ЕСМ Снабдување со топлина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esm-snabduvanje-so-toplina/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Oct 2023 11:55:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕСМ Снабдување со топлина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esm-snabduvanje-so-toplina/ 32 32 Во 235 колективни станбени објекти има дефект со парното https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-235-kolektivni-stanbeni-objekti-ima-defekt-so-parnoto/ Wed, 11 Oct 2023 11:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=690149

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска соопшти дека во 235 колективни станбени објекти сè уште не се обезбедени потребните услови, односно имаат дефекти во внатрешна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици.

Со цел овозможување на редовна и квалитетна испорака на топлинска енергија на почетокот на грејната сезона компанијата апелира до потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација, а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

Ги повикуваме потрошувачите, пред да пријават дефект или рекламација во Центарот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект се наоѓа во прегледот на моментално затворени објекти кај кои нема услови за испорака на топлинска енергија на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk). Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, соопшти ЕСМ Снабдување со топлина.

За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100.

The post Во 235 колективни станбени објекти има дефект со парното appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска соопшти дека во 235 колективни станбени објекти сè уште не се обезбедени потребните услови, односно имаат дефекти во внатрешна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици. Со цел овозможување на редовна и квалитетна испорака на топлинска енергија на почетокот на грејната сезона компанијата апелира до потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација, а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).
Ги повикуваме потрошувачите, пред да пријават дефект или рекламација во Центарот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект се наоѓа во прегледот на моментално затворени објекти кај кои нема услови за испорака на топлинска енергија на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk). Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, соопшти ЕСМ Снабдување со топлина.
За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100.

The post Во 235 колективни станбени објекти има дефект со парното appeared first on Република.

]]>
„Правеле добрини“: АД ЕСМ не крие дека една фирма ги добива тендерите за мазут, но сѐ уште ги крие условите во договорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pravele-dobrini-ad-esm-ne-krie-deka-edna-firma-gi-dobiva-tenderite-za-mazut-no-s-ushte-gi-krie-uslovite-vo-dogovorite/ Tue, 31 Jan 2023 18:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=603097

АД ЕСМ правел добрини и иако немале обврска ги објавувале склучените договори за набавка на гас, електрична енергија, но и мазут. Барем така вели директороот на државната енергетска компанија. Ковачевски и денеска го избегна одговорот, но и деталите од јавните набавки компанијата да ги објави условите во договорите тешки 270 милиони евра.

Според, него нема ништо спорно што лиценцираната фирма РКМ, на Ратко Капушевски, ексфункционер од времето на Груевски, со увозник во минатото на спорни енергенси во квалитетот ги добива последните неколку договори. РКМ е единствениот понудувач кој ги исполнил условите, а цената била главниот критериум на првиот повик за 150 илајди тони мазут за ТЕЦ Неготино.

Но, она што е регуларно и не е спорно за Ковачевски, е предмет на интерес на антикорпуционерите. По, сториите на КОД, се заинтересира антикорупциска за да ги испита наводите, но и информацијата која ја таи ЕСМ затоа дали тендерите биле наменски пропишани за некоја од компаните, со оглед дека се предвидени точни колични на дневна потрошувачка и испорака на договорниот енергенс, а изостана и одговорот од ЕСМ, кој дал банкарска гаранција за фирма со минимална добивка и со висок ризик.

Повеќе на Телма.мк

The post „Правеле добрини“: АД ЕСМ не крие дека една фирма ги добива тендерите за мазут, но сѐ уште ги крие условите во договорите appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ правел добрини и иако немале обврска ги објавувале склучените договори за набавка на гас, електрична енергија, но и мазут. Барем така вели директороот на државната енергетска компанија. Ковачевски и денеска го избегна одговорот, но и деталите од јавните набавки компанијата да ги објави условите во договорите тешки 270 милиони евра. Според, него нема ништо спорно што лиценцираната фирма РКМ, на Ратко Капушевски, ексфункционер од времето на Груевски, со увозник во минатото на спорни енергенси во квалитетот ги добива последните неколку договори. РКМ е единствениот понудувач кој ги исполнил условите, а цената била главниот критериум на првиот повик за 150 илајди тони мазут за ТЕЦ Неготино. Но, она што е регуларно и не е спорно за Ковачевски, е предмет на интерес на антикорпуционерите. По, сториите на КОД, се заинтересира антикорупциска за да ги испита наводите, но и информацијата која ја таи ЕСМ затоа дали тендерите биле наменски пропишани за некоја од компаните, со оглед дека се предвидени точни колични на дневна потрошувачка и испорака на договорниот енергенс, а изостана и одговорот од ЕСМ, кој дал банкарска гаранција за фирма со минимална добивка и со висок ризик. Повеќе на Телма.мк

The post „Правеле добрини“: АД ЕСМ не крие дека една фирма ги добива тендерите за мазут, но сѐ уште ги крие условите во договорите appeared first on Република.

]]>
„Балкан Јутилитис“, која ЕСМ ја избра за снабдување со гас, поврзана со рускиот олигарх Лебедев https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/balkan-jutilitis-koja-esm-ja-izbra-za-snabduvane-so-gas-povrzana-so-ruskiot-oligarh-lebedev/ Fri, 30 Dec 2022 21:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=592126

Македонските медиуми, но и медиумите од регионот со загрижувачки информации за бугарската компанија од која Македонија ќе купува гас во наредните 4 месеци. Компанијата „Балкан Јутилитис“ е поврзана со рускиот олигарх Александар Лебедев и со многу други сомнителни зделки на релација Русија, Грција, Бугарија, Кипар, Девствени острови, пишува порталот МКД.мк.

Според дел од информациите кои ги пренесуваат и грчките медиуми компаниите на милијардерот Лебедев, кој е сопственик на енергетскиот гигант „Синтез“ кој работи со природен гас и во Грција, се поврзани и со заеми од офшор компании, а весникот „То Вима“ уште во 2019 година напиша дека компанијата „Балкан јутилитис“ е активна во секторот за природен гас и во Македонија.

„Балкан јутилитис“ е регистрирана во 2003 година под дејноста „трговија со електроенергија, финансирање, инвестициско проектирање и експлоатација во сферата на енергетиката“ а годинава, на 15 септември бугарската компанија добива 10-годишна лиценца за „трговија со природен гас“. Според официјалните податоци на бугарската регулаторна комисија, оваа компанија во последните три години се соочувала и со финансиски слаби резултати во своето работење.

The post „Балкан Јутилитис“, која ЕСМ ја избра за снабдување со гас, поврзана со рускиот олигарх Лебедев appeared first on Република.

]]>

Македонските медиуми, но и медиумите од регионот со загрижувачки информации за бугарската компанија од која Македонија ќе купува гас во наредните 4 месеци. Компанијата „Балкан Јутилитис“ е поврзана со рускиот олигарх Александар Лебедев и со многу други сомнителни зделки на релација Русија, Грција, Бугарија, Кипар, Девствени острови, пишува порталот МКД.мк. Според дел од информациите кои ги пренесуваат и грчките медиуми компаниите на милијардерот Лебедев, кој е сопственик на енергетскиот гигант „Синтез“ кој работи со природен гас и во Грција, се поврзани и со заеми од офшор компании, а весникот „То Вима“ уште во 2019 година напиша дека компанијата „Балкан јутилитис“ е активна во секторот за природен гас и во Македонија. „Балкан јутилитис“ е регистрирана во 2003 година под дејноста „трговија со електроенергија, финансирање, инвестициско проектирање и експлоатација во сферата на енергетиката“ а годинава, на 15 септември бугарската компанија добива 10-годишна лиценца за „трговија со природен гас“. Според официјалните податоци на бугарската регулаторна комисија, оваа компанија во последните три години се соочувала и со финансиски слаби резултати во своето работење.

The post „Балкан Јутилитис“, која ЕСМ ја избра за снабдување со гас, поврзана со рускиот олигарх Лебедев appeared first on Република.

]]>
ЕСМ ги изработува фактурите за парно за октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-gi-izrabotuva-fakturite-za-parno-za-oktomvri/ Tue, 29 Nov 2022 16:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=579694

ЕСМ соопшти дека во тек е изработка на фактурите за топлинска енергија за октомври. Изработката на фактурите вклучуваше и постапка за преземање на податоците на потрошувачите од страна на „ЕСМ – Снабдување со топлина“ од претходниот снабдувач со топлинска енергија „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“.

„ЕСМ- Снабдување со топлина“ во законска постапка ја презеде целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир во градот Скопје.

Правниот основ за преземање на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга во согласност со Законот за енергетиката, како и одлуката за давање лиценца за вршење дејност снабдување со топлинска енергија на друштвото „ЕСМ – Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје, а со цел обезбедување континуитет, односно непрекинато вршење на енергетската дејност и заштита на јавниот интерес.

„ЕСМ – Снабдување со топлина“ во иднина ќе биде контролор на личните податоци на потрошувачите и ќе ги обработува во согласност со важечките законски прописи и Законот за заштита на личните податоци за што потрошувачите на топлинска енергија – субјектите на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на личните податоци во однос на обработката на нивните лични податоци – велат од компанијата.

The post ЕСМ ги изработува фактурите за парно за октомври appeared first on Република.