ердоган сарач Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erdogan-sarach/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Jun 2022 11:19:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ердоган сарач Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erdogan-sarach/ 32 32 Сарач: Овој дебакл во Брисел налага Владата да поднесе оставка поради измама на сопствените граѓани! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sarach-ovoj-debakl-vo-brisel-nalaga-vladata-da-podnese-ostavka-poradi-izmama-na-sopstvenite-gragjani/ Fri, 24 Jun 2022 11:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=519267

По повод вчерашната одлука на Советот на ЕУ да не стави на дневен ред точката за разгледување на датумот за почеток на пристапното членство на Македонија, се огласи Движењето за Национално Единство на Турците.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението потпишано од претседателот на партијата, Ердоган Сарач:

Засега непринципиелноста на ЕУ и бавноста на Бугарското Собрание ја спасија Македонија од капитулација. Но останува на граѓаните на Македонија да кажат до колку ќе трае оваа агонија. Сега веќе е јасно секому дека Владата на РМ безобразно ја лажела јавноста во Македонија наводно дека не е запознаена со францускиот предлог. Убедени сме дека доколку Бугарскиот парламент потврдуваше на време фанцускиот договор со дополнителни барања за претпристапниот договор, Ковачевски ќе го потпишеше и со тоа ќе ставеше бомба на државните темели на Македонија.

Голем неуспех на владата е што воопшто не се разговараше за проширување на Западен Балкан и посебно Македонија. Оттука повеќе од јасно е дека доколку имаат и малку чувства на срам и одговорност, министрите задолжени за евроинтеграција и надворешни работи поради овој дебакл треба да поднесат неотповикливи оставки. Толку крупни работи се разгледувале, а овие наводно немаат поим од развојот на настаните и францускиот предлог.

Загрижени сме што ЕУ ги гази своите принципи на сметка на Бугарија и ги руши темелите на една земја која непрекинато е посветено на европските принципи и заложби за членство во неа. Од вчера веќе ништо не е како порано.

Повеќе од јасно е дека оваа влада не располага со државнички капацитет да ги заштити државните и граѓанските интереси на Македонија. Изјавата на премиерот Ковачевски во Брисел личи на онаа позната турска приказна кога „газдата го брка работникот од работа“, а тој излегува надвор и вели „не ме избрка газдата туку јас ја напуштив работата“. Оттука како излез од оваа дополнителна криза во земјата, итно, потребни се предвремени парламентарни избори за спас на државата од понатамошно тонење и распаѓање. Со надеж дека разумот ќе надвладее над инатот на власта по секоја цена да го задржи управувањето со земјата, апелираме да и опозицијата се приклучи во надминувањето на новата состојба и заеднички да се определи датум за итни предвремени избори. Овој дебакл во Брисел налага Владата да поднесе оставка поради измама на сопствените граѓани и необјективните надежи за брза интеграција во ЕУ.

The post Сарач: Овој дебакл во Брисел налага Владата да поднесе оставка поради измама на сопствените граѓани! appeared first on Република.

]]>

По повод вчерашната одлука на Советот на ЕУ да не стави на дневен ред точката за разгледување на датумот за почеток на пристапното членство на Македонија, се огласи Движењето за Национално Единство на Турците. Во продолжение следува интегрален текст од соопштението потпишано од претседателот на партијата, Ердоган Сарач: Засега непринципиелноста на ЕУ и бавноста на Бугарското Собрание ја спасија Македонија од капитулација. Но останува на граѓаните на Македонија да кажат до колку ќе трае оваа агонија. Сега веќе е јасно секому дека Владата на РМ безобразно ја лажела јавноста во Македонија наводно дека не е запознаена со францускиот предлог. Убедени сме дека доколку Бугарскиот парламент потврдуваше на време фанцускиот договор со дополнителни барања за претпристапниот договор, Ковачевски ќе го потпишеше и со тоа ќе ставеше бомба на државните темели на Македонија. Голем неуспех на владата е што воопшто не се разговараше за проширување на Западен Балкан и посебно Македонија. Оттука повеќе од јасно е дека доколку имаат и малку чувства на срам и одговорност, министрите задолжени за евроинтеграција и надворешни работи поради овој дебакл треба да поднесат неотповикливи оставки. Толку крупни работи се разгледувале, а овие наводно немаат поим од развојот на настаните и францускиот предлог. Загрижени сме што ЕУ ги гази своите принципи на сметка на Бугарија и ги руши темелите на една земја која непрекинато е посветено на европските принципи и заложби за членство во неа. Од вчера веќе ништо не е како порано. Повеќе од јасно е дека оваа влада не располага со државнички капацитет да ги заштити државните и граѓанските интереси на Македонија. Изјавата на премиерот Ковачевски во Брисел личи на онаа позната турска приказна кога „газдата го брка работникот од работа“, а тој излегува надвор и вели „не ме избрка газдата туку јас ја напуштив работата“. Оттука како излез од оваа дополнителна криза во земјата, итно, потребни се предвремени парламентарни избори за спас на државата од понатамошно тонење и распаѓање. Со надеж дека разумот ќе надвладее над инатот на власта по секоја цена да го задржи управувањето со земјата, апелираме да и опозицијата се приклучи во надминувањето на новата состојба и заеднички да се определи датум за итни предвремени избори. Овој дебакл во Брисел налага Владата да поднесе оставка поради измама на сопствените граѓани и необјективните надежи за брза интеграција во ЕУ.

The post Сарач: Овој дебакл во Брисел налага Владата да поднесе оставка поради измама на сопствените граѓани! appeared first on Република.

]]>
Пендаровски на средба со претседателот на Движењето за национално единство на Турците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-na-sredba-so-pretsedatelot-na-dvizenjeto-za-nacionalno-edinstvo-na-turcite/ Tue, 08 Feb 2022 09:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=455536

Претседателот Стево Пендаровски го прими Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците.

Пендаровски и Сарач, на средбата разговарале за положбата на припадниците на турската етничка заедница во државата, како и за нивните заложби и придонес за развојот и напредокот на Република Македонија.

Припадниците на турската етничка заедница во Македонија, заедно со другите етнички заедници даваат активен придонес за градење на рамноправно, стабилно и просперитетно општество - е пораката испратена опд средбата.

На средбата стана збор и за односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател и стратешки партнер на Република Македонија.

The post Пендаровски на средба со претседателот на Движењето за национално единство на Турците appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски го прими Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците. Пендаровски и Сарач, на средбата разговарале за положбата на припадниците на турската етничка заедница во државата, како и за нивните заложби и придонес за развојот и напредокот на Република Македонија.
Припадниците на турската етничка заедница во Македонија, заедно со другите етнички заедници даваат активен придонес за градење на рамноправно, стабилно и просперитетно општество - е пораката испратена опд средбата.
На средбата стана збор и за односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател и стратешки партнер на Република Македонија.

The post Пендаровски на средба со претседателот на Движењето за национално единство на Турците appeared first on Република.

]]>