ЕТИАС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/etias/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Oct 2023 22:44:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕТИАС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/etias/ 32 32 Од следната година за влез во Шенген зоната ќе ни треба виза која нема да се нарекува виза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kaj-shto-ke-ostaneme-bez-pasoshi-od-slednata-godina-za-vlez-vo-shengen-zonata-ke-ni-treba-viza-koja-nema-da-se-narekuva-viza/ Thu, 05 Oct 2023 07:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=687892

Македонските граѓани од следната година покрај проблемите со пасошите ќе се соочат и со други административни проблеми за патување во земјите на ЕУ.

Со системот ETIAS сите патници кои немаат пасоши од земјите на ЕУ ќе треба да добијат дозвола за влез во Европската унија, најверојатно ќе се применува од јануари 2024 година.

Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) е планиран, целосно електронски систем за одобрување влез во Европската унија или земјите од Шенген, за патници од земји на кои моментално не им е потребна виза за влез во ЕУ.

Формуларот ќе се пополнува онлајн, а сите апликанти на возраст од 18 до 70 години ќе треба да платат такса од седум евра.

The post Од следната година за влез во Шенген зоната ќе ни треба виза која нема да се нарекува виза appeared first on Република.

]]>

Македонските граѓани од следната година покрај проблемите со пасошите ќе се соочат и со други административни проблеми за патување во земјите на ЕУ. Со системот ETIAS сите патници кои немаат пасоши од земјите на ЕУ ќе треба да добијат дозвола за влез во Европската унија, најверојатно ќе се применува од јануари 2024 година. Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) е планиран, целосно електронски систем за одобрување влез во Европската унија или земјите од Шенген, за патници од земји на кои моментално не им е потребна виза за влез во ЕУ. Формуларот ќе се пополнува онлајн, а сите апликанти на возраст од 18 до 70 години ќе треба да платат такса од седум евра.

The post Од следната година за влез во Шенген зоната ќе ни треба виза која нема да се нарекува виза appeared first on Република.

]]>
Од 2023 година, ЕУ ќе почне да ни го ограничува безвизниот режим https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-2023-godina-eu-ke-pochne-da-ni-go-ogranichuva-bezvizniot-rezhim/ Tue, 27 Dec 2022 18:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=590689

Почнувајќи од 2023 година, се очекува Европската Унија да почне да го применува системот ЕТИАС. Овој систем, доколку биде комплетиран, ќе претставува чекор назад за балканските земји и други држави од светот кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување до земјите членки на ЕУ.

Според ЕТИАС, патниците ќе мора да поднесат потврда за својот идентитет, да испратат копија од патната исправа и да одговорат на низа прашања за причината за патување и прашања поврзани со нивниот имотен, сеемен статус, кривично минато, престој во конфликтни држави и на други чувствителни теми. Ќе се наплати и такса од 7 евра за сите патници на возраст од 18 до 70 години.

За разлика од сегашниот модел, каде државјаните на Македонија и другите балкански држави - освен Косово - генерално слободно можат да ги поминат границите на членките на ЕУ, според моделот ЕТИАС, ќе мораме да чекаме одговор од земјата во која сакаме да патуваме, кој може да биде и негативен. Еднаш добиената ЕТИАС виза потоа ќе биде валидна за три години.

Во Брисел се уште не се сигурни кога овој систем ќе биде пуштен во дејство, бидејќи Унијата се соочува со силен притисок од држави кои сакаат да ја избегнат оваа мерка - вклучително и од Британија, која стравува дека и нејзините граѓани ќе бидат ставени на истата листа со Балканците.

Оваа мерка е едно од ограничувањата кое земјите кои се чувствуваат загрозени од големиот наплив на мигранти, како Холандија, ги бараат за да се ограничи пристапот на балкански државјани до ЕУ. Системот ќе важи и за соседните држави, како Бугарија и Грција, како и за земји кои не се членки на ЕУ како Норвешка и Швајцарија. Системот ќе се однесува за граѓаните на преку 60 држави кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување во ЕУ.

The post Од 2023 година, ЕУ ќе почне да ни го ограничува безвизниот режим appeared first on Република.

]]>

Почнувајќи од 2023 година, се очекува Европската Унија да почне да го применува системот ЕТИАС. Овој систем, доколку биде комплетиран, ќе претставува чекор назад за балканските земји и други држави од светот кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување до земјите членки на ЕУ. Според ЕТИАС, патниците ќе мора да поднесат потврда за својот идентитет, да испратат копија од патната исправа и да одговорат на низа прашања за причината за патување и прашања поврзани со нивниот имотен, сеемен статус, кривично минато, престој во конфликтни држави и на други чувствителни теми. Ќе се наплати и такса од 7 евра за сите патници на возраст од 18 до 70 години. За разлика од сегашниот модел, каде државјаните на Македонија и другите балкански држави - освен Косово - генерално слободно можат да ги поминат границите на членките на ЕУ, според моделот ЕТИАС, ќе мораме да чекаме одговор од земјата во која сакаме да патуваме, кој може да биде и негативен. Еднаш добиената ЕТИАС виза потоа ќе биде валидна за три години. Во Брисел се уште не се сигурни кога овој систем ќе биде пуштен во дејство, бидејќи Унијата се соочува со силен притисок од држави кои сакаат да ја избегнат оваа мерка - вклучително и од Британија, која стравува дека и нејзините граѓани ќе бидат ставени на истата листа со Балканците. Оваа мерка е едно од ограничувањата кое земјите кои се чувствуваат загрозени од големиот наплив на мигранти, како Холандија, ги бараат за да се ограничи пристапот на балкански државјани до ЕУ. Системот ќе важи и за соседните држави, како Бугарија и Грција, како и за земји кои не се членки на ЕУ како Норвешка и Швајцарија. Системот ќе се однесува за граѓаните на преку 60 држави кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување во ЕУ.

The post Од 2023 година, ЕУ ќе почне да ни го ограничува безвизниот режим appeared first on Република.

]]>
За влез во ЕУ ќе се наплаќа по 7 евра од ноември наместо од мај идната година https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/za-vlez-vo-eu-kje-se-naplakja-po-7-evra-od-noemvri-namesto-od-maj-idnata-godina/ Mon, 08 Aug 2022 11:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=538001

Европската Унија (ЕУ) го одложи почетокот на примената на Европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС), според кој патниците надвор од ЕУ ќе плаќаат седум евра за влез. Овој систем ќе почне да се применува од ноември 2023, а не како што беше најавено во мај 2023.

ЕТИАС е систем наменет за секој жител на земја надвор од ЕУ, а на која не ѝ треба виза за влез. Овој систем нема да биде за оние кои досега требале да вадат визи за влез во ЕУ. Жителите надвор од ЕУ, меѓу кои и Македонците, ќе треба да се пријават за влез во ЕУ пред да патуваат, а тоа ќе ги чини седум евра. Пријавувањето ќе се врши со пополнување на краток онлајн-формулар и прикачување фотографија од пасош. Сите посетители на возраст од 18 до 70 години кои пристигнуваат во ЕУ од странство ќе мора да аплицираат за престој во рамките на Шенген преку ЕТИАС и да платат.

Овој услов ќе важи за сите британски и американски посетители, но и за БиХ, Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора.

Плановите за воведување на ЕТИАС се во сила веќе неколку години, а неговата цел е да се воспостави подобар систем за надзор на шенгенските граници преку претходна проверка на патниците. Шенген ги вклучува повеќето земји-членки на ЕУ, но и земји како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

The post За влез во ЕУ ќе се наплаќа по 7 евра од ноември наместо од мај идната година appeared first on Република.

]]>

Европската Унија (ЕУ) го одложи почетокот на примената на Европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС), според кој патниците надвор од ЕУ ќе плаќаат седум евра за влез. Овој систем ќе почне да се применува од ноември 2023, а не како што беше најавено во мај 2023. ЕТИАС е систем наменет за секој жител на земја надвор од ЕУ, а на која не ѝ треба виза за влез. Овој систем нема да биде за оние кои досега требале да вадат визи за влез во ЕУ. Жителите надвор од ЕУ, меѓу кои и Македонците, ќе треба да се пријават за влез во ЕУ пред да патуваат, а тоа ќе ги чини седум евра. Пријавувањето ќе се врши со пополнување на краток онлајн-формулар и прикачување фотографија од пасош. Сите посетители на возраст од 18 до 70 години кои пристигнуваат во ЕУ од странство ќе мора да аплицираат за престој во рамките на Шенген преку ЕТИАС и да платат. Овој услов ќе важи за сите британски и американски посетители, но и за БиХ, Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора. Плановите за воведување на ЕТИАС се во сила веќе неколку години, а неговата цел е да се воспостави подобар систем за надзор на шенгенските граници преку претходна проверка на патниците. Шенген ги вклучува повеќето земји-членки на ЕУ, но и земји како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

The post За влез во ЕУ ќе се наплаќа по 7 евра од ноември наместо од мај идната година appeared first on Република.

]]>