Ердоган Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erdogan/ За подобро да се разбереме Sun, 12 May 2024 12:17:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ердоган Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erdogan/ 32 32 Eрдоган го спореди Нетањаху со Хитлер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-go-sporedi-netanahu-so-hitler/ Sun, 12 May 2024 12:27:07 +0000 https://republika.mk/?p=777282

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека „геноцидните методи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху применети во Газа достигнале ниво на кое би позавидел дури и Адолф Хитлер“, пренесе Бета.

Во изјава за грчкиот весник „Катимерини“, која ја пренесоа турските медиуми, Ердоган тврди дека Појасот Газа не бил затвор на отворено непосредно пред 7 октомври, кога започна војната меѓу Израел и Хамас, туку години пред тоа, како концентрационен логор.

Израелските медиуми потсетуваат дека ова не е првпат Ердоган да го споредува Нетанјаху со нацистичкиот лидер, што предизвика контра обвинувања дека тој самиот е виновен за геноцид.

Ердоган и Нетанјаху долго време се критикуваа, што беше придружено со влошување, а потоа и со повторно подобрување на односите меѓу двајцата поранешни сојузници.

На почетокот на овој месец Анкара објави дека ќе ги прекине надворешно-трговските односи со Израел, поради војната во Газа

The post Eрдоган го спореди Нетањаху со Хитлер appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека „геноцидните методи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху применети во Газа достигнале ниво на кое би позавидел дури и Адолф Хитлер“, пренесе Бета. Во изјава за грчкиот весник „Катимерини“, која ја пренесоа турските медиуми, Ердоган тврди дека Појасот Газа не бил затвор на отворено непосредно пред 7 октомври, кога започна војната меѓу Израел и Хамас, туку години пред тоа, како концентрационен логор. Израелските медиуми потсетуваат дека ова не е првпат Ердоган да го споредува Нетанјаху со нацистичкиот лидер, што предизвика контра обвинувања дека тој самиот е виновен за геноцид. Ердоган и Нетанјаху долго време се критикуваа, што беше придружено со влошување, а потоа и со повторно подобрување на односите меѓу двајцата поранешни сојузници. На почетокот на овој месец Анкара објави дека ќе ги прекине надворешно-трговските односи со Израел, поради војната во Газа

The post Eрдоган го спореди Нетањаху со Хитлер appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Запрепастени сме од лицемерната политика на западните лидери кон Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-zaprepasteni-sme-od-litsemernata-politika-na-zapadnite-lideri-kon-gaza/ Thu, 02 May 2024 20:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=773563

За западните демократии е срамно и скандалозно што екстремно десничарските движења во некои европски земји добиваат поддршка од државата, рече во Анкара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Денес, неонацистичкиот тероризам, поттикнат од омразата кон Турците и сите муслимани, достигна ниво што ја загрозува животната и имотната безбедност на нашиот народ“, тврди турскиот лидер.

Говорејќи дека случаите на исламофобични и расистички напади не ја добиле истата чувствителност како антисемитските дејствија, Ердоган порача дека „оние кои мавтаат со лево-десни извештаи за човековите права, тивко ја набљудувале смртта на 35.000 Палестинци, од кои 15.000 се деца“.

Тој рече дека речиси ниту еден западен лидер не одговорил на оваа бруталност, освен „неколку совесни државници“, додавајќи дека „ниту една храбра душа не се појавила да му каже на Израел: „Доста е“.

The post Ердоган: Запрепастени сме од лицемерната политика на западните лидери кон Газа appeared first on Република.

]]>

За западните демократии е срамно и скандалозно што екстремно десничарските движења во некои европски земји добиваат поддршка од државата, рече во Анкара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Денес, неонацистичкиот тероризам, поттикнат од омразата кон Турците и сите муслимани, достигна ниво што ја загрозува животната и имотната безбедност на нашиот народ“, тврди турскиот лидер. Говорејќи дека случаите на исламофобични и расистички напади не ја добиле истата чувствителност како антисемитските дејствија, Ердоган порача дека „оние кои мавтаат со лево-десни извештаи за човековите права, тивко ја набљудувале смртта на 35.000 Палестинци, од кои 15.000 се деца“. Тој рече дека речиси ниту еден западен лидер не одговорил на оваа бруталност, освен „неколку совесни државници“, додавајќи дека „ниту една храбра душа не се појавила да му каже на Израел: „Доста е“.

The post Ердоган: Запрепастени сме од лицемерната политика на западните лидери кон Газа appeared first on Република.

]]>
Пендаровски му пиша на Ердоган да ја поттурне екстрадицијата на Палчо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-mu-pisha-na-erdogan-da-ja-potturne-ekstradatsijata-na-palcho/ Wed, 13 Dec 2023 10:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=722510

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден испратил порака до кабинетот на турскиот колега Реџап Таип Ердоган, во врска со екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски.

Од кабинетот на Пендаровски не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката.

Претседателот Пендаровски во интервју за „360 степени“ во понеделникот кажа дека размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да се случи побрзо.

The post Пендаровски му пиша на Ердоган да ја поттурне екстрадицијата на Палчо appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден испратил порака до кабинетот на турскиот колега Реџап Таип Ердоган, во врска со екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски. Од кабинетот на Пендаровски не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката. Претседателот Пендаровски во интервју за „360 степени“ во понеделникот кажа дека размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да се случи побрзо.

The post Пендаровски му пиша на Ердоган да ја поттурне екстрадицијата на Палчо appeared first on Република.

]]>
Ердоган повика на итен прекин на огнот: Во Газа се случуваат злосторства против човештвото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-povika-na-iten-prekin-na-ognot-vo-gaza-se-sluchuvaat-zlostorstva-protiv-choveshtvoto/ Fri, 03 Nov 2023 12:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=697811

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, велејќи дека во Појасот Газа се случуваат „злосторства против човештвото“.

„Нема објаснување или оправдување за бруталноста на која бевме сведоци од 7 октомври“, рече Ердоган за време на Самитот на земјите од турско говорно подрачје во Астана, пренесува „Гардијан“.

Тој додаде дека приоритет на Турција е итно воспоставување хуманитарен прекин на огнот.

„Да бидам искрен, злосторства против човештвото се случуваат во Газа точно 28 дена“, рече Ердоган.

Тој изјави дека Турција работи на „нови механизми кои ќе гарантираат безбедност за сите, без разлика дали се муслимани, христијани или Евреи“.

„Нашите напори да поставиме основа за меѓународна мировна конференција продолжуваат“, рече Ердоган.

The post Ердоган повика на итен прекин на огнот: Во Газа се случуваат злосторства против човештвото appeared first on Република.

]]>

  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, велејќи дека во Појасот Газа се случуваат „злосторства против човештвото“. „Нема објаснување или оправдување за бруталноста на која бевме сведоци од 7 октомври“, рече Ердоган за време на Самитот на земјите од турско говорно подрачје во Астана, пренесува „Гардијан“. Тој додаде дека приоритет на Турција е итно воспоставување хуманитарен прекин на огнот. „Да бидам искрен, злосторства против човештвото се случуваат во Газа точно 28 дена“, рече Ердоган. Тој изјави дека Турција работи на „нови механизми кои ќе гарантираат безбедност за сите, без разлика дали се муслимани, христијани или Евреи“. „Нашите напори да поставиме основа за меѓународна мировна конференција продолжуваат“, рече Ердоган.

The post Ердоган повика на итен прекин на огнот: Во Газа се случуваат злосторства против човештвото appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Западот стои зад „масакрот“ во Газа, користејќи го Израел како „пион“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-zapadot-stoi-zad-masakrot-vo-gaza-koristejki-go-izrael-kako-pion/ Sat, 28 Oct 2023 16:36:40 +0000 https://republika.mk/?p=695850

Западните влади се главниот виновник за „масакрот“ во опколениот Појас Газа, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на големиот пропалестински митинг во саботата во Истанбул, без да именува ниту една земја.

Сите знаат дека Израел е само пион во регионот кој ќе биде жртвуван кога ќе дојде денот, им порача турскиот лидер пред илјадниците поддржувачи во говорот, пренесе ДПА.

Ердоган го обвини Израел за „вршење воено злосторство“, а западните политичари за „легитимирање“ на акциите против палестинскиот крајбрежен појас.

Уште колку деца, жени, стари лица треба да умрат за да можете да повикате на прекин на огнот? рече тој, носејќи шал во боите на палестинското и турското знаме.

Ердоган оваа недела го заостри тонот против Израел. Тој ги откажа плановите да го посети Израел и ја нарече милитантната група Хамас, која ја контролира Газа, борци за слобода, а не терористи.

Турција има историска должност да ги брани правата на Палестинците, рече Ердоган и го повика Израел „вратата за дијалог да ја држи отворена“

The post Ердоган: Западот стои зад „масакрот“ во Газа, користејќи го Израел како „пион“ appeared first on Република.

]]>

Западните влади се главниот виновник за „масакрот“ во опколениот Појас Газа, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на големиот пропалестински митинг во саботата во Истанбул, без да именува ниту една земја.
Сите знаат дека Израел е само пион во регионот кој ќе биде жртвуван кога ќе дојде денот, им порача турскиот лидер пред илјадниците поддржувачи во говорот, пренесе ДПА.
Ердоган го обвини Израел за „вршење воено злосторство“, а западните политичари за „легитимирање“ на акциите против палестинскиот крајбрежен појас.
Уште колку деца, жени, стари лица треба да умрат за да можете да повикате на прекин на огнот? рече тој, носејќи шал во боите на палестинското и турското знаме.
Ердоган оваа недела го заостри тонот против Израел. Тој ги откажа плановите да го посети Израел и ја нарече милитантната група Хамас, која ја контролира Газа, борци за слобода, а не терористи. Турција има историска должност да ги брани правата на Палестинците, рече Ердоган и го повика Израел „вратата за дијалог да ја држи отворена“

The post Ердоган: Западот стои зад „масакрот“ во Газа, користејќи го Израел како „пион“ appeared first on Република.

]]>
Ердоган до Парламентот достави предлог за ратификација на кандидатурата на Шведска за НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-do-parlamentot-dostavi-predlog-za-ratifikatsija-na-kandidaturata-na-shvedska-za-nato/ Mon, 23 Oct 2023 15:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=694241

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го достави до Парламентот на ратификација нацрт-законот за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, соопшти турското претседателство.

Претседателството не соопшти повеќе детали.

Влезот на нова членка во НАТО мора да биде одобрен од сите 31 членка. Досега кандидатурата на Шведска се уште не е ратификувана од Турција и Унгарија.

Во јули, Турција ги повлече своите приговори за приклучување на Шведска во Алијансата. Таа дотогаш се противеше на членството на Шведска поради загриженоста за напорите на владата во Стокхолм за борба против исламофобијата, како и за активностите на курдските групи во оваа скандинавска земја.

Шведска и Финска се откажаа од децениската воена неутралност откако рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските трупи да ја нападнат Украина во февруари 2022 година.

Финска се приклучи на воената алијанса во април, додека не е јасно кога Шведска ќе може да се приклучи. Унгарскиот премиер Виктор Орбан во мај изјави дека односите меѓу Унгарија и Шведска мора да се подобрат пред Будимпешта да ја одобри кандидатурата на скандинавската земја за членство во НАТО.

-Политичките односи меѓу Унгарија и Шведска се ужасно лоши. Не сакаме да внесуваме конфликти во НАТО, рече тогаш Орбан.

The post Ердоган до Парламентот достави предлог за ратификација на кандидатурата на Шведска за НАТО appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го достави до Парламентот на ратификација нацрт-законот за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, соопшти турското претседателство. Претседателството не соопшти повеќе детали. Влезот на нова членка во НАТО мора да биде одобрен од сите 31 членка. Досега кандидатурата на Шведска се уште не е ратификувана од Турција и Унгарија. Во јули, Турција ги повлече своите приговори за приклучување на Шведска во Алијансата. Таа дотогаш се противеше на членството на Шведска поради загриженоста за напорите на владата во Стокхолм за борба против исламофобијата, како и за активностите на курдските групи во оваа скандинавска земја. Шведска и Финска се откажаа од децениската воена неутралност откако рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските трупи да ја нападнат Украина во февруари 2022 година. Финска се приклучи на воената алијанса во април, додека не е јасно кога Шведска ќе може да се приклучи. Унгарскиот премиер Виктор Орбан во мај изјави дека односите меѓу Унгарија и Шведска мора да се подобрат пред Будимпешта да ја одобри кандидатурата на скандинавската земја за членство во НАТО. -Политичките односи меѓу Унгарија и Шведска се ужасно лоши. Не сакаме да внесуваме конфликти во НАТО, рече тогаш Орбан.

The post Ердоган до Парламентот достави предлог за ратификација на кандидатурата на Шведска за НАТО appeared first on Република.

]]>
Ердоган и Путин разговараа за спречување на ширењето на израелско-палестинскиот конфликт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-i-putin-razgovaraa-za-sprechuvane-na-shireneto-na-izraelsko-palestinskiot-konflikt/ Tue, 10 Oct 2023 20:09:36 +0000 https://republika.mk/?p=690007

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин за израелско-палестинскиот конфликт, соопшти турското претседателство.

„Двајцата лидери разговараа за можните мерки за спречување на зголемување на тензиите во регионот и иницијативите за доставување хуманитарна помош во зоната на конфликтот на Блискиот исток“, се вели во соопштението на турското претседателство, објавено на X (Твитер).

Се додава дека Ердоган во разговорот рекол дека Турција ќе продолжи да прави се за да обезбеди мир во регионот.

The post Ердоган и Путин разговараа за спречување на ширењето на израелско-палестинскиот конфликт appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин за израелско-палестинскиот конфликт, соопшти турското претседателство. „Двајцата лидери разговараа за можните мерки за спречување на зголемување на тензиите во регионот и иницијативите за доставување хуманитарна помош во зоната на конфликтот на Блискиот исток“, се вели во соопштението на турското претседателство, објавено на X (Твитер). Се додава дека Ердоган во разговорот рекол дека Турција ќе продолжи да прави се за да обезбеди мир во регионот.

The post Ердоган и Путин разговараа за спречување на ширењето на израелско-палестинскиот конфликт appeared first on Република.

]]>
Ердоган изрази „безрезервна поддршка“ на Турција за Азербејџан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-izrazi-bezrezervna-poddrshka-na-turtsija-za-azerbejdhan/ Thu, 21 Sep 2023 10:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=683728

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја изрази „безрезервната поддршка“ на Турција за Азербејџан за време на телефонскиот разговор со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

За време на разговорот што се одржал синоќа, Ердоган добил информација од својот колега Алиев за моменталната состојба во врска со операцијата што ја започна Азербејџан (во Нагорно-Карабах).

Двајцата лидери разменија мислења и за голем број регионални прашања кои ги засегаат двете земји, се вели во соопштението на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

The post Ердоган изрази „безрезервна поддршка“ на Турција за Азербејџан appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја изрази „безрезервната поддршка“ на Турција за Азербејџан за време на телефонскиот разговор со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство. За време на разговорот што се одржал синоќа, Ердоган добил информација од својот колега Алиев за моменталната состојба во врска со операцијата што ја започна Азербејџан (во Нагорно-Карабах). Двајцата лидери разменија мислења и за голем број регионални прашања кои ги засегаат двете земји, се вели во соопштението на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

The post Ердоган изрази „безрезервна поддршка“ на Турција за Азербејџан appeared first on Република.

]]>
Путин: Нема да има нов договор за жито, се додека Западот не ги исполни барањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-nema-da-ima-nov-dogovor-za-zhito-se-dodeka-zapadot-ne-gi-ispolni-baranata/ Mon, 04 Sep 2023 18:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=678734

Рускиот претседател Владимир Путин по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави дека нема да има нов договор за жито со кој се регулира транспортот на жито преку Црното Море додека Западот не ги исполни неговите барања.

Путин исто така рече дека Русија е блиску до финализирање на договорот за обезбедување бесплатно жито на шест африкански земји.

Во јули, тој одби да го продолжи договорот за жито, постигнат со посредство на Турција и ОН една година порано, кој се сметаше за важен за глобалните резерви на храна, особено во Африка, Блискиот Исток и Азија.

Украина и Русија се главните добавувачи на пченица, јачмен, сончогледово масло и други стоки за земјите во развој.

Русија го наведе како причина што не се почитуваше паралелниот договор со кој се ветуваше отстранување на пречките за рускиот извоз на храна и ѓубрива.

The post Путин: Нема да има нов договор за жито, се додека Западот не ги исполни барањата appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави дека нема да има нов договор за жито со кој се регулира транспортот на жито преку Црното Море додека Западот не ги исполни неговите барања. Путин исто така рече дека Русија е блиску до финализирање на договорот за обезбедување бесплатно жито на шест африкански земји. Во јули, тој одби да го продолжи договорот за жито, постигнат со посредство на Турција и ОН една година порано, кој се сметаше за важен за глобалните резерви на храна, особено во Африка, Блискиот Исток и Азија. Украина и Русија се главните добавувачи на пченица, јачмен, сончогледово масло и други стоки за земјите во развој. Русија го наведе како причина што не се почитуваше паралелниот договор со кој се ветуваше отстранување на пречките за рускиот извоз на храна и ѓубрива.

The post Путин: Нема да има нов договор за жито, се додека Западот не ги исполни барањата appeared first on Република.

]]>
Ердоган планира тет-а-тет средба со Путин за договорот за жито во Црното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/erdogan-planira-tet-a-tet-sredba-so-putin-za-dogovorot-za-zhito-vo-tsrnoto-more/ Mon, 21 Aug 2023 12:33:24 +0000 https://republika.mk/?p=674219

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во услови на згуснат распоред, следниот месец, доколку добие шанса, би можел да разговара лице в лице со неговиот руски колега за договорот за извоз на жито преку Црното Море.

„Во септември, има состанок на Г-20 во Индија и Генералното собрание на ОН во САД. Ако најдеме можност со оваа набиена агенда, ќе се сретнеме и ќе разговараме со (Владимир) Путин лице в лице“, им рече Ердоган на новинарите, пренесува Анадолија.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан може наскоро да ја посети Русија за да разговара лично, дополни Ердоган, додавајќи дека тоа може да даде подобри резултати.

За можните руско-украински мировни преговори, Ердоган изрази надеж дека ќе има резултати доколку и Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски се договорат за турско посредување.

The post Ердоган планира тет-а-тет средба со Путин за договорот за жито во Црното Море appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во услови на згуснат распоред, следниот месец, доколку добие шанса, би можел да разговара лице в лице со неговиот руски колега за договорот за извоз на жито преку Црното Море. „Во септември, има состанок на Г-20 во Индија и Генералното собрание на ОН во САД. Ако најдеме можност со оваа набиена агенда, ќе се сретнеме и ќе разговараме со (Владимир) Путин лице в лице“, им рече Ердоган на новинарите, пренесува Анадолија. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан може наскоро да ја посети Русија за да разговара лично, дополни Ердоган, додавајќи дека тоа може да даде подобри резултати. За можните руско-украински мировни преговори, Ердоган изрази надеж дека ќе има резултати доколку и Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски се договорат за турско посредување.

The post Ердоган планира тет-а-тет средба со Путин за договорот за жито во Црното Море appeared first on Република.

]]>
Ердоган го моли Путин: Немој https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-go-moli-putin-nemoj/ Wed, 02 Aug 2023 16:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=668021

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика својот руски колега Владимир Путин во средата, 2 август, да не ги ескалира дополнително тензиите.

Молбата за прекин на понатамошните ескалации дојде откако Москва бомбардираше објекти од витално значење за испорака на жито од Украина, пишува Киев пост.

Ердоган беше клучен играч во сега пропаднатиот договор што им овозможи на украинските пратки со жито безбедно да минуваат низ Црното Море и се позиционираше како посредник во конфликтот.

Турскиот лидер рече дека „не треба да се преземат чекори кои би ги ескалирале тензиите во војната меѓу Русија и Украина“.

Тој ја истакна важноста на договорот за житото, кој го нарече „мост за мир“, пишува Киев пост.

Договорот, со посредство на Турција и Обединетите нации, и овозможи на Украина да извезува жито преку нејзините пристаништа на Црното Море, но тој заврши минатиот месец откако Москва се повлече од него.

The post Ердоган го моли Путин: Немој appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика својот руски колега Владимир Путин во средата, 2 август, да не ги ескалира дополнително тензиите. Молбата за прекин на понатамошните ескалации дојде откако Москва бомбардираше објекти од витално значење за испорака на жито од Украина, пишува Киев пост. Ердоган беше клучен играч во сега пропаднатиот договор што им овозможи на украинските пратки со жито безбедно да минуваат низ Црното Море и се позиционираше како посредник во конфликтот. Турскиот лидер рече дека „не треба да се преземат чекори кои би ги ескалирале тензиите во војната меѓу Русија и Украина“. Тој ја истакна важноста на договорот за житото, кој го нарече „мост за мир“, пишува Киев пост. Договорот, со посредство на Турција и Обединетите нации, и овозможи на Украина да извезува жито преку нејзините пристаништа на Црното Море, но тој заврши минатиот месец откако Москва се повлече од него.

The post Ердоган го моли Путин: Немој appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Со Ердоган можеме да направиме чекори на напредок во корист на двата народи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-so-erdogan-mozheme-da-napravime-chekori-na-napredok-vo-korist-na-dvata-narodi/ Tue, 11 Jul 2023 11:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=660042

Верувам дека со Ердоган можеме да направиме еден прв чекор во рестартирање на односите меѓу Грција и Турција, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигувањето на НАТО Самитот во Вилнус, а во однос на утрешната средба со турскиот претседател истакна дека има простор да се направат чекори на напредок во корист на двата народи, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис потенцираше дека иако постојат значајни разлики „не сме осудени да живееме со Турција во постојана клима на тензии“ и додаде дека можат да се согласат, врз основа на добрососедските односи и почитувањето на меѓународното право, да направат мапа за решавање на единствената разлика односно одредување на поморските зони и континенталниот гребен во Егејското Море и Источниот Медитеран.

Во последниве месеци се создаде позитивна клима во односите меѓу нашите две земји и се надевам и очекувам дека можеме да ја надградиме оваа позитивна клима и да направиме некои важни чекори на напредок. Чекори на напредок кои очигледно ќе бидат во корист на нашите два народи, истакна Мицотакис.

Во однос на НАТО Самитот рече дека со оглед на тоа што се уште трае руската инвазија во Украина, „попотребна од било кога е реафирмација на основните принципи и вредности на Алијансата“ и паралелно ја поздрави одлуката на Турција за членството на Шведска во НАТО

The post Мицотакис: Со Ердоган можеме да направиме чекори на напредок во корист на двата народи appeared first on Република.

]]>

Верувам дека со Ердоган можеме да направиме еден прв чекор во рестартирање на односите меѓу Грција и Турција, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигувањето на НАТО Самитот во Вилнус, а во однос на утрешната средба со турскиот претседател истакна дека има простор да се направат чекори на напредок во корист на двата народи, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис потенцираше дека иако постојат значајни разлики „не сме осудени да живееме со Турција во постојана клима на тензии“ и додаде дека можат да се согласат, врз основа на добрососедските односи и почитувањето на меѓународното право, да направат мапа за решавање на единствената разлика односно одредување на поморските зони и континенталниот гребен во Егејското Море и Источниот Медитеран.
Во последниве месеци се создаде позитивна клима во односите меѓу нашите две земји и се надевам и очекувам дека можеме да ја надградиме оваа позитивна клима и да направиме некои важни чекори на напредок. Чекори на напредок кои очигледно ќе бидат во корист на нашите два народи, истакна Мицотакис.
Во однос на НАТО Самитот рече дека со оглед на тоа што се уште трае руската инвазија во Украина, „попотребна од било кога е реафирмација на основните принципи и вредности на Алијансата“ и паралелно ја поздрави одлуката на Турција за членството на Шведска во НАТО

The post Мицотакис: Со Ердоган можеме да направиме чекори на напредок во корист на двата народи appeared first on Република.

]]>
Ердоган прогласи вонредна состојба на три месеци во десет погодени провинции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-proglasi-vonredna-sostojba-na-tri-mesetsi-vo-deset-pogodeni-provintsii/ Tue, 07 Feb 2023 12:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=605992

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10 погодени провинции.

„Имаме 3.549 загинати, 22.168 повредени. Нашето најголемо достигнување е тоа што досега спасивме повеќе од 8.000 наши граѓани под урнатините“, рече Ердоган.

„Турција се соочува со една од најголемите катастрофи не само во својата историја, туку и во светот“, додаде тој.

Бројот на жртвите во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и западна Сирија постојано расте и според последните податоци се работи за повеќе од 5.000 жртви.

Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени и луѓе кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.

The post Ердоган прогласи вонредна состојба на три месеци во десет погодени провинции appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10 погодени провинции. „Имаме 3.549 загинати, 22.168 повредени. Нашето најголемо достигнување е тоа што досега спасивме повеќе од 8.000 наши граѓани под урнатините“, рече Ердоган. „Турција се соочува со една од најголемите катастрофи не само во својата историја, туку и во светот“, додаде тој. Бројот на жртвите во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и западна Сирија постојано расте и според последните податоци се работи за повеќе од 5.000 жртви. Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени и луѓе кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.

The post Ердоган прогласи вонредна состојба на три месеци во десет погодени провинции appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Шведска не треба ни да се обидува, нема да го поддржиме нивното барање за влез во НАТО сè додека тие дозволуваат палење на Куранот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-shvedska-ne-treba-ni-da-se-obiduva-nema-da-go-poddrzhime-nivnoto-barane-za-vlez-vo-nato-se-dodeka-tie-dozvoluvaat-palene-na-kuranot/ Wed, 01 Feb 2023 12:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=603366

Турција позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не и на барањето на Шведска, изјави денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во обраќање пред пратениците на неговата партија на Правдата и развојот (АК) во турскиот Парламент.

Шведска во овој момент не треба ништо ни да се обидува. Нема да го поддржиме нивното барање за влез во НАТО сè додека тие дозволуваат палење на Куранот – рече Ердоган, пренесен од британските медиуми.

Турскиот претседател пред пет ден сугерираше дека неговата земја можеби ќе се согласи Финска да влезе во НАТО пред Шведска.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, два дена подоцна  даде слична изјава.

The post Ердоган: Шведска не треба ни да се обидува, нема да го поддржиме нивното барање за влез во НАТО сè додека тие дозволуваат палење на Куранот appeared first on Република.

]]>

Турција позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не и на барањето на Шведска, изјави денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во обраќање пред пратениците на неговата партија на Правдата и развојот (АК) во турскиот Парламент.
Шведска во овој момент не треба ништо ни да се обидува. Нема да го поддржиме нивното барање за влез во НАТО сè додека тие дозволуваат палење на Куранот – рече Ердоган, пренесен од британските медиуми.
Турскиот претседател пред пет ден сугерираше дека неговата земја можеби ќе се согласи Финска да влезе во НАТО пред Шведска. Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, два дена подоцна  даде слична изјава.

The post Ердоган: Шведска не треба ни да се обидува, нема да го поддржиме нивното барање за влез во НАТО сè додека тие дозволуваат палење на Куранот appeared first on Република.

]]>
Ердоган ја укина старосната граница за пензија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/erdogan-ja-ukina-starosnata-granitsa-za-penzija/ Thu, 29 Dec 2022 09:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=591308

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на помалку од шест месеци пред изборите, одлучи да ја укине старосната граница за пензионирање, која им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат.

Претседателот ова го соопшти за време на прес-конференција на тема старосната граница за пензионирање, пренесоа агенциите.

Владејачката партија на Ердоган значително ја зголеми минималната плата минатата недела како дел од обидот да ја врати поддршката изгубена поради инфлацијата, падот на лирата и остриот пад на животниот стандард.

Возраста за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 години за мажи. Засега не се знае колку ќе чини новиот пензиски систем, а Ердоган најави дека 2,25 милиони луѓе имаат право на непосредна пензија.

Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.

 

The post Ердоган ја укина старосната граница за пензија appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на помалку од шест месеци пред изборите, одлучи да ја укине старосната граница за пензионирање, која им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат. Претседателот ова го соопшти за време на прес-конференција на тема старосната граница за пензионирање, пренесоа агенциите. Владејачката партија на Ердоган значително ја зголеми минималната плата минатата недела како дел од обидот да ја врати поддршката изгубена поради инфлацијата, падот на лирата и остриот пад на животниот стандард. Возраста за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 години за мажи. Засега не се знае колку ќе чини новиот пензиски систем, а Ердоган најави дека 2,25 милиони луѓе имаат право на непосредна пензија. Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.  

The post Ердоган ја укина старосната граница за пензија appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Турција и понатаму е посредник меѓу Москва и Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-turcija-i-ponatamu-e-posrednik-megju-moskva-i-kiev/ Thu, 10 Nov 2022 10:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=572203

Анкара ќе продолжи да вложува напори во посредувањето меѓу Русија и Украина со цел да се почнат со преговори за ставање крај на конфликтот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Како што истакна Ердоган, Турција непрекинато ја извршува улогата на посредник и така и ќе продолжи, а моментално не е можно да се каже одреден датум, кога таа улога на Анкара ќе даде резултати.

Тој ја даде изјавата на прес-конференција во Анкара, пред да отпатува на самитот на Организацијата на земји од турско говорно подрачје во Узбекистан, јавија дел од британските медиуми.

Според Ердоган, одлуката Русија да ги повлече војниците од Херсон е позитивен чекор.

The post Ердоган: Турција и понатаму е посредник меѓу Москва и Киев appeared first on Република.

]]>

Анкара ќе продолжи да вложува напори во посредувањето меѓу Русија и Украина со цел да се почнат со преговори за ставање крај на конфликтот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Како што истакна Ердоган, Турција непрекинато ја извршува улогата на посредник и така и ќе продолжи, а моментално не е можно да се каже одреден датум, кога таа улога на Анкара ќе даде резултати. Тој ја даде изјавата на прес-конференција во Анкара, пред да отпатува на самитот на Организацијата на земји од турско говорно подрачје во Узбекистан, јавија дел од британските медиуми. Според Ердоган, одлуката Русија да ги повлече војниците од Херсон е позитивен чекор.

The post Ердоган: Турција и понатаму е посредник меѓу Москва и Киев appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Европа повеќе не е толку опуштена во однос на енергијата, оваа зима ќе биде тешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-evropa-povekje-ne-e-tolku-opushtena-vo-odnos-na-energijata-ovaa-zima-kje-bide-teshka/ Fri, 09 Sep 2022 15:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=549182

Ердоган разговараше со новинарите во авионот на враќање од турнејата низ земјите од Западен Балкан. Тој потсети на неговите претходни разговори со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, во кои тие ги кажаа своите намери да ги затворат термоцентралите, па дури и нуклеарните централи и да се префрлат на обновлива енергија.

Турскиот претседател посочи дека на оваа тема разговарал и со актуелниот канцелар на Германија, Олаф Шолц, „кој бил цврст во намерата да не отстапува од курсот на неговата претходничка“.

Сепак, според Ердоган, ситуацијата е поинаква по суспензијата на рускиот гас.„Европа не се чувствува толку комфорно и мирно како што се мисли дека е. Ситуацијата оди во многу поинаква насока“, рече тој.

Според него, „Русија не ги донесе овие одлуки и не ги презеде овие чекори туку така“.

„Оваа зима нема да помине така лесно за Европа, ќе биде многу проблематична зима, а од финансиска гледна точка зимата ќе има многу тешки сметки“, рече Ердоган.

Во исто време, тој увери дека Турција нема проблем со испораката на гас и Русија не воведува никакви санкции за неа. Тој посочи и дека имал разговори со руската страна за цената и дека ситуацијата за Турција, како што рече, може да стане уште подобра доколку руската страна покаже позитивен пристап кон Анкара.Исто така, Ердоган ја спомена и намерата на турската страна следната година да ги пушти во употреба сопствените наоѓалишта на гас откриени во Црното Море.

 

 

The post Ердоган: Европа повеќе не е толку опуштена во однос на енергијата, оваа зима ќе биде тешка appeared first on Република.

]]>

Ердоган разговараше со новинарите во авионот на враќање од турнејата низ земјите од Западен Балкан. Тој потсети на неговите претходни разговори со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, во кои тие ги кажаа своите намери да ги затворат термоцентралите, па дури и нуклеарните централи и да се префрлат на обновлива енергија. Турскиот претседател посочи дека на оваа тема разговарал и со актуелниот канцелар на Германија, Олаф Шолц, „кој бил цврст во намерата да не отстапува од курсот на неговата претходничка“. Сепак, според Ердоган, ситуацијата е поинаква по суспензијата на рускиот гас.„Европа не се чувствува толку комфорно и мирно како што се мисли дека е. Ситуацијата оди во многу поинаква насока“, рече тој. Според него, „Русија не ги донесе овие одлуки и не ги презеде овие чекори туку така“. „Оваа зима нема да помине така лесно за Европа, ќе биде многу проблематична зима, а од финансиска гледна точка зимата ќе има многу тешки сметки“, рече Ердоган. Во исто време, тој увери дека Турција нема проблем со испораката на гас и Русија не воведува никакви санкции за неа. Тој посочи и дека имал разговори со руската страна за цената и дека ситуацијата за Турција, како што рече, може да стане уште подобра доколку руската страна покаже позитивен пристап кон Анкара.Исто така, Ердоган ја спомена и намерата на турската страна следната година да ги пушти во употреба сопствените наоѓалишта на гас откриени во Црното Море.    

The post Ердоган: Европа повеќе не е толку опуштена во однос на енергијата, оваа зима ќе биде тешка appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Шведска ни вети екстрадиција на 73 Курди https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-shvedska-ni-veti-ekstradicija-na-73-kurdi/ Thu, 30 Jun 2022 18:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=521780

Шведска вети дека ќе ѝ испорача 73 лица на Турција како резултат на меморандумот што во вторникот беше потпишан во Мадрид меѓу Шведска, Финска и Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ако не се одржи ветувањето, ќе го направиме она што е потребно во договорот“, рече тој денеска за време на прес-конференцијата во Мадрид, додавајќи дека Турција нема да ја испрати ратификацијата на договорот до парламентот. „Ако тие не ги исполнат ова, нема да го испратиме во парламентот“.

Сепак, Ердоган го нарече меморандумот „дипломатска победа“.

Пред самитот на НАТО на кој беше потпишан трилатералниот меморандум, Турција рече дека ќе стави вето на кандидатурите за членство на Шведска и Финска во НАТО, тврдејќи дека во нив има членови на Курдистанската работничка партија или ПКК која Турција, ЕУ и САД ја признаваат како терористичка организација, како и ФЕТО, што Турција го гледа зад обидот за државен удар во 2015 година.

Во меморандумот од 10 члена се вели дека Шведска и Финска ќе ги решат барањата на Турција за екстрадиција на осомничените за тероризам, во согласност со Европската конвенција за екстрадиција.

Турција се откажа од својот приговор за членството на Финска и Шведска во НАТО како резултат на меморандумот потпишан од овие три земји и откако Ердоган разговараше со американскиот претседател Џо Бајден.

The post Ердоган: Шведска ни вети екстрадиција на 73 Курди appeared first on Република.

]]>

Шведска вети дека ќе ѝ испорача 73 лица на Турција како резултат на меморандумот што во вторникот беше потпишан во Мадрид меѓу Шведска, Финска и Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ако не се одржи ветувањето, ќе го направиме она што е потребно во договорот“, рече тој денеска за време на прес-конференцијата во Мадрид, додавајќи дека Турција нема да ја испрати ратификацијата на договорот до парламентот. „Ако тие не ги исполнат ова, нема да го испратиме во парламентот“. Сепак, Ердоган го нарече меморандумот „дипломатска победа“. Пред самитот на НАТО на кој беше потпишан трилатералниот меморандум, Турција рече дека ќе стави вето на кандидатурите за членство на Шведска и Финска во НАТО, тврдејќи дека во нив има членови на Курдистанската работничка партија или ПКК која Турција, ЕУ и САД ја признаваат како терористичка организација, како и ФЕТО, што Турција го гледа зад обидот за државен удар во 2015 година. Во меморандумот од 10 члена се вели дека Шведска и Финска ќе ги решат барањата на Турција за екстрадиција на осомничените за тероризам, во согласност со Европската конвенција за екстрадиција. Турција се откажа од својот приговор за членството на Финска и Шведска во НАТО како резултат на меморандумот потпишан од овие три земји и откако Ердоган разговараше со американскиот претседател Џо Бајден.

The post Ердоган: Шведска ни вети екстрадиција на 73 Курди appeared first on Република.

]]>
Ердоган му предложи на Путин Анкара да биде домаќин на „набљудувачкиот механизам“ меѓу Москва, Киев и ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-mu-predlozi-na-putin-ankara-da-bide-domakjin-na-nabljuduvachkiot-mehanizam-megju-moskva-kiev-i-on/ Mon, 30 May 2022 17:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=508875

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин порача дека Анкара е подготвена да ја преземе улогата во „набљудувачкиот механизам“ меѓу Москва, Киев и Обединетите нации, доколку се постигне договор за него, пренесоа британските медиуми.

Ердоган на рускиот претседател му кажал дека мора да се воспостави мирот во Украина  што е можно поскоро и дека мора да се преземат чекори за градење доверба, се наведува во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.

За време на разговорот двајцата претседатели не разговарале за храната, но висок турски функционер минатата недела во брифинг за британски медиуми кажал дека Турција преговара со Русија и Украина за отворање на поморски коридор за извоз на украинското жито.

The post Ердоган му предложи на Путин Анкара да биде домаќин на „набљудувачкиот механизам“ меѓу Москва, Киев и ОН appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин порача дека Анкара е подготвена да ја преземе улогата во „набљудувачкиот механизам“ меѓу Москва, Киев и Обединетите нации, доколку се постигне договор за него, пренесоа британските медиуми. Ердоган на рускиот претседател му кажал дека мора да се воспостави мирот во Украина  што е можно поскоро и дека мора да се преземат чекори за градење доверба, се наведува во соопштението од кабинетот на турскиот претседател. За време на разговорот двајцата претседатели не разговарале за храната, но висок турски функционер минатата недела во брифинг за британски медиуми кажал дека Турција преговара со Русија и Украина за отворање на поморски коридор за извоз на украинското жито.

The post Ердоган му предложи на Путин Анкара да биде домаќин на „набљудувачкиот механизам“ меѓу Москва, Киев и ОН appeared first on Република.

]]>
Ердоган им соопшти на лидерите на Шведска и Финска што очекува од нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-im-soopshti-na-liderite-na-shvedska-i-finska-shto-ochekuva-od-niv/ Sat, 21 May 2022 16:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=505248

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му порача на својот фински колега Саули Нинисте дека несанкционирањето на терористичките организации кои претставуваат закана за членките на НАТО не е во духот на Алијансата.

Во телефонскиот разговор, Ердоган рече и дека Анкара очекува поддршка од Хелсинки за нејзината борба против терористичките организации кои претставуваат закана за националната безбедност и нејзиниот народ.

Ердоган претходно ја информираше шведската премиерка Магдалена Андерсон дека Анкара очекува конкретни чекори поради врските на земјата со терористичките организации.

Во телефонскиот разговор Ердоган додаде дека треба да се укине ембаргото за извоз на оружје воведено кон Турција, кое Шведска го поддржа по влегувањето на турската армија во Сирија во 2019 година, јавува Анадолија.

Анкара тврди дека Шведска и Финска ја поддржуваат милитантната група на Курдската работничка партија (ПКК) и следбениците на Фетула Ѓулен, кого го обвинуваат за организирање на обидот за државен удар во Турција во 2016 година.

Турција ги изненади сојузниците во НАТО минатата недела со тоа што се спротивстави на приемот на двете земји во организацијата, но западните лидери изразија уверување дека приговорите на Анкара нема да бидат пречка за тоа да се постигне.

The post Ердоган им соопшти на лидерите на Шведска и Финска што очекува од нив appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му порача на својот фински колега Саули Нинисте дека несанкционирањето на терористичките организации кои претставуваат закана за членките на НАТО не е во духот на Алијансата. Во телефонскиот разговор, Ердоган рече и дека Анкара очекува поддршка од Хелсинки за нејзината борба против терористичките организации кои претставуваат закана за националната безбедност и нејзиниот народ. Ердоган претходно ја информираше шведската премиерка Магдалена Андерсон дека Анкара очекува конкретни чекори поради врските на земјата со терористичките организации. Во телефонскиот разговор Ердоган додаде дека треба да се укине ембаргото за извоз на оружје воведено кон Турција, кое Шведска го поддржа по влегувањето на турската армија во Сирија во 2019 година, јавува Анадолија. Анкара тврди дека Шведска и Финска ја поддржуваат милитантната група на Курдската работничка партија (ПКК) и следбениците на Фетула Ѓулен, кого го обвинуваат за организирање на обидот за државен удар во Турција во 2016 година. Турција ги изненади сојузниците во НАТО минатата недела со тоа што се спротивстави на приемот на двете земји во организацијата, но западните лидери изразија уверување дека приговорите на Анкара нема да бидат пречка за тоа да се постигне.

The post Ердоган им соопшти на лидерите на Шведска и Финска што очекува од нив appeared first on Република.

]]>