еу интеграции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eu-integracii/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Jul 2022 09:23:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еу интеграции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eu-integracii/ 32 32 Ковачевски: Нека ни е среќен почетокот, целта е до 2030 година да влеземе во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-neka-ni-e-srekjen-pochetokot-celta-e-do-2030-godina-da-vlezeme-vo-eu/ Tue, 19 Jul 2022 09:23:58 +0000 https://republika.mk/?p=530958

Денешниот ден е историски за нас. После 17 години, го правиме клучниот чекор на патот кон остварување на нашиот децениски, генерациски сон за кој огромно мнозинство граѓани, десетици наши државни лидери, политички претставници, граѓанскиот сектор, академски и научни работници, стопанственици, новинари и медиумски работници и илјадници државни службеници, долги години посветено работеа, рече во своето воведно обраќање премиерот Димитар Ковачевски на првата Меѓувладина конференција, јави известувачот на МИА од Брисел.

Со оваа Меѓувладина конференција, како што посочи премиерот, Македонија ја започнува последната етапа од својот долг пат кон полноправно членство во Европската Унија.

Тој напомена дека со оваа Меѓувладина конференција практично се операционализира одлуката на Советот на ЕУ од март 2020 година и се отвора процесот за прием на Cеверна Македонија и нејзините граѓани во големото европско семејство.

-Патот до Брисел беше долг. Cеверна Македонија формално аплицираше за полноправно членство во 2004 година и се стекна со кандидатски статус во 2005 година. Првата препорака за почеток на преговорите Европската комисија ја даде во 2009 година, а Советот на ЕУ ја потврди со едногласна одлука во март 2020 година, рече премиерот.

Според Ковачевски, Македонија цивилизациски, географски и историски припаѓа во европското семејство.

-Ние сме Европа во мало, мултиетничка и мултиконфесионална функционална демократија и активно работиме за да изградиме општество во кое има место за сите. Ние практично и секојдневно го живееме мотото на Европската Унија, ние сме обединети во различностите, и длабоко се гордееме со истите, додаде тој.

Во духот на почитувањето на различностите, потенцираше премиерот, преку Охридскиот рамковен договор и последователните уставни измени, нашата држава создаде напреден модел кој обезбедува еднаквост во остварувањето на културните, јазичните и идентитетските права на заедниците.

Премиерот потенцираше дека посветено работат на надминување на предизвиците и унапредување на односите со соседите преку имплементација на Договорот од Преспа со Грција и на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

-Европска иднина со безусловно почитување на достоинството и посебноста на македонскиот народ и неговите јазични, идентитетски, историски и културни особености. Драго ми е што за овие прашања како и за билатерални прашања кои не се директно поврзани со правото на ЕУ и со Копенхашките критериуми за членство, нема да се разговара во текот на преговорите како што недвосмислено го потврди Претседателката Фон дер Лајен во Собранието на Македонија пред сите наши пратеници и целата наша јавност, подвлече Ковачевски.

Напомена оти е горд што македонскиот јазик ќе биде јазик на кој ќе се води процесот на преговорите за пристапување, вклучувајќи го и самото склучување на Договорот за пристапување на Република Cеверна Македонија во ЕУ. Со нетрпение, посочи, го чека денот кога со полноправно членство на Cеверна Македонија во ЕУ, македонскиот јазик ќе е еден од службените јазици на ЕУ еднаков со сите останати 24 официјални јазици на Европската Унија.

-Подготвени сме во целост да го преземеме законодавството на ЕУ во својот внатрешен правен поредок и да изградиме ефикасни административни и правосудни капацитети за негова целосна примена. Ние и во моментов имаме околу 45 отсто усогласеност со законодавството на ЕУ. Пристапните преговори ќе бидат само дополнителен поттик да се продлабочи и забрза овој процес на усогласување, како и процесот интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ, додаде Ковачевски.

Воедно, како што рече, сите релевантни институции во Македонија се целосно подготвени да придонесат за ефикасно и ефективно спроведување на процесот на скрининг и да продолжат со понатамошно усогласување на нашата правна рамка со стандардите на ЕУ.

-Свесни сме дека времетраењето на преговорите ќе зависи првенствено од спроведувањето на неопходните реформи, како и од способноста на ЕУ да може да го поддржува и продлабочува својот сопствен развој, гарантирајќи го својот капацитет за интегрирање нови членови. Во оваа смисла, Cеверна Македонија преку интензивна и посветена работа, има за цел да биде потполно подготвена да ги преземе обврските од членството во ЕУ до крајот на 2030 година за да може да стане земја членка на ЕУ до почетокот на следниот буџетскиот период на ЕУ, додаде премиерот.

За времетраењето на преговорите, премиерот потенцираше дека Владата на Македонија како и досега ќе се придржува кон начелата на транспарентност и инклузивност на сите општествени чинители.

-Нека ни е среќен почетокот на пристапните преговори, заедно ќе го изодиме овој пат, и сигурен сум не така далеку од сега, заедно ќе се радуваме и на полноправното членство на Република Cеверна Македонија во Европската Унија, подвлече премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: Нека ни е среќен почетокот, целта е до 2030 година да влеземе во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Денешниот ден е историски за нас. После 17 години, го правиме клучниот чекор на патот кон остварување на нашиот децениски, генерациски сон за кој огромно мнозинство граѓани, десетици наши државни лидери, политички претставници, граѓанскиот сектор, академски и научни работници, стопанственици, новинари и медиумски работници и илјадници државни службеници, долги години посветено работеа, рече во своето воведно обраќање премиерот Димитар Ковачевски на првата Меѓувладина конференција, јави известувачот на МИА од Брисел.
Со оваа Меѓувладина конференција, како што посочи премиерот, Македонија ја започнува последната етапа од својот долг пат кон полноправно членство во Европската Унија. Тој напомена дека со оваа Меѓувладина конференција практично се операционализира одлуката на Советот на ЕУ од март 2020 година и се отвора процесот за прием на Cеверна Македонија и нејзините граѓани во големото европско семејство.
-Патот до Брисел беше долг. Cеверна Македонија формално аплицираше за полноправно членство во 2004 година и се стекна со кандидатски статус во 2005 година. Првата препорака за почеток на преговорите Европската комисија ја даде во 2009 година, а Советот на ЕУ ја потврди со едногласна одлука во март 2020 година, рече премиерот.
Според Ковачевски, Македонија цивилизациски, географски и историски припаѓа во европското семејство.
-Ние сме Европа во мало, мултиетничка и мултиконфесионална функционална демократија и активно работиме за да изградиме општество во кое има место за сите. Ние практично и секојдневно го живееме мотото на Европската Унија, ние сме обединети во различностите, и длабоко се гордееме со истите, додаде тој.
Во духот на почитувањето на различностите, потенцираше премиерот, преку Охридскиот рамковен договор и последователните уставни измени, нашата држава создаде напреден модел кој обезбедува еднаквост во остварувањето на културните, јазичните и идентитетските права на заедниците. Премиерот потенцираше дека посветено работат на надминување на предизвиците и унапредување на односите со соседите преку имплементација на Договорот од Преспа со Грција и на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.
-Европска иднина со безусловно почитување на достоинството и посебноста на македонскиот народ и неговите јазични, идентитетски, историски и културни особености. Драго ми е што за овие прашања како и за билатерални прашања кои не се директно поврзани со правото на ЕУ и со Копенхашките критериуми за членство, нема да се разговара во текот на преговорите како што недвосмислено го потврди Претседателката Фон дер Лајен во Собранието на Македонија пред сите наши пратеници и целата наша јавност, подвлече Ковачевски.
Напомена оти е горд што македонскиот јазик ќе биде јазик на кој ќе се води процесот на преговорите за пристапување, вклучувајќи го и самото склучување на Договорот за пристапување на Република Cеверна Македонија во ЕУ. Со нетрпение, посочи, го чека денот кога со полноправно членство на Cеверна Македонија во ЕУ, македонскиот јазик ќе е еден од службените јазици на ЕУ еднаков со сите останати 24 официјални јазици на Европската Унија.
-Подготвени сме во целост да го преземеме законодавството на ЕУ во својот внатрешен правен поредок и да изградиме ефикасни административни и правосудни капацитети за негова целосна примена. Ние и во моментов имаме околу 45 отсто усогласеност со законодавството на ЕУ. Пристапните преговори ќе бидат само дополнителен поттик да се продлабочи и забрза овој процес на усогласување, како и процесот интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ, додаде Ковачевски.
Воедно, како што рече, сите релевантни институции во Македонија се целосно подготвени да придонесат за ефикасно и ефективно спроведување на процесот на скрининг и да продолжат со понатамошно усогласување на нашата правна рамка со стандардите на ЕУ.
-Свесни сме дека времетраењето на преговорите ќе зависи првенствено од спроведувањето на неопходните реформи, како и од способноста на ЕУ да може да го поддржува и продлабочува својот сопствен развој, гарантирајќи го својот капацитет за интегрирање нови членови. Во оваа смисла, Cеверна Македонија преку интензивна и посветена работа, има за цел да биде потполно подготвена да ги преземе обврските од членството во ЕУ до крајот на 2030 година за да може да стане земја членка на ЕУ до почетокот на следниот буџетскиот период на ЕУ, додаде премиерот.
За времетраењето на преговорите, премиерот потенцираше дека Владата на Македонија како и досега ќе се придржува кон начелата на транспарентност и инклузивност на сите општествени чинители.
-Нека ни е среќен почетокот на пристапните преговори, заедно ќе го изодиме овој пат, и сигурен сум не така далеку од сега, заедно ќе се радуваме и на полноправното членство на Република Cеверна Македонија во Европската Унија, подвлече премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: Нека ни е среќен почетокот, целта е до 2030 година да влеземе во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Македонија ќе биде заложник на Бугарија на патот кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-makedonija-kje-bide-zaloznik-na-bugarija-na-patot-kon-eu/ Tue, 19 Jul 2022 09:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=530945

Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прва меѓувладина конференција на земјава со ЕУ.

Во соопштението оттаму уште еднаш порачуваат и дека нема да дозволат промена на Уставот и вметнување на Бугарите.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав и целосна бугаризација на државата. Власта нема 2/3 и нема да има. Преговарачката рамка мора да се смени. Од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија. Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во Македонија. Каде е тука реципроцитетот? Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија. Заради предавникот Ковачевски проблемот на Бугарија со Македонија сега е проблем на ЕУ со Македонија. Предавникот Ковачевски ја стави државата во потчинета положба, и за тоа мора да има одговорност – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ, пак ходно предпобараа лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски да се извини за сите лаги бидејќи, како што порачаа, почнуваме преговори со ЕУ со заштитен идентитет.

„Република Cеверна Македонија денеска започнува преговори за членство во ЕУ со чиста формулација за македонскиот јазик, со заштитен идентитет, култура, посебност и засебност. Со ова на Христијан Мицкоски му потонаа сите лаги, деструкции и крвави сценарија за предизвикување на дестабилизација и етнички конфликт. Сите невистини на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за асимилација, бугаризација, манипулации за македонскиот јазик, се разобличени до крај. Најмалку што може, Мицкоски да направи е да се извини за сите лаги, што хистерично ги ширеше, да им се извини на граѓаните затоа што си поигруваше со нивните чувства, ВМРО-ДПМНЕ да ѝ се извини на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, која ја нарече нацист и лажга – велат од СДСМ.

The post Македонија ќе биде заложник на Бугарија на патот кон ЕУ appeared first on Република.

Петков: Би било ужасно Албанија да продолжи, а Македонија да остане надвор од процесот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-bi-bilo-uzasno-albanija-da-prodolzi-a-makedonija-da-ostane-nadvor-od-procesot/ Sun, 10 Jul 2022 18:23:28 +0000 https://republika.mk/?p=526693

Би било ужасно Албанија да го продолжи пристапниот процес за членство во Европската унија, а Македонија да остане надвор од него, оцени бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков.

Во интервју за БТВ, Петков вели дека од Македонија зависи дали ќе напредува на европскиот пат.

-Она што во моментов се случува во Македонија е дека ним им е многу тешко да ја прифатат таа позиција во моментов, но тие според мене, ќе сфатат дека ако Македонија сака да се развува, европскиот пат е единствениот пат за земјата. Ужасно би било Албанија да продолжи на европскиот пат, а Македонија да остане., вели Кирил Петков, премиер во оставка на Бугарија

Петков повтори дека „францускиот предлог“ е исклучително добар во контекст на бугарските позиции. Ја пофали бугарската дипломатија, на која, на скалата од еден до шест, и даде оценка пет и пол.

-Треба да дадам големо признание на Министерството за надворешни работи, дури и на министерката од „Има таков народ“, г-ѓа Генчовска и на голем дел од мојот тим, дека всушност создавањето на францускиот предлог беше добро и направи бугарската позиција да стане европска позиција.

Пораките на Петков следат два дена откако неговата партија, „Продолжуваме со промените“ не успеа да обезбеди поддршка од мнозинството во Парламентот за да предложи нова коалициска влада. Неговиот прв сопратиец, Асен Василев, кој се очекуваше да биде номиниран за иден бугарски премиер, го врати мандатот, кој сега треба да и биде доделен на партијата на Борисов. Доколку не успеат последователните обиди за формирање влада, претседателот ќе го распушти парламентот и ќе распише нови избори, што би биле четврти парламентарни избори во Бугарија од април минатата година. На последните анкети, партијата на Борисов има предност од еден процент пред партијата на Петков.

The post Петков: Би било ужасно Албанија да продолжи, а Македонија да остане надвор од процесот appeared first on Република.

]]>

Би било ужасно Албанија да го продолжи пристапниот процес за членство во Европската унија, а Македонија да остане надвор од него, оцени бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков. Во интервју за БТВ, Петков вели дека од Македонија зависи дали ќе напредува на европскиот пат.
-Она што во моментов се случува во Македонија е дека ним им е многу тешко да ја прифатат таа позиција во моментов, но тие според мене, ќе сфатат дека ако Македонија сака да се развува, европскиот пат е единствениот пат за земјата. Ужасно би било Албанија да продолжи на европскиот пат, а Македонија да остане., вели Кирил Петков, премиер во оставка на Бугарија
Петков повтори дека „францускиот предлог“ е исклучително добар во контекст на бугарските позиции. Ја пофали бугарската дипломатија, на која, на скалата од еден до шест, и даде оценка пет и пол.
-Треба да дадам големо признание на Министерството за надворешни работи, дури и на министерката од „Има таков народ“, г-ѓа Генчовска и на голем дел од мојот тим, дека всушност создавањето на францускиот предлог беше добро и направи бугарската позиција да стане европска позиција.
Пораките на Петков следат два дена откако неговата партија, „Продолжуваме со промените“ не успеа да обезбеди поддршка од мнозинството во Парламентот за да предложи нова коалициска влада. Неговиот прв сопратиец, Асен Василев, кој се очекуваше да биде номиниран за иден бугарски премиер, го врати мандатот, кој сега треба да и биде доделен на партијата на Борисов. Доколку не успеат последователните обиди за формирање влада, претседателот ќе го распушти парламентот и ќе распише нови избори, што би биле четврти парламентарни избори во Бугарија од април минатата година. На последните анкети, партијата на Борисов има предност од еден процент пред партијата на Петков.

The post Петков: Би било ужасно Албанија да продолжи, а Македонија да остане надвор од процесот appeared first on Република.

]]>
Руте: Ако Скопје не го прифати францускиот предлог, Албанија сама во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rute-ako-skopje-ne-go-prifati-francuskiot-predlog-albanija-sama-vo-eu/ Tue, 05 Jul 2022 13:09:37 +0000 https://republika.mk/?p=524285

Премиерот на Холандија Марк Руте изјави дека Западен Балкан, вклучително и Албанија, напорно работи на влез во Европската унија, пренесува АТА и БТА.

На заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама за време на неговата вчерашна посета на Холандија, Руте рече дека Албанија ја има целосната поддршка од Холандија во процесот на европска интеграција.

„На самитот за Западен Балкан што се одржа во Брисел, ЕУ ја потврди својата посветеност. Што се однесува до забелешката на Еди Рама потоа, мислам дека тој беше во право – не беше успешна средба. Треба да направиме повеќе. Знаеме дека земјите од Западен Балкан, вклучително и Албанија, работат напорно за да се приклучат кон ЕУ и Албанија ја има целосната поддршка од Холандија. Проблемот овде е Македонија и благодарение на француските напори има нов момент во процесот на пристапување кој ја погодува и Албанија. така што двете земји, барем политички, се поврзани. Го поддржуваме францускиот предлог за отстранување на пречките што ги блокираат Македонија и Албанија во процесот на пристапување. Предлогот нуди решение за сите преостанати грижи“, рече Руте.

Руте рече дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Македонија во следните чекори доколку го прифати францускиот предлог.

Холандскиот премиер истакна дека одредувањето датум за првата меѓувладина средба ќе биде награда за албанската влада на Еди Рама и за реформите што ги спроведува.

„Тоа ќе биде и правична награда за целата работа што ја направи владата на Еди Рама и реформите што ги презеде, а што ги видов со свои очи при мојата посета во ноември кога бев во Тирана“, посочи тој.

Руте изрази оптимизам дека Македонија ќе го прифати францускиот предлог и нема да има потреба од поделба на двете земји на нивниот пат кон ЕУ.

Меѓутоа, ако тоа не се случи, односно ако Македонија го одбие предлогот, нагласи Руте, Албанија ќе има уште поголема поддршка од европските земји на нејзиниот независен пат кон ЕУ.

„Доколку Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија ќе има поголема поддршка од другите земји сама да продолжи на патот, но се надевам дека тоа нема да биде потребно“, нагласи Руте.

Од своја страна, Еди Рама високо ја ценеше посветеноста на Холандија и му се заблагодари на премиерот Марк Руте за промовирањето на процесот на пристапување во ЕУ на Западен Балкан.

The post Руте: Ако Скопје не го прифати францускиот предлог, Албанија сама во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Холандија Марк Руте изјави дека Западен Балкан, вклучително и Албанија, напорно работи на влез во Европската унија, пренесува АТА и БТА. На заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама за време на неговата вчерашна посета на Холандија, Руте рече дека Албанија ја има целосната поддршка од Холандија во процесот на европска интеграција.
„На самитот за Западен Балкан што се одржа во Брисел, ЕУ ја потврди својата посветеност. Што се однесува до забелешката на Еди Рама потоа, мислам дека тој беше во право – не беше успешна средба. Треба да направиме повеќе. Знаеме дека земјите од Западен Балкан, вклучително и Албанија, работат напорно за да се приклучат кон ЕУ и Албанија ја има целосната поддршка од Холандија. Проблемот овде е Македонија и благодарение на француските напори има нов момент во процесот на пристапување кој ја погодува и Албанија. така што двете земји, барем политички, се поврзани. Го поддржуваме францускиот предлог за отстранување на пречките што ги блокираат Македонија и Албанија во процесот на пристапување. Предлогот нуди решение за сите преостанати грижи“, рече Руте.
Руте рече дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Македонија во следните чекори доколку го прифати францускиот предлог. Холандскиот премиер истакна дека одредувањето датум за првата меѓувладина средба ќе биде награда за албанската влада на Еди Рама и за реформите што ги спроведува.
„Тоа ќе биде и правична награда за целата работа што ја направи владата на Еди Рама и реформите што ги презеде, а што ги видов со свои очи при мојата посета во ноември кога бев во Тирана“, посочи тој.
Руте изрази оптимизам дека Македонија ќе го прифати францускиот предлог и нема да има потреба од поделба на двете земји на нивниот пат кон ЕУ. Меѓутоа, ако тоа не се случи, односно ако Македонија го одбие предлогот, нагласи Руте, Албанија ќе има уште поголема поддршка од европските земји на нејзиниот независен пат кон ЕУ.
„Доколку Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија ќе има поголема поддршка од другите земји сама да продолжи на патот, но се надевам дека тоа нема да биде потребно“, нагласи Руте.
Од своја страна, Еди Рама високо ја ценеше посветеноста на Холандија и му се заблагодари на премиерот Марк Руте за промовирањето на процесот на пристапување во ЕУ на Западен Балкан.

The post Руте: Ако Скопје не го прифати францускиот предлог, Албанија сама во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Една од причините што Македонија не започнува преговори e големата корупција во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edna-od-prichinite-shto-makedonija-ne-zapochnuva-pregovori-e-golemata-korupcija-vo-drzavata/ Sat, 25 Jun 2022 18:55:47 +0000 https://republika.mk/?p=519716

„И според мене постојат големи главни градови кои што не се расположени Македонија да почне преговориу со ЕУ заради степенот на корупција и немањето реформи“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Николоски додаде дека да немаше корупција толкава во Македонија тогаш европските земји ќе извршија притисок врз Бугарија, но, македонската Влада гледа да се заштити за криминалот и корупцијата преку отворање на преговори.

„Стојам позади тоа дека четири и нешто години Македонија не започнува преговори само заради корупцијата заради тоа што ветувањето беше кога ќе се реши проблемот со Грција и преговори ќе започнат. И да не заборавиме првиот договор кој што го потпиша Владата на Заев беше токму со Бугарија. Не е дека Македонија нема договор со Бугарија, но факт е дека Бугарите одат надвор од тој договор и факт е дека никој не ги притиска да се вратат назад туку напротив им дозволуваат да одат надвор од тој договор, затоа што мислат дека Македонија не треба да започне преговори“, рече Николоски.

-Јас бев во Стразбур изминативе неколку денови и можам да ви кажам едно непријатно чувство во разговори со бројни пратеници таму, беа сите зачудени како е возможно да Владата во Македонија прифати таков предлог. Првата или најголемата држава во Европа зависи Германија или Франција како ги цените, нема да си дозволи да стави било што на маса доколку нема согласност од двете страни. И беше чудењето огромно како е возможно да се согласат на ваква работа, тоа е прво. А, второ тврдеа дека не го виделе за да после тоа самите да признаат дури и тоа го кажа претседателот на државата дека разговарале во однос на предлогот и дека посредството го презело француското претседателство. Значи од ситуација „ништо не знаеме“ до ситуација „разговаравме и преговаравме“. Ова е трајно рушење на македонските национални позиции и удирање во темел пред се на македонскиот народ како доминантен во Македонија, нагласи Николоски.

Николоски во текот на гостувањето се осврна и на прашањето за впишување на Бугарите во македонскиот Устав.

„Ние многу внимателно, и претседателот на партијата, и јас, и останати сме кажувале дека доколку и само ако тоа е број еден и последното барање на бугарската страна, но и број два добиеме гаранции во пишана форма и усвоени од соодветен орган во Бугарија било тоа да е Собрание или Влада во однос на македонскиот јазик, култура и народ тогаш сме спремни да разговараме за ова. Но, Бугарите не само што не се спремни да кажат дека ова е последно барање туку директно ги негираат постоењето на македонскиот јазик, македонскиот народ, а по она што го видовме во бугарското Собрание и постоењето на македонската држава, затоа што говореа дека треба да се присоедини кон Бугарија“, рече Николоски.

Тој посочи дека во такви услови човек треба да е наивен за да влезе во исполнување на бугарските барања кои што никогаш нема да завршат.

-Така што позицијата наша е многу јасна, а таа е доколку има дополнителни услови, а сега не да има дополнителни услови туку тие се и многу, многу лоши, и нема ние што воопшто да разговараме со Бугарија. Затоа што не можеме ние да разговараме со Бугарија дали постоиме или не. Ние постоиме и тука сме. А, секое седнување на маса и разговарање дали постоиме ние признаваме дека не постоиме. Доколку седнеме на маса и разговараме дали има или нема македонски јазик, ние признаваме дека македонскиот јазик е спорен. И затоа не смее за тие работи ниту да се седне, нагласи Николоски.

Николоски укажа дека не може да се негира дека во Втора Светска Војна имало окупација од страна на Бугарија во Македонија. Бугарите бараат да се ретушира македонската историја.

The post Една од причините што Македонија не започнува преговори e големата корупција во државата appeared first on Република.

]]>

„И според мене постојат големи главни градови кои што не се расположени Македонија да почне преговориу со ЕУ заради степенот на корупција и немањето реформи“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Николоски додаде дека да немаше корупција толкава во Македонија тогаш европските земји ќе извршија притисок врз Бугарија, но, македонската Влада гледа да се заштити за криминалот и корупцијата преку отворање на преговори. „Стојам позади тоа дека четири и нешто години Македонија не започнува преговори само заради корупцијата заради тоа што ветувањето беше кога ќе се реши проблемот со Грција и преговори ќе започнат. И да не заборавиме првиот договор кој што го потпиша Владата на Заев беше токму со Бугарија. Не е дека Македонија нема договор со Бугарија, но факт е дека Бугарите одат надвор од тој договор и факт е дека никој не ги притиска да се вратат назад туку напротив им дозволуваат да одат надвор од тој договор, затоа што мислат дека Македонија не треба да започне преговори“, рече Николоски.
-Јас бев во Стразбур изминативе неколку денови и можам да ви кажам едно непријатно чувство во разговори со бројни пратеници таму, беа сите зачудени како е возможно да Владата во Македонија прифати таков предлог. Првата или најголемата држава во Европа зависи Германија или Франција како ги цените, нема да си дозволи да стави било што на маса доколку нема согласност од двете страни. И беше чудењето огромно како е возможно да се согласат на ваква работа, тоа е прво. А, второ тврдеа дека не го виделе за да после тоа самите да признаат дури и тоа го кажа претседателот на државата дека разговарале во однос на предлогот и дека посредството го презело француското претседателство. Значи од ситуација „ништо не знаеме“ до ситуација „разговаравме и преговаравме“. Ова е трајно рушење на македонските национални позиции и удирање во темел пред се на македонскиот народ како доминантен во Македонија, нагласи Николоски.
Николоски во текот на гостувањето се осврна и на прашањето за впишување на Бугарите во македонскиот Устав.
„Ние многу внимателно, и претседателот на партијата, и јас, и останати сме кажувале дека доколку и само ако тоа е број еден и последното барање на бугарската страна, но и број два добиеме гаранции во пишана форма и усвоени од соодветен орган во Бугарија било тоа да е Собрание или Влада во однос на македонскиот јазик, култура и народ тогаш сме спремни да разговараме за ова. Но, Бугарите не само што не се спремни да кажат дека ова е последно барање туку директно ги негираат постоењето на македонскиот јазик, македонскиот народ, а по она што го видовме во бугарското Собрание и постоењето на македонската држава, затоа што говореа дека треба да се присоедини кон Бугарија“, рече Николоски.
Тој посочи дека во такви услови човек треба да е наивен за да влезе во исполнување на бугарските барања кои што никогаш нема да завршат.
-Така што позицијата наша е многу јасна, а таа е доколку има дополнителни услови, а сега не да има дополнителни услови туку тие се и многу, многу лоши, и нема ние што воопшто да разговараме со Бугарија. Затоа што не можеме ние да разговараме со Бугарија дали постоиме или не. Ние постоиме и тука сме. А, секое седнување на маса и разговарање дали постоиме ние признаваме дека не постоиме. Доколку седнеме на маса и разговараме дали има или нема македонски јазик, ние признаваме дека македонскиот јазик е спорен. И затоа не смее за тие работи ниту да се седне, нагласи Николоски.
Николоски укажа дека не може да се негира дека во Втора Светска Војна имало окупација од страна на Бугарија во Македонија. Бугарите бараат да се ретушира македонската историја.

The post Една од причините што Македонија не започнува преговори e големата корупција во државата appeared first on Република.

]]>
Лавров: Слично како Хитлер, ЕУ и НАТО прават коалиција за војна со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-slichno-kako-hitler-eu-i-nato-pravat-koalicija-za-vojna-so-rusija/ Fri, 24 Jun 2022 13:17:50 +0000 https://republika.mk/?p=519345

Европската унија (ЕУ) и НАТО составуваат коалиција за војна со Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи ја одлуката на Украина и на Молдавија да им се даде кандидатски статус за ЕУ.

Говорејќи на прес-конференција во Баку по средбата со неговиот азербејџански колега, Лавров рече дека ситуацијата потсетува на ситуацијата пред Втората светска војна „кога Хитлер ги обедини повеќето европски земји за војна против Советскиот Сојуз“, пишува Анадолија.

„Кога започна Втората светска војна, Хитлер ги собра повеќето европски земји под своето знаме. Сега и ЕУ и НАТО ја составуваат истата модерна коалиција за да се борат, а најмногу за војна со Руската Федерација. Сето тоа внимателно ќе го разгледаме“, рече Лавров.

Тој ја најави втората билатерална средба за демаркацијата меѓу Ерменија и Азербејџан, која ќе се одржи во Москва. Тој посочи дека двете страни ја потврдиле подготвеноста да работат на тоа прашање, сметајќи дека е многу важно за сегашната фаза од решавањето.

Лавров ја повтори подготвеноста на Русија да придонесе за потпишување мировен договор меѓу Баку и Ереван и ја поддржа идејата за соработка 3 + 3 во Јужен Кавказ, кој ги вклучува Ерменија, Азербејџан и Грузија и нивните три соседи - Русија, Турција и Иран.

Запрашан за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија за членство во ЕУ, Лавров рече дека за разлика од НАТО, ЕУ не е воена организација и затоа членството во таа структура не претставува закана за Русија. Тој посочи дека Москва ги следи чекорите на ЕУ и дека се сомнева дека „русофобната политика“ на блокот наскоро ќе заврши.

The post Лавров: Слично како Хитлер, ЕУ и НАТО прават коалиција за војна со Русија appeared first on Република.

]]>

Европската унија (ЕУ) и НАТО составуваат коалиција за војна со Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи ја одлуката на Украина и на Молдавија да им се даде кандидатски статус за ЕУ. Говорејќи на прес-конференција во Баку по средбата со неговиот азербејџански колега, Лавров рече дека ситуацијата потсетува на ситуацијата пред Втората светска војна „кога Хитлер ги обедини повеќето европски земји за војна против Советскиот Сојуз“, пишува Анадолија.
„Кога започна Втората светска војна, Хитлер ги собра повеќето европски земји под своето знаме. Сега и ЕУ и НАТО ја составуваат истата модерна коалиција за да се борат, а најмногу за војна со Руската Федерација. Сето тоа внимателно ќе го разгледаме“, рече Лавров.
Тој ја најави втората билатерална средба за демаркацијата меѓу Ерменија и Азербејџан, која ќе се одржи во Москва. Тој посочи дека двете страни ја потврдиле подготвеноста да работат на тоа прашање, сметајќи дека е многу важно за сегашната фаза од решавањето. Лавров ја повтори подготвеноста на Русија да придонесе за потпишување мировен договор меѓу Баку и Ереван и ја поддржа идејата за соработка 3 + 3 во Јужен Кавказ, кој ги вклучува Ерменија, Азербејџан и Грузија и нивните три соседи - Русија, Турција и Иран. Запрашан за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија за членство во ЕУ, Лавров рече дека за разлика од НАТО, ЕУ не е воена организација и затоа членството во таа структура не претставува закана за Русија. Тој посочи дека Москва ги следи чекорите на ЕУ и дека се сомнева дека „русофобната политика“ на блокот наскоро ќе заврши.

The post Лавров: Слично како Хитлер, ЕУ и НАТО прават коалиција за војна со Русија appeared first on Република.

]]>
Османи: Ќе станеме еден ден членка на ЕУ, но со заштитени државни и национални интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-kje-staneme-eden-den-chlenka-na-eu-no-so-zashtiteni-drzavni-i-nacionalni-interesi/ Fri, 24 Jun 2022 11:47:00 +0000 https://republika.mk/?p=519288

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција посочи дека Македонија еден ден ќе стане членка на Европската Унија, но со заштитени државни и национални интереси.

„Прашањето на успех е релативно, зависи што значи успех, дали е заштита на интересите на државата, државните позиции е успех или нешто друго. Ние не го квалификуваме ова прашање како црно-бело прашање на успех и неуспех. Ова е наша безалтернативна борба за да станеме членка на ЕУ притоа запазувајќи ги државните интереси и интересите на граѓаните. Нема да правиме компромис по ниту едното, ниту другото прашање. Ќе станеме еден ден членка на ЕУ, но со заштитени државни и национални интереси“, порача Османи.

The post Османи: Ќе станеме еден ден членка на ЕУ, но со заштитени државни и национални интереси appeared first on Република.

Маричиќ од Црна Гора: Време е за брза евроинтеграција на регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-od-crna-gora-vreme-e-za-brza-evrointegracija-na-regionot/ Mon, 30 May 2022 16:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=508861

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на годишниот Самит на Демократија во Југоисточна Европа, посветен на „Војната во Европа: Влијанието на Балканот“, во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), кој се оджува во Будва, Црна Гора.

Вицепремиерот Маричиќ се обрати на панел-дискусијата на тема: Променливата политичка и безбедносната динамика во Западен Балкан, на кој истакна дека војната во Украина е последно предупредување за Унијата за ризикот кој го презема оставајќи го овој регион неинтегриран, со верување дека политиката на проширување на ЕУ нема само минато, туку и иднина.

 -Затоа напредок во евроинтеграциите е нужен за земјите од Западен Балкан и сега не е време за анализи. Време е за брзи интервенции во евроинтеграциите и поправање на грешките од минатото, рече Маричиќ додавајќи дека и покрај воената криза во Украина, Западен Балкан мора да остане во фокусот на ЕУ, бидејќи тоа е од геостратешки интерес и на Унијата. 

Вицепремиерот ја истакна и потребата и важноста, партнерите НАТО, САД и Европската Унија да дејствуваат самоуверено, заедно и во хармонија, потенцирајќи дека вклучувањето на Западен Балкан во евроатлантската политичка и безбедносна архитектура ќе даде позитивен трансформативен ефект врз неговата стабилност и економски просперитет.

Маричиќ на маргините на Самитот оствари билатерална средба со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, со кој ги потврдија добрите пријателски односи на двете земји, за кои се согласни дека треба да бидат пример за земјите од регионот.

На состанокот фокус беше ставен на евроинтеграциите на двете земји и напредокот во реформите, како и потребата за интензивирање на регионалната соработка и можноста за приклучување на останатите земји кон Иницијативата „Отворен Балкан“,  при што Абазовиќ го потврди учеството на Самитот на Отворен Балкан кој ќе се одржи на 7-ми и 8-ми јуни, во Охрид.

Овогодишниот Самит на ИРИ  учествуваат високи владини претставници од Соединетите Американски Држави, Европа и регионот, претставници на невладиниот сектор, како и аналитичари, отворено да разговараат за клучните теми кои се однесуваат на стабилноста на регионот, со фокус на последиците од војната на Русија против Украина на Западен Балкан.

Самитот започна со кратки изјави за медиумите, а соговорници на вицепремиерот Маричиќ на панел-дискусијата беа премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, претставникот на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак, Курт Волкер, поранешен САД амбасадорот во НАТО и поранешен специјален претставник за Украина и Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата на министерот Маричиќ во целост.

Ми претставува големо лично задоволство што сум денеска тука, во Будва и Црна Гора, каде секогаш се чувствуваме како дома, и каде сме секогаш добредојдени. Денешниот настан на Меѓународниот Републикански институт (ИРИ) е еден голем настани за важни, суштински дискусии, дискусии за најгорливите прашања денеска во Европа, војната во Украина, руската агресија во Украина, но исто така и за перспективата на Западен Балкан во Европската Унија.

Руската агресија во Украина ги втурна сите наши земји во позиција каде што мора да се проговори, да се проговори за вредностите и фактите и за она што се случува таму.

Македонија е една од првите држави која се усогласи со ЕУ безбедносната политика и воведе санкции против Русија, вклучувајќи протерување на 17 руски дипломати од руската амбасада во Скопје. Тоа е несакана ситуација за сите нас, но тоа е и морален избор за нас како држава, и затоа нашата одлука да ја осудиме руската агресија и да застанеме со Украина, не беше само наша обврска, како најмлада НАТО членка и како кандидат за ЕУ, туку и наша морална обврска, почитувајќи ги вредностите.

Но, оваа ситуација исто така ја натера ЕУ да ги повика и да ги објасни ставовите кон Украина и земјите партнери. ЕУ покажа активност во земјите кои покажаа интерес за Унијата понудувајќи им рамка за соработка. Тоа значи дека европскиот проект е сè уште мир, демократија и сигурност, покрај тоа што е и проект за просперитет, економски развој и заеднички пазар. Но, ова е исто така и предупредување на Европската Унија за земјите на Западен Балкан, кои се предолго надвор, заглавени или во чекалната или предолго преговараат.

Црна Гора, нашиот домаќин, преговара веќе 10 години, Косово сè уште чека визна либерализација, Србија исто така преговара веќе 10 години, а Македонија е веќе 17 години во чекалната на Европската Унија за да ги почне преговорите како земја кандидат.

Тоа воопшто не е фер, ЕУ кон нас беше строга и правична, но дефинитивно многу повеќе строга, отколку правична. Затоа е вистинско време Европската Унија да демонстрира лидерство, како во Украина, така и на Западен Балкан. Вистинско време е да започнеме со преговорите, ние и Албанија, бидејќи тоа навистина го заслуживме.

Донесовме многу тешки одлуки во изминатите неколку години, за да ги поправиме односите со нашите соседи, да бидеме вистински пример како меѓусоседските односи можат да функционираат во Југоисточна Европа и како можат да донесат позитивна промена во нашите земји.

Ние испорачавме сè што од нас се бараше, заедно со важните и тешки реформи во нашата земја, на судството и сите останати аспекти. Ние испорачавме, но Европската Унија не испорача. Разбираме дека правилата се дека одлуките се носат со консензус, разбираме дека Бугарија има резерви, но ние сме активни и конструктивни во дијалогот со нив. Не смееме да заборавиме, дека оваа ситуација во Украина и на Западниот Балкан е предупредување за Европската Унија, и предупредување за нас дека што побргу треба да ги надминеме разликите и да се обидеме да извлечеме најмногу што може од француското претседателство за да ги започнеме преговорите за пристапување во ЕУ.

Нашата европска интеграција е нашата прва цел, но таа не е во колизија со нашите напори за регионална соработка. Регионалната соработка е особено важна за нашата земја, бидејќи овозможува нашите граѓани, нашите млади луѓе да имаат повеќе можности, полесно да се движат низ нашиот регион, да го развиваат, наместо да се селат надвор од него.

Затоа Македонија активно учествува во сите иницијативи, вклучувајќи ги Берлинскиот процес и Отворен Балкан и инсистира на оставање на отворени врати за сите земји од регионот, за да можеме да направиме прагматични чекори за да го подобриме животот на нашите граѓани, со конструктивност и намалување на важноста и пропустливоста на границите, што ќе овозможи просперитет на целиот регион.

The post Маричиќ од Црна Гора: Време е за брза евроинтеграција на регионот appeared first on Република.

Пендаровски призна: Перспективата за ЕУ во догледно време за жал е завршена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-prizna-perspektivata-za-eu-vo-dogledno-vreme-za-zal-e-zavrshena/ Mon, 30 May 2022 10:13:12 +0000 https://republika.mk/?p=508679

Според претседателот Стево Пендаровски, факт е дека „конструкцијата на бугарската политичка сцена“ во моментов е таква што отежнува да се постигне договор.

–  Перспективата за ЕУ во догледно време за жал е завршена. Шансите се се помали и помали. Не можам да кажам дека се завршени. Не можам да кажам, граѓани од утре одиме на сосема друга стратешка перспектива, бидејќи друга подобра не гледам, но мора да ги менаџираме тие очекувања кои беа нереално високи изминативе година-две, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во „Утрински брифинг“.

The post Пендаровски призна: Перспективата за ЕУ во догледно време за жал е завршена appeared first on Република.

EУ ни порача да не се надеваме на членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-ni-poracha-da-ne-se-nadevame-na-chlenstvo-vo-eu/ Sat, 21 May 2022 07:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=505080

Еден месец по состанокот на лидерите на Европската унија, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел се врати во Тирана, не со датум за првата меѓувладина конференција, туку со предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон. Македонија, Албанија и земјите од Западен Балкан да добијат статус на асоцијативна земја во Европската Унија.

„Направивте се што е можно за да ги надминете предизвиците. Од друга страна, важно е да не се чека конечната одлука. Една идеја е асоцијативните членки, т.е. грубо,приближен пристап за потребните формати што ќе ги имаме, за да се запознаеме подобро еден со друг, да ги разбереме потешкотиите и да се грижиме еден со друг. Да сме конкретни и оперативни“, вели Шарл Мишел.

„Идејата за асоцијативна членка на Европската унија, односно нова европска политичка заедница, што во однос на нашите земји значи „учество на европските тркалезни маси, во однос во процесите на подготовка на одлуки поврзани со безбедност, што се поврзува со справување со кризи кои нè засегаат заедно. И ако дојде денот да бидеме асоцијативни членки на Европската унија, тоа става крај на сите шпекулации, става крај на сите теории на заговор, става крај на целата параноја , дека ЕУ не држи далеку и дека не сака да не внесе таму. Така што мислам дека тоа е фантастична работа“, посочи Еди Рама.

Покрај предлогот на Емануел Макрон, кој ја ужива поддршката и од германскиот канцелар Олаф Шолц, во агендата на ЕУ се уште нема можност за одвојување на Албанија и Македонија. Двете земји ќе одат во пакет, откако Бугарија ќе се откаже од ветото.

„Јас сум посветен пријател за решавање на тешкотиите со кои се соочивме. За неколку недели ќе имаме финален состанок на француското претседателство за да се реши оваа ситуација. Проценката ќе ја направиме во јуни. Се надевам дека ќе успееме да го направиме ова. Се разбира, ако тоа не се случи, треба да ја преиспитаме ситуацијата. Позицијата на премиерот е разумна и оправдана“, вели Шарл Мишел.

По скарата со српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на неговата посета на Белград во четвртокот, Шарл Мишел станува првиот висок функционер на Европската унија кој целосно се согласува со иницијативата Отворен Балкан. За разлика од некои негови колеги од ЕУ кои инсистираат на вклучување и ревитализација на берлинскиот процес, претседателот на Европскиот совет ги повика Косово и Босна и Херцеговина да се приклучат.

„За Отворен Балкан, да повторам, јас лично го поддржувам, посакувам сите да се приклучат на оваа иницијатива, бидејќи можностите за зајакнување на економските и политичките структури ќе бидат поголеми. Ова ќе го олесни приближувањето на Западен Балкан со Европа. Исто така, енергетското прашање е геополитичко за куповната моќ. Ова е многу значајно. Оваа политичка платформа мора да се создаде. Чекорот за интеграција мора да се направи со собирање на сите на иста маса за да имаме заедничка колективна интелигенција“, додава Шарл Мишел.

The post EУ ни порача да не се надеваме на членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Еден месец по состанокот на лидерите на Европската унија, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел се врати во Тирана, не со датум за првата меѓувладина конференција, туку со предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон. Македонија, Албанија и земјите од Западен Балкан да добијат статус на асоцијативна земја во Европската Унија. „Направивте се што е можно за да ги надминете предизвиците. Од друга страна, важно е да не се чека конечната одлука. Една идеја е асоцијативните членки, т.е. грубо,приближен пристап за потребните формати што ќе ги имаме, за да се запознаеме подобро еден со друг, да ги разбереме потешкотиите и да се грижиме еден со друг. Да сме конкретни и оперативни“, вели Шарл Мишел.
„Идејата за асоцијативна членка на Европската унија, односно нова европска политичка заедница, што во однос на нашите земји значи „учество на европските тркалезни маси, во однос во процесите на подготовка на одлуки поврзани со безбедност, што се поврзува со справување со кризи кои нè засегаат заедно. И ако дојде денот да бидеме асоцијативни членки на Европската унија, тоа става крај на сите шпекулации, става крај на сите теории на заговор, става крај на целата параноја , дека ЕУ не држи далеку и дека не сака да не внесе таму. Така што мислам дека тоа е фантастична работа“, посочи Еди Рама.
Покрај предлогот на Емануел Макрон, кој ја ужива поддршката и од германскиот канцелар Олаф Шолц, во агендата на ЕУ се уште нема можност за одвојување на Албанија и Македонија. Двете земји ќе одат во пакет, откако Бугарија ќе се откаже од ветото.
„Јас сум посветен пријател за решавање на тешкотиите со кои се соочивме. За неколку недели ќе имаме финален состанок на француското претседателство за да се реши оваа ситуација. Проценката ќе ја направиме во јуни. Се надевам дека ќе успееме да го направиме ова. Се разбира, ако тоа не се случи, треба да ја преиспитаме ситуацијата. Позицијата на премиерот е разумна и оправдана“, вели Шарл Мишел.
По скарата со српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на неговата посета на Белград во четвртокот, Шарл Мишел станува првиот висок функционер на Европската унија кој целосно се согласува со иницијативата Отворен Балкан. За разлика од некои негови колеги од ЕУ кои инсистираат на вклучување и ревитализација на берлинскиот процес, претседателот на Европскиот совет ги повика Косово и Босна и Херцеговина да се приклучат.
„За Отворен Балкан, да повторам, јас лично го поддржувам, посакувам сите да се приклучат на оваа иницијатива, бидејќи можностите за зајакнување на економските и политичките структури ќе бидат поголеми. Ова ќе го олесни приближувањето на Западен Балкан со Европа. Исто така, енергетското прашање е геополитичко за куповната моќ. Ова е многу значајно. Оваа политичка платформа мора да се создаде. Чекорот за интеграција мора да се направи со собирање на сите на иста маса за да имаме заедничка колективна интелигенција“, додава Шарл Мишел.

The post EУ ни порача да не се надеваме на членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Мишел: Европската геополитичка заедница би го олеснила процесот на пристапување во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mishel-evropskata-geopolitichka-zaednica-bi-go-olesnila-procesot-na-pristapuvanje-vo-eu/ Thu, 19 May 2022 17:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=504534

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска во Белград изјави дека „Европската геополитичка заедница“, која тој ја предложи, ќе им помогне на земјите кои сакаат да се приклучат на Европската унија, бидејќи тоа ќе го олесни нивниот процес на приклучување.

На заедничката прес-конференција по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, Мишел рече дека новата платформа ќе даде можност за редовна размена на мислења на највисоко ниво што ќе го зголеми „взаемното политичко разбирање меѓу вклучените страни“.

– Целосно ја поддржувам идејата да се забрза процесот на пристапување и да се направи поефикасен. Опипливи придобивки треба да се почувствуваат во земјите кандидати. „Европската геополитичка заедница“ ќе ни овозможи редовно да се среќаваме на највисоко ниво, да разменуваме идеи за заеднички интереси, да се координираме, објасни Мишел.

Тој изјави дека предлогот за создавање на „Европската геополитичка заедница“ го дал бидејќи „битно е токму сега“ да постои политички формат што ќе овозможи „заедничка посветеност на конкретни предизвици“.

– Таа платформа, тој формат ќе биде посветен на заедничките предизвици, особено на странските и на геополитичките. Имаме конкретни идеи кој би го разработил, разговаравме за тоа со претседателот Вучиќ, но нашата цел е да ги слушнеме нашите партнери за да направиме новата платформа да биде ефикасна и конкретна, додаде тој.

Мишел рече дека „ова не е нова идеја од Брисел што е предложена со цел да се одложи нешто“, туку напротив, со цел да се зголеми соработката и координацијата меѓу членките на ЕУ и земјите кандидати.

Мишел вели дека неговата посета на Белград испраќа силен сигнал за блиска соработка меѓу Србија и ЕУ, додавајќи дека Научно-технолошкиот парк, кој го посети претходно денеска, е „одличен пример за тоа како ЕУ придонесува за иднината на Србија“. .

– Кога инвестираме во иновации и стартапи во Србија, ние всушност инвестираме во српскиот народ. Вашите проекти стануваат наши заеднички проекти и наша заедничка иднина, рече тој.

Мишел рече дека дошол во Белград за да ја потврди целосната посветеност на ЕУ за пристапните преговори со Србија, наведувајќи дека најавената средба на лидерите на ЕУ и шесторката од Западен Балкан во Брисел на 23 јуни треба да го прошири дијалогот и да ја продлабочи соработката меѓу двете страни.

Вчера тој повика на создавање „европска геополитичка заедница“ со цел продлабочување на оперативната соработка во справувањето со заедничките предизвици во Европа. Тој изјави и дека процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан треба да биде поефикасен и подинамичен и дека „решението може да лежи во прогресивна и постепена интеграција, веќе за време на пристапниот процес“.

The post Мишел: Европската геополитичка заедница би го олеснила процесот на пристапување во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска во Белград изјави дека „Европската геополитичка заедница“, која тој ја предложи, ќе им помогне на земјите кои сакаат да се приклучат на Европската унија, бидејќи тоа ќе го олесни нивниот процес на приклучување. На заедничката прес-конференција по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, Мишел рече дека новата платформа ќе даде можност за редовна размена на мислења на највисоко ниво што ќе го зголеми „взаемното политичко разбирање меѓу вклучените страни“.
– Целосно ја поддржувам идејата да се забрза процесот на пристапување и да се направи поефикасен. Опипливи придобивки треба да се почувствуваат во земјите кандидати. „Европската геополитичка заедница“ ќе ни овозможи редовно да се среќаваме на највисоко ниво, да разменуваме идеи за заеднички интереси, да се координираме, објасни Мишел.
Тој изјави дека предлогот за создавање на „Европската геополитичка заедница“ го дал бидејќи „битно е токму сега“ да постои политички формат што ќе овозможи „заедничка посветеност на конкретни предизвици“.
– Таа платформа, тој формат ќе биде посветен на заедничките предизвици, особено на странските и на геополитичките. Имаме конкретни идеи кој би го разработил, разговаравме за тоа со претседателот Вучиќ, но нашата цел е да ги слушнеме нашите партнери за да направиме новата платформа да биде ефикасна и конкретна, додаде тој.
Мишел рече дека „ова не е нова идеја од Брисел што е предложена со цел да се одложи нешто“, туку напротив, со цел да се зголеми соработката и координацијата меѓу членките на ЕУ и земјите кандидати. Мишел вели дека неговата посета на Белград испраќа силен сигнал за блиска соработка меѓу Србија и ЕУ, додавајќи дека Научно-технолошкиот парк, кој го посети претходно денеска, е „одличен пример за тоа како ЕУ придонесува за иднината на Србија“. .
– Кога инвестираме во иновации и стартапи во Србија, ние всушност инвестираме во српскиот народ. Вашите проекти стануваат наши заеднички проекти и наша заедничка иднина, рече тој.
Мишел рече дека дошол во Белград за да ја потврди целосната посветеност на ЕУ за пристапните преговори со Србија, наведувајќи дека најавената средба на лидерите на ЕУ и шесторката од Западен Балкан во Брисел на 23 јуни треба да го прошири дијалогот и да ја продлабочи соработката меѓу двете страни. Вчера тој повика на создавање „европска геополитичка заедница“ со цел продлабочување на оперативната соработка во справувањето со заедничките предизвици во Европа. Тој изјави и дека процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан треба да биде поефикасен и подинамичен и дека „решението може да лежи во прогресивна и постепена интеграција, веќе за време на пристапниот процес“.

The post Мишел: Европската геополитичка заедница би го олеснила процесот на пристапување во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Макрон: Европската политичка заедница е надополнување на процесот на пристапување во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-evropskata-politichka-zaednica-e-nadopolnuvanje-na-procesot-na-pristapuvanje-vo-eu/ Thu, 19 May 2022 17:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=504523

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европската политичка заедница што ја предложи на почетокот на мај претставува надополнување, а не алтернатива на процесот на пристапување во ЕУ, јави дописникот на МИА.

Говорејќи пред Елисејската палата при пречекот на претседателката на Молдавија, Маја Санду, францускиот претседател потсети дека овој нов формат има за цел „да создаде нова рамка за структурирање на соработката, здружувајќи ги демократските европски нации кои се придржуваат до нашата база на вредности и кои се стремат кон или да не влезе во Европската унија“.

–Оваа заедница не е алтернатива на пристапниот процес, туку надополнување кое, независно од него, овозможува посилно структурирање на политичкиот, енергетскиот и инвестицискиот однос со неколку земји кои тоа го посакуваат, рече тој.

Макрон го претстави овој проект на 9 мај пред Европскиот парламент во Стразбур во екот на дебатата за започнување на процесот на пристапување на Украина, во војна против Русија. Тој објасни дека ќе бидат потребни децении за Украина да се приклучи на ЕУ и предложи во меѓувреме таа да биде дел од „Европската политичка заедница“ која може да ја вклучи и Велика Британија, која ја напушти ЕУ во 2020 година или Молдавија.

Овој проект, за кој мора да се дискутира на европскиот самит на крајот на јуни, беше критикуван од некои лидери, како што е литванскиот претседател Гитанас Науседа, според кого тој го одразува недостатокот на волја за брзо интегрирање на Украина во ЕУ.

The post Макрон: Европската политичка заедница е надополнување на процесот на пристапување во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европската политичка заедница што ја предложи на почетокот на мај претставува надополнување, а не алтернатива на процесот на пристапување во ЕУ, јави дописникот на МИА. Говорејќи пред Елисејската палата при пречекот на претседателката на Молдавија, Маја Санду, францускиот претседател потсети дека овој нов формат има за цел „да создаде нова рамка за структурирање на соработката, здружувајќи ги демократските европски нации кои се придржуваат до нашата база на вредности и кои се стремат кон или да не влезе во Европската унија“.
–Оваа заедница не е алтернатива на пристапниот процес, туку надополнување кое, независно од него, овозможува посилно структурирање на политичкиот, енергетскиот и инвестицискиот однос со неколку земји кои тоа го посакуваат, рече тој.
Макрон го претстави овој проект на 9 мај пред Европскиот парламент во Стразбур во екот на дебатата за започнување на процесот на пристапување на Украина, во војна против Русија. Тој објасни дека ќе бидат потребни децении за Украина да се приклучи на ЕУ и предложи во меѓувреме таа да биде дел од „Европската политичка заедница“ која може да ја вклучи и Велика Британија, која ја напушти ЕУ во 2020 година или Молдавија. Овој проект, за кој мора да се дискутира на европскиот самит на крајот на јуни, беше критикуван од некои лидери, како што е литванскиот претседател Гитанас Науседа, според кого тој го одразува недостатокот на волја за брзо интегрирање на Украина во ЕУ.

The post Макрон: Европската политичка заедница е надополнување на процесот на пристапување во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Бугарија не може да каже „да“ за Македонија се додека нема гаранции во конкретен документ, смета Илијана Јотова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-ne-moze-da-kaze-da-za-makedonija-se-dodeka-nema-garancii-vo-konkreten-dokument-smeta-ilijana-jotova/ Sun, 15 May 2022 18:39:48 +0000 https://republika.mk/?p=502630

Бугарија не може да каже „да“ за членство на Република Македонија во ЕУ, додека нашата земја нема доволно гаранции утврдени во конкретен и значаен документ на европско ниво за да бидат земени предвид во секој чекор од преговорите, рече потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

Таа ја коментираше темата за Македонија пред новинарите во Бугарската академија на науките, каде што учествуваше на меѓународна годишнина конференција на Институтот за бугарски јазик Според неа, за жал, антибугарските позиции во земјава стануваат се посилни, вклучително и на највисоко ниво, и нема желба за дијалог.

The post Бугарија не може да каже „да“ за Македонија се додека нема гаранции во конкретен документ, смета Илијана Јотова appeared first on Република.

Драги: Веднаш преговори за влез во ЕУ со Албанија и Македонија, забрзување со Србија и Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dragi-vednash-pregovori-za-vlez-vo-eu-so-albanija-i-s-makedonija-zabrzuvanje-so-srbija-i-crna-gora/ Tue, 03 May 2022 16:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=497020

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска повика на „итен“ почеток на официјалните пристапни преговори на Македонија и Албанија со ЕУ и побара „забрзување“ на преговорите со Србија и Црна Гора, пренесе Бета.

Во време кога ЕУ го зајакна единството и ја поддржа Украина во борбата против руската офанзива, „целосната интеграција на земјите кои покажуваат европски аспирации не претставува закана за европскиот проект, тоа е дел од неговата реализација“, рече Драги во говор во Европскиот парламент во Стразбур.

Тој рече дека Италија поддржува „итно отворање на преговорите за членство во ЕУ со Албанија и Македонија во согласност со одлуката донесена од Европскиот совет во март 2020 година“.

– Сакаме да им дадеме нов поттик на преговорите со Србија и Црна Гора и да покажеме поголемо внимание на легитимните аспирации на Босна и Херцеговина и Косово, рече уште Драги.

Италијанскиот премиер истакна дека го поддржува влезот на сите тие земји во ЕУ и сака прием и на Украина.

– Треба да го следиме процесот на пристапување што го воспоставивме, но и во тоа треба да дејствуваме што е можно поскоро, рече Драги.

The post Драги: Веднаш преговори за влез во ЕУ со Албанија и Македонија, забрзување со Србија и Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска повика на „итен“ почеток на официјалните пристапни преговори на Македонија и Албанија со ЕУ и побара „забрзување“ на преговорите со Србија и Црна Гора, пренесе Бета. Во време кога ЕУ го зајакна единството и ја поддржа Украина во борбата против руската офанзива, „целосната интеграција на земјите кои покажуваат европски аспирации не претставува закана за европскиот проект, тоа е дел од неговата реализација“, рече Драги во говор во Европскиот парламент во Стразбур. Тој рече дека Италија поддржува „итно отворање на преговорите за членство во ЕУ со Албанија и Македонија во согласност со одлуката донесена од Европскиот совет во март 2020 година“.
– Сакаме да им дадеме нов поттик на преговорите со Србија и Црна Гора и да покажеме поголемо внимание на легитимните аспирации на Босна и Херцеговина и Косово, рече уште Драги.
Италијанскиот премиер истакна дека го поддржува влезот на сите тие земји во ЕУ и сака прием и на Украина.
– Треба да го следиме процесот на пристапување што го воспоставивме, но и во тоа треба да дејствуваме што е можно поскоро, рече Драги.

The post Драги: Веднаш преговори за влез во ЕУ со Албанија и Македонија, забрзување со Србија и Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Донфрид: Се интензивира поддршката за евроинтеграциите, Македонија е важен трансатлантски партнер на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-donfrid-se-intenzivira-poddrshkata-za-evrointegraciite-severna-makedonija-e-vazen-transatlantski-partner-na-sad/ Thu, 28 Apr 2022 12:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=494785

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретна со Карен Донфрид помошник државна секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, како и со Габриел Ескобар заменик помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан и со американска делегација, придружувана од амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз, информираат од владината прес служба.

На состанокот е заеднички истакнато значењето на стратешкото партнерство на Македонија со САД.

Помошник државната секретарка на САД Донфрид, пренесе порака дека Македонија е важен трансатлантски партнер на САД. Изразена е силна и недвосмислена поддршка од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за развојот и европските интеграции на Македонија и за итно и неодложно отпочнување на преговорите со ЕУ, како прашање од стратешка важност за стабилноста на целиот Западен Балкан.

Истакнато е дека нашата држава, како членка на НАТО и земја кандидатка за ЕУ, функционира според принципите на демократските и европските вредности и дека во предизвиците што ги донесе војната во Украина, се постави брзо и целосно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ.

Со ефективните политики за поддршка на народот во Украина и во согласност со надворешната политика на НАТО и на ЕУ, Македонија како што е оценето, даде уште еден силен аргумент дека припаѓа во НАТО и во Европската Унија.

Заеднички е констатирано дека ова треба да биде препознаено и вреднувано од ЕУ, со отворање на преговорите за Македонија и Албанија, бидејќи проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан, од геополитичка гледна точка е безбедносно прашање и е од суштинско значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион и на самата Европска Унија.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за традиционалното, искрено и континуирано пријателство на САД од независноста на нашата држава до денес и го оцени како исклучително важно во сите процеси на развојот на нашата држава, вклучувајќи го и остварувањето на двете државни стратешки цели, НАТО и ЕУ.

Владата е фокусирана на животниот стандард на граѓаните и на надминување на последиците од светската енергетска, економска и воена криза и ќе продолжиме да се заложуваме за решенија на сите отворени прашања исклучиво со почитување на европските вредности и на основа на меѓусебна почит и достоинствен пристап во разговорите, рече премиерот Ковачевски.

На состанокот е разговарано за повеќе актуелни прашања, како што е значењето на иницијативата Отворен Балкан што ја унапредува регионалната соработка.

The post Ковачевски – Донфрид: Се интензивира поддршката за евроинтеграциите, Македонија е важен трансатлантски партнер на САД appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретна со Карен Донфрид помошник државна секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, како и со Габриел Ескобар заменик помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан и со американска делегација, придружувана од амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз, информираат од владината прес служба. На состанокот е заеднички истакнато значењето на стратешкото партнерство на Македонија со САД. Помошник државната секретарка на САД Донфрид, пренесе порака дека Македонија е важен трансатлантски партнер на САД. Изразена е силна и недвосмислена поддршка од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за развојот и европските интеграции на Македонија и за итно и неодложно отпочнување на преговорите со ЕУ, како прашање од стратешка важност за стабилноста на целиот Западен Балкан. Истакнато е дека нашата држава, како членка на НАТО и земја кандидатка за ЕУ, функционира според принципите на демократските и европските вредности и дека во предизвиците што ги донесе војната во Украина, се постави брзо и целосно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ. Со ефективните политики за поддршка на народот во Украина и во согласност со надворешната политика на НАТО и на ЕУ, Македонија како што е оценето, даде уште еден силен аргумент дека припаѓа во НАТО и во Европската Унија. Заеднички е констатирано дека ова треба да биде препознаено и вреднувано од ЕУ, со отворање на преговорите за Македонија и Албанија, бидејќи проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан, од геополитичка гледна точка е безбедносно прашање и е од суштинско значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион и на самата Европска Унија. Премиерот Ковачевски се заблагодари за традиционалното, искрено и континуирано пријателство на САД од независноста на нашата држава до денес и го оцени како исклучително важно во сите процеси на развојот на нашата држава, вклучувајќи го и остварувањето на двете државни стратешки цели, НАТО и ЕУ.
Владата е фокусирана на животниот стандард на граѓаните и на надминување на последиците од светската енергетска, економска и воена криза и ќе продолжиме да се заложуваме за решенија на сите отворени прашања исклучиво со почитување на европските вредности и на основа на меѓусебна почит и достоинствен пристап во разговорите, рече премиерот Ковачевски.
На состанокот е разговарано за повеќе актуелни прашања, како што е значењето на иницијативата Отворен Балкан што ја унапредува регионалната соработка.

The post Ковачевски – Донфрид: Се интензивира поддршката за евроинтеграциите, Македонија е важен трансатлантски партнер на САД appeared first on Република.

]]>
Груби со порака до ЕУ: Лозинката за интеграцијата на Македонија и Албанија е Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-so-poraka-do-eu-lozinkata-za-integracijata-na-makedonija-i-albanija-e-ukraina/ Sat, 09 Apr 2022 09:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=485723

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во Тирана присуствува на конгресот на Социјалистичката Партија, каде е и панелист во делот на кој се разговараше на темата „Регионот, Европа, Безбедноста“.

Обединетиот глас на Албанците од Западен Балкан треба да биде столбот на евро-американскиот дух на нашиот регион, со конститутивен и суштински пристап во обликувањето на стратешките приоритети на нашите земји за регионот и за претставувањето на регионот во политиките на целосната интеграција, рече меѓу другите Груби во својот говор.

Понатаму додаде:

Во секој проект на регионална соработка, еден од нас е најмалку трет, а во некои случаеви дури и четврт, и следствено, ниту една одлука за целиот регион и шесте од Западен Балкан не може да се донесе без наша согласност и затоа не треба да се двоумиме од иницијативите за дијалог и соработка.

Јасно е дека секоја наша земја има свои карактеристики, но во овој контекст би подвлекол дека институционалната и националната координација или постојаните консултации како денешните се повеќе од неопходни, пред да ги поставиме нашите позиции пред институциите на ЕУ или другите регионални и меѓународни субјекти.

Сепак, за нас Европската интеграција е единствената алтернатива.

Европската Унија нема друга алтернатива освен итно интегрирање на регионот.

The post Груби со порака до ЕУ: Лозинката за интеграцијата на Македонија и Албанија е Украина appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во Тирана присуствува на конгресот на Социјалистичката Партија, каде е и панелист во делот на кој се разговараше на темата „Регионот, Европа, Безбедноста“.
Обединетиот глас на Албанците од Западен Балкан треба да биде столбот на евро-американскиот дух на нашиот регион, со конститутивен и суштински пристап во обликувањето на стратешките приоритети на нашите земји за регионот и за претставувањето на регионот во политиките на целосната интеграција, рече меѓу другите Груби во својот говор.
Понатаму додаде:
Во секој проект на регионална соработка, еден од нас е најмалку трет, а во некои случаеви дури и четврт, и следствено, ниту една одлука за целиот регион и шесте од Западен Балкан не може да се донесе без наша согласност и затоа не треба да се двоумиме од иницијативите за дијалог и соработка. Јасно е дека секоја наша земја има свои карактеристики, но во овој контекст би подвлекол дека институционалната и националната координација или постојаните консултации како денешните се повеќе од неопходни, пред да ги поставиме нашите позиции пред институциите на ЕУ или другите регионални и меѓународни субјекти. Сепак, за нас Европската интеграција е единствената алтернатива. Европската Унија нема друга алтернатива освен итно интегрирање на регионот.