есп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esp/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Feb 2024 23:12:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png есп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esp/ 32 32 Анкета на ИПИС: „Мртва трка“ меѓу ДУИ и ЕСП во ИЕ6 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-ipis-mrtva-trka-megu-dui-i-esp-vo-ie6/ Tue, 06 Feb 2024 23:12:08 +0000 https://republika.mk/?p=741237

Во ИЕ6, каде што на претстојните парламентарни избори ќе се води главната борба меѓу партиите на етничките Албанци, претстои „мртва трка“ меѓу ДУИ и Евроспкиот сојуз за промени (ЕСП), покажуваат податоците од Анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), презентирани во емисијата „Објектив“ на МРТ1.

Анкета изработена за МТВ1 е спроведена телефонски.

Според резултатите од анкетата, во оваа Изборна единица, води ДУИ со 17,9%, а многу близу зад неа е ЕСП за која се изјасниле 16% од испитаниците. ВМРО-ДПМНЕ е трета со 8,1%, пред Алијанса со 7% и СДСМ со 4,4%.

За Левица се изјасниле 0,7%, додека за ЗНАМ 0,6%.

Во ИЕ6, 20% нема да гласаат за ниедна партија, 17,6% не сакале да одговорат, додека 6% не знаат за кого ќе гласаат.

ИЕ6

ДУИ 17,9%

ЕСП 16%

ВМРО-ДПМНЕ 8,1%

Алијанса 7%

СДСМ 4,4%

Левица 0,7%

ЗНАМ 0,6%

Не знам 6%

Не сакам да кажам 17,6%

Ниедна 20%

Анкетата дала одговор и за односот на силите во ИЕ2, каде што во убедливо водство е ВМРО-ДПМНЕ со 19,4%. За СДСМ се изјасниле 10% од гласачите, а трета е ДУИ со 6,5%.

Веднаш зад неа е Европскиот сојуз за промени (ЕСП) со 5,5%, по што следуваат ЗНАМ со 4,5%, Левица со 3,8% и Алијанса за Албанците со 2% од гласовите.

За ниедна партија нема да гласат 22% од испитаниците, не знаат 11,5%, а не сакале да одговорат 13,8%.

ИЕ2

ВМРО-ДПМНЕ 19,4

СДСМ 10%

ДУИ 6,5%

ЕСП 5,5%

ЗНАМ 4,5%

Левица 3,8%

Алијанса 2%

Не знам 11,5%

Не сакам да кажам 13,8%

Ниедна 22%

The post Анкета на ИПИС: „Мртва трка“ меѓу ДУИ и ЕСП во ИЕ6 appeared first on Република.

]]>

Во ИЕ6, каде што на претстојните парламентарни избори ќе се води главната борба меѓу партиите на етничките Албанци, претстои „мртва трка“ меѓу ДУИ и Евроспкиот сојуз за промени (ЕСП), покажуваат податоците од Анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), презентирани во емисијата „Објектив“ на МРТ1. Анкета изработена за МТВ1 е спроведена телефонски. Според резултатите од анкетата, во оваа Изборна единица, води ДУИ со 17,9%, а многу близу зад неа е ЕСП за која се изјасниле 16% од испитаниците. ВМРО-ДПМНЕ е трета со 8,1%, пред Алијанса со 7% и СДСМ со 4,4%. За Левица се изјасниле 0,7%, додека за ЗНАМ 0,6%. Во ИЕ6, 20% нема да гласаат за ниедна партија, 17,6% не сакале да одговорат, додека 6% не знаат за кого ќе гласаат. ИЕ6 ДУИ 17,9% ЕСП 16% ВМРО-ДПМНЕ 8,1% Алијанса 7% СДСМ 4,4% Левица 0,7% ЗНАМ 0,6% Не знам 6% Не сакам да кажам 17,6% Ниедна 20% Анкетата дала одговор и за односот на силите во ИЕ2, каде што во убедливо водство е ВМРО-ДПМНЕ со 19,4%. За СДСМ се изјасниле 10% од гласачите, а трета е ДУИ со 6,5%. Веднаш зад неа е Европскиот сојуз за промени (ЕСП) со 5,5%, по што следуваат ЗНАМ со 4,5%, Левица со 3,8% и Алијанса за Албанците со 2% од гласовите. За ниедна партија нема да гласат 22% од испитаниците, не знаат 11,5%, а не сакале да одговорат 13,8%.

ИЕ2

ВМРО-ДПМНЕ 19,4 СДСМ 10% ДУИ 6,5% ЕСП 5,5% ЗНАМ 4,5% Левица 3,8% Алијанса 2% Не знам 11,5% Не сакам да кажам 13,8% Ниедна 22%

The post Анкета на ИПИС: „Мртва трка“ меѓу ДУИ и ЕСП во ИЕ6 appeared first on Република.

]]>
ДУИ и ЕСП со понуди за АА, Таравари пред конечна одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-i-esp-so-ponudi-za-aa-taravari-pred-konechna-odluka/ Wed, 10 Jan 2024 19:38:20 +0000 https://republika.mk/?p=731726

Времето за тактика истекува. Следните 10 дена се чини се денови кога шефот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари ќе треба да си ја помачи главата затоа што треба да ја донесе конечната одлука за патот по кој ќе тргне партијата. Дали тоа ќе биде „Европскиот фронт“ заедно со ДУИ, или пак ќе го „сврти воланот“ кон албанската опозиција – Европскиот сојуз за промени или сепак ќе биде третата опција, за самите да излезат на избори.

ТВ 21 повикувајќи се на свои извори објави дека Таравари не мисли дека АА треба да излезе со заеднички листи со ДУИ, но ваквиот негов став е во спротивност со оној на Села-Лога кои се „за“ ваква соработка.

Најверојатно ова ќе стане „несогласување“ меѓу трите најзначајни фигури на партијата, претседателот Таравари, претседавачот со партиското собрание Зиадин Села и генералниот секретар Кренар Лога.

ИЗвори на телевизијата брифираат и дека Таравари повеќе се залага за опцијата АА да влезе во ЕСП, а оваа позиција е уште позасилена по средбата со Албин Курти.

Каква е понудата на ДУИ и ЕСП до АА, која се чини стана „клуч“ на победата на двата ривалски табора?

Според извори на ТВ21, на средбата Ахмети – Таравари во Гостивар, лидерот на интегристите му понудил 8 заменици и 5 градоначалници. Но, пред оваа понуда, Таравари очигледно ќе се замислеше, бидејќи најголем дел од кандидатите за пратеници ќе бидат доверливите на Села-Лога.

Од друга страна, како што објавиТВ21  здружената албанска опозиција ЕСП му понудила 5 пратеници (парламентарна група), а се зборува и за понуда од 2 до 5 градоначалници, како и Таравари да избере кандидат за претседател од редовите на опозицијата.

Доколку АА се приклучи на албанската опозиција, тогаш ќе биде интересна трката на парламентарните избори во мај, бидејќи опозицијата се натпреварува и со поддршка од градоначалниците на општините Чаир, Тетово и Гостивар, Висар Ганиу, Биљал Касами и Арбен Таравари.

Што се однесува до носителите на листата на ЕСП, се подразбира дека лидерите на трите коалициски партии – Изет Меџити (ДД) во единица 1, Африм Гаши (АА) во единица 2, Билал Касами (ДБ) во единица 6, (може и овде да води ако им се приклучи), додека во 5-та единица се шпекулира дека носител ќе биде Беким Ќоку или Фатмир Лимани.

Инаку, името на Руфи Османи се шпекулира како можен опозициски кандидат за претседател.

The post ДУИ и ЕСП со понуди за АА, Таравари пред конечна одлука appeared first on Република.

]]>

Времето за тактика истекува. Следните 10 дена се чини се денови кога шефот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари ќе треба да си ја помачи главата затоа што треба да ја донесе конечната одлука за патот по кој ќе тргне партијата. Дали тоа ќе биде „Европскиот фронт“ заедно со ДУИ, или пак ќе го „сврти воланот“ кон албанската опозиција – Европскиот сојуз за промени или сепак ќе биде третата опција, за самите да излезат на избори. ТВ 21 повикувајќи се на свои извори објави дека Таравари не мисли дека АА треба да излезе со заеднички листи со ДУИ, но ваквиот негов став е во спротивност со оној на Села-Лога кои се „за“ ваква соработка. Најверојатно ова ќе стане „несогласување“ меѓу трите најзначајни фигури на партијата, претседателот Таравари, претседавачот со партиското собрание Зиадин Села и генералниот секретар Кренар Лога. ИЗвори на телевизијата брифираат и дека Таравари повеќе се залага за опцијата АА да влезе во ЕСП, а оваа позиција е уште позасилена по средбата со Албин Курти. Каква е понудата на ДУИ и ЕСП до АА, која се чини стана „клуч“ на победата на двата ривалски табора? Според извори на ТВ21, на средбата Ахмети – Таравари во Гостивар, лидерот на интегристите му понудил 8 заменици и 5 градоначалници. Но, пред оваа понуда, Таравари очигледно ќе се замислеше, бидејќи најголем дел од кандидатите за пратеници ќе бидат доверливите на Села-Лога. Од друга страна, како што објавиТВ21  здружената албанска опозиција ЕСП му понудила 5 пратеници (парламентарна група), а се зборува и за понуда од 2 до 5 градоначалници, како и Таравари да избере кандидат за претседател од редовите на опозицијата. Доколку АА се приклучи на албанската опозиција, тогаш ќе биде интересна трката на парламентарните избори во мај, бидејќи опозицијата се натпреварува и со поддршка од градоначалниците на општините Чаир, Тетово и Гостивар, Висар Ганиу, Биљал Касами и Арбен Таравари. Што се однесува до носителите на листата на ЕСП, се подразбира дека лидерите на трите коалициски партии – Изет Меџити (ДД) во единица 1, Африм Гаши (АА) во единица 2, Билал Касами (ДБ) во единица 6, (може и овде да води ако им се приклучи), додека во 5-та единица се шпекулира дека носител ќе биде Беким Ќоку или Фатмир Лимани. Инаку, името на Руфи Османи се шпекулира како можен опозициски кандидат за претседател.

The post ДУИ и ЕСП со понуди за АА, Таравари пред конечна одлука appeared first on Република.

]]>