ЕПП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/epp/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 15:55:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕПП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/epp/ 32 32 Претседателот на ЕПП, во писмо до Рама го оцени инцидентот со Белери како неуспех на државата да гарантира сигурност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelot-na-epp-vo-pismo-do-rama-go-otseni-intsidentot-so-beleri-kako-neuspeh-na-drzhavata-da-garantira-sigurnost/ Fri, 15 Nov 2024 16:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=838225

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, испратил писмо до премиерот на Албанија, Еди Рама, во кое „најостро го осудува инцидентот со вербален и физички напад врз европратеникот на ЕПП, Фреди Белери“, што се случи на 29 октомври за време на посетата на Тирана, на парламентарната комисија.

Инцидентот се случи при пристигнувањето на Белери пред албанскиот Парламент каде се одржуваше 18-тиот состанок на парламентарната Комисија за стабилизација и асоцијација ЕУ-Албанија, кога меѓу 10 пратеници од Европскиот парламент беше и тој, како дел од делегацијата на Европскиот парламент.

Кон него едно лице фрлаше со јајца и јогурт и неколкуте насобрани граѓани извикуваа невредливи зборови, што според Вебер е „неуспех на државата да гарантира сигурност и бара преземање остри мерки“.

Во писмото Вебер наведува дека европратеникот, кој имал дипломатски статус на член на делегацијата на Европскиот парламент, бил вербално и физички нападнат од демонстрант пред албанскиот Парламент. Тој посочува дека не биле преземени мерки за да се спречи овој срамен напад кој се случи среде официјална мисија.

Овој инцидент е знак за очигледен недостиг на државна заштита, бидејќи овој напад, доколку од албанската држава биле преземени соодветни безбедносни мерки, можел да се спречи. Вербалниот и физичкиот напад на господинот Белери пред Парламентот на Албанија претставува неуспех на државата домаќин да ја гарантира безбедноста и интегритетот на избраниот претставник на граѓаните на Европската унија за време на официјална мисија. Овој инцидент е спротивен на меѓународните насоки за дипломатски односи кои бараат заштита на дипломатските претставници за време на нивните мисии, се наведува во писмото.

На крајот од писмото, Вебер го повикува премиерот Рама да се погрижи такви инциденти да не се повторат во иднина и да ги почитува меѓународните обврски на Албанија, како дел од процесот за членство во Европската унија.

Фреди Белери (52), кој е припадник на грчкото малцинство во Албанија, кој беше уапсен два дена пред изборите што се одржаа на 14 мај минатата година, доби двегодишна затворска казна, а на почетокот на септември доби условно ослободување од затвор.

Иако во притвор тој беше реизбран за градоначалник на јужното албанско приморско гратче Химара, не даде заклетва во предвидениот законски рок, по што беа спроведени дополнителни избори.

Тој во јуни годинава беше избран на конзервативната листа на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за европратеник во Парламентот на ЕУ, чија инаугуративна седница беше во средината на јули, на која присуствуваше со претходна дозвола на затворот.

The post Претседателот на ЕПП, во писмо до Рама го оцени инцидентот со Белери како неуспех на државата да гарантира сигурност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, испратил писмо до премиерот на Албанија, Еди Рама, во кое „најостро го осудува инцидентот со вербален и физички напад врз европратеникот на ЕПП, Фреди Белери“, што се случи на 29 октомври за време на посетата на Тирана, на парламентарната комисија. Инцидентот се случи при пристигнувањето на Белери пред албанскиот Парламент каде се одржуваше 18-тиот состанок на парламентарната Комисија за стабилизација и асоцијација ЕУ-Албанија, кога меѓу 10 пратеници од Европскиот парламент беше и тој, како дел од делегацијата на Европскиот парламент. Кон него едно лице фрлаше со јајца и јогурт и неколкуте насобрани граѓани извикуваа невредливи зборови, што според Вебер е „неуспех на државата да гарантира сигурност и бара преземање остри мерки“. Во писмото Вебер наведува дека европратеникот, кој имал дипломатски статус на член на делегацијата на Европскиот парламент, бил вербално и физички нападнат од демонстрант пред албанскиот Парламент. Тој посочува дека не биле преземени мерки за да се спречи овој срамен напад кој се случи среде официјална мисија.
Овој инцидент е знак за очигледен недостиг на државна заштита, бидејќи овој напад, доколку од албанската држава биле преземени соодветни безбедносни мерки, можел да се спречи. Вербалниот и физичкиот напад на господинот Белери пред Парламентот на Албанија претставува неуспех на државата домаќин да ја гарантира безбедноста и интегритетот на избраниот претставник на граѓаните на Европската унија за време на официјална мисија. Овој инцидент е спротивен на меѓународните насоки за дипломатски односи кои бараат заштита на дипломатските претставници за време на нивните мисии, се наведува во писмото.
На крајот од писмото, Вебер го повикува премиерот Рама да се погрижи такви инциденти да не се повторат во иднина и да ги почитува меѓународните обврски на Албанија, како дел од процесот за членство во Европската унија. Фреди Белери (52), кој е припадник на грчкото малцинство во Албанија, кој беше уапсен два дена пред изборите што се одржаа на 14 мај минатата година, доби двегодишна затворска казна, а на почетокот на септември доби условно ослободување од затвор. Иако во притвор тој беше реизбран за градоначалник на јужното албанско приморско гратче Химара, не даде заклетва во предвидениот законски рок, по што беа спроведени дополнителни избори. Тој во јуни годинава беше избран на конзервативната листа на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за европратеник во Парламентот на ЕУ, чија инаугуративна седница беше во средината на јули, на која присуствуваше со претходна дозвола на затворот.

The post Претседателот на ЕПП, во писмо до Рама го оцени инцидентот со Белери како неуспех на државата да гарантира сигурност appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-fokusirani-sme-na-realizatsija-na-reformite-i-na-napredokot-na-evropskiot-pat/ Thu, 07 Nov 2024 15:45:25 +0000 https://republika.mk/?p=835239

Спроведувањето на реформската агенда е пат без алтернатива, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“ во Брисел.

Говорејќи на панел дискусија посветена на проширувањето на ЕУ, Димитриеска-Кочоска потенцира дека Владата за пет месеци не може да го надомести она што е пропуштено во изминатите седум години, период во кој, како што рече, се вратени многу средства кон ЕУ фондови поради нереализирање на проекти.

Фокусирани сме на реализација на утврдените задачи. Тука сме не само да кажеме, туку и да покажеме пред европските држави дека сакаме да бидеме дел од ЕУ семејството. Ако земјите од ЕУ се силни и ние сме силни. Малите земји ве следат. Кога сте вие силни не мотивирате нас да работиме повеќе. Бидете силни, работете на соработка и поттикнете ги малите земји да се силни, посочи Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека реформската агенда за реализација на Планот за раст е многу важна и се однесува на значајни реформи во јавната администрација и управување со јавните финансии, дигитална и енергетска транзиција, човечки капитал, деловно опкружување и владеење на правото.

Особен осврт направи на реформите во областа на управувањето со јавните финансии, при што потенцира дека се стремиме да управуваме со јавните финансии на начин што обезбедува ефикасно спроведување на политиките, подобрена финансиска дисциплина, добро управување со фискалните ризици и зајакната фискална одржливост.

За време на престојот во Брисел Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а имаше состанок и со претставници од Европската народна партија ( ЕПП).

The post Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат appeared first on Република.

]]>

Спроведувањето на реформската агенда е пат без алтернатива, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“ во Брисел. Говорејќи на панел дискусија посветена на проширувањето на ЕУ, Димитриеска-Кочоска потенцира дека Владата за пет месеци не може да го надомести она што е пропуштено во изминатите седум години, период во кој, како што рече, се вратени многу средства кон ЕУ фондови поради нереализирање на проекти.
Фокусирани сме на реализација на утврдените задачи. Тука сме не само да кажеме, туку и да покажеме пред европските држави дека сакаме да бидеме дел од ЕУ семејството. Ако земјите од ЕУ се силни и ние сме силни. Малите земји ве следат. Кога сте вие силни не мотивирате нас да работиме повеќе. Бидете силни, работете на соработка и поттикнете ги малите земји да се силни, посочи Димитриеска-Кочоска.
Таа додаде дека реформската агенда за реализација на Планот за раст е многу важна и се однесува на значајни реформи во јавната администрација и управување со јавните финансии, дигитална и енергетска транзиција, човечки капитал, деловно опкружување и владеење на правото. Особен осврт направи на реформите во областа на управувањето со јавните финансии, при што потенцира дека се стремиме да управуваме со јавните финансии на начин што обезбедува ефикасно спроведување на политиките, подобрена финансиска дисциплина, добро управување со фискалните ризици и зајакната фискална одржливост. За време на престојот во Брисел Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а имаше состанок и со претставници од Европската народна партија ( ЕПП).

The post Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат appeared first on Република.

]]>
Успехот на ЕПП ја нагласува важноста на вредностите што колективно ги поддржуваме: Мицкоски ја честита победата на ЕПП на изборите за Европскиот Парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uspehot-na-epp-ja-naglasuva-vazhnosta-na-vrednostite-shto-kolektivno-gi-poddrzhuvame-mitskoski-ja-chestita-pobedata-na-epp-na-izborite-za-evropskiot-parlament/ Mon, 10 Jun 2024 15:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=786293

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно и честита на Европската народна партија (ЕПП) за одличните резултати остварени на изборите за Европскиот Парламент.

Во име на ВМРО-ДПМНЕ, со задоволство можам да упатам најтопли честитки до Европската народна партија за извонредната победа на изборите за Европскиот парламент. Ова извонредно достигнување ја одразува непоколебливата поддршка и доверба што европските граѓани ја имаат во лидерството и посветеноста на ЕПП за обединета и просперитетна Европа.

Успехот на ЕПП е важна пресвртница, што ја нагласува важноста на вредностите што колективно ги поддржуваме. ВМРО-ДПМНЕ е желна да ја продолжи нашата блиска соработка со ЕПП, работејќи заедно за да се справиме со итни предизвици со кои се соочува нашиот континент и да промовираме мир, стабилност, добро владеење и економски раст, се наведува во честитката на Мицкоски.

The post Успехот на ЕПП ја нагласува важноста на вредностите што колективно ги поддржуваме: Мицкоски ја честита победата на ЕПП на изборите за Европскиот Парламент appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно и честита на Европската народна партија (ЕПП) за одличните резултати остварени на изборите за Европскиот Парламент.
Во име на ВМРО-ДПМНЕ, со задоволство можам да упатам најтопли честитки до Европската народна партија за извонредната победа на изборите за Европскиот парламент. Ова извонредно достигнување ја одразува непоколебливата поддршка и доверба што европските граѓани ја имаат во лидерството и посветеноста на ЕПП за обединета и просперитетна Европа.   Успехот на ЕПП е важна пресвртница, што ја нагласува важноста на вредностите што колективно ги поддржуваме. ВМРО-ДПМНЕ е желна да ја продолжи нашата блиска соработка со ЕПП, работејќи заедно за да се справиме со итни предизвици со кои се соочува нашиот континент и да промовираме мир, стабилност, добро владеење и економски раст, се наведува во честитката на Мицкоски.

The post Успехот на ЕПП ја нагласува важноста на вредностите што колективно ги поддржуваме: Мицкоски ја честита победата на ЕПП на изборите за Европскиот Парламент appeared first on Република.

]]>
Евроизбори: ЕПП освои 181 пратеник, пред социјалдемократите со 135 и либералите со 82 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evroizbori-epp-osvoi-181-pratenik-pred-sotsijaldemokratite-so-135-i-liberalite-so-82/ Sun, 09 Jun 2024 19:34:27 +0000 https://republika.mk/?p=786004

Десно центристичката Европска народна партија (ЕПП) ќе остане најбројна политичка групација во Европскиот парламент со освоени 181 пратеничко место, пред лево центристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 135 европратеници, покажуваат излезните анкети од европските избори што се одржаа од четвртокот до денеска во 27-те земји членки на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, трета политичка сила остануваат либералите со 82 мандати, пред десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 71 и екстремно десничарска групација Идентитет и демократија (ИД) со 62 места. Блокот на Зелените и Европска слободна алијанса (ЕФА) освои меѓу 53 европратеници, а Левицата 34 места.

Останатите 101 мандат во 720-члениот Европарламент им припаднаа на партиите што не се членки на ниту една европска група се очекува да освојат околу 55 места. Меѓу нив се и екстремно десничарската Алтернативата за Германија (АФД), италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди (М5С), национал-конзервативната и десно популистичка Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, лево популистичката и националистичка Насока-Социјална демократија (Смер-СД) на словачкиот премиерот Роберт Фицо, социјалдемократската Глас-Социјална демократија (Хлас) на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини и германската левичарска и популистичка Алијанса на Зара Вагенкнехт (БСВ).

Ваквите резултати ги зголемуваат шансите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е „шпиценкандидатка“ на ЕПП, за реизбор на функцијата.

The post Евроизбори: ЕПП освои 181 пратеник, пред социјалдемократите со 135 и либералите со 82 appeared first on Република.

]]>

Десно центристичката Европска народна партија (ЕПП) ќе остане најбројна политичка групација во Европскиот парламент со освоени 181 пратеничко место, пред лево центристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 135 европратеници, покажуваат излезните анкети од европските избори што се одржаа од четвртокот до денеска во 27-те земји членки на ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, трета политичка сила остануваат либералите со 82 мандати, пред десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 71 и екстремно десничарска групација Идентитет и демократија (ИД) со 62 места. Блокот на Зелените и Европска слободна алијанса (ЕФА) освои меѓу 53 европратеници, а Левицата 34 места. Останатите 101 мандат во 720-члениот Европарламент им припаднаа на партиите што не се членки на ниту една европска група се очекува да освојат околу 55 места. Меѓу нив се и екстремно десничарската Алтернативата за Германија (АФД), италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди (М5С), национал-конзервативната и десно популистичка Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, лево популистичката и националистичка Насока-Социјална демократија (Смер-СД) на словачкиот премиерот Роберт Фицо, социјалдемократската Глас-Социјална демократија (Хлас) на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини и германската левичарска и популистичка Алијанса на Зара Вагенкнехт (БСВ). Ваквите резултати ги зголемуваат шансите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е „шпиценкандидатка“ на ЕПП, за реизбор на функцијата.

The post Евроизбори: ЕПП освои 181 пратеник, пред социјалдемократите со 135 и либералите со 82 appeared first on Република.

]]>
ЕПП ќе остане најмоќна политичка група во ЕП што ги зголемува шансите на Фон дер Лајен за втор мандат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/epp-ke-ostane-najmokna-politichka-grupa-vo-ep-shto-gi-zgolemuva-shansite-na-fon-der-lajen-za-vtor-mandat/ Sun, 09 Jun 2024 18:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=785997

Европска народна партија (ЕПП) чиј кандидат за нов мандат за претседател на Европската комисија е Урсула фон дер Лајен, се движи кон победа на изборите за Европскиот парламент, покажуваат првичните резултати што ги објавија германските радиодифузери АРД и ЗДФ.

ЕПП би можела да заврши со околу 180 од вкупно 720 места во новиот состав на Европски парламент, што е стабилен резултат во споредба со изборите во 2019 година кога освои 176.

Резултатот ги зајакнување шансите на Фон дер Лајен за уште еден мандат како претседател на Европската комисија.

Втора најсилна група и во новиот парламентарен состав остануваат централно-левичарските социјалдемократи, кои би можеле да завршат со околу 135 пратеници. По нив ќе бидат либералите, со освоени меѓу 81 и 87 места, што е дваесетина пратеници помалку од досега.

Екстремната десница Идентитет и демократија (ИД) ќе добие околу 70 места, а помалку радикалната, но евроскептична група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) ќе има нешто помалку од 80 пратеници.

Зелените ќе забележат значителен пад, со освоени помалку од 60 места во Европскиот парламент.

Во новиот состав на ЕП пратеници ќе има и екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која ќе биде претставувана како независна партија, бидејќи непосредно пред европските избори беше исклучена од групата ИД.

Генерално, десничарските партии веројатно ќе постигнат најголем изборен успех досега.

The post ЕПП ќе остане најмоќна политичка група во ЕП што ги зголемува шансите на Фон дер Лајен за втор мандат appeared first on Република.

]]>

Европска народна партија (ЕПП) чиј кандидат за нов мандат за претседател на Европската комисија е Урсула фон дер Лајен, се движи кон победа на изборите за Европскиот парламент, покажуваат првичните резултати што ги објавија германските радиодифузери АРД и ЗДФ. ЕПП би можела да заврши со околу 180 од вкупно 720 места во новиот состав на Европски парламент, што е стабилен резултат во споредба со изборите во 2019 година кога освои 176. Резултатот ги зајакнување шансите на Фон дер Лајен за уште еден мандат како претседател на Европската комисија. Втора најсилна група и во новиот парламентарен состав остануваат централно-левичарските социјалдемократи, кои би можеле да завршат со околу 135 пратеници. По нив ќе бидат либералите, со освоени меѓу 81 и 87 места, што е дваесетина пратеници помалку од досега. Екстремната десница Идентитет и демократија (ИД) ќе добие околу 70 места, а помалку радикалната, но евроскептична група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) ќе има нешто помалку од 80 пратеници. Зелените ќе забележат значителен пад, со освоени помалку од 60 места во Европскиот парламент. Во новиот состав на ЕП пратеници ќе има и екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која ќе биде претставувана како независна партија, бидејќи непосредно пред европските избори беше исклучена од групата ИД. Генерално, десничарските партии веројатно ќе постигнат најголем изборен успех досега.

The post ЕПП ќе остане најмоќна политичка група во ЕП што ги зголемува шансите на Фон дер Лајен за втор мандат appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ќе соработуваме да се тргнат стегите кои ги чувствува Македонија, оној притисок пред се што го имаме од Бугарија да се олабави https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vmro-dpmne-sedi-na-glavnata-masa-so-partnerite-od-evropskata-narodna-partija-dodeka-sdsm-na-vrata-ne-go-pushtaat-da-vleze-2/ Thu, 07 Mar 2024 21:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=752279

Ова е предизборен конгрес на најголемото политичко семејство во Европа, Европската Народна партија од која полноправен и горд член е ВМРО-ДПМНЕ. Горд сум што ВМРО-ДПМНЕ е член на најмоќната политичка сила во Европа од која доаѓаат најголем број на претседатели и премиери на земји од Европската Унија и Европа како и целото раководство на Европската Унија. Најдобар доказ за тоа е што претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен е од Европската Народна партија и истата беше избрана за водач на листата на Европската Народна партија и доколку Европската Народна партија ги освои јунските европски избори повторно ќе биде претседател на Европската комисија што е исклучително значајно за нас како политичка партија и за Македонија - истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вклучување во вестите на телевизија Алфа.

Николоски продолжи и додаде дека Македонија ќе има пријател претседател на Европската комисија.

Имајќи предвид дека ќе имаме пријател претседател на Европската комисија, а од 8 Мај ВМРО-ДПМНЕ ја формира Владата, а исто така и претседателот ќе е од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе соработуваме да се тргнат стегите кои ги чувствува Македонија, оној притисок пред се што го имаме од Бугарија да се олабави, Македонија да си ги заврши домашните задачи и да може да напредува кон Европската Унија. За тоа требаат резултати дома, но требаат и пријатели надвор - кажа Николоски.

Посочи дека оствариле бројни средби со други видни личности и додаде:

Имавме бројни други средби со видни личности. Тука можам да го издвојам канцеларот на Австрија Нехамер, понатака премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, лидерот на најголемата политичка партија во Словенија Јанез Јанша, претседателот на комисијата за надворешна политика на европскиот парламент Дејвид Мекалистер, Јоханес Вадефул кој е еден од првите луѓе на Христијанско демократската унија во Германија, тука е комесарот Јоханес Хан, претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, претседателката на жените на Европската Народна партија, бројни европратеници, министри за надворешни работи, уште неколку премиери со кои се разговараше. Така што навистина една плодна, плодна дводневна посета тука во Букурешт каде се одржува конгресот на Европската Народна партија - вели Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е ценет партнер.

ВМРО-ДПМНЕ е ценет партнер, ВМРО-ДПМНЕ е на главната маса и разговара за разлика од СДСМ кој гледаме на врата не ги пуштаат да влезат на конгресите на Социјалистите и од врата ги враќаат назад - кажа Николоски.

Тој додаде дека СДСМ и нивниот претседател на врата не го пуштаат на прием кај Социјалистите.

Ние седиме на главната маса за разлика од водството на СДСМ почнувајќи со претседателот на СДСМ кој на врата не го пуштија да влезе на прием кај Социјалистите во Рим па тоа го имаше и како скандал во престижниот весник Политико - истакна Николоски.

Николоски истакна дека исто така во Виена ќе имаат средби и додаде:

Во Виена ќе имаме средби со министерката за Европа и за уставни прашања Ештадлер, понатака со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг, со претседателот на стопанската комора на Австрија што за мене е исклучително битно бидејќи има Австриски инвестиции во Македонија и тие треба да продолжат во следниот период и секако тука е средбата со Македонците кои живеат во Австрија со нашата дијаспора, а ќе имаме средба и со еден потенцијален инвеститор кој би дошол да инвестира во Македонија уште во првите 100 дена од новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ - дециден е Николоски.

The post Николоски: Ќе соработуваме да се тргнат стегите кои ги чувствува Македонија, оној притисок пред се што го имаме од Бугарија да се олабави appeared first on Република.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ седи на главната маса со партнерите од Европската Народна партија, додека СДСМ на врата не го пуштаат да влезе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vmro-dpmne-sedi-na-glavnata-masa-so-partnerite-od-evropskata-narodna-partija-dodeka-sdsm-na-vrata-ne-go-pushtaat-da-vleze/ Thu, 07 Mar 2024 12:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=752259

Ова е предизборен конгрес на најголемото политичко семејство во Европа, Европската Народна партија од која полноправен и горд член е ВМРО-ДПМНЕ.

Горд сум што ВМРО-ДПМНЕ е член на најмоќната политичка сила во Европа од која доаѓаат најголем број на претседатели и премиери на земји од Европската Унија и Европа како и целото раководство на Европската Унија. Најдобар доказ за тоа е што претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен е од Европската Народна партија и истата беше избрана за водач на листата на Европската Народна партија и доколку Европската Народна партија ги освои јунските европски избори повторно ќе биде претседател на Европската комисија што е исклучително значајно за нас како политичка партија и за Македонија“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вклучување во вестите на телевизија Алфа.

Потпретседателот Николоски продолжи и додаде дека Македонија ќе има пријател претседател на Европската комисија.

https://www.youtube.com/watch?v=dwgNC47alhk&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

„Имајќи предвид дека ќе имаме пријател претседател на Европската комисија а од 8 Мај ВМРО-ДПМНЕ ја формира Владата а исто така и претседателот ќе е од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе соработуваме да се тргнат стегите кои ги чувствува Македонија, оној притисок пред се што го имаме од Бугарија да се олабави, Македонија да си ги заврши домашните задачи и да може да напредува кон Европската Унија. За тоа требаат резултати дома, но требаат и пријатели надвор“, кажа Николоски.

Потпретседателот Николоски посочи дека оствариле бројни средби со други видни личности и додаде:

„Имавме бројни други средби со видни личности. Тука можам да го издвојам канцеларот на Австрија Нехамер, понатака премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, лидерот на најголемата политичка партија во Словенија Јанез Јанша, претседателот на комисијата за надворешна политика на европскиот парламент Дејвид Мекалистер, Јоханес Вадефул кој е еден од првите луѓе на Христијанско демократската унија во Германија, тука е комесарот Јоханес Хан, претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, претседателката на жените на Европската Народна партија, бројни европратеници, министри за надворешни работи, уште неколку премиери со кои се разговараше. Така што навистина една плодна, плодна дводневна посета тука во Букурешт каде се одржува конгресот на Европската Народна партија“, вели Николоски.

Потпретседателот Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е ценет партнер.

„ВМРО-ДПМНЕ е ценет партнер, ВМРО-ДПМНЕ е на главната маса и разговара за разлика од СДСМ кој гледаме на врата не ги пуштаат да влезат на конгресите на Социјалистите и од врата ги враќаат назад“,  кажа Николоски.

Потпретседателот Николоски додаде дека СДСМ и нивниот претседател на врата не го пуштаат на прием кај Социјалистите.

„Ние седиме на главната маса за разлика од водството на СДСМ почнувајќи со претседателот на СДСМ кој на врата не го пуштија да влезе на прием кај Социјалистите во Рим па тоа го имаше и како скандал во престижниот весник Политико“. истакна Николоски.

Потпретседателот Николоски истакна дека исто така во Виена ќе имаат средби и додаде:

„Во Виена ќе имаме средби со министерката за Европа и за уставни прашања Ештадлер, понатака со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг, со претседателот на стопанската комора на Австрија што за мене е исклучително битно бидејќи има Австриски инвестиции во Македонија и тие треба да продолжат во следниот период и секако тука е средбата со Македонците кои живеат во Австрија со нашата дијаспора, а ќе имаме средба и со еден потенцијален инвеститор кој би дошол да инвестира во Македонија уште во првите 100 дена од новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ“, дециден е Николоски.

The post Николоски: ВМРО-ДПМНЕ седи на главната маса со партнерите од Европската Народна партија, додека СДСМ на врата не го пуштаат да влезе appeared first on Република.

]]>

Ова е предизборен конгрес на најголемото политичко семејство во Европа, Европската Народна партија од која полноправен и горд член е ВМРО-ДПМНЕ. Горд сум што ВМРО-ДПМНЕ е член на најмоќната политичка сила во Европа од која доаѓаат најголем број на претседатели и премиери на земји од Европската Унија и Европа како и целото раководство на Европската Унија. Најдобар доказ за тоа е што претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен е од Европската Народна партија и истата беше избрана за водач на листата на Европската Народна партија и доколку Европската Народна партија ги освои јунските европски избори повторно ќе биде претседател на Европската комисија што е исклучително значајно за нас како политичка партија и за Македонија“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вклучување во вестите на телевизија Алфа. Потпретседателот Николоски продолжи и додаде дека Македонија ќе има пријател претседател на Европската комисија. https://www.youtube.com/watch?v=dwgNC47alhk&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
„Имајќи предвид дека ќе имаме пријател претседател на Европската комисија а од 8 Мај ВМРО-ДПМНЕ ја формира Владата а исто така и претседателот ќе е од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе соработуваме да се тргнат стегите кои ги чувствува Македонија, оној притисок пред се што го имаме од Бугарија да се олабави, Македонија да си ги заврши домашните задачи и да може да напредува кон Европската Унија. За тоа требаат резултати дома, но требаат и пријатели надвор“, кажа Николоски.
Потпретседателот Николоски посочи дека оствариле бројни средби со други видни личности и додаде:
„Имавме бројни други средби со видни личности. Тука можам да го издвојам канцеларот на Австрија Нехамер, понатака премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, лидерот на најголемата политичка партија во Словенија Јанез Јанша, претседателот на комисијата за надворешна политика на европскиот парламент Дејвид Мекалистер, Јоханес Вадефул кој е еден од првите луѓе на Христијанско демократската унија во Германија, тука е комесарот Јоханес Хан, претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, претседателката на жените на Европската Народна партија, бројни европратеници, министри за надворешни работи, уште неколку премиери со кои се разговараше. Така што навистина една плодна, плодна дводневна посета тука во Букурешт каде се одржува конгресот на Европската Народна партија“, вели Николоски.
Потпретседателот Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е ценет партнер. „ВМРО-ДПМНЕ е ценет партнер, ВМРО-ДПМНЕ е на главната маса и разговара за разлика од СДСМ кој гледаме на врата не ги пуштаат да влезат на конгресите на Социјалистите и од врата ги враќаат назад“,  кажа Николоски. Потпретседателот Николоски додаде дека СДСМ и нивниот претседател на врата не го пуштаат на прием кај Социјалистите. „Ние седиме на главната маса за разлика од водството на СДСМ почнувајќи со претседателот на СДСМ кој на врата не го пуштија да влезе на прием кај Социјалистите во Рим па тоа го имаше и како скандал во престижниот весник Политико“. истакна Николоски. Потпретседателот Николоски истакна дека исто така во Виена ќе имаат средби и додаде:
„Во Виена ќе имаме средби со министерката за Европа и за уставни прашања Ештадлер, понатака со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг, со претседателот на стопанската комора на Австрија што за мене е исклучително битно бидејќи има Австриски инвестиции во Македонија и тие треба да продолжат во следниот период и секако тука е средбата со Македонците кои живеат во Австрија со нашата дијаспора, а ќе имаме средба и со еден потенцијален инвеститор кој би дошол да инвестира во Македонија уште во првите 100 дена од новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ“, дециден е Николоски.

The post Николоски: ВМРО-ДПМНЕ седи на главната маса со партнерите од Европската Народна партија, додека СДСМ на врата не го пуштаат да влезе appeared first on Република.

]]>
Мицкоски и Силјановска Давкова на Конгресот на ЕПП во Букурешт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-i-siljanovska-davkova-na-kongresot-na-epp-vo-bukuresht/ Wed, 06 Mar 2024 09:22:55 +0000 https://republika.mk/?p=751799

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски се во дводневна посета на Букурешт, Романија, каде што ќе присуствуваат на двовневниот конгрес на Европската народна партија (ЕПП), соопшти партсиката прес-служба.

Мицкоски денеска во 16 и 50 часот ќе има обраќање пред делегатите на Европската народна партија.

За време на престојот во Букурешт, прдвидено е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да има повеќе билатерални средби со високи европски политички лидери.

На двоневниот конгрес се очекува претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен да биде предложена да ја води листата на ЕПП на престојните избори за Европскиот Парламент.

The post Мицкоски и Силјановска Давкова на Конгресот на ЕПП во Букурешт appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски се во дводневна посета на Букурешт, Романија, каде што ќе присуствуваат на двовневниот конгрес на Европската народна партија (ЕПП), соопшти партсиката прес-служба. Мицкоски денеска во 16 и 50 часот ќе има обраќање пред делегатите на Европската народна партија. За време на престојот во Букурешт, прдвидено е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да има повеќе билатерални средби со високи европски политички лидери. На двоневниот конгрес се очекува претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен да биде предложена да ја води листата на ЕПП на престојните избори за Европскиот Парламент.

The post Мицкоски и Силјановска Давкова на Конгресот на ЕПП во Букурешт appeared first on Република.

]]>
ЕПП сака „поделба“ на функцијата висок претставник за надворешна политика и безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/epp-saka-podelba-na-funktsijata-visok-pretstavnik-za-nadvoreshna-politika-i-bezbednost/ Fri, 19 Jan 2024 08:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=734587

Европската народна партија (ЕПП) сака промена во ресорот за надворешни работи и одбрана во следниот состав на Европската комисија, предлагајќи укинување на сегашната функција висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Ваквата идеја се содржи во Предлог-изборната програма на ЕПП за изборите за Европскиот парламент во јуни годинава, во која се предлага сегашната функција висок претставник за надворешна политика и безбедност да се „подели“ на две – еврокомесар за одбрана и „министер за надворешни работи на ЕУ“.

Предлогот на ЕПП предвидува Европската комисија да добие „поголема улога во одбранбената политика“ со назначување на еврокомесар за одбрана, кој би ги презел надлежностите што сега ги има високиот претставник во делот на безбедноста, како и обврските на еврокомесарот за внатрешен пазар во делот на одбранбената индустрија на ЕУ.

Според предлогот на ЕПП, комесарот за одбрана „подобро ќе ги координира одбранбените прашања во делот на надлежностите на ЕУ, ќе промовира соработка и во исто време ќе обезбедува буџет за одбраната од најмалку 0,5 отсто од БДП на Унијата“. Со таков буџет, според ЕПП, ЕУ ќе „обезбеди ресурси за иновации и за задоволување на воените потреби“ во услови кога мора „да ги засили капацитетите на производителите на вооружување“.

Делот, пак, од надлежностите на високиот претставник во надворешната политика би преминале на вршителот на новата функција „министер за надворешни работи“.

Според правилата на Унијата, еврокомесарите се избираат на тој начин што секоја земја членка номинира по еден од нов, додека предлагањето на високиот претставник за надворешна политика и безбедност, како и на првите луѓе на Европската комисија, на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент е во надлежност на политичките групации.

Во последните мандати на институциите на ЕУ, ЕПП како најбројна политичка група ги предлагаше претседателите на ЕК и на Европарламентот, а Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите, како втора по бројност групација, го номинираше првиот човек за надворешна и безбедносна политика.

Во предлогот на ЕПП, меѓутоа, не се посочува како би се избирал „министерот за надворешни работи“, но се забележува дека „претставниците за надворешна политика досега именувани од социјалдемократите честопати не ја исполнуваат својата улога“.

Идејата за воведување на функцијата еврокомесар за одбрана не е нова. Претходно, тоа го предлагаше и холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен, која доаѓа од редовите на партијата Демократи 66, членка на либералната групација Да ја обновиме Европа, како и шефот на Европската агенција за одбрана (ЕДА), Јиржи Шедиви, номиниран од чешката Граѓанска демократска партија (ОДС), членка на Европската партија на конзервативци и реформисти (ЕЦР).

Во Предлог-изборниот манифест на ЕПП се промовира и идејата за формирање на „Европски совет за безбедност“, кој би имал задача да и овозможи на ЕУ „брзо да реагира на меѓународни кризи и кохерентно да ги следи своите надворешнополитички одлуки“, како и носење на одлуки за надворешната и одбранбената политика во Унијата со квалификувано мнозинство, наместо со консензус

The post ЕПП сака „поделба“ на функцијата висок претставник за надворешна политика и безбедност appeared first on Република.

]]>

Европската народна партија (ЕПП) сака промена во ресорот за надворешни работи и одбрана во следниот состав на Европската комисија, предлагајќи укинување на сегашната функција висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Ваквата идеја се содржи во Предлог-изборната програма на ЕПП за изборите за Европскиот парламент во јуни годинава, во која се предлага сегашната функција висок претставник за надворешна политика и безбедност да се „подели“ на две – еврокомесар за одбрана и „министер за надворешни работи на ЕУ“. Предлогот на ЕПП предвидува Европската комисија да добие „поголема улога во одбранбената политика“ со назначување на еврокомесар за одбрана, кој би ги презел надлежностите што сега ги има високиот претставник во делот на безбедноста, како и обврските на еврокомесарот за внатрешен пазар во делот на одбранбената индустрија на ЕУ. Според предлогот на ЕПП, комесарот за одбрана „подобро ќе ги координира одбранбените прашања во делот на надлежностите на ЕУ, ќе промовира соработка и во исто време ќе обезбедува буџет за одбраната од најмалку 0,5 отсто од БДП на Унијата“. Со таков буџет, според ЕПП, ЕУ ќе „обезбеди ресурси за иновации и за задоволување на воените потреби“ во услови кога мора „да ги засили капацитетите на производителите на вооружување“. Делот, пак, од надлежностите на високиот претставник во надворешната политика би преминале на вршителот на новата функција „министер за надворешни работи“. Според правилата на Унијата, еврокомесарите се избираат на тој начин што секоја земја членка номинира по еден од нов, додека предлагањето на високиот претставник за надворешна политика и безбедност, како и на првите луѓе на Европската комисија, на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент е во надлежност на политичките групации. Во последните мандати на институциите на ЕУ, ЕПП како најбројна политичка група ги предлагаше претседателите на ЕК и на Европарламентот, а Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите, како втора по бројност групација, го номинираше првиот човек за надворешна и безбедносна политика. Во предлогот на ЕПП, меѓутоа, не се посочува како би се избирал „министерот за надворешни работи“, но се забележува дека „претставниците за надворешна политика досега именувани од социјалдемократите честопати не ја исполнуваат својата улога“. Идејата за воведување на функцијата еврокомесар за одбрана не е нова. Претходно, тоа го предлагаше и холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен, која доаѓа од редовите на партијата Демократи 66, членка на либералната групација Да ја обновиме Европа, како и шефот на Европската агенција за одбрана (ЕДА), Јиржи Шедиви, номиниран од чешката Граѓанска демократска партија (ОДС), членка на Европската партија на конзервативци и реформисти (ЕЦР). Во Предлог-изборниот манифест на ЕПП се промовира и идејата за формирање на „Европски совет за безбедност“, кој би имал задача да и овозможи на ЕУ „брзо да реагира на меѓународни кризи и кохерентно да ги следи своите надворешнополитички одлуки“, како и носење на одлуки за надворешната и одбранбената политика во Унијата со квалификувано мнозинство, наместо со консензус

The post ЕПП сака „поделба“ на функцијата висок претставник за надворешна политика и безбедност appeared first on Република.

]]>
Генсекот на ЕПП е убеден Фон дер Лајен ќе биде предложена за втор мандат на чело на Европската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gensekot-na-epp-e-ubeden-fon-der-lajen-ke-bide-predlozhena-za-vtor-mandat-na-chelo-na-evropskata-komisija/ Sat, 02 Dec 2023 08:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=718556

Генералниот секретар на десноцентристичката ЕПП, Танасис Баколас, изјави дека е убеден оти лидерите на членките на Европската народна партија (ЕПП) „ќе ја направат вистинската работа“ и ќе ја поддржат Урсула фон дер Лајен за втор мандат на чело на Европската комисија.

Чувствувам увереност дека 12-те лидери кои седат на масата на Европскиот совет, ќе ја направат вистинската работа и ќе застанат зад вториот мандат на нашата претседателка на Комисијата, истакна Баколас.

Тој порача дека останува да се види и како ќе решат да се однесуваат другите европски политички групации во однос на можната кандидатура на Фон дер Лајен.

ЕПП има намери да се погрижи по следните избори за Европскиот парламент во 2024 година да не се повтори сценариото од 2019 година, додаде Баколас.

Во 2019 година, ЕПП мораше да ја повлече кандидатурата на својот тогашен кандидат за претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, откако тој не доби поддршка од останатите големи политички групации, а францускиот претседател Емануел Макрон дури се закани и со вето на изборот на секој кандидат кој нема да има поддршка од либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), на која и припаѓа и неговата партија „Ренесанса“.

Социјалистите и либералите го сметаат Вебер за премногу конзервативен, па ЕПП се реши место него како компромисно решение да ја предложи Фон дер Лајен, која во тоа време беше германска министерка за одбрана, како поумерена и поблиска до политичкиот центар.

Фон дер Лајен досега одбиваше јавно да се произнесе околу можноста за нејзин втор мандат како претседател на Европската комисија. Нејзиното име се споменува и како можен наследник на Јенс Столтенберг на местото генерален секретар на НАТО, чиј мандат истекува во октомври 2024, исто кога и манадатот на Фон дер Лајен на чело на ЕК.

The post Генсекот на ЕПП е убеден Фон дер Лајен ќе биде предложена за втор мандат на чело на Европската комисија appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на десноцентристичката ЕПП, Танасис Баколас, изјави дека е убеден оти лидерите на членките на Европската народна партија (ЕПП) „ќе ја направат вистинската работа“ и ќе ја поддржат Урсула фон дер Лајен за втор мандат на чело на Европската комисија.
Чувствувам увереност дека 12-те лидери кои седат на масата на Европскиот совет, ќе ја направат вистинската работа и ќе застанат зад вториот мандат на нашата претседателка на Комисијата, истакна Баколас.
Тој порача дека останува да се види и како ќе решат да се однесуваат другите европски политички групации во однос на можната кандидатура на Фон дер Лајен.
ЕПП има намери да се погрижи по следните избори за Европскиот парламент во 2024 година да не се повтори сценариото од 2019 година, додаде Баколас.
Во 2019 година, ЕПП мораше да ја повлече кандидатурата на својот тогашен кандидат за претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, откако тој не доби поддршка од останатите големи политички групации, а францускиот претседател Емануел Макрон дури се закани и со вето на изборот на секој кандидат кој нема да има поддршка од либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), на која и припаѓа и неговата партија „Ренесанса“. Социјалистите и либералите го сметаат Вебер за премногу конзервативен, па ЕПП се реши место него како компромисно решение да ја предложи Фон дер Лајен, која во тоа време беше германска министерка за одбрана, како поумерена и поблиска до политичкиот центар. Фон дер Лајен досега одбиваше јавно да се произнесе околу можноста за нејзин втор мандат како претседател на Европската комисија. Нејзиното име се споменува и како можен наследник на Јенс Столтенберг на местото генерален секретар на НАТО, чиј мандат истекува во октомври 2024, исто кога и манадатот на Фон дер Лајен на чело на ЕК.

The post Генсекот на ЕПП е убеден Фон дер Лајен ќе биде предложена за втор мандат на чело на Европската комисија appeared first on Република.

]]>
Андоновски од Брисел: Местото на Македонија е во Европа, без уцени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-od-brisel-mestoto-na-makedonija-e-vo-evropa-bez-utseni/ Tue, 05 Sep 2023 09:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=678914

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ е во дводневна посета на Брисел, во рамки на активности на Европската народна партија. Како што соопштуваат од партијата, Андоновски присуствува на редовната седмица на Политичкото собрание на Европската народна партија, како подготовка за Конгресот на ЕПП во 2024 година и европските избори. Меѓу другото, Андоновски ќe присуствува и на настани во рамки на Неделата на младите на ЕПП, организирана на неколку локации во Брисел.

На средбите Андоновски ја истакна силната поддршка која ВМРО-ДПМНЕ ја дава на вистинското европеизирање на Балканот, преку воспоставување на јасна стратешка позиција на ЕУ кон регионот. Тоа стратешко позиционирање не смее да биде базирано на националистички барања, уцени, непринципиелни отстапки и национални откажувања. Европеизацијата на целиот регион мора да се основа на вистински европски критериуми и заедничка соработка, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамките на настаните, Андоновски ќе оствари и билатерални средби со претставници на политичките партии од Европската народна партија.

The post Андоновски од Брисел: Местото на Македонија е во Европа, без уцени appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ е во дводневна посета на Брисел, во рамки на активности на Европската народна партија. Како што соопштуваат од партијата, Андоновски присуствува на редовната седмица на Политичкото собрание на Европската народна партија, како подготовка за Конгресот на ЕПП во 2024 година и европските избори. Меѓу другото, Андоновски ќe присуствува и на настани во рамки на Неделата на младите на ЕПП, организирана на неколку локации во Брисел. На средбите Андоновски ја истакна силната поддршка која ВМРО-ДПМНЕ ја дава на вистинското европеизирање на Балканот, преку воспоставување на јасна стратешка позиција на ЕУ кон регионот. Тоа стратешко позиционирање не смее да биде базирано на националистички барања, уцени, непринципиелни отстапки и национални откажувања. Европеизацијата на целиот регион мора да се основа на вистински европски критериуми и заедничка соработка, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Во рамките на настаните, Андоновски ќе оствари и билатерални средби со претставници на политичките партии од Европската народна партија.

The post Андоновски од Брисел: Местото на Македонија е во Европа, без уцени appeared first on Република.

]]>
Мицкоски ја предводи делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ во официјална посета на Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ja-predvodi-delegatsijata-od-vmro-dpmne-vo-ofitsijalna-poseta-na-brisel/ Mon, 26 Jun 2023 08:23:15 +0000 https://republika.mk/?p=655148

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а во состав на потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски денес и утре (26 и 27 јуни) престојува во официјална посета на Брисел, при што ќе оствари средби со голем број високи претставници на ЕУ и ЕПП.

Денес попладне предвиден е состанок и со Симон Морду, главен советник за надворешни работи на Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.Оваа вечер со почеток од 20 часот, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари работна вечера со европратеникот од ЕПП Кристијан Сагарц, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент.

Во вторник делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има работен доручек со Ангелина Еикхорст, директор за Европа во службата за надворешни работи на ЕУ, а потоа е предвидена средба со Патрик Волер, директор за меѓународни односи на ЕПП со почеток од 09 часот.Делегацијата предводена од претседателот Мицкоски ќе оствари средба и со Манфред Вебер, претседател на ЕПП и претседател на парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент.

Во Европскиот парламент делегацијата ќе има средби и со потпретседателот на Европскиот парламент Рајнер Виланд. Ќе имаат средба со Дејвид Мекалистер, потпретседател на ЕПП и претседател на комисијата за надворешна политика на европскиот парламент (АФЕТ).За на крај да завршат со средба со Марион Валсман, потпретседателка на Заедничкиот парламентарен комитет на Делегацијата на ЕУ во Македонија.

The post Мицкоски ја предводи делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ во официјална посета на Брисел appeared first on Република.

]]>

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а во состав на потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски денес и утре (26 и 27 јуни) престојува во официјална посета на Брисел, при што ќе оствари средби со голем број високи претставници на ЕУ и ЕПП. Денес попладне предвиден е состанок и со Симон Морду, главен советник за надворешни работи на Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.Оваа вечер со почеток од 20 часот, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари работна вечера со европратеникот од ЕПП Кристијан Сагарц, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент. Во вторник делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има работен доручек со Ангелина Еикхорст, директор за Европа во службата за надворешни работи на ЕУ, а потоа е предвидена средба со Патрик Волер, директор за меѓународни односи на ЕПП со почеток од 09 часот.Делегацијата предводена од претседателот Мицкоски ќе оствари средба и со Манфред Вебер, претседател на ЕПП и претседател на парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент. Во Европскиот парламент делегацијата ќе има средби и со потпретседателот на Европскиот парламент Рајнер Виланд. Ќе имаат средба со Дејвид Мекалистер, потпретседател на ЕПП и претседател на комисијата за надворешна политика на европскиот парламент (АФЕТ).За на крај да завршат со средба со Марион Валсман, потпретседателка на Заедничкиот парламентарен комитет на Делегацијата на ЕУ во Македонија.

The post Мицкоски ја предводи делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ во официјална посета на Брисел appeared first on Република.

]]>
„Независен“ падна на бугарската пропаганда дека Николоски добил забрана да ги брани Македонците во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nezavisen-padna-na-bugarskata-propaganda-deka-nikoloski-dobil-zabrana-da-gi-brani-makedontsite-vo-bugarija/ Sat, 29 Apr 2023 09:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=635203

Весникот Независен пренесе делови од бугарските медиуми дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски добил забрана за говор во Стразбур. Објавувајќи без да се провери информацијата македонскиот медиум стана гласило на бугарската пропаганда. Имено, уште вчера беше пристигнат демантот во кој ЕПП конта Бугарија и во одбрана на Николоски потврди дека немало никаква забрана за зборување.

https://republika.mk/vesti/makedonija/epp-kontra-bugarija-i-vo-odbrana-na-nikoloski-nema-nikakva-zabrana-za-zboruvane/

Објаснување на случајот побаравме и од групата на ЕПП во ПССЕ, од каде што неофицијално потврдија дека на состанокот имало реакција и расправија, но никој не зборува за суспензија на правото на обраќање во име на групата. Според извори во ПССЕ, претседателот на групата не може да му забрани на потпретседателот да зборува во име на групата.

Николоски во Стразбур имаше говор во кој кажа дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците.

Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, исто како и другите земји кои одбиваат да ги спроведат судските одлуки. Тоа е единствениот пат да се оди напред, побара пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во обраќање на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.

The post „Независен“ падна на бугарската пропаганда дека Николоски добил забрана да ги брани Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Весникот Независен пренесе делови од бугарските медиуми дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски добил забрана за говор во Стразбур. Објавувајќи без да се провери информацијата македонскиот медиум стана гласило на бугарската пропаганда. Имено, уште вчера беше пристигнат демантот во кој ЕПП конта Бугарија и во одбрана на Николоски потврди дека немало никаква забрана за зборување. https://republika.mk/vesti/makedonija/epp-kontra-bugarija-i-vo-odbrana-na-nikoloski-nema-nikakva-zabrana-za-zboruvane/ Објаснување на случајот побаравме и од групата на ЕПП во ПССЕ, од каде што неофицијално потврдија дека на состанокот имало реакција и расправија, но никој не зборува за суспензија на правото на обраќање во име на групата. Според извори во ПССЕ, претседателот на групата не може да му забрани на потпретседателот да зборува во име на групата. Николоски во Стразбур имаше говор во кој кажа дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците.
Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, исто како и другите земји кои одбиваат да ги спроведат судските одлуки. Тоа е единствениот пат да се оди напред, побара пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во обраќање на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.

The post „Независен“ падна на бугарската пропаганда дека Николоски добил забрана да ги брани Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>
ЕПП контра Бугарија и во одбрана на Николоски, нема никаква забрана за зборување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/epp-kontra-bugarija-i-vo-odbrana-na-nikoloski-nema-nikakva-zabrana-za-zboruvane/ Fri, 28 Apr 2023 18:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=635114

Вчера имало состанок на ЕПП каде жестоко на раб на инцидент  Бугарите го нападнале Претседателот на ЕПП зошто му дозволил да зборува Александар Николоски кој побарал санкции против Бугарија поради очигледното кочење и застојот со евроинтеграциите.

Претседателот на ЕПП застанал во одбрана на Николоски одговарајќи дека долги години е тука и дека како потпретседателот на ЕПП има право на говор и ставови кои ги изнесува во име на ЕПП.

Од групата на ЕПП во ПССЕ, неофицијално потврдуваат дека на состанокот имало реакција и расправија, но никој не зборува за суспензија на правото на обраќање во име на групата. Според извори во ПССЕ, претседателот на групата не може да му забрани на потпретседателот да зборува во име на групата.

Николоски во Стразбур имаше говор во кој кажа дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците.

Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, исто како и другите земји кои одбиваат да ги спроведат судските одлуки. Тоа е единствениот пат да се оди напред, побара пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во обраќање на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.

The post ЕПП контра Бугарија и во одбрана на Николоски, нема никаква забрана за зборување appeared first on Република.

]]>

Вчера имало состанок на ЕПП каде жестоко на раб на инцидент  Бугарите го нападнале Претседателот на ЕПП зошто му дозволил да зборува Александар Николоски кој побарал санкции против Бугарија поради очигледното кочење и застојот со евроинтеграциите. Претседателот на ЕПП застанал во одбрана на Николоски одговарајќи дека долги години е тука и дека како потпретседателот на ЕПП има право на говор и ставови кои ги изнесува во име на ЕПП. Од групата на ЕПП во ПССЕ, неофицијално потврдуваат дека на состанокот имало реакција и расправија, но никој не зборува за суспензија на правото на обраќање во име на групата. Според извори во ПССЕ, претседателот на групата не може да му забрани на потпретседателот да зборува во име на групата. Николоски во Стразбур имаше говор во кој кажа дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците. Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, исто како и другите земји кои одбиваат да ги спроведат судските одлуки. Тоа е единствениот пат да се оди напред, побара пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во обраќање на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.  

The post ЕПП контра Бугарија и во одбрана на Николоски, нема никаква забрана за зборување appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен, Мицотакис, Пленковиќ, Мецола: Лидерите од Европската народна партија на состанок во Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-micotakis-plenkovikj-mecola-liderite-od-evropskata-narodna-partija-na-sostanok-vo-atina/ Sat, 03 Dec 2022 12:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=581323

Шефови на држави и влади, опозициски лидери, како и лидери на ЕУ институциите, кои ѝ припаѓаат на Европската народна партија, вчера и денеска, во Атина одржаа неформален состанок, кој како што соопштија од партијата „го покажува единството, тимскиот дух и политичката определба на семејството на ЕПП да се справи со бројните предизвици со кои се соочува Европа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Европската народна партија додаваат дека низ својата долга историја, „го докажале својот капацитет на инклузивен и искрен начин да одговорат на кризи со прагматични решенија“, а сега повеќе од било кога досега, потребен е силен централно-десничарски центар.

Неформалниот собир на лидерите на ЕПП е првиот чекор во креирањето на нашата политичка стратегија за доброто на нашите граѓани и во поглед на следните европски избори. За ЕПП, Европа е важна и затоа што е важна, потребно е зајакнување на Европа на секое ниво. Затоа, ЕПП гради нова и цврста централно- десничарска основа, вкоренета во нашето христијанско- демократско наследство, за да одговори на потребите на сите наши граѓани, соопштија од партијата.

Неформалниот формат бил инициран од новоизбраниот претседател на ЕПП, Манфред Вебер, а првпат домаќин беше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а меѓу другите, учествуваа и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола, претседателите на Романија и Кипар, премиерите на Хрватска и Словачка, како и австрискиот канцелар и италијанскиот министер за надворешни работи.

Претседателот на ЕПП, Вебер на Твитер напиша дека разговарале за целите за 2023 година и почетокот на работата за европските избори во 2024 година, а Мицотакис, исто така преку Твитер, изрази задоволство за можност да разговараат за тоа како можат да ја зајакнат нивната координација во семејството на ЕПП и да работат поблиску за доброто на луѓето.

Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека на состанокот разговарале за стратегијата на партијата и за важни прашања поврзани со иднината на Европската унија, како што се енергетската безбедност, економијата и одбраната.

На маргините на состанокот, Мицотакис одржа билатерални средби со претседателката на ЕК, со претседателот на ЕПП, како и со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија.

The post Фон дер Лајен, Мицотакис, Пленковиќ, Мецола: Лидерите од Европската народна партија на состанок во Атина appeared first on Република.

]]>

Шефови на држави и влади, опозициски лидери, како и лидери на ЕУ институциите, кои ѝ припаѓаат на Европската народна партија, вчера и денеска, во Атина одржаа неформален состанок, кој како што соопштија од партијата „го покажува единството, тимскиот дух и политичката определба на семејството на ЕПП да се справи со бројните предизвици со кои се соочува Европа“, јави дописничката на МИА од Атина. Од Европската народна партија додаваат дека низ својата долга историја, „го докажале својот капацитет на инклузивен и искрен начин да одговорат на кризи со прагматични решенија“, а сега повеќе од било кога досега, потребен е силен централно-десничарски центар.
Неформалниот собир на лидерите на ЕПП е првиот чекор во креирањето на нашата политичка стратегија за доброто на нашите граѓани и во поглед на следните европски избори. За ЕПП, Европа е важна и затоа што е важна, потребно е зајакнување на Европа на секое ниво. Затоа, ЕПП гради нова и цврста централно- десничарска основа, вкоренета во нашето христијанско- демократско наследство, за да одговори на потребите на сите наши граѓани, соопштија од партијата.
Неформалниот формат бил инициран од новоизбраниот претседател на ЕПП, Манфред Вебер, а првпат домаќин беше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а меѓу другите, учествуваа и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола, претседателите на Романија и Кипар, премиерите на Хрватска и Словачка, како и австрискиот канцелар и италијанскиот министер за надворешни работи. Претседателот на ЕПП, Вебер на Твитер напиша дека разговарале за целите за 2023 година и почетокот на работата за европските избори во 2024 година, а Мицотакис, исто така преку Твитер, изрази задоволство за можност да разговараат за тоа како можат да ја зајакнат нивната координација во семејството на ЕПП и да работат поблиску за доброто на луѓето. Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека на состанокот разговарале за стратегијата на партијата и за важни прашања поврзани со иднината на Европската унија, како што се енергетската безбедност, економијата и одбраната. На маргините на состанокот, Мицотакис одржа билатерални средби со претседателката на ЕК, со претседателот на ЕПП, како и со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија.

The post Фон дер Лајен, Мицотакис, Пленковиќ, Мецола: Лидерите од Европската народна партија на состанок во Атина appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Има обиди од една земја членка на Европската Унија да ни го ускрати правото на македонски јазик и да се меша во македонскиот идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ima-obidi-od-edna-zemja-chlenka-na-evropskata-unija-da-ni-go-uskrati-pravoto-na-makedonski-jazik-i-da-se-mesha-vo-makedonskiot-identitet/ Tue, 31 May 2022 17:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=509419

Ова се тешки времиња за нашиот континент, како и за нашиот глобален систем на демократски вредности. Сепак, тешките времиња обично го покажуваат најдоброто кај луѓето, и се надевам дека носителите на политички одлуки ќе разберат дека тешките избори сега, ќе го постават нашиот пат на вистинската траекторија“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конгресот на ЕПП во изјава за телевизијата „Алфа“.

The post Мицкоски: Има обиди од една земја членка на Европската Унија да ни го ускрати правото на македонски јазик и да се меша во македонскиот идентитет appeared first on Република.

Мицкоски од Конгресот на ЕПП: Апелирам до европските лидери да помогнат кон европската перспектива на Западниот Балкан, Македонија, што поскоро да ги почне преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-od-kongresot-na-epp-apeliram-do-evropskite-lideri-da-pomognat-kon-evropskata-perspektiva-na-zapadniot-balkan-makedonija-shto-poskoro-da-gi-pochne-pregovorite/ Tue, 31 May 2022 17:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=509411

Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија кој ја предводи ВМРО ДПМНЕ на Конгресот на ЕПП апелираше до европските лидери да помогнат кон европската перспектива на Западниот Балкан, Македонија, што поскоро да ги почне преговорите.

Неговото обраќање ви го пренесуваме во целост.

Почитувани делегати,

Почитувани членови на претседателството,

На почетокот дозволете ми прво да им се заблагодарам на нашите љубезни домаќини - ЦДА, како и на целиот организациски тим од ЕПП што организираше толку успешен Конгрес. Задоволство е да се биде во Ротердам денес.

Ова се тешки времиња за нашиот континент, како и за нашиот глобален систем на демократски вредности. Сепак, тешките времиња обично го покажуваат најдоброто кај луѓето, и се надевам дека носителите на политички одлуки ќе разберат дека тешките избори сега, ќе го постават нашиот пат на вистинската траекторија.

Ова го зборувам особено во контекст на она со што се соочуваме во Украина и како тоа влијае на Западниот Балкан. Македонците во моментов се соочуваат не со физичка агресија, туку со политичка агресија. Во овој момент има обиди на земја членка на Европската унија да го негира правото на македонски јазик, и да се меша во македонскиот идентитет. Овој тип на однесување е сè освен европски. За жал, нашиот процес на интеграција во ЕУ е со фокус на минатото, наместо на иднината. Ова не е Европа во која јас верувам.

Ние постојано сме посветени на европскиот пат. Многупати во минатото нашата влада не даваше резултати за клучните прашања, особено ако се има предвид владеењето на правото и борбата против корупцијата. Сепак, пред се, нашите граѓани заслужуваат отворање на пристапните преговори. Јас лично ве уверувам дека штом ќе почнат преговорите, новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен фокус на изградбата на одржливи демократски институции кои одговараат на највисоките европски стандарди.

Денеска, стоејќи пред вас, апелирам до присутните лидери да го искористат своето влијание за да помогнат да се даде стабилност и кредибилитет на европската перспектива на Западниот Балкан. Тоа не може да се постигне без Македонија да ги отвори пристапните преговори што е можно поскоро.

Во 21 век, управувањето со држава, подразбира носење тешки одлуки.

Но, само преку вакви одлуки сега, можеме да ја донесеме иднина каква што очекуваат и заслужуваат македонските граѓани.

https://youtu.be/hBWxTeGbWF4

The post Мицкоски од Конгресот на ЕПП: Апелирам до европските лидери да помогнат кон европската перспектива на Западниот Балкан, Македонија, што поскоро да ги почне преговорите appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија кој ја предводи ВМРО ДПМНЕ на Конгресот на ЕПП апелираше до европските лидери да помогнат кон европската перспектива на Западниот Балкан, Македонија, што поскоро да ги почне преговорите. Неговото обраќање ви го пренесуваме во целост. Почитувани делегати, Почитувани членови на претседателството, На почетокот дозволете ми прво да им се заблагодарам на нашите љубезни домаќини - ЦДА, како и на целиот организациски тим од ЕПП што организираше толку успешен Конгрес. Задоволство е да се биде во Ротердам денес. Ова се тешки времиња за нашиот континент, како и за нашиот глобален систем на демократски вредности. Сепак, тешките времиња обично го покажуваат најдоброто кај луѓето, и се надевам дека носителите на политички одлуки ќе разберат дека тешките избори сега, ќе го постават нашиот пат на вистинската траекторија. Ова го зборувам особено во контекст на она со што се соочуваме во Украина и како тоа влијае на Западниот Балкан. Македонците во моментов се соочуваат не со физичка агресија, туку со политичка агресија. Во овој момент има обиди на земја членка на Европската унија да го негира правото на македонски јазик, и да се меша во македонскиот идентитет. Овој тип на однесување е сè освен европски. За жал, нашиот процес на интеграција во ЕУ е со фокус на минатото, наместо на иднината. Ова не е Европа во која јас верувам. Ние постојано сме посветени на европскиот пат. Многупати во минатото нашата влада не даваше резултати за клучните прашања, особено ако се има предвид владеењето на правото и борбата против корупцијата. Сепак, пред се, нашите граѓани заслужуваат отворање на пристапните преговори. Јас лично ве уверувам дека штом ќе почнат преговорите, новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен фокус на изградбата на одржливи демократски институции кои одговараат на највисоките европски стандарди. Денеска, стоејќи пред вас, апелирам до присутните лидери да го искористат своето влијание за да помогнат да се даде стабилност и кредибилитет на европската перспектива на Западниот Балкан. Тоа не може да се постигне без Македонија да ги отвори пристапните преговори што е можно поскоро. Во 21 век, управувањето со држава, подразбира носење тешки одлуки. Но, само преку вакви одлуки сега, можеме да ја донесеме иднина каква што очекуваат и заслужуваат македонските граѓани. https://youtu.be/hBWxTeGbWF4

The post Мицкоски од Конгресот на ЕПП: Апелирам до европските лидери да помогнат кон европската перспектива на Западниот Балкан, Македонија, што поскоро да ги почне преговорите appeared first on Република.

]]>
Обраќање на Христијан Мицкоски на конгресот на ЕПП во Ротердам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obrakjanje-na-hristijan-mickoski-na-kongresot-na-epp-vo-roterdam/ Tue, 31 May 2022 15:36:53 +0000 https://republika.mk/?p=509373

Проследете го обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на конгресот на ЕПП - Европската Народна Партија во Ротердам, на 31 мај 2022 година.

The post Обраќање на Христијан Мицкоски на конгресот на ЕПП во Ротердам appeared first on Република.

Николоски: На Конгресот на ЕПП ќе истакнеме дека македонските граѓани заслужуваат почеток на преговори со ЕУ, но и потребата од предвремени парламентарни избори во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-na-kongresot-na-epp-kje-istakneme-deka-makedonskite-gragjani-zasluzuvaat-pochetok-na-pregovori-so-eu-no-i-potrebata-od-predvremeni-parlamentarni-izbori-vo-makedonija/ Tue, 31 May 2022 13:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=509307

ВМРО-ДПМНЕ е кредибилен партнер на најголемото политичко семејство во Европа, најголемата партија во Европа, Европската народна партија. Членството на ВМРО-ДПМНЕ во Европската народна партија значи многу за Република Македонија и за граѓаните. Во билатералните средби кои ќе ги имаме денес и утре, но исто така и во говорот кој ќе го има претседателот Мицкоски, но и во обраќањата на разните панели, ќе зборуваме за состојбите во Македонија, ќе информираме за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ, за реформи кои доведоа до успех за ВМРО-ДПМНЕ и убедлива победа на локалните избори како и барањето за предвремени парламентарни избори, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за вестите на Алфа телевизија од 27 Конгрес на ЕПП во Ротердам каде што присуствува како дел од делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Христијан Мицкоски.

Николоски истакна дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе се посочи и тоа што се случува во Македонија бидејќи со оваа влада на СДСМ и ДУИ системот на владеење на право е нарушен, Македонија брои порази, а исто така цвета корупцијата и тоа се два сегменти на кои што мора да има силен фокус.

Ќе разговараме и за ветото од Бугарија и блокадата на преговорите за членство во ЕУ. Владата не ја информирала ВМРО-ДПМНЕ за ништо од тоа што се случува на релација Македонија - Бугарија.  Владата на СДСМ и ДУИ одлучи да ги држи преговорите затворени затоа што се плашат од тоа што ќе излезе во јавноста, а тоа е национално предавство кое што подолго временски период го спремаат. Но, тоа  порано или подоцна излегува и ги предупредувам да не прават ништо што ќе биде на штета на македонскиот јазик, идентитет и самобитност, затоа што ако го направат тоа ќе се соочат со жесток одговор од страна на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Николоски.

Николоски додаде дека ќе се разговара и за финансиската криза која што натежнува и која што е исклучително значајна за секојдневниот живот на граѓаните, затоа што гледаме недостатоци на основни прехранбени производи и нивно големо поскапување, нешто што владата не дава одговор.

- Веќе е најавено зголемување на цената на електричната енергија, која што веќе е зголемена за 5-6 пати за компаниите и институциите. Тоа се теми на коишто мора да се даде одговор. ВМРО-ДПМНЕ има кредибилен одговор и ќе го сподели со своите сестрински партии тука во Ротердам, истакна Николоски.

Во врска со изборот на нов претседател на ЕПП по оставката со Доналд Туск, Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ имало одлична соработка и со Туск, а и со сите претходни, додека пак Манфред Вебер кој се очекува да биде нов претседател е докажан пријател и на ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија.

- Манфред Вебер е долгогодишен пријател на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа од Баварија од Германија, во моментов е претседател на групата на ЕПП во Европскиот парламент, докажан пријател на Македонија и поддржувач на членството на Македонија во ЕУ и докажан пријател на ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваме заеднички да работиме на воведување на функционален систем на владеење на  правото, на борба против организираниот криминал и корупција, реформи во здравството и реформи во образованието како 4 клучни сектори кои секој граѓанин сака да ги види, истакна Николоски.

The post Николоски: На Конгресот на ЕПП ќе истакнеме дека македонските граѓани заслужуваат почеток на преговори со ЕУ, но и потребата од предвремени парламентарни избори во Македонија appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ е кредибилен партнер на најголемото политичко семејство во Европа, најголемата партија во Европа, Европската народна партија. Членството на ВМРО-ДПМНЕ во Европската народна партија значи многу за Република Македонија и за граѓаните. Во билатералните средби кои ќе ги имаме денес и утре, но исто така и во говорот кој ќе го има претседателот Мицкоски, но и во обраќањата на разните панели, ќе зборуваме за состојбите во Македонија, ќе информираме за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ, за реформи кои доведоа до успех за ВМРО-ДПМНЕ и убедлива победа на локалните избори како и барањето за предвремени парламентарни избори, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за вестите на Алфа телевизија од 27 Конгрес на ЕПП во Ротердам каде што присуствува како дел од делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Христијан Мицкоски. Николоски истакна дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе се посочи и тоа што се случува во Македонија бидејќи со оваа влада на СДСМ и ДУИ системот на владеење на право е нарушен, Македонија брои порази, а исто така цвета корупцијата и тоа се два сегменти на кои што мора да има силен фокус.
Ќе разговараме и за ветото од Бугарија и блокадата на преговорите за членство во ЕУ. Владата не ја информирала ВМРО-ДПМНЕ за ништо од тоа што се случува на релација Македонија - Бугарија.  Владата на СДСМ и ДУИ одлучи да ги држи преговорите затворени затоа што се плашат од тоа што ќе излезе во јавноста, а тоа е национално предавство кое што подолго временски период го спремаат. Но, тоа  порано или подоцна излегува и ги предупредувам да не прават ништо што ќе биде на штета на македонскиот јазик, идентитет и самобитност, затоа што ако го направат тоа ќе се соочат со жесток одговор од страна на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Николоски.
Николоски додаде дека ќе се разговара и за финансиската криза која што натежнува и која што е исклучително значајна за секојдневниот живот на граѓаните, затоа што гледаме недостатоци на основни прехранбени производи и нивно големо поскапување, нешто што владата не дава одговор.
- Веќе е најавено зголемување на цената на електричната енергија, која што веќе е зголемена за 5-6 пати за компаниите и институциите. Тоа се теми на коишто мора да се даде одговор. ВМРО-ДПМНЕ има кредибилен одговор и ќе го сподели со своите сестрински партии тука во Ротердам, истакна Николоски.
Во врска со изборот на нов претседател на ЕПП по оставката со Доналд Туск, Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ имало одлична соработка и со Туск, а и со сите претходни, додека пак Манфред Вебер кој се очекува да биде нов претседател е докажан пријател и на ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија.
- Манфред Вебер е долгогодишен пријател на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа од Баварија од Германија, во моментов е претседател на групата на ЕПП во Европскиот парламент, докажан пријател на Македонија и поддржувач на членството на Македонија во ЕУ и докажан пријател на ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваме заеднички да работиме на воведување на функционален систем на владеење на  правото, на борба против организираниот криминал и корупција, реформи во здравството и реформи во образованието како 4 клучни сектори кои секој граѓанин сака да ги види, истакна Николоски.

The post Николоски: На Конгресот на ЕПП ќе истакнеме дека македонските граѓани заслужуваат почеток на преговори со ЕУ, но и потребата од предвремени парламентарни избори во Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски и делегација на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот на Европската народна партија во Ротердам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-i-delegacija-na-vmro-dpmne-na-kongresot-na-evropskata-narodna-partija-vo-roterdam/ Mon, 30 May 2022 10:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=508696

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски ќе присуствува на тридневна посета во Ротердам, Холандија по повод учество на 27 Конгрес на Европската народна партија.

Посетата вклучува присуство на делегатите на конгресот на Европската народна партија, од кое дел се сите центар десни партии во Европа. Конгресот утре започнува со политичкото собрание кое е своевиден вовед во Конгресот, на кое се разгледуваат клучните конгресни документи и резолуции. Исто така, на конгресот ќе се дискутира за досегашната работа на претседателот и генералниот секретар на ЕПП, како и формално ќе бидат потврдени новите кандидатури за претседател, потпретседатели и благајници на ЕНП.

Главниот настан започнува во вторник, каде на пленарната сесија свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, каде главна тема ќе бидат актуелните состојби во Македонија, корупцијата во редовите на Владата, злоупотребите на власта, економското опустошување, како и барањето за предвремени избори. Вечерта ќе се одржи проширен самит на шефови на држави и влади, како и лидери на опозициски партии.

Во овие клучни, многу предизвикувачки времиња за Европа и светот, на конгресот на Европската народна партија особен фокус ќе се стави на предизвиците со кои се соочува Европа, инвазијата на Украина, економската и енергетската криза, но и односот кон Западен Балкан и проширувањето. Се очекува да се донесе Резолуција која ќе повика на итно отпочнување на преговорите со Македонија и Албанија. Главната дебата за политиките на Европските народни партии е на тема „Обединети во солидарноста: одбрана на западната демократија“.

На маргините на конгресот ќе бидат остварени и повеќе билатерални средби запознавајќи ги соговорниците со актуелните економско политички состојби во Македонија.

Членови на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски се потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева и членот на извршниот комитет Владимир Ѓорчев.

The post Мицкоски и делегација на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот на Европската народна партија во Ротердам appeared first on Република.

]]>

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски ќе присуствува на тридневна посета во Ротердам, Холандија по повод учество на 27 Конгрес на Европската народна партија. Посетата вклучува присуство на делегатите на конгресот на Европската народна партија, од кое дел се сите центар десни партии во Европа. Конгресот утре започнува со политичкото собрание кое е своевиден вовед во Конгресот, на кое се разгледуваат клучните конгресни документи и резолуции. Исто така, на конгресот ќе се дискутира за досегашната работа на претседателот и генералниот секретар на ЕПП, како и формално ќе бидат потврдени новите кандидатури за претседател, потпретседатели и благајници на ЕНП. Главниот настан започнува во вторник, каде на пленарната сесија свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, каде главна тема ќе бидат актуелните состојби во Македонија, корупцијата во редовите на Владата, злоупотребите на власта, економското опустошување, како и барањето за предвремени избори. Вечерта ќе се одржи проширен самит на шефови на држави и влади, како и лидери на опозициски партии. Во овие клучни, многу предизвикувачки времиња за Европа и светот, на конгресот на Европската народна партија особен фокус ќе се стави на предизвиците со кои се соочува Европа, инвазијата на Украина, економската и енергетската криза, но и односот кон Западен Балкан и проширувањето. Се очекува да се донесе Резолуција која ќе повика на итно отпочнување на преговорите со Македонија и Албанија. Главната дебата за политиките на Европските народни партии е на тема „Обединети во солидарноста: одбрана на западната демократија“. На маргините на конгресот ќе бидат остварени и повеќе билатерални средби запознавајќи ги соговорниците со актуелните економско политички состојби во Македонија. Членови на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски се потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева и членот на извршниот комитет Владимир Ѓорчев.  

The post Мицкоски и делегација на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот на Европската народна партија во Ротердам appeared first on Република.

]]>