Еуростандард Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eurostandard/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Jun 2022 08:39:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Еуростандард Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eurostandard/ 32 32 Здружение на оштетени штедачи: Прва авансна распределба кон доверителите физички и правни лица, случајот наречен Еуростандард банка е далеку од завршен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-prva-avansna-raspredelba-kon-doveritelite-fizichki-i-pravni-lica-sluchajot-narechen-eurostandard-banka-e-daleku-od-zavrshen/ Tue, 21 Jun 2022 08:39:58 +0000 https://republika.mk/?p=517920

Здружението на оштетени штедачи преку соопштение до јавноста велат дека прва авансна распределба кон доверителите физички и правни лица, случајот наречен Еуростандард банка е далеку од завршен.

„После речиси две години, стечајната постапка на Еуростандард банка дојде до првата авансна распределба кон доверителите физички и правни лица. Во стечајната маса се собраа вкупно 50 милиони евра, кои се во постапка на исплата. Судскиот процес, почнувајќи од одлуката на Уставниот суд за укинување на приоритетното место за наплата на Фондот за осигурување на депозити, преку постапките што се водеа во Основниот и Апелациониот суд Скопје, резултатираа со крајна одлука да поголем дел од физичките лица доверители, оние чии депозити биле осигурани согласно закон, бидат обештетени во целост преку сегашната прва аванска распеделба од стечајната маса. Додека еден дел од физичките лица и сите правни лица доверители во банката се обештетија делумно, околу една третина од нивните депозити. Или, преку бројки, нешто повеќе од 500 физички лица ги добиjа назад своите заробени депозити во целост, додека останатите, повеќе од 100 физички лица и околу 2.000 правни лица, заедно со Фондот за осигурување на депозити како најголем доверител, останаа и понатаму да ги побаруваат своите депозити во стечајната постапка на Еуростандард банка.

Но не би бил овој прв успех возможен без активната поддршка на медиумите кои несебично го помагаа Здружението „Правда за штедачи“ преку објавите кои ги споделувавме во изминатите неполни две години од затворањето на банката. Бевте со нас секогаш кога требаше, да ги пренесете во целост нашите заложби за правично и праведно решавање на стечајот на Еуростандард банка. Таа мисија, која е од јавен интерес, несебично ја извршувате, за што сме ви многу благодарни. Со други зборови, без вашата поддршка овој првичен успех немаше да биде возможен.

Но, состојбата во стечајната постапка на Еуростандард банка е далеку од розова. Официјалниот извештај за банката на денот на нејзиното затворање во август 2020 година вели дека во банката имало кредити во износ од 99 милиони евра, од кои околу 58 милиони евра ненаплатливи и тешко наплатливи кредити додека останатите 41 милиони евра биле редовни кредити. Во банката имало и околу 25 милиони евра во парични средства за резервации за лоши пласмани, кои заедно со наплатените дополнителни 25 милиони евра, најмногу од кредити кои можеле да се наплатат во текот на минатите две години, ја сочинуваат првата авансна распределба од 50 милиони евра. Реалната состојба е таква да понатамошните приливи во стечајната маса се многу мали, а тоа ја прави понатамошната наплата многу неизвесна и крајно дискутабилна за сите оние кои останаа доверители во стечајната постапка на банката. Со други зборови, тие правни и физички лица должници кои можеле и сакале да ги вратат кредитите го направиле тоа до сега, додека недостатокот од оние 58 милиони евра нефункционални кредити, дадени и поделени на вересија и врз основа на измислени критериуми од страна на менаџментот на Еуростандард банка, и понатаму не можат да се вратат во банката. За тоа сведочат и многуте затворени или во стечај однесени фирми должници, каде остануваат ненаплатени речиси 60 отсто од кредитното портфолио на Еуростандард банка.

Затоа, ја очекуваме поддршката од медиумите и во наредниот период. Затоа што случајот наречен Еуростандард банка е далеку од завршен. Очекуваме вистината за банката и правдата за оштетените депоненти да бидат наскоро обзнаени и во постапката која ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, коешто има започнато истрага за Еуростандард банка уште во февруари минатата година. Затоа што разрешување на прашањата за сторениот организиран криминал во банката ќе помогне не само на доверителите во банката, туку и ќе испрати јасна порака до сите останати банки и други финансиски институции како не треба да се работи и управува со банка. Тоа, впрочем, е од голем јавен и општествен интерес.

На вас, медиумите, искрено ви благодариме, до сега и од сега“, стои во нивното соопштение до јавноста.

The post Здружение на оштетени штедачи: Прва авансна распределба кон доверителите физички и правни лица, случајот наречен Еуростандард банка е далеку од завршен appeared first on Република.

]]>

Здружението на оштетени штедачи преку соопштение до јавноста велат дека прва авансна распределба кон доверителите физички и правни лица, случајот наречен Еуростандард банка е далеку од завршен. „После речиси две години, стечајната постапка на Еуростандард банка дојде до првата авансна распределба кон доверителите физички и правни лица. Во стечајната маса се собраа вкупно 50 милиони евра, кои се во постапка на исплата. Судскиот процес, почнувајќи од одлуката на Уставниот суд за укинување на приоритетното место за наплата на Фондот за осигурување на депозити, преку постапките што се водеа во Основниот и Апелациониот суд Скопје, резултатираа со крајна одлука да поголем дел од физичките лица доверители, оние чии депозити биле осигурани согласно закон, бидат обештетени во целост преку сегашната прва аванска распеделба од стечајната маса. Додека еден дел од физичките лица и сите правни лица доверители во банката се обештетија делумно, околу една третина од нивните депозити. Или, преку бројки, нешто повеќе од 500 физички лица ги добиjа назад своите заробени депозити во целост, додека останатите, повеќе од 100 физички лица и околу 2.000 правни лица, заедно со Фондот за осигурување на депозити како најголем доверител, останаа и понатаму да ги побаруваат своите депозити во стечајната постапка на Еуростандард банка. Но не би бил овој прв успех возможен без активната поддршка на медиумите кои несебично го помагаа Здружението „Правда за штедачи“ преку објавите кои ги споделувавме во изминатите неполни две години од затворањето на банката. Бевте со нас секогаш кога требаше, да ги пренесете во целост нашите заложби за правично и праведно решавање на стечајот на Еуростандард банка. Таа мисија, која е од јавен интерес, несебично ја извршувате, за што сме ви многу благодарни. Со други зборови, без вашата поддршка овој првичен успех немаше да биде возможен. Но, состојбата во стечајната постапка на Еуростандард банка е далеку од розова. Официјалниот извештај за банката на денот на нејзиното затворање во август 2020 година вели дека во банката имало кредити во износ од 99 милиони евра, од кои околу 58 милиони евра ненаплатливи и тешко наплатливи кредити додека останатите 41 милиони евра биле редовни кредити. Во банката имало и околу 25 милиони евра во парични средства за резервации за лоши пласмани, кои заедно со наплатените дополнителни 25 милиони евра, најмногу од кредити кои можеле да се наплатат во текот на минатите две години, ја сочинуваат првата авансна распределба од 50 милиони евра. Реалната состојба е таква да понатамошните приливи во стечајната маса се многу мали, а тоа ја прави понатамошната наплата многу неизвесна и крајно дискутабилна за сите оние кои останаа доверители во стечајната постапка на банката. Со други зборови, тие правни и физички лица должници кои можеле и сакале да ги вратат кредитите го направиле тоа до сега, додека недостатокот од оние 58 милиони евра нефункционални кредити, дадени и поделени на вересија и врз основа на измислени критериуми од страна на менаџментот на Еуростандард банка, и понатаму не можат да се вратат во банката. За тоа сведочат и многуте затворени или во стечај однесени фирми должници, каде остануваат ненаплатени речиси 60 отсто од кредитното портфолио на Еуростандард банка. Затоа, ја очекуваме поддршката од медиумите и во наредниот период. Затоа што случајот наречен Еуростандард банка е далеку од завршен. Очекуваме вистината за банката и правдата за оштетените депоненти да бидат наскоро обзнаени и во постапката која ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, коешто има започнато истрага за Еуростандард банка уште во февруари минатата година. Затоа што разрешување на прашањата за сторениот организиран криминал во банката ќе помогне не само на доверителите во банката, туку и ќе испрати јасна порака до сите останати банки и други финансиски институции како не треба да се работи и управува со банка. Тоа, впрочем, е од голем јавен и општествен интерес. На вас, медиумите, искрено ви благодариме, до сега и од сега“, стои во нивното соопштение до јавноста.

The post Здружение на оштетени штедачи: Прва авансна распределба кон доверителите физички и правни лица, случајот наречен Еуростандард банка е далеку од завршен appeared first on Република.

]]>
Банкарите не сакаат при земањето пари од стечајната маса на „Еуростандард“ штедачите да имаат предност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bankarite-ne-sakaat-pri-zemanjeto-pari-od-stechajnata-masa-na-eurostandard-shtedachite-da-imaat-prednost/ Thu, 03 Feb 2022 10:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=453449

Банкарите од земјава реагираат дека не е точна информацијата која минатата недела ја пренесоа штедачите од Еуростандард банка, а таа е дека тие ќе имаат предност на намирување од стечајната маса, пред Фондот за осигурување на депозити.

Во врска со неодамнешните написи објавени во средствата за јавно информирање со кои се дава неточно известување за правата на доверителите при распределбата на средствата од стечајната маса во случајот со Еуростандард банка АД Скопје во стечај, при што се сугерира да не се почитува Законот за стечај по однос на начинот на намирување на побарувањата на доверителите од ист исплатен ред, Македонската банкарска асоцијација ја потсетува јавноста за следното:

- Фондот за осигурување на депозити иако е државна финансиска институција основана со посебен закон, истиот целосно е финансиран од премиите за осигурување на депозитите на физичките лица кои ги уплаќаат банките и штедилниците согласно нивната законска обврска;

- благодарение на неговата поставеност и улога, како и на целосната финансиска поддршка од членовите на Македонската банкарска асоцијација, Фондот за осигурување на депозити даде значаен придонес кон создавање на стабилен и сигурен банкарски сектор кој ужива огромна доверба кај штедачите, поради што ваквата реалност не смее да биде загрозена од никого и на ниту еден начин;

- Фондот за осигурување депозити во случајот со Еуростандард банка АД Скопје во стечај, навремено и ефикасно ја изврши својата законска обврска и од средствата на Фондот досега се обесштетени 90 отсто од штедачите - физички лица со право на обесштетување;

- статусот на Фондот за осигурување на депозити на доверител со утврдено побарување во предметната стечајна постапка е неспорен за правниот систем на нашата држава, а тоа го потврдија и судовите со свои одлуки“, се вели во соопштението од МБА.

Во таа смисла, Македонската банкарска асоцијација очекува во рамки на стечајната постапка над  Еуростандард банка АД Скопје во стечај целосно да се почитуваат одредбите од Законот за стечај и Фондот за осигурување на депозити како доверител, рамномерно и пропорционално да се намири истовремено со сите други доверители од ист исплатен ред, нагласуваат оттаму.

Сметамe дека секоја друга одлука би можела да нанесе ненадоместлива штета директно на Фондот за осигурување на депозити, а со тоа и индиректно на банките и штедилниците коишто го финансираат овој Фонд, нагласуваат од Македонската банкарска асоцијација.

The post Банкарите не сакаат при земањето пари од стечајната маса на „Еуростандард“ штедачите да имаат предност appeared first on Република.

]]>

Банкарите од земјава реагираат дека не е точна информацијата која минатата недела ја пренесоа штедачите од Еуростандард банка, а таа е дека тие ќе имаат предност на намирување од стечајната маса, пред Фондот за осигурување на депозити.
Во врска со неодамнешните написи објавени во средствата за јавно информирање со кои се дава неточно известување за правата на доверителите при распределбата на средствата од стечајната маса во случајот со Еуростандард банка АД Скопје во стечај, при што се сугерира да не се почитува Законот за стечај по однос на начинот на намирување на побарувањата на доверителите од ист исплатен ред, Македонската банкарска асоцијација ја потсетува јавноста за следното: - Фондот за осигурување на депозити иако е државна финансиска институција основана со посебен закон, истиот целосно е финансиран од премиите за осигурување на депозитите на физичките лица кои ги уплаќаат банките и штедилниците согласно нивната законска обврска; - благодарение на неговата поставеност и улога, како и на целосната финансиска поддршка од членовите на Македонската банкарска асоцијација, Фондот за осигурување на депозити даде значаен придонес кон создавање на стабилен и сигурен банкарски сектор кој ужива огромна доверба кај штедачите, поради што ваквата реалност не смее да биде загрозена од никого и на ниту еден начин; - Фондот за осигурување депозити во случајот со Еуростандард банка АД Скопје во стечај, навремено и ефикасно ја изврши својата законска обврска и од средствата на Фондот досега се обесштетени 90 отсто од штедачите - физички лица со право на обесштетување; - статусот на Фондот за осигурување на депозити на доверител со утврдено побарување во предметната стечајна постапка е неспорен за правниот систем на нашата држава, а тоа го потврдија и судовите со свои одлуки“, се вели во соопштението од МБА.
Во таа смисла, Македонската банкарска асоцијација очекува во рамки на стечајната постапка над  Еуростандард банка АД Скопје во стечај целосно да се почитуваат одредбите од Законот за стечај и Фондот за осигурување на депозити како доверител, рамномерно и пропорционално да се намири истовремено со сите други доверители од ист исплатен ред, нагласуваат оттаму.
Сметамe дека секоја друга одлука би можела да нанесе ненадоместлива штета директно на Фондот за осигурување на депозити, а со тоа и индиректно на банките и штедилниците коишто го финансираат овој Фонд, нагласуваат од Македонската банкарска асоцијација.

The post Банкарите не сакаат при земањето пари од стечајната маса на „Еуростандард“ штедачите да имаат предност appeared first on Република.

]]>
Правда за штедачи: Правично решение за доверителите на Еуростандард банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pravda-za-shtedachi-pravichno-reshenie-za-doveritelite-na-eurostandard-banka/ Fri, 28 Jan 2022 12:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=450722

Според податоците на доверителите од Еуростандард банка во стечај, во постапката за распределба на средства од стечајната маса, Фондот за осигурување на депозити треба да биде со исплатен ред после доверителите физички и правни лица. Ова е правично и издржано решение, известуваат од здружението на оштетени штедачи од оваа банка Правда за штедачи.

Вака одлучил одборот на доверители на седница кон крајот на минатата година, по што стечајниот управник изготвил план за авансна распределба, односно план за исплата на доверителите од досега собраната стечајна маса на Еуростандард банка. Доверителите, физички и правни лица, се со очекување стечајниот судија да го потврди планот за авансна распределба донесен од одборот на доверители и да донесе решение, со што, конечно, ќе почне исплатата на доверителите на пропаднатата банка.

Вака утврдениот исплатен ред на Фондот за осигурување на депозити во стечајната постапка на банката е правично и издржано решение, во согласност со законот и со начелата на праведно и законско регулирање на побарувањата на доверителите од стечајната маса.

Притоа, особено треба да се има предвид дека со укинувањето на член 163 став 3 од Законот за банки согласно одлуката на Уставниот суд донесена во мај минатата година, Фондот го изгуби статусот на доверител и исплатниот ред во стечајната постапка според Закон за банки. Со тоа, за статусот на Фондот како доверител во стечајната постапка и новиот исплатен ред на Фондот, Основниот граѓански суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје одлучија дека тие треба да се определат врз основа на посебна (sui generis) законска суброгација и да се земе предвид при утврдувањето на планот за авансна распределба на доверителите. Согласно ваквите одлуки на судовите е определен исплатниот ред во планот за аванска распределба изгласан од одборот на доверители. Притоа се земени предвид аспектите на кои ова здружение и во досегашните обраќања кон јавноста укажуваше, особено дека решението што ќе произлезе мора да биде правично и на задоволство на сите засегнати страни. Имајќи предвид дека Фондот за осигурување на депозити е основан со цел да се зајакне сигурноста на депонентите кои своите парични средства ги чуваат во банките, како и нивната верба во банкарскиот сектор, цениме дека ваквата одлука е во интерес и на Фондот. Тоа е така бидејќи Фондот, исто како и депонентите, со усвоениот план за авансна распределба добива значителен износ на средства од стечајната маса на банката.

Затоа, со усвоеното решение, нема место за незадоволство, особено ако се има предвид дека Фондот за осигурување на депозити има специфична поставеност во банкарскиот систем. Тој наплаќал и наплаќа премии од банките за да изврши обештетување на депонентите во случај на ризичен настан односно пропаѓање на банка. Во таа смисла, не може да се стави знак на равенство меѓу позицијата на Фондот и депонентите - физички и правни лица, со оглед дека Фондот е во позиција, преку премијата што банките ја плаќаат од депозитите, и понатаму да биде финансиран од депонентите. Додека средствата на останатите доверители, физички и правни лица, се заробени во стечајната маса на Еуростандард банка и постои опасност од нивно трајно губење, без можност за надополнување.

Затоа, врз основа на примената на законската суброгација, која самиот суд ја утврди како основ за одредување на статусот на доверител на Фондот во стечајната постапка на Еуростандард банка, очекуваме потврда на планот за авансна распредлба, којшто е направен врз основа на користење на истиот тој принцип, преку законска суброгација, согласно Законот за облигациски односи. Односно, доверителите, физички и правни лица, се во очекување судот да го прифати и со решение спроведе планот за авансна распределба на паричните средства од стечајната маса на Еуростандард банка.

Со тоа, ќе се заврши агонијата на доверителите на Еуростандард банка, физички и правни лица, и истите ќе ги добијат во целост нивните лични парични средства заробени во насобраната стечајна маса на банката. Во исто време, Фондот за осигурување на депозити ќе врати значителен дел од своето побарување, со можност за целосна наплата на истото во периодот кога ќе остане речиси единствен доверител по исплатата на физичките и правните лица. Тоа е единственото правично решение со кое се решава проблемот на преку 3.000 доверители, граѓани и фирми, кои се оштетени од пропаѓањето на Еуростандард банка, не по нивна вина. Но, во исто време, со ваквото решение се води сметка за јавниот интерес преку обештетување на значителен дел од побарувањето на Фондот за осигурување на депозити. Повторуваме, тоа е единствено правично и законито решение, на задоволство на сите доверители“, соопшти Правда за штедачи.

The post Правда за штедачи: Правично решение за доверителите на Еуростандард банка appeared first on Република.

]]>

Според податоците на доверителите од Еуростандард банка во стечај, во постапката за распределба на средства од стечајната маса, Фондот за осигурување на депозити треба да биде со исплатен ред после доверителите физички и правни лица. Ова е правично и издржано решение, известуваат од здружението на оштетени штедачи од оваа банка Правда за штедачи.
Вака одлучил одборот на доверители на седница кон крајот на минатата година, по што стечајниот управник изготвил план за авансна распределба, односно план за исплата на доверителите од досега собраната стечајна маса на Еуростандард банка. Доверителите, физички и правни лица, се со очекување стечајниот судија да го потврди планот за авансна распределба донесен од одборот на доверители и да донесе решение, со што, конечно, ќе почне исплатата на доверителите на пропаднатата банка. Вака утврдениот исплатен ред на Фондот за осигурување на депозити во стечајната постапка на банката е правично и издржано решение, во согласност со законот и со начелата на праведно и законско регулирање на побарувањата на доверителите од стечајната маса. Притоа, особено треба да се има предвид дека со укинувањето на член 163 став 3 од Законот за банки согласно одлуката на Уставниот суд донесена во мај минатата година, Фондот го изгуби статусот на доверител и исплатниот ред во стечајната постапка според Закон за банки. Со тоа, за статусот на Фондот како доверител во стечајната постапка и новиот исплатен ред на Фондот, Основниот граѓански суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје одлучија дека тие треба да се определат врз основа на посебна (sui generis) законска суброгација и да се земе предвид при утврдувањето на планот за авансна распределба на доверителите. Согласно ваквите одлуки на судовите е определен исплатниот ред во планот за аванска распределба изгласан од одборот на доверители. Притоа се земени предвид аспектите на кои ова здружение и во досегашните обраќања кон јавноста укажуваше, особено дека решението што ќе произлезе мора да биде правично и на задоволство на сите засегнати страни. Имајќи предвид дека Фондот за осигурување на депозити е основан со цел да се зајакне сигурноста на депонентите кои своите парични средства ги чуваат во банките, како и нивната верба во банкарскиот сектор, цениме дека ваквата одлука е во интерес и на Фондот. Тоа е така бидејќи Фондот, исто како и депонентите, со усвоениот план за авансна распределба добива значителен износ на средства од стечајната маса на банката. Затоа, со усвоеното решение, нема место за незадоволство, особено ако се има предвид дека Фондот за осигурување на депозити има специфична поставеност во банкарскиот систем. Тој наплаќал и наплаќа премии од банките за да изврши обештетување на депонентите во случај на ризичен настан односно пропаѓање на банка. Во таа смисла, не може да се стави знак на равенство меѓу позицијата на Фондот и депонентите - физички и правни лица, со оглед дека Фондот е во позиција, преку премијата што банките ја плаќаат од депозитите, и понатаму да биде финансиран од депонентите. Додека средствата на останатите доверители, физички и правни лица, се заробени во стечајната маса на Еуростандард банка и постои опасност од нивно трајно губење, без можност за надополнување. Затоа, врз основа на примената на законската суброгација, која самиот суд ја утврди како основ за одредување на статусот на доверител на Фондот во стечајната постапка на Еуростандард банка, очекуваме потврда на планот за авансна распредлба, којшто е направен врз основа на користење на истиот тој принцип, преку законска суброгација, согласно Законот за облигациски односи. Односно, доверителите, физички и правни лица, се во очекување судот да го прифати и со решение спроведе планот за авансна распределба на паричните средства од стечајната маса на Еуростандард банка. Со тоа, ќе се заврши агонијата на доверителите на Еуростандард банка, физички и правни лица, и истите ќе ги добијат во целост нивните лични парични средства заробени во насобраната стечајна маса на банката. Во исто време, Фондот за осигурување на депозити ќе врати значителен дел од своето побарување, со можност за целосна наплата на истото во периодот кога ќе остане речиси единствен доверител по исплатата на физичките и правните лица. Тоа е единственото правично решение со кое се решава проблемот на преку 3.000 доверители, граѓани и фирми, кои се оштетени од пропаѓањето на Еуростандард банка, не по нивна вина. Но, во исто време, со ваквото решение се води сметка за јавниот интерес преку обештетување на значителен дел од побарувањето на Фондот за осигурување на депозити. Повторуваме, тоа е единствено правично и законито решение, на задоволство на сите доверители“, соопшти Правда за штедачи.

The post Правда за штедачи: Правично решение за доверителите на Еуростандард банка appeared first on Република.

]]>