Есенски музички свечености Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esenski-muzichki-svechenosti/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Nov 2022 08:04:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Есенски музички свечености Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esenski-muzichki-svechenosti/ 32 32 Концерт на Ивона Нацевска и Андреј Наунов вечерва во НОБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-ivona-nacevska-i-andrej-naunov-vecherva-vo-nob/ Tue, 22 Nov 2022 08:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=576768

Оперската пејачка Ивона Нацевска и пијанистот Андреј Наунов вечерва во фоајето на Националната опера и балет ќе одржат концерт во рамки на Есенски музички свечености.

Како гости ќе настапат Влатко Груевски – тенор, Мартина Аврамовска – мецосопран и Биљана Дабеска – сопран.

Влезот на концертот е бесплатен.

 

The post Концерт на Ивона Нацевска и Андреј Наунов вечерва во НОБ appeared first on Република.

]]>

Оперската пејачка Ивона Нацевска и пијанистот Андреј Наунов вечерва во фоајето на Националната опера и балет ќе одржат концерт во рамки на Есенски музички свечености. Како гости ќе настапат Влатко Груевски – тенор, Мартина Аврамовска – мецосопран и Биљана Дабеска – сопран. Влезот на концертот е бесплатен.  

The post Концерт на Ивона Нацевска и Андреј Наунов вечерва во НОБ appeared first on Република.

]]>
Концерт на пијано дуото Гелебешеви https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-pijano-duoto-gelebeshevi/ Fri, 04 Nov 2022 15:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=569626

Во Музејот на македонската борба, вечерва со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи пијано дуото Гелебешеви-Катерина Гелебешева Костадиновска - пијано и Глигор Гелебешев - пијано.

На концертот ќе бидат изведени дела од Клод Дебиси, Антониј Дворжак и Франц Шуберт.
Уште во периодот на почетоците на своето делување во 2001 година, пијано дуото Гелебешеви составено од Катерина Гелебешева Костадиновска и Глигор Гелебешев се промовираа како ансамбл со ретка виталност и свежина на нашата музичка сцена. Настапите на дуото Гелебешеви се карактеризираат со перфекција во уметничката креација што ги доловува суштинските одлики на композициите од технички, уметнички и стилски аспект.

Од првичните настапи на домашната сцена, честопати пропратени со премиерни изведби, дуото Гелебешеви постепено започна да ја проширува својата концертна дејност на интернационално ниво настапувајќи во Франција, Холандија, Италија, Романија, Полска, САД, Хрватска, Словенија и други држави. Дуото Гелебешеви има настапено во речиси сите градови во земјата и на реномираните фестивали како „Интерфест“ - Битола,  „Хераклејски вечери“ - Битола, „Денови на македонска музика“, „Златна лира“ Во 2012 година  ја добиваат наградата „Златна лира“ врачена од Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). Дуото во 2016 година го бележи и својот прв настап со Македонската филхармонија, изведувајќи го Концертот за две пијана и оркестар од Ф. Пуланк.

Нивниот репертоар во континуитет се надградува и вклучува дела од различни музички периоди, од класиката, преку романтизмот до современата музика. Во текот на својата повеќегодишна работа дуото Гелебешеви има објавено и две аудио изданија. Во рецензијата за првото аудио издание (2008, БМФ, МРТ), музичкиот критичар Васка Наумова-Томовска меѓу другото ќе напише „...Висок степен на техничката подготвеност, во спрега со уметничката емоционалност на двајцата пијанисти, претставува еден буен и чист звучен пејсаж, кој патува низ еден музички космос во кој нештата се идеално подредени...“ За второто аудио издание (2018), музикологот и музички критичар Јулијана Папазова ќе истакне дека се карактеризира со „....Игрив шарм, испреплетен со брзина, деликатна точност, перкусивна брилијантност, импресивен сонорен, лебдечки звук, со прецизно формирани распеани мелодиски линии...“

Влезот на концертот е слободен.

The post Концерт на пијано дуото Гелебешеви appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на македонската борба, вечерва со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи пијано дуото Гелебешеви-Катерина Гелебешева Костадиновска - пијано и Глигор Гелебешев - пијано. На концертот ќе бидат изведени дела од Клод Дебиси, Антониј Дворжак и Франц Шуберт. Уште во периодот на почетоците на своето делување во 2001 година, пијано дуото Гелебешеви составено од Катерина Гелебешева Костадиновска и Глигор Гелебешев се промовираа како ансамбл со ретка виталност и свежина на нашата музичка сцена. Настапите на дуото Гелебешеви се карактеризираат со перфекција во уметничката креација што ги доловува суштинските одлики на композициите од технички, уметнички и стилски аспект. Од првичните настапи на домашната сцена, честопати пропратени со премиерни изведби, дуото Гелебешеви постепено започна да ја проширува својата концертна дејност на интернационално ниво настапувајќи во Франција, Холандија, Италија, Романија, Полска, САД, Хрватска, Словенија и други држави. Дуото Гелебешеви има настапено во речиси сите градови во земјата и на реномираните фестивали како „Интерфест“ - Битола,  „Хераклејски вечери“ - Битола, „Денови на македонска музика“, „Златна лира“ Во 2012 година  ја добиваат наградата „Златна лира“ врачена од Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). Дуото во 2016 година го бележи и својот прв настап со Македонската филхармонија, изведувајќи го Концертот за две пијана и оркестар од Ф. Пуланк. Нивниот репертоар во континуитет се надградува и вклучува дела од различни музички периоди, од класиката, преку романтизмот до современата музика. Во текот на својата повеќегодишна работа дуото Гелебешеви има објавено и две аудио изданија. Во рецензијата за првото аудио издание (2008, БМФ, МРТ), музичкиот критичар Васка Наумова-Томовска меѓу другото ќе напише „...Висок степен на техничката подготвеност, во спрега со уметничката емоционалност на двајцата пијанисти, претставува еден буен и чист звучен пејсаж, кој патува низ еден музички космос во кој нештата се идеално подредени...“ За второто аудио издание (2018), музикологот и музички критичар Јулијана Папазова ќе истакне дека се карактеризира со „....Игрив шарм, испреплетен со брзина, деликатна точност, перкусивна брилијантност, импресивен сонорен, лебдечки звук, со прецизно формирани распеани мелодиски линии...“ Влезот на концертот е слободен.

The post Концерт на пијано дуото Гелебешеви appeared first on Република.

]]>
Есенски музички свечености се отвораат со концерт на ансамблот „БА-РОК“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/esenski-muzichki-svechenosti-se-otvoraat-so-koncert-na-ansamblot-ba-rok/ Thu, 03 Nov 2022 19:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=569323

Утре, в петок, во 20,30 часот, на 4 ноември ќе се одржи свеченото отварање на фестивалот Есенски музички свечености во фоајето на Националната опера и балет, со спектакуларниот барокен концерт на ансамблот БА-РОК, кој е состевен од врвни инструменталисти, концертмајстори, водачи, солисти од НОБ предводени од маестро Иван Еминовиќ. На програмата се дела од Ж.Ф Рамо, А.Вивалди, Г.Ф. Хендл и Ј.С. Бах.

Проектот е поддржан од Министерство за култура, НОБ и Дирекција за култура и уметност - Скопје.

Членовите на ансамблот „БА- РОК“ својот прв заеднички настап го имааа на Мајски оперски вечери 2021 година во продукција на НОБ со претставата „Игри на животот“ на која се изведе музика исклучиво од Барокот. Оттаму произлезе идејата да се продолжи како ансамбл кој ќе ја негува барокната музика, имајќи ја во предвид раритетноста на изведување на ваков музички стил во Македонија. Самата комплексност на барокниот стил бара од изведувачите голема виртуозност и висок професионализам, што е одлика на сите членови од ансамблот. Секој член на ансамблот е солист во оркестарот, пејачите се носители на главни улоги во повеќето оперски претстави на сцената на НОБ.

Предводени од диригентот Маестро Иван Еминовиќ кој ја зазема и позицијата на чембалист во ансамблот и добро организирани од страна на професионален режисер се стремиме да ги достигнеме светските трендови и критериуми за изведба на исклучителен барокен перформанс, преку пристапот и начинот на изведба ќе се обидеме да го воздигнеме програмското и изведувачко ниво, а со тоа да понудиме можност и да разбудиме интерес кај публиката за градење на свој вкус и категоризација на уметноста со високи вредности, велат од ансамблот.

The post Есенски музички свечености се отвораат со концерт на ансамблот „БА-РОК“ appeared first on Република.

]]>

Утре, в петок, во 20,30 часот, на 4 ноември ќе се одржи свеченото отварање на фестивалот Есенски музички свечености во фоајето на Националната опера и балет, со спектакуларниот барокен концерт на ансамблот БА-РОК, кој е состевен од врвни инструменталисти, концертмајстори, водачи, солисти од НОБ предводени од маестро Иван Еминовиќ. На програмата се дела од Ж.Ф Рамо, А.Вивалди, Г.Ф. Хендл и Ј.С. Бах. Проектот е поддржан од Министерство за култура, НОБ и Дирекција за култура и уметност - Скопје. Членовите на ансамблот „БА- РОК“ својот прв заеднички настап го имааа на Мајски оперски вечери 2021 година во продукција на НОБ со претставата „Игри на животот“ на која се изведе музика исклучиво од Барокот. Оттаму произлезе идејата да се продолжи како ансамбл кој ќе ја негува барокната музика, имајќи ја во предвид раритетноста на изведување на ваков музички стил во Македонија. Самата комплексност на барокниот стил бара од изведувачите голема виртуозност и висок професионализам, што е одлика на сите членови од ансамблот. Секој член на ансамблот е солист во оркестарот, пејачите се носители на главни улоги во повеќето оперски претстави на сцената на НОБ.
Предводени од диригентот Маестро Иван Еминовиќ кој ја зазема и позицијата на чембалист во ансамблот и добро организирани од страна на професионален режисер се стремиме да ги достигнеме светските трендови и критериуми за изведба на исклучителен барокен перформанс, преку пристапот и начинот на изведба ќе се обидеме да го воздигнеме програмското и изведувачко ниво, а со тоа да понудиме можност и да разбудиме интерес кај публиката за градење на свој вкус и категоризација на уметноста со високи вредности, велат од ансамблот.

The post Есенски музички свечености се отвораат со концерт на ансамблот „БА-РОК“ appeared first on Република.

]]>