ЕПТИСА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eptisa/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Mar 2023 13:38:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕПТИСА Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eptisa/ 32 32 Ковачевски: Нормално е Антикорупциска да ја врши својата работа за какви и да било сомнежи за автопатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-normalno-e-antikoruptsiska-da-ja-vrshi-svojata-rabota-za-kakvi-i-da-bilo-somnezhi-za-avtopatite/ Fri, 10 Mar 2023 13:38:06 +0000 https://republika.mk/?p=618190

Антикорупциската комисија нормално е да си ја работи својата работа во делот на она за што постојат сомнежи, меѓутоа тоа не значи дека „Бехтел и Енка“ ќе ги одложи работите, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски откако Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека отвора предмет за надзорот на изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д.

Во однос на компанијата која ќе го работи надзорот, Ковачевски рече дека таа има свои подизведувачи и дека дел од нив ангажираат луѓе од земјава со цел да не се носат експерти за надзорот од странство.

Дел од тие подизведувачи имаат и странски сопственици, меѓутоа доминантно вработуваат луѓе од државата со цел да не мора сите експерти кои се потребни при надзорот, да се носат од странство, рече Ковачевски.

Во однос на сопственичката структура на „Ептиса“, Ковачевски упати на Централниот регистар, а за какви било информации кои се сомнителни, апелираше веднаш да се пријават кај надлежните институции.

Она по што овој проект, според Ковачевски, се разликува од досегашните е тоа што сега она што компанијата ќе ги испроектира, ќе биде изведено на терен.

Компанијата „Бехтел и Енка“ веќе потпиша договор од над 400 страни со Владата, тој е во сила и тие ќе почнат со проектирање и изградба на автопатот. Ние досега сме имале инфраструктурни проекти што биле правени по стариот принцип каде се работи проектирање, па проектирањето трае со години и потоа почнува изведбата и проектот никогаш не завршува. Овде се работи за проектирање и изведба, она што го испроектирала компанијата, практично и го изведува на терен и со тоа се забрзува изведувањето на работите, подвлече Ковачевски.

Тој нагласи дека овој проект е најголем во историјата на државата во делот на инфраструктурата и рече дека кога ќе започне реализацијата, ќе бидат ангажирани голем број на македонски фирми и работници.

Антикорупциската комисија соопшти дека отвора предмет за надзорот на изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д  што го врши ИРД. Според ДКСК, треба да се проверат информациите пласирани во медиумите дека фирмата „Ептиса“, која е дел од ИРД, имала забрана од државата за да не биде ангажирана на градежни надзори поради неетичко и непрофесионално однесување, но пред тендерот Владата ја поништила таа забрана.

The post Ковачевски: Нормално е Антикорупциска да ја врши својата работа за какви и да било сомнежи за автопатите appeared first on Република.

]]>

Државниот секретар на САД ги предупредил Ковачевски и Груби за кинеската фирма? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavniot-sekretar-na-sad-predupredil-kovachevski-i-grubi-za-kineskata-firma/ Fri, 10 Mar 2023 11:35:05 +0000 https://republika.mk/?p=618106

Артан Груби се избламира себе, а ја избламира и Македонија, за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д првин избрал руска фирма, а сега кинеска.Надзорот над американската Бехтел во Македонија заради Груби ќе го врши кинеската ЕПТИСА, која од 2016 година е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ Груп, а од 2022 година целиот врвен менаџерски тим е составен од кинези, па така Шаонин Жу е потпретседател на бродот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра, обвинува Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Груби велеше дека ова не е истата ЕПТИСА, да оваа ЕПТИСА од 2022 покрај тоа што е со целосно кинески капитал, а во целост водена од кинези, бидејќи кинез е главниот извршен директор.

Не знаеме дали овие кинези на Груби му личат на шпанци, но знаеме дека го искомпромитира целиот проект и подобро е сега да се поништи постапката за надзорот и да се избере нов, отколку подоцна сите да ги платиме последиците кои може да дојдат.

Ова е единствен случај во светот каде Кинеска компанија ќе контролира американски гигант, за какви криминални врски станува збор со владата на Груби и Ковачевски?

https://www.youtube.com/watch?v=Pl8AALFoF2s&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Груби и Ковачевски со изборот ма ЕПТИСА одаг во целост против ставот на Американската администрација, искажан од државниот секретар Мајк Помпео при неговата посета во Охрид, кој гласи: Сакам да ве предупредам за учеството на Кина во чувствителни технологии и нивната стратегија за подмитување при обезбедување на зделки.

Груби и Ковачевски и овозможија на кинеската ЕПТИСА да има увид на технологиите на БЕХТЕЛ. Дали за тоа се подмитени како што кажа државниот секретар Помпео и за тоа мора да истражи обвинителството.

Дали заради финансиски бенефит Груби и Ковачевски, од негативна референца, односно одлука на влада дека ЕПТИСА е криминална, неетичка и несоодветна донесена во 2020 година, во 2021 година го менуваат ставот и и даваат лиценца за надзор на објекти од прва категорија, како што се железници и патишта?

Ова е тој документ со кој владата ја прогласила ЕПТИСА за криминална.

ЈО да отвори случај за изборот на надзорот, и со големо внимание да ја земе предвид и изјавата на државниот секретар на САД Помпео, кој предупредува на корупција-бара Стојаноски.

The post Државниот секретар на САД ги предупредил Ковачевски и Груби за кинеската фирма? appeared first on Република.

]]>

Артан Груби се избламира себе, а ја избламира и Македонија, за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д првин избрал руска фирма, а сега кинеска.Надзорот над американската Бехтел во Македонија заради Груби ќе го врши кинеската ЕПТИСА, која од 2016 година е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ Груп, а од 2022 година целиот врвен менаџерски тим е составен од кинези, па така Шаонин Жу е потпретседател на бродот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра, обвинува Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Груби велеше дека ова не е истата ЕПТИСА, да оваа ЕПТИСА од 2022 покрај тоа што е со целосно кинески капитал, а во целост водена од кинези, бидејќи кинез е главниот извршен директор. Не знаеме дали овие кинези на Груби му личат на шпанци, но знаеме дека го искомпромитира целиот проект и подобро е сега да се поништи постапката за надзорот и да се избере нов, отколку подоцна сите да ги платиме последиците кои може да дојдат. Ова е единствен случај во светот каде Кинеска компанија ќе контролира американски гигант, за какви криминални врски станува збор со владата на Груби и Ковачевски? https://www.youtube.com/watch?v=Pl8AALFoF2s&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Груби и Ковачевски со изборот ма ЕПТИСА одаг во целост против ставот на Американската администрација, искажан од државниот секретар Мајк Помпео при неговата посета во Охрид, кој гласи: Сакам да ве предупредам за учеството на Кина во чувствителни технологии и нивната стратегија за подмитување при обезбедување на зделки.
Груби и Ковачевски и овозможија на кинеската ЕПТИСА да има увид на технологиите на БЕХТЕЛ. Дали за тоа се подмитени како што кажа државниот секретар Помпео и за тоа мора да истражи обвинителството. Дали заради финансиски бенефит Груби и Ковачевски, од негативна референца, односно одлука на влада дека ЕПТИСА е криминална, неетичка и несоодветна донесена во 2020 година, во 2021 година го менуваат ставот и и даваат лиценца за надзор на објекти од прва категорија, како што се железници и патишта? Ова е тој документ со кој владата ја прогласила ЕПТИСА за криминална.
ЈО да отвори случај за изборот на надзорот, и со големо внимание да ја земе предвид и изјавата на државниот секретар на САД Помпео, кој предупредува на корупција-бара Стојаноски.

The post Државниот секретар на САД ги предупредил Ковачевски и Груби за кинеската фирма? appeared first on Република.

]]>
Дали овие Кинези кои ја раководат Ептиса личат на Шпанци? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-ovie-kinezi-koi-ja-rakovodat-eptisa-lichat-na-shpantsi/ Fri, 10 Mar 2023 08:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=617984

Шаонин Жу, потпретседател на бордот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра. Тие велеа дека компанијата е Шпанска, а всушнопст самата компанија кажува дека е од Кина, објавува ВМРО-ДПМНЕ.

Дали овие Кинези личат на Шпанци кои ја раководат Ептиса која Груби и Ковачевски ја одбраа? Ова е единствен случај во светот каде Кинеска компанија ќе контролира американски гигант, за какви криминални врски станува збор со владата на Груби и Ковачевски?

Артан Груби нервозно се вади од скандалот со изборот на компанија која ќе врши надзор на изградбата на коридорите и така уште повеќе се заглавува во живата песок. Имено компанијата ЕПТИСА која Груби и Ковачевски ја избрале на тендер како дел од конзорциум со уште поскандалозни македонски компании,  е всушност КИНЕСКА компанија. Груби и Ковачевски се единствениот тандем во светот кој што избрале кинеска компанија да врши надзор на американска компанија.

Толку од прозападната ориентација на Груби и Ковачевски. Поисточно од кинеска компанија и поисточен капитал не можеле да одберат.

Да потсетиме дека компанијата ЕПТИСА, истата оваа влада на ДУИ и СДС во 2020 ја прогласила со одлука како неетичка и компанија која ги прекршува законите и како таква не и дале препорака за понатамошна соработка.

Исто така дел од конзорциумот се и две компании од Македонија кои се скандалозни сами по себе. Едната,  Електра Солишн, исто така дел од Конзорциумот е фирма на синот на Сотир Ампов, кој преку Институт за патишта Велес беше дел од Конзорциумот ИГХ кој првично го добил тендерот, а е поништен поради сомнежи за руско потекло на нивниот капитал. Сега фирмата на синот на Ампов, кој бил вмешан во руска шема е дел од новиот Конзорциум за надзор. Втората, Евро Консалтинг, фирма на Бранимир Димитријевиќ, кој во Ерменија е гонет за коруптивни скандали.

Се на куп како во филм, вмешаност на руски капитал, корупција во Ерменија, кинеска компанија и Артан Груби и главна споредна улога за Ковачевски.Јавното обвинителство не смее да молчи и да замижува пред ваков скандал. Овде не да мириса, овде смрди на корупција.

The post Дали овие Кинези кои ја раководат Ептиса личат на Шпанци? appeared first on Република.

]]>

Шаонин Жу, потпретседател на бордот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра. Тие велеа дека компанијата е Шпанска, а всушнопст самата компанија кажува дека е од Кина, објавува ВМРО-ДПМНЕ. Дали овие Кинези личат на Шпанци кои ја раководат Ептиса која Груби и Ковачевски ја одбраа? Ова е единствен случај во светот каде Кинеска компанија ќе контролира американски гигант, за какви криминални врски станува збор со владата на Груби и Ковачевски?
Артан Груби нервозно се вади од скандалот со изборот на компанија која ќе врши надзор на изградбата на коридорите и така уште повеќе се заглавува во живата песок. Имено компанијата ЕПТИСА која Груби и Ковачевски ја избрале на тендер како дел од конзорциум со уште поскандалозни македонски компании,  е всушност КИНЕСКА компанија. Груби и Ковачевски се единствениот тандем во светот кој што избрале кинеска компанија да врши надзор на американска компанија.
Толку од прозападната ориентација на Груби и Ковачевски. Поисточно од кинеска компанија и поисточен капитал не можеле да одберат. Да потсетиме дека компанијата ЕПТИСА, истата оваа влада на ДУИ и СДС во 2020 ја прогласила со одлука како неетичка и компанија која ги прекршува законите и како таква не и дале препорака за понатамошна соработка. Исто така дел од конзорциумот се и две компании од Македонија кои се скандалозни сами по себе. Едната,  Електра Солишн, исто така дел од Конзорциумот е фирма на синот на Сотир Ампов, кој преку Институт за патишта Велес беше дел од Конзорциумот ИГХ кој првично го добил тендерот, а е поништен поради сомнежи за руско потекло на нивниот капитал. Сега фирмата на синот на Ампов, кој бил вмешан во руска шема е дел од новиот Конзорциум за надзор. Втората, Евро Консалтинг, фирма на Бранимир Димитријевиќ, кој во Ерменија е гонет за коруптивни скандали.
Се на куп како во филм, вмешаност на руски капитал, корупција во Ерменија, кинеска компанија и Артан Груби и главна споредна улога за Ковачевски.Јавното обвинителство не смее да молчи и да замижува пред ваков скандал. Овде не да мириса, овде смрди на корупција.

The post Дали овие Кинези кои ја раководат Ептиса личат на Шпанци? appeared first on Република.

]]>
Груби е потонат до гуша во криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-e-potonat-do-gusha-vo-kriminal/ Thu, 09 Mar 2023 08:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=617556

Артан Груби е потонат до гуша во корупција и криминал. Тој брани тендер кој смрди на наместена работа за Конзорциумот воден од ИРД, а во состав на ЕПТИСА, Електра Солушн и Евро Консалтинг, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Груби не кажа, зошто е продолжуван рокот за поднесување на пријави во моментот кога Електра Солушн добива лиценца, ниту пак зошто е избришан условот фирмите да имаат позитивни биланси во последните 3 години, и оставен услов само да достават биланси, па макар истите биле и згаубари, како што е случајот со ЕПТИСА, велат оттаму

Груби не успеа да ја увери јавноста дека огласот не е продолжен и не се намалени критериумите за учество за ИРД – ЕПТИСА-Електра Солушн- Евро Консалтинг да го добијат тендерот.

Груби не кажа ниту збор зошто надзорот и правниот советник за трансакции се ставени во еден ист оглас? Зошто е дозволено надзорот, да го преговара и состави договорот со изведувачот, кој самиот треба подоцна да го контролира?

Груби не ја увери јавноста дека не прави криминал од 22 милиони евра со надзорот за изградба на Коридорите 8 и 10д, ниту пак ја увери јавноста дека не го компромитира целиот процес, вклучувајќи компромитација и на странските фирми изведувачи со реноме.

Груби фрли коруптивна дамка на целиот процес, и тој нервозно и хистерично се брани со напад врз новинарите.

Груби е против Албанците затоа што ги краде и нив и сите граѓани на Македонија.

Разбираме зошто е нервозен Груби, и треба да биде, зошто знае дека доаѓа одговорност, за секоја една незаконитост

The post Груби е потонат до гуша во криминал appeared first on Република.

]]>

Артан Груби е потонат до гуша во корупција и криминал. Тој брани тендер кој смрди на наместена работа за Конзорциумот воден од ИРД, а во состав на ЕПТИСА, Електра Солушн и Евро Консалтинг, тврди ВМРО-ДПМНЕ. Груби не кажа, зошто е продолжуван рокот за поднесување на пријави во моментот кога Електра Солушн добива лиценца, ниту пак зошто е избришан условот фирмите да имаат позитивни биланси во последните 3 години, и оставен услов само да достават биланси, па макар истите биле и згаубари, како што е случајот со ЕПТИСА, велат оттаму
Груби не успеа да ја увери јавноста дека огласот не е продолжен и не се намалени критериумите за учество за ИРД – ЕПТИСА-Електра Солушн- Евро Консалтинг да го добијат тендерот.
Груби не кажа ниту збор зошто надзорот и правниот советник за трансакции се ставени во еден ист оглас? Зошто е дозволено надзорот, да го преговара и состави договорот со изведувачот, кој самиот треба подоцна да го контролира? Груби не ја увери јавноста дека не прави криминал од 22 милиони евра со надзорот за изградба на Коридорите 8 и 10д, ниту пак ја увери јавноста дека не го компромитира целиот процес, вклучувајќи компромитација и на странските фирми изведувачи со реноме. Груби фрли коруптивна дамка на целиот процес, и тој нервозно и хистерично се брани со напад врз новинарите. Груби е против Албанците затоа што ги краде и нив и сите граѓани на Македонија. Разбираме зошто е нервозен Груби, и треба да биде, зошто знае дека доаѓа одговорност, за секоја една незаконитост

The post Груби е потонат до гуша во криминал appeared first on Република.

]]>
Ковачевски и Груби со молчење се бранат за тендерот тежок 22 милиони евра на сомнителна фирма https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-grubi-so-molchene-se-branat-za-tenderot-tezhok-22-milioni-evra-na-somnitelna-firma/ Tue, 07 Mar 2023 08:00:04 +0000 https://republika.mk/?p=616691

После скандалот со изборот на компанија ЕПТИСА тежок 22 милиони евра сите владини функционери бегаат од одговори. Бегаат затоа што се фатени во тешка корупција. Одеднаш мачка им го изеде јазикот. Ковачевски се прави како да не е од тука, Груби се крие, а министерството за финансии молчи.

Владата на Ковачевски и Груби доделува тендер за надзор на изградба на коридорите 8 и 10  на компанија за која истата влада во 2020 година донела Одлука со која се препорачува до институциите да не ја ангажираат затоа што работи несоодветно и незаконски, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на Ковачевски и Груби во текот на јавниот повик за овој тендер тежок 22 милиони евра ги менува роковите и условите и го доделува тендерот на ЕПТИСА иако истата во 3 години прикажува милионски загуби.

Владата на Ковачевски и Груби овој вносен бизнис му го доделува на ЕПТИСА која настапува заедно со компанија од Македонија која е тесно поврзана со компанијата која што го доби претходно надзорот, а која беше посочувана дека има врска со руски капитал. Впрочем самиот Груби го правдаше поништувањето на истиот тендер токму со овие аргументи.

Дали Ковачевски и Груби овие вратоломии ги прават од лукративни и лични интереси?

Јавното обвинителство треба да се одважи и да отвори постапка. Овде се работи за сериозен сомнеж за криминал и корупција.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanovski-stojanoski-obvinitelstvoto-itno-da-otvori-istraga-za-nadzorot-vreden-22-milioni-evra/

The post Ковачевски и Груби со молчење се бранат за тендерот тежок 22 милиони евра на сомнителна фирма appeared first on Република.

]]>

После скандалот со изборот на компанија ЕПТИСА тежок 22 милиони евра сите владини функционери бегаат од одговори. Бегаат затоа што се фатени во тешка корупција. Одеднаш мачка им го изеде јазикот. Ковачевски се прави како да не е од тука, Груби се крие, а министерството за финансии молчи. Владата на Ковачевски и Груби доделува тендер за надзор на изградба на коридорите 8 и 10  на компанија за која истата влада во 2020 година донела Одлука со која се препорачува до институциите да не ја ангажираат затоа што работи несоодветно и незаконски, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Владата на Ковачевски и Груби во текот на јавниот повик за овој тендер тежок 22 милиони евра ги менува роковите и условите и го доделува тендерот на ЕПТИСА иако истата во 3 години прикажува милионски загуби.
Владата на Ковачевски и Груби овој вносен бизнис му го доделува на ЕПТИСА која настапува заедно со компанија од Македонија која е тесно поврзана со компанијата која што го доби претходно надзорот, а која беше посочувана дека има врска со руски капитал. Впрочем самиот Груби го правдаше поништувањето на истиот тендер токму со овие аргументи.
Дали Ковачевски и Груби овие вратоломии ги прават од лукративни и лични интереси? Јавното обвинителство треба да се одважи и да отвори постапка. Овде се работи за сериозен сомнеж за криминал и корупција. https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanovski-stojanoski-obvinitelstvoto-itno-da-otvori-istraga-za-nadzorot-vreden-22-milioni-evra/

The post Ковачевски и Груби со молчење се бранат за тендерот тежок 22 милиони евра на сомнителна фирма appeared first on Република.

]]>
Дали тендерските услови за коридорите 8 и 10, се менувани токму за ЕПТИСА, од страна на Ковачевски и Груби? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-tenderskite-uslovi-za-koridorite-8-i-10-se-menuvani-tokmu-za-eptisa-od-strana-na-kovachevski-i-grubi/ Mon, 06 Mar 2023 07:40:31 +0000 https://republika.mk/?p=616249

Ковачевски и Груби, седум дена пред истекот на рокот за поднесување на понудите од страна на заинтересираните фирми за вршење на надзорот тежок 22 милиони евра,  го продолжуваат рокот од 17.10.2022 на 25.10.2022, односно за цели 8 дена.

Ова не е единствена измена, покрај продолжување на рокот за поднесување, изменет е и условот со кој се бара понудувачот да приложи извештај, за билансна состојба и податоци од биланси за 2019, 2020 и 2021 година, кои треба да бидат позитивни и да бидат издадени, од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-gi-izmeni-tenderskite-uslovi-za-koridorite-8-i-10d-za-da-go-namesti-22-milionskiot-tender-za-eptisa/

Со измената се брише позитивни и се бараат само билансни состојби, но не и позитивни, туку тие може да бидат и негативни, т.е. фирмата која ќе го земе 22 милионскиот тендер, за надзор, владата смета дека може да биде и во загуба 3 финансиски години по ред, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека овие измени се направени во прилог на фирмата ЕПТИСА, која на крај и го добива тендерот од 22 милиони евра, а која 3 години по ред работи во минус.

Со менувањето на условот, понудувачите да не треба да имаат позитивни биланси последните 3 финансиски години, се отвора можност фирмата ЕПТИСА да учествува. Понатаму, истата таа на 01.12.2022 е избрана како добитник на тендерот тежок 22 милиони евра.

Овој криминал тежок 22 милиони евра, се прави пред очите на граѓаните, кои пак, секојдневно се борат со високите цени на сите производи, инфлација од 20% и борбата за парче леб.

Од друга страна, оние што треба да го гонат криминалот, односно ЈО, упорно молчат и се однесуваат како да не се на страна на граѓаните, туку од страната на криминалците, кои  секојдневно го крадат народот.

The post Дали тендерските услови за коридорите 8 и 10, се менувани токму за ЕПТИСА, од страна на Ковачевски и Груби? appeared first on Република.

]]>

Ковачевски и Груби, седум дена пред истекот на рокот за поднесување на понудите од страна на заинтересираните фирми за вршење на надзорот тежок 22 милиони евра,  го продолжуваат рокот од 17.10.2022 на 25.10.2022, односно за цели 8 дена. Ова не е единствена измена, покрај продолжување на рокот за поднесување, изменет е и условот со кој се бара понудувачот да приложи извештај, за билансна состојба и податоци од биланси за 2019, 2020 и 2021 година, кои треба да бидат позитивни и да бидат издадени, од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-gi-izmeni-tenderskite-uslovi-za-koridorite-8-i-10d-za-da-go-namesti-22-milionskiot-tender-za-eptisa/ Со измената се брише позитивни и се бараат само билансни состојби, но не и позитивни, туку тие може да бидат и негативни, т.е. фирмата која ќе го земе 22 милионскиот тендер, за надзор, владата смета дека може да биде и во загуба 3 финансиски години по ред, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека овие измени се направени во прилог на фирмата ЕПТИСА, која на крај и го добива тендерот од 22 милиони евра, а која 3 години по ред работи во минус.
Со менувањето на условот, понудувачите да не треба да имаат позитивни биланси последните 3 финансиски години, се отвора можност фирмата ЕПТИСА да учествува. Понатаму, истата таа на 01.12.2022 е избрана како добитник на тендерот тежок 22 милиони евра. Овој криминал тежок 22 милиони евра, се прави пред очите на граѓаните, кои пак, секојдневно се борат со високите цени на сите производи, инфлација од 20% и борбата за парче леб.