еуроњуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/euronjuz/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Mar 2022 22:14:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еуроњуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/euronjuz/ 32 32 Русија ја блокираше страница на францускиот канал „Euronews“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ja-blokirashe-stranica-na-francuskiot-kanal-euronews/ Mon, 21 Mar 2022 22:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=476378

Според руските новински агенции, „Роскомнадзор“ го блокирал „euronews.com“ и неговата руска верзија „ru.euronews.com“ на барање на обвинителството. Мотивот за блокадата не е наведен.

Од почетокот на руската интервенција во Украина на 24 февруари, руските власти значително ја зајакнаа контролата врз информациите објавени на Интернет. На многу руски и странски медиуми, вклучително и Би-Би-Си, им беше забранет пристапот, а Фејсбук и Инстаграм беа прогласени за „екстремистички“ од московскиот суд во понеделникот.

Пристапот до Твитер е исто така ограничен. „Роскомнадзор“ ги обвини и „Google“ и „YouTube“ за „терористички“ активности, што е прв чекор кон можна блокада, пренесе Индекс.хр.

The post Русија ја блокираше страница на францускиот канал „Euronews“ appeared first on Република.

]]>

Според руските новински агенции, „Роскомнадзор“ го блокирал „euronews.com“ и неговата руска верзија „ru.euronews.com“ на барање на обвинителството. Мотивот за блокадата не е наведен. Од почетокот на руската интервенција во Украина на 24 февруари, руските власти значително ја зајакнаа контролата врз информациите објавени на Интернет. На многу руски и странски медиуми, вклучително и Би-Би-Си, им беше забранет пристапот, а Фејсбук и Инстаграм беа прогласени за „екстремистички“ од московскиот суд во понеделникот. Пристапот до Твитер е исто така ограничен. „Роскомнадзор“ ги обвини и „Google“ и „YouTube“ за „терористички“ активности, што е прв чекор кон можна блокада, пренесе Индекс.хр.

The post Русија ја блокираше страница на францускиот канал „Euronews“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за „Еуроњуз“: Имаме стабилни економски политики и во време на кризи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-euronjuz-imame-stabilni-ekonomski-politiki-i-vo-vreme-na-krizi/ Thu, 10 Mar 2022 15:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=470803

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски во интервју за европската телевизиска мрежа „Еуроњуз“ говори за актуелни прашања, за одржувањето на економската стабилност во земјата и за напредокот и за стратегијата на Владата за полноправно членство во ЕУ, истакнувајќи ја новата енергија во дијалогот со Бугарија, која ќе помогне за совладување на предизвиците и започнување на преговорите со Европската Унија.

„Борбата против криминалот и корупцијата даде резултати со подобрување на нашата позиција во извештаите на Транспаренси интернешнл, сега станавме земја во која има демократски услови, додека во минатото имаше недостатоци во демократските процедури во земјава, и сме мошне среќни поради ова подобрување“, вели премиерот Ковачевски за „Еуроњуз“.

Тој во интервјуто додава дека макрофинансиската помош на Европската Унија помогна многу, не само од перспектива на чиста финансиска помош, туку и од аспект на продолжување со реформите коишто ги започнавме во областа на управувањето со јавните финансии и во другите области.

„Ова, исто така даде јасен сигнал до другите меѓународни финансиски институции и донатори со кои соработуваме, дека имаме стабилна економска политика во време на кризи“, оцени премиерот Ковачевски кој се осврна и на обезбедената редовна координација со институциите на ЕУ во насока на зајакнување на јавните институции со цел соодветно остварување на потребните реформи.

Премиерот Ковачевски за „Евроњуз“ повтори дека Македонија има јасна стратешка цел да стане полноправна членка на евроатлантските асоцијации. Тој ги истакна придобивките од членството во НАТО како 30-та земја членка, и додаде дека новиот дијалог со неговиот бугарски колега Кирил Петков е со цел да се врати довербата меѓу двете земји за да се поттикне остварувањето на аспирацијата на земјата за членство во Европската Унија.

The post Ковачевски за „Еуроњуз“: Имаме стабилни економски политики и во време на кризи appeared first on Република.

Обединетата Македонска Дијаспора се пушти во битка за да го смени „Северномакедонски“ на Еуроњуз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obedinetata-makedonska-dijaspora-se-pushti-vo-bitka-za-da-go-smeni-severnomakedonski-na-euronjuz/ Tue, 04 Jan 2022 09:41:43 +0000 https://republika.mk/?p=440343

Организацијата „Обединета Македонска Дијаспора“ од Вашингтон испратила реакција до „ЕуроЊуз“ за прилог во кој пописот во Македонија го нарекле „Северномакедонски“.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) веднаш се обрати до „ЕуроЊуз“ и ја коригираше референцата на „Македонски попис“. Не постои ништо како „Северномакедонец“ – #GetItRight -  се наведува во реакцијата на ОМД.

Според ОМД, но и според Виенската конвенција, технички ова е работа што треба да ја работи македонското Министерство за надворешни работи и неговиот персонал.

Сепак, по промената на името, ОМД стана Министерство за надворешни работи (Стејт Департмент) на македонскиот народ - пишува организацијата за случајот.

Објавата на „ЕуроЊуз“ за којашто реагираат од ОМД може да ја погледнете на следнијот ЛИНК.

The post Обединетата Македонска Дијаспора се пушти во битка за да го смени „Северномакедонски“ на Еуроњуз appeared first on Република.