ЕУ преговори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eu-pregovori/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 11:46:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕУ преговори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eu-pregovori/ 32 32 Унгарија подготвена да посредува за решавање на спорот помеѓу Скопје и Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ungarija-podgotvena-da-posreduva-za-reshavane-na-sporot-pomegu-skopje-i-sofija/ Fri, 27 Sep 2024 11:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=820254

Унгарија е подготвена да заземе посредничка улога во надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија, ако за тоа се согласни и двете земји, рече денеска унгарскиот премиер, Виктор Орбан за време на заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски.

„Ние сме подготвени, да го искористиме претседателството со ЕУ, да посредуваме во ова прашање. Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник е нивна работа, но ние сме подготвени и сакаме да работиме на тоа да се најде решение коешто ќе одговара и за Македонија и за Бугарија“, рече Орбан.

The post Унгарија подготвена да посредува за решавање на спорот помеѓу Скопје и Софија appeared first on Република.

]]>

Нимиц: ЕУ направи историска грешка што го одложи пристапувањето на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nimits-eu-napravi-istoriska-greshka-shto-go-odlozhi-pristapuvaneto-na-makedonija/ Sat, 29 Jun 2024 13:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=791839

Европската Унија направи историска грешка што го одложи пристапниот процес на Македонија и покрај ветувањата и очекувањата по Договорот од Преспа, истакна поранешниот специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации во разговорите за името Метју Нимиц во интервјуто за грчкиот информативен портал „Ин“, јави дописничката на МИА од Атина.

Нимиц учествуваше на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што на 17 и 18 јуни се одржа во Атина во организација на „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“, а во интервјуто за „Ин“ говори за Договорот од Преспа, ситуацијата во регионот и пошироко, но и за улогата на ЕУ.

– Европската Унија, мислам дека направи историска грешка што не се движеше брзо во пристапувањето на Македонија во Унијата. Беа направени ветувања. Постоеја очекувања во Македонија дека штом се реши спорот со Грција, направено со Преспа и со уставните промени, што беше многу тешко за нив да го сторат тоа, тогаш пристапниот процес ќе се движи брзо. И тоа не се случи. Тоа беше одложено поради повеќе причини. И, можете да го објасните на овој или оној начин, но тоа доведе до ерозија на довербата во Македонија. Очекувањата не беа такви – рече Нимиц.

Во однос на Договорот од Преспа истакнува дека е „навистина важен и многу добар договор за двете земји“, но и компромис, а во конкретниот регион, како што посочува „никој не сака компромиси“.

– Во САД зборот компромис е позитивен збор. Ако не се согласуваш со некој, влегуваш во друга просторија, излегуваш и велиш дека е постигнат компромис и сите се многу среќни. Во овој регион велиш дека е направен компромис, а луѓето го сметаат за неуспех. Го гледаат она од што сте се откажале, а не она што сте го добиле. И сите овие договори, се разбира, ако дојдете до договор за едно несогласување, тоа обично е компромис. И сега имаме ситуација, кога првично раководството на Македонија даде некои изјави за употребата на името, што сметам дека е вознемирувачки – рече Нимиц.

Тој оценува дека Договорот нема да пропадне, бидејќи, како што вели е „силен и ратификуван од двата парламента“, но посочува дека постои опасност да не се имплементира.

– Новото раководство на Македонија изјави дека ќе го почитува Договорот. А Владата на Мицотакис овде во Грција уште од почетокот кажа дека тоа е меѓународен Договор и дека ќе го почитува. Значи, мислам дека не постои прашање за пропаѓање на Договорот, но постои ризик луѓето да не го спроведат и да пропадне на рабовите. Значи, едната страна нема да го направи ова, другата нема да го направи тоа и на крајот очекувањата дека тоа ќе ги приближи двете земји нема да се реализираат – посочи Нимиц.

За регионот рече дека постојат „повеќе проблеми отколку што мислиме“, кои не се на ниво како во Украина или на Блискиот Исток или ривалството меѓу САД и Кина, но можат да излезат од контрола во тој регион.

Извор: МИА

The post Нимиц: ЕУ направи историска грешка што го одложи пристапувањето на Македонија appeared first on Република.

]]>

Европската Унија направи историска грешка што го одложи пристапниот процес на Македонија и покрај ветувањата и очекувањата по Договорот од Преспа, истакна поранешниот специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации во разговорите за името Метју Нимиц во интервјуто за грчкиот информативен портал „Ин“, јави дописничката на МИА од Атина. Нимиц учествуваше на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што на 17 и 18 јуни се одржа во Атина во организација на „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“, а во интервјуто за „Ин“ говори за Договорот од Преспа, ситуацијата во регионот и пошироко, но и за улогата на ЕУ.
– Европската Унија, мислам дека направи историска грешка што не се движеше брзо во пристапувањето на Македонија во Унијата. Беа направени ветувања. Постоеја очекувања во Македонија дека штом се реши спорот со Грција, направено со Преспа и со уставните промени, што беше многу тешко за нив да го сторат тоа, тогаш пристапниот процес ќе се движи брзо. И тоа не се случи. Тоа беше одложено поради повеќе причини. И, можете да го објасните на овој или оној начин, но тоа доведе до ерозија на довербата во Македонија. Очекувањата не беа такви – рече Нимиц.
Во однос на Договорот од Преспа истакнува дека е „навистина важен и многу добар договор за двете земји“, но и компромис, а во конкретниот регион, како што посочува „никој не сака компромиси“.
– Во САД зборот компромис е позитивен збор. Ако не се согласуваш со некој, влегуваш во друга просторија, излегуваш и велиш дека е постигнат компромис и сите се многу среќни. Во овој регион велиш дека е направен компромис, а луѓето го сметаат за неуспех. Го гледаат она од што сте се откажале, а не она што сте го добиле. И сите овие договори, се разбира, ако дојдете до договор за едно несогласување, тоа обично е компромис. И сега имаме ситуација, кога првично раководството на Македонија даде некои изјави за употребата на името, што сметам дека е вознемирувачки – рече Нимиц.
Тој оценува дека Договорот нема да пропадне, бидејќи, како што вели е „силен и ратификуван од двата парламента“, но посочува дека постои опасност да не се имплементира.
– Новото раководство на Македонија изјави дека ќе го почитува Договорот. А Владата на Мицотакис овде во Грција уште од почетокот кажа дека тоа е меѓународен Договор и дека ќе го почитува. Значи, мислам дека не постои прашање за пропаѓање на Договорот, но постои ризик луѓето да не го спроведат и да пропадне на рабовите. Значи, едната страна нема да го направи ова, другата нема да го направи тоа и на крајот очекувањата дека тоа ќе ги приближи двете земји нема да се реализираат – посочи Нимиц.
За регионот рече дека постојат „повеќе проблеми отколку што мислиме“, кои не се на ниво како во Украина или на Блискиот Исток или ривалството меѓу САД и Кина, но можат да излезат од контрола во тој регион.
Извор: МИА

The post Нимиц: ЕУ направи историска грешка што го одложи пристапувањето на Македонија appeared first on Република.

]]>
Украина и Молдавија ги исполниле условите, ќе почнат преговори со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-i-moldavija-gi-ispolnile-uslovite-ke-pochnat-pregovori-so-eu/ Fri, 07 Jun 2024 11:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=785515

Европската комисија донесе одлука да ги извести земјите членки на ЕУ дека Украина и Молдавија ги презедоа сите неопходни чекори за отпочнување на преговорите за членство во Унијата, информира денеска портпаролката на ЕК за проширување и соседска политика, Ана Писонеро.

Таа додаде дека прашањето за започнување на преговарачкиот процес со Украина и Молдавија е на денешниот дневен ред на заседанието на Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер), потенцирајќи дека конечната одлука за отпочнување на преговорите со двете земји треба да ја донесат членките на Унијата.

- Тие треба да ги усвојат преговарачките рамки, што е предуслов претседателството на Советот да свика меѓувладини конференции со што ќе се означи почетокот на преговорите, рече Писонеро.

Таа посочи дека Украина постигнала значителен напредок во борбата против корупција, усогласување со регулативите на ЕУ за ограничување на моќта и влијанието на олигарсите, како и за заштита на правата на малцинствата.

Молдавија, пак, според Писонеро, остварила значителен напредок во ветингот на судскиот систем, независноста на јавното обвинителство, борбата против корупцијата и законодавството за финансиските текови.

- Сега останува на земјите членки да дискутираат и да донесат одлука за следните чекори, додаде Писонеро.

The post Украина и Молдавија ги исполниле условите, ќе почнат преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европската комисија донесе одлука да ги извести земјите членки на ЕУ дека Украина и Молдавија ги презедоа сите неопходни чекори за отпочнување на преговорите за членство во Унијата, информира денеска портпаролката на ЕК за проширување и соседска политика, Ана Писонеро. Таа додаде дека прашањето за започнување на преговарачкиот процес со Украина и Молдавија е на денешниот дневен ред на заседанието на Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер), потенцирајќи дека конечната одлука за отпочнување на преговорите со двете земји треба да ја донесат членките на Унијата. - Тие треба да ги усвојат преговарачките рамки, што е предуслов претседателството на Советот да свика меѓувладини конференции со што ќе се означи почетокот на преговорите, рече Писонеро. Таа посочи дека Украина постигнала значителен напредок во борбата против корупција, усогласување со регулативите на ЕУ за ограничување на моќта и влијанието на олигарсите, како и за заштита на правата на малцинствата. Молдавија, пак, според Писонеро, остварила значителен напредок во ветингот на судскиот систем, независноста на јавното обвинителство, борбата против корупцијата и законодавството за финансиските текови. - Сега останува на земјите членки да дискутираат и да донесат одлука за следните чекори, додаде Писонеро.

The post Украина и Молдавија ги исполниле условите, ќе почнат преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Зеленски се надева дека Украина во јуни ќе почне преговори, Македонија ќе извиси https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-se-nadeva-deka-ukraina-vo-juni-ke-pochne-pregovori-makedonija-ke-izvisi/ Wed, 01 May 2024 19:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=773108

Украина веќе целосно го реализираше својот дел од обврските за да ги почне преговорите за влез во Европската унија во јуни, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

- Како и во секоја претходна фаза на интеграција со Европската унија, многу зависи од нашата активност, рече Зеленски во вечерашното видео обраќање.

Според него, Украина веќе целосно го исполнила својот дел од обврските за почеток на пристапните преговори во јуни

The post Зеленски се надева дека Украина во јуни ќе почне преговори, Македонија ќе извиси appeared first on Република.

Маричиќ: Заедно со академската заедница ќе ги дефинираме областите во кои ќе можеме да се вклучиме пред членството во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-zaedno-so-akademskata-zaednitsa-ke-gi-definirame-oblastite-vo-koi-ke-mozheme-da-se-vkluchime-pred-chlenstvoto-vo-eu/ Thu, 22 Jun 2023 16:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=654142

Денеска Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии организираа научната конференција на тема „Забрзување на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ: клучни предизвици и приоритети“.

На конференцијата во тематската област „Право и политика“, со свој труд учествуваше вицепремиерот Маричиќ, кој посочи дека сега е време сите заедно креативно да размислуваат и летово да се отвори дискусија за областите во кои ќе може Македонија да се вклучи порано, пред членството во ЕУ.

Имаме реална шанса Македонија да биде во пакетот на држави кои ќе бидат идни членки на ЕУ. Постои план од страна на ЕУ кој треба да го искористиме за забрзување на реформите и приближување на Македонија поблиску до членството во Унијата, рече Маричиќ.

Тој укажа дека новата методологија за проширување дозволува динамизирање на преговорите, односно забрзана реализација на реформска агенда и брзи резултати.

Имајќи ја предвид истата, забрзаното или фазно пристапување, може да го забрза, но исто така има потенцијал и да го успори нашето интегрирање во ЕУ, рече Маричиќ, посочувајќи дека е неопходно да имаме јасно дефинирани приоритетни области во склоп на забрзаната интеграција, а земјите членки тоа да го поддржат и во следниот период да се креира календар за наше активирање во истите.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ очекува дека заложбите на Европската комисија во овој период треба да бидат насочени кон унапредување и забрзување на процесите кои ќе ѝ овозможат на Македонија членство во следниот бран на проширување на Унијата, потенцирајќи дека е важно да се одржи втората Меѓувладина конференција за време на шпанско претседателство, односно до крајот на годината.

Тој во своето излагање посочи дека е исклучително важно улогата и вклученоста на академската заедница во овој државнички процес, како и во придонесот во демократскиот и одржлив развој на македонското општество и држава, потенцирајќи дека понатаму за сите процеси поврзани со евроинтеграцијата ќе продолжи комуникацијата и координацијата со академската фела.

- Дебатите и поинтензивната соработка со академската заедница дополнително треба да придонесат за развојот и демократизацијата на македонското општество, со што практично го забрзуваме интегрирањето во ЕУ.

Во тематската област „Економија“ се обрати министерот за финансии Фатмир Бесими кој кажа дека досегашната пракса на земјите од Централна и Источна Европа, покажале дека евроинтеграциите се катализатор на економскиот развој, односно подобрување кај сите економски параметри – БДП по глава на жител, странски и домашни инвестиции, трговија, како и подобрување на животниот стандард.

- Единствениот европски пазар од половина милијарда граѓани, пристапот до заедничките фондови, како и заедничките стратегии по однос на клучните прашања се главните придобивки од членството, кои ќе придонесат кон побрза конвергенција на нашата земја кон развиени. Науката може и дава значаен придонес во приближувањето до европските стандарди“ – порача министерот за финансии, Фатмир Бесими.

На научната конференција, која се одржа во просториите на МАНУ, учествуваа академици, професори од државните и приватните универзитети, од научните институти, од други домашни научни и стручни институции, како и дел од владините експерти кои активно ќе партиципираат во преговорите со ЕУ.

The post Маричиќ: Заедно со академската заедница ќе ги дефинираме областите во кои ќе можеме да се вклучиме пред членството во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Денеска Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии организираа научната конференција на тема „Забрзување на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ: клучни предизвици и приоритети“.

На конференцијата во тематската област „Право и политика“, со свој труд учествуваше вицепремиерот Маричиќ, кој посочи дека сега е време сите заедно креативно да размислуваат и летово да се отвори дискусија за областите во кои ќе може Македонија да се вклучи порано, пред членството во ЕУ.

Имаме реална шанса Македонија да биде во пакетот на држави кои ќе бидат идни членки на ЕУ. Постои план од страна на ЕУ кој треба да го искористиме за забрзување на реформите и приближување на Македонија поблиску до членството во Унијата, рече Маричиќ.
Тој укажа дека новата методологија за проширување дозволува динамизирање на преговорите, односно забрзана реализација на реформска агенда и брзи резултати.
Имајќи ја предвид истата, забрзаното или фазно пристапување, може да го забрза, но исто така има потенцијал и да го успори нашето интегрирање во ЕУ, рече Маричиќ, посочувајќи дека е неопходно да имаме јасно дефинирани приоритетни области во склоп на забрзаната интеграција, а земјите членки тоа да го поддржат и во следниот период да се креира календар за наше активирање во истите.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ очекува дека заложбите на Европската комисија во овој период треба да бидат насочени кон унапредување и забрзување на процесите кои ќе ѝ овозможат на Македонија членство во следниот бран на проширување на Унијата, потенцирајќи дека е важно да се одржи втората Меѓувладина конференција за време на шпанско претседателство, односно до крајот на годината. Тој во своето излагање посочи дека е исклучително важно улогата и вклученоста на академската заедница во овој државнички процес, како и во придонесот во демократскиот и одржлив развој на македонското општество и држава, потенцирајќи дека понатаму за сите процеси поврзани со евроинтеграцијата ќе продолжи комуникацијата и координацијата со академската фела.
- Дебатите и поинтензивната соработка со академската заедница дополнително треба да придонесат за развојот и демократизацијата на македонското општество, со што практично го забрзуваме интегрирањето во ЕУ.
Во тематската област „Економија“ се обрати министерот за финансии Фатмир Бесими кој кажа дека досегашната пракса на земјите од Централна и Источна Европа, покажале дека евроинтеграциите се катализатор на економскиот развој, односно подобрување кај сите економски параметри – БДП по глава на жител, странски и домашни инвестиции, трговија, како и подобрување на животниот стандард.
- Единствениот европски пазар од половина милијарда граѓани, пристапот до заедничките фондови, како и заедничките стратегии по однос на клучните прашања се главните придобивки од членството, кои ќе придонесат кон побрза конвергенција на нашата земја кон развиени. Науката може и дава значаен придонес во приближувањето до европските стандарди“ – порача министерот за финансии, Фатмир Бесими.
На научната конференција, која се одржа во просториите на МАНУ, учествуваа академици, професори од државните и приватните универзитети, од научните институти, од други домашни научни и стручни институции, како и дел од владините експерти кои активно ќе партиципираат во преговорите со ЕУ.

The post Маричиќ: Заедно со академската заедница ќе ги дефинираме областите во кои ќе можеме да се вклучиме пред членството во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Членството во ЕУ веќе не е теоретска шанса, туку реална можност и имаме шанса да ги завршиме преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-chlenstvoto-vo-eu-veke-ne-e-teoretska-shansa-tuku-realna-mozhnost-i-imame-shansa-da-gi-zavrshime-pregovorite/ Mon, 20 Mar 2023 21:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=621768

Мислам дека сите политички партии се соочени со одговорноста за продолжување на патот кон ЕУ. Ние сме свесни дека ова е неправедно и дека не е идеален францускиот предлог. Така свесни и го предложивме во Собранието. Свесни сме и дека направивме премногу отстапки досега. Но исто така сме свесни дека по првпат имаме реална шанса да ги завршиме преговорите, односно да продолжиме понатаму и да го направиме тоа што не успеавме 17 години. Да ги завршиме преговорите и да станеме членка. Тоа е реална можност. Не е веќе само теоретска шанса, туку имаме реална можност и треба да ја искористиме, изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ за „Топ тема“ на ТВ Телма.

-Ние можеме да одлучиме дека ќе ги направиме уставните измени и за две години, и за три години и за пет години. Впрочем тоа беше и тема на дебата, на дискусија во текот на преговорите околу францускиот предлог. Нам ни одговараше сигурно да имаме повеќе време, или тоа да го направиме кон крајот на преговорите. Но, тоа не можеше како план да помине ниту во Бугарија, ниту генерално да биде прифатено. Затоа сме во оваа ситуација сега, оцени Маричиќ.

Според него, ЕУ да ја пропушти шансата што ја има за регионот, за оваа година.

-Потенцирам за оваа година, затоа што мислам дека нема во јавноста доволно смисла за ургентноста на задачите што ги имаме затоа што наредната година веќе во мај има избори за Европски парламент, и потоа има еден процес од неколку месеци за избор на нова Европска комисија, избор на претседател на Европскиот совет, идната година ќе биде посветена на избори. Од друга страна, слушаме дека има сериозни политички структури и во ЕК и во ЕП и кај државите членки, кои ќе инсистираат за отворање на преговорите за Украина и Молдавија во догледно време, до европските избори, рече Маричиќ.

Тоа, како што рече тој, значи дека ние немаме време за губење, тоа значи дека веќе не е ситуацијата како претходно, кога можевме да префрлиме од една во друга година.

-Оваа ситуација не е таа. Таа обврска нема да ни замине. Ние можеме да решиме и да не го правиме тоа, да чекаме избори.Имаме два паралелни процеси, едниот е процесот на скрининг, другиот на уставни измени. Ние мора да ги завршиме двата процеси, ако сакаме на крајот од оваа година да поентираме и да преминеме на наредна фаза, потенцира Маричиќ.

The post Маричиќ: Членството во ЕУ веќе не е теоретска шанса, туку реална можност и имаме шанса да ги завршиме преговорите appeared first on Република.

Шолц: Што поскоро да започнaт преговорите за членство со Тирана и Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sholc-shto-poskoro-da-zapochnat-pregovorite-za-chlenstvo-so-tirana-i-skopje/ Mon, 28 Mar 2022 15:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=479961

Преговорите за пристапување на Албанија и Македонија во Европската унија мора да започнат што е можно поскоро, бидејќи секое одложување ќе ги направи земјите од Западен Балкан ранливи на надворешни влијанија, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

„И на Германија и на Шведска им е јасно дека ЕУ мора да продолжи со институционалните реформи за да стане способна за проширување“, рече Шолц на прес-конференција по средбата со шведската премиерка, Магдалена Андерсон, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.

The post Шолц: Што поскоро да започнaт преговорите за членство со Тирана и Скопје appeared first on Република.