ешерихија коли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esherihija-koli/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 15:29:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ешерихија коли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esherihija-koli/ 32 32 Предупредување: Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/predupreduvane-vodata-vo-gostivar-ne-e-za-piene-otkriena-e-bakterijata-esherihija-koli/ Thu, 26 Sep 2024 15:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=819951

Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар, преку водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата која произлегла од последните микробиолошки анализи.

Водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и ешерихија коли (E. coli), кои можат да претставуваат сериозни здравствени ризици, стои во соопштението од гостиварското комунално претпријатие.

Корисниците на водата од градскиот водовод се советуваат да се преземат мерки и притоа да се избегнува употреба на вода од јавната водоводна мрежа и да се користи пакувана вода за пиење и готвење.

Од ЈП Комуналец упатуваат апел за разбирање и од граѓаните очекуваат да ги следат информациите до решавање на проблемот и обезбедување на безбедно водоснабдување.

Здравјето и безбедноста на жителите на Гостивар се наш приоритет и ќе ве информираме штом водата повторно ќе биде безбедна за употреба, се наведува во соопштението.

The post Предупредување: Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли appeared first on Република.

]]>

Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар, преку водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата која произлегла од последните микробиолошки анализи.
Водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и ешерихија коли (E. coli), кои можат да претставуваат сериозни здравствени ризици, стои во соопштението од гостиварското комунално претпријатие.
Корисниците на водата од градскиот водовод се советуваат да се преземат мерки и притоа да се избегнува употреба на вода од јавната водоводна мрежа и да се користи пакувана вода за пиење и готвење. Од ЈП Комуналец упатуваат апел за разбирање и од граѓаните очекуваат да ги следат информациите до решавање на проблемот и обезбедување на безбедно водоснабдување.
Здравјето и безбедноста на жителите на Гостивар се наш приоритет и ќе ве информираме штом водата повторно ќе биде безбедна за употреба, се наведува во соопштението.

The post Предупредување: Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли appeared first on Република.

]]>
Забрането капење на популарна плажа на Јадранот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/zabraneto-kapene-na-popularna-plazha-na-jadranot/ Fri, 16 Aug 2024 17:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=807116

Забрането е пливањето на плажата во Ичиќи кај Опатија во Хрватска.

Откако повеќе граѓани пријавија загаденост на морето, Институтот за јавно здравје на Хрватска во своите анализи утврди дека на почетокот на плажата, во близина марината, количината на бактеријата ешерихија коли е поголема од дозволената, пишува „Дневник.хр“.

Резултатите од понатамошните тестови ќе бидат објавени на веб-страницата на институцијата и на социјалните мрежи.

The post Забрането капење на популарна плажа на Јадранот appeared first on Република.

]]>

Забрането е пливањето на плажата во Ичиќи кај Опатија во Хрватска. Откако повеќе граѓани пријавија загаденост на морето, Институтот за јавно здравје на Хрватска во своите анализи утврди дека на почетокот на плажата, во близина марината, количината на бактеријата ешерихија коли е поголема од дозволената, пишува „Дневник.хр“. Резултатите од понатамошните тестови ќе бидат објавени на веб-страницата на институцијата и на социјалните мрежи.

The post Забрането капење на популарна плажа на Јадранот appeared first on Република.

]]>
Бактеријата Ешерихија коли ја предизвикала сепсата кај новороденчето од Прилеп https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/bakterijata-esherihija-koli-ja-predizvikala-sepsata-kaj-novorodencheto-od-prilep/ Mon, 13 Nov 2023 14:09:36 +0000 https://republika.mk/?p=701123

Бактеријата Ешерихија коли предизвикала сепса од која починало новороденчето од Прилеп на Клиниката за детски болести, објави Канал 5.  

Професорката д-р Аспазија Софијанова, која е шеф на неонаталната интензивна нега на клиниката, во изјава за „Канал 5“ вели дека бактеријата се потврдила во анализите направени од крвта. Д-р Софијанова не може да каже на кој начин новороденчето ја добило бактеријата. Детето било донесно во тешка состојба со откажување на виталните органи бубрезите и белите дробови. И покрај сите напори бебето починало.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Болницата во Прилеп во врска со смртта на новороденчето кое почина од сепса, потврди денеска во изјава за новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-pochinatoto-novorodenche-od-prilep-zhena-mi-nemashe-bakterija-site-ispituvana-bea-dobri/

The post Бактеријата Ешерихија коли ја предизвикала сепсата кај новороденчето од Прилеп appeared first on Република.

]]>

Бактеријата Ешерихија коли предизвикала сепса од која починало новороденчето од Прилеп на Клиниката за детски болести, објави Канал 5.   Професорката д-р Аспазија Софијанова, која е шеф на неонаталната интензивна нега на клиниката, во изјава за „Канал 5“ вели дека бактеријата се потврдила во анализите направени од крвта. Д-р Софијанова не може да каже на кој начин новороденчето ја добило бактеријата. Детето било донесно во тешка состојба со откажување на виталните органи бубрезите и белите дробови. И покрај сите напори бебето починало. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Болницата во Прилеп во врска со смртта на новороденчето кое почина од сепса, потврди денеска во изјава за новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-pochinatoto-novorodenche-od-prilep-zhena-mi-nemashe-bakterija-site-ispituvana-bea-dobri/

The post Бактеријата Ешерихија коли ја предизвикала сепсата кај новороденчето од Прилеп appeared first on Република.

]]>