есен 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esen-2022/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Aug 2022 14:47:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png есен 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/esen-2022/ 32 32 Есенска прогноза за секој знак: Универзумот има план за Рибите, мир каде најмалку очекувале за Скорпиите https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/esenska-prognoza-za-sekoj-znak-univerzumot-ima-plan-za-ribite-mir-kade-najmalku-ochekuvale-za-skorpiite/ Sat, 20 Aug 2022 14:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=542151

Астролозите откриваат што носи есента 2022 за секој хороскопски знак:

Овен

Есента ќе ви ја донесе долгоочекуваната стабилност. Така, астролозите ви препорачуваат да уживате во новиот статус и да бидете подготвени за позитивни промени.

Бик

За вас есента ќе биде поделена на неколку сегменти. Астролозите ве советуваат да се концентрирате исклучиво на она што го работите и да не се грижите за иднината. Многумина од претставниците на овој знак ќе мора да се преселат, но тоа ќе биде доста успешно. Совет плус: планирајте однапред доколку станува збор за патување.

Близнаци

Есента ќе ви го разубави животот, а единственото нешто што може да ја засени сликата е недостатокот на време. Затоа, добро испланирајте го вашето време и организирајте се – само на тој начин сè ќе се вклопи во вашиот распоред.

Рак

Есента ќе биде идеално време за анализа на вашата ментална состојба. Така, ќе имате можност да му се посветите на вашето внатрешно „јас“ и ќе научите дека емоциите треба да се искажат, а не да се акумулираат внатре во себе. Освен тоа, искреноста ќе ви помогне да изградите врска каква што сте секогаш сте посакувале.

Лав

Конечно ќе ви се укаже можност за одмор од секојдневните работни обврски. Есента ќе биде вашето идеално време за дигитална детоксикација и ослободување од стресот. Уживајте во секој момент, но и не споредувајте се со никого.

Девица

Есенските месеци ќе ви донесат безброј можности, особено на личен план. Дозволете да ве води срцето, а не умот. Со текот на времето ќе сфатите дека покажувањето емоции е искрен начин да се поврзете со другите и заедно да растете.

Вага

Ќе можете да го продолжите сето она што претходно сте го започнале. Сепак, главната работа ќе биде да останете смирени и да не подлегнете на негативните импулси. Ѕвездите ве советуваат да не се плашите да ги покажете вашите силни квалитети – светот тоа ќе го забележи со задоволство.

Скорпија

Наесен ќе научите како поинаку да комуницирате со другите. Освен тоа, ќе успеете да го најдете мирот онаму каде што најмалку очекувате. Доволно е да се поврзете со своето внатрешно „јас“ и да се прифатите такви какви што сте. Ве очекува и подобрување на односите со вашите најблиски.

Стрелец

Посветете го овој период на учење и проширување на вашите знаења бидејќи само така ќе можете да ги постигнете вашите цели. Сепак, не занемарувајте ја потребата и за одмор кој ќе ви ја даде неопходната енергија за да продолжите понатаму. Освен тоа, имајте доверба во вашите одлуки.

Јарец

Ве очекува голема среќа во секој аспект од животот. Сепак, астролозите ви препорачуваат да не ги занемарите важните работи и внимателно и промислено да носите одлуки.

Водолија

Ова ќе биде добар момент да ги завршите обврските кои сте ги оставиле да се трупаат досега. Меѓу другото, ве очекуваат добри вести на љубовен план: некои од вас ќе добијат понуда за брак, некои ќе започнат нова љубовна врска, а некои ќе ѝ стават крај на токсичната врска која повеќе не им носи позитивни емоции.

Риби

Ќе добиете многу нови можности, но ќе наидете и на пречки. Ќе бидете успешни во она што го работите и полни со нови искуства. Сепак, не плашете се да правите грешки бидејќи можете да научите многу работи од нив.

The post Есенска прогноза за секој знак: Универзумот има план за Рибите, мир каде најмалку очекувале за Скорпиите appeared first on Република.

]]>

Објавена големата временска прогноза, еве што ни носи есента годинава https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/objavena-golemata-vremenska-prognoza-eve-shto-ni-nosi-esenta-godinava/ Sat, 20 Aug 2022 12:58:55 +0000 https://republika.mk/?p=541902

Метеоролозите од специјализираната страна „AcuuWeather“ ја објавија големата временска прогноза за есента 2022 година. Велат дека поголемиот дел од сезоната нè очекува топло време, но предупредуваат и дека тоа ќе доведе до поголема суша и можни пожари.

Западна Европа е погодена од интензивен топлотен бран ова лето, а преминот од лето во есен можеби нема да биде забележлив за многу Европејци, вели тимот метеоролози, додавајќи дека нè очекуваат суви и топли услови.

Метеорологот Тајлер Ројс, кој со години прогнозира време за Европа, очекува дека времето потопло од просечното ќе продолжи низ западна и централна Европа во поголемиот дел од есента.

Генерално, ќе биде топла сезона и транзицијата кон „нормални“ температури ќе биде бавна, рече Ројс, предвидувајќи просечни температури од 1 до 2 степени над нормалата и предупредувајќи дека „ова може да биде најлошата суша за јужна Англија, Франција а Германија со децении“.

Продолжената суша ќе предизвикува уште поголеми проблеми во снабдувањето со храна и вода, како и во транспортот на стоки низ Европа поради екстремно ниското ниво на реките. Земјоделството исто така ќе биде на удар.

Сезоната на шумски пожари најверојатно ќе продолжи, објасни метеорологот Алан Реперт, додавајќи дека областите поштедени од зголемен ризик од пожари ќе бидат малку и далеку низ целиот континент, особено на почетокот на есента.

Што го очекува Балканот?

Во југоисточните делови на континентот, вклучително и Грција и остатокот од Балканот, ќе бидат под влијание на неколку топлотни бранови на почетокот на есента, пред да се случат промени во временските шеми.

Овие области би можеле да забележат зголемување на врнежите во текот на втората половина од сезоната. Ако натпросечното топло време продолжи и температурите на водата останат високи, шансите за формирање медикамент подоцна во сезоната може да се зголемат, рече Ројс.

Терминот „медикан“ е комбинација од зборовите „Медитеран“ и „ураган“ и се однесува на нетропска бура која се храни од топлите води на Средоземното Море. Оваа појава се карактеризира со силни ветрови и обилни дождови, слични на другите тропски бури.

Доколку се оствари прогнозата, овој дел би бил единствената надеж на Европа за какво било ослободување од постојаната суша. Ако ова сценарио не се оствари, сушата во јужна Франција, Италија и на Балканот ќе трае до есен, рече тој.

The post Објавена големата временска прогноза, еве што ни носи есента годинава appeared first on Република.

]]>

Метеоролозите од специјализираната страна „AcuuWeather“ ја објавија големата временска прогноза за есента 2022 година. Велат дека поголемиот дел од сезоната нè очекува топло време, но предупредуваат и дека тоа ќе доведе до поголема суша и можни пожари. Западна Европа е погодена од интензивен топлотен бран ова лето, а преминот од лето во есен можеби нема да биде забележлив за многу Европејци, вели тимот метеоролози, додавајќи дека нè очекуваат суви и топли услови. Метеорологот Тајлер Ројс, кој со години прогнозира време за Европа, очекува дека времето потопло од просечното ќе продолжи низ западна и централна Европа во поголемиот дел од есента.