ЕУ санкции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eu-sankcii/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jan 2024 15:19:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕУ санкции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eu-sankcii/ 32 32 Не е само Русија: Хамас под санкции на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ne-e-samo-rusija-hamas-pod-sanktsii-na-eu/ Thu, 18 Jan 2024 15:19:31 +0000 https://republika.mk/?p=734434

- Европската унија в понеделник ќе усвои санкции против Хамас како одговор на смртоносниот напад на палестинската група врз Израел на 7 октомври, соопшти денеска Франција.

Брисел ќе усвои „режим на санкции против Хамас“, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Кристоф Лемоан. Тој нагласи дека тие ќе бидат насочени кон „поединци и трансфери на средства

The post Не е само Русија: Хамас под санкции на ЕУ appeared first on Република.

]]>

- Европската унија в понеделник ќе усвои санкции против Хамас како одговор на смртоносниот напад на палестинската група врз Израел на 7 октомври, соопшти денеска Франција. Брисел ќе усвои „режим на санкции против Хамас“, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Кристоф Лемоан. Тој нагласи дека тие ќе бидат насочени кон „поединци и трансфери на средства

The post Не е само Русија: Хамас под санкции на ЕУ appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Пет години затвор или 5% од вкупниот приход за кршење на санкциите кон трета земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-pet-godini-zatvor-ili-5-od-vkupniot-prihod-za-krshenje-na-sankciite-kon-treta-zemja/ Fri, 02 Dec 2022 17:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=581050

Европска комисија објави предлог директива, според која кршењето, заобиколувањето или ограничувањето на санкциите кон трета земја би се сметало за казниво дело во сите земји-членки на Европска унија.

ЕК предлага серија заеднички правила што треба да ја олеснат истрагата, гонењето и казнувањето на прекршувањата на рестриктивните мерки во сите земји-членки.

Ова значи дека заобиколувањето или обидот да се заобиколат рестриктивните мерки со прикривање имот или прикривање на фактот дека некое лице е крајниот сопственик на имотот ќе стане кривично дело. Во зависност од кривичното дело, лицето би можело да се казни со максимална затворска казна над пет години, а компаниите би можеле да подлежат на санкции во висина од најмалку пет отсто од вкупниот промет на светско ниво, наведе ЕК.

Според ЕК од клучно значење  е целосно да се спроведат рестриктивните мерки на ЕУ и да се казни прекршувањето на тие мерки додека продолжува руската агресија врз Украина.

Спроведувањето на рестриктивните мерки е предизвик, бидејќи не е лесно да се одредат имотите на руските олигарси, што се скриени во различни јурисдикции, благодарение на сложените правни и финансиски структури. Предложената директива ќе ги затвори постоечките правни дупки и ќе го зголеми застрашувачкиот ефект на кршење на санкциите на ЕУ.

The post ЕУ: Пет години затвор или 5% од вкупниот приход за кршење на санкциите кон трета земја appeared first on Република.

]]>

Европска комисија објави предлог директива, според која кршењето, заобиколувањето или ограничувањето на санкциите кон трета земја би се сметало за казниво дело во сите земји-членки на Европска унија. ЕК предлага серија заеднички правила што треба да ја олеснат истрагата, гонењето и казнувањето на прекршувањата на рестриктивните мерки во сите земји-членки.
Ова значи дека заобиколувањето или обидот да се заобиколат рестриктивните мерки со прикривање имот или прикривање на фактот дека некое лице е крајниот сопственик на имотот ќе стане кривично дело. Во зависност од кривичното дело, лицето би можело да се казни со максимална затворска казна над пет години, а компаниите би можеле да подлежат на санкции во висина од најмалку пет отсто од вкупниот промет на светско ниво, наведе ЕК.
Според ЕК од клучно значење  е целосно да се спроведат рестриктивните мерки на ЕУ и да се казни прекршувањето на тие мерки додека продолжува руската агресија врз Украина. Спроведувањето на рестриктивните мерки е предизвик, бидејќи не е лесно да се одредат имотите на руските олигарси, што се скриени во различни јурисдикции, благодарение на сложените правни и финансиски структури. Предложената директива ќе ги затвори постоечките правни дупки и ќе го зголеми застрашувачкиот ефект на кршење на санкциите на ЕУ.

The post ЕУ: Пет години затвор или 5% од вкупниот приход за кршење на санкциите кон трета земја appeared first on Република.

]]>
Се распаѓа единството на ЕУ поради санкциите за Русија, тврди германскиот министер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-raspagja-edinstvoto-na-eu-poradi-sankciite-za-rusija-tvrdi-germanskiot-minister/ Sun, 29 May 2022 18:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=508430

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, во неделата изрази длабока загриженост поради „уривањето“ на единството во Европската унија пред самитот во понеделникот на кој ќе се дискутира за ембаргото на увозот на руската нафта, како и за планот да се прекине големата зависноста на блокот од руските енергенси.

Челниците на земјите членки на ЕУ во понеделник и вторник ќе се сретнат за да дискутираат за шестиот пакет санкции против Русија, кој требаше да вклучува ембарго на руската нафта и програма со којашто се настојува да се забрза прекинувањето на зависноста од фосилните горива, вклучително и од рускиот гас.

„По почетокот на рускиот напад на Украина, видовме што може да се случи ако Европа е обединета. Се надеваме дека обединетоста ќе се покаже и на утрешниот самит, иако веќе започна да се урива“, рече Хабек на прес-конференција.

Земјите од ЕУ во петокот се обидоа да постигнат договор за ембаргото на поморските пратки на руската нафта со дозволување на испораките преку нафтовод, како компромис со кој би се придобила Унгарија, но и Чешка и Словачка кои бараа изземање, да ги деблокира новите санкции наметната против Русија. Но Грција, Кипар и Малта, меѓу другите, се спротиставуваат на мерката за забрана на транспортот на руската нафта, бидејќи стравуваат дека таа еднострано би можела да им наштети на нивните бродски компании кои за овие земји остваруваат значајни приходи.

Хабек истовремено ја повика Германија на самитот да настапи со обединет став, наместо да се воздржува од гласањето поради разликите во мислењата во рамките на тамошната владејачка коалиција. Повика и на слично единство на државите членки на ЕУ.

„Европа и натаму е огромна економска област со неверојатна економска моќ. Кога е обединета, таа моќ може да ја искористи“, рече Хабек на отворањето на саемот во Хановер.

The post Се распаѓа единството на ЕУ поради санкциите за Русија, тврди германскиот министер appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, во неделата изрази длабока загриженост поради „уривањето“ на единството во Европската унија пред самитот во понеделникот на кој ќе се дискутира за ембаргото на увозот на руската нафта, како и за планот да се прекине големата зависноста на блокот од руските енергенси. Челниците на земјите членки на ЕУ во понеделник и вторник ќе се сретнат за да дискутираат за шестиот пакет санкции против Русија, кој требаше да вклучува ембарго на руската нафта и програма со којашто се настојува да се забрза прекинувањето на зависноста од фосилните горива, вклучително и од рускиот гас.
„По почетокот на рускиот напад на Украина, видовме што може да се случи ако Европа е обединета. Се надеваме дека обединетоста ќе се покаже и на утрешниот самит, иако веќе започна да се урива“, рече Хабек на прес-конференција.
Земјите од ЕУ во петокот се обидоа да постигнат договор за ембаргото на поморските пратки на руската нафта со дозволување на испораките преку нафтовод, како компромис со кој би се придобила Унгарија, но и Чешка и Словачка кои бараа изземање, да ги деблокира новите санкции наметната против Русија. Но Грција, Кипар и Малта, меѓу другите, се спротиставуваат на мерката за забрана на транспортот на руската нафта, бидејќи стравуваат дека таа еднострано би можела да им наштети на нивните бродски компании кои за овие земји остваруваат значајни приходи. Хабек истовремено ја повика Германија на самитот да настапи со обединет став, наместо да се воздржува од гласањето поради разликите во мислењата во рамките на тамошната владејачка коалиција. Повика и на слично единство на државите членки на ЕУ. „Европа и натаму е огромна економска област со неверојатна економска моќ. Кога е обединета, таа моќ може да ја искористи“, рече Хабек на отворањето на саемот во Хановер.

The post Се распаѓа единството на ЕУ поради санкциите за Русија, тврди германскиот министер appeared first on Република.

]]>
Медведев: Санкциите за Русија се објавување на економска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-sankciite-za-rusija-se-objavuvanje-na-ekonomska-vojna/ Sat, 09 Apr 2022 09:33:29 +0000 https://republika.mk/?p=485721

Дмитри Медведев, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, вели дека санкциите наметнати од Запад кон Русија се објавување на економска војна. Поранешниот руски претседател ги осуди мерките како незаконски. Тој вели дека тоа е чин на меѓународна агресија врз Руската Федерација „од одредени држави или нивни сојузници“.

Медведев го изјави ова на својот канал на Телеграм, каде што предупреди дека никој не треба да се сомнева во правото на Русија да се брани според меѓународното право и во границите на она што го „смета соодветно“.

Тој вели дека санкциите нема да ја дестабилизираат Русија и ефектот ќе биде спротивен. Тој рече дека неговата земја ќе има „негативни емоции“ кон земјите што воведоа санкции.

Медведев е истакнато име на најновата британска листа на санкционирани лица. Тој во моментов е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, а беше претседател од 2008 до 2012 година и премиер од 2012 до 2016 година.

The post Медведев: Санкциите за Русија се објавување на економска војна appeared first on Република.

]]>

Дмитри Медведев, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, вели дека санкциите наметнати од Запад кон Русија се објавување на економска војна. Поранешниот руски претседател ги осуди мерките како незаконски. Тој вели дека тоа е чин на меѓународна агресија врз Руската Федерација „од одредени држави или нивни сојузници“. Медведев го изјави ова на својот канал на Телеграм, каде што предупреди дека никој не треба да се сомнева во правото на Русија да се брани според меѓународното право и во границите на она што го „смета соодветно“. Тој вели дека санкциите нема да ја дестабилизираат Русија и ефектот ќе биде спротивен. Тој рече дека неговата земја ќе има „негативни емоции“ кон земјите што воведоа санкции. Медведев е истакнато име на најновата британска листа на санкционирани лица. Тој во моментов е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, а беше претседател од 2008 до 2012 година и премиер од 2012 до 2016 година.

The post Медведев: Санкциите за Русија се објавување на економска војна appeared first on Република.

]]>
Западните земји договараат нови санкции против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zapadnite-zemji-dogovaraat-novi-sankcii-protiv-rusija/ Sun, 03 Apr 2022 20:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=482792

Западните земји ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје.

Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека западните земји наредните денови ќе се договорат да воведат повеќе санкции кон Русија, откако Украина ги обвини руските војници за воени злосторства во близина на Киев, јави ДПА.

„Во следните неколку дена ќе договориме понатамошни мерки од страна на сојузниците“, изјави Шолц, без да даде детали што би можеле да вклучуваат новите санкции.

Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин и неговите поддржувачи ќе претрпат последици за своите постапки.

„А ние ќе продолжиме да ја снабдуваме Украина со оружје за да може да се брани од руската инвазија“, рече Шолц.

The post Западните земји договараат нови санкции против Русија appeared first on Република.

]]>

Западните земји ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје. Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека западните земји наредните денови ќе се договорат да воведат повеќе санкции кон Русија, откако Украина ги обвини руските војници за воени злосторства во близина на Киев, јави ДПА. „Во следните неколку дена ќе договориме понатамошни мерки од страна на сојузниците“, изјави Шолц, без да даде детали што би можеле да вклучуваат новите санкции. Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин и неговите поддржувачи ќе претрпат последици за своите постапки. „А ние ќе продолжиме да ја снабдуваме Украина со оружје за да може да се брани од руската инвазија“, рече Шолц.

The post Западните земји договараат нови санкции против Русија appeared first on Република.

]]>
Медведев: Западните санкции ќе го консолидираат руското општество https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-zapadnite-sankcii-kje-go-konsolidiraat-ruskoto-opshtestvo/ Sat, 26 Mar 2022 08:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=478773

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик претседател на Советот за безбедност на ОН, Дмитриј Медведев, изјави дека западните санкции ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат незадоволство кај владата.

„Глупаво е да се верува дека западните санкции против руските компании може да имаат каков било ефект врз владата во Москва. Санкциите само ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат народно незадоволство кај владата“, рече Медведев во интервју за руската новинска агенција РИА новости.

Медведев кажа дека анкетите покажуваат оти три четвртини од Русите ја поддржуваат одлуката на Кремљ да спроведе воена операција во Украина, а уште повеќе го поддржуваат Путин. Медведев рече дека руската Влада ќе мора сама да најде „соодветни решенија“ за да го поттикне развојот на авијацијата, автомобилската индустрија, ИТ и другите индустрии.

The post Медведев: Западните санкции ќе го консолидираат руското општество appeared first on Република.

]]>

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик претседател на Советот за безбедност на ОН, Дмитриј Медведев, изјави дека западните санкции ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат незадоволство кај владата. „Глупаво е да се верува дека западните санкции против руските компании може да имаат каков било ефект врз владата во Москва. Санкциите само ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат народно незадоволство кај владата“, рече Медведев во интервју за руската новинска агенција РИА новости. Медведев кажа дека анкетите покажуваат оти три четвртини од Русите ја поддржуваат одлуката на Кремљ да спроведе воена операција во Украина, а уште повеќе го поддржуваат Путин. Медведев рече дека руската Влада ќе мора сама да најде „соодветни решенија“ за да го поттикне развојот на авијацијата, автомобилската индустрија, ИТ и другите индустрии.

The post Медведев: Западните санкции ќе го консолидираат руското општество appeared first on Република.

]]>
Ковачевски нема да бара компензација од ЕУ за штетите што ги трпиме поради тоа што се придруживме кон руските санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-nema-da-bara-kompenzacija-od-eu-za-shtetite-shto-gi-trpime-poradi-toa-shto-se-pridruzivme-kon-ruskite-sankcii/ Fri, 25 Mar 2022 10:36:21 +0000 https://republika.mk/?p=478330

Премиерот Ковачевски вели дека нема да инсистира да добиеме компензации поради тоа што се придруживме на руските санкции на ЕУ. Тој во интервју за МИА вели дека во време на криза не пристојно да се бараат компезации

– Кога се работи за светска криза не можеме да збориме за компензации една земја или асоцијација на земји како ЕУ да компензира други земји бидејќи да бидеме искрени сите се изложени на светската криза.

Ама бара да се усогласиме со нивните санкции, е прашањето на МИА

– Ако ги погледнеме цените на енергенсите и тука во Брисел кај што се наоѓаме, тие се многу повеќе покачени отколку во Македонија, цените на храната исто така се покачени. Во однос на помошта и нашата економска соработка, ние не можеме да кажеме дека немаме помош од ЕУ. Ние сме корисници веќе на трет пакет на ИПА фондови коишто се со милионски износи во евра и со коишто се поддржуваат инфраструктурни проекти. Второ во најголемата ковид криза ни беше достапна макрофинансиска помош од ЕУ во износ од 120 милиони евра којашто ни помогна во тоа време и ни се на располагање кредитни линии како од Европската Банка за Развој, Европската Инвестициска Банка, Европската Централна Банка за справување со економските предизвици. Така што ние не можеме да кажеме дека немаме економски бенефити од нашиот договор за стабилизација и асоцијација.

The post Ковачевски нема да бара компензација од ЕУ за штетите што ги трпиме поради тоа што се придруживме кон руските санкции appeared first on Република.

]]>

Премиерот Ковачевски вели дека нема да инсистира да добиеме компензации поради тоа што се придруживме на руските санкции на ЕУ. Тој во интервју за МИА вели дека во време на криза не пристојно да се бараат компезации
– Кога се работи за светска криза не можеме да збориме за компензации една земја или асоцијација на земји како ЕУ да компензира други земји бидејќи да бидеме искрени сите се изложени на светската криза.
Ама бара да се усогласиме со нивните санкции, е прашањето на МИА
– Ако ги погледнеме цените на енергенсите и тука во Брисел кај што се наоѓаме, тие се многу повеќе покачени отколку во Македонија, цените на храната исто така се покачени. Во однос на помошта и нашата економска соработка, ние не можеме да кажеме дека немаме помош од ЕУ. Ние сме корисници веќе на трет пакет на ИПА фондови коишто се со милионски износи во евра и со коишто се поддржуваат инфраструктурни проекти. Второ во најголемата ковид криза ни беше достапна макрофинансиска помош од ЕУ во износ од 120 милиони евра којашто ни помогна во тоа време и ни се на располагање кредитни линии како од Европската Банка за Развој, Европската Инвестициска Банка, Европската Централна Банка за справување со економските предизвици. Така што ние не можеме да кажеме дека немаме економски бенефити од нашиот договор за стабилизација и асоцијација.

The post Ковачевски нема да бара компензација од ЕУ за штетите што ги трпиме поради тоа што се придруживме кон руските санкции appeared first on Република.

]]>