етиопија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/etiopija/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jan 2024 19:06:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png етиопија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/etiopija/ 32 32 Подобар однос квалитет-цена: Етиопија се откажа од француските ловци Рафал и одлучи да купи руски Су-30 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/podobar-odnos-kvalitet-tsena-etiopija-se-otkazha-od-frantsuskite-lovtsi-rafal-i-odluchi-da-kupi-ruski-su-30/ Tue, 23 Jan 2024 22:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=736110

Етиопија потврди дека стана петнаесеттата земја во светот чија армија во својот арсенал го има рускиот ловец од тешка категорија - двоседот Су-30, откако најмалку два вакви авиони се во земјата, пишува магзинот сперцијализиран за оружје и воена опрема „Милитари воч“.

Долго време се шпекулира какви борбени авиони ќе купи Етиопија за да ги замени своите стари ловци МиГ-23 купени во 1980-тите, а потенцијално дури и некои од нејзините Су-27 кои беа купени во доцните 1990-ти и веројатно се веќе во последната деценија служба.

Земјата беше потврдена како клиент за кинескиот лесен ловец Л-15 на почетокот на 2022 година, што покажува дека овие полесни авиони ќе ги заменат МиГ-23, додека авионите Су-30 ќе ги заменуваат Су-27, како дел од комбинацијата високо-ниско. На овие ловци, само најновата серија Су-30МКА на алжирските воздухопловни сили, испорачана во 2020 година, им е ривал за титулата најспособни на африканскиот континент - позиција која Етиопија претходно ја постигна пред три децении кога првпат ги набави Су-27 од Русија.

Етиопија претходно се сметаше за водечки клиент на францускиот ловец Рафал, но по повеќе неуспешни понуди во африканските држави, вклучувајќи ги Мароко, Алжир и Либија, локалните медиуми објавија дека Париз агресивно ги нуди за продажба ловците на официјална Адис Абеба. Изборот на Етиопија за Су-30 наместо Рафал, следи слична одлука објавена на 30 ноември 2023 година, од казахстанското Министерство за одбрана, кое го избра Су-30СМ. Тогашниот казахстански заменик-врховен командант на воздушната одбрана и шеф на главниот оддел за вооружување Јержан Нилдибаев изјави дека Су-30 има подобар сооднос „квалитет-цена“ во споредба со француските авиони.

Единствените други земји за кои се знае дека размислувале меѓу Рафал и Су-30 како конкуренти за купување, Алжир и Либија, и двете исто така го избраа Су-30, иако Либија беше под заеднички напад од повеќе членки на НАТО и либиската влада беше соборена пред набавката да биде финализирана.

Во меѓувреме, индиските воздухопловни сили, иако набавија 36 Рафали, не дадоа дополнителни нарачки и продолжија да ја прошируваат својата флота Су-30 на над 270 ловци. Су-30СМ купени од Етиопија и Казахстан, се тесно поврзани со Су-30МКА купени од Алжир и Су-30МКИ купени од Индија, при што сите три се произведени во воздухопловната фабрика во Иркутск и се сметаат за најспособни варијанти на овие авиони.

Способноста на Русија да испорача Су-30 многу побрзо отколку што може Франција да го испорача Рафал, често во рок од една година од потпишувањето на договорот, како и значајните заеднички карактеристики со веќе набавените Су-27 кои ќе ги намалат потребите за обука, се смета дека се други важни фактори кои веројатно влијаеле Етиопија да го фаворизира Су-30 во време кога итно и се потребни нови ловци. Фактот дека авионите Су-30 имале поинтензивни борбени тестирања на сите нивоа на интензитет, додека воените операции на Рафал се ограничени на мал број удари со низок интензитет над минимално бранети копнени цели, е уште еден фактор во корист на рускиот ловец.

The post Подобар однос квалитет-цена: Етиопија се откажа од француските ловци Рафал и одлучи да купи руски Су-30 appeared first on Република.

]]>

Етиопија потврди дека стана петнаесеттата земја во светот чија армија во својот арсенал го има рускиот ловец од тешка категорија - двоседот Су-30, откако најмалку два вакви авиони се во земјата, пишува магзинот сперцијализиран за оружје и воена опрема „Милитари воч“. Долго време се шпекулира какви борбени авиони ќе купи Етиопија за да ги замени своите стари ловци МиГ-23 купени во 1980-тите, а потенцијално дури и некои од нејзините Су-27 кои беа купени во доцните 1990-ти и веројатно се веќе во последната деценија служба. Земјата беше потврдена како клиент за кинескиот лесен ловец Л-15 на почетокот на 2022 година, што покажува дека овие полесни авиони ќе ги заменат МиГ-23, додека авионите Су-30 ќе ги заменуваат Су-27, како дел од комбинацијата високо-ниско. На овие ловци, само најновата серија Су-30МКА на алжирските воздухопловни сили, испорачана во 2020 година, им е ривал за титулата најспособни на африканскиот континент - позиција која Етиопија претходно ја постигна пред три децении кога првпат ги набави Су-27 од Русија. Етиопија претходно се сметаше за водечки клиент на францускиот ловец Рафал, но по повеќе неуспешни понуди во африканските држави, вклучувајќи ги Мароко, Алжир и Либија, локалните медиуми објавија дека Париз агресивно ги нуди за продажба ловците на официјална Адис Абеба. Изборот на Етиопија за Су-30 наместо Рафал, следи слична одлука објавена на 30 ноември 2023 година, од казахстанското Министерство за одбрана, кое го избра Су-30СМ. Тогашниот казахстански заменик-врховен командант на воздушната одбрана и шеф на главниот оддел за вооружување Јержан Нилдибаев изјави дека Су-30 има подобар сооднос „квалитет-цена“ во споредба со француските авиони. Единствените други земји за кои се знае дека размислувале меѓу Рафал и Су-30 како конкуренти за купување, Алжир и Либија, и двете исто така го избраа Су-30, иако Либија беше под заеднички напад од повеќе членки на НАТО и либиската влада беше соборена пред набавката да биде финализирана. Во меѓувреме, индиските воздухопловни сили, иако набавија 36 Рафали, не дадоа дополнителни нарачки и продолжија да ја прошируваат својата флота Су-30 на над 270 ловци. Су-30СМ купени од Етиопија и Казахстан, се тесно поврзани со Су-30МКА купени од Алжир и Су-30МКИ купени од Индија, при што сите три се произведени во воздухопловната фабрика во Иркутск и се сметаат за најспособни варијанти на овие авиони. Способноста на Русија да испорача Су-30 многу побрзо отколку што може Франција да го испорача Рафал, често во рок од една година од потпишувањето на договорот, како и значајните заеднички карактеристики со веќе набавените Су-27 кои ќе ги намалат потребите за обука, се смета дека се други важни фактори кои веројатно влијаеле Етиопија да го фаворизира Су-30 во време кога итно и се потребни нови ловци. Фактот дека авионите Су-30 имале поинтензивни борбени тестирања на сите нивоа на интензитет, додека воените операции на Рафал се ограничени на мал број удари со низок интензитет над минимално бранети копнени цели, е уште еден фактор во корист на рускиот ловец.

The post Подобар однос квалитет-цена: Етиопија се откажа од француските ловци Рафал и одлучи да купи руски Су-30 appeared first on Република.

]]>
Лавров во Етиопија: Западот се обидува да одлучува наместо нас кога смееме и како да ги промовираме нашите интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-vo-etiopija-zapadot-se-obiduva-da-odluchuva-namesto-nas-koga-smeeme-i-kako-da-gi-promovirame-nashite-interesi/ Wed, 27 Jul 2022 14:18:02 +0000 https://republika.mk/?p=527595

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кој до 28 јули е во петдневна посета на Африка, ја посети Адис Абеба каде се сретна со својот етиопски колега, министерката за надворешни работи на Етиопија, Демеке Меконен.

За време на изјавите по средбата, Лавров истакна дека светот во моментов се наоѓа во „важен историски момент“ кога ќе треба да избере како ќе живее и што ќе им се остави на следните генерации.

Ќе живееме во свет кој ги следи принципите на Повелбата на ОН, заснован на еднаквоста на суверените држави или во свет во кој ќе доминираат најсилните. Дали е наш избор да живееме во светот на колективниот Запад под покровителство на САД, кои одлучуваат наместо нас кога и како да ги промовираме нашите интереси - праша Лавров.

Рускиот министер го истакна фактот дека градови како Мосул во Ирак и Рака во Сирија беа практично уништени како резултат на воените операции на Соединетите Американски Држави, но никоја од Западот не реагирал на таквото уништување.

Не се сеќавам дека прогресивниот, цивилизиран Запад на кој било начин го покрена ова прашање - изјави шефот на руската дипломатија.

The post Лавров во Етиопија: Западот се обидува да одлучува наместо нас кога смееме и како да ги промовираме нашите интереси appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кој до 28 јули е во петдневна посета на Африка, ја посети Адис Абеба каде се сретна со својот етиопски колега, министерката за надворешни работи на Етиопија, Демеке Меконен. За време на изјавите по средбата, Лавров истакна дека светот во моментов се наоѓа во „важен историски момент“ кога ќе треба да избере како ќе живее и што ќе им се остави на следните генерации.
Ќе живееме во свет кој ги следи принципите на Повелбата на ОН, заснован на еднаквоста на суверените држави или во свет во кој ќе доминираат најсилните. Дали е наш избор да живееме во светот на колективниот Запад под покровителство на САД, кои одлучуваат наместо нас кога и како да ги промовираме нашите интереси - праша Лавров.
Рускиот министер го истакна фактот дека градови како Мосул во Ирак и Рака во Сирија беа практично уништени како резултат на воените операции на Соединетите Американски Држави, но никоја од Западот не реагирал на таквото уништување.
Не се сеќавам дека прогресивниот, цивилизиран Запад на кој било начин го покрена ова прашање - изјави шефот на руската дипломатија.

The post Лавров во Етиопија: Западот се обидува да одлучува наместо нас кога смееме и како да ги промовираме нашите интереси appeared first on Република.

]]>
Млади Етиопејци во редици стојат пред руската амбасада за да се пријават како доброволци за во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mladi-etiopejci-vo-redici-stojat-pred-ruskata-ambasada-za-da-se-prijavat-kako-dobrovolci-za-vo-ukraina/ Thu, 21 Apr 2022 19:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=491970

Голем број млади Етиопјани се собираат пред руската амбасада во главниот град Адис Абеба, а се шират информации дека Русите регрутираат војници за војната во Украина.

Ваквите шпекулации се проширија откако многу Етиопјани се собираат пред амбасадата носејќи лични документи.

https://twitter.com/RoncliffeOdit/status/1516331647968370689?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516331647968370689%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3917035%2Fmladi-etiopljani-u-redovima-stoje-pred-ambasadom-rusije

Еден млад човек кој чекал на влезот за „Би-Би-Си“ изјавил дека бара добра плата како војник или да добие друга работа.

Сепак, Русија ги демантира таквите информации, а челните луѓе на амбасадата тврдат дека во Етиопија не е во тек регрутирање и дека многумина се солидаризираат со Русија.

Многумина изразуваат поддршка за Русија, а некои од нив се подготвени да помогнат на секаков начин. Меѓутоа, ние не регрутираме - изјави портпаролката на тамошната руска амбасада, Марија Чернукнина, .

Амбасадата ја објави ситуацијата и на Твитер.

https://twitter.com/RusEmbEthiopia/status/1516447658977726472?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516447658977726472%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3917035%2Fmladi-etiopljani-u-redovima-stoje-pred-ambasadom-rusije

Ве информираме дека амбасадата не прифаќа никакви барања за регрутирање во вооружените сили на Руската Федерација - се наведува во соопштението, во кое тие се заблагодаруваат на Етиопија за поддршката што и ја пружила на Русија за време на гласањето во ОН.

Етиопија беше меѓу земјите кои не гласаа во врска со резолуцијата за руската воена акција во Украина, кога 17 африкански земји беа воздржани од гласање, а меѓу нив и Јужноафриканската Република.

The post Млади Етиопејци во редици стојат пред руската амбасада за да се пријават како доброволци за во Украина appeared first on Република.

]]>

Голем број млади Етиопјани се собираат пред руската амбасада во главниот град Адис Абеба, а се шират информации дека Русите регрутираат војници за војната во Украина. Ваквите шпекулации се проширија откако многу Етиопјани се собираат пред амбасадата носејќи лични документи. https://twitter.com/RoncliffeOdit/status/1516331647968370689?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516331647968370689%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3917035%2Fmladi-etiopljani-u-redovima-stoje-pred-ambasadom-rusije Еден млад човек кој чекал на влезот за „Би-Би-Си“ изјавил дека бара добра плата како војник или да добие друга работа. Сепак, Русија ги демантира таквите информации, а челните луѓе на амбасадата тврдат дека во Етиопија не е во тек регрутирање и дека многумина се солидаризираат со Русија.
Многумина изразуваат поддршка за Русија, а некои од нив се подготвени да помогнат на секаков начин. Меѓутоа, ние не регрутираме - изјави портпаролката на тамошната руска амбасада, Марија Чернукнина, .
Амбасадата ја објави ситуацијата и на Твитер. https://twitter.com/RusEmbEthiopia/status/1516447658977726472?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516447658977726472%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3917035%2Fmladi-etiopljani-u-redovima-stoje-pred-ambasadom-rusije
Ве информираме дека амбасадата не прифаќа никакви барања за регрутирање во вооружените сили на Руската Федерација - се наведува во соопштението, во кое тие се заблагодаруваат на Етиопија за поддршката што и ја пружила на Русија за време на гласањето во ОН.
Етиопија беше меѓу земјите кои не гласаа во врска со резолуцијата за руската воена акција во Украина, кога 17 африкански земји беа воздржани од гласање, а меѓу нив и Јужноафриканската Република.

The post Млади Етиопејци во редици стојат пред руската амбасада за да се пријават како доброволци за во Украина appeared first on Република.

]]>
Знаете ли дека во Етиопија е 2014, годината трае 13 месеци, а полноќ е во 6 часот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/znaete-li-deka-vo-etiopija-e-2014-godinata-trae-13-meseci-a-polnokj-e-vo-6-chasot/ Thu, 31 Mar 2022 18:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=481579

Во Етиопија времето не се пресметува како во остатокот во светот. На пример, пред неколку месеци ја прославија новата 2014 година.
Кога Католичката црква го промени пресметувањето во 500 година од нашата ера, Етиопската православна црква не го направи тоа. Поради тоа нивниот календар заостанува 7 години и 8 месеци. Така, во Етиопија, Новата година се паѓа на 11 или 12 септември кога е престапна, на почетокот на пролетта на јужната хемисфера. Во септември ја прославија 2014 година.

Секој од 12-те месеци има 30 дена, додека тринаесеттиот - последниот од годината - има пет или шест дена, во зависност од тоа дали е престапна година. Овој месец се нарекува „пагуме“, изведен од грчкиот збор кој ги осветлувал деновите што биле заборавени да се пресметаат.

Времето исто така се пресметува поинаку - денот е поделен на два дванаесетчасовни дела со почеток во шест часот, што значи дека пладне и полноќ паѓаат во шест часот по европско време. Значи, ако некој ве покани на кафе во Адис Абеба во 10 часот, очекувајте да се појави во 16 часот.

Етиопија отсекогаш се разликувала од другите африкански земји по многу нешта. На пример, таа никогаш не била колонизирана иако Италијанците неколку пати се обиделе. Дури за време на Втората светска војна Мусолини успеал да ја окупира, но со тоа ги прекршил сите потпишани договори.

Реге културата и растафаријанците се тесно поврзани со оваа земја бидејќи верувале во црн крал кој ќе ја обнови империјата. Така и станале следбеници на Хајле Селасије, етиопскиот крал крунисан во 1930 година. Растафаријанците веруваат во конечното враќање на сите робови и нивните деца назад во Африка. Боб Марли одигра клучна улога во ширењето на растафаријанската порака - а стиховите од неговата поема War го цитираат обраќањето на императорот во 1963 година до Генералното собрание на Обединетите нации повикувајќи на мир: „Сè додека една филозофија смета дека една раса е супериорна, а друга за инфериорна конечно и трајно дискредитирана и напуштен... до тој ден, африканскиот континент нема да има мир“.

И покрај големата популарност на Растафаријанската црква во поп-културата, сепак во Етиопија главниот збор го водат православните и муслиманите, а самата Етиопија беше првиот дом на муслиманите надвор од Арапскиот Полуостров.

Извор:
Noizz.rs

The post Знаете ли дека во Етиопија е 2014, годината трае 13 месеци, а полноќ е во 6 часот? appeared first on Република.

]]>

Во Етиопија времето не се пресметува како во остатокот во светот. На пример, пред неколку месеци ја прославија новата 2014 година. Кога Католичката црква го промени пресметувањето во 500 година од нашата ера, Етиопската православна црква не го направи тоа. Поради тоа нивниот календар заостанува 7 години и 8 месеци. Така, во Етиопија, Новата година се паѓа на 11 или 12 септември кога е престапна, на почетокот на пролетта на јужната хемисфера. Во септември ја прославија 2014 година. Секој од 12-те месеци има 30 дена, додека тринаесеттиот - последниот од годината - има пет или шест дена, во зависност од тоа дали е престапна година. Овој месец се нарекува „пагуме“, изведен од грчкиот збор кој ги осветлувал деновите што биле заборавени да се пресметаат. Времето исто така се пресметува поинаку - денот е поделен на два дванаесетчасовни дела со почеток во шест часот, што значи дека пладне и полноќ паѓаат во шест часот по европско време. Значи, ако некој ве покани на кафе во Адис Абеба во 10 часот, очекувајте да се појави во 16 часот. Етиопија отсекогаш се разликувала од другите африкански земји по многу нешта. На пример, таа никогаш не била колонизирана иако Италијанците неколку пати се обиделе. Дури за време на Втората светска војна Мусолини успеал да ја окупира, но со тоа ги прекршил сите потпишани договори. Реге културата и растафаријанците се тесно поврзани со оваа земја бидејќи верувале во црн крал кој ќе ја обнови империјата. Така и станале следбеници на Хајле Селасије, етиопскиот крал крунисан во 1930 година. Растафаријанците веруваат во конечното враќање на сите робови и нивните деца назад во Африка. Боб Марли одигра клучна улога во ширењето на растафаријанската порака - а стиховите од неговата поема War го цитираат обраќањето на императорот во 1963 година до Генералното собрание на Обединетите нации повикувајќи на мир: „Сè додека една филозофија смета дека една раса е супериорна, а друга за инфериорна конечно и трајно дискредитирана и напуштен... до тој ден, африканскиот континент нема да има мир“. И покрај големата популарност на Растафаријанската црква во поп-културата, сепак во Етиопија главниот збор го водат православните и муслиманите, а самата Етиопија беше првиот дом на муслиманите надвор од Арапскиот Полуостров. Извор: Noizz.rs

The post Знаете ли дека во Етиопија е 2014, годината трае 13 месеци, а полноќ е во 6 часот? appeared first on Република.

]]>
Николоски: Македонија по корупција е на исто ниво со Колумбија и Етиопија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-makedonija-po-korupcija-e-na-isto-nivo-so-kolumbija-i-etiopija/ Tue, 25 Jan 2022 22:46:00 +0000 https://republika.mk/?p=449445

Денеска стигна извештајот за корупција и Македонија е рангирана по корупција со Косово Колумбија Етиопија, Гвајана, Мароко, Суринам и Виетнам. Во едно вакво друштво кој нормален ќе ви даде почеток на преговори со ЕУ кога земјите членки се во првите 30 места. Најлошо рангирана е Бугарија, но и таа е далеку пред нас, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, за „јади бурек“ на Телевизија Сонце при што посочи дека корупцијата е една од причините зошто многу земји членки не сакаат да не видат во исто друштво со нив.

Николоски истакна дека проблемот зошто Македонија не почнува преговори, не е светски заговор или неправда туку затоа што државата не е средена.

Нема функционален систем на владеење на право, нема борба против корупција, државата економски не расте, ниту со странски инвестиции ниту се стимулираат домашните компании, рече Николоски.

Тој посочи дека ако земјите членки се убедени дека Македонија заслужува да биде дел од ЕУ, ќе пуштат дипломатски тешкаш кој ќе изврши влијание во Софија, но поради корупцијата и сите други работи, тоа не се случува.

Добар дел членки се против проширување. Од нивна гледна точка тоа може да изгледа правилно, од друга страна има притисок за проширување по логиката ако ги интегрираме ќе ги менуваме, но контрааргумент на тоа се Романија и Бугарија кои по влезот пропаднаа и се иселија. Затоа некои земји членки сметаат дека не сме спремни, со овој степен на корупција со невладеење на правото, државата нема теорија да стане членка на ЕУ, потенцираше Николоски.

The post Николоски: Македонија по корупција е на исто ниво со Колумбија и Етиопија appeared first on Република.

]]>

Денеска стигна извештајот за корупција и Македонија е рангирана по корупција со Косово Колумбија Етиопија, Гвајана, Мароко, Суринам и Виетнам. Во едно вакво друштво кој нормален ќе ви даде почеток на преговори со ЕУ кога земјите членки се во првите 30 места. Најлошо рангирана е Бугарија, но и таа е далеку пред нас, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, за „јади бурек“ на Телевизија Сонце при што посочи дека корупцијата е една од причините зошто многу земји членки не сакаат да не видат во исто друштво со нив. Николоски истакна дека проблемот зошто Македонија не почнува преговори, не е светски заговор или неправда туку затоа што државата не е средена.
Нема функционален систем на владеење на право, нема борба против корупција, државата економски не расте, ниту со странски инвестиции ниту се стимулираат домашните компании, рече Николоски.
Тој посочи дека ако земјите членки се убедени дека Македонија заслужува да биде дел од ЕУ, ќе пуштат дипломатски тешкаш кој ќе изврши влијание во Софија, но поради корупцијата и сите други работи, тоа не се случува.
Добар дел членки се против проширување. Од нивна гледна точка тоа може да изгледа правилно, од друга страна има притисок за проширување по логиката ако ги интегрираме ќе ги менуваме, но контрааргумент на тоа се Романија и Бугарија кои по влезот пропаднаа и се иселија. Затоа некои земји членки сметаат дека не сме спремни, со овој степен на корупција со невладеење на правото, државата нема теорија да стане членка на ЕУ, потенцираше Николоски.

The post Николоски: Македонија по корупција е на исто ниво со Колумбија и Етиопија appeared first on Република.

]]>