Ерол Туфан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erol-tufan/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Oct 2022 07:48:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ерол Туфан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erol-tufan/ 32 32 Книжевен портрет на Ерол Туфан во Градската библиотека во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizeven-portret-na-erol-tufan-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Tue, 25 Oct 2022 07:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=565201

Вечер (25 октомври, вторник) во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ во ЈУ Градска Библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе се одржи Книжевен портрет на поетот, есеист, преведувач и препејувач Ерол Туфан.

За творештвото на Туфан ќе говори поетесата и издавач Јулијана Величковска, модератор на настанот ќе биде Александра Јуруковска.

Ерол Туфан е роден е во Гостивар, Македонија, а живее и работи во Истанбул, Турција. Неговото творештво е меѓу овие две оски, секогаш меѓу двете култури, меѓу двата јазика, меѓу два града, меѓу Вардар и Босфор. Туфан, освен автор, е и посветен читател, искрен вљубеник во убавото. За него поезијата е врвна уметност, врвен облик на човековата креација. Тој ја пишува, но исто толку посветено и ја чита, преведува, препејува, памети. Поезијата е присутна и во неговите есеизирани текстови, во кои многу често се осврнува на најголемите умови од областа на филозофијата, ликовната уметност, музиката и литературата. Пишува на македонски, турски и српски јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Удружење књижевника Србије и Вакуфот на турските писатели“, посочуваат од Библиотеката „Браќа Миладиновци“.

Туфан студирал право во Скопје на УКИМ и во Коња на Селчук Универзитетот. Од 1999 е самостоен адвокат во Истанбул. Во 2006 година во Скопје ја објавил книгата есеи „Книгољубецот“ која доживува второ издание во 2011 година. Истата е објавена под ист наслов и во Белград во 2017 година. Поетските книги „Балкански син“ (2013) и „Камчето од Вардар“ (2016) објавени се во Скопје, додека пак нивната синтеза под наслов „Ерол трагом Ерола“ е објавена во 2016 во Белград. Во 2020 во Скопје објавил книга есеизирани поетизации насловени „Несоници“.

 

The post Книжевен портрет на Ерол Туфан во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

Вечер (25 октомври, вторник) во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ во ЈУ Градска Библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе се одржи Книжевен портрет на поетот, есеист, преведувач и препејувач Ерол Туфан. За творештвото на Туфан ќе говори поетесата и издавач Јулијана Величковска, модератор на настанот ќе биде Александра Јуруковска. Ерол Туфан е роден е во Гостивар, Македонија, а живее и работи во Истанбул, Турција. Неговото творештво е меѓу овие две оски, секогаш меѓу двете култури, меѓу двата јазика, меѓу два града, меѓу Вардар и Босфор. Туфан, освен автор, е и посветен читател, искрен вљубеник во убавото. За него поезијата е врвна уметност, врвен облик на човековата креација. Тој ја пишува, но исто толку посветено и ја чита, преведува, препејува, памети. Поезијата е присутна и во неговите есеизирани текстови, во кои многу често се осврнува на најголемите умови од областа на филозофијата, ликовната уметност, музиката и литературата. Пишува на македонски, турски и српски јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Удружење књижевника Србије и Вакуфот на турските писатели“, посочуваат од Библиотеката „Браќа Миладиновци“. Туфан студирал право во Скопје на УКИМ и во Коња на Селчук Универзитетот. Од 1999 е самостоен адвокат во Истанбул. Во 2006 година во Скопје ја објавил книгата есеи „Книгољубецот“ која доживува второ издание во 2011 година. Истата е објавена под ист наслов и во Белград во 2017 година. Поетските книги „Балкански син“ (2013) и „Камчето од Вардар“ (2016) објавени се во Скопје, додека пак нивната синтеза под наслов „Ерол трагом Ерола“ е објавена во 2016 во Белград. Во 2020 во Скопје објавил книга есеизирани поетизации насловени „Несоници“.  

The post Книжевен портрет на Ерол Туфан во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>
Промоција на стихозбирката „Куфер“ од Ерол Туфан во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-stihozbirkata-kufer-od-erol-tufan-vo-mkc/ Mon, 11 Apr 2022 08:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=486559

На платото пред МКЦ вечерва со почеток во 20 часот ќе биде промовирана збирката поезија „Куфер“ од Ерол Туфан. Промотори: Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски
Модератор: Јулијана Величковска
Стихозбирката „Куфер“ од Ерол Туфан содржи триесетина песни, а збогатена е и со илустрации од Владимир Мартиновски. Во книгата се објавени и два пригодни поговора од проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска и од Силвана Димитриевска.

Една од најважните карактеристики на творечкиот метод на Туфан во книгата ’Куфер‘ е способноста да го совлада поетскиот простор. Познато е дека, според мистичните својства на јазикот, секоја песна што сè уште не е напишана веќе има одредено поетско време… Гласот на силна чувствителност се провлекува низ целата книга; таа е исполнета со силни и впечатливи слики, кои вешто се прелеваат во смирена лирска рефлексивност настаната во највисокиот стадиум на уметничката зрелост на Ерол Туфан…, ќе напише Славе Ѓорѓо Димоски.

Според Лидија Капушевска - Дракулевска „целиот арсенал од значења ’спакувани‘ во книгата-куфер на Ерол промовираат една поетика на талкањето, во симбиоза со копнежот по слобода како врвен човеков и уметнички идеал“.

Книгата е збогатена со мошне инвентивни и оригинални илустрации на поетот и есеист Владимир Мартиновски.

КУФЕР на Ерол Туфан е едно заокружено поетско патување во кое се испреплетуваат слики од минатото, размисли, идеи за светот во и околу нас, за нашата не/припадност во тој свет и нашата подготвеност да отпатуваме во исто време и таму некаде далеку и најблиску до себе. Во поетиката, дословниот куфер е метафора за постојаното патување, трагање по новото и непознатото, непомирување со секоја вкоренетост, закотвеност во едно место, но во една подлабока, филозофска смисла, куферот е нашето најдлабоко Јас, нашето себство…смета Силвана Димитриевска

 

ЕРОЛ ТУФАН (1959, Гостивар), поет, есеист, преведувач. Во 1992 година се иселил во Турција. Студирал право во Скопје и Конија. Работи како самостоен адвокат во Истанбул. Досега во Скопје на македонски ги објавил: книгата есеи Книгољубецот (2006 и повторно 2011), книгата поетски есеизации „Несоници“ (2020) и книгите поезија: „Балкански син“ (2013), „Камчето од Вардар“ (2016), „Ликовите во мене“ (2021). Двојазичниот избор од поезијата на македонски и турски јазик „Меланхолија/Melankoli“ (2020) објавена во Скопје. Изборите „Ерол трагом Ерола“ (2016) и „Књигољубац“ (2017) му се објавени во Србија. Ја приреди и во 2019 ја објави книгата „Компаративни поетики“, дел од богатата оставина на својот татко Музафер Туфан. Во Истанбул објавена му е стихозбирката на турски јазик „Hülya bitince“ (2021). Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Удружење Књижевника Србије и на Турскиот вакуф на писателите.

Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протокли

 

The post Промоција на стихозбирката „Куфер“ од Ерол Туфан во МКЦ appeared first on Република.

]]>

На платото пред МКЦ вечерва со почеток во 20 часот ќе биде промовирана збирката поезија „Куфер“ од Ерол Туфан. Промотори: Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски Модератор: Јулијана Величковска Стихозбирката „Куфер“ од Ерол Туфан содржи триесетина песни, а збогатена е и со илустрации од Владимир Мартиновски. Во книгата се објавени и два пригодни поговора од проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска и од Силвана Димитриевска.
Една од најважните карактеристики на творечкиот метод на Туфан во книгата ’Куфер‘ е способноста да го совлада поетскиот простор. Познато е дека, според мистичните својства на јазикот, секоја песна што сè уште не е напишана веќе има одредено поетско време… Гласот на силна чувствителност се провлекува низ целата книга; таа е исполнета со силни и впечатливи слики, кои вешто се прелеваат во смирена лирска рефлексивност настаната во највисокиот стадиум на уметничката зрелост на Ерол Туфан…, ќе напише Славе Ѓорѓо Димоски.
Според Лидија Капушевска - Дракулевска „целиот арсенал од значења ’спакувани‘ во книгата-куфер на Ерол промовираат една поетика на талкањето, во симбиоза со копнежот по слобода како врвен човеков и уметнички идеал“. Книгата е збогатена со мошне инвентивни и оригинални илустрации на поетот и есеист Владимир Мартиновски.
КУФЕР на Ерол Туфан е едно заокружено поетско патување во кое се испреплетуваат слики од минатото, размисли, идеи за светот во и околу нас, за нашата не/припадност во тој свет и нашата подготвеност да отпатуваме во исто време и таму некаде далеку и најблиску до себе. Во поетиката, дословниот куфер е метафора за постојаното патување, трагање по новото и непознатото, непомирување со секоја вкоренетост, закотвеност во едно место, но во една подлабока, филозофска смисла, куферот е нашето најдлабоко Јас, нашето себство…смета Силвана Димитриевска  
ЕРОЛ ТУФАН (1959, Гостивар), поет, есеист, преведувач. Во 1992 година се иселил во Турција. Студирал право во Скопје и Конија. Работи како самостоен адвокат во Истанбул. Досега во Скопје на македонски ги објавил: книгата есеи Книгољубецот (2006 и повторно 2011), книгата поетски есеизации „Несоници“ (2020) и книгите поезија: „Балкански син“ (2013), „Камчето од Вардар“ (2016), „Ликовите во мене“ (2021). Двојазичниот избор од поезијата на македонски и турски јазик „Меланхолија/Melankoli“ (2020) објавена во Скопје. Изборите „Ерол трагом Ерола“ (2016) и „Књигољубац“ (2017) му се објавени во Србија. Ја приреди и во 2019 ја објави книгата „Компаративни поетики“, дел од богатата оставина на својот татко Музафер Туфан. Во Истанбул објавена му е стихозбирката на турски јазик „Hülya bitince“ (2021). Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Удружење Књижевника Србије и на Турскиот вакуф на писателите. Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протокли  

The post Промоција на стихозбирката „Куфер“ од Ерол Туфан во МКЦ appeared first on Република.

]]>