ЕСЗ Тигар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esz-tigar/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Mar 2022 08:47:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕСЗ Тигар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esz-tigar/ 32 32 Бајрами: Зошто нема Албанци меѓу „Тигрите“, дали се терористи? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bajrami-zoshto-nema-albanci-megju-tigrite-dali-se-teroristi/ Tue, 15 Mar 2022 08:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=472989

Алијанса за Албанците на вчерашната прес-конференција побара одговорност од Владата и МВР затоа што нема Албанци во полициската единица „Тигар“. Албанската опозиција сака да ги дознае причините за етничката дискриминација на Албанците во оваа единица, обвинувајќи ја ДУИ дека е виновна зашто нема полицајци Албанци.

Наим Бајрами од партијата рече дека со тоа што не се примаат Албанци, „Владата автоматски ги третира Албанците како терористи“.

Бидејќи „Тигрите“ се нарекуваат антитерористички единици, ја прашуваме Владата и ресорното министерство дали Албанците на кои им забранувате учество се третираат како терористи или неспособни и несакани за оваа земја?, рече Бајрами од Алијанса за Албанците.

The post Бајрами: Зошто нема Албанци меѓу „Тигрите“, дали се терористи? appeared first on Република.

]]>

Алијанса за Албанците на вчерашната прес-конференција побара одговорност од Владата и МВР затоа што нема Албанци во полициската единица „Тигар“. Албанската опозиција сака да ги дознае причините за етничката дискриминација на Албанците во оваа единица, обвинувајќи ја ДУИ дека е виновна зашто нема полицајци Албанци. Наим Бајрами од партијата рече дека со тоа што не се примаат Албанци, „Владата автоматски ги третира Албанците како терористи“.
Бидејќи „Тигрите“ се нарекуваат антитерористички единици, ја прашуваме Владата и ресорното министерство дали Албанците на кои им забранувате учество се третираат како терористи или неспособни и несакани за оваа земја?, рече Бајрами од Алијанса за Албанците.

The post Бајрами: Зошто нема Албанци меѓу „Тигрите“, дали се терористи? appeared first on Република.

]]>
Тигрите денс одбележуваат 41 година од формирањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tigrite-dens-odbelezuvaat-41-godina-od-formiranjeto/ Sun, 13 Mar 2022 09:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=471986

Денеска Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во касарната „Илинден“ одбележува 41 година од формирањето.

На 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“.

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи како на пример диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.

На 13 март 2021, покрај 40 годишниот јубилеј од формирањето на единицата, Единица за специјални задачи (ЕСЗ) беше преименувана во Специјална антитерористичка единица (САЕ).

САЕ Тигар е организирана како посебна единица во Бирото за јавна безбедност со намена за:

Планирање и извршување најсложени задачи во борба против тероризмот
Решавање заложнички ситуации и ситуации со забарикадирани опасни лица
Апсење криминалци и криминални групи
Решавање ситуации во случај на пружање отпор со огнено оружје
Обезбедување загрозени ВИП личности и објекти
Давање асистенција во борбата против организираниот криминал
Спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени
Обука и едукација на кадри

The post Тигрите денс одбележуваат 41 година од формирањето appeared first on Република.

]]>

Денеска Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во касарната „Илинден“ одбележува 41 година од формирањето. На 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“. Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи како на пример диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина. На 13 март 2021, покрај 40 годишниот јубилеј од формирањето на единицата, Единица за специјални задачи (ЕСЗ) беше преименувана во Специјална антитерористичка единица (САЕ). САЕ Тигар е организирана како посебна единица во Бирото за јавна безбедност со намена за: Планирање и извршување најсложени задачи во борба против тероризмот Решавање заложнички ситуации и ситуации со забарикадирани опасни лица Апсење криминалци и криминални групи Решавање ситуации во случај на пружање отпор со огнено оружје Обезбедување загрозени ВИП личности и објекти Давање асистенција во борбата против организираниот криминал Спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени Обука и едукација на кадри

The post Тигрите денс одбележуваат 41 година од формирањето appeared first on Република.

]]>