Еуромакс Ресурси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/euromaks-resursi/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jul 2023 12:44:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Еуромакс Ресурси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/euromaks-resursi/ 32 32 Еуромакс ресурси: Надлежните институции без одлагање да овозможат реализација на најголемата странска инвестиција  https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/euromaks-resursi-nadlezhnite-institutsii-bez-odlagane-da-ovozmozhat-realizatsija-na-najgolemata-stranska-investitsija/ Wed, 05 Jul 2023 12:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=658401

Еуромакс ресурси со особено внимание ја следи правната разврска за остварувањето на нашите права како странски инвеститор. Сите правни аргументи се на страната на Еуромакс ресурси. Токму затоа, очекуваме без понатамошни одлагања надлежните државни институции да продолжат да ги усвојуваат сите неопходни одлуки за да почне реализацијата на една од најголемите инвестиции од независноста на државата до денес. Впрочем, Република Македонија како полноправен член на НАТО Алијансата и држава која ги отпочна преговорите за полноправно членство во ЕУ, меѓу другото има должност и обврска да обезбеди правна сигурност и ефикасност во спроведување на законите за домашните, но и за странските инвеститори.

Одлуката на Управниот Суд по која постапи Владата на Република Македонија не е прва судска пресуда во полза на Еуромакс Ресоурсис. Имено, во март и ноември 2020, Управниот и Вишиот Управен Суд правосилно го поништија Решението на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос која се однесуваше на барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерални суровини. Искрено се надеваме дека нема да се повтори праксата од 2020 година, кога надлежните државни институции во пресрет на тогашните локални избори одлучија да ја стават концесијата на Иловица – Штука во дневно – политичка агенда. Еуромакс Ресоурсис останува доследна на принципот дека ќе ги исцрпи сите домашни правни механизми за да ја реализира инвестицијата со добра волја и чесни намери. Сепак, доколку увидиме дека на прашањето на нашата ивестиција повторно се напаѓа владеењето на правото како уставна загарантирана темелна вредност, тогаш ќе бидеме принудени да покренеме соодветна постапка пред Меѓународната Арбитража во Вашингтон, САД. Првичните проценки се дека вкупните штети кои потенцијално ќе се наплатат од Буџетот на Македонија изнесуваат повеќе од 1 милијарда евра, без пресметани камати.
Прецизирањето на правните околности и издавањето на соодветни дозволи за почеток на работа на рудникот Иловица – Штука ќе го отвори патот за реализација на директна странска инвестиција од 340 милиони евра и тоа само во првите две години на изградбата на рударскиот комплекс. Проектот ќе овозможи отворање на повеќе од 3.000 нови директни и индиректни работни места. Со отворањето на рудникот, согласно проектот, 24 милиони евра годишно ќе се слеваат во државниот Буџет на име даноци, надоместоци и концесии, од кои околу 4 милиони директно на буџетските сметки на општините Босилово и Ново Село. Функционирањето на рудникот ќе придонесе и за повеќе приходи и нови вработувања во голем број на компании во регионот. Согласно проектот, предвидени се договори со локални компании во висина од околу 180 милиони евра само за време на изградбата на рудникот. Во следните години на годишно ниво се предвидува дека преку договори за набавки кон локални компании да бидат исплаќани по 74 милиони евра.

Почитувајќи ја грижата на жителите на Општините Ново Село и Босилово, регионот, целокупната јавност, во оваа прилика, сакаме веднаш да ja потенцираме најважната работа. Во технолошкиот процес во рудникот Иловица – Штука ќе се применуваат најбезбедни и наjсовремени техники и практики за експлоатација на минерални суровини. Нема никаква основа за било каква грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана. Највисок приоритет за нашите светски реномирани инвеститори е Еуромакс Ресоурсес да ги имплементира сите највисоки стандарди за одржливо рударство на 21-от век. Затоа, ги охрабруваме граѓаните и јавноста да поставуваат прашања и да ги отвораат сите евентуални дилеми. Ние сме подготвени да го објасниме секој чекор од процесот на експлоатација на рудникот. Истовремено, апелираме да не се потпаѓа по лажните вести кои се наменети да се спречи по секоја цена економскиот развој и забрзаниот прогрес на регионот и цела Македонија.


Платен рекламен текст

The post Еуромакс ресурси: Надлежните институции без одлагање да овозможат реализација на најголемата странска инвестиција  appeared first on Република.

]]>

Еуромакс ресурси со особено внимание ја следи правната разврска за остварувањето на нашите права како странски инвеститор. Сите правни аргументи се на страната на Еуромакс ресурси. Токму затоа, очекуваме без понатамошни одлагања надлежните државни институции да продолжат да ги усвојуваат сите неопходни одлуки за да почне реализацијата на една од најголемите инвестиции од независноста на државата до денес. Впрочем, Република Македонија како полноправен член на НАТО Алијансата и држава која ги отпочна преговорите за полноправно членство во ЕУ, меѓу другото има должност и обврска да обезбеди правна сигурност и ефикасност во спроведување на законите за домашните, но и за странските инвеститори. Одлуката на Управниот Суд по која постапи Владата на Република Македонија не е прва судска пресуда во полза на Еуромакс Ресоурсис. Имено, во март и ноември 2020, Управниот и Вишиот Управен Суд правосилно го поништија Решението на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос која се однесуваше на барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерални суровини. Искрено се надеваме дека нема да се повтори праксата од 2020 година, кога надлежните државни институции во пресрет на тогашните локални избори одлучија да ја стават концесијата на Иловица – Штука во дневно – политичка агенда. Еуромакс Ресоурсис останува доследна на принципот дека ќе ги исцрпи сите домашни правни механизми за да ја реализира инвестицијата со добра волја и чесни намери. Сепак, доколку увидиме дека на прашањето на нашата ивестиција повторно се напаѓа владеењето на правото како уставна загарантирана темелна вредност, тогаш ќе бидеме принудени да покренеме соодветна постапка пред Меѓународната Арбитража во Вашингтон, САД. Првичните проценки се дека вкупните штети кои потенцијално ќе се наплатат од Буџетот на Македонија изнесуваат повеќе од 1 милијарда евра, без пресметани камати. Прецизирањето на правните околности и издавањето на соодветни дозволи за почеток на работа на рудникот Иловица – Штука ќе го отвори патот за реализација на директна странска инвестиција од 340 милиони евра и тоа само во првите две години на изградбата на рударскиот комплекс. Проектот ќе овозможи отворање на повеќе од 3.000 нови директни и индиректни работни места. Со отворањето на рудникот, согласно проектот, 24 милиони евра годишно ќе се слеваат во државниот Буџет на име даноци, надоместоци и концесии, од кои околу 4 милиони директно на буџетските сметки на општините Босилово и Ново Село. Функционирањето на рудникот ќе придонесе и за повеќе приходи и нови вработувања во голем број на компании во регионот. Согласно проектот, предвидени се договори со локални компании во висина од околу 180 милиони евра само за време на изградбата на рудникот. Во следните години на годишно ниво се предвидува дека преку договори за набавки кон локални компании да бидат исплаќани по 74 милиони евра. Почитувајќи ја грижата на жителите на Општините Ново Село и Босилово, регионот, целокупната јавност, во оваа прилика, сакаме веднаш да ja потенцираме најважната работа. Во технолошкиот процес во рудникот Иловица – Штука ќе се применуваат најбезбедни и наjсовремени техники и практики за експлоатација на минерални суровини. Нема никаква основа за било каква грижа дека здравјето на граѓаните и животната средина се под некаква закана. Највисок приоритет за нашите светски реномирани инвеститори е Еуромакс Ресоурсес да ги имплементира сите највисоки стандарди за одржливо рударство на 21-от век. Затоа, ги охрабруваме граѓаните и јавноста да поставуваат прашања и да ги отвораат сите евентуални дилеми. Ние сме подготвени да го објасниме секој чекор од процесот на експлоатација на рудникот. Истовремено, апелираме да не се потпаѓа по лажните вести кои се наменети да се спречи по секоја цена економскиот развој и забрзаниот прогрес на регионот и цела Македонија.
Платен рекламен текст

The post Еуромакс ресурси: Надлежните институции без одлагање да овозможат реализација на најголемата странска инвестиција  appeared first on Република.

]]>
„Здрава котлина“: ДУИ купи 25 отсто од Еуромакс Ресурси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdrava-kotlina-dui-kupi-25-otsto-od-euromaks-resursi/ Sat, 28 Jan 2023 16:36:05 +0000 https://republika.mk/?p=602022

Граѓанското здружение „Здрава котлина“ со документи објави тетовски „Еколог“ почна да го купува „Еуромакс Ресурси“.

Како што објавуваат на својата страница на Фејсбук, преку холандскиот холдинг NDX BV се купија акции од Еуромакс Ресурси во вредност од 3 милиони американски долари и се договори дополнителни финансии од 10 милиони канадски долари за докупување до вкупно 25% од Еуромакс Ресурси под услов во наредните 2 години Еуромакс да добие дозвола за еколошката студија, да ги спои концесиите и конечно да добие дозвола за експлоатација.

Овластен потписник на договорот поврзана со трансакцијата е Али Везваеи, кој пак во исто време е потпретседател на бордот на директори на Еколог Интернационал групацијата и претседател на бордот на директори на автомобилската компанија e.GO Mobile. Тоа е истата таа компанија e.GO Mobile на која првиот заменик премиер Артан Груби им вети 130 милиони евра државна помош од буџетот на Република Македонија.

Коцките полека се склопуваат за се што зборувавме од моментот кога објавивме дека главниот финансиер на ДУИ и краен сопственик на сите спомнати компании господинот Дестани заедно со фамилијата беше на состанок во Струмица со поранешниот премиер Заев.
Тогаш не знаевме што ќе има резултат од тој состанок, но еве денес конечно знаеме. Исто како што знаеме за сите поврзаности и неслучајни "случајности" во оваа наша измачена и ограбена држава.
Што мислите зошто Еколог би фрлал милиони на удели во фирма која е моментално заглавена во повеќе десетици милиони долар долгови и чија единствена потенцијална вредност е само ако некако се обнови истечената и одземената концесија?
Видете ги сликите и се ќе ви биде јасно зошто и што ќе се случува во наредниот период.
Но есапот дома и на пазар не е секогаш ист и крајно време е за радикални промени во нашето општество.
Веќе е извесно дека ќе има голем конфликт и долга ќе биде битката, но ние ќе победиме и рудник нема да има!, објави „Здрава котлина“.

The post „Здрава котлина“: ДУИ купи 25 отсто од Еуромакс Ресурси appeared first on Република.

]]>

Граѓанското здружение „Здрава котлина“ со документи објави тетовски „Еколог“ почна да го купува „Еуромакс Ресурси“. Како што објавуваат на својата страница на Фејсбук, преку холандскиот холдинг NDX BV се купија акции од Еуромакс Ресурси во вредност од 3 милиони американски долари и се договори дополнителни финансии од 10 милиони канадски долари за докупување до вкупно 25% од Еуромакс Ресурси под услов во наредните 2 години Еуромакс да добие дозвола за еколошката студија, да ги спои концесиите и конечно да добие дозвола за експлоатација.
Овластен потписник на договорот поврзана со трансакцијата е Али Везваеи, кој пак во исто време е потпретседател на бордот на директори на Еколог Интернационал групацијата и претседател на бордот на директори на автомобилската компанија e.GO Mobile. Тоа е истата таа компанија e.GO Mobile на која првиот заменик премиер Артан Груби им вети 130 милиони евра државна помош од буџетот на Република Македонија. Коцките полека се склопуваат за се што зборувавме од моментот кога објавивме дека главниот финансиер на ДУИ и краен сопственик на сите спомнати компании господинот Дестани заедно со фамилијата беше на состанок во Струмица со поранешниот премиер Заев. Тогаш не знаевме што ќе има резултат од тој состанок, но еве денес конечно знаеме. Исто како што знаеме за сите поврзаности и неслучајни "случајности" во оваа наша измачена и ограбена држава. Што мислите зошто Еколог би фрлал милиони на удели во фирма која е моментално заглавена во повеќе десетици милиони долар долгови и чија единствена потенцијална вредност е само ако некако се обнови истечената и одземената концесија? Видете ги сликите и се ќе ви биде јасно зошто и што ќе се случува во наредниот период. Но есапот дома и на пазар не е секогаш ист и крајно време е за радикални промени во нашето општество. Веќе е извесно дека ќе има голем конфликт и долга ќе биде битката, но ние ќе победиме и рудник нема да има!, објави „Здрава котлина“.

The post „Здрава котлина“: ДУИ купи 25 отсто од Еуромакс Ресурси appeared first on Република.

]]>