„Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/etika-umetnosta-na-glumetsot-i-na-rezhiserot/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Dec 2023 08:00:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/etika-umetnosta-na-glumetsot-i-na-rezhiserot/ 32 32 Промоција на „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски во Театар Комедија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-etika-umetnosta-na-glumetsot-i-na-rezhiserot-od-konstantin-stanislavski-vo-teatar-komedija/ Thu, 21 Dec 2023 08:00:32 +0000 https://republika.mk/?p=725097

Театар Комедија денеска ќе ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски во превод на Наташа Атанасова.

Како што соопшти театарот, македонското издание „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ содржи два есеја – „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, и предговор од театрологот Деспина Ангеловска, а се заснова на зборникот „Etika: Umetnost glumca i reditelja” (Белград, 1996), приреден од Радослав Лазиќ.

Театрологот Ангеловска во предговорот ќе забележи дека „во ерата на глобализацијата, комерцијализацијата и загубата на утопиите, се наметнува потребата од навраќање на будната мисла на Станиславски“.

-Станиславски ги поставува клучните прашања за „основните вредности“ и „мисијата“ на театарот и уметноста, соочувајќи нè со одговорноста што ја имаме кон нив. За Станиславски, етиката и естетиката се неразделно поврзани, и само спојот на двете го овозможува создавањето на вистинското уметничко дело, наведува Ангеловска.

Константин Станиславски (1863 − 1938) е руски актер, режисер и педагог, основач на Московскиот уметнички театар во 1898 година. Најпознат е по развивањето на теоријата на глумата, позната и како Системот на Станиславски. Според Станиславски, театарот е уметност од општествено значење. Тој верувал дека театарот има силно влијание врз луѓето и дека глумецот мора да служи како народен просветител.

-Станиславски сметал дека прашањето за етиката и моралот претставува многу важно начело на театарското уметничко творење. Моралниот чин на поединецот во сложениот театарски организам, личноста во ансамблот, нејзината задача и нејзината улога во битието на театарот, претставуваат суштински вредности во есеите „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, посочува Театар Комедија.

Изданието ќе го промовира Дарко Спасов, драматург и директор на Театар Комедија, кој работеше на неговото уредување и подготовка.

 

The post Промоција на „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

Театар Комедија денеска ќе ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски во превод на Наташа Атанасова. Како што соопшти театарот, македонското издание „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ содржи два есеја – „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, и предговор од театрологот Деспина Ангеловска, а се заснова на зборникот „Etika: Umetnost glumca i reditelja” (Белград, 1996), приреден од Радослав Лазиќ. Театрологот Ангеловска во предговорот ќе забележи дека „во ерата на глобализацијата, комерцијализацијата и загубата на утопиите, се наметнува потребата од навраќање на будната мисла на Станиславски“. -Станиславски ги поставува клучните прашања за „основните вредности“ и „мисијата“ на театарот и уметноста, соочувајќи нè со одговорноста што ја имаме кон нив. За Станиславски, етиката и естетиката се неразделно поврзани, и само спојот на двете го овозможува создавањето на вистинското уметничко дело, наведува Ангеловска. Константин Станиславски (1863 − 1938) е руски актер, режисер и педагог, основач на Московскиот уметнички театар во 1898 година. Најпознат е по развивањето на теоријата на глумата, позната и како Системот на Станиславски. Според Станиславски, театарот е уметност од општествено значење. Тој верувал дека театарот има силно влијание врз луѓето и дека глумецот мора да служи како народен просветител. -Станиславски сметал дека прашањето за етиката и моралот претставува многу важно начело на театарското уметничко творење. Моралниот чин на поединецот во сложениот театарски организам, личноста во ансамблот, нејзината задача и нејзината улога во битието на театарот, претставуваат суштински вредности во есеите „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, посочува Театар Комедија. Изданието ќе го промовира Дарко Спасов, драматург и директор на Театар Комедија, кој работеше на неговото уредување и подготовка.  

The post Промоција на „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>
Театар Комедија ќе ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatar-komedija-ke-ja-promovira-knigata-etika-umetnosta-na-glumetsot-i-na-rezhiserot-od-konstantin-stanislavski/ Mon, 18 Dec 2023 07:36:54 +0000 https://republika.mk/?p=724105

Театар Комедија ја заокружува својата исклучително успешна година со објавување на книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски, во превод на Наташа Атанасова. Промоцијата на книгата ќе се одржи на 21 декември (четврток), со почеток во 12 часот, во „Бистро Комедија“ и ќе биде од отворен карактер. Изданието ќе го промовира драматургот и директор на Театар Комедија, Дарко Спасов, кој воедно работеше на уредувањето и подготовката на книгата.

Македонското издание „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ содржи два есеја, „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, и предговор од театрологот Деспина Ангеловска, а се заснова на зборникот „Etika: Umetnost glumca i reditelja” (Белград, 1996), приреден од Радослав Лазиќ.

За важноста на етиката на Станиславски во театарската уметност, Деспина Ангеловска во својот предговор ќе забележи: „Во ерата на глобализацијата, комерцијализацијата и загубата на утопиите, се наметнува потребата од навраќање на будната мисла на Станиславски, кој ги поставува клучните прашања за ’основните вредности‘ и ’мисијата‘ на театарот и уметноста, соочувајќи нè со одговорноста што ја имаме кон нив. За Станиславски, етиката и естетиката се неразделно поврзани, и само спојот на двете го овозможува создавањето на вистинското уметничко дело“.

Константин Станиславски (1863 − 1938) е руски актер, режисер и педагог, основач на Московскиот уметнички театар во 1898 година. Тој е најпознат по развивањето на теоријата на глумата, позната и како Системот на Станиславски. Според Станиславски, театарот е уметност од општествено значење. Тој верувал дека театарот има силно влијание врз луѓето и дека глумецот мора да служи како народен просветител.

Станиславски сметал дека прашањето за етиката и моралот претставува многу важно начело на театарското уметничко творење. Моралниот чин на поединецот во сложениот театарски организам, личноста во ансамблот, нејзината задача и нејзината улога во битието на театарот, претставуваат суштински вредности во есеите „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“.

Изданието „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ е некомерцијално и не може да се најде во слободна продажба.

The post Театар Комедија ќе ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски appeared first on Република.

]]>

Театар Комедија ја заокружува својата исклучително успешна година со објавување на книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски, во превод на Наташа Атанасова. Промоцијата на книгата ќе се одржи на 21 декември (четврток), со почеток во 12 часот, во „Бистро Комедија“ и ќе биде од отворен карактер. Изданието ќе го промовира драматургот и директор на Театар Комедија, Дарко Спасов, кој воедно работеше на уредувањето и подготовката на книгата. Македонското издание „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ содржи два есеја, „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, и предговор од театрологот Деспина Ангеловска, а се заснова на зборникот „Etika: Umetnost glumca i reditelja” (Белград, 1996), приреден од Радослав Лазиќ. За важноста на етиката на Станиславски во театарската уметност, Деспина Ангеловска во својот предговор ќе забележи: „Во ерата на глобализацијата, комерцијализацијата и загубата на утопиите, се наметнува потребата од навраќање на будната мисла на Станиславски, кој ги поставува клучните прашања за ’основните вредности‘ и ’мисијата‘ на театарот и уметноста, соочувајќи нè со одговорноста што ја имаме кон нив. За Станиславски, етиката и естетиката се неразделно поврзани, и само спојот на двете го овозможува создавањето на вистинското уметничко дело“. Константин Станиславски (1863 − 1938) е руски актер, режисер и педагог, основач на Московскиот уметнички театар во 1898 година. Тој е најпознат по развивањето на теоријата на глумата, позната и како Системот на Станиславски. Според Станиславски, театарот е уметност од општествено значење. Тој верувал дека театарот има силно влијание врз луѓето и дека глумецот мора да служи како народен просветител. Станиславски сметал дека прашањето за етиката и моралот претставува многу важно начело на театарското уметничко творење. Моралниот чин на поединецот во сложениот театарски организам, личноста во ансамблот, нејзината задача и нејзината улога во битието на театарот, претставуваат суштински вредности во есеите „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“. Изданието „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ е некомерцијално и не може да се најде во слободна продажба.

The post Театар Комедија ќе ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски appeared first on Република.

]]>