еразмус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erazmus/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Apr 2024 17:39:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еразмус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erazmus/ 32 32 Националната агенција за европски образовни програми и мобилност отвори прв Еразмус+ инфоцентар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/natsionalnata-agentsija-za-evropski-obrazovni-programi-i-mobilnost-otvori-prv-erazmus-infotsentar/ Sat, 06 Apr 2024 17:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=763197

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност официјално го отвори првиот Еразмус+ инфо центар во Битола. Овој креативен простор кој се наоѓа во централното градско подрачје на Битола или место како што битолчани го знаат „Кафе чао“, е наменет за сите млади, но и генерално сите кои сакааат да се информираат за програмите или мрежите со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Оваа канцеларија ќе биде место за информирање и презентирање на можностите од програмите Еразмус+ и ЕСК, како и сите мрежи со кои управува Националната агенција и навистина ми претставува голема чест и задоволство што го отвораме овој прв Еразмус+ инфо центар во Битола. Се започна од една идеја која подоцна беше ставена во работна програма, па одобрена на седница на Владата, а сега дојдовме и до денешното отворање со кое почнува оваа нова приказна. Овој простор ќе служи за дружење, едукација на младите, но и можност да творат и да ги искажат своите идеи. Просторот е отворен за сите кои се вклучени или сакаат да се вклучат во Еразмус+ програмата, која е една од најуспешните програми во Европската Унија. Сакам да се заблагодарам на сите битолчани, кои одлично не прифатија и ни помогнаа во изминатиов период“, истакна Ѓоргиевски во обраќањето кон присутните.

На отворањето присуствуваа многу млади лица од регионот, студенти, наставници, професори и претставници на дипломатскиот кор во земјава. Сите присутни имаа можност да ја проследат изложбата од одбрани дела на младата битолска уметница Јана Танчевска и да уживаат во класична музика за која беа одговорни учениците од музичкото училиште во Битола.

Овој Инфо центар ќе биде безбедно место за младите, за нивните идеи и креативност . Националната агенција за европски образовни програми и мобилност продолжува со континуираната промоција на европските вредности и приоритети за поддршка на стручното образование, на инклузивно општество, на активности кои ја промовираат „зелената агенда“ и одржливост за постигнување на долгорочно одржливи цели.

The post Националната агенција за европски образовни програми и мобилност отвори прв Еразмус+ инфоцентар appeared first on Република.

]]>

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност официјално го отвори првиот Еразмус+ инфо центар во Битола. Овој креативен простор кој се наоѓа во централното градско подрачје на Битола или место како што битолчани го знаат „Кафе чао“, е наменет за сите млади, но и генерално сите кои сакааат да се информираат за програмите или мрежите со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Оваа канцеларија ќе биде место за информирање и презентирање на можностите од програмите Еразмус+ и ЕСК, како и сите мрежи со кои управува Националната агенција и навистина ми претставува голема чест и задоволство што го отвораме овој прв Еразмус+ инфо центар во Битола. Се започна од една идеја која подоцна беше ставена во работна програма, па одобрена на седница на Владата, а сега дојдовме и до денешното отворање со кое почнува оваа нова приказна. Овој простор ќе служи за дружење, едукација на младите, но и можност да творат и да ги искажат своите идеи. Просторот е отворен за сите кои се вклучени или сакаат да се вклучат во Еразмус+ програмата, која е една од најуспешните програми во Европската Унија. Сакам да се заблагодарам на сите битолчани, кои одлично не прифатија и ни помогнаа во изминатиов период“, истакна Ѓоргиевски во обраќањето кон присутните.
На отворањето присуствуваа многу млади лица од регионот, студенти, наставници, професори и претставници на дипломатскиот кор во земјава. Сите присутни имаа можност да ја проследат изложбата од одбрани дела на младата битолска уметница Јана Танчевска и да уживаат во класична музика за која беа одговорни учениците од музичкото училиште во Битола. Овој Инфо центар ќе биде безбедно место за младите, за нивните идеи и креативност . Националната агенција за европски образовни програми и мобилност продолжува со континуираната промоција на европските вредности и приоритети за поддршка на стручното образование, на инклузивно општество, на активности кои ја промовираат „зелената агенда“ и одржливост за постигнување на долгорочно одржливи цели.

The post Националната агенција за европски образовни програми и мобилност отвори прв Еразмус+ инфоцентар appeared first on Република.

]]>
Маричиќ од Тетово: Наша цел е да ги задржиме младите и образовани кадри дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-od-tetovo-nasha-tsel-e-da-gi-zadrzhime-mladite-i-obrazovani-kadri-doma/ Fri, 06 Oct 2023 18:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=688723

На денешната средба реализирана во рамките на кампањата Ние сме Европа заменикот претседател на владата за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со министерот за информатичко општество и администрација, го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа каде што се сретнаа со проректорката Беса Арифи и студентите на универзитетот. На средбата се осврнаа на значењето на Еразмус Плус програмата, проектите за мобилност и нивното значење за академски напредок.

„Програмата Еразмус Плус им овозможува на студентите да се образовуваат, стекнуваат знаење и искуство, исто како и студентите од другите земји членки на ЕУ. Еразмус Плус се издигна како една од најпрепознатите програми на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт.

 

Можноста за размена на идеи и добри практики во европски и меѓународни рамки претставува инспирација за бројни генерации на ученици, студенти, образовен кадар како и организации и институции кои се во позиција да ги искористат придобивките што ни се на располагање.“ истакна Маричиќ

Програмата Еразмус Плус значително ги зголемува компетенциите на младите и им создава многу нови можност за нив во формалното и неформалното образование. Мобилноста, знаењето и вештините што им стануваат достапни на младите преку програмите и фондовите на ЕУ им отвораат светла перспектива.

 

Нашата цел е да ги задржиме нашите образовани кадри и млади луѓе дома, во Македонија, со стекнатото знаење од европските образовни институции. Затоа ги охрабруваме младите да бараат стручна надградба и образование, кои подоцна ќе ги применат и со тоа значително ќе придонесат за средината од која потекнуваат и во која живеат.

На крај Заменик претседателот на владата за европски прашања ги поттикна студентите и младите луѓе да бараат начин како да ги реализираат своите амбиции и да ги остварат своите цели за прогресивна иднина на Македонија во ЕУ.

 

 

The post Маричиќ од Тетово: Наша цел е да ги задржиме младите и образовани кадри дома appeared first on Република.

]]>

На денешната средба реализирана во рамките на кампањата Ние сме Европа заменикот претседател на владата за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со министерот за информатичко општество и администрација, го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа каде што се сретнаа со проректорката Беса Арифи и студентите на универзитетот. На средбата се осврнаа на значењето на Еразмус Плус програмата, проектите за мобилност и нивното значење за академски напредок. „Програмата Еразмус Плус им овозможува на студентите да се образовуваат, стекнуваат знаење и искуство, исто како и студентите од другите земји членки на ЕУ. Еразмус Плус се издигна како една од најпрепознатите програми на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт.   Можноста за размена на идеи и добри практики во европски и меѓународни рамки претставува инспирација за бројни генерации на ученици, студенти, образовен кадар како и организации и институции кои се во позиција да ги искористат придобивките што ни се на располагање.“ истакна Маричиќ Програмата Еразмус Плус значително ги зголемува компетенциите на младите и им создава многу нови можност за нив во формалното и неформалното образование. Мобилноста, знаењето и вештините што им стануваат достапни на младите преку програмите и фондовите на ЕУ им отвораат светла перспектива.   Нашата цел е да ги задржиме нашите образовани кадри и млади луѓе дома, во Македонија, со стекнатото знаење од европските образовни институции. Затоа ги охрабруваме младите да бараат стручна надградба и образование, кои подоцна ќе ги применат и со тоа значително ќе придонесат за средината од која потекнуваат и во која живеат. На крај Заменик претседателот на владата за европски прашања ги поттикна студентите и младите луѓе да бараат начин како да ги реализираат своите амбиции и да ги остварат своите цели за прогресивна иднина на Македонија во ЕУ.    

The post Маричиќ од Тетово: Наша цел е да ги задржиме младите и образовани кадри дома appeared first on Република.

]]>
Кинотека на Македонија ја одржа првата обука од проектот … и Акција! на ЕРАЗМУС+ програмата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinoteka-na-makedonija-ja-odrzha-prvata-obuka-od-proektot-i-aktsija-na-erazmus-programata/ Tue, 03 Oct 2023 15:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=687545

НУ Кинотека на Република Македонија подржана од Европска Унија, во рамките на ЕРАСМУС + програмата, е носител на проект наречен И… Акција! Партнери во овој проект се: Здружение за образование во областа на природните науки, уметностите и архитектурата (Словенија), Ириг Мој Град (Србија), Асоцијацијата Екстрeмундо (Шпанија) и Здружение традиции, образование, историја и култура (Бугарија). Проектот … и Акција!, проект за образование, има неколку развојни фази, кои се одвиваат паралелно со тоа што се развиваат два интелектуални производи и паралелно се одвиваат обуки за креирање на видео записи за помош на наставници/професори во рамки на основното и средното образованието. Освен кај нас, обуките ќе се одржат во уште три земји: Шпанија, Бугарија и Словенија, со тоа што на нив ќе присуствуваат наставници/професори од сите партнерски земји.

Првата обука за создавање видео содржини за образование се одржи во нашата земја, во Велес, и на неа присуствуваа 20 учесници од сите партнерски земји кои следеа седумдневна обука. Тие се обучија да креираат видео содржини, научија на што да се осврнат во текот на создавањето на тие едукативни видеа, кои алатки да ги користат итн. Обуката се одржа од 23 до 30 август во Велес. Главен обучувач и автор на обуката беше нашата реномирана режисерка Марија Џиџева, а во обуката ѝ асистираа Илија Павлов и Филип Лафазановски, соработници на Кинотеката и млади филмски автори. Обуката со свои презентации ја збогатија и: проф. д-р Розалина Попова Коскарова, проф. д-р Атанас Чупоски, м-р Арсим Лесковица и м-р Александар Трајковски. Владимир Ангелов на учесниците на обуката, за време на нивната посета на Кинотеката, им одржа предавање за значењето на Кинотеката и за огромниот фонд на научно-образовни филмови што таа ги поседува, што и беше директен повод за развој оваа иницијатива т.е. проект.

The post Кинотека на Македонија ја одржа првата обука од проектот … и Акција! на ЕРАЗМУС+ програмата appeared first on Република.

]]>

НУ Кинотека на Република Македонија подржана од Европска Унија, во рамките на ЕРАСМУС + програмата, е носител на проект наречен И… Акција! Партнери во овој проект се: Здружение за образование во областа на природните науки, уметностите и архитектурата (Словенија), Ириг Мој Град (Србија), Асоцијацијата Екстрeмундо (Шпанија) и Здружение традиции, образование, историја и култура (Бугарија). Проектот … и Акција!, проект за образование, има неколку развојни фази, кои се одвиваат паралелно со тоа што се развиваат два интелектуални производи и паралелно се одвиваат обуки за креирање на видео записи за помош на наставници/професори во рамки на основното и средното образованието. Освен кај нас, обуките ќе се одржат во уште три земји: Шпанија, Бугарија и Словенија, со тоа што на нив ќе присуствуваат наставници/професори од сите партнерски земји. Првата обука за создавање видео содржини за образование се одржи во нашата земја, во Велес, и на неа присуствуваа 20 учесници од сите партнерски земји кои следеа седумдневна обука. Тие се обучија да креираат видео содржини, научија на што да се осврнат во текот на создавањето на тие едукативни видеа, кои алатки да ги користат итн. Обуката се одржа од 23 до 30 август во Велес. Главен обучувач и автор на обуката беше нашата реномирана режисерка Марија Џиџева, а во обуката ѝ асистираа Илија Павлов и Филип Лафазановски, соработници на Кинотеката и млади филмски автори. Обуката со свои презентации ја збогатија и: проф. д-р Розалина Попова Коскарова, проф. д-р Атанас Чупоски, м-р Арсим Лесковица и м-р Александар Трајковски. Владимир Ангелов на учесниците на обуката, за време на нивната посета на Кинотеката, им одржа предавање за значењето на Кинотеката и за огромниот фонд на научно-образовни филмови што таа ги поседува, што и беше директен повод за развој оваа иницијатива т.е. проект.

The post Кинотека на Македонија ја одржа првата обука од проектот … и Акција! на ЕРАЗМУС+ програмата appeared first on Република.

]]>
Кинотека врши обуки за проектот како да се зачуваат „спомените“ на човештвото- аматерските и полуаматерските, домашни, филмски записи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinoteka-vrshi-obuki-za-proektot-kako-da-se-zachuvaat-spomenite-na-choveshtvoto-amaterskite-i-poluamaterskite-domashni-filmski-zapisi/ Thu, 20 Jul 2023 08:55:50 +0000 https://republika.mk/?p=663419

Кинотека на Македонија по прв пат е дел од проект во рамките на ЕРАЗМУС + програмата, подржана од Европската Унија. Проектот е од областа на стручното образование и обуки и е во соработка со партнери од Бугарија (СОКИ од Бугарија се раководители на проектот), Германија и Холандија. Евтината дигитализација на стари филмови реферира на дигитализација на 8-милиметарски и 16-милиметарски филмски ленти како и магнетни носачи на слика (VHS, BETA, S-VHS, SUPER8…). Проектот се реализира преку развој на дигитална подготвеност, одржливост и капацитет и произведува систем за управување со учење и онлајн алатки за оценување. Секој учесник во проектот развива (снима) филмови за полесно прифаќање на разработените содржини т.е. евтината дигитализација на наведените домашни филмски формати и развива туторијали за темата како на пример: Подготовка на материјали за дигитализација, Селекција и приоритизација на филмски материјали, Зачувајте ги спомените, Дигитализација, Десеминација на дигитализираните материјали... Овие алатки се во склад со денешните тенденции за дигитално образование. Пристапот за обука на корисниците на проектот се заснова на отворено учење и учење на далечина. Содржините на проектот го прават учењето флексибилно и приспособливо.

Проектот обработува важна тема не само за Европа, туку и за целиот свет: како да се зачуваат „спомените“ на човештвото односно аматерските и полуаматерските, домашни, филмски записи. Ова е глобално популарно во последно време. Многу културни и историски настани се снимени на таканаречени домашни филмови и видеа: историски настани, културни настани, места, луѓе, традиции итн. А пак овие филмови не секогаш се наоѓаат во раце на професионалци како кај нас во Кинотеката. Во светот веќе постојат архиви (кинотеки) посветени само на „домашни филмови“, а еден конгрес на ФИАФ (Светската асоцијација на филмски архиви) беше посветен на овие формати. Меѓународно прилагодените материјали за обука со бесплатен пристап, развиени од страна на проектот, ќе придонесат, во пошироки размери, да ја објаснат потребата од зачувување и дигитализација на ваквите филмови. Производство на такви меѓународно приспособени едукативни материјали ќе бидат корисни за луѓето што ќе го користат проектот.

Проектот развива и интернет платформата на која секој ќе може бесплатно да се обучи во сферата на евтина дигитализација на стари филмови, и истата е веќе функционална за запознавање со проектот (https://mobireel.eu/). Во текот на следниве месеци, обуката ќе биде достапна на пет јазици, меѓу кои и македонскиот. Тој што ќе ја помине целата обука ќе обезбеди поени за себе и со тоа ќе добие сертификат за успешно завршена обука во сферата на стручното континуирано образование. Тоа значи дека овој сертификат ќе биде меѓународно признат и ќе може да се користи во земјите на Европската Унија.

The post Кинотека врши обуки за проектот како да се зачуваат „спомените“ на човештвото- аматерските и полуаматерските, домашни, филмски записи appeared first on Република.

]]>

Кинотека на Македонија по прв пат е дел од проект во рамките на ЕРАЗМУС + програмата, подржана од Европската Унија. Проектот е од областа на стручното образование и обуки и е во соработка со партнери од Бугарија (СОКИ од Бугарија се раководители на проектот), Германија и Холандија. Евтината дигитализација на стари филмови реферира на дигитализација на 8-милиметарски и 16-милиметарски филмски ленти како и магнетни носачи на слика (VHS, BETA, S-VHS, SUPER8…). Проектот се реализира преку развој на дигитална подготвеност, одржливост и капацитет и произведува систем за управување со учење и онлајн алатки за оценување. Секој учесник во проектот развива (снима) филмови за полесно прифаќање на разработените содржини т.е. евтината дигитализација на наведените домашни филмски формати и развива туторијали за темата како на пример: Подготовка на материјали за дигитализација, Селекција и приоритизација на филмски материјали, Зачувајте ги спомените, Дигитализација, Десеминација на дигитализираните материјали... Овие алатки се во склад со денешните тенденции за дигитално образование. Пристапот за обука на корисниците на проектот се заснова на отворено учење и учење на далечина. Содржините на проектот го прават учењето флексибилно и приспособливо. Проектот обработува важна тема не само за Европа, туку и за целиот свет: како да се зачуваат „спомените“ на човештвото односно аматерските и полуаматерските, домашни, филмски записи. Ова е глобално популарно во последно време. Многу културни и историски настани се снимени на таканаречени домашни филмови и видеа: историски настани, културни настани, места, луѓе, традиции итн. А пак овие филмови не секогаш се наоѓаат во раце на професионалци како кај нас во Кинотеката. Во светот веќе постојат архиви (кинотеки) посветени само на „домашни филмови“, а еден конгрес на ФИАФ (Светската асоцијација на филмски архиви) беше посветен на овие формати. Меѓународно прилагодените материјали за обука со бесплатен пристап, развиени од страна на проектот, ќе придонесат, во пошироки размери, да ја објаснат потребата од зачувување и дигитализација на ваквите филмови. Производство на такви меѓународно приспособени едукативни материјали ќе бидат корисни за луѓето што ќе го користат проектот. Проектот развива и интернет платформата на која секој ќе може бесплатно да се обучи во сферата на евтина дигитализација на стари филмови, и истата е веќе функционална за запознавање со проектот (https://mobireel.eu/). Во текот на следниве месеци, обуката ќе биде достапна на пет јазици, меѓу кои и македонскиот. Тој што ќе ја помине целата обука ќе обезбеди поени за себе и со тоа ќе добие сертификат за успешно завршена обука во сферата на стручното континуирано образование. Тоа значи дека овој сертификат ќе биде меѓународно признат и ќе може да се користи во земјите на Европската Унија.

The post Кинотека врши обуки за проектот како да се зачуваат „спомените“ на човештвото- аматерските и полуаматерските, домашни, филмски записи appeared first on Република.

]]>
Демант од Еразмус: Немаме проект со битолското училиште чии директори беа во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demant-od-erazmus-nemame-proekt-so-bitolskoto-uchilishte-chii-direktori-bea-vo-sofija/ Mon, 31 Oct 2022 19:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=567936

Националната агенциија за образовни програми демантира дека училиштето Ѓоѓи Наумов од Битола досега има добиено грант од „Еразмус“. За ТВ 24 од Агенцијата велат дека посетата не била во рамки на програмата Еразмус ниту пак фондацијата Бугарска Меморија можела да биде партнер на македонската програма на Еразмус.

Ова доаѓа откако вчера директорката на Битолското техничко училиште Жанета Сервини тврдеше дека таа и заменикот биле во Бугарија за да воспостават Еразмус соработка со училишта во Софија..

Целиот текст овде.

The post Демант од Еразмус: Немаме проект со битолското училиште чии директори беа во Софија appeared first on Република.

]]>

Националната агенциија за образовни програми демантира дека училиштето Ѓоѓи Наумов од Битола досега има добиено грант од „Еразмус“. За ТВ 24 од Агенцијата велат дека посетата не била во рамки на програмата Еразмус ниту пак фондацијата Бугарска Меморија можела да биде партнер на македонската програма на Еразмус. Ова доаѓа откако вчера директорката на Битолското техничко училиште Жанета Сервини тврдеше дека таа и заменикот биле во Бугарија за да воспостават Еразмус соработка со училишта во Софија.. Целиот текст овде.

The post Демант од Еразмус: Немаме проект со битолското училиште чии директори беа во Софија appeared first on Република.

]]>
ООУ Лазо Ангеловски домаќин на краткорочна размена на ученици во рамките на Еразмус + проектот „Млади новинари денес-одговорни дигитални граѓани утре“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/oou-lazo-angelovski-domakjin-na-kratkorochna-razmena-na-uchenici-vo-ramkite-na-erazmus-proektot-mladi-novinari-denes-odgovorni-digitalni-gragjani-utre/ Fri, 15 Apr 2022 12:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=489060

ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром, оваа недела од 11-15.04.2022 година е домаќин на краткорочна размена на ученици во рамките на Еразмус + проектот „Млади новинари денес-одговорни дигитални граѓани утре“ во кој учестуваат 3 останати партнер училишта од Хрватска, Србија и Романија.

Манифестацијата беше отворена на 11-ти април со пригодна приредба изведена од нашите ученици на која беше прикажана куса драматизација поврзана со обичаите за Велигден и народни ора.  Во текот на денот следеа активности за тим-билдинг и меѓусебно запознавање на учениците, посета и прием во општина Аеродром и проследување на првиот дел од презентациите за Македонија, а во пладнивните и вечерните часови во опуштена атмосфера имаше заеднички ручек и вечера со сите гости.

На гостите добредојде им посака директорката на училиштето „Лазо Ангеловски“ м-р Магдалена Петреска, осврнувајќи се на проектот и неговата важност за идните генерации истакнувајќи дека живееме во време на отворено и брзо пласирање на информации во кое нашите деца треба да знаат како да ја проверуваат веродостојноста на истите, да ги препознаваат дезинформациите и како во иднина одговорно самите тие да пласираат информации. Само така може да имаме добро информирани идни граѓани и веродостојни информации. Потоа таа истакна дека проектот придонесува и кон создавање на нови пријателства меѓу децата и возрасните од земјите во регионот.

Своето задоволство во врска со манифестацијата го изразија и Координаторите на групите учеснички.

Стјепан Лучки, директор на ОУ Св. Петар, Ореховац,  Хрватска, координатор на проектот ја изрази својата благодарност и истакна: „Воодушевени сме од приредбата, од драмската изведба и од прикажаното народното оро и носии кои имавме можност да ги видиме. Можевме да видиме дека со голема волја и жар е подготвена приредбата, па големи пофалби до учениците и наставниците кои ги подготвуваа. “

Стојанка Лесички, координатор на Еразмус+ проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“  изјави дека во рамките на проектот сите училишта успешно формирале свој дигитален училишен весник и притоа разменувале новинарски натписи. На блогот на проектот реализирани се преку 500 објави со текстови испратени од училиштата. Креирани и одржани се бројни работилници и тркалезна маса на тема „Медиумска писменост“. За потребата од поддршка на вакви и слични проекти, го истакна следново: „Сметаме дека дигитални весници за деца се прекупотребни. Недостасува буџет за такво нешто, а потребата од нив  секако постои со оглед на тоа дека нашите деца наоѓаат информации само на социјалните мрежи и често се дезинформирани, затоа што има многу лажни вести, многу објави кои деца всушност не би требало да ги читаат. Кај нас постојат дигитални весници за студенти, средношколци, но не и за децата од основните училишта кои всушност се најмалку медиумски писмени и ние и понатаму ќе се залагаме, дури и по завршувањето на овој проект да се направат обиди да се реализира оваа идеја и се надевам дека овој наш проект ќе поттикне некаква активност во оваа сфера, сферата на медиумска писменост.“

Биљана Вучкович, Чичевац, Србија - „Ние доаѓаме од мало место и нам ни е многу мило што ја започнавме новинарската секција во Србија. Денес тука се присутни деца кои се нашите најдобри новинари, оние кои имаат напишано најголем број на текстови. Преку овој проект децата имаат можност преку целата година да  бидат активни и да стекнуваат дигитални и вештини за  медиумска писменост. “

Ciofalca Mihaela Cristina, претставник на партнер училиштето од Романија - „Ние ја започнавме нашата соработка со координаторот Стојанка Лeсички и координаторот од вашето училиште Љубица Ружинска на платформата eTwinning, а заедничката цел ни беше да ги подобриме дигиталните вештини и медиумската писменост на нашите ученици. Нашите ученици и наставници работат на зголемувањето на свесноста за сајбер-насилството како да го препознаат истото, како да препознаат лажни вести, како да проверат веродостојност на вести и особено во време на пандемијата се појави потреба да пишуваме токму на овие теми. Благодариме на нашите партнери од Македонија кои одлично ја подготвија оваа размена.“

Во текот на останатите четири дена од ученичката размена се реализираа повеќе работилници поврзани со темата на размената и во склад на целите на проектот и тоа: „Моќта на медиумите“, „Да бидеме реални“, „Дали е трик или го заслужува мојот клик?“ и „Филтирани меурчиња“. Учесниците на размената исто така имаа можност да се запознаат со културата, обичаите и знаменитостите на градот Скопје и нашата држава преку презентации кои сами ги подготвија како и културните посети кои се реалзираа во текот на размената: шетачка тура низ градот Скопје проследена со лов на богатство, како и посета на археолошкото наоѓалиште Стоби. Истовремено преку различните видови на неформали активности во училиштето и надвор од него учесниците имаа можност да се дружат, забавуваат и да формираат нови пријателства со своите со-учесници од различните држави.

Учениците-учесници на ученичката размена, кои воедно се членови на медиумската група во училиштето која е дел од овој проект, напишаа натписи во училишниот дигитален весник, Л.А ИН-форматор, за активностите и впечатоците од секој ден на рамената. Истите се достапни на следниот линк https://lainformator.wordpress.com/home/

Комерцијален текст

The post ООУ Лазо Ангеловски домаќин на краткорочна размена на ученици во рамките на Еразмус + проектот „Млади новинари денес-одговорни дигитални граѓани утре“ appeared first on Република.

]]>

ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром, оваа недела од 11-15.04.2022 година е домаќин на краткорочна размена на ученици во рамките на Еразмус + проектот „Млади новинари денес-одговорни дигитални граѓани утре“ во кој учестуваат 3 останати партнер училишта од Хрватска, Србија и Романија. Манифестацијата беше отворена на 11-ти април со пригодна приредба изведена од нашите ученици на која беше прикажана куса драматизација поврзана со обичаите за Велигден и народни ора.  Во текот на денот следеа активности за тим-билдинг и меѓусебно запознавање на учениците, посета и прием во општина Аеродром и проследување на првиот дел од презентациите за Македонија, а во пладнивните и вечерните часови во опуштена атмосфера имаше заеднички ручек и вечера со сите гости. На гостите добредојде им посака директорката на училиштето „Лазо Ангеловски“ м-р Магдалена Петреска, осврнувајќи се на проектот и неговата важност за идните генерации истакнувајќи дека живееме во време на отворено и брзо пласирање на информации во кое нашите деца треба да знаат како да ја проверуваат веродостојноста на истите, да ги препознаваат дезинформациите и како во иднина одговорно самите тие да пласираат информации. Само така може да имаме добро информирани идни граѓани и веродостојни информации. Потоа таа истакна дека проектот придонесува и кон создавање на нови пријателства меѓу децата и возрасните од земјите во регионот. Своето задоволство во врска со манифестацијата го изразија и Координаторите на групите учеснички. Стјепан Лучки, директор на ОУ Св. Петар, Ореховац,  Хрватска, координатор на проектот ја изрази својата благодарност и истакна: „Воодушевени сме од приредбата, од драмската изведба и од прикажаното народното оро и носии кои имавме можност да ги видиме. Можевме да видиме дека со голема волја и жар е подготвена приредбата, па големи пофалби до учениците и наставниците кои ги подготвуваа. “ Стојанка Лесички, координатор на Еразмус+ проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“  изјави дека во рамките на проектот сите училишта успешно формирале свој дигитален училишен весник и притоа разменувале новинарски натписи. На блогот на проектот реализирани се преку 500 објави со текстови испратени од училиштата. Креирани и одржани се бројни работилници и тркалезна маса на тема „Медиумска писменост“. За потребата од поддршка на вакви и слични проекти, го истакна следново: „Сметаме дека дигитални весници за деца се прекупотребни. Недостасува буџет за такво нешто, а потребата од нив  секако постои со оглед на тоа дека нашите деца наоѓаат информации само на социјалните мрежи и често се дезинформирани, затоа што има многу лажни вести, многу објави кои деца всушност не би требало да ги читаат. Кај нас постојат дигитални весници за студенти, средношколци, но не и за децата од основните училишта кои всушност се најмалку медиумски писмени и ние и понатаму ќе се залагаме, дури и по завршувањето на овој проект да се направат обиди да се реализира оваа идеја и се надевам дека овој наш проект ќе поттикне некаква активност во оваа сфера, сферата на медиумска писменост.“ Биљана Вучкович, Чичевац, Србија - „Ние доаѓаме од мало место и нам ни е многу мило што ја започнавме новинарската секција во Србија. Денес тука се присутни деца кои се нашите најдобри новинари, оние кои имаат напишано најголем број на текстови. Преку овој проект децата имаат можност преку целата година да  бидат активни и да стекнуваат дигитални и вештини за  медиумска писменост. “ Ciofalca Mihaela Cristina, претставник на партнер училиштето од Романија - „Ние ја започнавме нашата соработка со координаторот Стојанка Лeсички и координаторот од вашето училиште Љубица Ружинска на платформата eTwinning, а заедничката цел ни беше да ги подобриме дигиталните вештини и медиумската писменост на нашите ученици. Нашите ученици и наставници работат на зголемувањето на свесноста за сајбер-насилството како да го препознаат истото, како да препознаат лажни вести, како да проверат веродостојност на вести и особено во време на пандемијата се појави потреба да пишуваме токму на овие теми. Благодариме на нашите партнери од Македонија кои одлично ја подготвија оваа размена.“ Во текот на останатите четири дена од ученичката размена се реализираа повеќе работилници поврзани со темата на размената и во склад на целите на проектот и тоа: „Моќта на медиумите“, „Да бидеме реални“, „Дали е трик или го заслужува мојот клик?“ и „Филтирани меурчиња“. Учесниците на размената исто така имаа можност да се запознаат со културата, обичаите и знаменитостите на градот Скопје и нашата држава преку презентации кои сами ги подготвија како и културните посети кои се реалзираа во текот на размената: шетачка тура низ градот Скопје проследена со лов на богатство, како и посета на археолошкото наоѓалиште Стоби. Истовремено преку различните видови на неформали активности во училиштето и надвор од него учесниците имаа можност да се дружат, забавуваат и да формираат нови пријателства со своите со-учесници од различните држави. Учениците-учесници на ученичката размена, кои воедно се членови на медиумската група во училиштето која е дел од овој проект, напишаа натписи во училишниот дигитален весник, Л.А ИН-форматор, за активностите и впечатоците од секој ден на рамената. Истите се достапни на следниот линк https://lainformator.wordpress.com/home/ Комерцијален текст

The post ООУ Лазо Ангеловски домаќин на краткорочна размена на ученици во рамките на Еразмус + проектот „Млади новинари денес-одговорни дигитални граѓани утре“ appeared first on Република.

]]>
„Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ – проект на ЕРАЗМУС+ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mladi-novinari-denes-odgovorni-digitalni-gragjani-utre-proekt-na-erazmus/ Thu, 07 Apr 2022 10:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=484777

Во рамките на проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ - Еразмус+ КА229, во периодот од 11-15 април 2022 година, училиштето ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, ќе биде домаќин на втората ученичка размена на која ќе учествуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Србија и Романија. Темата на оваа размена е „Моќта на медиумите“, а преку планираните активности ќе бидат опфатени следните аспекти: одговорност на новинарот наспрема одговорност на читателот, влијание на медиумите врз општеството и социјалниот живот и контрола на информациите.

Проектот започна да се реализира од септември 2019 година и ќе трае до август 2022 година. Досега оствари бројни активности чија цел е развој на медиумската писменост и дигиталните вештини и знаеања, како креирање  на дигитален училишен весник од самите ученици членови на медиумската група од училиштето (https://lainformator.wordpress.com/home/), веб страница на проектот, организација на работилници и дискусии за младите и медиумите и многу други активности за развој на дигитални медиуми и апликации.

Координатор е училиштето: „Свети Петар“ од Ореховец, Хрватска, а партнери во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата „Scoala Gimnaziala Nr. 5“ од Александрија, Романија  и „Dositej Obradovic“ од Чичевац, Србија.

Сите реализирани активности се достапни на училишната веб страница на следниот линк.

Комерцијален текст

The post „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ – проект на ЕРАЗМУС+ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ - Еразмус+ КА229, во периодот од 11-15 април 2022 година, училиштето ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, ќе биде домаќин на втората ученичка размена на која ќе учествуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Србија и Романија. Темата на оваа размена е „Моќта на медиумите“, а преку планираните активности ќе бидат опфатени следните аспекти: одговорност на новинарот наспрема одговорност на читателот, влијание на медиумите врз општеството и социјалниот живот и контрола на информациите. Проектот започна да се реализира од септември 2019 година и ќе трае до август 2022 година. Досега оствари бројни активности чија цел е развој на медиумската писменост и дигиталните вештини и знаеања, како креирање  на дигитален училишен весник од самите ученици членови на медиумската група од училиштето (https://lainformator.wordpress.com/home/), веб страница на проектот, организација на работилници и дискусии за младите и медиумите и многу други активности за развој на дигитални медиуми и апликации. Координатор е училиштето: „Свети Петар“ од Ореховец, Хрватска, а партнери во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата „Scoala Gimnaziala Nr. 5“ од Александрија, Романија  и „Dositej Obradovic“ од Чичевац, Србија. Сите реализирани активности се достапни на училишната веб страница на следниот линк. Комерцијален текст

The post „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ – проект на ЕРАЗМУС+ appeared first on Република.

]]>