ер-трактор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/er-traktor/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 10:01:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ер-трактор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/er-traktor/ 32 32 Обвинителството не нашло одговорност кај Беким Максути за несервисираните „Ер трактори“ на ДЗС https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-ne-nashlo-odgovornost-kaj-bekim-maksuti-za-neservisiranite-er-traktori-na-dzs/ Fri, 30 Aug 2024 10:01:10 +0000 https://republika.mk/?p=811494

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути нема да одговара за несервисираните „ер трактори“ кои не беа во функција за време на големите пожари летото 2021 година.

Обвинителството, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од „Левица“, не нашло елементи за кривично дело ниту за постапките за јавни набавки за поправка и сервисирање на авионите, ниту дека Максути несовесно работел.

Пo поднесената пријава од една политичка партија, постапуваше јавен обвинител ОЈО ГОКК кој во предистражна постапка прибави материјални докази од кои произлезе дека во дејствијата преземени од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување нема елементи на законско битие на кривично дело што е во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи прибраните докази упатуваат на фактот дека постапките за јавните набавки за поправка и сервисирање на авионите во 2020 и 2021 година биле спроведени во согласност со одредбите од Законот за јавните набавки. Во однос на евентуално постоење на кривичното дело Несовесно работење во служба од чл. 353 – в од КЗ предметот беше доставен на надлежност на ОЈО Скопје, каде јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавениот не се содржани елементи на наведеното кривично дело, потврдуваат за МИА од Обвинителството.

Од Обвинитлество, исто така, информираат дека во Основното јавно обвинителство Скопје е оформен предмет врз основа на извештај Ревизија на успешност „Систем за управување со кризи и заштита од пожари“ од Државниот завод за ревизија, кој е во фаза на предистражна постапка.

Предметот е во фаза на предистражна постапка, а надлежен јавен обвинител има издадено наредба до Управата за финансиска полиција за да изврши соодветни проверки. По наредбата се уште се постапува. Во однос на актуелните пожари, надлежните јавни обвинителства постапуваат по сите поднесени кривични пријави од надлежни органи кои откриле конкретни сторители кои што намерно предизвикале пожар, информираат од Обвинителство.

Авионите „ер трактор“, со кои може да се дејствува од воздух за гаснење на шумските пожари, останаа приземјени во 2021 година. Тогаш Максути откри дека канадерите не биле во функција две години зашто немало кој да ги сервисира, односно немало фирма што е овластена за да им направи сервис.

Проблемот со „Ер тракторите“ беше актуелен и годинава, кога тие беа сервисирани, но немаше пилоти, поради пензионирање на двајца. Со одлука на Влада, тие беа повторно ангажирани со договор на дело.

The post Обвинителството не нашло одговорност кај Беким Максути за несервисираните „Ер трактори“ на ДЗС appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути нема да одговара за несервисираните „ер трактори“ кои не беа во функција за време на големите пожари летото 2021 година. Обвинителството, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од „Левица“, не нашло елементи за кривично дело ниту за постапките за јавни набавки за поправка и сервисирање на авионите, ниту дека Максути несовесно работел.
Пo поднесената пријава од една политичка партија, постапуваше јавен обвинител ОЈО ГОКК кој во предистражна постапка прибави материјални докази од кои произлезе дека во дејствијата преземени од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување нема елементи на законско битие на кривично дело што е во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи прибраните докази упатуваат на фактот дека постапките за јавните набавки за поправка и сервисирање на авионите во 2020 и 2021 година биле спроведени во согласност со одредбите од Законот за јавните набавки. Во однос на евентуално постоење на кривичното дело Несовесно работење во служба од чл. 353 – в од КЗ предметот беше доставен на надлежност на ОЈО Скопје, каде јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавениот не се содржани елементи на наведеното кривично дело, потврдуваат за МИА од Обвинителството.
Од Обвинитлество, исто така, информираат дека во Основното јавно обвинителство Скопје е оформен предмет врз основа на извештај Ревизија на успешност „Систем за управување со кризи и заштита од пожари“ од Државниот завод за ревизија, кој е во фаза на предистражна постапка.
Предметот е во фаза на предистражна постапка, а надлежен јавен обвинител има издадено наредба до Управата за финансиска полиција за да изврши соодветни проверки. По наредбата се уште се постапува. Во однос на актуелните пожари, надлежните јавни обвинителства постапуваат по сите поднесени кривични пријави од надлежни органи кои откриле конкретни сторители кои што намерно предизвикале пожар, информираат од Обвинителство.
Авионите „ер трактор“, со кои може да се дејствува од воздух за гаснење на шумските пожари, останаа приземјени во 2021 година. Тогаш Максути откри дека канадерите не биле во функција две години зашто немало кој да ги сервисира, односно немало фирма што е овластена за да им направи сервис. Проблемот со „Ер тракторите“ беше актуелен и годинава, кога тие беа сервисирани, но немаше пилоти, поради пензионирање на двајца. Со одлука на Влада, тие беа повторно ангажирани со договор на дело.

The post Обвинителството не нашло одговорност кај Беким Максути за несервисираните „Ер трактори“ на ДЗС appeared first on Република.

]]>
Таксист одбил да им земе пари кога му кажале дека се тука за пожарите: Кипарскиот тим си замина со позитивни чувства https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taksist-odbil-da-im-zeme-pari-koga-mu-kazhale-deka-se-tuka-za-pozharite-kiparskiot-tim-si-zamina-so-pozitivni-chuvstva/ Wed, 21 Aug 2024 06:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=808494

Од Македонија си заминавме со позитивни чувства, имавме одлична соработка, драго ни е што помогнавме и бевме корисни за луѓето, истакна Андреас Антониу, шеф и координатор на кипарската мисија која учествуваше во гаснењето на пожарите кај нас, а паралелно изрази надеж дека создадената позитивна атмосфера ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 7 до 14 август два авиони од типот „Air Tractor“ со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка од Кипар, во рамките на помошта од ЕУ механизмот за цивилна заштита, учествуваа во справувањето со огнената стихија во Македонија.

Говорејќи за кипарската новинска агенција КИПЕ и пренесувајќи ги впечатоците од искуството на пожарникарите од Кипар на различните локации во нашата земја, Антониу оцени дека „климатските промени ја најдоа Македонија неподготвена да се справи со избувнувањето на пожари“, но и дека помошта од Кипар била позитивно примена.

Почувствувавме дека го ценат нашиот труд. Драго ни е што помогнавме, драго ни е што бевме корисни за луѓето, потенцираше Антониу, изразувајќи надеж дека мисијата и создадената позитивна атмосфера ќе придонесат за подобрување на односите меѓу Кипар и Македонија.

Истакна дека фактот што „сретнавме луѓе кои незамисливо го ценат нашиот придонес“ предизвика задоволство и ја охрабри кипарската мисија, а како пример за добриот прием кај нас, ја спомена случката со таксист кој ги превезувал членови на кипарскиот тим и кога тие му кажале дека во Македонија се за да ги изгаснат пожарите, тој одбил да им земе пари.

На посочувањето од кипарската новинска агенција дека „придонесот на Република Кипар во гаснењето на пожарите беше опширно презентиран од медиумите“, Антониу спомена и дека на половина од операцијата на кипарската мисија, членовите ги посети министерот за внатрешни работи, додека по завршувањето и пред заминувањето, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, се сретна со делегацијата и им додели почесни дипломи на членовите за нивниот придонес во напорите за справување со пожарите.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, утрово ги испрати пилотите, заедно со останатиот воздухопловен персонал на двата ПП авиони „ер трактор“ од Кипар, информи

Шефот на делегацијата говорејќи за КИПЕ се осврнува и на долгиот пат од Кипар до Скопје, објасни дека откако ја добиле пораката од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ на 6 август, веднаш започнале подготовките за мисијата, членовите уште следниот ден тргнале за Македонија, а во Скопје биле на 8 август во еден часот по полноќ, но „и покрај напорното патување биле подготвена да интервенираат со првите зраци на сонцето“.

Антониу појасни дека мисијата тргнала во две фази, бидејќи првично заминале двата авиони, едниот, поради недостиг на простор, ја носел опремата за поддршка, а другиот заминал со пилотот и еден кабински екипаж, додека во втората фаза заминале преостанатите шест членови, кои патувале со комерцијални летови преку Атина и Загреб и потоа пристигнале во Скопје.

Интервениравме во огромни недопрени површини

Осврнувајќи се на пожарите, рече дека биле од големи размери „видовме имотот како стануваат пепел“ и дека интервенирале во подрачја каде што огнената стихија била директна закана за имотите и човечките животи.

Првиот ден не информираа дека има 38 пожари, во земја која е два и пол пати поголема од Кипар, истакна Антониу и додаде дека пожарите предизвикаа огромна еколошка катастрофа, но и директно влијание врз животот на луѓето.

Рече дека првиот ден интервенирале во областа каде што има манастир и го заштитиле, претпоследниот ден во парк што горел 23 дена, а последниот ден интервенциите биле на две нови жаришта, источно од Скопје во близина на границата со Бугарија, а второто во близина на границата со Албанија, а и двата фронта, според Антониу биле во близина на населени места и постоела зголемена опасност пожарот да се прошири и да ги загрози луѓето.

Напомена дека кипарските пожарникари интервенираа во сосема поинаква средина од онаа на Кипар.

Тоа беа огромни површини, недопрени области во кои е многу тешко да оперираат копнените сили и затоа единственото решение што можеше да се понуди беше од воздух, додаде.

Паралелно истакна дека „жално е да ги гледаме шумите како се губат и природата да се уништува, поради нашата сопствена небрежност, невнимателност и/или намера“, додавајќи дека „мора сите да сфатиме дека со заштитата на животната средина во која живееме, ги штитиме и нашите животи“.

Во однос на оперативното искуство стекнато кај нас, Антониу посочи дека во Македонија противпожарните сили ја немаат стручноста што кипарскиот Сектор за шумарство ја има развиено во текот на децениите, како во однос на гаснењето шумски пожари од копно, така и од воздух, истакнувајќи дека тие функционираат со голема брзина и дека кипарската мисија помогнала да се подобри времето и на другите групи, вклучително и авионите од Германија, како во времетраењето на гаснењето, така и во времето на полнење гориво на воздушните противпожарни средства.

Паралелно потенцираше дека кипарските пожарникари се обиделе да пронајдат противпожарна пена и материјал за забавување или запирање на ширењето што ќе ја зголемеше оперативната ефикасност и ефективноста на гаснењето пожар, но напорите биле неуспешни.

За Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар, Антониу објасни дека има повеќе од еден век искуство и знаење во гаснењето пожари, а во однос на воздушното гаснење пожари, воздухопловната единица на секторот може да е меѓу „најдобрите воздушни противпожарни единици во светот“, објаснувајќи дека ова се заснова на искуството на пилоти од целиот свет кои склучуваат договор со секторот и управуваат со авионите.

Двајцата пилоти што беа вклучени во мисијата во Македонија се од Австралија и инженерот од Нов Зеланд.

The post Таксист одбил да им земе пари кога му кажале дека се тука за пожарите: Кипарскиот тим си замина со позитивни чувства appeared first on Република.

]]>

Од Македонија си заминавме со позитивни чувства, имавме одлична соработка, драго ни е што помогнавме и бевме корисни за луѓето, истакна Андреас Антониу, шеф и координатор на кипарската мисија која учествуваше во гаснењето на пожарите кај нас, а паралелно изрази надеж дека создадената позитивна атмосфера ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 7 до 14 август два авиони од типот „Air Tractor“ со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка од Кипар, во рамките на помошта од ЕУ механизмот за цивилна заштита, учествуваа во справувањето со огнената стихија во Македонија. Говорејќи за кипарската новинска агенција КИПЕ и пренесувајќи ги впечатоците од искуството на пожарникарите од Кипар на различните локации во нашата земја, Антониу оцени дека „климатските промени ја најдоа Македонија неподготвена да се справи со избувнувањето на пожари“, но и дека помошта од Кипар била позитивно примена.
Почувствувавме дека го ценат нашиот труд. Драго ни е што помогнавме, драго ни е што бевме корисни за луѓето, потенцираше Антониу, изразувајќи надеж дека мисијата и создадената позитивна атмосфера ќе придонесат за подобрување на односите меѓу Кипар и Македонија.
Истакна дека фактот што „сретнавме луѓе кои незамисливо го ценат нашиот придонес“ предизвика задоволство и ја охрабри кипарската мисија, а како пример за добриот прием кај нас, ја спомена случката со таксист кој ги превезувал членови на кипарскиот тим и кога тие му кажале дека во Македонија се за да ги изгаснат пожарите, тој одбил да им земе пари. На посочувањето од кипарската новинска агенција дека „придонесот на Република Кипар во гаснењето на пожарите беше опширно презентиран од медиумите“, Антониу спомена и дека на половина од операцијата на кипарската мисија, членовите ги посети министерот за внатрешни работи, додека по завршувањето и пред заминувањето, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, се сретна со делегацијата и им додели почесни дипломи на членовите за нивниот придонес во напорите за справување со пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, утрово ги испрати пилотите, заедно со останатиот воздухопловен персонал на двата ПП авиони „ер трактор“ од Кипар, информи Шефот на делегацијата говорејќи за КИПЕ се осврнува и на долгиот пат од Кипар до Скопје, објасни дека откако ја добиле пораката од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ на 6 август, веднаш започнале подготовките за мисијата, членовите уште следниот ден тргнале за Македонија, а во Скопје биле на 8 август во еден часот по полноќ, но „и покрај напорното патување биле подготвена да интервенираат со првите зраци на сонцето“. Антониу појасни дека мисијата тргнала во две фази, бидејќи првично заминале двата авиони, едниот, поради недостиг на простор, ја носел опремата за поддршка, а другиот заминал со пилотот и еден кабински екипаж, додека во втората фаза заминале преостанатите шест членови, кои патувале со комерцијални летови преку Атина и Загреб и потоа пристигнале во Скопје.

Интервениравме во огромни недопрени површини

Осврнувајќи се на пожарите, рече дека биле од големи размери „видовме имотот како стануваат пепел“ и дека интервенирале во подрачја каде што огнената стихија била директна закана за имотите и човечките животи.
Првиот ден не информираа дека има 38 пожари, во земја која е два и пол пати поголема од Кипар, истакна Антониу и додаде дека пожарите предизвикаа огромна еколошка катастрофа, но и директно влијание врз животот на луѓето.
Рече дека првиот ден интервенирале во областа каде што има манастир и го заштитиле, претпоследниот ден во парк што горел 23 дена, а последниот ден интервенциите биле на две нови жаришта, источно од Скопје во близина на границата со Бугарија, а второто во близина на границата со Албанија, а и двата фронта, според Антониу биле во близина на населени места и постоела зголемена опасност пожарот да се прошири и да ги загрози луѓето. Напомена дека кипарските пожарникари интервенираа во сосема поинаква средина од онаа на Кипар.
Тоа беа огромни површини, недопрени области во кои е многу тешко да оперираат копнените сили и затоа единственото решение што можеше да се понуди беше од воздух, додаде.
Паралелно истакна дека „жално е да ги гледаме шумите како се губат и природата да се уништува, поради нашата сопствена небрежност, невнимателност и/или намера“, додавајќи дека „мора сите да сфатиме дека со заштитата на животната средина во која живееме, ги штитиме и нашите животи“. Во однос на оперативното искуство стекнато кај нас, Антониу посочи дека во Македонија противпожарните сили ја немаат стручноста што кипарскиот Сектор за шумарство ја има развиено во текот на децениите, како во однос на гаснењето шумски пожари од копно, така и од воздух, истакнувајќи дека тие функционираат со голема брзина и дека кипарската мисија помогнала да се подобри времето и на другите групи, вклучително и авионите од Германија, како во времетраењето на гаснењето, така и во времето на полнење гориво на воздушните противпожарни средства. Паралелно потенцираше дека кипарските пожарникари се обиделе да пронајдат противпожарна пена и материјал за забавување или запирање на ширењето што ќе ја зголемеше оперативната ефикасност и ефективноста на гаснењето пожар, но напорите биле неуспешни. За Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар, Антониу објасни дека има повеќе од еден век искуство и знаење во гаснењето пожари, а во однос на воздушното гаснење пожари, воздухопловната единица на секторот може да е меѓу „најдобрите воздушни противпожарни единици во светот“, објаснувајќи дека ова се заснова на искуството на пилоти од целиот свет кои склучуваат договор со секторот и управуваат со авионите. Двајцата пилоти што беа вклучени во мисијата во Македонија се од Австралија и инженерот од Нов Зеланд.

The post Таксист одбил да им земе пари кога му кажале дека се тука за пожарите: Кипарскиот тим си замина со позитивни чувства appeared first on Република.

]]>
Двата „Ер трактор“ авиони на ДЗС се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Неготинско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvata-er-traktor-avioni-na-dzs-se-vkluchuvaat-vo-gasneneto-na-pozharite-vo-negotinsko/ Fri, 12 Jul 2024 12:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=796178

Двајцата пилоти на Дирекцијата за заштита и спасување ги поминале процедурите потребни пред секое полетување и авионите ер трактори се упатени кон гаснење на пожарот во Неготинско, информира за МИА директорот на ДЗС Беким Максути.

Според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет прават меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка подготвеност.

Максути претходно за МИА појасни дека Дирекцијата не смее да лета со еден пилот, односно потребни се уште двајца пилоти, бидејќи, како што рече, едниот му е контролор, додека другиот ги проверува сите постапки дали се како што треба.

ДЗС утринава, по неколкумесечната неизвесност за функционалноста на авио-одделението, потпиша договор со двајцата пензионирани пилоти на „Ер трактор“ со кој тие ќе бидат ангажирани до крајот на оваа година.

Максути не сакаше да открие за колкава плата двајцата пилоти се вратени. Во разговор за МИА минатиот месец, рече дека за враќање на двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари, бидејќи работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно.

The post Двата „Ер трактор“ авиони на ДЗС се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Неготинско appeared first on Република.

]]>

Двајцата пилоти на Дирекцијата за заштита и спасување ги поминале процедурите потребни пред секое полетување и авионите ер трактори се упатени кон гаснење на пожарот во Неготинско, информира за МИА директорот на ДЗС Беким Максути. Според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет прават меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка подготвеност. Максути претходно за МИА појасни дека Дирекцијата не смее да лета со еден пилот, односно потребни се уште двајца пилоти, бидејќи, како што рече, едниот му е контролор, додека другиот ги проверува сите постапки дали се како што треба. ДЗС утринава, по неколкумесечната неизвесност за функционалноста на авио-одделението, потпиша договор со двајцата пензионирани пилоти на „Ер трактор“ со кој тие ќе бидат ангажирани до крајот на оваа година. Максути не сакаше да открие за колкава плата двајцата пилоти се вратени. Во разговор за МИА минатиот месец, рече дека за враќање на двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари, бидејќи работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно.

The post Двата „Ер трактор“ авиони на ДЗС се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Неготинско appeared first on Република.

]]>
Владата даде согласност – двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори ќе се вклучат во гасење пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-dade-soglasnost-dvajtsata-penzionirani-piloti-na-er-traktori-ke-se-vkluchat-vo-gasene-pozhari/ Thu, 11 Jul 2024 16:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=795909

Центарот за управување со кризи извести дека на денешната седница, Владата дала согласност на Дирекцијата за заштита и спасување, со договор на дело да ги ангажираат двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори.

Утре рано претпладне со нив ќе биде потпишан договор на дело. Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и Ер тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина) а по потреба и кон било кој друг приоритетен пожар за гаснење- велат од ЦУК

The post Владата даде согласност – двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори ќе се вклучат во гасење пожари appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи извести дека на денешната седница, Владата дала согласност на Дирекцијата за заштита и спасување, со договор на дело да ги ангажираат двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори. Утре рано претпладне со нив ќе биде потпишан договор на дело. Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и Ер тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина) а по потреба и кон било кој друг приоритетен пожар за гаснење- велат од ЦУК

The post Владата даде согласност – двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори ќе се вклучат во гасење пожари appeared first on Република.

]]>
Нема кој да лета со „Ер тракторите“ на ДЗС: Плата од 300.000 денари е услов за враќање на двајцата обучени пилоти од пензија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-koj-da-leta-so-er-traktorite-na-dzs-plata-od-300-000-denari-e-uslov-za-vrakane-na-dvajtsata-obucheni-piloti-od-penzija/ Sun, 30 Jun 2024 08:07:37 +0000 https://republika.mk/?p=792007

Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија. Авио-одделението на Дирекцијата е сѐ уште нефункционално и покрај предупредувањата на директорот на ДЗС Беким Максути дека „дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари“.

Во разговор за МИА, Максути вели за да се вратат двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари. Според него, работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно и затоа посочува дека потребно е порамнување на платите на државно ниво.

За нив баравме дополнителни средства колку што се плаќаат пилотите на Владата, коишто го летаат владиниот авион, тоа значи 300.000 денари. Треба да има синхронизација, односно порамнување на платите на ниво на држава, затоа што тие навистина летаат многу помалку од нашиве и се многу побезбедни. Исто така и пилотите вработени во МВР, кои имаат максимум 50 часови на годишно ниво, доколку пилотите во ДЗС имаат од 150 до 300 часови, рече Максути.

За да може да извршува летови авио-одделението на ДЗС, потребни се минимум тројца пилоти. Максути вели Дирекцијата не смее да извршува задачи со еден пилот, односно мора да има уште минимум двајца пилоти. Како што појасни директорот на ДЗС, според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет вршат меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка подготвеност.

Дирекцијата не смее да лета со еден пилот, мора да има минимум уште двајца други пилоти. Едниот му е контролор, а другиот ги проверува сите постапки дали се како што треба. Ова се правила кои ги одредува ЕАСА. Едниот пилот не може самиот на себе си да потпише дека авионот е спремен и да потпише дека е физички и психички спремен, затоа што пред секој лет тие имаат меѓусебни контроли. Самиот на себе си не смее и нема право да си потпишува, појаснува Максути.

Во април годинава тој апелираше тогашната Влада сериозно да го сфати овој проблем, бидејќи се доведува до прашање постоењето на авио-одделението на ДЗС. Нагласи дека според критериумите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, засновани врз регулативите на ЕАСА, постои можност ДЗС да ја изгуби лиценцата за пловидбеност.

Максути вели заклучокот на минатата Влада бил Дирекцијата да го реши овој проблем во рамките на нејзините законски надлежности.

Законските надлежности се јасни. Јас не смеам да примам пилот со плата поголема од пропишаната, односно се што е над 60.000 денари мора да оди преку согласност од Министерство за финансии. Таквата согласност ние не можеме да ја добиеме, не поради тоа што немаше слух Владата, туку поради законските пречки, вели Максути.

Примањето на пилоти не значи дека тие по автоматизам ќе можат да управуваат со „Ер трактор“ авионите на ДЗС, туку истите треба да се упатат на дообучување во Шпанија или друга земја овластена од производителот. Авионите модел „Ер трактор“, што се користат во ДЗС, важат за најкомплицираните за управување, бидејќи потребни се вештини и дообука којашто има строги критериуми и затоа не може секој пилот да добие сертификат. Од пет пилоти кои биле примени изминативе неколку години во Дирекцијата, само еден успеал да ја заврши дообуката и да добие сертификат за управување со „Ер трактор“.

Во врска со справувањето со пожарите во летниот период, Максути вели Дирекцијата ги има направено сите подготовки.

Другите подготовки ние ги имаме направено како што треба, во однос на тимови, доброволни друштва, во однос на дополнителна опрема која што е поделена. Оваа година ја имавме најголемата вежба за противпожари на отворени, каде што учествуваа 16 земји, значи вежбата беше организирана под покровителство на Европската унија, каде што добивме опрема да еден модул, за една екипа од 25 луѓе со целата опрема да можат да интервенираат во шумските пожари. Но, секако ни останува делот околу ангажманот на пилотите и да видиме, целосно да можеме да одговориме на сите можни предизвици, кои би ги имале во текот на сезоната. Како што гледате имаме веќе доста високи температури и можни се пожари, вели Максути.

The post Нема кој да лета со „Ер тракторите“ на ДЗС: Плата од 300.000 денари е услов за враќање на двајцата обучени пилоти од пензија appeared first on Република.

]]>

Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија. Авио-одделението на Дирекцијата е сѐ уште нефункционално и покрај предупредувањата на директорот на ДЗС Беким Максути дека „дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари“. Во разговор за МИА, Максути вели за да се вратат двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари. Според него, работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно и затоа посочува дека потребно е порамнување на платите на државно ниво.
За нив баравме дополнителни средства колку што се плаќаат пилотите на Владата, коишто го летаат владиниот авион, тоа значи 300.000 денари. Треба да има синхронизација, односно порамнување на платите на ниво на држава, затоа што тие навистина летаат многу помалку од нашиве и се многу побезбедни. Исто така и пилотите вработени во МВР, кои имаат максимум 50 часови на годишно ниво, доколку пилотите во ДЗС имаат од 150 до 300 часови, рече Максути.
За да може да извршува летови авио-одделението на ДЗС, потребни се минимум тројца пилоти. Максути вели Дирекцијата не смее да извршува задачи со еден пилот, односно мора да има уште минимум двајца пилоти. Како што појасни директорот на ДЗС, според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет вршат меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка подготвеност.
Дирекцијата не смее да лета со еден пилот, мора да има минимум уште двајца други пилоти. Едниот му е контролор, а другиот ги проверува сите постапки дали се како што треба. Ова се правила кои ги одредува ЕАСА. Едниот пилот не може самиот на себе си да потпише дека авионот е спремен и да потпише дека е физички и психички спремен, затоа што пред секој лет тие имаат меѓусебни контроли. Самиот на себе си не смее и нема право да си потпишува, појаснува Максути.
Во април годинава тој апелираше тогашната Влада сериозно да го сфати овој проблем, бидејќи се доведува до прашање постоењето на авио-одделението на ДЗС. Нагласи дека според критериумите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, засновани врз регулативите на ЕАСА, постои можност ДЗС да ја изгуби лиценцата за пловидбеност. Максути вели заклучокот на минатата Влада бил Дирекцијата да го реши овој проблем во рамките на нејзините законски надлежности.
Законските надлежности се јасни. Јас не смеам да примам пилот со плата поголема од пропишаната, односно се што е над 60.000 денари мора да оди преку согласност од Министерство за финансии. Таквата согласност ние не можеме да ја добиеме, не поради тоа што немаше слух Владата, туку поради законските пречки, вели Максути.
Примањето на пилоти не значи дека тие по автоматизам ќе можат да управуваат со „Ер трактор“ авионите на ДЗС, туку истите треба да се упатат на дообучување во Шпанија или друга земја овластена од производителот. Авионите модел „Ер трактор“, што се користат во ДЗС, важат за најкомплицираните за управување, бидејќи потребни се вештини и дообука којашто има строги критериуми и затоа не може секој пилот да добие сертификат. Од пет пилоти кои биле примени изминативе неколку години во Дирекцијата, само еден успеал да ја заврши дообуката и да добие сертификат за управување со „Ер трактор“. Во врска со справувањето со пожарите во летниот период, Максути вели Дирекцијата ги има направено сите подготовки.
Другите подготовки ние ги имаме направено како што треба, во однос на тимови, доброволни друштва, во однос на дополнителна опрема која што е поделена. Оваа година ја имавме најголемата вежба за противпожари на отворени, каде што учествуваа 16 земји, значи вежбата беше организирана под покровителство на Европската унија, каде што добивме опрема да еден модул, за една екипа од 25 луѓе со целата опрема да можат да интервенираат во шумските пожари. Но, секако ни останува делот околу ангажманот на пилотите и да видиме, целосно да можеме да одговориме на сите можни предизвици, кои би ги имале во текот на сезоната. Како што гледате имаме веќе доста високи температури и можни се пожари, вели Максути.

The post Нема кој да лета со „Ер тракторите“ на ДЗС: Плата од 300.000 денари е услов за враќање на двајцата обучени пилоти од пензија appeared first on Република.

]]>
„Ер тракторите“ исправни, но нема пилоти: „Национални шуми“ известиле дека немаат пари за гориво за возилата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/er-traktorite-ispravni-no-nema-piloti-natsionalni-shumi-izvestile-deka-nemaat-pari-za-gorivo-za-vozilata/ Mon, 17 Jun 2024 14:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=788475

Колку што ми е мене познато, „ер тракторите“ сега се исправни, но, не можат да бидат оперативни зашто во моментов, во државата, немаме вработени пилоти за нивно управување. Со нив управува Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), па подетално би требало да се обратите кај нив, одговори денеска на новинарско прашање, државниот советник за организација и функционирање на Системот за управување со кризи, Драги Тарчуговски.

Тој нагласи дека секаде во светот недостасуваат, пред сѐ во Европа. Медитеранските земји, нагласи, имаат постојано отворени конкурси за пилоти за „ер трактори“. Постојано отворени, додаде, а што се многу побогати од нас.

И јас би сакал да бидам пилот, но, не може лесно да се биде пилот. Сепак, за да се биде на „ер трактор“ е дури потешко, отколку пилот на обичен, комерцијален авион што превезува стотина патници. Зашто тој треба да полни вода во лет, треба да испушта вода на точно определена точка, тоа е една од најкомплицираните професии, рече Тарчуговски.

Според него, тие се платени согласно можностите што ги имаме во моментов.

Станува збор за клучен персонал што не е лесно да биде обучен. А дали е висока или ниска платата, е сосема друго прашање, подвлече Тарчуговски.

Горан Стојановски, раководител на Секторот за операции и кординации во Центарот за управување со кризи, рече дека летово за пожари, на располагање имаат три хеликоптери од МВР и еден од Армијата.

Ни остануваат на располагање три хеликоптери од МВР и еден хеликоптер од Армијата на Република Македонија, интервентен, затоа што тој е оперативен, меѓутоа кога ќе имаме такви ситуации, ќе може да го користиме секако. Во четвртокот добивме известување од страна на „Национални шуми“, дека практично поради немање финансиски средства во буџетот, тие немаат во моментот финансиски средства нити за опскрбување на возилата со гориво, а камоли да излезат и да можат да интервенираат согласно оперативните планови со што располагаат. Така да, останува да се потприме исклучиво на Бригадата и ТППЕ единиците што ги имаме во рамки на општините, како и доброволните противпожарни друштва, како и МВР, рече Стојановски.

И двајцата се согласија дека поради високите температури, веруваат оти и летово ќе имаме пожари на отворен простор.

The post „Ер тракторите“ исправни, но нема пилоти: „Национални шуми“ известиле дека немаат пари за гориво за возилата appeared first on Република.

]]>

Колку што ми е мене познато, „ер тракторите“ сега се исправни, но, не можат да бидат оперативни зашто во моментов, во државата, немаме вработени пилоти за нивно управување. Со нив управува Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), па подетално би требало да се обратите кај нив, одговори денеска на новинарско прашање, државниот советник за организација и функционирање на Системот за управување со кризи, Драги Тарчуговски. Тој нагласи дека секаде во светот недостасуваат, пред сѐ во Европа. Медитеранските земји, нагласи, имаат постојано отворени конкурси за пилоти за „ер трактори“. Постојано отворени, додаде, а што се многу побогати од нас. И јас би сакал да бидам пилот, но, не може лесно да се биде пилот. Сепак, за да се биде на „ер трактор“ е дури потешко, отколку пилот на обичен, комерцијален авион што превезува стотина патници. Зашто тој треба да полни вода во лет, треба да испушта вода на точно определена точка, тоа е една од најкомплицираните професии, рече Тарчуговски. Според него, тие се платени согласно можностите што ги имаме во моментов. Станува збор за клучен персонал што не е лесно да биде обучен. А дали е висока или ниска платата, е сосема друго прашање, подвлече Тарчуговски. Горан Стојановски, раководител на Секторот за операции и кординации во Центарот за управување со кризи, рече дека летово за пожари, на располагање имаат три хеликоптери од МВР и еден од Армијата. Ни остануваат на располагање три хеликоптери од МВР и еден хеликоптер од Армијата на Република Македонија, интервентен, затоа што тој е оперативен, меѓутоа кога ќе имаме такви ситуации, ќе може да го користиме секако. Во четвртокот добивме известување од страна на „Национални шуми“, дека практично поради немање финансиски средства во буџетот, тие немаат во моментот финансиски средства нити за опскрбување на возилата со гориво, а камоли да излезат и да можат да интервенираат согласно оперативните планови со што располагаат. Така да, останува да се потприме исклучиво на Бригадата и ТППЕ единиците што ги имаме во рамки на општините, како и доброволните противпожарни друштва, како и МВР, рече Стојановски. И двајцата се согласија дека поради високите температури, веруваат оти и летово ќе имаме пожари на отворен простор.

The post „Ер тракторите“ исправни, но нема пилоти: „Национални шуми“ известиле дека немаат пари за гориво за возилата appeared first on Република.

]]>
И годинава ќе чекаме странци да ни ги спасуваат шумите: Ер-тракторите не се ни пратени на сервис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-godinava-kje-chekame-stranci-da-ni-gi-spasuvaat-shumite-er-traktorite-ne-se-ni-prateni-na-servis/ Mon, 11 Jul 2022 18:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=527194

Македонија очигледно не ја научила лекцијата од ланските големи пожари, кои ја разоткрија неспремноста на властите и на системот, која беше најдобро илустрирана во тоа што сите три авиони „Ер трактори“, специјализирани за гасење пожари, цело лето ни беа приземјени, пишува БИРН во анализа на подготвеноста на балканските земји за летната сезона на шумски пожари.

Лани пожарите беснееја цел месец, а властите мораа да се потпрат на авионите и хеликоптерите што напомош ни ги испратија соседните земји и државите од Централна и од Источна Европа, како и на ограничените капацитети на двата повеќенаменски хеликоптери на армијата, „Ми-8“.

Тогашниот премиер Зоран Заев вети дека трите авиони ќе бидат испратени на итна поправка во странство.

Една година подоцна, истиот дебакл може да се случи летово, пишува БИРН. Властите информираат дека само еден од трите авиони е вратен во функција, другиот сѐ уште се сервисира, а третиот и натаму е приземјен.

Заев издаде наредба за поправка, но ситуацијата беше толку сериозна што авионите не се поправени сѐ уште. Еден беше сервисиран и вратен, вториот е сѐ уште на сервис и го очекуваме неговото пристигнување во секој момент, но третиот сѐ уште не е ниту испратен на поправка -  вели Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Трите авиони се во директна надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување, иако таа се координира со Центарот за управување со кризи. Од БИРН не можеле да добие детални одговори од оваа дирекција за одолжените поправки.

Според анализата, бавните процедури за набавка, несмасното одржување и во некои случаи недостигот од обучени пилоти значат дека во оваа летна сезона не само Македонија, туку и сите балкански земји, влегуваат со мали капацитети. Можат само да се надеваат дека некој однадвор ќе им помогне ако има голема потреба.

The post И годинава ќе чекаме странци да ни ги спасуваат шумите: Ер-тракторите не се ни пратени на сервис appeared first on Република.

]]>

Македонија очигледно не ја научила лекцијата од ланските големи пожари, кои ја разоткрија неспремноста на властите и на системот, која беше најдобро илустрирана во тоа што сите три авиони „Ер трактори“, специјализирани за гасење пожари, цело лето ни беа приземјени, пишува БИРН во анализа на подготвеноста на балканските земји за летната сезона на шумски пожари. Лани пожарите беснееја цел месец, а властите мораа да се потпрат на авионите и хеликоптерите што напомош ни ги испратија соседните земји и државите од Централна и од Источна Европа, како и на ограничените капацитети на двата повеќенаменски хеликоптери на армијата, „Ми-8“. Тогашниот премиер Зоран Заев вети дека трите авиони ќе бидат испратени на итна поправка во странство. Една година подоцна, истиот дебакл може да се случи летово, пишува БИРН. Властите информираат дека само еден од трите авиони е вратен во функција, другиот сѐ уште се сервисира, а третиот и натаму е приземјен.
Заев издаде наредба за поправка, но ситуацијата беше толку сериозна што авионите не се поправени сѐ уште. Еден беше сервисиран и вратен, вториот е сѐ уште на сервис и го очекуваме неговото пристигнување во секој момент, но третиот сѐ уште не е ниту испратен на поправка -  вели Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Трите авиони се во директна надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување, иако таа се координира со Центарот за управување со кризи. Од БИРН не можеле да добие детални одговори од оваа дирекција за одолжените поправки. Според анализата, бавните процедури за набавка, несмасното одржување и во некои случаи недостигот од обучени пилоти значат дека во оваа летна сезона не само Македонија, туку и сите балкански земји, влегуваат со мали капацитети. Можат само да се надеваат дека некој однадвор ќе им помогне ако има голема потреба.

The post И годинава ќе чекаме странци да ни ги спасуваат шумите: Ер-тракторите не се ни пратени на сервис appeared first on Република.

]]>
Ако има пожари летово само господ може да ни помогне: Авионите за кои Заев лани вети дека ќе се направат за 10 дена, стојат несервисирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-ima-pozar-letovo-samo-gospod-moze-da-ni-pomogne-avionite-za-koi-zaev-reche-deka-kje-se-napravat-za-10-dena-stojat-neservisirani/ Tue, 14 Jun 2022 09:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=514919

Доколку и ова лето има големи пожари можеме само да се помолиме на господ да ни прати дожд. Власта не ја научи лекцијата од лани кога беснееја пожари и кога моравме да викаме помош од неколку земји кои дојдоа со опремени пожарникари, авиони и хеликоптери.

Оваа година сезоната на пожари ја дочекуваме целосно неподговени. Од трите авиони наречени „Ер трактор“ набавени од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ во функција е само еден. Останатите два се расипани.

Поранешниот премиер Зоран Заев лани во август кога имаше големи пожари во Кочани и Берово вети дека тие ќе бидат сервисирани за десет дена“.Оттогаш помина една година но авионите не се поправени.

Тоа го потврди и директорот на Центарот за управување за кризи Стојанче Ангелов кој вели дека први се што е во негова моќ да бидат подготвени доколку има пожари.

-Премиерот Заев даде наредба но состојбата беше толку компикувана што авионите и до ден денеска не се направени.Еден е вратен сервисиран, вториот е на сервис и треба да се врати во секој момент а третиот се уште не е испратен-објасни Ангелов во емисијата „Заспиј ако можеш“ на „Алфа“.

За волја на вистината Ангелов и ЦУК не се надлежни за авионите туку тоа е надлежност на Дирекцијата за зашитита и спасување која една година не направи напор колку толку да бидеме подготвени за претстојните пожари.

 

 

The post Ако има пожари летово само господ може да ни помогне: Авионите за кои Заев лани вети дека ќе се направат за 10 дена, стојат несервисирани appeared first on Република.

]]>

Доколку и ова лето има големи пожари можеме само да се помолиме на господ да ни прати дожд. Власта не ја научи лекцијата од лани кога беснееја пожари и кога моравме да викаме помош од неколку земји кои дојдоа со опремени пожарникари, авиони и хеликоптери. Оваа година сезоната на пожари ја дочекуваме целосно неподговени. Од трите авиони наречени „Ер трактор“ набавени од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ во функција е само еден. Останатите два се расипани. Поранешниот премиер Зоран Заев лани во август кога имаше големи пожари во Кочани и Берово вети дека тие ќе бидат сервисирани за десет дена“.Оттогаш помина една година но авионите не се поправени. Тоа го потврди и директорот на Центарот за управување за кризи Стојанче Ангелов кој вели дека први се што е во негова моќ да бидат подготвени доколку има пожари.
-Премиерот Заев даде наредба но состојбата беше толку компикувана што авионите и до ден денеска не се направени.Еден е вратен сервисиран, вториот е на сервис и треба да се врати во секој момент а третиот се уште не е испратен-објасни Ангелов во емисијата „Заспиј ако можеш“ на „Алфа“.
За волја на вистината Ангелов и ЦУК не се надлежни за авионите туку тоа е надлежност на Дирекцијата за зашитита и спасување која една година не направи напор колку толку да бидеме подготвени за претстојните пожари.    

The post Ако има пожари летово само господ може да ни помогне: Авионите за кои Заев лани вети дека ќе се направат за 10 дена, стојат несервисирани appeared first on Република.

]]>
Во функција е само еден од три „ер-трактори“ за гасење пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-funkcija-e-samo-eden-od-tri-er-traktori-za-gasenje-pozari/ Fri, 03 Jun 2022 18:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=510811

Сезоната на шумски пожари, надлежните ја дочекуваат со еден авион за гасење од воздух. Од вкупно три, во моментов подготвено за интервенција е само едно летало, анализира „Сител“.

Како што појаснуваат од Дирекцијата за заштита и спасување, во тек е реконструкција на уште еден „ер-трактор“, но засега ДЗС не прецизира кога ќе заврши неговиот ремонт во Шпанија.

Вториот ер-трактор е во финална проверка и сервисирање и истиот се очекува скоро да се врати - велат од ДЗС.

Во меѓувреме, според статистиките на од Центарот за управување со кризи, годинава не се очекуваат шумски пожари од размери какви што беа ланските. Таквата слика се појавувала на секои пет до до седум години...

Како што велат од ДЗС, освен авионот, при евентуална појава на шумски пожар, во неговото гасење, подгвотвени да интервенираат се и два хелихоптери на армијата. Единицата за гасење од воздух, годинава е засилена и со  хелихоптер на полицијата, а своите способности тој за првпат ги покажа на пожарот во Тетово.

Првите пожари во земјава лани избувнаа во јуни, а во текот на летната сезона беа регистрирани вкупно 142. Апокалиптични сцени го обиколија светот од пожарите во малешевијата, а во нивното гасење, помагаа противпожарни бригади од Австрија, Романија, Словенија, Бугарија...

The post Во функција е само еден од три „ер-трактори“ за гасење пожари appeared first on Република.

]]>

Сезоната на шумски пожари, надлежните ја дочекуваат со еден авион за гасење од воздух. Од вкупно три, во моментов подготвено за интервенција е само едно летало, анализира „Сител“. Како што појаснуваат од Дирекцијата за заштита и спасување, во тек е реконструкција на уште еден „ер-трактор“, но засега ДЗС не прецизира кога ќе заврши неговиот ремонт во Шпанија.
Вториот ер-трактор е во финална проверка и сервисирање и истиот се очекува скоро да се врати - велат од ДЗС.
Во меѓувреме, според статистиките на од Центарот за управување со кризи, годинава не се очекуваат шумски пожари од размери какви што беа ланските. Таквата слика се појавувала на секои пет до до седум години... Како што велат од ДЗС, освен авионот, при евентуална појава на шумски пожар, во неговото гасење, подгвотвени да интервенираат се и два хелихоптери на армијата. Единицата за гасење од воздух, годинава е засилена и со  хелихоптер на полицијата, а своите способности тој за првпат ги покажа на пожарот во Тетово. Првите пожари во земјава лани избувнаа во јуни, а во текот на летната сезона беа регистрирани вкупно 142. Апокалиптични сцени го обиколија светот од пожарите во малешевијата, а во нивното гасење, помагаа противпожарни бригади од Австрија, Романија, Словенија, Бугарија...

The post Во функција е само еден од три „ер-трактори“ за гасење пожари appeared first on Република.

]]>