прашува: Доколку со пресот го загрозивме банкарскиот систем зошто не покренат кривични пријави против сите учесници? appeared first on Република.

]]>

Соопштенијата на Комерцијална банка, Народна банка, замислете од Советот на Нродна банка и Асоцијацијата на банките во Македонија беа клише, вели за „Фокус“ мнозинскиот сопственик на пропаднатата Еуростандард банка, Трифун Костовски за реакциите на неговата прес-конференција на којашто со странски експерти го обелоденија извештајот за пропаѓањето на банката. -Пресот беше фактографски. Доколку со пресот го загрозивме банкарскиот систем во Македонија зошто не покренат кривични пријави против сите учесници. Жално е сознанието дека никој, ама баш никој не е спремен да се зафати во броба против ова општествено зло. Најискрено, не можам да разберам какво општество сме ние. Моите сограѓани по се изгледа сакаат некој друг да ни го „чисти дворот“. Јас не се откажувам, одам до крај, вели Костовски во изјава за „Фокус“. https://republika.mk/vesti/makedonija/kostovski-tehnichkata-vlada-na-spasovski-bila-stavena-vo-funkcija-za-unishtuvanje-na-eurostandard-banka/ Биснименот вчера истакна оти е убеден дека тогашниот технички премиер Оливер Спасовски и Народната банка стојат зад одењето во стечај на неговата Еуростандард банка.