ерик тен хаг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erik-ten-hag/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 08:35:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ерик тен хаг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erik-ten-hag/ 32 32 Тен Хаг: Лага е дека ќе ме отпуштат во Манчестер јунајтед https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ten-hag-laga-e-deka-ke-me-otpushtat-vo-manchester-junajted/ Sat, 19 Oct 2024 08:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=828717

Медиумите веќе подолго време му даваат отказ на Ерик Тен Хаг, но тој за медиумите изјави дека не е загрижен за неговата работа во Манчестер јунајтед бидејќи ништо не се случува во клубот.

Вревата доаѓа само од некои од вас новинарите, создавајќи бајка и лаги. Знам само дека сите сме во клубот на иста страна. Ова го кажав пред паузата, вие новинарите веројатно не ми верувате. Во клубот е тивко, ништо не се случува, истакна Тен Хаг.

Најслабиот старт на клубот во Премиер лигата, моментално на 14. место, е причина и за овие тврдења на новинарите.

Секако, никој не е задоволен од позицијата на која се наоѓаме. Рангирањето не лаже. Но, ние сме обединети, остануваме на планот и убедени сме дека ќе постигнеме успех, заклучи Тен Хаг.

Манчестер јунајтед денеска од 16 часот ќе игра против Брентфорд во осмото коло од Премиер лигата и императивот за победа лебди над Тен Хаг и тимот.

The post Тен Хаг: Лага е дека ќе ме отпуштат во Манчестер јунајтед appeared first on Република.

]]>

Јунајтед и понатаму се двоуми: Отказот на Тен Хаг ќе чини 14 милиони фунти https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/junajted-i-ponatamu-se-dvoumi-otkazot-na-ten-hag-ke-chini-14-milioni-funti/ Fri, 11 Oct 2024 17:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=825671

Најслабиот старт на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата не беше доволен за шефовите на тимот да го отпуштат менаџерот Ерик Тен Хаг пред паузата, но му дадоа ултиматум: да ги победи Брентфорд и Фенербахче и да остане во клубот.

Тоа не е нешто што менаџерот, кој не знае за победа во последните пет натпревари, не може да го постигне, но агонијата во која се вклучени тој и клубот веројатно нема да биде плодна на долг рок. Зашто, Тен Хаг потроши 650 милиони фунти, односно 450 милиони евра од 2022 година само на „силни“ трансфери, а резултатот се два трофеи, Лига купот на Англија и ФА Купот на Англија.

Долго време Јунајтед не се ни меѓу кандидатите за освојување на Премиер лигата, а целиот проект на Тен Хаг одамна е сè, само не проект.

Медиумите во Англија истакнуваат дека мала кочница за челниците на Јунајтед е „цехот“ што би морале да го платат на Холанѓанецот, а тој моментално е 14 милиони фунти.

Медиумите ги наведуваат имињата на менаџерите кои би можеле да се најдат на клупата на Јунајтед, а Томас Тухел е фаворит. Поранешниот менаџер на Челси и Баерн беше на состанок во Јунајтед, но не сакаше да дава изјави за медиумите.

The post Јунајтед и понатаму се двоуми: Отказот на Тен Хаг ќе чини 14 милиони фунти appeared first on Република.

]]>

Најслабиот старт на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата не беше доволен за шефовите на тимот да го отпуштат менаџерот Ерик Тен Хаг пред паузата, но му дадоа ултиматум: да ги победи Брентфорд и Фенербахче и да остане во клубот. Тоа не е нешто што менаџерот, кој не знае за победа во последните пет натпревари, не може да го постигне, но агонијата во која се вклучени тој и клубот веројатно нема да биде плодна на долг рок. Зашто, Тен Хаг потроши 650 милиони фунти, односно 450 милиони евра од 2022 година само на „силни“ трансфери, а резултатот се два трофеи, Лига купот на Англија и ФА Купот на Англија. Долго време Јунајтед не се ни меѓу кандидатите за освојување на Премиер лигата, а целиот проект на Тен Хаг одамна е сè, само не проект. Медиумите во Англија истакнуваат дека мала кочница за челниците на Јунајтед е „цехот“ што би морале да го платат на Холанѓанецот, а тој моментално е 14 милиони фунти. Медиумите ги наведуваат имињата на менаџерите кои би можеле да се најдат на клупата на Јунајтед, а Томас Тухел е фаворит. Поранешниот менаџер на Челси и Баерн беше на состанок во Јунајтед, но не сакаше да дава изјави за медиумите.

The post Јунајтед и понатаму се двоуми: Отказот на Тен Хаг ќе чини 14 милиони фунти appeared first on Република.

]]>
Тен Хаг не знае дека му спремаат смена https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ten-hag-ne-znae-deka-mu-spremaat-smena/ Thu, 10 Oct 2024 21:03:54 +0000 https://republika.mk/?p=824984

Тренерот на Манчестер јунајтед Ерик тен Хаг не е информиран за одлуките на шефовите на клубот по вчерашниот состанок.

Да потсетиме, во вторникот се одржа состанок на највисокото раководство на клубот од „Олд Трафорд“ на кој една од темите беше иднината на Тен Хаг во клубот.

Според „ESPN“, средбата меѓу раководните лица на Манчестер јунајтед траела околу шест часа.

Ерик тен Хаг не добил никаква информација за евентуална одлука за главниот тренер па тој вообичаено ќе продолжи да се подготвува за мечот со Брентфорд кој ќе се одигра на 19 октомври.

Холанѓанецот моментално е на одмор и ќе се врати на работа в понеделник.

По седум одиграни кола, Манчестер јунајтед се наоѓа на 14. место во поредокот во Премиер лигата со освоени осум бода

The post Тен Хаг не знае дека му спремаат смена appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Манчестер јунајтед Ерик тен Хаг не е информиран за одлуките на шефовите на клубот по вчерашниот состанок. Да потсетиме, во вторникот се одржа состанок на највисокото раководство на клубот од „Олд Трафорд“ на кој една од темите беше иднината на Тен Хаг во клубот. Според „ESPN“, средбата меѓу раководните лица на Манчестер јунајтед траела околу шест часа. Ерик тен Хаг не добил никаква информација за евентуална одлука за главниот тренер па тој вообичаено ќе продолжи да се подготвува за мечот со Брентфорд кој ќе се одигра на 19 октомври. Холанѓанецот моментално е на одмор и ќе се врати на работа в понеделник. По седум одиграни кола, Манчестер јунајтед се наоѓа на 14. место во поредокот во Премиер лигата со освоени осум бода

The post Тен Хаг не знае дека му спремаат смена appeared first on Република.

]]>
Раководството на Јунајтед верува во Тен Хаг и покрај поразите https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/rakovodstvoto-na-junajted-veruva-vo-ten-hag-i-pokraj-porazite/ Tue, 03 Sep 2024 20:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=812731

Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада изјави дека менаџерот на тимот Ерик тен Хаг ја има целосната поддршка од раководството и рече дека е оптимист за долгорочниот развој и успех на тимот во Англија и Европа.

Јунајтед минатата сезона заврши на осмото место во Премиер лигата, а загубија со 3:0 на домашен терен од Ливерпул во натпреварот изминатиов викенд, откако веќе загубија два од трите во Премиер лигата. Тимот го зазема 14-то место.

-Ерик ја има нашата целосна поддршка. Мислиме дека тој е вистинскиот тренер за нас. Работевме заедно во преодниот рок и ќе продолжиме да работиме за да му помогнеме да постигне најдобри резултати со тимот, прокоментира Берада.

Последната титула за Јунајтед е во 2013 година во последната сезона на Алекс Фергусон.

-Не сакаме само да ја освоиме Премиер лигата и да бидеме задоволни со тоа. Сакаме да создадеме тим кој е способен да се бори во Лигата на шампионите, за трофеи во Англија и да биде стабилен. Оптимист сум за тоа што ни претстои. Мислам дека почнуваме да ја склопуваме сложувалката и целосно сум убеден дека ќе успееме, заклучи Омар Берада

The post Раководството на Јунајтед верува во Тен Хаг и покрај поразите appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада изјави дека менаџерот на тимот Ерик тен Хаг ја има целосната поддршка од раководството и рече дека е оптимист за долгорочниот развој и успех на тимот во Англија и Европа. Јунајтед минатата сезона заврши на осмото место во Премиер лигата, а загубија со 3:0 на домашен терен од Ливерпул во натпреварот изминатиов викенд, откако веќе загубија два од трите во Премиер лигата. Тимот го зазема 14-то место. -Ерик ја има нашата целосна поддршка. Мислиме дека тој е вистинскиот тренер за нас. Работевме заедно во преодниот рок и ќе продолжиме да работиме за да му помогнеме да постигне најдобри резултати со тимот, прокоментира Берада. Последната титула за Јунајтед е во 2013 година во последната сезона на Алекс Фергусон.
-Не сакаме само да ја освоиме Премиер лигата и да бидеме задоволни со тоа. Сакаме да создадеме тим кој е способен да се бори во Лигата на шампионите, за трофеи во Англија и да биде стабилен. Оптимист сум за тоа што ни претстои. Мислам дека почнуваме да ја склопуваме сложувалката и целосно сум убеден дека ќе успееме, заклучи Омар Берада

The post Раководството на Јунајтед верува во Тен Хаг и покрај поразите appeared first on Република.

]]>
Тренерот на Манчестер по поразот од Ливерпул: Jaс не сум Хари Потер https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/trenerot-na-manchester-po-porazot-od-liverpul-jas-ne-sum-hari-poter/ Mon, 02 Sep 2024 06:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=812127

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, разбирливо беше крајно фрустриран по крајот на натпреварот против Ливерпул во 3. коло од Премиер лигата, кој „црвените ѓаволи“ го загубија со 3:0.

Холандскиот стручњак е на мислење дека проблемот за лошите резултати на тимот не лежи во него.

-Јас не сум Хари Потер. Дали навистина мислите дека проблемот е во тренерот? Не мислам дека е така, инаку немаше да освојуваме трофеи, како што правиме и да победуваме големи ривали, рече Тен Хаг.

За новото засилување Мануел Угарте посочи дека се уште не играл оваа сезона и тој треба да ја подобри својата физичка кондиција.

-Ќе бидат потребни недели, можеби месеци, изненади со одговорот тренерот на „црвените ѓаволи

The post Тренерот на Манчестер по поразот од Ливерпул: Jaс не сум Хари Потер appeared first on Република.

]]>

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, разбирливо беше крајно фрустриран по крајот на натпреварот против Ливерпул во 3. коло од Премиер лигата, кој „црвените ѓаволи“ го загубија со 3:0. Холандскиот стручњак е на мислење дека проблемот за лошите резултати на тимот не лежи во него.
-Јас не сум Хари Потер. Дали навистина мислите дека проблемот е во тренерот? Не мислам дека е така, инаку немаше да освојуваме трофеи, како што правиме и да победуваме големи ривали, рече Тен Хаг.
За новото засилување Мануел Угарте посочи дека се уште не играл оваа сезона и тој треба да ја подобри својата физичка кондиција. -Ќе бидат потребни недели, можеби месеци, изненади со одговорот тренерот на „црвените ѓаволи

The post Тренерот на Манчестер по поразот од Ливерпул: Jaс не сум Хари Потер appeared first on Република.

]]>
Тен Хаг: Проблемот не е во мене, јас не сум Хари Потер https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ten-hag-problemot-ne-e-vo-mene-jas-ne-sum-hari-poter/ Sun, 01 Sep 2024 20:14:38 +0000 https://republika.mk/?p=812112

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, разбирливо беше крајно фрустриран по крајот на натпреварот против Ливерпул во 3. коло од Премиер лигата, кој „црвените ѓаволи“ го загубија со 3:0.

Холандскиот стручњак е на мислење дека проблемот за лошите резултати на тимот не лежи во него.

-Јас не сум Хари Потер. Дали навистина мислите дека проблемот е во тренерот? Не мислам дека е така, инаку немаше да освојуваме трофеи, како што правиме и да победуваме големи ривали, рече Тен Хаг.

За новото засилување Мануел Угарте посочи дека се уште не играл оваа сезона и тој треба да ја подобри својата физичка кондиција.

-Ќе бидат потребни недели, можеби месеци, изненади со одговорот тренерот на „црвените ѓаволи“.

The post Тен Хаг: Проблемот не е во мене, јас не сум Хари Потер appeared first on Република.

]]>

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, разбирливо беше крајно фрустриран по крајот на натпреварот против Ливерпул во 3. коло од Премиер лигата, кој „црвените ѓаволи“ го загубија со 3:0. Холандскиот стручњак е на мислење дека проблемот за лошите резултати на тимот не лежи во него.
-Јас не сум Хари Потер. Дали навистина мислите дека проблемот е во тренерот? Не мислам дека е така, инаку немаше да освојуваме трофеи, како што правиме и да победуваме големи ривали, рече Тен Хаг.
За новото засилување Мануел Угарте посочи дека се уште не играл оваа сезона и тој треба да ја подобри својата физичка кондиција.
-Ќе бидат потребни недели, можеби месеци, изненади со одговорот тренерот на „црвените ѓаволи“.

The post Тен Хаг: Проблемот не е во мене, јас не сум Хари Потер appeared first on Република.

]]>
Манчестер јунајтед реди порази пред стартот на сезоната https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/manchester-junajted-redi-porazi-pred-startot-na-sezonata/ Sun, 04 Aug 2024 13:44:39 +0000 https://republika.mk/?p=803223

Проблемите со повредени играчи на претсезонските подготовки на Манчестер Јунајтед продолжуваат откако Арон Ван-Бисака, Виктор Линделоф и Џони Еванс предвреме ја напуштија играта во поразот од Ливерпул со 3:0 на пријателски натпревар во Јужна Каролина.

Менаџерот Ерик тен Хаг веќе мораше да се справи со неколку слични проблеми на турнејата во САД, откако го загуби новото засилување Лени Јоро три месеци со повреда на ногата, а напаѓачот Расмус Хојлунд се повреди во поразот од Арсенал.

„Црвените ѓаволи“ се соочија со слични потешкотии во победата над Бетис, бидејќи Маркус Рашфорд и Ентони беа принудени да излезат од игра и покрај тоа што двајцата учествуваа во контролата на Ливерпул, но Ван-Бисака, Линделоф и Еванс не можеа да продолжат во натпреварот.

-Мораме да видиме каква е ситуацијата. Има некои повреди, но мораме да процениме колку се сериозни. Предсезонските подготвки секогаш се тешки. Тоа е дел од фудбалот. Треба да го развиеме тимот и да напредуваме, прокоментира Ерик тен Хаг.

The post Манчестер јунајтед реди порази пред стартот на сезоната appeared first on Република.

]]>

Проблемите со повредени играчи на претсезонските подготовки на Манчестер Јунајтед продолжуваат откако Арон Ван-Бисака, Виктор Линделоф и Џони Еванс предвреме ја напуштија играта во поразот од Ливерпул со 3:0 на пријателски натпревар во Јужна Каролина. Менаџерот Ерик тен Хаг веќе мораше да се справи со неколку слични проблеми на турнејата во САД, откако го загуби новото засилување Лени Јоро три месеци со повреда на ногата, а напаѓачот Расмус Хојлунд се повреди во поразот од Арсенал. „Црвените ѓаволи“ се соочија со слични потешкотии во победата над Бетис, бидејќи Маркус Рашфорд и Ентони беа принудени да излезат од игра и покрај тоа што двајцата учествуваа во контролата на Ливерпул, но Ван-Бисака, Линделоф и Еванс не можеа да продолжат во натпреварот.
-Мораме да видиме каква е ситуацијата. Има некои повреди, но мораме да процениме колку се сериозни. Предсезонските подготвки секогаш се тешки. Тоа е дел од фудбалот. Треба да го развиеме тимот и да напредуваме, прокоментира Ерик тен Хаг.

The post Манчестер јунајтед реди порази пред стартот на сезоната appeared first on Република.

]]>
На „Олд Трафорд“ веруваат во Тен Хаг https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/na-old-traford-veruvaat-vo-ten-hag/ Thu, 04 Jul 2024 14:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=793470

ренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, потпиша нов договор со клубот, објави официјалниот сајт на тимот од „Олд Трафорд“.

Новиот договор со 54-годишниот фудбалски стручњак е со важност до јуни 2026 година.

Претходниот договор на Холанѓанецот истекуваше на крајот од сезоната 2024/25.

Тен Хег е на чело на Манчестер јунајтед од летото 2022 година. Минатата сезона „црвените ѓаволи“ завршија на 8. место во поредокот во Премиер лигата и го освоија ФА Купот.

The post На „Олд Трафорд“ веруваат во Тен Хаг appeared first on Република.

]]>

ренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, потпиша нов договор со клубот, објави официјалниот сајт на тимот од „Олд Трафорд“. Новиот договор со 54-годишниот фудбалски стручњак е со важност до јуни 2026 година. Претходниот договор на Холанѓанецот истекуваше на крајот од сезоната 2024/25. Тен Хег е на чело на Манчестер јунајтед од летото 2022 година. Минатата сезона „црвените ѓаволи“ завршија на 8. место во поредокот во Премиер лигата и го освоија ФА Купот.

The post На „Олд Трафорд“ веруваат во Тен Хаг appeared first on Република.

]]>
Тен Хаг блиску до потпишување нов договор со Манчестер јунајтед https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ten-hag-blisku-do-potpishuvane-nov-dogovor-so-manchester-junajted/ Wed, 26 Jun 2024 06:34:49 +0000 https://republika.mk/?p=790822

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, наскоро ќе потпише нов договор со клубот, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Според Романо, речиси е договорена нова соработка со 54-годишниот фудбалски стручњак и оваа недела страните ќе влезат во завршна фаза од преговорите.

Холанѓанецот е на чело на Манчестер јунајтед од 2022 година.

Минатата сезона „Црвените ѓаволи“ завршија на осмото место во поредокот во Премиер лигата и го освоија ФА Купот.

The post Тен Хаг блиску до потпишување нов договор со Манчестер јунајтед appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, наскоро ќе потпише нов договор со клубот, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, речиси е договорена нова соработка со 54-годишниот фудбалски стручњак и оваа недела страните ќе влезат во завршна фаза од преговорите. Холанѓанецот е на чело на Манчестер јунајтед од 2022 година. Минатата сезона „Црвените ѓаволи“ завршија на осмото место во поредокот во Премиер лигата и го освоија ФА Купот.

The post Тен Хаг блиску до потпишување нов договор со Манчестер јунајтед appeared first on Република.

]]>
Тен Хаг бара од Санчо да се извини за да го врати на „Олд Трафорд“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ten-hag-bara-od-sancho-da-se-izvini-za-da-go-vrati-na-old-traford/ Thu, 13 Jun 2024 12:57:27 +0000 https://republika.mk/?p=787242

Ерик Тен Хаг поставил одредени услови за Манчестер Јунајтед за да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“.

Потсетуваме, вчера медиумите во Англија излегоа со информација дека Манчестер Јунајтед одлучил да го остави Тен Хаг на чело на тимот.

Разговорите меѓу двете страни за обновување на договорот на стручњакот веќе се започнати.

„Сан“ тврди дека еден од условите на Холанѓанецот е поврзан со Џејден Санчо.

Многу е можно фудбалерот да се врати во англискиот тим откако ќе заврши неговиот престој во Борусија Дортмунд.

Ерик Тен Хег, сепак, очекува Санчо да се извини. Во спротивно, нема да го прифати назад, тврдат медиумите на Островот

The post Тен Хаг бара од Санчо да се извини за да го врати на „Олд Трафорд“ appeared first on Република.

]]>

Ерик Тен Хаг поставил одредени услови за Манчестер Јунајтед за да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“. Потсетуваме, вчера медиумите во Англија излегоа со информација дека Манчестер Јунајтед одлучил да го остави Тен Хаг на чело на тимот. Разговорите меѓу двете страни за обновување на договорот на стручњакот веќе се започнати. „Сан“ тврди дека еден од условите на Холанѓанецот е поврзан со Џејден Санчо. Многу е можно фудбалерот да се врати во англискиот тим откако ќе заврши неговиот престој во Борусија Дортмунд. Ерик Тен Хег, сепак, очекува Санчо да се извини. Во спротивно, нема да го прифати назад, тврдат медиумите на Островот

The post Тен Хаг бара од Санчо да се извини за да го врати на „Олд Трафорд“ appeared first on Република.

]]>
Тен Хаг признава: Се е до трофеите https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ten-hag-priznava-se-e-do-trofeite/ Fri, 24 May 2024 18:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=781517

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, верува дека неговиот тим може да има силен настап во финалето на ФА Купот против Манчестер Сити, откако најдобрите настапи на „црвените ѓаволи“ во текот на целата сезона беа против висококвалитетниот противник.

-Се е до трофеите. Имаме огромна можност да подигнеме трофеј. Во последните 10 години клубот немаше многу такви, но сега имаме можност за две години да освоиме две почести. Финалето на ФА Купот е огромен настан. И ние сме таму. Дури и во сезона во која работите не се одвиваа како што сакавме, ние сме таму. Нема да биде лесно, но мораме да го направиме тоа. Знам дека често против најсилните противници го играме нашиот најдобар фудбал. Така треба да биде во сабота, изјави Тен Хаг.

Во однос на тоа дали ова е неговиот последен натпревар на чело на Јунајтед, Холанѓанецот изјави дека е фокусиран само на работата што треба да ја заврши - да победи во финалето во сабота и потоа да го продолжи проектот.

-Дојдов тука да освојувам трофеи и во сабота имаме шанса да подигнеме еден. Го заслуживме тоа како тим. По секоја сезона правите сметка и проценувате до каде стигнал проектот и што треба да се промени, изјави тренерот.

The post Тен Хаг признава: Се е до трофеите appeared first on Република.

]]>

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, верува дека неговиот тим може да има силен настап во финалето на ФА Купот против Манчестер Сити, откако најдобрите настапи на „црвените ѓаволи“ во текот на целата сезона беа против висококвалитетниот противник.
-Се е до трофеите. Имаме огромна можност да подигнеме трофеј. Во последните 10 години клубот немаше многу такви, но сега имаме можност за две години да освоиме две почести. Финалето на ФА Купот е огромен настан. И ние сме таму. Дури и во сезона во која работите не се одвиваа како што сакавме, ние сме таму. Нема да биде лесно, но мораме да го направиме тоа. Знам дека често против најсилните противници го играме нашиот најдобар фудбал. Така треба да биде во сабота, изјави Тен Хаг.
Во однос на тоа дали ова е неговиот последен натпревар на чело на Јунајтед, Холанѓанецот изјави дека е фокусиран само на работата што треба да ја заврши - да победи во финалето во сабота и потоа да го продолжи проектот. -Дојдов тука да освојувам трофеи и во сабота имаме шанса да подигнеме еден. Го заслуживме тоа како тим. По секоја сезона правите сметка и проценувате до каде стигнал проектот и што треба да се промени, изјави тренерот.

The post Тен Хаг признава: Се е до трофеите appeared first on Република.

]]>
Ќе си замине ли Тен Хаг од „Олд Трафорд“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ke-si-zamine-li-ten-hag-od-old-traford/ Mon, 25 Mar 2024 16:09:54 +0000 https://republika.mk/?p=758638

Новиот извршен директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада ќе одлучи за иднината на Ерик тен Хаг, пишува „Дејли Меил“.

Се очекува Берада да ги преземе новите должности на „Олд Трафорд“ по завршувањето на актуелната кампања и се очекува да донесе одлука за местото главен тренер во првите денови од неговиот мандат.

Пред неколку дена се појави информација дека „црвените ѓаволи“ веќе следат неколку тренери, доколку дојде до разделба со Холанѓанецот.

Опциите ги вклучуваат поранешниот менаџер на Челси и Брајтон, Греам Потер, сегашниот тренер на Брајтон, Роберто Де Зерби, како и менаџерот на Брентфорд, Томас Френк.

На списокот се најдоа и тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, кој ќе си замине на крајот на сезоната, како и поранешниот тренер на Вулверхемптон, Хулен Лопетеги.

Оваа листа ја заокружуваат легендата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим и селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, според изданието

The post Ќе си замине ли Тен Хаг од „Олд Трафорд“ appeared first on Република.

]]>

Новиот извршен директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада ќе одлучи за иднината на Ерик тен Хаг, пишува „Дејли Меил“. Се очекува Берада да ги преземе новите должности на „Олд Трафорд“ по завршувањето на актуелната кампања и се очекува да донесе одлука за местото главен тренер во првите денови од неговиот мандат. Пред неколку дена се појави информација дека „црвените ѓаволи“ веќе следат неколку тренери, доколку дојде до разделба со Холанѓанецот. Опциите ги вклучуваат поранешниот менаџер на Челси и Брајтон, Греам Потер, сегашниот тренер на Брајтон, Роберто Де Зерби, како и менаџерот на Брентфорд, Томас Френк. На списокот се најдоа и тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, кој ќе си замине на крајот на сезоната, како и поранешниот тренер на Вулверхемптон, Хулен Лопетеги. Оваа листа ја заокружуваат легендата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим и селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, според изданието

The post Ќе си замине ли Тен Хаг од „Олд Трафорд“ appeared first on Република.

]]>
Maнчестер Јунајтед конечно победи https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/manchester-junajted-konechno-pobedi-2/ Wed, 27 Dec 2023 07:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=726950

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар од 19. коло на Премиер лигата против Астон вила. Јунајтед победи со 3:2, иако гостите имаа водство со 2:0 до 59. минута.

- На полувремето им кажав на момците да продолжат да веруваат во себе, но и да се обидат да создадат уште повеќе шанси. Требаше да вршиме се поголем притисок. Видовте што се случи кога при резултат 1:2 додадовме притисок. Реков пред натпреварот дека игравме рамноправно со Арсенал, игравме рамноправно со Ливерпул, па ако дадеме се од себе можеме да победиме секого. Се покажа дека и кога губиш со 0:2, не е важно ако покажеш карактер, а моите фудбалери покажаа дека навистина имаат карактер. Мислам дека тоа беше многу добар тимски настап, рече Тен Хег, за „Би-би-си“.

Манчестер јунајтед ја прекина серијата од три натпревари без победа (два пораза и едно реми) во Премиер лигата. Тимот на Ерик тен Хаг со 31 бод се наоѓа на 6. место во поредокот на англискиот шампионат.

Серијата без пораз на Астон Вила од седум натпревари (пет победи и две нерешени) беше прекината. Тимот на Унаи Емери е трет на табелата во Премиер лигата со 39 бодови

The post Maнчестер Јунајтед конечно победи appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар од 19. коло на Премиер лигата против Астон вила. Јунајтед победи со 3:2, иако гостите имаа водство со 2:0 до 59. минута.
- На полувремето им кажав на момците да продолжат да веруваат во себе, но и да се обидат да создадат уште повеќе шанси. Требаше да вршиме се поголем притисок. Видовте што се случи кога при резултат 1:2 додадовме притисок. Реков пред натпреварот дека игравме рамноправно со Арсенал, игравме рамноправно со Ливерпул, па ако дадеме се од себе можеме да победиме секого. Се покажа дека и кога губиш со 0:2, не е важно ако покажеш карактер, а моите фудбалери покажаа дека навистина имаат карактер. Мислам дека тоа беше многу добар тимски настап, рече Тен Хег, за „Би-би-си“.
Манчестер јунајтед ја прекина серијата од три натпревари без победа (два пораза и едно реми) во Премиер лигата. Тимот на Ерик тен Хаг со 31 бод се наоѓа на 6. место во поредокот на англискиот шампионат. Серијата без пораз на Астон Вила од седум натпревари (пет победи и две нерешени) беше прекината. Тимот на Унаи Емери е трет на табелата во Премиер лигата со 39 бодови

The post Maнчестер Јунајтед конечно победи appeared first on Република.

]]>
Тренерот на Манчестер Јунајтед се зажи дека фудбалерите имаат премногу натпревари https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/trenerot-na-manchester-junajted-se-zazhi-deka-fudbalerite-imaat-premnogu-natprevari/ Fri, 29 Sep 2023 21:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=686496

Распоредот на фудбалски натпревари е сè погуст и играчите веќе не можат да го поднесат тоа преоптоварување, изјави денеска тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.

- Секој пат кога календарот ќе се продолжи, оптоварувањето на играчите е преголемо. Многу мои колеги тоа веќе го истакнаа, и јас го истакнав, но бројот натпревари и натаму расте, изјави холандскиот стратег чиј тим е оптоварен од бројни повреди на почетокот на сезоната во Премиер лигата.

Тен Хаг потсети дека лани се одржа Светското првенство во екот на прволигашката сезона, и оти неговиот тим потоа имал долга сезона, а кратка пауза.

- Играчите веќе не можат да се носат со тоа оптоварување и тоа го гледаме во многу тимови во овој момент, посочи Тен Хаг

The post Тренерот на Манчестер Јунајтед се зажи дека фудбалерите имаат премногу натпревари appeared first on Република.

Тренерот на Манчестер јунајтед смета дека Саудиска Арабија не може да и парира на Премиер лигата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/trenerot-na-manchester-junajted-smeta-deka-saudiska-arabija-ne-mozhe-da-i-parira-na-premier-ligata/ Mon, 31 Jul 2023 06:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=667095

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ги откри своите размислувања за првенствата на Саудиска Арабија и САД во кое многу играчи се преселија ова лето.

- Тие имаат големи пари, тоа привлекува играчи. Ова има ефект и во Европа. Но, ова не го гледам како проблем за англиската Премиер лигата. Ова е лигата во која сакаат да играат големите играчи. Првенството на Саудиска Арабија и американската МЛС не можат да се тркаат со шампионатот на Англија. Тие не ни се конкуренција, изјави Тен Хаг за „BBC Sport“.

Во тековниот, летен трансфер период досега 15-ина врвни фудбалери кои играа во петте најдобри европски лиги заминаа во Саудиска Арабија и Америка

The post Тренерот на Манчестер јунајтед смета дека Саудиска Арабија не може да и парира на Премиер лигата appeared first on Република.

Тренерот на Јунајтед не знае колку пари ќе има за трансфери https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/trenerot-na-junajted-ne-znae-kolku-pari-ke-ima-za-transferi/ Thu, 04 May 2023 07:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=636668

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ги кажа амбициите на клубот за иднина, но потенцира дека тој не влијае на буџетот за засилувања.

- Јас не влијаам на тоа. Знам само дека Манчестер јунајтед е еден од најголемите клубови во светот, еден од двата или трите најголеми според базата на навивачи. Овој клуб треба да се бори за главните трофеи: Лигата на шампионите, Премиер лигата. Но, во фудбалот се потребни пари за да се состави составот, бидејќи успехот зависи од нивото на играчите. Сите знаат дека се потребни пари за да се состави тим, а играчите на високо ниво се многу скапи. Сакам иднината да стане појасна што е можно поскоро, но тоа не зависи од мене. Семејството Глејзерс е сопственик на клубот, тие ги носат одлуките. Фокусиран сум на она на што можам да влијаам: подобрување на тимот, неговиот развој. Морам да обезбедам развој, истакна Тен Хаг за „Гардијан“.

Претходно беше објавено дека милијардерот Џим Ретклиф сака да вклучи непосредна контрола врз трансферите во договорот за купување на клубот.

Сезонава Манчестер јунајтед по 32 натпревари постигна 63 бода и се наоѓа на 4. место

The post Тренерот на Јунајтед не знае колку пари ќе има за трансфери appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ги кажа амбициите на клубот за иднина, но потенцира дека тој не влијае на буџетот за засилувања.  
- Јас не влијаам на тоа. Знам само дека Манчестер јунајтед е еден од најголемите клубови во светот, еден од двата или трите најголеми според базата на навивачи. Овој клуб треба да се бори за главните трофеи: Лигата на шампионите, Премиер лигата. Но, во фудбалот се потребни пари за да се состави составот, бидејќи успехот зависи од нивото на играчите. Сите знаат дека се потребни пари за да се состави тим, а играчите на високо ниво се многу скапи. Сакам иднината да стане појасна што е можно поскоро, но тоа не зависи од мене. Семејството Глејзерс е сопственик на клубот, тие ги носат одлуките. Фокусиран сум на она на што можам да влијаам: подобрување на тимот, неговиот развој. Морам да обезбедам развој, истакна Тен Хаг за „Гардијан“.
  Претходно беше објавено дека милијардерот Џим Ретклиф сака да вклучи непосредна контрола врз трансферите во договорот за купување на клубот.   Сезонава Манчестер јунајтед по 32 натпревари постигна 63 бода и се наоѓа на 4. место

The post Тренерот на Јунајтед не знае колку пари ќе има за трансфери appeared first on Република.

]]>
Тренерот на Манчестер им се закани на играчите дека ќе ги префрли во резервниот тим https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/trenerot-na-manchester-im-se-zakani-na-igrachite-deka-ke-gi-prefrli-vo-rezervniot-tim/ Tue, 07 Mar 2023 07:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=616679

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, имал емотивен разговор со првотимците во соблекувалната по поразот со 0:7 од Ливерпул во 26. коло од Премиер лигата, пренесува „Мирор“.

Според британскиот медиум, Тен Хаг рекол дека играчите имале среќа да се вратат во Манчестер со тимскиот автобус, а не заедно со навивачите кои потрошиле пари и виделе таков „безрбетен“ настап на нивните миленици.

Воедно, тренерот ги предупредил и играчите дека доколку се повтори таков настап, нема да имаат друга шанса и ќе бидат префрлени во резервниот тим на англискиот клуб.

Манчестер јунајтед се наоѓа на третото место во Премиер лигата со 49 бодови од 25 натпревари.

The post Тренерот на Манчестер им се закани на играчите дека ќе ги префрли во резервниот тим appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, имал емотивен разговор со првотимците во соблекувалната по поразот со 0:7 од Ливерпул во 26. коло од Премиер лигата, пренесува „Мирор“.   Според британскиот медиум, Тен Хаг рекол дека играчите имале среќа да се вратат во Манчестер со тимскиот автобус, а не заедно со навивачите кои потрошиле пари и виделе таков „безрбетен“ настап на нивните миленици.   Воедно, тренерот ги предупредил и играчите дека доколку се повтори таков настап, нема да имаат друга шанса и ќе бидат префрлени во резервниот тим на англискиот клуб.   Манчестер јунајтед се наоѓа на третото место во Премиер лигата со 49 бодови од 25 натпревари.

The post Тренерот на Манчестер им се закани на играчите дека ќе ги префрли во резервниот тим appeared first on Република.

]]>
Тен Хаг инсистира дека сака Кристијано Роналдо да остане во Манчестер јунајтед https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ten-hag-insistira-deka-saka-kristijano-ronaldo-da-ostane-vo-manchester-junajted/ Sun, 28 Aug 2022 20:05:58 +0000 https://republika.mk/?p=545058

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, изрази надеж дека португалецот Кристијано Роналдо ќе остане во клубот.

Дали натпреварот против Саутемтон беше последна во дресот на Манчестер Јунајтед за Роналдо? Ние имаме заеднички планови со Кристијано. Сакаме Роналдо да остане во Манчестер јунајтед - изјави Тен Хаг за „Скај спортс“.

На вчерашната средба на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон, 37-годишниот Португалец влезе како замена во 68. минута.

Оваа сезона Роналдо учествуваше на четири натпревари во Премиер лигата, нема постигнато гол или асистенција. Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2023 година.

По четири кола во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед има шест бодови и се наоѓа на седмото место во поредокот.

The post Тен Хаг инсистира дека сака Кристијано Роналдо да остане во Манчестер јунајтед appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, изрази надеж дека португалецот Кристијано Роналдо ќе остане во клубот.
Дали натпреварот против Саутемтон беше последна во дресот на Манчестер Јунајтед за Роналдо? Ние имаме заеднички планови со Кристијано. Сакаме Роналдо да остане во Манчестер јунајтед - изјави Тен Хаг за „Скај спортс“.
На вчерашната средба на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон, 37-годишниот Португалец влезе како замена во 68. минута. Оваа сезона Роналдо учествуваше на четири натпревари во Премиер лигата, нема постигнато гол или асистенција. Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2023 година. По четири кола во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед има шест бодови и се наоѓа на седмото место во поредокот.

The post Тен Хаг инсистира дека сака Кристијано Роналдо да остане во Манчестер јунајтед appeared first on Република.

]]>
Дали Манчетер Јунајтед вечерва ќе го освои првиот бод https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/dali-mancheter-junajted-vecherva-kje-go-osvoi-prviot-bod/ Mon, 22 Aug 2022 07:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=542711

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег, пред натпреварот од 3. коло на шампионатот на Англија со Ливерпул раскажа зошто тимот неуспешно ја започна сезоната 2022/23.

– Имавме добра претсезона, но потоа Марсијал се повреди, Роналдо не беше подготвен. На првиот натпревар имавме двајца централни дефанзивци на стартот кои не играа заедно и голман кој го немаше најдобриот период во кариерата. Затоа, има причини, но ќе ги исправиме. Резултатите ќе бидат подобри, изјави Тен Хаг за „Мирор“.

Манчестер јунајтед вечер од 21 часот ќе игра со Ливерпул.

По првите две кола во Премиер лигата, тимот од „Олд Трафорд“ нема освоено бод и е со гол-разлика 1:6

The post Дали Манчетер Јунајтед вечерва ќе го освои првиот бод appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег, пред натпреварот од 3. коло на шампионатот на Англија со Ливерпул раскажа зошто тимот неуспешно ја започна сезоната 2022/23. – Имавме добра претсезона, но потоа Марсијал се повреди, Роналдо не беше подготвен. На првиот натпревар имавме двајца централни дефанзивци на стартот кои не играа заедно и голман кој го немаше најдобриот период во кариерата. Затоа, има причини, но ќе ги исправиме. Резултатите ќе бидат подобри, изјави Тен Хаг за „Мирор“. Манчестер јунајтед вечер од 21 часот ќе игра со Ливерпул. По првите две кола во Премиер лигата, тимот од „Олд Трафорд“ нема освоено бод и е со гол-разлика 1:6

The post Дали Манчетер Јунајтед вечерва ќе го освои првиот бод appeared first on Република.

]]>
Тренерот на Манчестер јунајтед ги казни фудбалерите со трчање по двата пораза на стартот од Премиер лигата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/trenerot-na-manchester-junajted-gi-kazni-fudbalerite-so-trchanje-po-dvata-poraza-na-startot-od-premier-ligata/ Tue, 16 Aug 2022 07:30:20 +0000 https://republika.mk/?p=540741

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ги казни своите фудбалери со вонреден тренинг по поразот од Брентфорд (1-4) во рамки на второто коло од новата сезона во Премиер лигата.

Манчестер јунајтед ја отвори премиерлигашката сезона со два порази од Брајтон и Брентфорд, а холандскиот стратег за неуспешниот старт ги обвини фудбалерите на клубот од „Олд Трафорд“ и ги повика да преземат одговорност.

Британските медиуми тврдат дека Тен Хаг им го укинал на фудбалерите слободниот ден во неделата и место тоа им наредил на играчите да истрчаат 13.8 километри, идентично колку што фудбалерите на Брентфорд колективно истрчаа повеќе на дуелот против „црвените ѓаволи“.

Во третото премиерлигашко коло, Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекува Ливерпул.

The post Тренерот на Манчестер јунајтед ги казни фудбалерите со трчање по двата пораза на стартот од Премиер лигата appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ги казни своите фудбалери со вонреден тренинг по поразот од Брентфорд (1-4) во рамки на второто коло од новата сезона во Премиер лигата. Манчестер јунајтед ја отвори премиерлигашката сезона со два порази од Брајтон и Брентфорд, а холандскиот стратег за неуспешниот старт ги обвини фудбалерите на клубот од „Олд Трафорд“ и ги повика да преземат одговорност. Британските медиуми тврдат дека Тен Хаг им го укинал на фудбалерите слободниот ден во неделата и место тоа им наредил на играчите да истрчаат 13.8 километри, идентично колку што фудбалерите на Брентфорд колективно истрчаа повеќе на дуелот против „црвените ѓаволи“. Во третото премиерлигашко коло, Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекува Ливерпул.

The post Тренерот на Манчестер јунајтед ги казни фудбалерите со трчање по двата пораза на стартот од Премиер лигата appeared first on Република.

]]>