ер молдавија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/er-moldavija/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 07:59:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ер молдавија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/er-moldavija/ 32 32 И Молдавија како Македонија кажа „не“ за промена на Уставот на референдум, дали ЕУ ќе ја промени волјата на народот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-moldavija-kako-makedonija-kazha-ne-za-promena-na-ustavot-na-referendum-dali-eu-ke-promeni-voljata-na-narodot/ Mon, 21 Oct 2024 07:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=829251

Референдумот во Молдавија за тоа дали да го промени уставот и да се заложи за влез во ЕУ што се одржа во текот на вчерашниот ден „виси на конец“, при што процентот на гласовите „за“ и „не“ речиси е еднаков.

Во моментов 49,9 отсто од гласовите се за „да“, а 50,1 отсто од гласовите се за „не“, со преброени околу 97 отсто од гласовите. Тоа е резултат што малкумина го очекуваа, бидејќи неколку неодамнешни анкети сугерираа дека гласањето за влез во ЕУ сигурно ќе победи.

Актуелната проевропска претседателка Маја Санду претходно го осуди тесниот резултат како „производ на странско мешање во молдавската политика“.

Таа рече дека тоа е „напад без преседан врз демократијата“, мислејќи на широко распространетите наводи дека Русија им плаќала на луѓето да гласаат на одреден начин, што Москва го негира.

„Криминални групи, кои дејствуваат заедно со странски сили, непријателски настроени кон нашите национални интереси, ја нападнаа нашата земја со десетици милиони евра, лаги и пропаганда со цел да ја заробат во неизвесност и нестабилност“, рече Санду во Кишињев.

Санду, исто така, рече дека нејзината влада има „јасни докази“ дека биле купени 300.000 гласови, што таа го нарече „измама без преседан“.

„Ги чекаме конечните (изборни) резултати и ќе одговориме со силни одлуки“, изјави Санду. Кремљ ги отфрли обвинувањата за купување гласови.

Санду беше прва во првиот круг, но со многу помала разлика од очекуваното - 41отсто од гласовите - така што сега ќе се соочи со тежок втор круг на почетокот на ноември, каде што нејзините противници најверојатно ќе се обединат против неа.

Втор е Александар Стојаногло, кој е поддржан од проруската Социјалистичка партија, која освои речиси 30 проценти, повеќе од очекуваното. Ако другите кандидати го поддржат Стојаного пред вториот круг, Санду би можела да се изложи на реален ризик да не биде реизбрана.

Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека гласањето мора да се продолжи во Москва и на две избирачки места во Романија и едно во Франција поради големиот број гласачи. До затворањето во 21 часот на гласачките места се јавиле 51 процент од гласачите и по тој основ референдумот е валиден.

Овие избори се клучни тестови за земјата, која се соочува со избор помеѓу продолжување на членството во ЕУ или одржување блиски врски со Русија.

Молдавија во моментов е во преговори со ЕУ за членство. Пристапните преговори ќе продолжат и покрај исходот од референдумот, бидејќи тој не беше правно обврзувачки.

The post И Молдавија како Македонија кажа „не“ за промена на Уставот на референдум, дали ЕУ ќе ја промени волјата на народот? appeared first on Република.

]]>

Референдумот во Молдавија за тоа дали да го промени уставот и да се заложи за влез во ЕУ што се одржа во текот на вчерашниот ден „виси на конец“, при што процентот на гласовите „за“ и „не“ речиси е еднаков. Во моментов 49,9 отсто од гласовите се за „да“, а 50,1 отсто од гласовите се за „не“, со преброени околу 97 отсто од гласовите. Тоа е резултат што малкумина го очекуваа, бидејќи неколку неодамнешни анкети сугерираа дека гласањето за влез во ЕУ сигурно ќе победи. Актуелната проевропска претседателка Маја Санду претходно го осуди тесниот резултат како „производ на странско мешање во молдавската политика“. Таа рече дека тоа е „напад без преседан врз демократијата“, мислејќи на широко распространетите наводи дека Русија им плаќала на луѓето да гласаат на одреден начин, што Москва го негира.
„Криминални групи, кои дејствуваат заедно со странски сили, непријателски настроени кон нашите национални интереси, ја нападнаа нашата земја со десетици милиони евра, лаги и пропаганда со цел да ја заробат во неизвесност и нестабилност“, рече Санду во Кишињев.
Санду, исто така, рече дека нејзината влада има „јасни докази“ дека биле купени 300.000 гласови, што таа го нарече „измама без преседан“.
„Ги чекаме конечните (изборни) резултати и ќе одговориме со силни одлуки“, изјави Санду. Кремљ ги отфрли обвинувањата за купување гласови.
Санду беше прва во првиот круг, но со многу помала разлика од очекуваното - 41отсто од гласовите - така што сега ќе се соочи со тежок втор круг на почетокот на ноември, каде што нејзините противници најверојатно ќе се обединат против неа. Втор е Александар Стојаногло, кој е поддржан од проруската Социјалистичка партија, која освои речиси 30 проценти, повеќе од очекуваното. Ако другите кандидати го поддржат Стојаного пред вториот круг, Санду би можела да се изложи на реален ризик да не биде реизбрана. Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека гласањето мора да се продолжи во Москва и на две избирачки места во Романија и едно во Франција поради големиот број гласачи. До затворањето во 21 часот на гласачките места се јавиле 51 процент од гласачите и по тој основ референдумот е валиден. Овие избори се клучни тестови за земјата, која се соочува со избор помеѓу продолжување на членството во ЕУ или одржување блиски врски со Русија. Молдавија во моментов е во преговори со ЕУ за членство. Пристапните преговори ќе продолжат и покрај исходот од референдумот, бидејќи тој не беше правно обврзувачки.

The post И Молдавија како Македонија кажа „не“ за промена на Уставот на референдум, дали ЕУ ќе ја промени волјата на народот? appeared first on Република.

]]>
Згасна националниот авиопревозник на Молдавија, дополнително се влошуваат конекциите со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zgasna-natsionalniot-avioprevoznik-na-moldavija-dopolnitelno-se-vloshuvaat-konektsiite-so-rusija/ Sun, 27 Aug 2023 16:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=676078

Во Молдавија, националниот авиопревозник конечно е затворен. Локалната управа за цивилно воздухопловство официјално го укина сертификатот за летање на „Ер Молдавија“.

Авиокомпанијата во последните месеци ја продолжи паузата на летовите поради финансиски колапс. Во април, вработените во „Ер Молдава“ дури испратија и петиција до претседателката Маја Санду со барање националниот авиопревозник да не пропадне.

Од своја страна, од кабинетот на претседателот, вината за банкротот на „Ер Молдавија“ ја ставаат врз опозицискиот политичар Илан Шор, кој е именуван како главен корисник на приватизацијата на компанијата во 2018 година.

Тој и неговата партија, добиваат обвинувања од власта дека во текот на неколку години од своето владеење, не ги исполниле препораките на истражната комисија за откажување на договорот за приватизација на „Ер Молдавија“.

Сепак, локални аналитичари коментираат дека значителната рамнодушност на тимот на Санду за судбината на цивилното воздухопловство на земјата, укажува на тезата за намерното уништување на „Ер Молдавија“, чиешто место ќе биде пополнето од западни компании.

Освен тоа, со затворањето на “Ер Молдавија“, граѓаните на Молдавија мораат сè повеќе да ги користат аеродромите во соседна Романија, а на огромната молдавска дијаспора во Русија и е се потешко да одржува врски со својата татковина поради нарушувањето на логистиката.

The post Згасна националниот авиопревозник на Молдавија, дополнително се влошуваат конекциите со Русија appeared first on Република.

]]>

Во Молдавија, националниот авиопревозник конечно е затворен. Локалната управа за цивилно воздухопловство официјално го укина сертификатот за летање на „Ер Молдавија“. Авиокомпанијата во последните месеци ја продолжи паузата на летовите поради финансиски колапс. Во април, вработените во „Ер Молдава“ дури испратија и петиција до претседателката Маја Санду со барање националниот авиопревозник да не пропадне. Од своја страна, од кабинетот на претседателот, вината за банкротот на „Ер Молдавија“ ја ставаат врз опозицискиот политичар Илан Шор, кој е именуван како главен корисник на приватизацијата на компанијата во 2018 година. Тој и неговата партија, добиваат обвинувања од власта дека во текот на неколку години од своето владеење, не ги исполниле препораките на истражната комисија за откажување на договорот за приватизација на „Ер Молдавија“. Сепак, локални аналитичари коментираат дека значителната рамнодушност на тимот на Санду за судбината на цивилното воздухопловство на земјата, укажува на тезата за намерното уништување на „Ер Молдавија“, чиешто место ќе биде пополнето од западни компании. Освен тоа, со затворањето на “Ер Молдавија“, граѓаните на Молдавија мораат сè повеќе да ги користат аеродромите во соседна Романија, а на огромната молдавска дијаспора во Русија и е се потешко да одржува врски со својата татковина поради нарушувањето на логистиката.

The post Згасна националниот авиопревозник на Молдавија, дополнително се влошуваат конекциите со Русија appeared first on Република.

]]>