ЕУРО 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/euro-2024/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 13:39:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕУРО 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/euro-2024/ 32 32 УЕФА по два месеци се сети дека имало пенал за Шпанија против Германија на Европското https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/uefa-po-dva-mesetsi-se-seti-deka-imalo-penal-za-shpanija-protiv-germanija-na-evropskoto/ Mon, 23 Sep 2024 13:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=819030

Судискиот комитет на УЕФА ја призна грешката на судијата да не досуди пенал на натпреварот од четвртфиналето на ЕП 2024 меѓу Германија и Шпанија (1:2).

За време на судиското надополнување, топката во шеснаесетникот удри во раката на шпанскиот дефанзивец Марк Кукуреља, но судијата Ентони Тејлор не досуди удар од белата точка.

На крајот „црвената фурија“ се пласираше во полуфиналето на шампионатот постигнувајќи гол во 119. минута.

-Во овој случај, одбранбениот играч го запира ударот кон голот со раката, која не е многу блиску до телото, па требаше да се досуди пенал, изјави претставник на Комитетот на УЕФА.

Репрезентацијата на Шпанија го освои Европското фудбалско првенство победувајќи ги Англичаните во финалето со резултат 2:1.

The post УЕФА по два месеци се сети дека имало пенал за Шпанија против Германија на Европското appeared first on Република.

]]>

Судискиот комитет на УЕФА ја призна грешката на судијата да не досуди пенал на натпреварот од четвртфиналето на ЕП 2024 меѓу Германија и Шпанија (1:2). За време на судиското надополнување, топката во шеснаесетникот удри во раката на шпанскиот дефанзивец Марк Кукуреља, но судијата Ентони Тејлор не досуди удар од белата точка. На крајот „црвената фурија“ се пласираше во полуфиналето на шампионатот постигнувајќи гол во 119. минута. -Во овој случај, одбранбениот играч го запира ударот кон голот со раката, која не е многу блиску до телото, па требаше да се досуди пенал, изјави претставник на Комитетот на УЕФА. Репрезентацијата на Шпанија го освои Европското фудбалско првенство победувајќи ги Англичаните во финалето со резултат 2:1.

The post УЕФА по два месеци се сети дека имало пенал за Шпанија против Германија на Европското appeared first on Република.

]]>
Германија спречи влез на 37 агресивни фудбалски хулигани https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/germanija-sprechi-vlez-na-37-agresivni-fudbalski-huligani/ Mon, 01 Jul 2024 18:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=792512

Полицијата во германската покраина Баварија, која патролира на границите со Австрија и Чешка, спречи влез на 37 лица осомничени дека се агресивни фудбалски хулигани, соопшти денеска полицијата во Минхен.

Дополнителните гранични контроли беа повторно воведени на 7 јуни по повод Европското фудбалско првенство.

Други 186 лица беа уапсени на граничните премини, откако е утврдено дека се бараат по потерници.

Според организаторите, досега на ЕВРО2024 во Германија нема сериозни проблеми со однесувањето на навивачите.

The post Германија спречи влез на 37 агресивни фудбалски хулигани appeared first on Република.

]]>

Полицијата во германската покраина Баварија, која патролира на границите со Австрија и Чешка, спречи влез на 37 лица осомничени дека се агресивни фудбалски хулигани, соопшти денеска полицијата во Минхен. Дополнителните гранични контроли беа повторно воведени на 7 јуни по повод Европското фудбалско првенство. Други 186 лица беа уапсени на граничните премини, откако е утврдено дека се бараат по потерници. Според организаторите, досега на ЕВРО2024 во Германија нема сериозни проблеми со однесувањето на навивачите.

The post Германија спречи влез на 37 агресивни фудбалски хулигани appeared first on Република.

]]>
ЕП: Начевски и Николов ќе го судат полуфиналето Франција-Шведска https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ep-nachevski-i-nikolov-ke-go-sudat-polufinaleto-frantsija-shvedska/ Fri, 26 Jan 2024 10:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=737032

Еминентниот македонски судиски тандем Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на денешниот прв полуфинален натпревар на Европското ракометно првенство меѓу Франција и Шведска.

Натпреварот кој ќе го даде првиот финалист на Европското првенство во Германија е на програмата од 17:45 часот во Келн.

Николов и Начевски се меѓу најдобрите светски ракометни судии, а главни арбитри во финалето на претходното Европско првенство, како и во финалето на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио.

Во второто полуфинале, домаќинот Германија ќе игра против Данска.

Распределбата на медалите е на програмата в недела, исто така, во Келн

Натпреварот за третото место ќе се игра од 15 часот, а големото финале од 17:45 часот

The post ЕП: Начевски и Николов ќе го судат полуфиналето Франција-Шведска appeared first on Република.

]]>

Еминентниот македонски судиски тандем Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на денешниот прв полуфинален натпревар на Европското ракометно првенство меѓу Франција и Шведска. Натпреварот кој ќе го даде првиот финалист на Европското првенство во Германија е на програмата од 17:45 часот во Келн. Николов и Начевски се меѓу најдобрите светски ракометни судии, а главни арбитри во финалето на претходното Европско првенство, како и во финалето на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио. Во второто полуфинале, домаќинот Германија ќе игра против Данска. Распределбата на медалите е на програмата в недела, исто така, во Келн Натпреварот за третото место ќе се игра од 15 часот, а големото финале од 17:45 часот

The post ЕП: Начевски и Николов ќе го судат полуфиналето Франција-Шведска appeared first on Република.

]]>
Топката на Европското ќе има микрочип која ќе ги следи екстремитетите дали има играње со рака или офсајд https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/topkata-na-evropskoto-ke-ima-mikrochip-koja-ke-gi-sledi-ekstremitetite-dali-ima-igrane-so-raka-ili-ofsajd/ Tue, 05 Dec 2023 12:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=719769

На Европското првенство во 2024 година ќе се користи топка со висока технологија од компанијата „Адидас“.

Според „ The Times“, топката ќе биде опремена со микрочип што ќе помогне да се утврди дали е користена рака при нападите кога ќе биде постигнат гол. Овој систем ќе работи заедно со технологијата за следење на екстремитетите, која овозможува создавање на 3D визуелни слики на играчи во реално време.

Микрочипот ќе го бележи и точното време на удар на топката, што ќе им помогне на судиите да утврдат дали имало офсајд.

The post Топката на Европското ќе има микрочип која ќе ги следи екстремитетите дали има играње со рака или офсајд appeared first on Република.

]]>

На Европското првенство во 2024 година ќе се користи топка со висока технологија од компанијата „Адидас“. Според „ The Times“, топката ќе биде опремена со микрочип што ќе помогне да се утврди дали е користена рака при нападите кога ќе биде постигнат гол. Овој систем ќе работи заедно со технологијата за следење на екстремитетите, која овозможува создавање на 3D визуелни слики на играчи во реално време. Микрочипот ќе го бележи и точното време на удар на топката, што ќе им помогне на судиите да утврдат дали имало офсајд.

The post Топката на Европското ќе има микрочип која ќе ги следи екстремитетите дали има играње со рака или офсајд appeared first on Република.

]]>
ЕУРО2024: Отворањето во Минхен, финалето во Берлин https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/euro2024-otvoranjeto-vo-minhen-finaleto-vo-berlin/ Tue, 10 May 2022 19:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=500720

Премиерниот натпревар на Европското фудбалско првенство, чиј домаќин во 2024 година ќе биде Германија ќе се игра во Минхен, додека финалето ќе биде во Берлин, објави денеска УЕФА.

ЕУРО 2024 ќе биде отворено на 14 јуни на Алијанц Арена во Минхен, а финалниот натпревар е на програмата на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.

Првенството ќе се одржи во десет градови – Берлин, Хамбург, Лајпциг, Гелзенкирхен, Дортмунд, Дизелдорф, Келн, Франкфурт, Штутгарт и Минхен.

– Уверен сум дека ЕУРО2024 ќе биде атрактивен турнир. Многу од најдобрите тимови во светот ќе се натпреваруваат во земја која се наоѓа во срцето на Европа. Очекуваме прекрасен фудбал и возбудлив турнир во секој поглед, порача директорот на ЕУРО2024, Филип Лам.

Жрепката за квалификациските групи е закажана за 9 октомври оваа година во Франкфурт.

The post ЕУРО2024: Отворањето во Минхен, финалето во Берлин appeared first on Република.

]]>

Премиерниот натпревар на Европското фудбалско првенство, чиј домаќин во 2024 година ќе биде Германија ќе се игра во Минхен, додека финалето ќе биде во Берлин, објави денеска УЕФА. ЕУРО 2024 ќе биде отворено на 14 јуни на Алијанц Арена во Минхен, а финалниот натпревар е на програмата на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин. Првенството ќе се одржи во десет градови – Берлин, Хамбург, Лајпциг, Гелзенкирхен, Дортмунд, Дизелдорф, Келн, Франкфурт, Штутгарт и Минхен.
– Уверен сум дека ЕУРО2024 ќе биде атрактивен турнир. Многу од најдобрите тимови во светот ќе се натпреваруваат во земја која се наоѓа во срцето на Европа. Очекуваме прекрасен фудбал и возбудлив турнир во секој поглед, порача директорот на ЕУРО2024, Филип Лам.
Жрепката за квалификациските групи е закажана за 9 октомври оваа година во Франкфурт.

The post ЕУРО2024: Отворањето во Минхен, финалето во Берлин appeared first on Република.

]]>