Еуропа прима Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/europa-prima/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jul 2023 14:36:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Еуропа прима Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/europa-prima/ 32 32 Џон Малкович прогласен за Doctor Honoris Causa на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dhon-malkovich-proglasen-za-doctor-honoris-causa-na-internatsionalniot-univerzitet-europa-prima/ Fri, 28 Jul 2023 15:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=666352

Славниот холивудски актер Џон Малкович, синоќа, на свечена вечера,  во Скопје , беше прогласен за почесен доктор ( Doctor Honoris Causa) на универзитот Еуро Прима, чиј претседател е Јордан Плевнеш, со што ќе се се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран, Мето Јовановск и други.

Плакетата му ја врачи Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме, кој одржа брилјантна беседа за Малкович.

Сакам, прогласувајќи ве за Doctor Honoris Causa, да ве прогласам за Син на Вечноста во Минатото кое никогаш не минува и Иднината која никогаш не завршува!, рече меѓу другото во својата беседа, Јордан Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме.

The post Џон Малкович прогласен за Doctor Honoris Causa на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима appeared first on Република.

]]>

Славниот холивудски актер Џон Малкович, синоќа, на свечена вечера,  во Скопје , беше прогласен за почесен доктор ( Doctor Honoris Causa) на универзитот Еуро Прима, чиј претседател е Јордан Плевнеш, со што ќе се се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран, Мето Јовановск и други. Плакетата му ја врачи Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме, кој одржа брилјантна беседа за Малкович.
Сакам, прогласувајќи ве за Doctor Honoris Causa, да ве прогласам за Син на Вечноста во Минатото кое никогаш не минува и Иднината која никогаш не завршува!, рече меѓу другото во својата беседа, Јордан Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме.
 
The post Џон Малкович прогласен за Doctor Honoris Causa на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима appeared first on Република.

]]>
Универзитетот „Еуропа прима“ Скопје станува дел од проектот на Џон Малкович – потпишан меморандум со „Капитал Партнерс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/univerzitetot-europa-prima-skopje-stanuva-del-od-proektot-na-dzon-malkovich-potpishan-memorandum-so-kapital-partners/ Tue, 29 Nov 2022 20:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=579780

Филмски и музички студија ќе се градат во околината на Скопје. Интернационалниот универзитет „Еуропа прима“ и компанијата што ќе го гради филмскиот град со најсовремена технологија, стануваат дел од проектот на актерот, продуцент и режисер Џон Малкович. Двете страни потпишаа меморандум за соработка. Аудиовизуелните и сценски уметности низ призмата на современите дигитални технологии кои се изучуваат на универзитетот, ќе добијат меѓународна афирмација преку партнерства со светски реномирани универзитети, во рамките на едукативниот центар.

Академскиот центар, заедно со останатите содржини на СТП, ќе започне со реализација веднаш по доделувањето на статус на стратешка инвестиција за овој проект од страна на владата, кој што се очекува во најскоро време. Со оглед на тоа што овој проект ќе биде од огромно значење, не само за Македонија, туку и за целиот регион, многу млади што се едуцираат во овие домени, со нетрпение го очекуваат почетокот на изградбата на СТП, која предвидува вработуваање на над 800 кадри, кои и сега како и во минатите години биле принудени да ги бараат своите ангажмани во Европа и пошироко, велат од „Еуропа прима“.

Изградбата на технолошкиот парк треба да креира вработување на повеќе од 800 луѓе, кои сега како и во минатите години биле принудени да ги бараат своите ангажмани во Европа и пошироко, вели Иван Видаковиќ од СТП „Капитал партнерс“.

Интернационалниот универзитет „Еурппа прима“,по отпочувањето со реализација на овој капитален проект, во плејадата на личности кои претставуваат легенди во светот на аудиовизуелните уметности, како што се Шарл Азнавур, Роберт Вилсон, Маноел Де Оливеира, Јиржи Мензел итн, ќе го прогласи и Џон Малкович за Doctor Honoris Casua, со организација на ретроспектива на неговите филмови, рече Плевнеш.

Стартот на изградбата на филмскиот град ќе се реализира веднаш, откако Владата ќе му додели статус на стратешка инвестиција на долго најавуваниот проект.

Инаку, по стартот на овој проект, универзитет „Еуропа прима“, ќе го прогласи Џон Малкович за почесен доктор на науки на овој универзитет и ќе организира ретроспектива на неговите филмови.

The post Универзитетот „Еуропа прима“ Скопје станува дел од проектот на Џон Малкович – потпишан меморандум со „Капитал Партнерс“ appeared first on Република.

]]>

Филмски и музички студија ќе се градат во околината на Скопје. Интернационалниот универзитет „Еуропа прима“ и компанијата што ќе го гради филмскиот град со најсовремена технологија, стануваат дел од проектот на актерот, продуцент и режисер Џон Малкович. Двете страни потпишаа меморандум за соработка. Аудиовизуелните и сценски уметности низ призмата на современите дигитални технологии кои се изучуваат на универзитетот, ќе добијат меѓународна афирмација преку партнерства со светски реномирани универзитети, во рамките на едукативниот центар.
Академскиот центар, заедно со останатите содржини на СТП, ќе започне со реализација веднаш по доделувањето на статус на стратешка инвестиција за овој проект од страна на владата, кој што се очекува во најскоро време. Со оглед на тоа што овој проект ќе биде од огромно значење, не само за Македонија, туку и за целиот регион, многу млади што се едуцираат во овие домени, со нетрпение го очекуваат почетокот на изградбата на СТП, која предвидува вработуваање на над 800 кадри, кои и сега како и во минатите години биле принудени да ги бараат своите ангажмани во Европа и пошироко, велат од „Еуропа прима“.
Изградбата на технолошкиот парк треба да креира вработување на повеќе од 800 луѓе, кои сега како и во минатите години биле принудени да ги бараат своите ангажмани во Европа и пошироко, вели Иван Видаковиќ од СТП „Капитал партнерс“.
Интернационалниот универзитет „Еурппа прима“,по отпочувањето со реализација на овој капитален проект, во плејадата на личности кои претставуваат легенди во светот на аудиовизуелните уметности, како што се Шарл Азнавур, Роберт Вилсон, Маноел Де Оливеира, Јиржи Мензел итн, ќе го прогласи и Џон Малкович за Doctor Honoris Casua, со организација на ретроспектива на неговите филмови, рече Плевнеш.
Стартот на изградбата на филмскиот град ќе се реализира веднаш, откако Владата ќе му додели статус на стратешка инвестиција на долго најавуваниот проект. Инаку, по стартот на овој проект, универзитет „Еуропа прима“, ќе го прогласи Џон Малкович за почесен доктор на науки на овој универзитет и ќе организира ретроспектива на неговите филмови.

The post Универзитетот „Еуропа прима“ Скопје станува дел од проектот на Џон Малкович – потпишан меморандум со „Капитал Партнерс“ appeared first on Република.

]]>
Биљана Драгичевиќ-Пројковска и Исмет Аземи наградени со „Актер на Европа 2022“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/biljana-dragichevikj-projkovska-i-ismet-azemi-nagradeni-so-akter-na-evropa-2022/ Tue, 12 Jul 2022 09:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=527412

Синоќа традиционално со церемонија на доделување на наградите, во Сарајот во Ресен заврши јубилејното 20-то издание на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2022.

Како што е познато, овој фестивал започна летото 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија.

Жирито во состав, Мето Јовановски (претседател), Елена Трјаковска и Владимир Стојчевски, одлучи главната награда „Актер на Европа 2022“ за најдобро актерско остварување да им ја додели на Биљана Драгичевиќ-Пројковска, за улогата во „Кармен“ од Драмскиот театар Скопје, како и на Исмет Аземи за улогата во претставата „Четирите еполети“ од Градскиот театар од Митровица, Косово.

Покрај тоа, претставата „Четирите еполети“ се здоби и со наградите за најдобра режија , Хаќиф Мулиќи и наградата „Преспански Дионис“, за косовскиот актер Басри Луштаку.

За најдобра претстава во целина беше прогласена претставата „Пеликанот“,по текстот на А.Стриндберг, во изведба на независната театарска група од ИУ Еуропа Прима – Скопје, во режија на Теодора Сиљаноска.

Претставата „Поетската вечност на Иго и Бодлер“ од Франција, во режија на Патрик Вершуерен ја доби наградата „Жак Лакариер“ за оригинална театарска инвентивност, додека претставата „Синиот портокал“ од Народниот театар Ј.Х.К Џинот од Велес ја понесе наградатата од публиката.

Интересно е да се одбележи дека во 20-годишното постоење, оваа единствена интернационална манифестација на бреговите на Преспанското езеро, има околу 200 библиографски единици во најпознатите европски новински медиуми како „Фигаро“, „Монд“, „Гардијан“ итн., и секоја година, огласите во светските медиуми за фестивалот се се побројни.

The post Биљана Драгичевиќ-Пројковска и Исмет Аземи наградени со „Актер на Европа 2022“ appeared first on Република.

]]>

Синоќа традиционално со церемонија на доделување на наградите, во Сарајот во Ресен заврши јубилејното 20-то издание на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2022. Како што е познато, овој фестивал започна летото 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија. Жирито во состав, Мето Јовановски (претседател), Елена Трјаковска и Владимир Стојчевски, одлучи главната награда „Актер на Европа 2022“ за најдобро актерско остварување да им ја додели на Биљана Драгичевиќ-Пројковска, за улогата во „Кармен“ од Драмскиот театар Скопје, како и на Исмет Аземи за улогата во претставата „Четирите еполети“ од Градскиот театар од Митровица, Косово. Покрај тоа, претставата „Четирите еполети“ се здоби и со наградите за најдобра режија , Хаќиф Мулиќи и наградата „Преспански Дионис“, за косовскиот актер Басри Луштаку. За најдобра претстава во целина беше прогласена претставата „Пеликанот“,по текстот на А.Стриндберг, во изведба на независната театарска група од ИУ Еуропа Прима – Скопје, во режија на Теодора Сиљаноска. Претставата „Поетската вечност на Иго и Бодлер“ од Франција, во режија на Патрик Вершуерен ја доби наградата „Жак Лакариер“ за оригинална театарска инвентивност, додека претставата „Синиот портокал“ од Народниот театар Ј.Х.К Џинот од Велес ја понесе наградатата од публиката. Интересно е да се одбележи дека во 20-годишното постоење, оваа единствена интернационална манифестација на бреговите на Преспанското езеро, има околу 200 библиографски единици во најпознатите европски новински медиуми како „Фигаро“, „Монд“, „Гардијан“ итн., и секоја година, огласите во светските медиуми за фестивалот се се побројни.

The post Биљана Драгичевиќ-Пројковска и Исмет Аземи наградени со „Актер на Европа 2022“ appeared first on Република.

]]>
Драган Бјелогрлиќ и Изет Цури добитнци на наградата Еуропа Прима 2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dragan-bjelogrlikj-i-izet-curi-dobitnci-na-nagradata-europa-prima-2022/ Wed, 01 Jun 2022 13:13:47 +0000 https://republika.mk/?p=509798

Од денеска почнува онлајн издание на Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа и ќе трае до 6 јуни. На Фестивалот ќе се презентираат најдобрите остварувања од регионот во европските престолнини Париз и Берлин и во Вашингтон.

Фестивалот се организира во соработка со универзитетите Еуропа Прима од Скопје, ИНАЛКО од Париз, Хумболд од Берлин и American University од Вашингтон.

Како што соопштија организаторите, во селекцијата се избрани и македонските  филмови „Стела“ од Стојан Вијучиќ и „101 улога, 102 животи Бајруш Мјаку“ во режија на Филип Херин.

За наградите на фестивалот ќе одлучуваат две жирија, европско и американско. Во состав на европското жири се Фроса Пејоска-Бушеро, професор на ИНАЛКО Париз и филмските критичари Фредерик Фапани, Ив Русле и Игор Станковиќ. Американското жири го сочинуваат Роман Костовски, Патрисија Корбет, и Жаклин Хедингтон, филмски и литературни публицисти и критичари.

Покрај тековната фестивалска продукција, во соработка со „Academia Balkanica Europeana“, фестивалот ги воведе признанијата Легенди на Југосточна Европа во која ги вреднуваше  опусите на режисерите Вељко Булајиќ, Душан Макавејев, Луцијан Пинтилие, Боро Драшковиќ. Оваа година високото признание му припадна на познатиот словенeчки режисер со македонско потекло Карпо Аќимовиќ Година.

Актерите Мики Манојловиќ, Мето Јовановски, Раде Шербеџија, Јон Карамитру, Емир Хаџихафисбеговиќ, Милена Зупанчич, Арта Доброши беа досегашни добитници на признанието „Актер на Југоисточна Европа“, а оваа година добитик на ова престижно признание е македонскиот актер Бајруш Мјаку.

Признанието за животно дело во областа на филмската документаристика „Гран При Фредерик Росиф 2022“  кое го носи името на еден од најпознатите автори на документарниот филм во светот, му припадна на Владимир Перовиќ од Црна Гора.

Наградата „Еуропа Прима“ им е доделена на познатиот актер и режисер од Србија Драган Бјелогрлиќ, и на модниот креатор Изет Цури,  додека наградата „SEE Personality 2022“ за придонес и поддршка на културата му припадна на македонскиот бизнисмен Митко Јанчев.

Наградените филмови од фестивалот, подоцна ќе бидат презентирани во рамки на проектот Балканофилмофилија во Скопје, во соработка со Кинотеката на Македонија и Општина Карпош, како и во повеќе други градови од Балканот.

Во досегашната историја на оваа манифестација се прикажани над стотина играни и поголем број документарни, кратки и анимирани филмови.

The post Драган Бјелогрлиќ и Изет Цури добитнци на наградата Еуропа Прима 2022 appeared first on Република.

]]>

Од денеска почнува онлајн издание на Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа и ќе трае до 6 јуни. На Фестивалот ќе се презентираат најдобрите остварувања од регионот во европските престолнини Париз и Берлин и во Вашингтон.
Фестивалот се организира во соработка со универзитетите Еуропа Прима од Скопје, ИНАЛКО од Париз, Хумболд од Берлин и American University од Вашингтон. Како што соопштија организаторите, во селекцијата се избрани и македонските  филмови „Стела“ од Стојан Вијучиќ и „101 улога, 102 животи Бајруш Мјаку“ во режија на Филип Херин. За наградите на фестивалот ќе одлучуваат две жирија, европско и американско. Во состав на европското жири се Фроса Пејоска-Бушеро, професор на ИНАЛКО Париз и филмските критичари Фредерик Фапани, Ив Русле и Игор Станковиќ. Американското жири го сочинуваат Роман Костовски, Патрисија Корбет, и Жаклин Хедингтон, филмски и литературни публицисти и критичари. Покрај тековната фестивалска продукција, во соработка со „Academia Balkanica Europeana“, фестивалот ги воведе признанијата Легенди на Југосточна Европа во која ги вреднуваше  опусите на режисерите Вељко Булајиќ, Душан Макавејев, Луцијан Пинтилие, Боро Драшковиќ. Оваа година високото признание му припадна на познатиот словенeчки режисер со македонско потекло Карпо Аќимовиќ Година. Актерите Мики Манојловиќ, Мето Јовановски, Раде Шербеџија, Јон Карамитру, Емир Хаџихафисбеговиќ, Милена Зупанчич, Арта Доброши беа досегашни добитници на признанието „Актер на Југоисточна Европа“, а оваа година добитик на ова престижно признание е македонскиот актер Бајруш Мјаку. Признанието за животно дело во областа на филмската документаристика „Гран При Фредерик Росиф 2022“  кое го носи името на еден од најпознатите автори на документарниот филм во светот, му припадна на Владимир Перовиќ од Црна Гора. Наградата „Еуропа Прима“ им е доделена на познатиот актер и режисер од Србија Драган Бјелогрлиќ, и на модниот креатор Изет Цури,  додека наградата „SEE Personality 2022“ за придонес и поддршка на културата му припадна на македонскиот бизнисмен Митко Јанчев. Наградените филмови од фестивалот, подоцна ќе бидат презентирани во рамки на проектот Балканофилмофилија во Скопје, во соработка со Кинотеката на Македонија и Општина Карпош, како и во повеќе други градови од Балканот. Во досегашната историја на оваа манифестација се прикажани над стотина играни и поголем број документарни, кратки и анимирани филмови.

The post Драган Бјелогрлиќ и Изет Цури добитнци на наградата Еуропа Прима 2022 appeared first on Република.

]]>
Едукација и практична настава на студентите за видео продукција, филмски уметности и фотографија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/edukacija-i-praktichna-nastava-na-studentite-za-video-produkcija-filmski-umetnosti-i-fotografija/ Fri, 29 Apr 2022 08:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=495128

Едукацијата и практичната настава на студентите за видео продукција, филмски уметности и фотографија ќе биде унапредена со меморандумот за соработка кој го потпишаа ДЕОСОЛ Медиа и Интернационалниот универзитет „ЕУРОПА ПРИМА”, Ректорот на универзитетот Д-р. Александар Трајковски и Дејан Станчевски од ДЕОСОЛ Медиа.

Соработката подразбира размена на информации од заеднички интерес, споделување на нови и тековни искуства, креирање и учество на настани од областа на филмските уметности кои ќе придонесат за едукација и инклузија преку развој на писменост, способност и практична настава на студентите во секторот за видео продукција , филмски уметности и фотографија во проектите и работата на ДЕОСОЛ Медиа, вели Дејан Станчевски.

На потпишувањето присуствуваа и дадоа поддршка Деканот на факултетот за филмски уметности М-р. Елена Бојаџиева Цветковска, професорот по филмска и ТВ камера М-р. Горан Наумовски, Александар Терпини, а истата е поддржана и од претседателот Д-р. Јордан Плевнеш.

На Универзитетот Еуропа Прима студентите имаат можност да студираат на едни од најатрактивните катедри кои се дел од креативните индустрии како едни од водечките професии во моментов. Додипломските и постдипломски студии овозможуваат интелектуален и креативен процес кој е пресуден за развивање на талентот што го поседуваат студентите. Трите факултети (фаултет за филмски, театарски и музички уметности) се во симбиоза преку која едни со други се надополнуваат и овозможуваат соработка и во иднина, смета Елена Бојаџиева,  Декан на факултетот за филмски уметности.

Ректорот на универзитетот Д-р. Александар Трајковски вели дека за Универзитетот особено е значајно воведувањето на дефицитарни катедри од областа на аудиовизуелните уметности, како што се: фотографија, анимација и звучен инженеринг.

Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима е единствената високообразовна институција во Македонија на која што се образуваат кадри за овие професии. Ние ги едуцираме студентите да бидат технички квалификувани, визуелно описменети и креативно подготвени за светот во којшто влегуваат.  Од неодамна значаен дел има и програмата Еразмус од која сме дел, преку која имаат можност да искусат и пренесат дел од европските искуства на исти или слични факутети со кои имаме соработка, информира Трајковски.

The post Едукација и практична настава на студентите за видео продукција, филмски уметности и фотографија appeared first on Република.