ЕУ хаус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eu-haus/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Apr 2024 08:36:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕУ хаус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eu-haus/ 32 32 Два филмa од домашна продукција под ведро небо на техничкиот кампус на УКИМ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dva-filma-od-domashna-produktsija-pod-vedro-nebo-na-tehnichkiot-kampus-na-ukim/ Tue, 23 Apr 2024 08:36:17 +0000 https://republika.mk/?p=769563

Два филмa од домашна продукција под ведро небо на техничкиот кампус на УКИМ (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ)

Сакаме да го пресликаме духот на летното кино дури и само за една ноќ. Дебитантските дела на младите режисери се остварувања во кои се вложени огромен труд, посветеност и љубов. Наративните се искрени, со голем актерски влог и со умешни нијанси на продукциски решенија кои носат свежи перспективи на домашната кинематографија.

25.4 (четврток)

20:00ч

Машински факултет-Скопје

The post Два филмa од домашна продукција под ведро небо на техничкиот кампус на УКИМ appeared first on Република.

]]>

Предавање на француско-романскиот автор Матеј Вишниек во Јуроп хаус https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/predavane-na-frantsusko-romanskiot-avtor-matej-vishniek-vo-jurop-haus/ Wed, 20 Mar 2024 08:07:08 +0000 https://republika.mk/?p=756540

Во среда, 20 март 2024 година, во 18 часот, во Јуроп хаус  ќе се одржи онлајн-предавањето на француско-романскиот автор Матеј Вишниек.

Матеј Вишниек е писател (драматург, новинар, поет и романописец) кој твори на француски јазик. Како и кај други уметници и интелектуалци кои се родени во Романија, но твореле во културата на дијаспората (како Константин Бранкуши, Емил Чоран, Мирча Елијаде, Ежен Јонеско, Норман Манеа, Херта Милер), уметничкото творештво и животот на Матеј Вишниек можат да се поделат на: a) годините на академското и културното оформување во Романија, родната земја со нејзините жители кои останаа негов главен извор на инспирација, независно од книжевниот жанр што го обработува, и б) зрелоста и меѓународниот успех стекнати во француската култура во која живее и го објавува најголемиот дел од своето дело.

Двата значајни аспекти од годините на неговото творење и оформување во романската културна средина се следниве: студира историја и филозофија на Универзитетот во Букурешт и е основач на Понеделничкиот кружок, координиран од професорот Николае Манолеску. Неговите пиеси објавени од 1987 до 1997 година, иако цензурирани, тајно си го наоѓаат патот до читателите заинтересирани за неговиот израз и стил. На 31-годишна возраст, кога пристигнува во Париз, Матеј Вишниек ѝ остава на романската култура веќе значајно дело: еден роман, бројни пиеси и неколку збирки поезија. Во 1987 година емигрира во Франција, во 1993 година станува француски државјанин, но продолжува да објавува паралелно на француски и на романски јазик. Живее во Париз и работи како новинар во Радио Франс Ентернасјонал. Во Франција, земјата во чија култура ќе се истакне, тој дебитира со збирката поезија „Мудрецот во времето за пиење чај“ која ја добива наградата за најдобра поетска книга во 1984 година. По декемвриската револуција од 1989 година, Матеј Вишниек станува најиграниот романски драмски писател кој твори на француски јазик во неговата родна земја, но и во уште триесет други земји.

Разликата меѓу реалноста и начинот на нејзиното претставување, меѓу зборовите и делата, светот како циркус и спектакл остануваат фундаментални теми на неговите пиеси кои одржуваат совршена рамнотежа меѓу апсурдот и комичното. Матеј Вишниек ги сака надреализмот, дадаизмот, театарот на апсурдот, комичното и гротескното, фантастичната книжевност, магичниот реализам на латиноамериканскиот роман, англосаксонскиот реалистичен театар, но го мрази социјалистичкиот реализам.

The post Предавање на француско-романскиот автор Матеј Вишниек во Јуроп хаус appeared first on Република.

]]>

Во среда, 20 март 2024 година, во 18 часот, во Јуроп хаус  ќе се одржи онлајн-предавањето на француско-романскиот автор Матеј Вишниек. Матеј Вишниек е писател (драматург, новинар, поет и романописец) кој твори на француски јазик. Како и кај други уметници и интелектуалци кои се родени во Романија, но твореле во културата на дијаспората (како Константин Бранкуши, Емил Чоран, Мирча Елијаде, Ежен Јонеско, Норман Манеа, Херта Милер), уметничкото творештво и животот на Матеј Вишниек можат да се поделат на: a) годините на академското и културното оформување во Романија, родната земја со нејзините жители кои останаа негов главен извор на инспирација, независно од книжевниот жанр што го обработува, и б) зрелоста и меѓународниот успех стекнати во француската култура во која живее и го објавува најголемиот дел од своето дело. Двата значајни аспекти од годините на неговото творење и оформување во романската културна средина се следниве: студира историја и филозофија на Универзитетот во Букурешт и е основач на Понеделничкиот кружок, координиран од професорот Николае Манолеску. Неговите пиеси објавени од 1987 до 1997 година, иако цензурирани, тајно си го наоѓаат патот до читателите заинтересирани за неговиот израз и стил. На 31-годишна возраст, кога пристигнува во Париз, Матеј Вишниек ѝ остава на романската култура веќе значајно дело: еден роман, бројни пиеси и неколку збирки поезија. Во 1987 година емигрира во Франција, во 1993 година станува француски државјанин, но продолжува да објавува паралелно на француски и на романски јазик. Живее во Париз и работи како новинар во Радио Франс Ентернасјонал. Во Франција, земјата во чија култура ќе се истакне, тој дебитира со збирката поезија „Мудрецот во времето за пиење чај“ која ја добива наградата за најдобра поетска книга во 1984 година. По декемвриската револуција од 1989 година, Матеј Вишниек станува најиграниот романски драмски писател кој твори на француски јазик во неговата родна земја, но и во уште триесет други земји. Разликата меѓу реалноста и начинот на нејзиното претставување, меѓу зборовите и делата, светот како циркус и спектакл остануваат фундаментални теми на неговите пиеси кои одржуваат совршена рамнотежа меѓу апсурдот и комичното. Матеј Вишниек ги сака надреализмот, дадаизмот, театарот на апсурдот, комичното и гротескното, фантастичната книжевност, магичниот реализам на латиноамериканскиот роман, англосаксонскиот реалистичен театар, но го мрази социјалистичкиот реализам.

The post Предавање на француско-романскиот автор Матеј Вишниек во Јуроп хаус appeared first on Република.

]]>
Книжевен клуб за деца со Ана Голејшка Џикова во Europe House – Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizheven-klub-za-detsa-so-ana-golejshka-dhikova-vo-europe-house-skopje/ Wed, 28 Feb 2024 09:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=749162

Денес, со почеток во 18:30 часот, во Europe House во Скопје, ќе се може да присуствувате на книжевно и игриво дружење со Ана Голејшка Џикова, овојпат на една убава, женска тема која ќе го разбуди детското љубопитство и желба за раскажување.

Жената има улога на многу места, но најважна во срцето е кога е нечија мајка, баба, тетка, другарка, професорка, поштарка, готвачка… Секаде е важна! Да ја раскажеме приказната на секоја жена и да го одбележиме претстојниот празник во име на сите силни женски улоги што го прават овој свет поубав и подобар!

Работилница е наменета за деца на возраст од 6 до 12 години.

Задолжително пријавете присуство на следниот линк: https://forms.gle/BR1DkYUvsaHuk3qd8

The post Книжевен клуб за деца со Ана Голејшка Џикова во Europe House – Скопје appeared first on Република.

]]>

Денес, со почеток во 18:30 часот, во Europe House во Скопје, ќе се може да присуствувате на книжевно и игриво дружење со Ана Голејшка Џикова, овојпат на една убава, женска тема која ќе го разбуди детското љубопитство и желба за раскажување.
Жената има улога на многу места, но најважна во срцето е кога е нечија мајка, баба, тетка, другарка, професорка, поштарка, готвачка… Секаде е важна! Да ја раскажеме приказната на секоја жена и да го одбележиме претстојниот празник во име на сите силни женски улоги што го прават овој свет поубав и подобар!   Работилница е наменета за деца на возраст од 6 до 12 години. Задолжително пријавете присуство на следниот линк: https://forms.gle/BR1DkYUvsaHuk3qd8

The post Книжевен клуб за деца со Ана Голејшка Џикова во Europe House – Скопје appeared first on Република.

]]>
„Дома пред темница” е биографска епизода на уметницата Софија Чотирбок https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/doma-pred-temnitsa-e-biografska-epizoda-na-umetnitsata-sofija-chotirbok/ Sat, 24 Feb 2024 14:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=747848

На 24 февруари, се чувствував како да не можам да дишам. Како моето најдрагоцено нешто да беше оттргнато од мене... Ништо и никој не може да ми ја одземе величенственоста на слободата и вистината на мојата земја, рече меѓудругото синоќа италијанско-украинската визуелна уметница Софија Чотирбок (1991) чија изложба "Дома пред темница" беше отворена во Мала станица.

Поставката произлегува од биографска епизода на уметницата поврзана со барањето за италијанско државјанство што би значело откажување од нејзиното родно државјанство, украинското. Нејзиното истражување, генерално се фокусира на темата на идентитетот во постсоветското општество и архивата како интимна и домашна меморија, преобразена во универзална човечка материја преку фотографија, видео и ткаенина.

Изложбата е отворена по повод 2-годишнината од руската инвазија врз Украина и ќе остане поставена за јавноста до 1 март 2024 година.

The post „Дома пред темница” е биографска епизода на уметницата Софија Чотирбок appeared first on Република.

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок од вечерва во Мала станица https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-na-ukrainska-vizuelna-umetnitsa-sofija-chotirbok-vo-mala-stanitsa/ Fri, 23 Feb 2024 11:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=746867

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како „Дома пред да се стемни” на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок. Чотирбок е дипломирана украинска визуелна уметница која живее во Милано, а фотографиите од изложбата произлегуваат од биографската епизода на уметницата поврзана со барањето за италијанско државјанство што би значело откажување од нејзиното родно државјанство, украинското.

Нејзиното истражување, генерално се фокусира на темата на идентитетот во постсоветското општество и архивата како интимна и домашна меморија, преобразена во универзална човечка материја преку фотографија, видео и ткаенина. Нејзините дела се изложувани во склоп на големи меѓународни фестивали и музеи вклучувајќи ги Триенале во Милано, Париз Фото ОФФ, Денови на фотографија во Одеса, Мана / музеј на Современа уметност и фотографија (Чикаго).

Во 2023 година Софија Чотирбок беше финалист за наградата Луиџи Гири, млад Италијанец во Фотографија, за време на фестивалот Fotografia Europea во Реџо Емилија (Италија).

The post Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок од вечерва во Мала станица appeared first on Република.

]]>

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како „Дома пред да се стемни” на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок. Чотирбок е дипломирана украинска визуелна уметница која живее во Милано, а фотографиите од изложбата произлегуваат од биографската епизода на уметницата поврзана со барањето за италијанско државјанство што би значело откажување од нејзиното родно државјанство, украинското. Нејзиното истражување, генерално се фокусира на темата на идентитетот во постсоветското општество и архивата како интимна и домашна меморија, преобразена во универзална човечка материја преку фотографија, видео и ткаенина. Нејзините дела се изложувани во склоп на големи меѓународни фестивали и музеи вклучувајќи ги Триенале во Милано, Париз Фото ОФФ, Денови на фотографија во Одеса, Мана / музеј на Современа уметност и фотографија (Чикаго). Во 2023 година Софија Чотирбок беше финалист за наградата Луиџи Гири, млад Италијанец во Фотографија, за време на фестивалот Fotografia Europea во Реџо Емилија (Италија).

The post Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок од вечерва во Мала станица appeared first on Република.

]]>
Прослава на Денот на Европа со пикник, спортски активности и музички настапи во паркот „Гази Баба“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/proslava-na-denot-na-evropa-so-piknik-sportski-aktivnosti-i-muzichki-nastapi-vo-parkot-gazi-baba/ Fri, 12 May 2023 07:23:16 +0000 https://republika.mk/?p=639964

Придружете ни се заедно да го прославиме Денот на Европа во паркот „Гази Баба“ на 13 мај, од 12 до 17 часот, велат од ЕУ хаус Скопје.

Програмата ќе изобилува со квалитетни музички изведувачи, спортски активности за да ги одржиме здравите навики, едукативни прошетки и изложба на ендемични видови, разни вкусни задоволства и интерактивно детско катче за најмладите.

Избегни го градскиот метеж и пристигни во стил - пеш или со велосипед.

The post Прослава на Денот на Европа со пикник, спортски активности и музички настапи во паркот „Гази Баба“ appeared first on Република.

Гир: Македонската книжевност има многу да и понуди на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gir-makedonskata-knizhevnost-ima-mnogu-da-i-ponudi-na-eu/ Wed, 22 Feb 2023 12:47:10 +0000 https://republika.mk/?p=611934

Заштитата и промоцијата на мајчиниот јазик преку литературата беше темата на втората дебата од серијалот „#Culture Talks“, што ја организираше денеска „Европската куќа“ во Скопје (Europe House). На дебатата, која се одржа по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, беше истакнато виталното значење на овој ден за промоција и заштита на сите јазици, но, истовремено и за подигнување на свеста за лингвистичката и културна разноликост.

Панелисти на дебатата беа: амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ; министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска; проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и директор на Семинарот за македонски јазик, литература и култура; Петар Андоновски, писател и лауреат на Европската награда за литература; и Дејан Василевски, лектор по македонски јазик.

Како голем чекор во заштитата на мајчиниот јазик беше посочен проектот за дигитализација на досиејата на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во контекст на овие активности, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска напомена дека за да ја заштитиме литературата, претходно мора да работиме, да го негуваме мајчиниот македонски јазик, да го сочуваме секој дијалект, секоја буква.

Костадиновска-Стојчевска го изрази своето задоволство што македонскиот јазик е признаен како официјален во Европската Унија и ги напомена активностите кои се преземаат во насока на негова заштита и промоција.

Tаа нагласи дека годинава во културата се прославуваат неколку значајни јубилеи, и во тој контекст поддржани се неколку проекти на Институтот за македонски јазик преку кои достојно ќе биде одбележан нивниот седум децениски јубилеј, како и одбележувањето на 120 години од објавувањето на книгата на Мисирков „За македонцките работи“.

Министерката за култура се осврна и на поддршката на манифестациите кои имаат огромно значење за промоцијата на нашиот јазик, како што се Струшките вечери на поезијата и Семинарот за македонски јазик, литература и култура. Таа потсети дека годинава поддршка добиле 500-тини наслови на близу 40 манифестации во издавачката дејност.

Амбасадорот Дејвид Гир истакна дека со задоволство се приклучува, како што рече, на оваа прослава на мајчиниот јазик. Тој додаде дека за него англискиот јазик е мајчин јазик, јазик со кој е лично поврзан и чувствува дека има предност што зборува на јазик кој е широко распространет, исто како што тоа на пример го чувствува некој од Шпанија и слично.

За неговото познавање на македонската литература, амбасадорот Гир рече дека неговите соработници секогаш се трудат да го запознаат со тоа што нему му причинува задоволство. Тој додаде дека македонската книжевност има многу да и понуди на Европската Унија.

Ваквите настани се фасцинантни и многу излагања овде ми ги отворија очите. Оваа култура има што да каже не само тука, но и во ЕУ, додаде Гир.

Весна Мојсова-Чепишевска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и директор на Семинарот за македонски јазик, литература и култура истакна дека нашата литертура опстојува низ минатото без разлика колку бил негиран македонскиот јазик.

Во врска со прашањето зошто малку се изучува македонскиот јазик, Мојсова-Чепишевска рече дека квантитетот не секогаш дава квалитет, а македонскиот јазик треба да го изучуваат оние студенти кои вистински го сакаат јазикот и кои  вистински сакаат да го применуваат.

Македонскиот јазик треба да го учи најдобриот, тој што вистински сака да го учи. Писателите се една добра армија која го чува јазикот, а преку преводот тие стануваат европски автори, рече Мојсова-Чепишевска.

За лекторатите на македонски јазик во светот, Мојсова-Чепишевска кажа дека имаме десет лекторати, кои имаат образовна и едукативна цел, но остваруваат функција и на културна дипломатија. Таа посочи дека состојбата не е, како што кажа розова, но, не е ни лоша, и дека има напори да се отворат и во Турција и во Кина.

Петар Андоновски, писател и лауреат на Европската награда за литература истакна дека активностите на Семинарот за македонски јазик, литература и култура  за промоција на македонскиот јазик се навистина значајни, но, како што рече, не може целата борба да падне на грижата на поединци, а за тоа повеќе треба да направи државата.

Андоновски ја истакна потребата од формирање на Агенција за книга која ќе работи на промоција и афирмација на македонската книжевност во светот. Тој ја посочи и важноста од учеството на саемите на книгата, особено на оној во Франкфурт, каде треба да се има поразличен пристап во промоцијата.

Дејан Василевски, лектор по македонски јазик ги сподели своите искуства во однос на примената на македонскиот јазик и додаде дека состојбата со примената во повеќе аспекти е лоша.

Македонските автори се трудат да пишуваат литературно. За преводите, примената е послаба, според мене тоа е заради  ниските цени на преводите. Лоша е состојбата во примената на македонскиот јазик во медиумите и интернет порталите кои речиси и да немаат лектор, се пласираат информации кои воопшто не се лекторирани, истакна Василевски.

Тој додаде дека потребна е поголема контрола на примената на јазикот, и истакна дека тоа ќе се уреди со новиот Инспекторат за примена на македонскиот јазик чие формирање е предвидено со новиот предлог-закон за употребата на македонскиот јазик.

Во дебатата свои размислувања на посочената тема дадоа и студенти, новинари, лектори, библиотекари и други.

The post Гир: Македонската книжевност има многу да и понуди на ЕУ appeared first on Република.

Europe House го одбележува својот 3-ти роденден преку одбележување на културното наследство на Лазар Личеновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/europe-house-go-odbelezuva-svojot-3-ti-rodenden-preku-odbelezuvanje-na-kulturnoto-nasledstvo-na-lazar-lichenovski/ Mon, 07 Nov 2022 14:44:53 +0000 https://republika.mk/?p=571011

Во ноември го одбележуваме отворањето на Europe House Скопје; местото кое промовира креативност и иновативност, како и демократски вредности меѓу младите. Поводот е одбележан преку низа настани организирани во текот на ноември и оддавање почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски (1901-1964). Активностите – организирани заедно со Националната галерија – имаат за цел да ангажираат разновидна публика. Дел од нив ќе се одржат во Куќата-музеј на Лазар Личеноски, соопштија од ЕУ хаус.

Програмата на настани вклучува отворен повик за млади дигитални уметници (на возраст од 18-35 години) поканети да ја понудат својата визија за следење на познатиот мозаик на отворено „Апотеоза на трудот“ на Лазар Личеноски кој ја прикажува еволуцијата на човештвото. Мозаикот го велича трудот кој е главниот фокус на претстојната Европска година на вештини во 2023 година.

По отворениот повик ќе следи изложба на ликовни творби на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Отворањето на изложбата ќе се одржи на 9 ноември од 12:00 до 14:00 часот во Куќата-музеј на Личеновски. Изложбата ќе остане отворена за јавноста од 12:00 до 14:00 часот секој вторник и четврток од 15-30 ноември.

Видеото со современ танц во изведба на Андријана Данчевска и Дејан Битровски, снимено во Куќата-музеј на Личеновски, ќе биде промовирано онлајн од страна на Europe House Скопје. Кореографијата на танцот се темели на џез композицијата „Фрагменти“ од групата Зулу 3.4, која неодамна доби награда за „Најдобри млади џез музичари“ на годишниот Скопски џез фестивал.

На 17 ноември, во Europe House во Скопје ќе се одржи ликовна работилница за деца во организација на Националната галерија.

На 23 ноември роденденската програма ќе заврши со започнување на низата #Разговори за културата во Europe House во Скопје со учество на претставници од владините институции, млади експерти од област на темата и Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија. Настанот насловен „Мисли напред – затоа што културата е важна“ има за цел да ја подигне свеста и вниманието за актуелните предизвици и можностите во културниот домен. На настанот ќе ѝ се оддаде почит на Вјоса Бериша (1972-2022), поранешна директорка на Europe House.

Низата настани по повод одбележувањето на третиот роденден на Europe House започна на 4 ноември со презентација на ентериерниот и екстериерниот дизајн на новите Europe House што ќе бидат отворени низ целата земја во текот на 2023 година. На презентацијата присуствуваа градоначалниците, претставници на општините и Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во наредните недели ќе организираме неколку настани со учество на младите за да го одбележиме животот и делото на Лазар Личеноски, еден од најистакнатите сликари во историјата на државата. Поголемиот дел од овие настани ќе се одржат во Куќата-музеј на Лазар Личеноски со оддавање почит на неговото непроценливо уметничко дело и подигање на свеста за важноста од негувањето на културното наследство“, рече амбасадорот на Европската унија во Република Македонија Дејвид Гир на настанот организиран на 4 ноември.

Целосната програма на настаните прочитајте ја овде: https://euhouse.mk/3rd-europe-house-birthday/

The post Europe House го одбележува својот 3-ти роденден преку одбележување на културното наследство на Лазар Личеновски appeared first on Република.

]]>

Во ноември го одбележуваме отворањето на Europe House Скопје; местото кое промовира креативност и иновативност, како и демократски вредности меѓу младите. Поводот е одбележан преку низа настани организирани во текот на ноември и оддавање почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски (1901-1964). Активностите – организирани заедно со Националната галерија – имаат за цел да ангажираат разновидна публика. Дел од нив ќе се одржат во Куќата-музеј на Лазар Личеноски, соопштија од ЕУ хаус. Програмата на настани вклучува отворен повик за млади дигитални уметници (на возраст од 18-35 години) поканети да ја понудат својата визија за следење на познатиот мозаик на отворено „Апотеоза на трудот“ на Лазар Личеноски кој ја прикажува еволуцијата на човештвото. Мозаикот го велича трудот кој е главниот фокус на претстојната Европска година на вештини во 2023 година. По отворениот повик ќе следи изложба на ликовни творби на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Отворањето на изложбата ќе се одржи на 9 ноември од 12:00 до 14:00 часот во Куќата-музеј на Личеновски. Изложбата ќе остане отворена за јавноста од 12:00 до 14:00 часот секој вторник и четврток од 15-30 ноември. Видеото со современ танц во изведба на Андријана Данчевска и Дејан Битровски, снимено во Куќата-музеј на Личеновски, ќе биде промовирано онлајн од страна на Europe House Скопје. Кореографијата на танцот се темели на џез композицијата „Фрагменти“ од групата Зулу 3.4, која неодамна доби награда за „Најдобри млади џез музичари“ на годишниот Скопски џез фестивал. На 17 ноември, во Europe House во Скопје ќе се одржи ликовна работилница за деца во организација на Националната галерија. На 23 ноември роденденската програма ќе заврши со започнување на низата #Разговори за културата во Europe House во Скопје со учество на претставници од владините институции, млади експерти од област на темата и Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија. Настанот насловен „Мисли напред – затоа што културата е важна“ има за цел да ја подигне свеста и вниманието за актуелните предизвици и можностите во културниот домен. На настанот ќе ѝ се оддаде почит на Вјоса Бериша (1972-2022), поранешна директорка на Europe House. Низата настани по повод одбележувањето на третиот роденден на Europe House започна на 4 ноември со презентација на ентериерниот и екстериерниот дизајн на новите Europe House што ќе бидат отворени низ целата земја во текот на 2023 година. На презентацијата присуствуваа градоначалниците, претставници на општините и Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Во наредните недели ќе организираме неколку настани со учество на младите за да го одбележиме животот и делото на Лазар Личеноски, еден од најистакнатите сликари во историјата на државата. Поголемиот дел од овие настани ќе се одржат во Куќата-музеј на Лазар Личеноски со оддавање почит на неговото непроценливо уметничко дело и подигање на свеста за важноста од негувањето на културното наследство“, рече амбасадорот на Европската унија во Република Македонија Дејвид Гир на настанот организиран на 4 ноември.
  Целосната програма на настаните прочитајте ја овде: https://euhouse.mk/3rd-europe-house-birthday/

The post Europe House го одбележува својот 3-ти роденден преку одбележување на културното наследство на Лазар Личеновски appeared first on Република.

]]>
7 Амбасади на земји членки на ЕУ и учениците од средното угостителско „Лазар Танев“ на кулинарски собир на Школка https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/7-ambasadi-na-zemji-chlenki-na-eu-i-uchenicite-od-srednoto-ugostitelsko-lazar-tanev-na-kulinarski-sobir-na-shkolka/ Sat, 21 May 2022 15:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=505233

Денес на Школка во Градскиот Парк заедно со 7 Амбасади на земји членки на ЕУ и учениците од средното угостителско „Лазар Танев“ направија вистински на кулинарски собир!

Традиционалната храна на земјите членки на ЕУ, ја подготија врвни мајстори од ЕУ амбасадите учеснички во овој настан и учениците од средното стручно угостителско-туристичко училиште „Лазар Танев“. Во текот на оваа недела учениците од угостителство имаат несекојдневна можност да се запознаат поблиску со кујните на земјите членки на ЕУ, да научат за нивните кулинарски богатства и да ги развијат своите стручни вештини како идни кулинарски професионалци.

Пред денешниот голем настан во организација на Европската куќа во Скопје, од 16-20 мај, тие работеа на подготовка на избраното јадење со назначениот готвач/персонал од амбасадата во просториите на угостителското училиште и денес ова несекојдневно кулинарско доживување ги донесе мирисите и вкусовите од Европа во Градскиот Парк во Скопје.

Традиционалните јадења кои учениците изминатава недела учеа да ги приготват со врвни готвачи од земјите учеснички, денес беа поставени за дегустирација на собирот.

Вистинска фузија на вкусови, бои и мириси!

The post 7 Амбасади на земји членки на ЕУ и учениците од средното угостителско „Лазар Танев“ на кулинарски собир на Школка appeared first on Република.

]]>

Денес на Школка во Градскиот Парк заедно со 7 Амбасади на земји членки на ЕУ и учениците од средното угостителско „Лазар Танев“ направија вистински на кулинарски собир!

Традиционалната храна на земјите членки на ЕУ, ја подготија врвни мајстори од ЕУ амбасадите учеснички во овој настан и учениците од средното стручно угостителско-туристичко училиште „Лазар Танев“. Во текот на оваа недела учениците од угостителство имаат несекојдневна можност да се запознаат поблиску со кујните на земјите членки на ЕУ, да научат за нивните кулинарски богатства и да ги развијат своите стручни вештини како идни кулинарски професионалци. Пред денешниот голем настан во организација на Европската куќа во Скопје, од 16-20 мај, тие работеа на подготовка на избраното јадење со назначениот готвач/персонал од амбасадата во просториите на угостителското училиште и денес ова несекојдневно кулинарско доживување ги донесе мирисите и вкусовите од Европа во Градскиот Парк во Скопје.