ерупција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erupcija/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 07:21:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ерупција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erupcija/ 32 32 Шеста ерупција на вулкан на Исланд од декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shesta-eruptsija-na-vulkan-na-island-od-dekemvri/ Fri, 23 Aug 2024 07:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=809266

Вулкан на југозападот на Исланд, на полуостровот Рејкјанес, повторно еруптираше синоќа, шести пат од декември, исфрлајќи лава. Ерупцијата започна по 21 часот, по серија силни земјотреси. Исландските власти соопштија дека ерупцијата не претставува закана за населението.

Началникот за временски прилики и клима во Норвешката метеоролошка агенција, Халдор Бјорнсон, за исландскиот новински портал „Висир“ изјави дека, за разлика од претходните ерупции, токот на лавата не оди кон градот Гриндавик, кој беше евакуиран во декември кога дојде до ерупција по 800 години мирување на вулканот.

Геофизичарот Магнус Тума Гудмундсон изјави дека Гриндавик не е во опасност и дека се очекува ерупцијата да достигне врв и потоа да почне да слабее како и претходните.

Не се очекува ерупцијата да влијае на авионскиот сообраќај.

The post Шеста ерупција на вулкан на Исланд од декември appeared first on Република.

]]>

Вулкан на југозападот на Исланд, на полуостровот Рејкјанес, повторно еруптираше синоќа, шести пат од декември, исфрлајќи лава. Ерупцијата започна по 21 часот, по серија силни земјотреси. Исландските власти соопштија дека ерупцијата не претставува закана за населението. Началникот за временски прилики и клима во Норвешката метеоролошка агенција, Халдор Бјорнсон, за исландскиот новински портал „Висир“ изјави дека, за разлика од претходните ерупции, токот на лавата не оди кон градот Гриндавик, кој беше евакуиран во декември кога дојде до ерупција по 800 години мирување на вулканот. Геофизичарот Магнус Тума Гудмундсон изјави дека Гриндавик не е во опасност и дека се очекува ерупцијата да достигне врв и потоа да почне да слабее како и претходните. Не се очекува ерупцијата да влијае на авионскиот сообраќај.

The post Шеста ерупција на вулкан на Исланд од декември appeared first on Република.

]]>
Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4.000 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eruptirashe-vulkan-na-island-evakuirani-4-000-luge/ Tue, 19 Dec 2023 07:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=724414

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти Метеоролошката служба на земјата.

На полуостровот Рејкјанес, властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Плава лагуна.

„Предупредување: Ерупцијата започна северно од Гриндавик во близина на Хагафел“, објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница.

Меѓународниот аеродром во Рејкјавик, кој се наоѓа во близина, остана отворен.

„Во моментов нема пречки во пристигнувањата и полетувањата на аеродромот Кефлавик“, се вели на неговата веб-страница.

Во последниве години имаше неколку ерупции на полуостровот во ненаселени области, но се верува дека сегашната ерупција претставува непосредна закана за градот, соопштија властите.

Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик. Во март 2021 година, фонтаните од лава еруптираа спектакуларно од пукнатина долга 500-750 метри во земјата во вулканскиот систем Фаградалсфјал.

The post Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4.000 луѓе appeared first on Република.

]]>

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти Метеоролошката служба на земјата. На полуостровот Рејкјанес, властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Плава лагуна.
„Предупредување: Ерупцијата започна северно од Гриндавик во близина на Хагафел“, објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница.
Меѓународниот аеродром во Рејкјавик, кој се наоѓа во близина, остана отворен.
„Во моментов нема пречки во пристигнувањата и полетувањата на аеродромот Кефлавик“, се вели на неговата веб-страница.
Во последниве години имаше неколку ерупции на полуостровот во ненаселени области, но се верува дека сегашната ерупција претставува непосредна закана за градот, соопштија властите. Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик. Во март 2021 година, фонтаните од лава еруптираа спектакуларно од пукнатина долга 500-750 метри во земјата во вулканскиот систем Фаградалсфјал.

The post Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4.000 луѓе appeared first on Република.

]]>
Се активира вулканот Попокатепетл во Мексико https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-aktivira-vulkanot-popokatepetl-vo-meksiko/ Sun, 19 Nov 2023 14:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=703205

Вулканот Попокатепетл, во мексиканската држава Пуебла, почнал да исфрла пепел, а мексиканските власти ги предупредија луѓето да се држат понастрана од областа.

Националниот центар за превенција од катастрофи информира дека вулканот исфрла жешка пареа, вулкански гасови и пепел и дека на сила е жолт аларм, што значи зголемена активност, пренесоа мексиканските медиуми.

Вулканот вчера исфрлаше пепел на височина од над 6.000 метри.

Мексиканската Агенција за управување со вонредни состојби соопшти дека облакот од вулканска пепел се очекува да се движи југозападно и нема да се упати кон Мексико Сити.

Првичните активности вулканот ги покажа во петокот.

Попокатепетл, познат и како Ел Попо, се наоѓа во централно Мексико. Висок е 5.426 метри и е вториот највисок вулкан во Северна Америка. Античките Ацтеки му го дале името Попокатепетл, што во превод значи - „планина која пуши“.

The post Се активира вулканот Попокатепетл во Мексико appeared first on Република.

]]>

Вулканот Попокатепетл, во мексиканската држава Пуебла, почнал да исфрла пепел, а мексиканските власти ги предупредија луѓето да се држат понастрана од областа. Националниот центар за превенција од катастрофи информира дека вулканот исфрла жешка пареа, вулкански гасови и пепел и дека на сила е жолт аларм, што значи зголемена активност, пренесоа мексиканските медиуми. Вулканот вчера исфрлаше пепел на височина од над 6.000 метри. Мексиканската Агенција за управување со вонредни состојби соопшти дека облакот од вулканска пепел се очекува да се движи југозападно и нема да се упати кон Мексико Сити. Првичните активности вулканот ги покажа во петокот. Попокатепетл, познат и како Ел Попо, се наоѓа во централно Мексико. Висок е 5.426 метри и е вториот највисок вулкан во Северна Америка. Античките Ацтеки му го дале името Попокатепетл, што во превод значи - „планина која пуши“.

The post Се активира вулканот Попокатепетл во Мексико appeared first on Република.

]]>
Еруптираше вулкан во Исланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eruptirashe-vulkan-vo-island/ Mon, 10 Jul 2023 20:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=659875

На полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, во близина на главниот град Рејкјавик, еруптираше вулкан по интензивна сеизмичка активност во областа, соопшти Метеоролошката служба (ИМО).

Во овој момент, тоа е многу мала ерупција, рече Метју Робертс од одделот за услуги и истражување на ИМО.

Тој додаде дека нема директна непосредна опасност за луѓето кои живеат во регионот.

Ерупцијата беше потврдена во 16:40 часот по Гринич, додаде тој.

Експертите од ИМО ќе проценат точно каде излегува лавата и како се развива ерупцијата во следните часови.

Сликите и преносите во живо на локален медиум покажуваат лава и чад како излеваат од пукнатината во земјата на страната на планината Фаградалсфјал.

The post Еруптираше вулкан во Исланд appeared first on Република.

]]>

На полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, во близина на главниот град Рејкјавик, еруптираше вулкан по интензивна сеизмичка активност во областа, соопшти Метеоролошката служба (ИМО).
Во овој момент, тоа е многу мала ерупција, рече Метју Робертс од одделот за услуги и истражување на ИМО.
Тој додаде дека нема директна непосредна опасност за луѓето кои живеат во регионот.
Ерупцијата беше потврдена во 16:40 часот по Гринич, додаде тој.
Експертите од ИМО ќе проценат точно каде излегува лавата и како се развива ерупцијата во следните часови. Сликите и преносите во живо на локален медиум покажуваат лава и чад како излеваат од пукнатината во земјата на страната на планината Фаградалсфјал.

The post Еруптираше вулкан во Исланд appeared first on Република.

]]>
Ерупција на вулканот Етна, поради пепел прекинати летовите од Катанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eruptsija-na-vulkanot-etna-poradi-pepel-prekinati-letovite-od-katanija/ Sun, 21 May 2023 16:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=643300

Најактивниот вулкан во Европа, Етна еруптираше денеска и исфрли пепел врз Катанија, најголемиот град во источна Сицилија, што предизвика прекин на летовите на аеродромот во градот.

Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), кој внимателно ја следи Етна, рече дека облаците и дождливите денови го отежнуваат следењето на ерупцијата, која некогаш беше спектакуларен приказ на оган и лава.

Институтот објави дека пепел паднал во Катанија и во еден град на падините на Етна. Нема извештаи за повредени.

Аеродромот Катанија објави дека летовите се привремено прекинати поради пепелта.

Национален институт за геофизика и вулканологија посочи дека мониторингот забележал докази за зголемена активност, за потреси во последните денови.

Италијанската национална агенција за цивилна заштита во четвртокот во предупредувањето наведе дека со оглед на зголемената вулканска активност, може да има „ненадејни“ варијации во активноста на Етна. На почетокот на 2021 година, ерупцијата на вулканот траеше неколку недели.

 

The post Ерупција на вулканот Етна, поради пепел прекинати летовите од Катанија appeared first on Република.

]]>

Најактивниот вулкан во Европа, Етна еруптираше денеска и исфрли пепел врз Катанија, најголемиот град во источна Сицилија, што предизвика прекин на летовите на аеродромот во градот. Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), кој внимателно ја следи Етна, рече дека облаците и дождливите денови го отежнуваат следењето на ерупцијата, која некогаш беше спектакуларен приказ на оган и лава. Институтот објави дека пепел паднал во Катанија и во еден град на падините на Етна. Нема извештаи за повредени. Аеродромот Катанија објави дека летовите се привремено прекинати поради пепелта. Национален институт за геофизика и вулканологија посочи дека мониторингот забележал докази за зголемена активност, за потреси во последните денови. Италијанската национална агенција за цивилна заштита во четвртокот во предупредувањето наведе дека со оглед на зголемената вулканска активност, може да има „ненадејни“ варијации во активноста на Етна. На почетокот на 2021 година, ерупцијата на вулканот траеше неколку недели.  

The post Ерупција на вулканот Етна, поради пепел прекинати летовите од Катанија appeared first on Република.

]]>
Неверојатни фотографии од ерупцијата на вулканот Сакурајима на јапонскиот остров Кјушу https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/neverojatni-fotografii-od-erupcijata-na-vulkanot-sakurajima-na-japonskiot-ostrov-kjushu/ Sun, 24 Jul 2022 14:22:55 +0000 https://republika.mk/?p=532691

Вулканот Сакурајима на јапонски остров Кјушу еруптираше, поради што е објавена петто, највисоко ниво на предупредување, а на жителите им е препорачано да се евакуираат.

Сè уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Сакурајима е еден од најактивните вулкани во Јапонија, а чести се неговите ерупции на различни нивоа. Во 2019 година вулканот исфрли пепел до висина од 5,5 километри.

The post Неверојатни фотографии од ерупцијата на вулканот Сакурајима на јапонскиот остров Кјушу appeared first on Република.

]]>

Вулканот Сакурајима на јапонски остров Кјушу еруптираше, поради што е објавена петто, највисоко ниво на предупредување, а на жителите им е препорачано да се евакуираат. Сè уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Сакурајима е еден од најактивните вулкани во Јапонија, а чести се неговите ерупции на различни нивоа. Во 2019 година вулканот исфрли пепел до висина од 5,5 километри.

The post Неверојатни фотографии од ерупцијата на вулканот Сакурајима на јапонскиот остров Кјушу appeared first on Република.

]]>
Ерупција на вулкан на Филипините https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erupcija-na-vulkan-na-filipinite/ Sun, 05 Jun 2022 11:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=511368

Филипинскиот вулканот Булусан исфрли голем облак пепел поради што се евакуирани жителите од околните градови, а постои опасност и од нова ерупција.

Според филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија, ерупцијата на вулканот, лоциран во провинцијата Сорсогон, во источниот дел на Филипини, траела околу 17 минути, а пепелот бил исфрлен најмалку еден километар во висина.

Со пепел покриени се два града во провинцијата Сорсогон, што се наоѓа околу 500 километри јужно од Манила.

Вулканот Булусан е активен изминатите години, а десетина слични ерупции беа забележани помеѓу 2016 и 2017 година.

Филипини се наоѓаат на така наречениот сеизмички огнен појас на Пацификот, со повеќе од 20 активни вулкани.

The post Ерупција на вулкан на Филипините appeared first on Република.

]]>

Филипинскиот вулканот Булусан исфрли голем облак пепел поради што се евакуирани жителите од околните градови, а постои опасност и од нова ерупција. Според филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија, ерупцијата на вулканот, лоциран во провинцијата Сорсогон, во источниот дел на Филипини, траела околу 17 минути, а пепелот бил исфрлен најмалку еден километар во висина. Со пепел покриени се два града во провинцијата Сорсогон, што се наоѓа околу 500 километри јужно од Манила. Вулканот Булусан е активен изминатите години, а десетина слични ерупции беа забележани помеѓу 2016 и 2017 година. Филипини се наоѓаат на така наречениот сеизмички огнен појас на Пацификот, со повеќе од 20 активни вулкани.

The post Ерупција на вулкан на Филипините appeared first on Република.

]]>