естонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/estonija/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 15:39:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png естонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/estonija/ 32 32 Полска и балтичките земји ќе градат одбранбена линија кон Русија долга 700 километри https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-i-baltichkite-zemji-ke-gradat-odbranbena-linija-kon-rusija-dolga-700-kilometri/ Fri, 28 Jun 2024 16:14:24 +0000 https://republika.mk/?p=791573

Полска, Литванија, Летонија и Естонија сакаат да изградат одбранбена линија од 700 километри долж границите со Руската Федерација и Белорусија.

Како што пренесува „Ројтерс“, трошоците за создавање ваков одбранбен инфраструктурен систем се 2,67 милијарди долари. Веќе е испратено писмо до претседателот на Европската Унија со барање да се организира финансирање.

Според лидерите на четирите земји, проектот чија цел е „заштита на блокот од 27 земји“ со население од 450 милиони луѓе ќе бара средства од сите членки на Унијата.

Ваквите планови доаѓаат во време кога вооружените сили на Полска почнаа им нудат на своите граѓани програма „одмор со армијата“. Во овој проект може да учествуваат лица на возраст од 18 до 35 години, за што ќе добијат уплата од 6.000 злоти (малку повеќе од 1.400 евра).

Обуката ќе трае 28 дена, по што учесниците мора да положат воена заклетва. По завршувањето на програмата, регрутите можат да одат во резерва или да служат во територијалната одбрана.

Целта на проектот е да се подготви за потенцијален конфликт со Русија.

The post Полска и балтичките земји ќе градат одбранбена линија кон Русија долга 700 километри appeared first on Република.

]]>

Полска, Литванија, Летонија и Естонија сакаат да изградат одбранбена линија од 700 километри долж границите со Руската Федерација и Белорусија. Како што пренесува „Ројтерс“, трошоците за создавање ваков одбранбен инфраструктурен систем се 2,67 милијарди долари. Веќе е испратено писмо до претседателот на Европската Унија со барање да се организира финансирање. Според лидерите на четирите земји, проектот чија цел е „заштита на блокот од 27 земји“ со население од 450 милиони луѓе ќе бара средства од сите членки на Унијата. Ваквите планови доаѓаат во време кога вооружените сили на Полска почнаа им нудат на своите граѓани програма „одмор со армијата“. Во овој проект може да учествуваат лица на возраст од 18 до 35 години, за што ќе добијат уплата од 6.000 злоти (малку повеќе од 1.400 евра). Обуката ќе трае 28 дена, по што учесниците мора да положат воена заклетва. По завршувањето на програмата, регрутите можат да одат во резерва или да служат во територијалната одбрана. Целта на проектот е да се подготви за потенцијален конфликт со Русија.

The post Полска и балтичките земји ќе градат одбранбена линија кон Русија долга 700 километри appeared first on Република.

]]>
Естонија ќе дозволи гласање на изборите со мобилни телефони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/estonija-ke-dozvoli-glasane-na-izborite-so-mobilni-telefoni/ Wed, 08 May 2024 07:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=775232

Граѓаните на Естонија во иднина ќе можат да гласаат на избори преку мобилен телефон, откако Парламентот во Талин го одобри законот предложен од Владата.

Според предлог-законот, електронското гласање нема да биде можно само на компјутери, туку и преку специјални апликации за заеднички оперативни системи на мобилни уреди.

Техничките услови ги утврдува избирачкиот одбор пред секои избори.

Измената на законот треба да стапи на сила во октомври, па опцијата за гласање со мобилен телефон се уште нема да може да се користи на изборите за Европскиот парламент во јуни.

Според естонскиот министер за економија и ИТ, Тиит Риисал, новиот закон има за цел да ја земе предвид промената во однесувањето на граѓаните.

„Значителен дел од секојдневните дигитални активности на луѓето се префрли од компјутери на паметни уреди, а е-Естонија мора да биде достапна за сите на овие нови и широко распространети платформи“, рече министерот.

Во 2005 година, Естонија беше првата земја во Европа што овозможи онлајн гласање на политички избори.

Во балтичката држава, која сака да се нарекува себеси е-Естонија, на парламентарните избори во март 2023 година повеќе од половина од сите гласови беа дигитално дадени.

Граѓаните на таа балтичка држава, исто така, можат да прават речиси сè онлајн во секојдневниот живот.

Естонија се смета за пионер на дигитализацијата и електронската управа во Европа.

The post Естонија ќе дозволи гласање на изборите со мобилни телефони appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Естонија во иднина ќе можат да гласаат на избори преку мобилен телефон, откако Парламентот во Талин го одобри законот предложен од Владата. Според предлог-законот, електронското гласање нема да биде можно само на компјутери, туку и преку специјални апликации за заеднички оперативни системи на мобилни уреди. Техничките услови ги утврдува избирачкиот одбор пред секои избори. Измената на законот треба да стапи на сила во октомври, па опцијата за гласање со мобилен телефон се уште нема да може да се користи на изборите за Европскиот парламент во јуни. Според естонскиот министер за економија и ИТ, Тиит Риисал, новиот закон има за цел да ја земе предвид промената во однесувањето на граѓаните. „Значителен дел од секојдневните дигитални активности на луѓето се префрли од компјутери на паметни уреди, а е-Естонија мора да биде достапна за сите на овие нови и широко распространети платформи“, рече министерот. Во 2005 година, Естонија беше првата земја во Европа што овозможи онлајн гласање на политички избори. Во балтичката држава, која сака да се нарекува себеси е-Естонија, на парламентарните избори во март 2023 година повеќе од половина од сите гласови беа дигитално дадени. Граѓаните на таа балтичка држава, исто така, можат да прават речиси сè онлајн во секојдневниот живот. Естонија се смета за пионер на дигитализацијата и електронската управа во Европа.

The post Естонија ќе дозволи гласање на изборите со мобилни телефони appeared first on Република.

]]>
Естонија се закани со затворање на православните цркви кои нема да ги прекинат врските со Руската црква https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/estonija-se-zakani-so-zatvorane-na-pravoslavnite-tsrkvi-koi-nema-da-gi-prekinat-vrskite-so-ruskata-tsrkva/ Sat, 04 May 2024 09:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=774033

Естонија се закани дека ќе ги затвори сите православни цркви коишто нема да ги прекинат врските со Руската православна црква (РПЦ).

Постои канонска врска меѓу Московската патријаршија и Естонската православна црква на Московската патријаршија - тие се дел од еден ентитет. Целта на Естонија е да ги прекине сите односи, канонски и правни, на локалните верски заедници со Москва“, изјави шефот на Министерството за внатрешни работи на земјата, Лаури Ланеметс.

Ланеметс додаде дека оние парохии кои ќе му останат верни на рускиот патријарх Кирил и нема да се откажат од врската со РПЦ ќе бидат принудени во одреден момент да ја прекинат својата активност.

The post Естонија се закани со затворање на православните цркви кои нема да ги прекинат врските со Руската црква appeared first on Република.

]]>

Естонија се закани дека ќе ги затвори сите православни цркви коишто нема да ги прекинат врските со Руската православна црква (РПЦ).
Постои канонска врска меѓу Московската патријаршија и Естонската православна црква на Московската патријаршија - тие се дел од еден ентитет. Целта на Естонија е да ги прекине сите односи, канонски и правни, на локалните верски заедници со Москва“, изјави шефот на Министерството за внатрешни работи на земјата, Лаури Ланеметс.
Ланеметс додаде дека оние парохии кои ќе му останат верни на рускиот патријарх Кирил и нема да се откажат од врската со РПЦ ќе бидат принудени во одреден момент да ја прекинат својата активност.

The post Естонија се закани со затворање на православните цркви кои нема да ги прекинат врските со Руската црква appeared first on Република.

]]>
Естонија му нареди на Архиепископот на Естонската православна црква да ја напушти земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/estonija-mu-naredi-na-arhiepiskopot-na-estonskata-pravoslavna-tsrkva-da-ja-napushti-zemjata/ Tue, 06 Feb 2024 21:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=741179

Продолжува политизацијата на Црквата во земји од од Европа.

Архиепископот на Талин и цела Естонија Евгениј (Решетников) ќе ја напушти земјата на 6 февруари, соопшти Естонската православна црква.

Естонските власти неодамна одлучија да не ја обноват дозволата за престој на Архиепископот, со образложение дека „тој претставува закана за државната безбедност со тоа што не ги осудил постапките на Русија во Украина“.

Самиот архиепископ одлуката ја нарече политички мотивирана. Тој има намера да продолжи да ја води Естонската православна црква во егзил како водач избран од Синодот.

The post Естонија му нареди на Архиепископот на Естонската православна црква да ја напушти земјата appeared first on Република.

]]>

Продолжува политизацијата на Црквата во земји од од Европа. Архиепископот на Талин и цела Естонија Евгениј (Решетников) ќе ја напушти земјата на 6 февруари, соопшти Естонската православна црква. Естонските власти неодамна одлучија да не ја обноват дозволата за престој на Архиепископот, со образложение дека „тој претставува закана за државната безбедност со тоа што не ги осудил постапките на Русија во Украина“. Самиот архиепископ одлуката ја нарече политички мотивирана. Тој има намера да продолжи да ја води Естонската православна црква во егзил како водач избран од Синодот.

The post Естонија му нареди на Архиепископот на Естонската православна црква да ја напушти земјата appeared first on Република.

]]>
НАТО има најмалку три години да се подготви за војна со Русија, вели естонската премиерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-ima-najmalku-tri-godini-da-se-podgotvi-za-vojna-so-rusija-veli-estonskata-premierka/ Tue, 16 Jan 2024 17:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=733745

НАТО има три до пет години да се подготви за можна директна конфронтација со Русија, изјави за Тајмс премиерката на Естонија, Каја Калас.

Минатата недела германските медиуми тврдеа дека Берлин се подготвува за непријателства со Русија, кои според нив може да да се случат уште во летото 2025 година. Москва ги отфрли ваквите шпекулации.

Премиерката Калас рече дека естонската разузнавачка служба VLA предвидела временска рамка од три до пет години, истакнувајќи: „Mногу зависи од тоа како ќе управуваме со нашето единство и како ќе го задржиме нашиот став во однос на Украина“.

„Она што Русија го сака е пауза, а оваа пауза е за да ги собере своите ресурси и сила. Слабоста ги провоцира агресорите, па слабоста ја провоцира и Русија“, изјави таа за британскиот весник.

Овој месец, Естонија, која ја дели границата со Русија, вети 1,2 милијарди евра (1,3 милијарди долари) помош за Украина до 2027 година. Минатата недела, украинскиот претседател Володимир Зеленкси ја посети Естонија, како и Латвија и Литванија.

Украинската влада со години тврди дека нејзината борба со Русија била во одбрана на Европа, тврдејќи дека таа ги споделува демократските вредности на Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден тврдеше дека Москва може да нападне земји на НАТО, ако ја победи Украина, а во такво сценарио Американците ќе мора да ги бранат Европејците.

На украинската влада и беше потешко да обезбеди помош од Западот, бидејќи нејзините обиди да спроведе контраофанзива против руските сили минатата година не успеаја да донесат значителни територијални придобивки. Дополнително, ЕУ не успеа да одвои средства за Киев поради приговорите на Унгарија.

Москва ги негираше тврдењата на Западот дека нејзиниот конфликт со Киев е империјалистички по природа и има за цел територијално освојување. Според руското раководство, САД и нивните сојузници ги ескалирале тензиите со проширување на НАТО во Европа, кршејќи ги нивните вербални ветувања и покрај руските приговори.

Ветувањето на блокот на крајот да ја прифати Украина и практичните чекори во таа насока по вооружениот пуч во Киев во 2014 година, претставува неприфатлива закана за руската национална безбедност, изјавија властите во Москва.

Извештајот за германските подготовки објавен од таблоидот Билд во неделата се заснова на наводен доверлив документ на Министерството за одбрана, во кој е детално опишано како може да се одвива можна директна конфронтација на НАТО со Русија. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во понеделникот го исмеа предвидувањето, споредувајќи го со хороскопска прогноза.

The post НАТО има најмалку три години да се подготви за војна со Русија, вели естонската премиерка appeared first on Република.

]]>

НАТО има три до пет години да се подготви за можна директна конфронтација со Русија, изјави за Тајмс премиерката на Естонија, Каја Калас. Минатата недела германските медиуми тврдеа дека Берлин се подготвува за непријателства со Русија, кои според нив може да да се случат уште во летото 2025 година. Москва ги отфрли ваквите шпекулации. Премиерката Калас рече дека естонската разузнавачка служба VLA предвидела временска рамка од три до пет години, истакнувајќи: „Mногу зависи од тоа како ќе управуваме со нашето единство и како ќе го задржиме нашиот став во однос на Украина“. „Она што Русија го сака е пауза, а оваа пауза е за да ги собере своите ресурси и сила. Слабоста ги провоцира агресорите, па слабоста ја провоцира и Русија“, изјави таа за британскиот весник. Овој месец, Естонија, која ја дели границата со Русија, вети 1,2 милијарди евра (1,3 милијарди долари) помош за Украина до 2027 година. Минатата недела, украинскиот претседател Володимир Зеленкси ја посети Естонија, како и Латвија и Литванија. Украинската влада со години тврди дека нејзината борба со Русија била во одбрана на Европа, тврдејќи дека таа ги споделува демократските вредности на Украина. Американскиот претседател Џо Бајден тврдеше дека Москва може да нападне земји на НАТО, ако ја победи Украина, а во такво сценарио Американците ќе мора да ги бранат Европејците. На украинската влада и беше потешко да обезбеди помош од Западот, бидејќи нејзините обиди да спроведе контраофанзива против руските сили минатата година не успеаја да донесат значителни територијални придобивки. Дополнително, ЕУ не успеа да одвои средства за Киев поради приговорите на Унгарија. Москва ги негираше тврдењата на Западот дека нејзиниот конфликт со Киев е империјалистички по природа и има за цел територијално освојување. Според руското раководство, САД и нивните сојузници ги ескалирале тензиите со проширување на НАТО во Европа, кршејќи ги нивните вербални ветувања и покрај руските приговори. Ветувањето на блокот на крајот да ја прифати Украина и практичните чекори во таа насока по вооружениот пуч во Киев во 2014 година, претставува неприфатлива закана за руската национална безбедност, изјавија властите во Москва. Извештајот за германските подготовки објавен од таблоидот Билд во неделата се заснова на наводен доверлив документ на Министерството за одбрана, во кој е детално опишано како може да се одвива можна директна конфронтација на НАТО со Русија. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во понеделникот го исмеа предвидувањето, споредувајќи го со хороскопска прогноза.

The post НАТО има најмалку три години да се подготви за војна со Русија, вели естонската премиерка appeared first on Република.

]]>
Естонија ќе „лови“ украински бегалци и ќе ги враќа во Украина за да одат на фронтот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/estonija-ke-lovi-ukrainski-begaltsi-i-ke-gi-vraka-vo-ukraina-za-da-odat-na-frontot/ Mon, 25 Dec 2023 19:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=726069

Естонија е подготвена да ги екстрадира Украинците на воена возраст, а слични планови најавуваат и Данска ои Полска.

Ако на Украина и треба, Естонија ќе може да ги најде овие луѓе и да и ги предаде“, изјави естонскиот министер за внатрешни работи, Лаури Ланеметс, зборувајќи за 7.000 украински бегалци во земјата.

За истиот потег размислува и Полска, која веќе спроведува екстрадиција на сторителите на кривични дела.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, неодамна изјави дека Киев ќе ги повика на должност сите Украинци на возраст за служење војска, вклучително и оние кои живеат на Запад.

А колку Украинците се добредојдени на Запад покажува и фактот што данскиот министер за имиграција, Каре Дибвад, изјави дека по завршувањето на конфликтот, 30.000 граѓани на Украина ќе мора да се вратат во својата земја.

The post Естонија ќе „лови“ украински бегалци и ќе ги враќа во Украина за да одат на фронтот appeared first on Република.

]]>

Естонија е подготвена да ги екстрадира Украинците на воена возраст, а слични планови најавуваат и Данска ои Полска.
Ако на Украина и треба, Естонија ќе може да ги најде овие луѓе и да и ги предаде“, изјави естонскиот министер за внатрешни работи, Лаури Ланеметс, зборувајќи за 7.000 украински бегалци во земјата.
За истиот потег размислува и Полска, која веќе спроведува екстрадиција на сторителите на кривични дела. Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, неодамна изјави дека Киев ќе ги повика на должност сите Украинци на возраст за служење војска, вклучително и оние кои живеат на Запад. А колку Украинците се добредојдени на Запад покажува и фактот што данскиот министер за имиграција, Каре Дибвад, изјави дека по завршувањето на конфликтот, 30.000 граѓани на Украина ќе мора да се вратат во својата земја.

The post Естонија ќе „лови“ украински бегалци и ќе ги враќа во Украина за да одат на фронтот appeared first on Република.

]]>
Алиу: Естонија ја поддржува Македонија за членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aliu-estonija-ja-poddrzhuva-makedonija-za-chlenstvo-vo-eu/ Tue, 05 Sep 2023 18:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=679104

Поддршката на Естонија за Македонија на патот кон Европската Унија е важен знак на солидарност и соработка меѓу земјите од Западен Балкан и другите европски земји, смета министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Тој е во службена посета во Естонија, во рамките на Дигиталниот самит во Талин (Talinn Digital Summit), каде секоја година се собираат лидери од целиот свет, за размена на перспективи и создавање идеи за тековните и идните предизвици.

Како што соопштија вечерва од МИОА, Алиу заедно со премиерот Димитар Ковачевски, се сретнал со премиерката на Естонија, Каја Калас.

Министерот изјавил дека Естонија продолжува да ја поддржува Македонија за членство во ЕУ.

Со премиерката Калас разговаравме за многу добрите односи, унапредувањето на соработката на различни области, со посебен акцент на дигиталното управување и ставовите на двете влади кон развојот и безбедноста на европскиот континент. Поддршката на Естонија за Македонија на патот кон Европската Унија е важен знак на солидарност и соработка меѓу земјите од Западен Балкан и другите европски земји. Оваа поддршка е многу важна во евроинтеграцискиот процес на нашата земја, истакнува Алиу.

 

The post Алиу: Естонија ја поддржува Македонија за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Поддршката на Естонија за Македонија на патот кон Европската Унија е важен знак на солидарност и соработка меѓу земјите од Западен Балкан и другите европски земји, смета министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу. Тој е во службена посета во Естонија, во рамките на Дигиталниот самит во Талин (Talinn Digital Summit), каде секоја година се собираат лидери од целиот свет, за размена на перспективи и создавање идеи за тековните и идните предизвици. Како што соопштија вечерва од МИОА, Алиу заедно со премиерот Димитар Ковачевски, се сретнал со премиерката на Естонија, Каја Калас. Министерот изјавил дека Естонија продолжува да ја поддржува Македонија за членство во ЕУ.
Со премиерката Калас разговаравме за многу добрите односи, унапредувањето на соработката на различни области, со посебен акцент на дигиталното управување и ставовите на двете влади кон развојот и безбедноста на европскиот континент. Поддршката на Естонија за Македонија на патот кон Европската Унија е важен знак на солидарност и соработка меѓу земјите од Западен Балкан и другите европски земји. Оваа поддршка е многу важна во евроинтеграцискиот процес на нашата земја, истакнува Алиу.
 

The post Алиу: Естонија ја поддржува Македонија за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
ЕК ги тужи Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата поради неусогласување со регулативите на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-gi-tuzhi-shvedska-estonija-i-luksemburg-pred-sudot-na-pravdata-poradi-neusoglasuvane-so-regulativite-na-eu/ Fri, 14 Jul 2023 13:01:59 +0000 https://republika.mk/?p=661379

Европската комисија денеска донесе одлуки да поднесе тужби против Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата на ЕУ поради неусогласување со регулативите на Европската Унија.

Шведска се товари дека не неуспеала во целст да ги примени правилата на ЕУ за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје, Естонија поради неусогласување на националното законодавство со Директивата за поефикасно спроведување и обезбедување на правилно функционирање на внатрешниот пазар, додека Луксембург е обвинет за несоодветно усогласување со Директивата против даночно затајување.

Според Еврокомисија, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Шведска не ги применила правилата за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје согласно Директивата на ЕУ за огнено оружје, со кои се бара оружјето да има јасна, трајна и единствена ознака.

Шведска не успеа целосно да ја имплементира Директивата до крајниот рок - 17 јануари 2020 година. Нецелосното усогласување од страна на Шведска ја загрозува целта на самата Директива за зајакнување на јавната безбедност во Унијата, посочува Европската комисија.

Брисел покрена прекршочна постапка против Шведска во мај 2020 година со испраќање на официјално писмо, по што во февруари 2022 година достави и образложение за одлуката. На 9 јуни годинава, шведските власти на Комисијата и доставија Нацрт-закон кој има за цел да ја имплементира Директивата, но тој се уште не е донесен, поради што извршното тело на Унијата реши да покрене постапка пред Судот на правдата.

Во однос на Естонија, Еврокомисијата смета дека земјата не успела да ја импементира Директивата ЕЦН+ за поефикасно спроведување и обезбедување на правилно функционирање на внатрешниот пазар, која ги обврзува власите на членките на ЕУ да ги спроведуваат антимонополските правила на Унијата.

Земјите членки на ЕУ беа обврзани да усвојат препораки и мерки за целосно усогласување со Директивата ЕЦН+ до 4 февруари 2021 година, Естонија доега не доставила до Брисел никакви одлуки во тој правец, поради што Европската комисија одлучи да ја тужи земјата пред Судот на правдата на ЕУ.

Луксембург, пак, се товари дека несоодветно го усогласил своето законодавство со Директивата против даночно затајување (АТАД1), во делот кој предвидува отстапки од обврската за плаќање камати на даночната основа за одредени финансиски друштва. Луксембург во својата регулатива во овие финанскиски друштва ги вклучил и правните субјектите што тргуваат со хартии од вредност, кои не се наоѓаат на листата утврдена со Директивата АТАД1.

Во мај 2020 година, Европската комисијата до Луксембург испрати писмо за формално известување за оваа неусогласеност, проследено со образложение доставено на 2 декември 2021 година и со барање земјата да изврши измени во своето законодавство во рок од два месеци.

- Бидејќи луксембуршкиот одговор на образложението не беше задоволителен, Комисијата сега одлучи да го упати Луксембург пред Судот на правдата на Европската Унија, се посочува во одлуката.

The post ЕК ги тужи Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата поради неусогласување со регулативите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска донесе одлуки да поднесе тужби против Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата на ЕУ поради неусогласување со регулативите на Европската Унија. Шведска се товари дека не неуспеала во целст да ги примени правилата на ЕУ за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје, Естонија поради неусогласување на националното законодавство со Директивата за поефикасно спроведување и обезбедување на правилно функционирање на внатрешниот пазар, додека Луксембург е обвинет за несоодветно усогласување со Директивата против даночно затајување. Според Еврокомисија, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Шведска не ги применила правилата за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје согласно Директивата на ЕУ за огнено оружје, со кои се бара оружјето да има јасна, трајна и единствена ознака.
Шведска не успеа целосно да ја имплементира Директивата до крајниот рок - 17 јануари 2020 година. Нецелосното усогласување од страна на Шведска ја загрозува целта на самата Директива за зајакнување на јавната безбедност во Унијата, посочува Европската комисија.
Брисел покрена прекршочна постапка против Шведска во мај 2020 година со испраќање на официјално писмо, по што во февруари 2022 година достави и образложение за одлуката. На 9 јуни годинава, шведските власти на Комисијата и доставија Нацрт-закон кој има за цел да ја имплементира Директивата, но тој се уште не е донесен, поради што извршното тело на Унијата реши да покрене постапка пред Судот на правдата. Во однос на Естонија, Еврокомисијата смета дека земјата не успела да ја импементира Директивата ЕЦН+ за поефикасно спроведување и обезбедување на правилно функционирање на внатрешниот пазар, која ги обврзува власите на членките на ЕУ да ги спроведуваат антимонополските правила на Унијата. Земјите членки на ЕУ беа обврзани да усвојат препораки и мерки за целосно усогласување со Директивата ЕЦН+ до 4 февруари 2021 година, Естонија доега не доставила до Брисел никакви одлуки во тој правец, поради што Европската комисија одлучи да ја тужи земјата пред Судот на правдата на ЕУ. Луксембург, пак, се товари дека несоодветно го усогласил своето законодавство со Директивата против даночно затајување (АТАД1), во делот кој предвидува отстапки од обврската за плаќање камати на даночната основа за одредени финансиски друштва. Луксембург во својата регулатива во овие финанскиски друштва ги вклучил и правните субјектите што тргуваат со хартии од вредност, кои не се наоѓаат на листата утврдена со Директивата АТАД1. Во мај 2020 година, Европската комисијата до Луксембург испрати писмо за формално известување за оваа неусогласеност, проследено со образложение доставено на 2 декември 2021 година и со барање земјата да изврши измени во своето законодавство во рок од два месеци. - Бидејќи луксембуршкиот одговор на образложението не беше задоволителен, Комисијата сега одлучи да го упати Луксембург пред Судот на правдата на Европската Унија, се посочува во одлуката.

The post ЕК ги тужи Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата поради неусогласување со регулативите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Естонија протера руски дипломат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/estonija-protera-ruski-diplomat/ Fri, 24 Mar 2023 12:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=623201

Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти дека денеска го повикало вршителот на должноста на руската амбасада во Талин и му врачило дипломатска нота дека вработен во руската амбасада со дипломатски статус е прогласен за „персона нон грата.

Според извештаите, Министерството за надворешни работи на Естонија смета дека активноста на рускиот дипломат била спротивна на Виенската конвенција за дипломатски односи и тој мора да ја напушти Естонија најдоцна до 29 март.

Протераниот руски дипломат, како што тврди естонското министерство, „директно и активно учествувал во поткопувањето на безбедноста и уставниот поредок на Естонија, ширејќи пропаганда што ги оправдува руските воени дејствија и се занимаваше со создавање расцеп во естонското општество“.

 

The post Естонија протера руски дипломат appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти дека денеска го повикало вршителот на должноста на руската амбасада во Талин и му врачило дипломатска нота дека вработен во руската амбасада со дипломатски статус е прогласен за „персона нон грата. Според извештаите, Министерството за надворешни работи на Естонија смета дека активноста на рускиот дипломат била спротивна на Виенската конвенција за дипломатски односи и тој мора да ја напушти Естонија најдоцна до 29 март. Протераниот руски дипломат, како што тврди естонското министерство, „директно и активно учествувал во поткопувањето на безбедноста и уставниот поредок на Естонија, ширејќи пропаганда што ги оправдува руските воени дејствија и се занимаваше со создавање расцеп во естонското општество“.  

The post Естонија протера руски дипломат appeared first on Република.

]]>
Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-go-namaluva-nivoto-na-diplomatskite-odnosi-so-estonija/ Mon, 23 Jan 2023 10:48:58 +0000 https://republika.mk/?p=599904

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија, како одговор на значителното намалување на бројот на вработени во руската Амбасада во Талин и уништувањето на односите со Москва во целина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

На 23 јануари во руското Министерство за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Естонија, Маргус Лајдре. Беше изразен остар протест против постапките на естонските власти. Амбасадорот на Република Естонија мора да ја напушти Руската Федерација до 7 февруари 2023 година, се вели во соопштението.

Според руското МНР одговорноста за развојот на оваа ситуација во односите меѓу Русија и Естонија целосно и припаѓа на естонската страна. Се додава дека Кремљ ќе продолжи да одговара на „непријателските чекори преземени од естонското раководство“.

The post Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија appeared first on Република.

]]>

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија, како одговор на значителното намалување на бројот на вработени во руската Амбасада во Талин и уништувањето на односите со Москва во целина, соопшти руското Министерство за надворешни работи. На 23 јануари во руското Министерство за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Естонија, Маргус Лајдре. Беше изразен остар протест против постапките на естонските власти. Амбасадорот на Република Естонија мора да ја напушти Руската Федерација до 7 февруари 2023 година, се вели во соопштението. Според руското МНР одговорноста за развојот на оваа ситуација во односите меѓу Русија и Естонија целосно и припаѓа на естонската страна. Се додава дека Кремљ ќе продолжи да одговара на „непријателските чекори преземени од естонското раководство“.

The post Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија appeared first on Република.

]]>
Естонија купува американски ракетни системи ХИМРАС за 200 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/estonija-kupuva-amerikanski-raketni-sistemi-himras-za-200-milioni-dolari/ Sat, 03 Dec 2022 14:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=581368

Естонија, земја-членка на НАТО која граничи со Русија, ќе ги зајакне своите одбранбени капацитети со купување на високотехнолошкиот американски ракетен систем ХИМРАС.

Договорот, кој е најголемиот проект за набавка на оружје во историјата на оваа балтичка земја, е вреден повеќе од 200 милиони долари. Договорот вклучува и муниција, како и обука за управување со системот.

Предвидено е американската компанија „Локхид Мартин“ да почне со испорака на системот во 2024 година.

Соседите на Естонија, Летонија и Литванија веќе го купија или исто така се во процес на купување на артилерискиот ракетен систем ХИМРАС.

По почетокот на руската воена операција во Украина, САД испорачаа ракетни системи за украинската војска.

The post Естонија купува американски ракетни системи ХИМРАС за 200 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Естонија, земја-членка на НАТО која граничи со Русија, ќе ги зајакне своите одбранбени капацитети со купување на високотехнолошкиот американски ракетен систем ХИМРАС. Договорот, кој е најголемиот проект за набавка на оружје во историјата на оваа балтичка земја, е вреден повеќе од 200 милиони долари. Договорот вклучува и муниција, како и обука за управување со системот. Предвидено е американската компанија „Локхид Мартин“ да почне со испорака на системот во 2024 година. Соседите на Естонија, Летонија и Литванија веќе го купија или исто така се во процес на купување на артилерискиот ракетен систем ХИМРАС. По почетокот на руската воена операција во Украина, САД испорачаа ракетни системи за украинската војска.

The post Естонија купува американски ракетни системи ХИМРАС за 200 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Естонија ги затвора границите за руските граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/estonija-gi-zatvora-granicite-za-ruskite-gragjani/ Tue, 16 Aug 2022 19:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=541106

Естонија оваа недела ќе ги затвори границите за повеќе од 50.000 Руси на кои претходно им биле издадени визи, со што ќе стане првата земја во Европската унија што ќе спроведе мерки кои имаат за цел да го отежнат влезот на обичните Руси во ЕУ.

Русинката Ана, која како и многу Руси секојдневно ја минува границата во естонскиот град Нарва, е загрижена дека повеќе нема да може да доаѓа во Естонија за да ги посети гробовите на своите роднини, пренесува Ројтерс.

„Се надеваме дека нашите земји ќе постигнат компромисно решение. Можеби ќе се договорат за нешто. Се држам настрана од политиката, но бидејќи моите роднини се закопани овде, би сакала да можам сепак да дојдам“, рече Ана и рече дека обичните луѓето не можат да решат ваков проблем, пренесе Танјуг.

The post Естонија ги затвора границите за руските граѓани appeared first on Република.

]]>

Естонија оваа недела ќе ги затвори границите за повеќе од 50.000 Руси на кои претходно им биле издадени визи, со што ќе стане првата земја во Европската унија што ќе спроведе мерки кои имаат за цел да го отежнат влезот на обичните Руси во ЕУ. Русинката Ана, која како и многу Руси секојдневно ја минува границата во естонскиот град Нарва, е загрижена дека повеќе нема да може да доаѓа во Естонија за да ги посети гробовите на своите роднини, пренесува Ројтерс.
„Се надеваме дека нашите земји ќе постигнат компромисно решение. Можеби ќе се договорат за нешто. Се држам настрана од политиката, но бидејќи моите роднини се закопани овде, би сакала да можам сепак да дојдам“, рече Ана и рече дека обичните луѓето не можат да решат ваков проблем, пренесе Танјуг.

The post Естонија ги затвора границите за руските граѓани appeared first on Република.

]]>
Естонија отстранува советски споменици од Втората светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/estonija-otstranuva-sovetski-spomenici-od-vtorata-svetska-vojna/ Tue, 16 Aug 2022 12:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=540979

Естонските власти почнаа да ги преместуваат спомениците од Втората светска војна од советската ера во пограничниот град Нарва, одлука што претходно предизвика предупредувања и протести од Москва.

Советскиот тенк ќе биде преместен во воен музеј северно од главниот град Талин. Нарва е град во кој населението главно зборува на руски јазик.

Денешната одлука ни помага да го задржиме фокусот на нашите најважни задачи: обезбедување на безбедноста на Естонија и помагање на сите жители на Естонија да ги пребродат кризите предизвикани од војната во Украина, рече премиерот Каја Калас.

 

The post Естонија отстранува советски споменици од Втората светска војна appeared first on Република.

]]>

Естонските власти почнаа да ги преместуваат спомениците од Втората светска војна од советската ера во пограничниот град Нарва, одлука што претходно предизвика предупредувања и протести од Москва. Советскиот тенк ќе биде преместен во воен музеј северно од главниот град Талин. Нарва е град во кој населението главно зборува на руски јазик.
Денешната одлука ни помага да го задржиме фокусот на нашите најважни задачи: обезбедување на безбедноста на Естонија и помагање на сите жители на Естонија да ги пребродат кризите предизвикани од војната во Украина, рече премиерот Каја Калас.
 

The post Естонија отстранува советски споменици од Втората светска војна appeared first on Република.

]]>
Падна Владата на Естонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/padna-vladata-na-estonija/ Sun, 05 Jun 2022 14:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=511451

Плашејќи се дека Москва се обидува да ја дестабилизира Естонија, каде што се распоредени клучни британски трупи во рамките на НАТО, владата таму падна.

Имено, естонската премиерка Каја Калас ги обвини своите коалициски партнери дека „активно работат против основните вредности на Естонија“ додека земјата се соочува со руската безбедносна закана.

Нејзината либерална реформска партија беше во тензичен сојуз со Партијата на Центар, која ги прекина своите долгогодишни врски со партијата Единствена Русија на Владимир Путин дури по руската инвазија на Украина.

Безбедносната ситуација во Европа не ми дава никаква можност да ја продолжам соработката со партијата Центар како премиер, изјави Калас, а пренесува Телеграф.

Политичката криза во Естонија се засили откако партијата Центар гласаше против владиниот предлог-закон за образование и пред јунскиот самит на НАТО во Мадрид, на кој ќе се разговара за зајакнување на источното крило на НАТО.

Британски Телеграф, исто така, пишува дека постојат сомнежи дека Русија се обидела да искористи страни како Центарот за да го ублажи одговорот на Естонија на конфликтот во Украина.

Калас го поддржа воведувањето строги санкции на ЕУ против Москва, а Естонија, под нејзино водство, испрати повеќе воена поддршка по глава на жител за Украина од која било друга земја.

Во петокот, Калас го отстрани својот помлад коалициски партнер од владата и предложи формирање на нов кабинет со две помали партии до следните избори, кои нема да бидат закажани пред март 2023 година,пренесуваат медиумите.

 

The post Падна Владата на Естонија appeared first on Република.

]]>

Плашејќи се дека Москва се обидува да ја дестабилизира Естонија, каде што се распоредени клучни британски трупи во рамките на НАТО, владата таму падна. Имено, естонската премиерка Каја Калас ги обвини своите коалициски партнери дека „активно работат против основните вредности на Естонија“ додека земјата се соочува со руската безбедносна закана. Нејзината либерална реформска партија беше во тензичен сојуз со Партијата на Центар, која ги прекина своите долгогодишни врски со партијата Единствена Русија на Владимир Путин дури по руската инвазија на Украина.
Безбедносната ситуација во Европа не ми дава никаква можност да ја продолжам соработката со партијата Центар како премиер, изјави Калас, а пренесува Телеграф.
Политичката криза во Естонија се засили откако партијата Центар гласаше против владиниот предлог-закон за образование и пред јунскиот самит на НАТО во Мадрид, на кој ќе се разговара за зајакнување на источното крило на НАТО. Британски Телеграф, исто така, пишува дека постојат сомнежи дека Русија се обидела да искористи страни како Центарот за да го ублажи одговорот на Естонија на конфликтот во Украина. Калас го поддржа воведувањето строги санкции на ЕУ против Москва, а Естонија, под нејзино водство, испрати повеќе воена поддршка по глава на жител за Украина од која било друга земја. Во петокот, Калас го отстрани својот помлад коалициски партнер од владата и предложи формирање на нов кабинет со две помали партии до следните избори, кои нема да бидат закажани пред март 2023 година,пренесуваат медиумите.  

The post Падна Владата на Естонија appeared first on Република.

]]>
Официјален Талин го одби опозицискиот предлог за Естонија да бара дел од територијата на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/oficijalen-talin-go-odbi-opoziciskiot-predlog-za-estonija-da-bara-del-od-teritorijata-na-rusija/ Tue, 03 May 2022 19:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=496987

Естонскиот парламент се спротивстави на предлогот на опозицијата за повлекување на потписот на договорот за границата со Русија, откажувајќи се од територијалните претензии едни кон други. Претходно, опозициската Конзервативна народна партија на Естонија му предложи на Парламентот да го разгледа прашањето за повлекување на потписот на договорот за копнена и поморска граница со Русија од 2014 година.

Според мировниот договор од Тарту од 1920 година, Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република и предаде на Естонија дел од денешните територии на Русија - регионот Ленинград и Псков. Естонија се приклучи на Советскиот Сојуз во 1940 година, а Москва верува дека овој документ нема правна сила.

Естонија и Русија во моментов немаат законски регулирани граници. По преговорите кои траеја повеќе од 10 години, во 2005 година во Москва беше потпишан договор за граница. Но, при ратификацијата, Талин самоиницијативно внесе преамбула во постоечкиот закон, која се однесува на Договорот од Тарту.

Москва го виде ова како можност Естонија во иднина да изрази територијални претензии и го повлече својот потпис од договорот. Министрите за надворешни работи на двете земји потпишаа нов договор во 2014 година, но тој сè уште не е ратификуван.

The post Официјален Талин го одби опозицискиот предлог за Естонија да бара дел од територијата на Русија appeared first on Република.

]]>

Естонскиот парламент се спротивстави на предлогот на опозицијата за повлекување на потписот на договорот за границата со Русија, откажувајќи се од територијалните претензии едни кон други. Претходно, опозициската Конзервативна народна партија на Естонија му предложи на Парламентот да го разгледа прашањето за повлекување на потписот на договорот за копнена и поморска граница со Русија од 2014 година. Според мировниот договор од Тарту од 1920 година, Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република и предаде на Естонија дел од денешните територии на Русија - регионот Ленинград и Псков. Естонија се приклучи на Советскиот Сојуз во 1940 година, а Москва верува дека овој документ нема правна сила. Естонија и Русија во моментов немаат законски регулирани граници. По преговорите кои траеја повеќе од 10 години, во 2005 година во Москва беше потпишан договор за граница. Но, при ратификацијата, Талин самоиницијативно внесе преамбула во постоечкиот закон, која се однесува на Договорот од Тарту. Москва го виде ова како можност Естонија во иднина да изрази територијални претензии и го повлече својот потпис од договорот. Министрите за надворешни работи на двете земји потпишаа нов договор во 2014 година, но тој сè уште не е ратификуван.

The post Официјален Талин го одби опозицискиот предлог за Естонија да бара дел од територијата на Русија appeared first on Република.

]]>
Русија ги затвора конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-gi-zatvora-konzulatite-na-letonija-litvanija-i-estonija/ Thu, 21 Apr 2022 12:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=491797

Русија нареди затворање на конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија и побара од нивните вработени да ја напуштат земјата како реципрочна мерка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Во соопштението руското Министерство за надворешни работи прецизира дека се затворени латвиските конзулати во Санкт Петербург и Псков, естонскиот конзулат во Санкт Петербург и неговата канцеларија во Псков, како и литванскиот конзулат во Санкт Петербург, пренесува „Ројтерс“.

Претходно во април, Летонија и Естонија наредија затворање на два руски конзулата поради нападите врз Украина, додека Литванија го протера рускиот амбасадор од Вилнус, а како што беше наведено, одлуката е донесена во светло на настаните во украинскиот град Буча.

The post Русија ги затвора конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија appeared first on Република.

]]>

Русија нареди затворање на конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија и побара од нивните вработени да ја напуштат земјата како реципрочна мерка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Во соопштението руското Министерство за надворешни работи прецизира дека се затворени латвиските конзулати во Санкт Петербург и Псков, естонскиот конзулат во Санкт Петербург и неговата канцеларија во Псков, како и литванскиот конзулат во Санкт Петербург, пренесува „Ројтерс“. Претходно во април, Летонија и Естонија наредија затворање на два руски конзулата поради нападите врз Украина, додека Литванија го протера рускиот амбасадор од Вилнус, а како што беше наведено, одлуката е донесена во светло на настаните во украинскиот град Буча.

The post Русија ги затвора конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија appeared first on Република.

]]>
Летонија и Естонија затворија по два руски конзулата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/letonija-i-estonija-zatvorija-po-dva-ruski-konzulata/ Tue, 05 Apr 2022 15:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=483694

Летонија нареди затворање на два руски конзулата во таа земја и му порача на персоналот да ја напушти земјата, соопшти денеска летонското Министерство за надворешни работи.

Одлуката е донесена во знак на солидарност со Украина во нејзината борба против неиспровоцирана и неоправдана воена агресија и војната што ја започна Русија, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека конзулатите во градовите Даугавпилс и Лијепаја ќе мора да се затворат, а персоналот мора да си замине до крајот на месецот.

По Летонија, и Естонија наложи затворање на два руски конзулата, чиј персонал мора да ја напушти таа земја, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Естонија.

Според соопштението на Министерството, персоналот на руските конзулати ќе мора да ја напушти Естонија до 30 април.

The post Летонија и Естонија затворија по два руски конзулата appeared first on Република.

]]>

Летонија нареди затворање на два руски конзулата во таа земја и му порача на персоналот да ја напушти земјата, соопшти денеска летонското Министерство за надворешни работи.
Одлуката е донесена во знак на солидарност со Украина во нејзината борба против неиспровоцирана и неоправдана воена агресија и војната што ја започна Русија, се вели во соопштението на Министерството.
Се додава дека конзулатите во градовите Даугавпилс и Лијепаја ќе мора да се затворат, а персоналот мора да си замине до крајот на месецот. По Летонија, и Естонија наложи затворање на два руски конзулата, чиј персонал мора да ја напушти таа земја, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Естонија. Според соопштението на Министерството, персоналот на руските конзулати ќе мора да ја напушти Естонија до 30 април.

The post Летонија и Естонија затворија по два руски конзулата appeared first on Република.

]]>
Премиерката на Естонија: Путин не смее да победи во оваа војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/premierkata-na-estonija-putin-ne-smee-da-pobedi-vo-ovaa-vojna/ Sun, 20 Mar 2022 20:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=475852

Рускиот претседател Владимир Путин не смее да победи во оваа војна, изјави денеска естонската премиерка Каја Калас, додавајќи дека е вознемирувачки да се види што прави Русија во Украина.

– Се обидуваме да направиме се што можеме за да ја поддржиме и помогнеме Украина да се бори во оваа војна. Путин не смее да победи во оваа војна, истакна Калас за Си Ен Ен.

Премиерката на Естонија, кој ќе присуствува на претстојниот самит на НАТО, рече дека стратегијата на Алијансата треба да се фокусира на завршување на војната со употреба на „паметна воздржаност“, што значи дека НАТО треба да премине од „ставот на одвраќање“ на безбеден став на „одбранбена позиција“.

Како што истакна таа, тоа ќе ги охрабри земјите-членки на НАТО да придонесат за зајакнување на одбраната на секоја нација и конечно на Алијансата во целина и фокусирање на соработката.

– Постојат одредени можности кои се премногу скапи за која било земја, но ако ги направиме заедно овде во Европа за да ги заштитиме нашите територии, ние сме посилни, нагласи Калас, додавајќи дека земјите-членки на НАТО треба да почнат да ја изолираат Русија на сите можни политички нивоа.

На прашањето за предлогот на Полска за испраќање мировници во Украина, Калас одговори дека прво мора да се постигне мир, но Русија не покажува никаква намера да се дојде до тоа.

Таа, исто така, изјави дека не гледа можност за трета светска војна во Европа и дека треба да се направат напори да се стави крај на оваа војна.

The post Премиерката на Естонија: Путин не смее да победи во оваа војна appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин не смее да победи во оваа војна, изјави денеска естонската премиерка Каја Калас, додавајќи дека е вознемирувачки да се види што прави Русија во Украина.
– Се обидуваме да направиме се што можеме за да ја поддржиме и помогнеме Украина да се бори во оваа војна. Путин не смее да победи во оваа војна, истакна Калас за Си Ен Ен. Премиерката на Естонија, кој ќе присуствува на претстојниот самит на НАТО, рече дека стратегијата на Алијансата треба да се фокусира на завршување на војната со употреба на „паметна воздржаност“, што значи дека НАТО треба да премине од „ставот на одвраќање“ на безбеден став на „одбранбена позиција“. Како што истакна таа, тоа ќе ги охрабри земјите-членки на НАТО да придонесат за зајакнување на одбраната на секоја нација и конечно на Алијансата во целина и фокусирање на соработката.
– Постојат одредени можности кои се премногу скапи за која било земја, но ако ги направиме заедно овде во Европа за да ги заштитиме нашите територии, ние сме посилни, нагласи Калас, додавајќи дека земјите-членки на НАТО треба да почнат да ја изолираат Русија на сите можни политички нивоа.
На прашањето за предлогот на Полска за испраќање мировници во Украина, Калас одговори дека прво мора да се постигне мир, но Русија не покажува никаква намера да се дојде до тоа. Таа, исто така, изјави дека не гледа можност за трета светска војна во Европа и дека треба да се направат напори да се стави крај на оваа војна.

The post Премиерката на Естонија: Путин не смее да победи во оваа војна appeared first on Република.

]]>
Дополнителни трупи на НАТО пристигнуваат во Естонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dopolnitelni-trupi-na-nato-pristignuvaat-vo-estonija/ Fri, 25 Feb 2022 19:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=464001

Првите британски војници и камиони со дополнителна опрема стигнаа до Естонија за да го зајакнат тамошниот баталјон на НАТО, јави ДПА.

Конвој со шест борбени тенкови и други воени возила стигна до воената база Тапа, соопшти естонската војска.

Велика Британија соопшти дека ќе испрати засилување, а Лондон треба да испрати 850 војници и опрема во Естонија, со што речиси ќе го удвои тамошниот британски контингент.

Единиците ќе бидат распоредени од британската база во Сенелагер во близина на Падерборн во Германија преку Полска, Литванија и Летонија до Естонија, која граничи со Русија.

The post Дополнителни трупи на НАТО пристигнуваат во Естонија appeared first on Република.

]]>

Првите британски војници и камиони со дополнителна опрема стигнаа до Естонија за да го зајакнат тамошниот баталјон на НАТО, јави ДПА. Конвој со шест борбени тенкови и други воени возила стигна до воената база Тапа, соопшти естонската војска. Велика Британија соопшти дека ќе испрати засилување, а Лондон треба да испрати 850 војници и опрема во Естонија, со што речиси ќе го удвои тамошниот британски контингент. Единиците ќе бидат распоредени од британската база во Сенелагер во близина на Падерборн во Германија преку Полска, Литванија и Летонија до Естонија, која граничи со Русија.

The post Дополнителни трупи на НАТО пристигнуваат во Естонија appeared first on Република.

]]>