Ермонд Незири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ermond-neziri/ За подобро да се разбереме Mon, 08 May 2023 09:43:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ермонд Незири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ermond-neziri/ 32 32 Незири даде свечена изјава во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neziri-dade-svechena-izjava-vo-sobranieto/ Mon, 08 May 2023 09:43:07 +0000 https://republika.mk/?p=638271

Скопскиот обвинител Ермонд Незири како новоизбран член на Советот на јавни обвинители денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери.

Незири беше избран за член на Советот на јавни обвинители на 26 април од редот на заедниците кои не се мнозинство во земјава.

Како што информираше тогаш Комисијата за спроведување на изборот, од вкупно 139 обвинители кои го искористиле своето гласачко право, за Ермонд Незири гласале 117, а за вториот кандидат Расим Дреца се изјасниле 16.

Гласањето беше спроведено на пет гласачки места во републичкото Јавно обвинителство и во четирите виши јавни обвинителства во Скопје, Гостивар, Битола и Штип, при што од вкупно 159 јавни обвинители со право на глас, гласале 139, а 20 гласачки ливчиња останале не искористени.

Незири беше кандидат и за претседател на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на изборите во ноември минатата година, кога за прв човек на ова Обвинителство беше избран Ислам Абази.

The post Незири даде свечена изјава во Собранието appeared first on Република.

]]>

Скопскиот обвинител Ермонд Незири како новоизбран член на Советот на јавни обвинители денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери. Незири беше избран за член на Советот на јавни обвинители на 26 април од редот на заедниците кои не се мнозинство во земјава. Како што информираше тогаш Комисијата за спроведување на изборот, од вкупно 139 обвинители кои го искористиле своето гласачко право, за Ермонд Незири гласале 117, а за вториот кандидат Расим Дреца се изјасниле 16. Гласањето беше спроведено на пет гласачки места во републичкото Јавно обвинителство и во четирите виши јавни обвинителства во Скопје, Гостивар, Битола и Штип, при што од вкупно 159 јавни обвинители со право на глас, гласале 139, а 20 гласачки ливчиња останале не искористени. Незири беше кандидат и за претседател на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на изборите во ноември минатата година, кога за прв човек на ова Обвинителство беше избран Ислам Абази.

The post Незири даде свечена изјава во Собранието appeared first on Република.

]]>
Јолевски: Ермонд Незири е нов член на Советот на јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jolevski-ermond-neziri-e-nov-chlen-na-sovetot-na-javni-obviniteli/ Wed, 26 Apr 2023 18:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=634372

Скопскиот обвинител Ермонд Незири денеска е избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на заедниците кои не се мнозинство во земјава.

Како што информира Комисијата за спроведување на изборот на прес-конференција доцна попладнево, од вкупно 139 обвинители кои го искористиле своето гласачко право, за Ермонд Незири гласале 117, а за вториот кандидат Расим Дреца се изјасниле 16. Комисијата утврди дека шест гласачки ливчиња се неважечки.

– Констатирам дека кандидатот Ермонд Незири е избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Со ова изборниот процес е завршен и на кандидатот ќе ми биде издадено решение после истекот на рокот за приговор – информира претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски.

Гласањето беше спроведено денеска на пет гласачки места во републичкото Јавно обвинителство и во четирите виши јавни обвинителства во Скопје, Гостивар, Битола и Штип, при што од вкупно 159 јавни обвинители со право на глас, гласале 139, а 20 гласачки ливчиња останале не искористени.

Инаку, Незири беше кандидат и за претседател на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на изборите во ноември минатата година, кога за прв човек на ова Обвинителство беше избран Ислам Абази.

The post Јолевски: Ермонд Незири е нов член на Советот на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Скопскиот обвинител Ермонд Незири денеска е избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на заедниците кои не се мнозинство во земјава. Како што информира Комисијата за спроведување на изборот на прес-конференција доцна попладнево, од вкупно 139 обвинители кои го искористиле своето гласачко право, за Ермонд Незири гласале 117, а за вториот кандидат Расим Дреца се изјасниле 16. Комисијата утврди дека шест гласачки ливчиња се неважечки.
– Констатирам дека кандидатот Ермонд Незири е избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Со ова изборниот процес е завршен и на кандидатот ќе ми биде издадено решение после истекот на рокот за приговор – информира претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски.
Гласањето беше спроведено денеска на пет гласачки места во републичкото Јавно обвинителство и во четирите виши јавни обвинителства во Скопје, Гостивар, Битола и Штип, при што од вкупно 159 јавни обвинители со право на глас, гласале 139, а 20 гласачки ливчиња останале не искористени. Инаку, Незири беше кандидат и за претседател на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на изборите во ноември минатата година, кога за прв човек на ова Обвинителство беше избран Ислам Абази.

The post Јолевски: Ермонд Незири е нов член на Советот на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>