еразмус плус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erazmus-plus/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Apr 2024 14:49:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еразмус плус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/erazmus-plus/ 32 32 Отворен првиот Еразмус+ инфо центар во Битола https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/otvoren-prviot-erazmus-info-tsentar-vo-bitola/ Sun, 07 Apr 2024 14:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=763482

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во четвртокот, 4 април 2024 година го официјално го отвори првиот Еразмус+ инфо центар во Битола. Овој креативен простор кој се наоѓа во централното градско подрачје на Битола или место како што битолчани го знаат “Кафе чао“, е наменет за сите млади но и генерално сите кои сакааат да се информираат за програмите или мрежите со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Оваа канцеларија ќе биде место за информирање и презентирање на можностите од програмите Еразмус+ и ЕСК, како и сите мрежи со кои управува Националната агенција и навистина ми претставува голема чест и задоволство што го отвораме овој прв Еразмус+ инфо центар во Битола. Се започна од една идеја која подоцна беше ставена во работна програма, па одобрена на седница на Влада на Република Македонија ,а сега дојдовме и до денешното отворање со кое започнува оваа нова приказна. Овој простор ќе служи за дружење, едукација на младите, но и можност да творат и да ги искажат своите идеи. Просторот е отворен за сите кои се вклучени или сакаат да се вклучат во Еразмус+ програмата, која е една од најуспешните програми во Европската Унија. Сакам да се заблагодарам на сите битолчани, кои одлично не прифатија и ни помогнаа во изминатиов период”- истакна Ѓоргиевски во обраќањето кон присутните.

[caption id="attachment_763484" align="alignnone" width="769"] Просторот е отворен за сите кои се вклучени или сакаат да се вклучат во Еразмус+ програмата, која е една од најуспешните програми во Европската Унија, истакна на отворањето директорот Марко Ѓоргиевски[/caption]

На отворањето присуствуваа многу млади лица од регионот, студенти, наставници, професори и претставници на дипломатскиот кор во земјава. Сите присутни имаа можност да ја проследат изложбата од одбрани дела на младата битолска уметница Јана Танчевска и да уживаат во класична музика за која беа одговорни учениците од музичкото училиште во Битола.

Овој Инфо центар ќе биде безбедно место за младите, за нивните идеи и креативност . Националната агенција за европски образовни програми и мобилност продолжува со континуираната промоција на европските вредности и приоритети за поддршка на стручното образование, на инклузивно општество, на активности кои ја промовираат „зелената агенда“ и одржливост за постигнување на долгорочно одржливи цели, велат од Националната агенција.

The post Отворен првиот Еразмус+ инфо центар во Битола appeared first on Република.

]]>

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во четвртокот, 4 април 2024 година го официјално го отвори првиот Еразмус+ инфо центар во Битола. Овој креативен простор кој се наоѓа во централното градско подрачје на Битола или место како што битолчани го знаат “Кафе чао“, е наменет за сите млади но и генерално сите кои сакааат да се информираат за програмите или мрежите со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Оваа канцеларија ќе биде место за информирање и презентирање на можностите од програмите Еразмус+ и ЕСК, како и сите мрежи со кои управува Националната агенција и навистина ми претставува голема чест и задоволство што го отвораме овој прв Еразмус+ инфо центар во Битола. Се започна од една идеја која подоцна беше ставена во работна програма, па одобрена на седница на Влада на Република Македонија ,а сега дојдовме и до денешното отворање со кое започнува оваа нова приказна. Овој простор ќе служи за дружење, едукација на младите, но и можност да творат и да ги искажат своите идеи. Просторот е отворен за сите кои се вклучени или сакаат да се вклучат во Еразмус+ програмата, која е една од најуспешните програми во Европската Унија. Сакам да се заблагодарам на сите битолчани, кои одлично не прифатија и ни помогнаа во изминатиов период”- истакна Ѓоргиевски во обраќањето кон присутните. [caption id="attachment_763484" align="alignnone" width="769"] Просторот е отворен за сите кои се вклучени или сакаат да се вклучат во Еразмус+ програмата, која е една од најуспешните програми во Европската Унија, истакна на отворањето директорот Марко Ѓоргиевски[/caption] На отворањето присуствуваа многу млади лица од регионот, студенти, наставници, професори и претставници на дипломатскиот кор во земјава. Сите присутни имаа можност да ја проследат изложбата од одбрани дела на младата битолска уметница Јана Танчевска и да уживаат во класична музика за која беа одговорни учениците од музичкото училиште во Битола.
Овој Инфо центар ќе биде безбедно место за младите, за нивните идеи и креативност . Националната агенција за европски образовни програми и мобилност продолжува со континуираната промоција на европските вредности и приоритети за поддршка на стручното образование, на инклузивно општество, на активности кои ја промовираат „зелената агенда“ и одржливост за постигнување на долгорочно одржливи цели, велат од Националната агенција.

The post Отворен првиот Еразмус+ инфо центар во Битола appeared first on Република.

]]>
Еразмус+ инфоцентар ќе биде отворен во Битола https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/erazmus-infotsentar-ke-bide-otvoren-vo-bitola/ Wed, 03 Apr 2024 09:23:52 +0000 https://republika.mk/?p=761615

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) утре во Битола ќе отвори Еразмус+ инфоцентар кој ќе биде креативен простор за информирање и вмрежување на сите Еразмус+ корисници и млади лица.

Од Агенцијата велат дека инфоцентарот ќе биде „почетокот на нова приказна од каде ќе произлезат нови идеи и можности преку Еразмус+“.

-Инфоцентарот ќе биде креативен простор на младите, каде што нивните идеи ќе бидат слушнати и ќе се информираат за сите новости од НАЕОПМ, соопшти Национаната агенција.

На отворањето на инфоцентарот ќе бидат претставени дела на младата уметница Јана Танчевска, ќе има дегустација на македонски вина и музичка програма на учениците од музичкото училиште во Битола.

The post Еразмус+ инфоцентар ќе биде отворен во Битола appeared first on Република.

]]>

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) утре во Битола ќе отвори Еразмус+ инфоцентар кој ќе биде креативен простор за информирање и вмрежување на сите Еразмус+ корисници и млади лица. Од Агенцијата велат дека инфоцентарот ќе биде „почетокот на нова приказна од каде ќе произлезат нови идеи и можности преку Еразмус+“. -Инфоцентарот ќе биде креативен простор на младите, каде што нивните идеи ќе бидат слушнати и ќе се информираат за сите новости од НАЕОПМ, соопшти Национаната агенција. На отворањето на инфоцентарот ќе бидат претставени дела на младата уметница Јана Танчевска, ќе има дегустација на македонски вина и музичка програма на учениците од музичкото училиште во Битола.

The post Еразмус+ инфоцентар ќе биде отворен во Битола appeared first on Република.

]]>
Нема да се намалат финансиите за Еразмус+ во Македонија и покрај злоупотребените 2,2 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-se-namalat-finansiite-za-erazmus-vo-makedonija-i-pokraj-zloupotrebenite-2-2-milioni-evra/ Fri, 29 Mar 2024 12:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=760123

Амбасадорот на Европската унија во Македонија Дејвид Гир изјави дека нема да се намалат финансиските средства определени од Европската унија за Националната агенција за Еразмус+, како и дека програмата од која придобивки имаат младите, ќе продолжи понатаму да се имплементира.

Во одговор на новинарско прашање откако Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) побара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ Гир денеска рече дека очекува државава да продолжи да ги испорачува препораките дадени од ОЛАФ.

Евроамбасадорот вели дека согласно стандардните процедури не ги коментира одлуките донесени од ОЛАФ, бидејќи како што рече, тоа е тело на Европската унија за истражување измами.

Очекуваме од страна на Националната агенција за Еразмус+ тука да продолжи да ги испорачува и да ги исполнува сите препораки коишто се дадени од страна на ОЛАФ. Се разбира дека ние продолжуваме да имаме доверба во работата на самата Агенција за Еразмус+ што значи дека остануваме убедени дека количеството на финансиски средства кои што се определени за Еразмус+ нема да се намалува, напротив ние сме среќни да споделуваме со вас дека Еразмус+ ќе остане да се имплементира и од неа ќе имаат придобивки младите, учениците, студентите и универзитетите во вашата земја, рече Гир, на новинарско прашање по учеството на панел-дискусијата „Разобличување на антиродовите дезинформации“.

Директорот на Националната агенција Марко Ѓоргиевски вчера на прес-конференција соопшти дека биле информирани дека постојат неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус+ финансирани од Европската комисија. Ѓорѓиевски рече дека не може да соопшти повеќе детали, бидејќи предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и е во предистражната постапка. Агенцијата,, како што рече, е отворена за соработка и со сите нивни ресурси и документација им стои на располагање на Обвинителството што го истражува предметот и на Управата за финансиска полиција.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ek-od-makedonija-bara-nazad-novi-2-3-milioni-evra-zloupotrebeni-preku-programata-erazmus/

Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023 по е-пошта пратил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за поврат на средствата, а овој месец Агенцијата примила известување и за конечност на одлуката. Согласно ова известување, се бара поврат на средства 2.276.212 евра кои биле доделени како грантови во периодот од 2016 до 2018 година.

The post Нема да се намалат финансиите за Еразмус+ во Македонија и покрај злоупотребените 2,2 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Европската унија во Македонија Дејвид Гир изјави дека нема да се намалат финансиските средства определени од Европската унија за Националната агенција за Еразмус+, како и дека програмата од која придобивки имаат младите, ќе продолжи понатаму да се имплементира. Во одговор на новинарско прашање откако Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) побара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ Гир денеска рече дека очекува државава да продолжи да ги испорачува препораките дадени од ОЛАФ. Евроамбасадорот вели дека согласно стандардните процедури не ги коментира одлуките донесени од ОЛАФ, бидејќи како што рече, тоа е тело на Европската унија за истражување измами.
Очекуваме од страна на Националната агенција за Еразмус+ тука да продолжи да ги испорачува и да ги исполнува сите препораки коишто се дадени од страна на ОЛАФ. Се разбира дека ние продолжуваме да имаме доверба во работата на самата Агенција за Еразмус+ што значи дека остануваме убедени дека количеството на финансиски средства кои што се определени за Еразмус+ нема да се намалува, напротив ние сме среќни да споделуваме со вас дека Еразмус+ ќе остане да се имплементира и од неа ќе имаат придобивки младите, учениците, студентите и универзитетите во вашата земја, рече Гир, на новинарско прашање по учеството на панел-дискусијата „Разобличување на антиродовите дезинформации“.
Директорот на Националната агенција Марко Ѓоргиевски вчера на прес-конференција соопшти дека биле информирани дека постојат неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус+ финансирани од Европската комисија. Ѓорѓиевски рече дека не може да соопшти повеќе детали, бидејќи предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и е во предистражната постапка. Агенцијата,, како што рече, е отворена за соработка и со сите нивни ресурси и документација им стои на располагање на Обвинителството што го истражува предметот и на Управата за финансиска полиција. https://republika.mk/vesti/makedonija/ek-od-makedonija-bara-nazad-novi-2-3-milioni-evra-zloupotrebeni-preku-programata-erazmus/ Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023 по е-пошта пратил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за поврат на средствата, а овој месец Агенцијата примила известување и за конечност на одлуката. Согласно ова известување, се бара поврат на средства 2.276.212 евра кои биле доделени како грантови во периодот од 2016 до 2018 година.

The post Нема да се намалат финансиите за Еразмус+ во Македонија и покрај злоупотребените 2,2 милиони евра appeared first on Република.

]]>
EK од Македонија бара назад нови 2,3 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ek-od-makedonija-bara-nazad-novi-2-3-milioni-evra-zloupotrebeni-preku-programata-erazmus/ Thu, 28 Mar 2024 13:29:59 +0000 https://republika.mk/?p=759811

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година. Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023 по е-пошта пратил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за поврат на средствата, а овој месец Агенцијата примила известување и за конечност на одлуката.

Директорот на Националната агенција Марко Ѓоргиевски на прес-конференција соопшти дека предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но поради предистражната постапка не може да соопшти повеќе детали.

Во известувањето бевме информирани дека постојат одредени наоди за неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус+ финансирани од Европската комисија. Согласно ова известување, се бара поврат на средства 2.276.212 евра кои биле доделени како грантови во периодот од 2016 до 2018 година, рече Ѓоргиевски.

Кога било добиено известувањето, на крајот на минатата година имале состаноци со МОН, Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на ЕУ во Скопје, а седница имала и Владата. Потоа Агенцијата го контактирала Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија и побарала дополнителни информации поврзани со извештајот на ОЛАФ со цел, како што рече Ѓоргиевски, „да ги дефинира следните чекори и се што е потребно да се преземе како институција во однос на нивните наоди, но и да побара насоки како ќе се спроведува повратот на средствата доколку барањето се финализира“.

Во меѓувреме, Националната агенција пратила барање и до Управата за финансиска полиција при Министерството за финансии за информации во врска со извршените проверки на ОЛАФ.

Од таму нè информираа дека до Управата за финансиска полиција е пристигнат извештај од ОЛАФ и дека тој е доставен до надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Во март Националната агенцијата доби известување за конечноста на одлуката за поврат на средства од имот за борба против измами од Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура согласно извештајот на ОЛАФ... Откако сме информирани за случајот, заедно со Владата се обидуваме преку интензивна комуникација и координација со релевантни европски институции да се најде најсоодветно решение како да се реализира овој поврат и како да не се повторуваат вакви случаи во иднина, истакна директорот на Агенцијата.

Со оглед дека е во тек предистражна постапка што ја спроведува Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, тој замоли за разбирање дека не може да сподели повеќе детали во однос на овој предмет што, рече, е во интерес за севкупната јавност.

Нагласи дека Агенцијата е отворена за соработка и со сите нивни ресурси и документација им стои на располагање на Обвинителството што го истражува предметот и на Управата за финансиска полиција.

Ѓоргиевски кажа дека ја предводи Агенцијата со приоритет да се подигне нејзиниот углед и реномето и сите нивни активности и повици се транспарентни и во насока на заштита на ЕУ-фондовите, а меѓу нив и јавна кампања за анонимно пријавување неправилности во имплементација на проектите. Дека се на добар пат во нивните стремежи, рече, се забележува и од последните ревизорски извештаи на Европската комисија.

The post EK од Македонија бара назад нови 2,3 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“ appeared first on Република.

]]>

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година. Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023 по е-пошта пратил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за поврат на средствата, а овој месец Агенцијата примила известување и за конечност на одлуката. Директорот на Националната агенција Марко Ѓоргиевски на прес-конференција соопшти дека предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но поради предистражната постапка не може да соопшти повеќе детали.
Во известувањето бевме информирани дека постојат одредени наоди за неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус+ финансирани од Европската комисија. Согласно ова известување, се бара поврат на средства 2.276.212 евра кои биле доделени како грантови во периодот од 2016 до 2018 година, рече Ѓоргиевски.
Кога било добиено известувањето, на крајот на минатата година имале состаноци со МОН, Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на ЕУ во Скопје, а седница имала и Владата. Потоа Агенцијата го контактирала Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија и побарала дополнителни информации поврзани со извештајот на ОЛАФ со цел, како што рече Ѓоргиевски, „да ги дефинира следните чекори и се што е потребно да се преземе како институција во однос на нивните наоди, но и да побара насоки како ќе се спроведува повратот на средствата доколку барањето се финализира“. Во меѓувреме, Националната агенција пратила барање и до Управата за финансиска полиција при Министерството за финансии за информации во врска со извршените проверки на ОЛАФ.
Од таму нè информираа дека до Управата за финансиска полиција е пристигнат извештај од ОЛАФ и дека тој е доставен до надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Во март Националната агенцијата доби известување за конечноста на одлуката за поврат на средства од имот за борба против измами од Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура согласно извештајот на ОЛАФ... Откако сме информирани за случајот, заедно со Владата се обидуваме преку интензивна комуникација и координација со релевантни европски институции да се најде најсоодветно решение како да се реализира овој поврат и како да не се повторуваат вакви случаи во иднина, истакна директорот на Агенцијата.
Со оглед дека е во тек предистражна постапка што ја спроведува Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, тој замоли за разбирање дека не може да сподели повеќе детали во однос на овој предмет што, рече, е во интерес за севкупната јавност. Нагласи дека Агенцијата е отворена за соработка и со сите нивни ресурси и документација им стои на располагање на Обвинителството што го истражува предметот и на Управата за финансиска полиција. Ѓоргиевски кажа дека ја предводи Агенцијата со приоритет да се подигне нејзиниот углед и реномето и сите нивни активности и повици се транспарентни и во насока на заштита на ЕУ-фондовите, а меѓу нив и јавна кампања за анонимно пријавување неправилности во имплементација на проектите. Дека се на добар пат во нивните стремежи, рече, се забележува и од последните ревизорски извештаи на Европската комисија.

The post EK од Македонија бара назад нови 2,3 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“ appeared first on Република.

]]>
Голем интерес на наставниците за обуки и работилници на Еразмус-деновите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/golem-interes-na-nastavnitsite-za-obuki-i-rabotilnitsi-na-erazmus-denovite/ Fri, 10 Nov 2023 14:31:37 +0000 https://republika.mk/?p=700308

Голем број наставници од цела земја учествуваа на обуки, интерактивни училници, работилници како дел од активностите што во изминатиот период ги организираше Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во рамките на Еразмус-деновите им беше доближена програмата еТвининг, Еврогајденс и Европас, а позитивните искуства инспирираа наставници и училишта кои досега немале можност да станат дел од Еразмус-семејството.

Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност потенцираше дека и оваа година на Еразмус-деновите се зајакнуваат капацитетите на училиштата, пракса воведена од минатата година, а сето тоа силно ќе влијание во подобрувањето на образованието во нашата земја.

[caption id="attachment_700311" align="alignnone" width="1000"] МаркоЃорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми: На Еразмус-деновите се зајакнуваат капацитетите на училиштата фото: НАЕОПМ[/caption]

Еразмус-деновите и оваа година ги започнавме со училиштата. Така ги унапредуваме знаењата и соработките помеѓу училиштата. Обуката и интерактивната училница „Градење на капацитети на училиштата“ соодветствуваат со програмата Еразмус и се со една цел – да ги направиме нашите училишта подобри. Еразмус програмата е најголемата образовна програма на Европската Унија и е симбол за соработка, размена на искуства и унапредување на образованието, обуката, младите и спортот. Веруваме декa знаењето што учесниците го стекнаа на овој настан, ќе биде од суштинско значење за нив самите. Исто така, знаеме дека зелените и инклузивните политики се од исклучително значење за денешниот свет. Еразмус-деновите понудија прекрасна можност за нови искуства, за градење нови пријателства и за истражување нови можности во образованието и обуката – вели Ѓорѓиевски.

За Зорица Милкова, наставничка во ОУ „Тошо Велков – Пепето“ од Кавадарци, сите обуки што досега ги посетувала, ги зголемуваат нејзините и компетенциите на нејзините колеги за учество во Еразмус-проектите.

На овие обуки ги зголемуваме нашите можности, способности, со колегите се вмреживме на некој начин, успеавме да дојдеме до нови идеи што ќе ни се корисни за новите Еразмус проекти. Топло препорачувам училиштата што не се дел од Еразмус, да се вклучат, затоа што хоризонтите дефинитивно многу се прошируваат, а за професионалниот развој, да не зборуваме – вели Милкова.

The post Голем интерес на наставниците за обуки и работилници на Еразмус-деновите appeared first on Република.

]]>

Голем број наставници од цела земја учествуваа на обуки, интерактивни училници, работилници како дел од активностите што во изминатиот период ги организираше Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во рамките на Еразмус-деновите им беше доближена програмата еТвининг, Еврогајденс и Европас, а позитивните искуства инспирираа наставници и училишта кои досега немале можност да станат дел од Еразмус-семејството. Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност потенцираше дека и оваа година на Еразмус-деновите се зајакнуваат капацитетите на училиштата, пракса воведена од минатата година, а сето тоа силно ќе влијание во подобрувањето на образованието во нашата земја. [caption id="attachment_700311" align="alignnone" width="1000"] МаркоЃорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми: На Еразмус-деновите се зајакнуваат капацитетите на училиштата фото: НАЕОПМ[/caption]
Еразмус-деновите и оваа година ги започнавме со училиштата. Така ги унапредуваме знаењата и соработките помеѓу училиштата. Обуката и интерактивната училница „Градење на капацитети на училиштата“ соодветствуваат со програмата Еразмус и се со една цел – да ги направиме нашите училишта подобри. Еразмус програмата е најголемата образовна програма на Европската Унија и е симбол за соработка, размена на искуства и унапредување на образованието, обуката, младите и спортот. Веруваме декa знаењето што учесниците го стекнаа на овој настан, ќе биде од суштинско значење за нив самите. Исто така, знаеме дека зелените и инклузивните политики се од исклучително значење за денешниот свет. Еразмус-деновите понудија прекрасна можност за нови искуства, за градење нови пријателства и за истражување нови можности во образованието и обуката – вели Ѓорѓиевски.
За Зорица Милкова, наставничка во ОУ „Тошо Велков – Пепето“ од Кавадарци, сите обуки што досега ги посетувала, ги зголемуваат нејзините и компетенциите на нејзините колеги за учество во Еразмус-проектите.
На овие обуки ги зголемуваме нашите можности, способности, со колегите се вмреживме на некој начин, успеавме да дојдеме до нови идеи што ќе ни се корисни за новите Еразмус проекти. Топло препорачувам училиштата што не се дел од Еразмус, да се вклучат, затоа што хоризонтите дефинитивно многу се прошируваат, а за професионалниот развој, да не зборуваме – вели Милкова.

The post Голем интерес на наставниците за обуки и работилници на Еразмус-деновите appeared first on Република.

]]>
Гочев призна вина за злоупотреба на европските фондови, Димова не се чувствува виновна https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gochev-prizna-vina-za-zloupotreba-na-evropskite-fondovi-dimova-ne-se-chuvstvuva-vinovna/ Thu, 02 Feb 2023 11:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=603772

Второобвинетиот Александар Гочев кој се товари за кривично дело „измама“ во случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница денеска во Основниот кривичен суд призна вина.

Гочев, кој на почетокот побара судењето да биде одложено поради отсуство на неговата одбрана, рече дека вината не ја негирал и пред да почне судењето.

Судијката која го води процесот Фанка Јанчулева Михаиловска, одлучи кривичната постапка за Гочев да биде одвоена со цел второобвинетиот да може да ја даде изјавата во присуство на бранител.

Рочиштето за Гочев ќе се одржи на 21 февруари.

Првообвинетата Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која се товари за "злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“, рекоа дека не се чувствуваат виновно со што судењето против нив продолжува.

The post Гочев призна вина за злоупотреба на европските фондови, Димова не се чувствува виновна appeared first on Република.

]]>

Второобвинетиот Александар Гочев кој се товари за кривично дело „измама“ во случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница денеска во Основниот кривичен суд призна вина. Гочев, кој на почетокот побара судењето да биде одложено поради отсуство на неговата одбрана, рече дека вината не ја негирал и пред да почне судењето. Судијката која го води процесот Фанка Јанчулева Михаиловска, одлучи кривичната постапка за Гочев да биде одвоена со цел второобвинетиот да може да ја даде изјавата во присуство на бранител. Рочиштето за Гочев ќе се одржи на 21 февруари. Првообвинетата Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која се товари за "злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“, рекоа дека не се чувствуваат виновно со што судењето против нив продолжува.

The post Гочев призна вина за злоупотреба на европските фондови, Димова не се чувствува виновна appeared first on Република.

]]>