етна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/etna/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 16:47:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png етна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/etna/ 32 32 Етна повторно еруптираше, затворен аеродромот во Катанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/etna-povtorno-eruptirashe-zatvoren-aerodromot-vo-katanija/ Thu, 15 Aug 2024 16:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=806976

Вулканот Етна еруптираше во текот на ноќта, поради што беше затворен блискиот аеродром во Катанија, на источниот брег на Сицилија, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).

Вулканот исфрли големо количество чад и гасови до висина од 9,5 илјади метри. Раководството на аеродромот во Катанија најави дека ќе биде затворен до 18 часот по локално време.

Раководството извести дека пепелта ги покрила авионите и пистите и дека работата ќе продолжи кога инфраструктурата повторно ќе профункционира.

„Ги замолуваме патниците да не доаѓаат на аеродромот пред да го проверат статусот на нивниот лет“, соопштија од аеродромот и предупредија на значителни доцнења.

Темна прашина ги покри куќите и улиците низ Катанија.

Етна, висок 3.350 метри, е најголемиот активен вулкан во Европа. Често еруптира, и е под постојан надзор, а неговите спектакуларни ерупции секогаш привлекуваат голем број љубопитни луѓе.

The post Етна повторно еруптираше, затворен аеродромот во Катанија appeared first on Република.

]]>

Вулканот Етна еруптираше во текот на ноќта, поради што беше затворен блискиот аеродром во Катанија, на источниот брег на Сицилија, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ). Вулканот исфрли големо количество чад и гасови до висина од 9,5 илјади метри. Раководството на аеродромот во Катанија најави дека ќе биде затворен до 18 часот по локално време. Раководството извести дека пепелта ги покрила авионите и пистите и дека работата ќе продолжи кога инфраструктурата повторно ќе профункционира.
„Ги замолуваме патниците да не доаѓаат на аеродромот пред да го проверат статусот на нивниот лет“, соопштија од аеродромот и предупредија на значителни доцнења.
Темна прашина ги покри куќите и улиците низ Катанија. Етна, висок 3.350 метри, е најголемиот активен вулкан во Европа. Често еруптира, и е под постојан надзор, а неговите спектакуларни ерупции секогаш привлекуваат голем број љубопитни луѓе.

The post Етна повторно еруптираше, затворен аеродромот во Катанија appeared first on Република.

]]>
Прекини на летовите на Сицилија поради ерупцијата на Етна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prekini-na-letovite-na-sitsilija-poradi-eruptsijata-na-etna/ Sun, 04 Aug 2024 18:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=803302

Главниот аеродром на италијанскиот остров Сицилија денеска ги запре летовите поради вулканската активност на планината Етна.

Како резултат на утринската вулканска активност, кризниот штаб нареди затворање на секторот Б1 и намалување на бројот на пристигнувања на шест летови на час, соопштија од Аеродромот Катанија.

Етна, еден од активните вулкани во јужна Италија, кој се наоѓа на островот Сицилија и чија висина изнесува околу 3.030 метри, повторно исфрла пепел и лава. Вулканската активност е забележана во чести интервали од почетокот на јули.

The post Прекини на летовите на Сицилија поради ерупцијата на Етна appeared first on Република.

]]>

Главниот аеродром на италијанскиот остров Сицилија денеска ги запре летовите поради вулканската активност на планината Етна. Како резултат на утринската вулканска активност, кризниот штаб нареди затворање на секторот Б1 и намалување на бројот на пристигнувања на шест летови на час, соопштија од Аеродромот Катанија. Етна, еден од активните вулкани во јужна Италија, кој се наоѓа на островот Сицилија и чија висина изнесува околу 3.030 метри, повторно исфрла пепел и лава. Вулканската активност е забележана во чести интервали од почетокот на јули.

The post Прекини на летовите на Сицилија поради ерупцијата на Етна appeared first on Република.

]]>
Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vulkanot-etna-isfrli-lava-i-oblak-od-pepel-i-chad-visok-okolu-pet-kilometri/ Sun, 07 Jul 2024 09:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=794194

Вулканот Етна еруптираше синоќа, исфрлајќи лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри.

Облакот од чад и пепел од Етна се движи во правец исток-југоисток, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), пренесува агенцијата АНСА.

ИНГВ наведува дека активноста на Етна, која директно се следи од опсерваторијата во Катанија, се намалува.

Етна исфрлаше лава и пепел и на 4 јули, а аеродромот во италијанскиот град Катанија на 5 јули беше затворен неколку часа поради големото количество пепел што се појави од активноста на вулканот.

The post Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри appeared first on Република.

]]>

Вулканот Етна еруптираше синоќа, исфрлајќи лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри. Облакот од чад и пепел од Етна се движи во правец исток-југоисток, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), пренесува агенцијата АНСА. ИНГВ наведува дека активноста на Етна, која директно се следи од опсерваторијата во Катанија, се намалува. Етна исфрлаше лава и пепел и на 4 јули, а аеродромот во италијанскиот град Катанија на 5 јули беше затворен неколку часа поради големото количество пепел што се појави од активноста на вулканот.

The post Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри appeared first on Република.

]]>
Вулканот Етна исфрли лава, вонредна состојба на Исланд поради можна вулканска ерупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vulkanot-etna-isfrli-lava-vonredna-sostojba-na-island-poradi-mozhna-vulkanska-eruptsija/ Sat, 11 Nov 2023 11:20:36 +0000 https://republika.mk/?p=700508

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија синоќа исфрли жешка лава, но немаше големо исфрлање пепел, како и извештаи за штети, јави ДПА.

Аеродромот во градот Катанија изутринава продолжи да работи и покрај тоа што италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија го подигна нивото на опасност од жолто на портокалово.

Од далечина, можеше да се види вжештена лава и остатоци, исфрлени нагоре во темнината кои потоа бавно паѓаа по падините на планините. Поактивен бил југоисточниот кратер на вулканот.

Етна е најголемиот активен вулкан во Европа и е висок околу 3.300 метри.

На Исланд, пак, е прогласена вонредна состојба поради опасност од вулканска ерупција.

Мерката беше воведена по серијата земјотреси на полуостровот Рејкјанес, југозападно од островската држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Ова предизвика страв од вулканска ерупција, за која Исландската метеоролошка служба вели дека може да се случи „во рок од неколку дена“.

Развиени се планови за евакуација на околу 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик.

Блиската Сина лагуна, популарна туристичка локација позната по своите геотермални минерални извори, завчера беше затворена како мерка на претпазливост.

Главниот град Рејкјавик се наоѓа на околу 40 километри северно.

Од крајот на минатиот месец на полуостровот Рејкјанес се регистрирани околу 24.000 земјотреси.

Во Исланд има 33 активни вулкански екосистеми - најмногу во цела Европа.

Во својата последна ерупција, во 2010 година, вулканот Ејафјордур практично го запре воздушниот сообраќај во Европа, предизвикувајќи откажување на 100.000 летови и блокирајќи 10 милиони патници.

The post Вулканот Етна исфрли лава, вонредна состојба на Исланд поради можна вулканска ерупција appeared first on Република.

]]>

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија синоќа исфрли жешка лава, но немаше големо исфрлање пепел, како и извештаи за штети, јави ДПА. Аеродромот во градот Катанија изутринава продолжи да работи и покрај тоа што италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија го подигна нивото на опасност од жолто на портокалово. Од далечина, можеше да се види вжештена лава и остатоци, исфрлени нагоре во темнината кои потоа бавно паѓаа по падините на планините. Поактивен бил југоисточниот кратер на вулканот. Етна е најголемиот активен вулкан во Европа и е висок околу 3.300 метри. На Исланд, пак, е прогласена вонредна состојба поради опасност од вулканска ерупција. Мерката беше воведена по серијата земјотреси на полуостровот Рејкјанес, југозападно од островската држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Ова предизвика страв од вулканска ерупција, за која Исландската метеоролошка служба вели дека може да се случи „во рок од неколку дена“. Развиени се планови за евакуација на околу 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик. Блиската Сина лагуна, популарна туристичка локација позната по своите геотермални минерални извори, завчера беше затворена како мерка на претпазливост. Главниот град Рејкјавик се наоѓа на околу 40 километри северно. Од крајот на минатиот месец на полуостровот Рејкјанес се регистрирани околу 24.000 земјотреси. Во Исланд има 33 активни вулкански екосистеми - најмногу во цела Европа. Во својата последна ерупција, во 2010 година, вулканот Ејафјордур практично го запре воздушниот сообраќај во Европа, предизвикувајќи откажување на 100.000 летови и блокирајќи 10 милиони патници.

The post Вулканот Етна исфрли лава, вонредна состојба на Исланд поради можна вулканска ерупција appeared first on Република.

]]>
Ерупција на вулканот Етна, лава тече низ кратери источно од Сицилија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/erupcija-na-vulkanot-etna-lava-teche-niz-krateri-istochno-od-sicilija/ Tue, 17 May 2022 20:41:40 +0000 https://republika.mk/?p=503544

Вулканот Етна повторно еруптираше, јавуваат италијански медиуми. Лава тече низ кратери на источниот брег на Сицилија, во близина на Месина и Катанија. На северната страна на кратерот „Југоисток“ се појави нова еруптивна пукнатина од која излегува лава. Во исто време, ерупциите на пепел и чад се менуваат од новото отворање во близина на врвот на северниот раб на кратерот.

Вулканот Етна се смета за најголемиот и најактивниот вулкан во Европа. Неговите чести ерупции се придружени со големи теченија на лава, но тие ретко претставуваат опасност за населените места.

Етна е еден од вулканите со најдолги историски записи за ерупции кои датираат од пред повеќе од две илјади години.

The post Ерупција на вулканот Етна, лава тече низ кратери источно од Сицилија appeared first on Република.

]]>

Вулканот Етна повторно еруптираше, јавуваат италијански медиуми. Лава тече низ кратери на источниот брег на Сицилија, во близина на Месина и Катанија. На северната страна на кратерот „Југоисток“ се појави нова еруптивна пукнатина од која излегува лава. Во исто време, ерупциите на пепел и чад се менуваат од новото отворање во близина на врвот на северниот раб на кратерот. Вулканот Етна се смета за најголемиот и најактивниот вулкан во Европа. Неговите чести ерупции се придружени со големи теченија на лава, но тие ретко претставуваат опасност за населените места. Етна е еден од вулканите со најдолги историски записи за ерупции кои датираат од пред повеќе од две илјади години.

The post Ерупција на вулканот Етна, лава тече низ кратери источно од Сицилија appeared first on Република.

]]>