Етник Шала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/etnik-shala/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Nov 2022 07:18:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Етник Шала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/etnik-shala/ 32 32 Отворен скопскиот моден фестивал https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/otvoren-skopskiot-moden-festival/ Fri, 11 Nov 2022 07:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=572549

Втората сезона на најголемиот моден настан во земјата почна минатата вечер со свечено гала отворање на синиот тепих и три автентични ревии во трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Маја Кикириткова, Етник Шала и школата Скала го отворија Скопски моден фестивал.

Под називот „Ти можеш, ти си силна“, познатата македонска дизајнерка Маја Кикириткова, чиј потпис е на брендот „Eleazar“, на многубројната публика ѝ претстави уникатни креации скроени за самоуверени жени. Елегантната црна, златната и сивата боја обликуваа сериозен крој каков што ѝ доликува на една вистинска дама.

Инспирацијата лежи во жената во својата најдлабока форма, жена која навидум изгледа како санта мраз, но со еден допир станува мека, нежна , вака дизајнерката го долови приказот на вчерашниот подиум.

По неа следуваше ревиското деби во земјата на косовскиот дизјанер Етник Шала, кој на посетителите им се претстави преку авангардна ревија на својата најнова колекција. „Гобленот“ беше вивидно забележлив во деталите на фустаните, а освен тоа последниот модел изнесе целосна слика на еден гоблен извезена во вид на наметка. Тоновите на жолта, кафена и зелена боја, комбинирани со розево оддаваа впечаток дека тоа е следниот нов фустан што ѝ прилега на една девојка која не се плаши да се искаже низ облеката.

Секогаш се трудам да создавам снетиментални креации врзани со моето детство и местото од каде потекнувам. Секое парче е всушност уметничко дело направено преку механички слики извезени во бројки и бои, истакнува Шала.

Крајот на првата вечер бликна во светлото на идната генерација македонски дизјанери, студентите на Академијата на моден дизајн при Школата за дизајн, уметност и технологија - „Скала" [поранешно „Џолев и уметностите"] кои на оригинален моден начин ги нанижаа своите креации пред сите присутни на ревијата.

Инспирирани од претходните декади, застапеното либерално движење со панкерска нота, петте студентки, Марија Трајковска, Ангела Спасовска, Луна Аврамовска, Милица Димитријевиќ и Ива Ивановска навестија експериментални трендови што не влегуваат во рамките на секојдневната мода. Истовремено, креациите блиски до студентите се блиски до помладите генерации, па во фокусот беа смели комбинации од каро здолниште и блузички од тантела и ракавици.

За шминката на моделите се погрижи креативниот тим на Make up Factory, предводен од визажистите Милена Косиќ, Сашка Мирчевска – Sashions, Васе Доковски и Андријана Сребренова, додека за нивните фризури е заслужно студиото Grace и производите на Revlon Professional.

Официјален партнер за убавина на настанот е Natura Therapy. Автор на фотографиите е Антонио Станков.

Фестивалот продолжува денес од 18:30 часот, кога на сината писта, како протагонисти на втората ревиска вечер ќе продефилираат колекциите на дизајнерките Мелани Дигит, Сара Реџиќ, модното ателје Краљевски и најновата линија од Роберт Ивановски.

The post Отворен скопскиот моден фестивал appeared first on Република.

]]>

Втората сезона на најголемиот моден настан во земјата почна минатата вечер со свечено гала отворање на синиот тепих и три автентични ревии во трговскиот центар Скопје Сити Мол. Маја Кикириткова, Етник Шала и школата Скала го отворија Скопски моден фестивал. Под називот „Ти можеш, ти си силна“, познатата македонска дизајнерка Маја Кикириткова, чиј потпис е на брендот „Eleazar“, на многубројната публика ѝ претстави уникатни креации скроени за самоуверени жени. Елегантната црна, златната и сивата боја обликуваа сериозен крој каков што ѝ доликува на една вистинска дама.
Инспирацијата лежи во жената во својата најдлабока форма, жена која навидум изгледа како санта мраз, но со еден допир станува мека, нежна , вака дизајнерката го долови приказот на вчерашниот подиум.
По неа следуваше ревиското деби во земјата на косовскиот дизјанер Етник Шала, кој на посетителите им се претстави преку авангардна ревија на својата најнова колекција. „Гобленот“ беше вивидно забележлив во деталите на фустаните, а освен тоа последниот модел изнесе целосна слика на еден гоблен извезена во вид на наметка. Тоновите на жолта, кафена и зелена боја, комбинирани со розево оддаваа впечаток дека тоа е следниот нов фустан што ѝ прилега на една девојка која не се плаши да се искаже низ облеката.
Секогаш се трудам да создавам снетиментални креации врзани со моето детство и местото од каде потекнувам. Секое парче е всушност уметничко дело направено преку механички слики извезени во бројки и бои, истакнува Шала.
Крајот на првата вечер бликна во светлото на идната генерација македонски дизјанери, студентите на Академијата на моден дизајн при Школата за дизајн, уметност и технологија - „Скала" [поранешно „Џолев и уметностите"] кои на оригинален моден начин ги нанижаа своите креации пред сите присутни на ревијата. Инспирирани од претходните декади, застапеното либерално движење со панкерска нота, петте студентки, Марија Трајковска, Ангела Спасовска, Луна Аврамовска, Милица Димитријевиќ и Ива Ивановска навестија експериментални трендови што не влегуваат во рамките на секојдневната мода. Истовремено, креациите блиски до студентите се блиски до помладите генерации, па во фокусот беа смели комбинации од каро здолниште и блузички од тантела и ракавици. За шминката на моделите се погрижи креативниот тим на Make up Factory, предводен од визажистите Милена Косиќ, Сашка Мирчевска – Sashions, Васе Доковски и Андријана Сребренова, додека за нивните фризури е заслужно студиото Grace и производите на Revlon Professional. Официјален партнер за убавина на настанот е Natura Therapy. Автор на фотографиите е Антонио Станков. Фестивалот продолжува денес од 18:30 часот, кога на сината писта, како протагонисти на втората ревиска вечер ќе продефилираат колекциите на дизајнерките Мелани Дигит, Сара Реџиќ, модното ателје Краљевски и најновата линија од Роберт Ивановски.

The post Отворен скопскиот моден фестивал appeared first on Република.

]]>