ерменија - азербејџан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ermenija-azerbejdzan/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Sep 2023 08:13:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ерменија - азербејџан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ermenija-azerbejdzan/ 32 32 Досега пребегаа повеќе од 65.000 луѓе, над половина од ерменската популација во Нагорно-Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dosega-prebegaa-poveke-od-65-000-luge-nad-polovina-od-ermenskata-populatsija-vo-nagorno-karabah/ Thu, 28 Sep 2023 08:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=685874

Повеќе од 65 илјади луѓе избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија, повеќе од половина од населението на енклавата заземена од Азербејџан минатата недела, се вели во соопштението на ерменската Влада.

Баку го отвори Коридорот Лачин, единствениот пат што ја поврзува енклавата со Ерменија, во неделата, четири дена по капитулацијата на сепаратистите и прекинот на огнот.

Цивилите почнаа да го напуштаат Нагорно-Карабах по пристигнувањето на азербејџанските сили.

Официјален Баку рече дека жителите ќе бидат безбедни, но ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече дека Ерменците во Карабах се изложени на ризик од етничко чистење.

The post Досега пребегаа повеќе од 65.000 луѓе, над половина од ерменската популација во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 65 илјади луѓе избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија, повеќе од половина од населението на енклавата заземена од Азербејџан минатата недела, се вели во соопштението на ерменската Влада. Баку го отвори Коридорот Лачин, единствениот пат што ја поврзува енклавата со Ерменија, во неделата, четири дена по капитулацијата на сепаратистите и прекинот на огнот. Цивилите почнаа да го напуштаат Нагорно-Карабах по пристигнувањето на азербејџанските сили. Официјален Баку рече дека жителите ќе бидат безбедни, но ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече дека Ерменците во Карабах се изложени на ризик од етничко чистење.

The post Досега пребегаа повеќе од 65.000 луѓе, над половина од ерменската популација во Нагорно-Карабах appeared first on Република.

]]>
Постигнат договор за целосен прекин на непријателствата во Нагорно-Карабах со посредување на рускиот мировен контингент https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/postignat-dogovor-za-tselosen-prekin-na-neprijatelstvata-vo-nagorno-karabah-so-posreduvane-na-ruskiot-miroven-kontingent/ Wed, 20 Sep 2023 10:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=683412

Раководството на ерменските локални жители во Нагорно-Карабах објавија дека ќе го прекинат огнот и ќе го положат оружјето, сигнализирајќи го крајот на антитерористичката операција што ја започнаа азербејџанските сили во отцепениот регион.

Преку посредство на командата на рускиот мировен контингент стациониран во Нагорно-Карабах, постигнат е договор за целосен прекин на непријателствата од 13 часот (9 часот по Гринич) на 20 септември 2023 година, соопшти самопрогласеното претседателство на регионот во објава на социјалните мрежи.

Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши доколку ерменските сепаратисти го „остават оружјето“, рече претходно претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, се вели во соопштението на претседателството.

Алиев му рекол на Блинкен дека „антитерористичките мерки ќе бидат запрени доколку (силите на Карабах) го положат оружјето“, се вели во соопштението.

Прашањата покренати од азербејџанската страна за реинтеграција, обезбедување на правата и безбедноста на Ерменците од Нагорно-Карабах... ќе бидат разгледани на состанокот меѓу претставниците на локалното ерменско население и централните власти на Република Азербејџан. Тие ќе се одржат во градот Јевлах утре, 21 септември, соопштија денеска сепаратистичките власти.

Поранешен висок функционер во администрацијата на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах денеска изјави дека речиси 100 луѓе биле убиени, а стотици други биле повредени во отцепениот регион откако Азербејџан започна, како што рече, „голема војна“.

Азербејџан ги отфрли обвинувањата дека неговата цел е етничко чистење на Карабах и вели дека ќе ги заштити правата на ерменските цивили во областа според сопствениот устав.

Дом на околу 120 илјади луѓе, Нагорно-Карабах е етнички ерменски регион во Азербејџан што е жариште од распадот на Советскиот Сојуз. Регионот и големите околни територии паднаа под контрола на етничките ерменски сили со поддршка на ерменската армија на крајот на сепаратистичката војна. Азербејџан ги врати териториите и деловите од самиот Нагорно-Карабах во борбите во 2020 година.

Поголемиот дел од азербејџанското население беше протерано до крајот на борбите во 1994 година. Потоа, во средината на борбите во 2020 година, околу 90 илјади етнички Ерменци беа раселени, некои од нив ги запалија своите домови пред Азербејџаните да се преселат.

Во воената операција на Азербејџан досега загинаа 27 лица, меѓу кои двајца цивили, а повеќе од 200 се повредени. Азербејџан објави дека две лица се убиени на териториите на Карабах под нивна контрола. Жителите на некои села се евакуирани, а Азербејџан најави дека се отворени „хуманитарни коридори“ за евакуација.

The post Постигнат договор за целосен прекин на непријателствата во Нагорно-Карабах со посредување на рускиот мировен контингент appeared first on Република.

]]>

Раководството на ерменските локални жители во Нагорно-Карабах објавија дека ќе го прекинат огнот и ќе го положат оружјето, сигнализирајќи го крајот на антитерористичката операција што ја започнаа азербејџанските сили во отцепениот регион. Преку посредство на командата на рускиот мировен контингент стациониран во Нагорно-Карабах, постигнат е договор за целосен прекин на непријателствата од 13 часот (9 часот по Гринич) на 20 септември 2023 година, соопшти самопрогласеното претседателство на регионот во објава на социјалните мрежи. Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши доколку ерменските сепаратисти го „остават оружјето“, рече претходно претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, се вели во соопштението на претседателството. Алиев му рекол на Блинкен дека „антитерористичките мерки ќе бидат запрени доколку (силите на Карабах) го положат оружјето“, се вели во соопштението.
Прашањата покренати од азербејџанската страна за реинтеграција, обезбедување на правата и безбедноста на Ерменците од Нагорно-Карабах... ќе бидат разгледани на состанокот меѓу претставниците на локалното ерменско население и централните власти на Република Азербејџан. Тие ќе се одржат во градот Јевлах утре, 21 септември, соопштија денеска сепаратистичките власти.
Поранешен висок функционер во администрацијата на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах денеска изјави дека речиси 100 луѓе биле убиени, а стотици други биле повредени во отцепениот регион откако Азербејџан започна, како што рече, „голема војна“. Азербејџан ги отфрли обвинувањата дека неговата цел е етничко чистење на Карабах и вели дека ќе ги заштити правата на ерменските цивили во областа според сопствениот устав. Дом на околу 120 илјади луѓе, Нагорно-Карабах е етнички ерменски регион во Азербејџан што е жариште од распадот на Советскиот Сојуз. Регионот и големите околни територии паднаа под контрола на етничките ерменски сили со поддршка на ерменската армија на крајот на сепаратистичката војна. Азербејџан ги врати териториите и деловите од самиот Нагорно-Карабах во борбите во 2020 година. Поголемиот дел од азербејџанското население беше протерано до крајот на борбите во 1994 година. Потоа, во средината на борбите во 2020 година, околу 90 илјади етнички Ерменци беа раселени, некои од нив ги запалија своите домови пред Азербејџаните да се преселат. Во воената операција на Азербејџан досега загинаа 27 лица, меѓу кои двајца цивили, а повеќе од 200 се повредени. Азербејџан објави дека две лица се убиени на териториите на Карабах под нивна контрола. Жителите на некои села се евакуирани, а Азербејџан најави дека се отворени „хуманитарни коридори“ за евакуација.

The post Постигнат договор за целосен прекин на непријателствата во Нагорно-Карабах со посредување на рускиот мировен контингент appeared first on Република.

]]>
Алиев: Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши ако ерменските сепаратисти го „остават оружјето“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/aliev-operatsijata-na-azerbejdhan-vo-nagorno-karabah-ke-zavrshi-ako-ermenskite-separatisti-go-ostavat-oruzhjeto/ Wed, 20 Sep 2023 06:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=683312

Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши доколку ерменските сепаратисти го „остават оружјето“, рече претседателот Илхам Алиев во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен, се вели во соопштението на претседателството.

Алиев му рекол на Блинкен „дека антитерористичките мерки ќе бидат запрени доколку (силите на Карабах) го положат оружјето“, се вели во соопштението.

The post Алиев: Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши ако ерменските сепаратисти го „остават оружјето“ appeared first on Република.

]]>

Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши доколку ерменските сепаратисти го „остават оружјето“, рече претседателот Илхам Алиев во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен, се вели во соопштението на претседателството. Алиев му рекол на Блинкен „дека антитерористичките мерки ќе бидат запрени доколку (силите на Карабах) го положат оружјето“, се вели во соопштението.

The post Алиев: Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе заврши ако ерменските сепаратисти го „остават оружјето“ appeared first on Република.

]]>
Азербејџан почна „антитерористички операции“ во Нагорно Карабах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/azerbejdhan-pochna-antiteroristichki-operatsii-vo-nagorno-karabah/ Tue, 19 Sep 2023 12:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=683178

Азербејџан денеска соопшти дека почнал „антитерористички операции“ против ерменските сили во Нагорно-Карабах, што со децении наназад е спорна територија меѓу двете земји и причина за неколкуте воени судири.

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека операцијата „со помош на високопрецизно оружје“ почнала неколку часа по смртта на четворица војници и двајца цивили во експлозија на мина во Нагорно-Карабах, една од најминираните области во светот.

Новинарите на Франс прес јавија дека слушнале детонации во Степанакерт, главниот град на Нагорно-Карабах.

Нагорно-Карабах и голем дел од околните територии се под ерменска контрола од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година, но Азербејџан ги врати овие територии во шестнеделната војна во 2020 година, која заврши со прекин на огнот со посредство на Русија, а оттогаш таму се наоѓа и контингент руски мировници.

Азербејџан тврди дека по примирјето, Ерменија шверцува оружје во областа. Поради овие тврдења, блокиран е единствениот пат што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија, што предизвика недостиг на храна и лекови во тој регион.

Ереван го обвинува Баку, кој ги негира обвинувањата, дека предизвикал хуманитарна криза во Нагорно-Карабах со блокирање на „Коридорот Лачин“ од крајот на 2022 година, а ја обвинува и Русија дека не прави ништо.

Русија денеска апелираше до Азербејџан и Ерменија да го „запрат крвопролевањето“ во Нагорно-Карабах и да се вратат на „мирно решение“ на ситуацијата во оваа енклава.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека „Русија итно повикува на прекин на крвопролевањето и враќање на мирно решение“, додавајќи дека „сите фази на мирно решение се прецизирани во договорите потпишани во 2020 и 2022 година“.

The post Азербејџан почна „антитерористички операции“ во Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>

Азербејџан денеска соопшти дека почнал „антитерористички операции“ против ерменските сили во Нагорно-Карабах, што со децении наназад е спорна територија меѓу двете земји и причина за неколкуте воени судири. Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека операцијата „со помош на високопрецизно оружје“ почнала неколку часа по смртта на четворица војници и двајца цивили во експлозија на мина во Нагорно-Карабах, една од најминираните области во светот. Новинарите на Франс прес јавија дека слушнале детонации во Степанакерт, главниот град на Нагорно-Карабах. Нагорно-Карабах и голем дел од околните територии се под ерменска контрола од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година, но Азербејџан ги врати овие територии во шестнеделната војна во 2020 година, која заврши со прекин на огнот со посредство на Русија, а оттогаш таму се наоѓа и контингент руски мировници. Азербејџан тврди дека по примирјето, Ерменија шверцува оружје во областа. Поради овие тврдења, блокиран е единствениот пат што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија, што предизвика недостиг на храна и лекови во тој регион. Ереван го обвинува Баку, кој ги негира обвинувањата, дека предизвикал хуманитарна криза во Нагорно-Карабах со блокирање на „Коридорот Лачин“ од крајот на 2022 година, а ја обвинува и Русија дека не прави ништо. Русија денеска апелираше до Азербејџан и Ерменија да го „запрат крвопролевањето“ во Нагорно-Карабах и да се вратат на „мирно решение“ на ситуацијата во оваа енклава. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека „Русија итно повикува на прекин на крвопролевањето и враќање на мирно решение“, додавајќи дека „сите фази на мирно решение се прецизирани во договорите потпишани во 2020 и 2022 година“.

The post Азербејџан почна „антитерористички операции“ во Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>
Eрменија и Азербејџан договорија примирје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ermenija-i-azerbejdzan-dogovorija-primirje/ Thu, 15 Sep 2022 08:00:32 +0000 https://republika.mk/?p=550918

Благодарение на меѓународните напори Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за прекин на огнот што стапи на сила од синоќа во 20 часот по локално време, изјави денеска секретарот на ерменскиот совет за безбедност Армен Григорјан.

-Благодарение на напорите на меѓународната заедница, се договоривме за прекин на огнот со Азербејџан од 20 часот на 14 септември, рече Григоријан во интервју за ерменската телевизија, пренесе Тасс.

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе се собере на уште една средба во врска со неодамнешната ескалација на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница, соопштија ОН.

Средбата ќе се одржи на барање на Ерменија, а Советот за безбедност на ОН вчера на консултациите зад затворени врати расправаше за ситуацијата на границата меѓу овие две земји, додека денешната седница ќе биде отворена за јавноста.

Ерменија и Азербејџан, кои со децении се борат за Нагорно Карабах, меѓусебно се обвинуваат дека доцна вечерта на 12 септември почнале серија гранични судири.

Според ерменскиот премиер Никол Пашинијан, во овие судири загинале 105 ерменски војници, додека азербејџанското Министерство за одбрана јави за  50 убиени азербејџански војници, јави Тасс.

The post Eрменија и Азербејџан договорија примирје appeared first on Република.

]]>

Благодарение на меѓународните напори Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за прекин на огнот што стапи на сила од синоќа во 20 часот по локално време, изјави денеска секретарот на ерменскиот совет за безбедност Армен Григорјан. -Благодарение на напорите на меѓународната заедница, се договоривме за прекин на огнот со Азербејџан од 20 часот на 14 септември, рече Григоријан во интервју за ерменската телевизија, пренесе Тасс. Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе се собере на уште една средба во врска со неодамнешната ескалација на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница, соопштија ОН. Средбата ќе се одржи на барање на Ерменија, а Советот за безбедност на ОН вчера на консултациите зад затворени врати расправаше за ситуацијата на границата меѓу овие две земји, додека денешната седница ќе биде отворена за јавноста. Ерменија и Азербејџан, кои со децении се борат за Нагорно Карабах, меѓусебно се обвинуваат дека доцна вечерта на 12 септември почнале серија гранични судири. Според ерменскиот премиер Никол Пашинијан, во овие судири загинале 105 ерменски војници, додека азербејџанското Министерство за одбрана јави за  50 убиени азербејџански војници, јави Тасс.

The post Eрменија и Азербејџан договорија примирје appeared first on Република.

]]>
Ерменија: Азербејџан нè нападна! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ermenija-azerbejdzan-ne-napadna/ Tue, 13 Sep 2022 06:53:18 +0000 https://republika.mk/?p=550201

Во спорниот регион Нагорно-Карабах синоќа повторно избија борби меѓу војските на Азербејџан и Ерменија, откако азербејџанската армија ги нападнаа ерменските позиции.

Азербејџанските војници ги нападнаа ерменските позиции на три позиции со артилерија и оружје од висок калибар, соопштија руските медиуми, повикувајќи се на ерменското Министерство за одбрана.

Владата на Ерменија веќе се обратила до Русија, Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) и Советот за безбедност на ОН во врска со судирите на границата со Азербејџан, изјавил владин претставник од прес-службата.

Во меѓувреме, азербејџанското Министерство за одбрана во Баку извести дека борбите биле предизвикани од обид за ерменска саботажа.

Исто така, било објавено дека азербејџанската армија претрпела загуби во персоналот и воената инфраструктура поради гранатирање од страна на ерменските вооружени сили, а Ереван не пријавил жртви, но ијавиле дека судирите продолжиле во текот на ноќта, пренесува Ројтерс.

Двете земји со децении наназад имаат несогласувања за регионот Нагорно-Карабах, кој во советско време имаше мнозинско ерменско население, но легално беше дел од Азербејџан.

По распадот на Советскиот Сојуз, Нагорно-Карабах прогласи независност од Баку како Република Арцах, со поддршка од Ереван, што предизвика тригодишна војна.

Војната заврши во 1994 година со победа на Ерменија, а Нагорно-Карабах беше под ерменска контрола четвртина век, иако неговиот статус никогаш не беше меѓународно признат.

По една деценија стагнација, Азербејџан во 2020 година повторно зазеде големи делови од регионот, принудувајќи ја Ерменија да направи големи територијални отстапки. Ова вклучуваше одредба со која се ограничува пристапот на Ерменија во регионот до безбеден коридор надгледуван од руски мировници.

Во меѓувреме, примирјето на неколку пати беше прекинувано со спорадични напади од двете страни.

The post Ерменија: Азербејџан нè нападна! appeared first on Република.

]]>

Во спорниот регион Нагорно-Карабах синоќа повторно избија борби меѓу војските на Азербејџан и Ерменија, откако азербејџанската армија ги нападнаа ерменските позиции. Азербејџанските војници ги нападнаа ерменските позиции на три позиции со артилерија и оружје од висок калибар, соопштија руските медиуми, повикувајќи се на ерменското Министерство за одбрана. Владата на Ерменија веќе се обратила до Русија, Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) и Советот за безбедност на ОН во врска со судирите на границата со Азербејџан, изјавил владин претставник од прес-службата. Во меѓувреме, азербејџанското Министерство за одбрана во Баку извести дека борбите биле предизвикани од обид за ерменска саботажа. Исто така, било објавено дека азербејџанската армија претрпела загуби во персоналот и воената инфраструктура поради гранатирање од страна на ерменските вооружени сили, а Ереван не пријавил жртви, но ијавиле дека судирите продолжиле во текот на ноќта, пренесува Ројтерс. Двете земји со децении наназад имаат несогласувања за регионот Нагорно-Карабах, кој во советско време имаше мнозинско ерменско население, но легално беше дел од Азербејџан. По распадот на Советскиот Сојуз, Нагорно-Карабах прогласи независност од Баку како Република Арцах, со поддршка од Ереван, што предизвика тригодишна војна. Војната заврши во 1994 година со победа на Ерменија, а Нагорно-Карабах беше под ерменска контрола четвртина век, иако неговиот статус никогаш не беше меѓународно признат. По една деценија стагнација, Азербејџан во 2020 година повторно зазеде големи делови од регионот, принудувајќи ја Ерменија да направи големи територијални отстапки. Ова вклучуваше одредба со која се ограничува пристапот на Ерменија во регионот до безбеден коридор надгледуван од руски мировници. Во меѓувреме, примирјето на неколку пати беше прекинувано со спорадични напади од двете страни.

The post Ерменија: Азербејџан нè нападна! appeared first on Република.

]]>