Еуродрам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eurodram/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 08:56:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Еуродрам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eurodram/ 32 32 Еуродрам oбјави Конкурс за преводи на драмски дела 2025 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/eurodram-objavi-konkurs-za-prevodi-na-dramski-dela-2025/ Wed, 13 Nov 2024 08:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=837026

Еуродрам – Европската мрежа за современа драма и превод распишува повик за споделување преводи на современи драмски дела од европски и блискоисточни јазици на македонски јазик. За 2025 година, Македонскиот комитет на Еуродрам ќе избере три најдобри преводи, кои ќе бидат споделени во мрежата со повеќе од 300 членови и 30 различни јазични комитети. Доколку условите дозволуваат, наградените преводи ќе бидат објавени и/или претставени преку јавни читања во 2025 година и препорачани за сценска изведба. Рокот за пријавување е 15 јануари 2025 година.

Како што информира Македонскиот комитет на Еуродрам, потребно е да се исполнат овие услови: преводите не треба да бидат постари од пет години (направени по 1 јануари 2019 година), може да се достават најмногу пет преводи од ист преведувач, нема да се разгледуваат преводи што претходно биле пријавени на некој од конкурсите на Еуродрам. Ќе бидат оценувани преводи на македонски јазик на современи драмски текстови оригинално напишани на еден од европските и блискоисточните јазици. Преводи од јазици што имаат европско потекло, но развиле свои посебни форми, како, на пример, американски англиски или латиноамерикански шпански, нема да бидат разгледувани. Потеклото, државјанството или сегашното место на живеење на авторот и на преведувачот не се земаат предвид.

Главни критериуми за избор, како што се наведува, се: квалитетот на преводот и оригиналноста и квалитетот на драмскиот текст. Можат да се достават и преводи на драми што биле претходно објавени или изведувани. Предност ќе имаат преводите на современи драмски дела што досега не биле поставувани во Македонија.

Преводите треба да се достават по електронски пат на адреса dodovski@uacs.edu.mk, како посебни документи насловени според преведениот наслов на драмата, во .doc формат (не се прифаќа пдф формат). Дополнително, во еден посебен документ, за секој превод треба да се наведе информација: 1. име и презиме на преведувачот, со куса биографија до 100 збора, 2. име и презиме на авторот, со куса биографија до 100 збора, 3. јазик од кој е преведено делото, датум и место на преводот, 4. датум и место на пишување на делото, основни податоци за евентуални претходни изведби или публикување, 5. синопсис на драмата, до 100 збора, 6. евентуални други важни информации за драмата или за преводот.

Резултатите ќе бидат соопштени на 21 март 2025 година на http://eurodram.org/

Заинтересираните за дополнителни информации, како и за повикот за пријавување преводи на современи драмски дела од македонски на други јазици, можат да ја посетат веб-страницата на ЕУРОДРАМ http://eurodram.org/

Еуродрам е европска мрежа за современа драма и превод, која опфаќа повеќе од 300 членови организирани во 30 јазични комитети. Главна цел на мрежата е да го поттикне преводот на современи драмски дела од Европа, Централна Азија и Медитеранот, правејќи ги достапни за театарските професионалци и публиката, во духот на независноста, рамноправноста и јазичната разновидност. Во парни година секој јазичен комитет на ЕУРОДРАМ избира три оригинални драмски дела напишани на јазикот на тој комитет и ги препорачува за превод на други европски и блискоисточни јазици. Во непарни години комитетите избираат три најдобри преводи на нивниот јазик со цел да се препорача нивното објавување и/или изведување. 

The post Еуродрам oбјави Конкурс за преводи на драмски дела 2025 appeared first on Република.

]]>

Три македонски драми на Венко Андоновски, Ана Трпеноска и Марјан Анѓеловски меѓу најдобрите во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tri-makedonski-drami-na-venko-andonovski-ana-trpenoska-i-marjan-angjelovski-megju-najdobrite-vo-evropa/ Mon, 21 Mar 2022 11:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=476057

„Еуродрам“ – Европската мрежа за современа драма и превод го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2022 година. Меѓу нив се и три необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, „Јас, на некое друго место“ од Ана Трпеноска и „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски.

Од „Еуродрам“ информираат дека во конкуренција на 806 пријавени дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици се најдоа и 19 текстови напишани на македонски јазик. Изборот го направиле 335 членови од 27 посебни јазични комитети на „Еуродрам“.

Првонаградениот текст „Мачкина глава“ од Венко Андоновски е семејна драма сместена во една балканска неименувана паланка во која тече митско, а не историско време, иако дејството се случува денес, во време на електронски комуникации. Тоа е драма за тоталитарното мислење што ги контаминира семејните односи и се шири како глобална закана.

Венко Андоновски е прозаист, драмски писател и универзитетски професор, автор на 35 првоиздадени книги од различни жанрови и на 17 пиеси, кои се изведувани и наградувани во Македонија и во други земји.

Инспирирана од вистински настан, драмата „Јас на некое друго место“ од Ана Трпеноска ја обработува темата убивање на сопствените деца од страна на мајката, емигрантка од Балканот, која страда од депресија. Во едно нормално, навидум среќно семејство што живее во странство, за време на роденден се случува трагедија што ги разоткрива темите на отуѓеност, чувство на промашен живот, изместени вредности и притисок врз поединецот наметнат од конзумеристичкото општество.

Ана Трпеноска е драмска писателка што живее и работи во Виена. Дипломирала драматургија на ФДУ Скопје. Две нејзини драми се играни на сцената на МНТ во Скопје. За нејзиниот текст „5:17“ добила меѓународно признание од ИТИ Унеско во 2014 година, а игран е на Форумот за современа драматика во Атина.

„Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски е сатирична и апсурдна драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал, па минува низ пекол борејќи се во бирократските лавиринти на државниот систем да си го врати голиот живот.

Марјан Анѓеловски е автор на неколку драмски текстови и сценарист во телевизиските емисии „Фчерашни новости“ и „Еден на еден“.

„Еуродрам“ е европска мрежа за современа драма и превод, која опфаќа повеќе од 300 членови – театролози, критичари, драмски автори, преведувачи, режисери – организирани во 30 јазични комитети.

The post Три македонски драми на Венко Андоновски, Ана Трпеноска и Марјан Анѓеловски меѓу најдобрите во Европа appeared first on Република.

]]>

„Еуродрам“ – Европската мрежа за современа драма и превод го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2022 година. Меѓу нив се и три необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, „Јас, на некое друго место“ од Ана Трпеноска и „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски. Од „Еуродрам“ информираат дека во конкуренција на 806 пријавени дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици се најдоа и 19 текстови напишани на македонски јазик. Изборот го направиле 335 членови од 27 посебни јазични комитети на „Еуродрам“. Првонаградениот текст „Мачкина глава“ од Венко Андоновски е семејна драма сместена во една балканска неименувана паланка во која тече митско, а не историско време, иако дејството се случува денес, во време на електронски комуникации. Тоа е драма за тоталитарното мислење што ги контаминира семејните односи и се шири како глобална закана. Венко Андоновски е прозаист, драмски писател и универзитетски професор, автор на 35 првоиздадени книги од различни жанрови и на 17 пиеси, кои се изведувани и наградувани во Македонија и во други земји. Инспирирана од вистински настан, драмата „Јас на некое друго место“ од Ана Трпеноска ја обработува темата убивање на сопствените деца од страна на мајката, емигрантка од Балканот, која страда од депресија. Во едно нормално, навидум среќно семејство што живее во странство, за време на роденден се случува трагедија што ги разоткрива темите на отуѓеност, чувство на промашен живот, изместени вредности и притисок врз поединецот наметнат од конзумеристичкото општество. Ана Трпеноска е драмска писателка што живее и работи во Виена. Дипломирала драматургија на ФДУ Скопје. Две нејзини драми се играни на сцената на МНТ во Скопје. За нејзиниот текст „5:17“ добила меѓународно признание од ИТИ Унеско во 2014 година, а игран е на Форумот за современа драматика во Атина. „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски е сатирична и апсурдна драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал, па минува низ пекол борејќи се во бирократските лавиринти на државниот систем да си го врати голиот живот. Марјан Анѓеловски е автор на неколку драмски текстови и сценарист во телевизиските емисии „Фчерашни новости“ и „Еден на еден“. „Еуродрам“ е европска мрежа за современа драма и превод, која опфаќа повеќе од 300 членови – театролози, критичари, драмски автори, преведувачи, режисери – организирани во 30 јазични комитети.

The post Три македонски драми на Венко Андоновски, Ана Трпеноска и Марјан Анѓеловски меѓу најдобрите во Европа appeared first on Република.

]]>