ЕСМ Продажба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esm-prodazba/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Dec 2022 14:18:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕСМ Продажба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esm-prodazba/ 32 32 „ЕСМ Продажба“ ќе ги снабдува со гас индустриските зони https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-prodazhba-ke-gi-snabduva-so-gas-industriskite-zoni/ Wed, 28 Dec 2022 14:18:43 +0000 https://republika.mk/?p=591068

Дирекцијата на технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) денеска склучи договор со „ЕСМ Продажба“, со којшто, како што соопшти директорот Јован Деспотовски, од 1 јануари следната година, корисниците на природен гас во скопската зона имаат обезбедено стабилно снабдување. Цената е за околу 40 отсто пониска од износите што се плаќаа во пикот на енергетската криза.

– Имаме стабилно снабдување и тоа што е многу важно, имаме снабдување од извори, различни од досегашните. Билансите ќе ги почекаме со завршните сметки, но податоците со коишто располагаме е нето износот, говорат дека разликата помеѓу приходите и трошоците сепак одржува одреден баланс. Растот на цената на струјата секако ќе има влијание врз добивката но дополнителен фактор е и растот на платата. Станува збор за раст што секако е поголем од 15 проценти. Овие два фактори имале влијание врз работата на компаниите, но вредноста на нето износот, сè што е извезено одржува стабилно ниво, што значи дека компаниите имаат – истакна Деспотовски на денешниот брифинг со медиумите.

Оваа година ја оцени како успешна по повеќе параметри во однос на технолошко-индустриските работни зони.

– Обемот на постигнат договори достигна бројка до 430 милиони евра. Што е секако рекордно досега, двојно повеќе во однос на минатата година. Веќе сме многу блиску до целта што ја зацртавме, до 2024 година да стасаме до инвестиции што треба да достигнат милијарда евра. Сите нови инвестиции, што дел се веќе во фаза на реализација, предвидуваат повеќе од 4.300 работни места. Можам слободно да кажам дека имаме зголемување на бројот на работни места од почетокот на оваа година за некаде повеќе од 20 отсто – појаснува директорот на ТИРЗ.

Податоците за увозот и извозот ќе бидат објавени по Нова година.

– Онаа бројка од три милијарди евра извоз што ја имавме минатата година, со податоците заклучно од ноември веќе е зголемена за 20 проценти. По повеќе параметри работата на самите компании, но и на институциите задолжени да го координираат процесот на привлекување на инвестиции можам да го оценам како повеќе од успешен – рече Деспотовски.

Тој рече и дека дел од новокреираните работни места во изминатава година делумно се должат на тоа што неколку фирми префрлиле дел од бизнисите од Украина во земјава.

– Со една од тие фирми потпишавме и договор за реализација на целосно нова фаза на инвестиција и таму има забележителен раст на бројот на работни места. Можеби не сме многу среќни за тоа што се случува во Украина и оти дел од бизнисот се префрла во земјава, но правиме се и на нашите компании корисници да им излеземе во пресрет да можат да се снајдат – вели Деспотовски.

 

The post „ЕСМ Продажба“ ќе ги снабдува со гас индустриските зони appeared first on Република.

]]>

Дирекцијата на технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) денеска склучи договор со „ЕСМ Продажба“, со којшто, како што соопшти директорот Јован Деспотовски, од 1 јануари следната година, корисниците на природен гас во скопската зона имаат обезбедено стабилно снабдување. Цената е за околу 40 отсто пониска од износите што се плаќаа во пикот на енергетската криза. – Имаме стабилно снабдување и тоа што е многу важно, имаме снабдување од извори, различни од досегашните. Билансите ќе ги почекаме со завршните сметки, но податоците со коишто располагаме е нето износот, говорат дека разликата помеѓу приходите и трошоците сепак одржува одреден баланс. Растот на цената на струјата секако ќе има влијание врз добивката но дополнителен фактор е и растот на платата. Станува збор за раст што секако е поголем од 15 проценти. Овие два фактори имале влијание врз работата на компаниите, но вредноста на нето износот, сè што е извезено одржува стабилно ниво, што значи дека компаниите имаат – истакна Деспотовски на денешниот брифинг со медиумите. Оваа година ја оцени како успешна по повеќе параметри во однос на технолошко-индустриските работни зони. – Обемот на постигнат договори достигна бројка до 430 милиони евра. Што е секако рекордно досега, двојно повеќе во однос на минатата година. Веќе сме многу блиску до целта што ја зацртавме, до 2024 година да стасаме до инвестиции што треба да достигнат милијарда евра. Сите нови инвестиции, што дел се веќе во фаза на реализација, предвидуваат повеќе од 4.300 работни места. Можам слободно да кажам дека имаме зголемување на бројот на работни места од почетокот на оваа година за некаде повеќе од 20 отсто – појаснува директорот на ТИРЗ. Податоците за увозот и извозот ќе бидат објавени по Нова година. – Онаа бројка од три милијарди евра извоз што ја имавме минатата година, со податоците заклучно од ноември веќе е зголемена за 20 проценти. По повеќе параметри работата на самите компании, но и на институциите задолжени да го координираат процесот на привлекување на инвестиции можам да го оценам како повеќе од успешен – рече Деспотовски. Тој рече и дека дел од новокреираните работни места во изминатава година делумно се должат на тоа што неколку фирми префрлиле дел од бизнисите од Украина во земјава. – Со една од тие фирми потпишавме и договор за реализација на целосно нова фаза на инвестиција и таму има забележителен раст на бројот на работни места. Можеби не сме многу среќни за тоа што се случува во Украина и оти дел од бизнисот се префрла во земјава, но правиме се и на нашите компании корисници да им излеземе во пресрет да можат да се снајдат – вели Деспотовски.  

The post „ЕСМ Продажба“ ќе ги снабдува со гас индустриските зони appeared first on Република.

]]>
ЕСМ потпиша договор за купување на гас од бугарска компанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-potpisha-dogovor-za-kupuvane-na-gas-od-bugarska-kompanija/ Tue, 27 Dec 2022 19:09:16 +0000 https://republika.mk/?p=590694

ЕСМ Продажба денеска потпиша договор за снабдување со природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во Македонија, во прв ред за поголемите производствени и услужни капацитети. Договорот е потпишан со фирмата Balkan Utilities од Бугарија, за испорака на природен гас за месец јануари по цена од 115,97е/MWh. Макпетрол понуди нешто повисока цена.

„Договорот е потпишан со фирмата Balkan Utilities од Бугарија, за испорака на природен гас за месец јануари по цена од 115,97е/MWh. Истата фирма даде понуда за снабдување и до 1.5.2023г., со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец. Досегашниот снабдувач со гас на АД ЕСМ, Макпетрол Пром–Гас, понуди цена од 116,20e/MWh, која не беше фиксирана, односно е подложна на корекции за јануари. Третиот понудувач A.P.M.P. Handels Ges не даде комплетна понуда“, соопшти ЕСМ.

Потрошувачите на природен гас во државата потребно е да се обратат до ЕСМ Продажба за понатамошно снабдување за своите потреби од 1.1.2023г.

ЕСМ Продажба на 23 декември објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас. Дополнително беше испратена директна покана за понуда до сите активни лиценцирани фирми за трговија и снабдување со природен гас во државата, се вели во соопштението.

 

The post ЕСМ потпиша договор за купување на гас од бугарска компанија appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Продажба денеска потпиша договор за снабдување со природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во Македонија, во прв ред за поголемите производствени и услужни капацитети. Договорот е потпишан со фирмата Balkan Utilities од Бугарија, за испорака на природен гас за месец јануари по цена од 115,97е/MWh. Макпетрол понуди нешто повисока цена. „Договорот е потпишан со фирмата Balkan Utilities од Бугарија, за испорака на природен гас за месец јануари по цена од 115,97е/MWh. Истата фирма даде понуда за снабдување и до 1.5.2023г., со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец. Досегашниот снабдувач со гас на АД ЕСМ, Макпетрол Пром–Гас, понуди цена од 116,20e/MWh, која не беше фиксирана, односно е подложна на корекции за јануари. Третиот понудувач A.P.M.P. Handels Ges не даде комплетна понуда“, соопшти ЕСМ. Потрошувачите на природен гас во државата потребно е да се обратат до ЕСМ Продажба за понатамошно снабдување за своите потреби од 1.1.2023г. ЕСМ Продажба на 23 декември објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас. Дополнително беше испратена директна покана за понуда до сите активни лиценцирани фирми за трговија и снабдување со природен гас во државата, се вели во соопштението.  

The post ЕСМ потпиша договор за купување на гас од бугарска компанија appeared first on Република.

]]>
„ЕСМ Продажба“ објави повик за набавка на природен гас за периодот од 1 јануари до 30 април 2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-prodazba-objavi-povik-za-nabavka-na-priroden-gas-za-periodot-od-1-januari-do-30-april-2023/ Fri, 23 Dec 2022 12:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=589008

„ЕСМ Продажба“ објави повик за прибирање понуди од домашни и од странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количества на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите „Исток“, „Запад“, „Енергетика“ и „Скопје Север“, како и за останатите потрошувачи на природен гас во државата, пред се поголемите производствени и услужни капацитети.

– Со оглед на тоа што на претходно распишаниот повик од АД ЕСМ имаше понуди кои не беа верификувани, а досегашниот испорачател „Промгас – Макпетрол“, со кој досега имавме договор, не достави понуда,  „ЕСМ Продажба“ распиша нов повик, информираат од АД ЕСМ.

Како што нагласуваат, повикот ќе биде од отворен карактер и во однос на количините и во однос на времетраењето на испораката од страна на снабдувачите, за периодот 1 јануари до 30 април 2023 година.

„Макпетрол“ вчера соопшти дека од 1 јануари нема да увезува и да испорачува природен гас до своите потрошувачи.

Во соопштението испратено до јавноста, „Макпетрол“ посочи дека причина за ваквата ситуација се новите услови за работа кои ги предвидува, според нив, прерано потпишаниот договор за интерконекција меѓу државното претпријатие „ГА-МА“ АД и „Булгартрансгас“, со што не се применливи досегашните услови според кои компанијата увезува и испорачува природен гас до своите потрошувачи.

The post „ЕСМ Продажба“ објави повик за набавка на природен гас за периодот од 1 јануари до 30 април 2023 appeared first on Република.

]]>

„ЕСМ Продажба“ објави повик за прибирање понуди од домашни и од странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количества на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите „Исток“, „Запад“, „Енергетика“ и „Скопје Север“, како и за останатите потрошувачи на природен гас во државата, пред се поголемите производствени и услужни капацитети. – Со оглед на тоа што на претходно распишаниот повик од АД ЕСМ имаше понуди кои не беа верификувани, а досегашниот испорачател „Промгас – Макпетрол“, со кој досега имавме договор, не достави понуда,  „ЕСМ Продажба“ распиша нов повик, информираат од АД ЕСМ. Како што нагласуваат, повикот ќе биде од отворен карактер и во однос на количините и во однос на времетраењето на испораката од страна на снабдувачите, за периодот 1 јануари до 30 април 2023 година. „Макпетрол“ вчера соопшти дека од 1 јануари нема да увезува и да испорачува природен гас до своите потрошувачи. Во соопштението испратено до јавноста, „Макпетрол“ посочи дека причина за ваквата ситуација се новите услови за работа кои ги предвидува, според нив, прерано потпишаниот договор за интерконекција меѓу државното претпријатие „ГА-МА“ АД и „Булгартрансгас“, со што не се применливи досегашните услови според кои компанијата увезува и испорачува природен гас до своите потрошувачи.

The post „ЕСМ Продажба“ објави повик за набавка на природен гас за периодот од 1 јануари до 30 април 2023 appeared first on Република.

]]>
Поранешниот советник на Заев кој во Србија го отпуштија поради луксуз и хедонизам, доби отказ од ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poraneshniot-sovetnik-na-zaev-koj-vo-srbija-go-otpushtija-poradi-luksuz-i-hedonizam-dobi-otkaz-od-esm/ Mon, 17 Jan 2022 13:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=445880

Поранешниот советник на екс-премиерот Зоран Заев, Александар Обрадовиќ, по шест месеци е отповикан од функцијата директор на ЕСМ Продажба, клучна подружница на државните електрани, во чија надлежност е купување на струја од надворешниот, пазар за да се покријат потребите на снабдувачот со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

На местото на Обрадовиќ како прв човек на поранешен ЕЛЕМ Трејд е назначен Синиша Ивановски, кој ќе ја врши функцијата со определено време од шест месеци во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2022.

Управниот одбор на АД Електрани на Македонија (ЕСМ) го назначи Александар Обрадовиќ пред нешто повеќе од половина година за управител на фирмата-ќерка ЕЛЕМ трејд. Во 2017, како што тогаш потврди Заев, Обрадовиќ беше во игра да биде поставен за генерален директор на ЕСМ.

Обрадовиќ порано бил регионален директор на чешката државна електроенергетска компанија ЧЕЗ и генерален директор на српската државна електроенергетска компанија ЕПС. Контроверзно беше разрешен од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради „хедонизам, луксуз и неодговорно работење“.

The post Поранешниот советник на Заев кој во Србија го отпуштија поради луксуз и хедонизам, доби отказ од ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот советник на екс-премиерот Зоран Заев, Александар Обрадовиќ, по шест месеци е отповикан од функцијата директор на ЕСМ Продажба, клучна подружница на државните електрани, во чија надлежност е купување на струја од надворешниот, пазар за да се покријат потребите на снабдувачот со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи. На местото на Обрадовиќ како прв човек на поранешен ЕЛЕМ Трејд е назначен Синиша Ивановски, кој ќе ја врши функцијата со определено време од шест месеци во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2022. Управниот одбор на АД Електрани на Македонија (ЕСМ) го назначи Александар Обрадовиќ пред нешто повеќе од половина година за управител на фирмата-ќерка ЕЛЕМ трејд. Во 2017, како што тогаш потврди Заев, Обрадовиќ беше во игра да биде поставен за генерален директор на ЕСМ. Обрадовиќ порано бил регионален директор на чешката државна електроенергетска компанија ЧЕЗ и генерален директор на српската државна електроенергетска компанија ЕПС. Контроверзно беше разрешен од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради „хедонизам, луксуз и неодговорно работење“.

The post Поранешниот советник на Заев кој во Србија го отпуштија поради луксуз и хедонизам, доби отказ од ЕСМ appeared first on Република.

]]>