ЕСМ Снабдување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esm-snabduvanje/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 13:24:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕСМ Снабдување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esm-snabduvanje/ 32 32 ЕСМ снабдување вели дека и утре ќе нема парно зошто надвор не било доволно ладно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/esm-snabduvane-veli-deka-i-utre-ke-nema-parno-zoshto-nadvor-ne-bilo-dovolno-ladno/ Wed, 09 Oct 2024 14:13:18 +0000 https://republika.mk/?p=824765

ЕСМ снабдување во соопштение до јавноста вели дека и за утре не се создадени услови за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија. Тие посочуваат дека оваа одлука е во согласност со одлуката на РКЕ и се базира на средната температура од 17 степени врз основа на прогнозата од УХМР.

„Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на СРМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 17˚С за 10.10.2024 година од Управата за Хидрометеролошки работи.

Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи“, се вели во соопштението.

The post ЕСМ снабдување вели дека и утре ќе нема парно зошто надвор не било доволно ладно appeared first on Република.

]]>

ЕСМ снабдување во соопштение до јавноста вели дека и за утре не се создадени услови за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија. Тие посочуваат дека оваа одлука е во согласност со одлуката на РКЕ и се базира на средната температура од 17 степени врз основа на прогнозата од УХМР.
„Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на СРМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 17˚С за 10.10.2024 година од Управата за Хидрометеролошки работи. Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи“, се вели во соопштението.

The post ЕСМ снабдување вели дека и утре ќе нема парно зошто надвор не било доволно ладно appeared first on Република.

]]>
EСМ бара гас да го поминеме февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-bara-gas-da-go-pomineme-fevruari/ Sun, 22 Jan 2023 14:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=599615

ЕСМ Продажба спроведува постапка преку јавен повик за прибирање понуди од домашни и странски лиценцирани фирми регистрирани за дејноста кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за месец февруари 2023 година за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Република Македонија, кои снабдувањето ќе го вршат преку ЕСМ Продажба.

-Јавниот повик трае од 20 до 24 јануари 2023 година и понудувачите треба да достават податоци за нивната понуда во однос на техничките карактеристики на гасот, земја на потекло, гаранција, фиксна цена за MWh, вкупна количина која се нуди и изјава од одговорното лице на понудувачот дека може да ги обезбеди наведените количини во периодот за кој се дава понудата, односно за февруари, се вели во денешното соопштение од ЕСМ продажба.

Покрај јавниот повик, се додава во соопштението, домашните лиценцирани фирми за дејноста се и директно контактирани од страна на ЕСМ Продажба, со цел запознавање со повикот и можно поднесување понуда

The post EСМ бара гас да го поминеме февруари appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Продажба спроведува постапка преку јавен повик за прибирање понуди од домашни и странски лиценцирани фирми регистрирани за дејноста кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за месец февруари 2023 година за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Република Македонија, кои снабдувањето ќе го вршат преку ЕСМ Продажба. -Јавниот повик трае од 20 до 24 јануари 2023 година и понудувачите треба да достават податоци за нивната понуда во однос на техничките карактеристики на гасот, земја на потекло, гаранција, фиксна цена за MWh, вкупна количина која се нуди и изјава од одговорното лице на понудувачот дека може да ги обезбеди наведените количини во периодот за кој се дава понудата, односно за февруари, се вели во денешното соопштение од ЕСМ продажба. Покрај јавниот повик, се додава во соопштението, домашните лиценцирани фирми за дејноста се и директно контактирани од страна на ЕСМ Продажба, со цел запознавање со повикот и можно поднесување понуда

The post EСМ бара гас да го поминеме февруари appeared first on Република.

]]>
Не одете по шалтери: Сметките за парно сега можете да ги платите онлајн и за новиот снабдувач https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ne-odete-po-shalteri-smetkite-za-parno-sega-mozhete-da-gi-platite-onlajn-i-za-noviot-snabduvach/ Tue, 27 Dec 2022 11:48:55 +0000 https://republika.mk/?p=590521

ЕСМ воведе електронски систем за безбедно плаќање на фактурите за топлинска енергија на новата интернет страница ЕСМ Снабдување.

Фактурите за топлинска енергија, како што соопштија од ЕСМ, потрошувачите можат да ги платат без банкарска провизија, електронски на веб-страната, во делот „ПЛАТИ СМЕТКА” користејќи две веб услуги.

Првата услуга е „Брзо плаќање“, услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија преку која потрошувачите со едноставно внесување на бројот на фактурата можат да извршат онлајн-плаќање, без претходна најава и регистрација на кориснички профил.

Втората услуга, „EsmEPay“ е услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија со најава и регистрација на кориснички профил за имот или имоти.

– За да може потрошувачите да ги користат услугите за електронско плаќање на фактурите потребно е да ги следат упатствата поставени кај соодветната веб-услуга на веб страницата на „ЕСМ Снабдување“ –  Упатство за користење на услугата EsmEPay – кориснички профил или Упатство за користење на услугата „Брзо плаќање“, велат од ЕСМ

The post Не одете по шалтери: Сметките за парно сега можете да ги платите онлајн и за новиот снабдувач appeared first on Република.

]]>

ЕСМ воведе електронски систем за безбедно плаќање на фактурите за топлинска енергија на новата интернет страница ЕСМ Снабдување. Фактурите за топлинска енергија, како што соопштија од ЕСМ, потрошувачите можат да ги платат без банкарска провизија, електронски на веб-страната, во делот „ПЛАТИ СМЕТКА” користејќи две веб услуги. Првата услуга е „Брзо плаќање“, услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија преку која потрошувачите со едноставно внесување на бројот на фактурата можат да извршат онлајн-плаќање, без претходна најава и регистрација на кориснички профил. Втората услуга, „EsmEPay“ е услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија со најава и регистрација на кориснички профил за имот или имоти.
– За да може потрошувачите да ги користат услугите за електронско плаќање на фактурите потребно е да ги следат упатствата поставени кај соодветната веб-услуга на веб страницата на „ЕСМ Снабдување“ –  Упатство за користење на услугата EsmEPay – кориснички профил или Упатство за користење на услугата „Брзо плаќање“, велат од ЕСМ

The post Не одете по шалтери: Сметките за парно сега можете да ги платите онлајн и за новиот снабдувач appeared first on Република.

]]>
Новите договори за парно ќе се праќаат и по пошта и ќе се постават на веб страницата на АД ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/novite-dogovori-za-parno-kje-se-prakjaat-i-po-poshta-i-kje-se-postavat-na-veb-stranicata-na-ad-esm/ Tue, 18 Oct 2022 13:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=562571

ЕСМ Снабдување подготвува поедноставување на постапката за склучување нови договори за парно греење во Скопје и нагласува дека новите начини ќе бидат достапни во следните денови, за што јавноста ќе биде навремено известена.

-Потрошувачите ќе имаат можност сами да го пополнат образецот на договорот за снабдување со топлинска енергија, кој ќе биде прикачен на веб страницата на АД ЕСМ и во два примерока да го предадат во еден од пунктовите на ЕСМ снабдување, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ снабдување, ќе им биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот, соопшти ЕСМ.

ЕСМ снабдување, се вели во соопштението, во наредниот период ќе го достави образецот на договорот за снабдување со топлинска енергија во поштенското сандаче во објектите каде се испорачува топлинска енергија, а потрошувачите ќе треба да го пополнат во два примерока и да го предадат во еден од пунктовите на ЕСМ снабдување, со документ за лична идентификација на увид и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ снабдување ќе им биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот.

-Со новите начини ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна. ЕСМ снабдување ќе воспостави и директни контакти со корисниците кои од лични причини не можат да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи договорот да го склучат во нивниот дом. Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за нив ќе се определи посебен термин за склучување на договорот, согласно нивните можности, потенцираат од ЕСМ.

Нагласуваат дека заклучно со денеска во 11:00 часот склучени се 950 договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите, во пунктовите на ЕСМ снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје.

Снабдувачот со топлина апелира до граѓаните да продолжат да пристапуваат кон пунктовите и непосредно да ја регулираат својата правна обврска во однос на испораката на топлина до нивните домови и објекти

The post Новите договори за парно ќе се праќаат и по пошта и ќе се постават на веб страницата на АД ЕСМ appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Снабдување подготвува поедноставување на постапката за склучување нови договори за парно греење во Скопје и нагласува дека новите начини ќе бидат достапни во следните денови, за што јавноста ќе биде навремено известена. -Потрошувачите ќе имаат можност сами да го пополнат образецот на договорот за снабдување со топлинска енергија, кој ќе биде прикачен на веб страницата на АД ЕСМ и во два примерока да го предадат во еден од пунктовите на ЕСМ снабдување, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ снабдување, ќе им биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот, соопшти ЕСМ. ЕСМ снабдување, се вели во соопштението, во наредниот период ќе го достави образецот на договорот за снабдување со топлинска енергија во поштенското сандаче во објектите каде се испорачува топлинска енергија, а потрошувачите ќе треба да го пополнат во два примерока и да го предадат во еден од пунктовите на ЕСМ снабдување, со документ за лична идентификација на увид и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ снабдување ќе им биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот. -Со новите начини ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна. ЕСМ снабдување ќе воспостави и директни контакти со корисниците кои од лични причини не можат да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи договорот да го склучат во нивниот дом. Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за нив ќе се определи посебен термин за склучување на договорот, согласно нивните можности, потенцираат од ЕСМ. Нагласуваат дека заклучно со денеска во 11:00 часот склучени се 950 договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите, во пунктовите на ЕСМ снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје. Снабдувачот со топлина апелира до граѓаните да продолжат да пристапуваат кон пунктовите и непосредно да ја регулираат својата правна обврска во однос на испораката на топлина до нивните домови и објекти

The post Новите договори за парно ќе се праќаат и по пошта и ќе се постават на веб страницата на АД ЕСМ appeared first on Република.

]]>
ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/esm-vo-105-objekti-ne-se-obezbedeni-potrebnite-uslovi-za-isporaka-na-toplinska-energija/ Thu, 13 Oct 2022 11:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=560487

EСМ Снабдување со топлина преку соопштение апелира потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона.

Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, посочуваат од компанијата, е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. Во моментов во околу 105 објекти (што претставува околу 3,7 отсто од вкупниот број на мерни места) сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици.

Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено, апелираме до потрошувачите, управителите односно „заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Одржувањето на внатрешната грејна инсталација согласно важечките законски и подзаконски акти е одговорност на потрошувачите, остакнуваат од ЕСМ.

Потенцираат дека потрошувачите пред да пријават дефект или рекламација во Центрот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект се наоѓа на списокот затворени објекти кај кои не се испорачува топлинска енергија и доколку објектот за кој бараат информација не е на списокот на затворени објекти, потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи за да биде евидентиран нивниот објект.

За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви:

За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина Дооел Скопје на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: Општина Аеродром, дел од Општина Гази Баба, Општина Ѓорче Петров, Општина Карпош, Општина Кисела Вода, Општина Центар и Општина Чаир.

Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100

За потрошувачите на Енергетика – Оддел за топлинска енергија на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: дел од Општина Гази Баба Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405 Центар за грижа на корисници (пон-петок,07.00–19.00): 02 3104 816 Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872. Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, информираат од ЕСМ Снабдување со топлина.

The post ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија appeared first on Република.

]]>

EСМ Снабдување со топлина преку соопштение апелира потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона. Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, посочуваат од компанијата, е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. Во моментов во околу 105 објекти (што претставува околу 3,7 отсто од вкупниот број на мерни места) сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици. Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено, апелираме до потрошувачите, управителите односно „заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Одржувањето на внатрешната грејна инсталација согласно важечките законски и подзаконски акти е одговорност на потрошувачите, остакнуваат од ЕСМ. Потенцираат дека потрошувачите пред да пријават дефект или рекламација во Центрот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект се наоѓа на списокот затворени објекти кај кои не се испорачува топлинска енергија и доколку објектот за кој бараат информација не е на списокот на затворени објекти, потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи за да биде евидентиран нивниот објект. За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви: За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина Дооел Скопје на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: Општина Аеродром, дел од Општина Гази Баба, Општина Ѓорче Петров, Општина Карпош, Општина Кисела Вода, Општина Центар и Општина Чаир. Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100 За потрошувачите на Енергетика – Оддел за топлинска енергија на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: дел од Општина Гази Баба Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405 Центар за грижа на корисници (пон-петок,07.00–19.00): 02 3104 816 Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872. Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, информираат од ЕСМ Снабдување со топлина.

The post ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија appeared first on Република.

]]>