еуроникел индустри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/euronikel-industri/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Feb 2024 11:49:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еуроникел индустри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/euronikel-industri/ 32 32 „Еуроникел“ замина во стечај https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/euronikel-zamina-vo-stechaj/ Fri, 02 Feb 2024 11:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=739696

Стечајна постапка е отворена за „Еуроникел индустри“ денеска во Основен суд Кавадарци. За стечаен управник е назначен Ацо Петров од Скопје. Со судското рочиште раководеше стечајниот судија Елизабета Петковска.

Ова беше одлучено на денешното рочиште на кое се испитуваше постоењето на услови за отварање на стечајна постапка, на кое присуствуваше МИА.

Стечајниот предмет беше поведен по предлог на тројца доверители. Една прилепска компанија, јавно претпријатие од Кавадарци, како и вработени во фабриката. Претставниците на доверителите, рекоа дека сметаат оти покрај обврските, должникот чија сметка била блокирана повеќе од 45 дена и законски има услови за стечај, има и имот од кој би можела да се формира стечајна маса и да се намират доверителите преку сразмерен процент.

На рочиштето беше презентиран извештајот од досегашната привремена стечајна управничка, Љубица Зајкоска од Прилеп, за економско - финансиска состојба на должникот и преземените мерки за обезбедување на имотот. Биле анализирани податоци за последните пет години, земени податоци од различни субјекти.

Анализата за 2019, 2020, 2021 и 2022 година, покажува дека должникот цело време бил во добивка, но последната година, таа била 26 пати помала од 2019 година. Анализата за 2022 година покажува дека вкупни побарувања има над пет милијарди денари, или 5.748.924.154. денари, а обврски, близу пет милијарди, или 4.823.845.233 денари. Според имотен лист, компанијата нема недвижен имот. Има возила, залихи роба во готови производи никел, резервни делови и ситен инвентар, канцелариска опрема и залихи и авто делови во централен магацин, појасни Зајкоска, нагласувајќи дека 670 вработени побаруваат по четири плати во вкупен износ од 133.823.193 денари.

Таа додаде дека книговодствено, компанијата има побарувања и од домашни и странски субјекти и од државни институции, но нивната веродостојност ќе се испита во отворената стечајна постапка.

The post „Еуроникел“ замина во стечај appeared first on Република.

]]>

Стечајна постапка е отворена за „Еуроникел индустри“ денеска во Основен суд Кавадарци. За стечаен управник е назначен Ацо Петров од Скопје. Со судското рочиште раководеше стечајниот судија Елизабета Петковска. Ова беше одлучено на денешното рочиште на кое се испитуваше постоењето на услови за отварање на стечајна постапка, на кое присуствуваше МИА. Стечајниот предмет беше поведен по предлог на тројца доверители. Една прилепска компанија, јавно претпријатие од Кавадарци, како и вработени во фабриката. Претставниците на доверителите, рекоа дека сметаат оти покрај обврските, должникот чија сметка била блокирана повеќе од 45 дена и законски има услови за стечај, има и имот од кој би можела да се формира стечајна маса и да се намират доверителите преку сразмерен процент. На рочиштето беше презентиран извештајот од досегашната привремена стечајна управничка, Љубица Зајкоска од Прилеп, за економско - финансиска состојба на должникот и преземените мерки за обезбедување на имотот. Биле анализирани податоци за последните пет години, земени податоци од различни субјекти.
Анализата за 2019, 2020, 2021 и 2022 година, покажува дека должникот цело време бил во добивка, но последната година, таа била 26 пати помала од 2019 година. Анализата за 2022 година покажува дека вкупни побарувања има над пет милијарди денари, или 5.748.924.154. денари, а обврски, близу пет милијарди, или 4.823.845.233 денари. Според имотен лист, компанијата нема недвижен имот. Има возила, залихи роба во готови производи никел, резервни делови и ситен инвентар, канцелариска опрема и залихи и авто делови во централен магацин, појасни Зајкоска, нагласувајќи дека 670 вработени побаруваат по четири плати во вкупен износ од 133.823.193 денари.
Таа додаде дека книговодствено, компанијата има побарувања и од домашни и странски субјекти и од државни институции, но нивната веродостојност ќе се испита во отворената стечајна постапка.

The post „Еуроникел“ замина во стечај appeared first on Република.

]]>
Вработени во „Еуроникел индустри“ ќе поднесат барање за стечај во фабриката https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vraboteni-vo-euronikel-industri-ke-podnesat-barane-za-stechaj-vo-fabrikata/ Mon, 22 Jan 2024 09:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=735338

Вработени во „Еуроникел индустри” денеска ќе поднесат барање за стечај во фабриката, барајќи обесштетување, да им бидат исплатени три неисплатени плати.

Оваа информација ја потврдија за МИА претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство Игор Герасов и претседателот на оваа синдикална организација во „Еуроникел индустри”, Миле Ѓорѓиев.

– Барањето ќе биде поднесено во судот во Кавадарци. Всушност, една прилепска компанија доверител претходно има поднесено вакво барање и ние сега само се приклучуваме кон тоа барање за кое ќе се одлучува на втори февруари. Нашите плати се приоритетни, ние како работници сме доверители од прв ред, рече Ѓорѓиев.

Досегашни вработени во фабриката очекуваат дека после стечајот, ќе се изнајде купувач на имотот од банката доверител што сега го има во сопственост имотот, за пак да се рестартира фабриката.

– Инвеститорот нема врска со стечајот. Инвеститорот работи на купување на делот од банката што е ставен под хипотека, имотот, а компанијата ,,Еуроникел” оди под стечај. Ќе се отвори нова компанија и ќе продолжи да стопанисува со комбинатот. Според информациите што ги добивме, финални разговори имало со турски инвеститор и се надеваме дека ќе се постигне договор, нагласи Герасов.

Во изминатиот период вработените во поранешно ,,Фени” на неколку пати протестираа, незадоволни од ситуацијата во која што се најде комбинатот за фероникел, што работи со децении. Тие нагласуваа дека од гигантот директно егзистираат околу 800 семејства, а индиректно многу повеќе и дека години наназад тој претставува значаен фактор во кавадаречката и македонската економија.

Во моментов околу сто луѓе одат на работа во фабриката, за да ја одржуваат печката во топла состојба.

The post Вработени во „Еуроникел индустри“ ќе поднесат барање за стечај во фабриката appeared first on Република.

]]>

Вработени во „Еуроникел индустри” денеска ќе поднесат барање за стечај во фабриката, барајќи обесштетување, да им бидат исплатени три неисплатени плати. Оваа информација ја потврдија за МИА претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство Игор Герасов и претседателот на оваа синдикална организација во „Еуроникел индустри”, Миле Ѓорѓиев.
– Барањето ќе биде поднесено во судот во Кавадарци. Всушност, една прилепска компанија доверител претходно има поднесено вакво барање и ние сега само се приклучуваме кон тоа барање за кое ќе се одлучува на втори февруари. Нашите плати се приоритетни, ние како работници сме доверители од прв ред, рече Ѓорѓиев.
Досегашни вработени во фабриката очекуваат дека после стечајот, ќе се изнајде купувач на имотот од банката доверител што сега го има во сопственост имотот, за пак да се рестартира фабриката.
– Инвеститорот нема врска со стечајот. Инвеститорот работи на купување на делот од банката што е ставен под хипотека, имотот, а компанијата ,,Еуроникел” оди под стечај. Ќе се отвори нова компанија и ќе продолжи да стопанисува со комбинатот. Според информациите што ги добивме, финални разговори имало со турски инвеститор и се надеваме дека ќе се постигне договор, нагласи Герасов.
Во изминатиот период вработените во поранешно ,,Фени” на неколку пати протестираа, незадоволни од ситуацијата во која што се најде комбинатот за фероникел, што работи со децении. Тие нагласуваа дека од гигантот директно егзистираат околу 800 семејства, а индиректно многу повеќе и дека години наназад тој претставува значаен фактор во кавадаречката и македонската економија. Во моментов околу сто луѓе одат на работа во фабриката, за да ја одржуваат печката во топла состојба.

The post Вработени во „Еуроникел индустри“ ќе поднесат барање за стечај во фабриката appeared first on Република.

]]>
Ѓерасов: 1.900 вработени се на принуден одмор, се затвора и Железарница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gjerasov-1-900-vraboteni-se-na-prinuden-odmor-se-zatvora-i-zelezarnica/ Thu, 13 Oct 2022 07:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=560407

Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија, Игор Ѓерасов во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, вели дека моментално 1.900 вработени се на принуден одмор од 70 проценти од просечната плата на три големи компании, а се очекува и затворање на Железарница бивша „Макстил“ во декември и јануари.

Значи моментално во компаниите „Еуроникел индустри„, „Боров дол„, „Бучим“, Радовиш, и 11-ти Октомври фабрика за производство на цевки моментално околу 1900 вработени се на принуден одмор од 70 проценти од просечната плата. Во најава се и големите индустриски капацитети Железарница бивша Макстил, со сигурност нема да работат во декември и јануари, додека ладна валарница е во предвремен ремонт и ресурсите ги репрограмираат за да можат да ја пребродат оваа криза. Тука конкретно и директно се загрозени моментално околку 2500 до 300 вработени, посочи претседателот на СИЕР Ѓерасов.

The post Ѓерасов: 1.900 вработени се на принуден одмор, се затвора и Железарница appeared first on Република.

Околу 1.000 вработени земаат само 70% од плата, не знаат која е иднината за нив и за ФЕНИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/okolu-1-000-vraboteni-zemaat-samo-70-od-plata-ne-znaat-koja-e-idninata-za-niv-i-za-feni/ Wed, 12 Oct 2022 17:44:17 +0000 https://republika.mk/?p=560272

Околу 1.000 вработени во Еуроникел Индустри, поранешно ФЕНИ во Кавадарци, се дома откако компанијата реши да ги испрати принуден платен одмор и поради енормното поскапување на електричната енергија, засега да го затвори произведствениот погон.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/feni-buchim-makstil-strujata-gi-zatvora-kompaniite-edna-po-edna-drzavnata-pomosh-docni/

Вработените доаѓаат на работа само една недела од месецот, а за тоа земаат 70% од платата. Им било кажано дека работите ќе останат вака до 15 декември, а што ќе се случува понатаму - не знаат.

Бидејќи долгорочно одржување на електро-печката во топла состојба не е препорачливо од техничка гледна точка и носи техничко-технолошки ризици, а во исто време се трошат огромни средства, а притоа не се генерираат никакви приходи, одлучивме плански да го стопираме напојувањето и сите ресурси да ги насочиме кон енергетски проекти кои имаат за цел да обезбедат електрична енергија за продолжување на производниот процес.

Во меѓувреме, преземени се сите соодветни мерки, доколку дојде до поволна промена на пазарот на електрична енергија, или пак се обезбеди електрична енергија од страна на државата, по субвенционирана цена, подготвени сме во најкраток рок да го рестартираме процесот.

Паралелно на ова, реализацијата на нашите планови за енергетска независност подразбираат и институционална поддршка, која се надеваме соодветно ќе ја добиеме, а во интерес на компанијата, вработените, добавувачите и сите останати засегнати страни, и секако во интерес на националната економија, ако се земе предвид дека Еуроникел е еден од најголемите работодавачи, втор најголем извозник, со значаен придонес кон бруто домашниот производ, објаснија од компанијата.

Премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот на пуштањето во употреба на соларната централа во Свети Николе рече дека се бара решение за снабдувањето со струја на големите потрошувачи, но оваа фабриката ја издвои како нерентабилна.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-gigantot-feni-e-pred-celosen-kolaps-vmro-dpmne-nudi-reshenie-ama-arogantnata-nesposobna-i-kriminalna-vlast-ne-saka-ni-da-slushne/

Ако го земеме Фени, како најголем потрошувач на електрична енергија од бизнисот во државата, кај нив и цената на фероникелот на светските берзи е падната, така што и со помала цена на електричнаа енергија пак не можат да обезбедат рентабилно работење, затоа што тие немаат руда во Македонија. Тие руда носат од Јужна Америка од рудници, па ја носат со бродови до Драч, од Драч со камиони ја носат до Кавадарци. Кога ќе вкалкулирате зголемена цена на бродски транспорт, последното зголемување на бродски транспорт беше некаде од 10-15 пати за контејнерски транспорт и зголемување на цената на камионскиот транспорт, кој тие го имаат од Драч до Кавадарци, тогаш имате енормно зголемување на трошоците без вкалкулирање на струјата при намалена цена на фероникелот на светските берзи. Има друг случај каде и покрај зголемената цена на електрична енергија рудникот Саса работи затоа што рудата која пак тие ја произведуваат на светските берзи има зголемена цена и може да им овозможи рентабилно работење. Не е еднострана, повеќедимензионална е кризата и ние на дневно ниво ја следиме со стопанските комори, но и директно со најголемите компании, рече Ковачевски во понеделникот.

The post Околу 1.000 вработени земаат само 70% од плата, не знаат која е иднината за нив и за ФЕНИ appeared first on Република.

]]>

Околу 1.000 вработени во Еуроникел Индустри, поранешно ФЕНИ во Кавадарци, се дома откако компанијата реши да ги испрати принуден платен одмор и поради енормното поскапување на електричната енергија, засега да го затвори произведствениот погон. https://republika.mk/vesti/ekonomija/feni-buchim-makstil-strujata-gi-zatvora-kompaniite-edna-po-edna-drzavnata-pomosh-docni/ Вработените доаѓаат на работа само една недела од месецот, а за тоа земаат 70% од платата. Им било кажано дека работите ќе останат вака до 15 декември, а што ќе се случува понатаму - не знаат.
Бидејќи долгорочно одржување на електро-печката во топла состојба не е препорачливо од техничка гледна точка и носи техничко-технолошки ризици, а во исто време се трошат огромни средства, а притоа не се генерираат никакви приходи, одлучивме плански да го стопираме напојувањето и сите ресурси да ги насочиме кон енергетски проекти кои имаат за цел да обезбедат електрична енергија за продолжување на производниот процес. Во меѓувреме, преземени се сите соодветни мерки, доколку дојде до поволна промена на пазарот на електрична енергија, или пак се обезбеди електрична енергија од страна на државата, по субвенционирана цена, подготвени сме во најкраток рок да го рестартираме процесот. Паралелно на ова, реализацијата на нашите планови за енергетска независност подразбираат и институционална поддршка, која се надеваме соодветно ќе ја добиеме, а во интерес на компанијата, вработените, добавувачите и сите останати засегнати страни, и секако во интерес на националната економија, ако се земе предвид дека Еуроникел е еден од најголемите работодавачи, втор најголем извозник, со значаен придонес кон бруто домашниот производ, објаснија од компанијата.
Премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот на пуштањето во употреба на соларната централа во Свети Николе рече дека се бара решение за снабдувањето со струја на големите потрошувачи, но оваа фабриката ја издвои како нерентабилна. https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-gigantot-feni-e-pred-celosen-kolaps-vmro-dpmne-nudi-reshenie-ama-arogantnata-nesposobna-i-kriminalna-vlast-ne-saka-ni-da-slushne/
Ако го земеме Фени, како најголем потрошувач на електрична енергија од бизнисот во државата, кај нив и цената на фероникелот на светските берзи е падната, така што и со помала цена на електричнаа енергија пак не можат да обезбедат рентабилно работење, затоа што тие немаат руда во Македонија. Тие руда носат од Јужна Америка од рудници, па ја носат со бродови до Драч, од Драч со камиони ја носат до Кавадарци. Кога ќе вкалкулирате зголемена цена на бродски транспорт, последното зголемување на бродски транспорт беше некаде од 10-15 пати за контејнерски транспорт и зголемување на цената на камионскиот транспорт, кој тие го имаат од Драч до Кавадарци, тогаш имате енормно зголемување на трошоците без вкалкулирање на струјата при намалена цена на фероникелот на светските берзи. Има друг случај каде и покрај зголемената цена на електрична енергија рудникот Саса работи затоа што рудата која пак тие ја произведуваат на светските берзи има зголемена цена и може да им овозможи рентабилно работење. Не е еднострана, повеќедимензионална е кризата и ние на дневно ниво ја следиме со стопанските комори, но и директно со најголемите компании, рече Ковачевски во понеделникот.

The post Околу 1.000 вработени земаат само 70% од плата, не знаат која е иднината за нив и за ФЕНИ appeared first on Република.

]]>
ФЕНИ, Бучим, Макстил… – Струјата ги затвора компаниите една по една, државната помош доцни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/feni-buchim-makstil-strujata-gi-zatvora-kompaniite-edna-po-edna-drzavnata-pomosh-docni/ Sat, 01 Oct 2022 19:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=556430

Гигантот за производство на фероникел, Еуроникел Индустри или некогашен Фени ги гаси печките. Високите сметки за струја го принудија на ваков чекор. Од септември почнале со принуден одмор на работниците, а од денеска со постепено гасење на печките, процес кој ќе трае 7 дена. Наредните 3 месеци сите 800 вработени ќе земаат 70 отсто од платата. Ако Владата не им помогне, Фени целосно ќе згасне. Тоа, за првоиот човек на Кавадарци би значело крај на егзистенцијата на 800 лица.

Високата цена на струја почетокот на месецот го затвори и рудникот Бучим од Радовиш.

Макстил е следната компанија која крајот на октомври ќе запре со производоство. Листата ќе се проширува, ако државата не им помогне. Дека бројот на вработени во индустријата се намалува, денеска објави и државаната статистика. Од јануари до август бројот е намален за 1,6%.

10 те најголеми компании кои струја набавуваат на слободниот пазар побараа помош од Владата. Одговор им беше ветен на 28 септември, но до денеска се уште не го добиле. Сепак, во интерес на индустријата и работниците, се надеваат дека некаква помош за нив ќе има.

Целата сторија на „Сител

The post ФЕНИ, Бучим, Макстил… – Струјата ги затвора компаниите една по една, државната помош доцни appeared first on Република.

]]>

Гигантот за производство на фероникел, Еуроникел Индустри или некогашен Фени ги гаси печките. Високите сметки за струја го принудија на ваков чекор. Од септември почнале со принуден одмор на работниците, а од денеска со постепено гасење на печките, процес кој ќе трае 7 дена. Наредните 3 месеци сите 800 вработени ќе земаат 70 отсто од платата. Ако Владата не им помогне, Фени целосно ќе згасне. Тоа, за првоиот човек на Кавадарци би значело крај на егзистенцијата на 800 лица. Високата цена на струја почетокот на месецот го затвори и рудникот Бучим од Радовиш. Макстил е следната компанија која крајот на октомври ќе запре со производоство. Листата ќе се проширува, ако државата не им помогне. Дека бројот на вработени во индустријата се намалува, денеска објави и државаната статистика. Од јануари до август бројот е намален за 1,6%. 10 те најголеми компании кои струја набавуваат на слободниот пазар побараа помош од Владата. Одговор им беше ветен на 28 септември, но до денеска се уште не го добиле. Сепак, во интерес на индустријата и работниците, се надеваат дека некаква помош за нив ќе има. Целата сторија на „Сител

The post ФЕНИ, Бучим, Макстил… – Струјата ги затвора компаниите една по една, државната помош доцни appeared first on Република.

]]>
Од Еуроникел потврдија: Печката се гаси, вработените остануваат на принуден одмор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-euronikel-potvrdija-pechkata-se-gasi-vrabotenite-ostanuvaat-na-prinuden-odmor/ Thu, 29 Sep 2022 14:25:00 +0000 https://republika.mk/?p=555717

Од Еуроникел Индустри ги објаснуваат последните одлуки на компанијата за целосно запирање наработата на печките и пренасочување на ресурсите кон енергетски проекти.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/feni-gi-gasi-pechkite-energetskata-kriza-sozdade-golem-udar/

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

ЕуроникелИндустри е најголем поединечен потрошувач на електрична енергија во државата, каде струјата има најголем удел во производниот трошок. Имајќи предвид дека цената на електричната енергија започна вртоглаво да расте уште во октомври 2021 година, ние преземавме бројни активности за амортизирање на последиците и продолжување на производниот процес.

Со натомошна ескалација на пазарот на струја во месец јули 2022 година, застанавме со производството и во изминатите три месеци преземавме бројни неопходни ремонтни активности, а веќе во средината на септември, започнавме и со принуден платен одмор на работниците.

Бидејќи долгорочно одржување на електро-печката во топла состојба не е препорачливо од техничка гледна точка и носи техничко-технолошки ризици, а во исто време се трошат огромни средства, а притоа не се генерираат никакви приходи, одлучивме плански да го стопираме напојувањето и сите ресурси да ги насочиме кон енергетски проекти кои имаат за цел да обезбедат електрична енергија за продолжување на производниот процес.

Во меѓувреме, преземени се сите соодветни мерки, доколку дојде до поволна промена на пазарот на електрична енергија, или пак се обезбеди електрична енергија од страна на државата, по субвенционирана цена, подготвени сме во најкраток рок да го рестартираме процесот.

Паралелно на ова, реализацијата на нашите планови за енергетска независност подразбираат и институционална поддршка, која се надеваме соодветно ќе ја добиеме, а во интерес на компанијата, вработените, добавувачите и сите останати засегнати страни, и секако во интерес на националната економија, ако се земе предвид дека Еуроникел е еден од најголемите работодавачи, втор најголем извозник, со значаен придонес кон бруто домашниот производ.

The post Од Еуроникел потврдија: Печката се гаси, вработените остануваат на принуден одмор appeared first on Република.

]]>

Од Еуроникел Индустри ги објаснуваат последните одлуки на компанијата за целосно запирање наработата на печките и пренасочување на ресурсите кон енергетски проекти. https://republika.mk/vesti/ekonomija/feni-gi-gasi-pechkite-energetskata-kriza-sozdade-golem-udar/ Соопштението ви го пренесуваме во целост: ЕуроникелИндустри е најголем поединечен потрошувач на електрична енергија во државата, каде струјата има најголем удел во производниот трошок. Имајќи предвид дека цената на електричната енергија започна вртоглаво да расте уште во октомври 2021 година, ние преземавме бројни активности за амортизирање на последиците и продолжување на производниот процес. Со натомошна ескалација на пазарот на струја во месец јули 2022 година, застанавме со производството и во изминатите три месеци преземавме бројни неопходни ремонтни активности, а веќе во средината на септември, започнавме и со принуден платен одмор на работниците. Бидејќи долгорочно одржување на електро-печката во топла состојба не е препорачливо од техничка гледна точка и носи техничко-технолошки ризици, а во исто време се трошат огромни средства, а притоа не се генерираат никакви приходи, одлучивме плански да го стопираме напојувањето и сите ресурси да ги насочиме кон енергетски проекти кои имаат за цел да обезбедат електрична енергија за продолжување на производниот процес. Во меѓувреме, преземени се сите соодветни мерки, доколку дојде до поволна промена на пазарот на електрична енергија, или пак се обезбеди електрична енергија од страна на државата, по субвенционирана цена, подготвени сме во најкраток рок да го рестартираме процесот. Паралелно на ова, реализацијата на нашите планови за енергетска независност подразбираат и институционална поддршка, која се надеваме соодветно ќе ја добиеме, а во интерес на компанијата, вработените, добавувачите и сите останати засегнати страни, и секако во интерес на националната економија, ако се земе предвид дека Еуроникел е еден од најголемите работодавачи, втор најголем извозник, со значаен придонес кон бруто домашниот производ.

The post Од Еуроникел потврдија: Печката се гаси, вработените остануваат на принуден одмор appeared first on Република.

]]>