еу интеграција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eu-integracija/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Jun 2023 20:15:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еу интеграција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eu-integracija/ 32 32 Eвропратеникот Ковачев: Албанија може да ги почне преговорите за членство во ЕУ и без Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/evropratenikot-kovachev-albanija-mozhe-da-gi-pochne-pregovorite-za-chlenstvo-vo-eu-i-bez-makedonija/ Wed, 28 Jun 2023 20:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=656225

Во интервју за „актуелно.ком“, бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, вели дека имал можност да се сретне со претседателот на Албанија, со премиерот, со претседателот на Собранието и со координаторите на парламентарни групи со кои разговарал за, како што вели, „нашите заедници во Гора, која е во близина на границата со Косово“.

Ова се девет села на планините, од кои седум се чисто бугарски села. Околу 3000 луѓе живеат таму. Јас се сретнав и со претставници на бугарските заедници од различни делови на Македонија, од Голо Брдо, од Преспа. Нашите пријатели и колеги од Албанија рекоа дека многу добро знаат дека од 11 век, историски бугарските заедници живеат во Албанија и дека нема сомнение дека имало бугарски етнички заедници кои живеат на територијата од сегашната Република Албанија со векови“, вели Ковачев

Прашан зарем не е логичен потег да се направи оваа разлика и на Европа да ѝ се каже, Албанија да се раздели како кандидат од Македонија, Ковачев вели дека тоа е сосема јасно.

Самиот Еди Рама ми рече неколку пати дека не се во брак со Скопје и дека ако не можат да ги исполнат европските услови за преговори, а Албанија треба да биде жртва и да чека нешто за што не се ниту виновни, ниту зависи од нив, тогаш Албанија треба да започне преговори веднаш по завршувањето на процесот за испитување на законодавството. Ако дотогаш Македонија нема храброст да го смени Уставот, нема логика Албанија да чека нешто што не зависи од неа“, вели Ковачев.

The post Eвропратеникот Ковачев: Албанија може да ги почне преговорите за членство во ЕУ и без Македонија appeared first on Република.

]]>

Шолц: Македонија може да ѝ верува на Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholc-s-makedonija-moze-da-veruva-na-germanija/ Fri, 24 Jun 2022 13:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=519338

Германија ќе продолжи да ги поддржува земјите од Западен Балкан во нивните напори за влез во Европската унија (ЕУ), изјави во петокот германскиот канцелар Олаф Шолц.

– Овие шест земји: Cеверна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово можат да ѝ веруваат на Германија – изјави Шолц пред новинарите во Брисел за време на вториот ден од Самитот на европските лидери.

Тој ја поздрави одлуката за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија, велејќи дека тоа е „голем чекор“.

За можноста Русија да ја прекине испораката на гас за Европа, Шолц повика на дискусија за, како што рече, „тешката ситуација“, наведувајќи дека посебно внимание мора да се посвети на заеднички одговор на економските предизвици со кои се соочува ЕУ.

– Мора да ја развиеме нашата инфраструктура за да можеме да увезуваме гас од други земји – додаде Шолц.

The post Шолц: Македонија може да ѝ верува на Германија appeared first on Република.

]]>

Германија ќе продолжи да ги поддржува земјите од Западен Балкан во нивните напори за влез во Европската унија (ЕУ), изјави во петокот германскиот канцелар Олаф Шолц.
– Овие шест земји: Cеверна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово можат да ѝ веруваат на Германија – изјави Шолц пред новинарите во Брисел за време на вториот ден од Самитот на европските лидери.
Тој ја поздрави одлуката за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија, велејќи дека тоа е „голем чекор“. За можноста Русија да ја прекине испораката на гас за Европа, Шолц повика на дискусија за, како што рече, „тешката ситуација“, наведувајќи дека посебно внимание мора да се посвети на заеднички одговор на економските предизвици со кои се соочува ЕУ.
– Мора да ја развиеме нашата инфраструктура за да можеме да увезуваме гас од други земји – додаде Шолц.

The post Шолц: Македонија може да ѝ верува на Германија appeared first on Република.

]]>
Шолц: ЕУ мора да даде зелено светло за Македонија и Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sholc-eu-mora-da-dade-zeleno-svetlo-za-severna-makedonija-i-albanija/ Wed, 22 Jun 2022 20:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=518661

ЕУ мора да даде зелено светло за Македонија и Албанија, изјави денеска пред Бундестагот германскиот канцелар Олаф Шолц, прогнозирајќи дека утрешниот самит во Брисел со земјите од Западниот Балкан „нема да биде едноставен“, истовремено изразувајќи надеж дека „сите ќе се надминат себеси и ќе ја сфатат својата одговорност”.

Шолц, како што пренесува Дојче Веле на македонски јазик, пред Бундестагот изјави дека не е изненаден што самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел за малку ќе бил откажан поради одбивањето на лидерите на Македонија, Албанија и Србија да одат на него, посочувајќи дека по толку неостварени ветувања за овие земји, не е изненадување што се случуваат такви работи.

– За малку немаше да се одржи утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан. И искрен да бидам, тоа не треба никого да изненадува. Кога ќе разбудите очекувања, кога ќе им кажете дека патот кон ЕУ се исплаќа, кога ќе се преземат напори, и ќе се ризикуваат политички конфликти во сопствената земја, една земја- Македонија дури го смени и името за да го реши спорот со Грција, и сето тоа ништо не помага и ништо не се придвижува, тогаш е сосема разбирливa вознемиреноста која ја чувствуваат политичките раководства и граѓаните и граѓанките на овие земји, изјави Шолц.

Во обраќање до парламентот, германскиот канцелар Шолц го поздрави францускиот предлог и ја повика Бугарија да излезе од минатото и да се насочи кон иднината.

The post Шолц: ЕУ мора да даде зелено светло за Македонија и Албанија appeared first on Република.

Австрија доставила нон-пејпер за постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avstrija-dostavila-non-pejper-za-postepena-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/ Fri, 03 Jun 2022 18:14:24 +0000 https://republika.mk/?p=510808

Австрија, кон крајот на мај, до земјите членки на Европската Унија проследила таканаречен „нон пејпер“, во кој се залага за нов пристап кон државите од Западен Балкан, со што би се овозможила „постепена интеграција во ЕУ“.

Како што јави Радио Слободна Европа, којашто имала увид во овој документ, во него се наведува дека Австрија смета оти кризата што настана поради руската воена операција во Украина може да предизвика колатерална штета врз стабилноста на Западен Балкан. Како последица на тоа, Австрија смета дека со тоа конфликтот би можел да се пресели на границите на ЕУ, па и во неа.

Мораме да размислуваме преку веќе постојните инструменти за проширување и соседство да го искористиме неискористениот потенцијал. На патот кон полноправно членство, треба да создадеме можност овие земји постепено да се интегрираат - се вели во документот.

Во него се наведува дека полната примена на методологијата претставува еден аспект, но, овој инструмент не дава задоволувачки и неопходни одговори на сегашната ситуација.

Сегашните процедури за проширување во последниве години не дадоа значајни резултати. Тие пред се доведоа до фрустрација и меѓусебно оттуѓување во регионот и ЕУ. Мораме да го премостиме сегашниот ќорсокак, гледајќи на сите опции со отворен ум - се подвлекува во австрискиот документ.

Во него се додава дека Австрија предлага првиот чекор да биде партнерите од Западен Балкан да бидат повикувани редовно на неформалните состаноци на Советот на ЕУ на кои се расправа за заедничките интереси. Во продожение се наведува дека Самит на ЕУ за Западен Балкан треба да се одржува секоја година и што е можно побрзо да им се одобри статус на набљудувач за земјите од регионот и другите институции на ЕУ.

Австрија во документот предлага и на земјите од Западен Балкан да им се понуди прогресивна интеграција на заедничкиот пазар, инклузија во трговските и даночните политики, како и учество во агенциите на ЕУ и заедничката климатска и енергетска политика.

The post Австрија доставила нон-пејпер за постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Австрија, кон крајот на мај, до земјите членки на Европската Унија проследила таканаречен „нон пејпер“, во кој се залага за нов пристап кон државите од Западен Балкан, со што би се овозможила „постепена интеграција во ЕУ“. Како што јави Радио Слободна Европа, којашто имала увид во овој документ, во него се наведува дека Австрија смета оти кризата што настана поради руската воена операција во Украина може да предизвика колатерална штета врз стабилноста на Западен Балкан. Како последица на тоа, Австрија смета дека со тоа конфликтот би можел да се пресели на границите на ЕУ, па и во неа.
Мораме да размислуваме преку веќе постојните инструменти за проширување и соседство да го искористиме неискористениот потенцијал. На патот кон полноправно членство, треба да создадеме можност овие земји постепено да се интегрираат - се вели во документот.
Во него се наведува дека полната примена на методологијата претставува еден аспект, но, овој инструмент не дава задоволувачки и неопходни одговори на сегашната ситуација.
Сегашните процедури за проширување во последниве години не дадоа значајни резултати. Тие пред се доведоа до фрустрација и меѓусебно оттуѓување во регионот и ЕУ. Мораме да го премостиме сегашниот ќорсокак, гледајќи на сите опции со отворен ум - се подвлекува во австрискиот документ.
Во него се додава дека Австрија предлага првиот чекор да биде партнерите од Западен Балкан да бидат повикувани редовно на неформалните состаноци на Советот на ЕУ на кои се расправа за заедничките интереси. Во продожение се наведува дека Самит на ЕУ за Западен Балкан треба да се одржува секоја година и што е можно побрзо да им се одобри статус на набљудувач за земјите од регионот и другите институции на ЕУ. Австрија во документот предлага и на земјите од Западен Балкан да им се понуди прогресивна интеграција на заедничкиот пазар, инклузија во трговските и даночните политики, како и учество во агенциите на ЕУ и заедничката климатска и енергетска политика.