ер-трактори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/er-traktori/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 12:23:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ер-трактори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/er-traktori/ 32 32 Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kipar-ispraka-dva-aviona-za-spravuvane-so-pozharite-vo-sveti-nikole-i-chashka/ Wed, 07 Aug 2024 12:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=804231

Два авиони од типот „Air Tractor“ и вкупно девет лица членови на екипаж од Република Кипар попладнево ќе пристигнат во Скопје, во рамките на помошта за Македонија од ЕУ механизмот за цивилна заштита, а од утре ќе учествуваат во гаснењето на пожарите во Свети Николе и Чашка, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар соопштија дека „по наредба на директорот на конкретниот сектор Савва Иезекил и по консултација со надлежната министерка Мариа Панајоту, преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија се испраќа помош за справување со шумските пожари во областите Чашка и Свети Николе“, а соодветно бил информиран и министерот за надворешни работи на Кипар Константинос Комбос.

Двата авиона, со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка, во 10:15 часот утрово полетале од аеродромот во Пафос кон меѓународниот аеродром во Скопје, планирана е попатна станица на аеродромот на грчкиот остров Родос за полнење гориво и според процените се очекува кај нас да слетаат околу 17 часот.

По пристигнувањето ќе биде информирани со детали за акцијата, а се очекува утро наутро да учествуваат во гаснењето на пожарите.

Планирано е кипарските авиони да останат пет дена.

Конкретните авиони од типот „Air Tractor“, како што соопштија од Секторот за шуми во надлежното кипарско Министерство, се опремени со соодветна опрема за гаснење и употреба на пена, опремени се и со соодветна телекомуникациска опрема, како за комуникација со Единицата за воздушни средства во Ларнака, така и за пренос на информации и фотографски материјал.

Од средината на јуни 2024 година двата авиони се дел од механизмот rescEU и оваа е нивната прва мисија.

The post Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка appeared first on Република.

]]>

Два авиони од типот „Air Tractor“ и вкупно девет лица членови на екипаж од Република Кипар попладнево ќе пристигнат во Скопје, во рамките на помошта за Македонија од ЕУ механизмот за цивилна заштита, а од утре ќе учествуваат во гаснењето на пожарите во Свети Николе и Чашка, јави дописничката на МИА од Атина. Од Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар соопштија дека „по наредба на директорот на конкретниот сектор Савва Иезекил и по консултација со надлежната министерка Мариа Панајоту, преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија се испраќа помош за справување со шумските пожари во областите Чашка и Свети Николе“, а соодветно бил информиран и министерот за надворешни работи на Кипар Константинос Комбос. Двата авиона, со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка, во 10:15 часот утрово полетале од аеродромот во Пафос кон меѓународниот аеродром во Скопје, планирана е попатна станица на аеродромот на грчкиот остров Родос за полнење гориво и според процените се очекува кај нас да слетаат околу 17 часот. По пристигнувањето ќе биде информирани со детали за акцијата, а се очекува утро наутро да учествуваат во гаснењето на пожарите. Планирано е кипарските авиони да останат пет дена. Конкретните авиони од типот „Air Tractor“, како што соопштија од Секторот за шуми во надлежното кипарско Министерство, се опремени со соодветна опрема за гаснење и употреба на пена, опремени се и со соодветна телекомуникациска опрема, како за комуникација со Единицата за воздушни средства во Ларнака, така и за пренос на информации и фотографски материјал. Од средината на јуни 2024 година двата авиони се дел од механизмот rescEU и оваа е нивната прва мисија.

The post Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори“ и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-pristignuvaat-er-traktori-i-helikopteri-od-turtsija-slovenija-srbija-i-tsrna-gora-2/ Tue, 16 Jul 2024 08:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=797258

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа седница на Управувачкиот комитет за координација на системот за управување со кризи, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а присуствуваа и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности Стојанче Ангелов.

На седницата беше утврдена потребата да се активираат меѓународните механизми за обезбедување на помош во воздухоплови, кои ќе се вклучат во гаснењето на пожарите кои деновиве ја зафатија државата. Денеска претпладне од Турција пристигнаа два „ер трактори“ и еден хеликоптер, кои веќе активно работат на терен. Во текот на утрешниот ден ќе пристигнат два хеликоптери од Словенија и по еден хеликоптер од Србија и од Црна Гора“, потенцираше министерот Тошковски.

Министрите изразија благодарност до пријателските земји кои ни помагаат во справувањето со огнената стихија.

The post Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори“ и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора appeared first on Република.

Заради технички проблеми „Ер тракторите“ не интервенираа во гасењето на пожарот на Огражден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaradi-tehnichki-problemi-er-traktorite-ne-interveniraa-vo-gaseneto-na-pozharot-na-ograzhden/ Sat, 13 Jul 2024 18:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=796505

Заради технички проблеми авионите за гаснење пожар „Ер трактори“ попладнево не се упатиле кон пожарот на планината Огражден, кој гори веќе четири дена над селото Бадилен, на територија на општина Ново Село, на границата со Бугарија.

Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, незвозможно е пожарот да се стави под контрола без воздушна поддршка, бидејќи се работи за тешко пристапен терен.

– Попладнево се повлечени нашите седум пожарникари кои требаше да бидат логистика во гаснењето на пожарот од воздух. Се надевам дека утре авионите ќе го гаснат пожарот, бидејќи се работи за крајно непристапно место, изјави Гудев за МИА.

Од Центарот за управување со кризи попладнево најавија дека се очекува по повлекувањето на двата авиона на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од планината Серта, заради исполнети 3,5 часа активно летање и дејство, по двочасовна пауза за полнење гориво, но и мини технички преглед, да се упатат кон пожарот на Огражден.

Вчера и завчера пожарот го гаснеа хеликоптери на МВР и АРМ, заедно со пожарникари од ТППЕ Струмица, членови на Ловното друштво „Елен “ од Ново Село, и локалното население.

Според информацијата од ТППЕ Струмица пожарот досега зафатил над 20 хектари нискостеблеста дабова и борова шума

The post Заради технички проблеми „Ер тракторите“ не интервенираа во гасењето на пожарот на Огражден appeared first on Република.

]]>

Заради технички проблеми авионите за гаснење пожар „Ер трактори“ попладнево не се упатиле кон пожарот на планината Огражден, кој гори веќе четири дена над селото Бадилен, на територија на општина Ново Село, на границата со Бугарија. Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, незвозможно е пожарот да се стави под контрола без воздушна поддршка, бидејќи се работи за тешко пристапен терен.
– Попладнево се повлечени нашите седум пожарникари кои требаше да бидат логистика во гаснењето на пожарот од воздух. Се надевам дека утре авионите ќе го гаснат пожарот, бидејќи се работи за крајно непристапно место, изјави Гудев за МИА.
Од Центарот за управување со кризи попладнево најавија дека се очекува по повлекувањето на двата авиона на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од планината Серта, заради исполнети 3,5 часа активно летање и дејство, по двочасовна пауза за полнење гориво, но и мини технички преглед, да се упатат кон пожарот на Огражден. Вчера и завчера пожарот го гаснеа хеликоптери на МВР и АРМ, заедно со пожарникари од ТППЕ Струмица, членови на Ловното друштво „Елен “ од Ново Село, и локалното население. Според информацијата од ТППЕ Струмица пожарот досега зафатил над 20 хектари нискостеблеста дабова и борова шума

The post Заради технички проблеми „Ер тракторите“ не интервенираа во гасењето на пожарот на Огражден appeared first on Република.

]]>
Државата има четири хеликоптери за гаснење на пожари од кои три се на МВР и еден на АРМ и три „Ер трактори“ кои во моментов нема кој да ги вози https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/drzhavata-ima-chetiri-helikopteri-za-gasnene-na-pozhari-od-koi-tri-se-na-mvr-i-eden-na-arm-i-tri-er-traktori-koi-vo-momentov-nema-koj-da-gi-vozi/ Thu, 20 Jun 2024 12:39:44 +0000 https://republika.mk/?p=789356

Државата располага со четири функционални хеликоптери за гаснење на пожари од кои три се во рамки на МВР и еден на Армијата, како и три „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС, но за жал во овој момент се нефункционални. Причина за тоа е што двајца пилоти заминале во пензија, а со само еден активен пилот авионите не смее да летаат, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Проблемот, Ангелов очекува да се надмине од новата влада, бидејќи како што појасни иако директорот на ДЗС уште пред два и пол месеци побарал Владата да дозволи пензионираните пилоти да продолжат да работат со договор на дело, тоа техничката влада не го направила.

-Денеска сме недоволно подготвени, но за максимум десет дена ќе бидеме драстично повеќе подготвени, бидеќи верувам дека веднаш по формирањето владата ќе помогне да бидат ставени во функција трите „Ер трактори“ и ќе биде решен проблемот на ЈП „Македонски шуми“, изјави Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање дали државата е подготвена за справување со летните шумски пожари.

Во ситуација, како што посочи Ангелов, кога не очекува топло и жешко лето, на ниво на државата моментално има 938 пожарникари, но потребни се уште 670 според информациите од сите територијални противпожарни единици. Најалармантна, според Ангелов, е состојбата во Пожарна Скопје.

Апелирам до сите градоначалници да примаат млади луѓе кои што се здрави и можат да одговорат на гаснењето на пожари. Во овој момент просечна старост на пожарникарите е 42,5 години, изјави Ангелов.

Од опрема за гаснење на пожари на ниво на држава, располагаме со 105 цистерни со сопствени пумпи за гаснење на пожари, 33 авто-цистерни, кои носат вода, но немаат сопствени пумпи, понатаму имаме 48 противпожарни теренски возила за гаснење на пожари во шума и непристапни терени, како и 54 класични теренски возила со пумпи, 11 теренски возила, шест командни возила, две возила за превоз на луѓе и опрема и 191 пумпа.

Колку за илустрација, посочи Ангелов, на ниво на држава располагаме со 629 заштитни опреми, што е помалку од бројот на пожарникари.

Ангелов, исто така, повика за разумно користење на воздухопловите за гаснење на пожари, укажувајќи дека сите имаат одреден број на часови на летање, по што мора да поминат сервис и да не се доведе државата во ситуација поради интервенирање за помали пожари, да нема на располагање воздухоплови за гаснење пожари кога тоа ќе биде вистински потребно.

Следниот проблем со кој се соочува системот за справување со пожари е тоа што ЈП „Национални шуми“ има блокирана сметка и не може да обезбеди гориво за нивните возила и поради тоа не може да сметаме на нив.

- Јас сум оптимист и верувам дека на првата седница на Влада нивната сметка ќе биде одблокирани за да можеме да сметаме на нивните тимови, изјави Ангелов.

Во Законот за шуми е предвидено да се изработи национален план за формирање на Национален комитет за справување со пожари на отворено, составен од 19 претставници на различни институции, кој треба да врши координација на користење на воздухопловите.

Забраната за движење на шуми, според Ангелов треба да е последна алатка, укажувајќи дека има многу малку податоци за граѓани кои предизвикале пожар, додека најголемиот дел од пожарите се од земјоделците кои палат стрништа.

The post Државата има четири хеликоптери за гаснење на пожари од кои три се на МВР и еден на АРМ и три „Ер трактори“ кои во моментов нема кој да ги вози appeared first on Република.

]]>

Државата располага со четири функционални хеликоптери за гаснење на пожари од кои три се во рамки на МВР и еден на Армијата, како и три „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС, но за жал во овој момент се нефункционални. Причина за тоа е што двајца пилоти заминале во пензија, а со само еден активен пилот авионите не смее да летаат, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Проблемот, Ангелов очекува да се надмине од новата влада, бидејќи како што појасни иако директорот на ДЗС уште пред два и пол месеци побарал Владата да дозволи пензионираните пилоти да продолжат да работат со договор на дело, тоа техничката влада не го направила.
-Денеска сме недоволно подготвени, но за максимум десет дена ќе бидеме драстично повеќе подготвени, бидеќи верувам дека веднаш по формирањето владата ќе помогне да бидат ставени во функција трите „Ер трактори“ и ќе биде решен проблемот на ЈП „Македонски шуми“, изјави Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање дали државата е подготвена за справување со летните шумски пожари.
Во ситуација, како што посочи Ангелов, кога не очекува топло и жешко лето, на ниво на државата моментално има 938 пожарникари, но потребни се уште 670 според информациите од сите територијални противпожарни единици. Најалармантна, според Ангелов, е состојбата во Пожарна Скопје.
Апелирам до сите градоначалници да примаат млади луѓе кои што се здрави и можат да одговорат на гаснењето на пожари. Во овој момент просечна старост на пожарникарите е 42,5 години, изјави Ангелов.
Од опрема за гаснење на пожари на ниво на држава, располагаме со 105 цистерни со сопствени пумпи за гаснење на пожари, 33 авто-цистерни, кои носат вода, но немаат сопствени пумпи, понатаму имаме 48 противпожарни теренски возила за гаснење на пожари во шума и непристапни терени, како и 54 класични теренски возила со пумпи, 11 теренски возила, шест командни возила, две возила за превоз на луѓе и опрема и 191 пумпа. Колку за илустрација, посочи Ангелов, на ниво на држава располагаме со 629 заштитни опреми, што е помалку од бројот на пожарникари. Ангелов, исто така, повика за разумно користење на воздухопловите за гаснење на пожари, укажувајќи дека сите имаат одреден број на часови на летање, по што мора да поминат сервис и да не се доведе државата во ситуација поради интервенирање за помали пожари, да нема на располагање воздухоплови за гаснење пожари кога тоа ќе биде вистински потребно. Следниот проблем со кој се соочува системот за справување со пожари е тоа што ЈП „Национални шуми“ има блокирана сметка и не може да обезбеди гориво за нивните возила и поради тоа не може да сметаме на нив. - Јас сум оптимист и верувам дека на првата седница на Влада нивната сметка ќе биде одблокирани за да можеме да сметаме на нивните тимови, изјави Ангелов. Во Законот за шуми е предвидено да се изработи национален план за формирање на Национален комитет за справување со пожари на отворено, составен од 19 претставници на различни институции, кој треба да врши координација на користење на воздухопловите. Забраната за движење на шуми, според Ангелов треба да е последна алатка, укажувајќи дека има многу малку податоци за граѓани кои предизвикале пожар, додека најголемиот дел од пожарите се од земјоделците кои палат стрништа.

The post Државата има четири хеликоптери за гаснење на пожари од кои три се на МВР и еден на АРМ и три „Ер трактори“ кои во моментов нема кој да ги вози appeared first on Република.

]]>