епископ јаков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/episkop-jakov/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Jun 2023 10:18:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png епископ јаков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/episkop-jakov/ 32 32 Епископот Јаков: Црквата не ќе може да проповеда вера ако се донесат законите за родова еднаквост и матична евиденција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/episkopot-jakov-tsrkvata-ne-ke-mozhe-da-propoveda-vera-ako-se-donesat-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-matichna-evidentsija/ Tue, 27 Jun 2023 11:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=655598

Епископoт Јаков Стобиски одново повика на протест кој ќе се одржи пред Соборен храм. Тој посочи дека причината се двата закони – едниот за матична евиденција, другиот за родова еднаквост. На црквата и пречи контекстот кој се дава на поимот „род“, како и тоа што еден од законите предвидува промена на ознака за пол со изјава. Епископот се огради од евентуален говор на омраза и скандирање. Според него, диктатура е на сметка за остварување на нечии права, да се остваруваат правата на други.

Светиот Синод на МПЦ-ОА организира сенароден собир, каде искажуваме протест против нешто со кое не се согласуваме, особено ние како сериозни чинители на нашето општество. Бараме повлекување на двата закони, од кои едниот е веќе во Собрание – а тоа е Законот за измена во матична евиденција, а вториот е предлог-законот за родова еднаквост кој се подготвува да влезе. И покрај забелешките за содржината на двата закони, како црква имаме впечаток дека се инсистира да се продолжи постапката и тие да станат официјални во нашето општество со нивната содржина. Овој собир не е против никого, туку против содржината на овие закони, кажа епископот.

Тој го повика народот на присуство. Посочи дека предлог-законите ќе ја ограничат слободата на говор.

The post Епископот Јаков: Црквата не ќе може да проповеда вера ако се донесат законите за родова еднаквост и матична евиденција appeared first on Република.

]]>

Епископoт Јаков Стобиски одново повика на протест кој ќе се одржи пред Соборен храм. Тој посочи дека причината се двата закони – едниот за матична евиденција, другиот за родова еднаквост. На црквата и пречи контекстот кој се дава на поимот „род“, како и тоа што еден од законите предвидува промена на ознака за пол со изјава. Епископот се огради од евентуален говор на омраза и скандирање. Според него, диктатура е на сметка за остварување на нечии права, да се остваруваат правата на други. Светиот Синод на МПЦ-ОА организира сенароден собир, каде искажуваме протест против нешто со кое не се согласуваме, особено ние како сериозни чинители на нашето општество. Бараме повлекување на двата закони, од кои едниот е веќе во Собрание – а тоа е Законот за измена во матична евиденција, а вториот е предлог-законот за родова еднаквост кој се подготвува да влезе. И покрај забелешките за содржината на двата закони, како црква имаме впечаток дека се инсистира да се продолжи постапката и тие да станат официјални во нашето општество со нивната содржина. Овој собир не е против никого, туку против содржината на овие закони, кажа епископот. Тој го повика народот на присуство. Посочи дека предлог-законите ќе ја ограничат слободата на говор.

The post Епископот Јаков: Црквата не ќе може да проповеда вера ако се донесат законите за родова еднаквост и матична евиденција appeared first on Република.

]]>
Епископoт Јаков Стобиски нема да се извини: Подготвен сум да бидам изведен пред суд оти ја говорам вистината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/episkopot-jakov-stobiski-nema-da-se-izvini-podgotven-sum-da-bidam-izveden-pred-sud-oti-ja-govoram-vistinata/ Mon, 26 Jun 2023 19:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=655483

Неодама добив претставка од Квир Центарот во Скопје, порано познат како Субверзивен фронт, обвинувајќи ме дека сум извршил говор на омраза и насилство врз трансродовите лица со тоа што на моето гостување во емисијата Детектор, каде се дебатираше за Законот за родова еднаквост, искажав ставови кои ги потврдуваат врвни светски стручни лица, доктори, психолози и психијатри – дека за некој да биде трансродов, треба да биде дијагностициран со патолошката состојба наречена родова дисфорија или растројство на родовиот идентитет.

Ова е реакцијата на Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков на одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дека свештеното лице во својот речник употребил говор на омраза и треба да се извини.

Ви ја пренесуваме целата реакција на Епископ Стобиски г.Јаков.

„Се разбира, јас веднаш одговорив на таквите обвинувања и испратив детален одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во кој понудив линкови од светски реномирани медиуми, прирачници за психијатри, изјави од доктори и психолози, кои ги потврдуваат изнесените ставови. Воедно, во мојот одговор поднесов и линк од веб-сајтот на подносителот на претставката, Субверзивен фронт, каде самите тие велат дека „транссексуалните личности се луѓе кои патат од она што во медицината се нарекува родова дисфорија“ и дека тоа е „медицинска состојба“.Иако во самата емисија јас бев доста јасен и концизен дека Црквата го љуби секој човек, без разлика колку и да е грешен, и дека на секој што страда треба да му се помогне, и иако во одговорот образложив дека насилство може да се смета тоа што подносителот на претставката сака да го смени природниот ред и општоприфатениот установен начин на однесување со тоа што сакаат да прифатиме дека маж може да стане жена и да се натпреварува во сите општествени сфери со жените, Комисијата реши дека јас сум ги повредил чувствата на, како што вели Ирена Цветковиќ, помалку од 100 трансродови лица, и тие се чувствувале многу вознемирени. Колку вознемирени биле и како ја оцениле вознемиреноста, тоа не знаеме.По некои недефинирани правила, Комисијата решила на оваа претставка да припои уште една претставка, овојпат од Коалиција Маргини, која е доставена до Комисијата месец дена после првата, притоа без воопшто да ме известат за истата и без да ми дадат легитимно законско право да одговорам.Внимавајте, ми испраќаат претставка за искажани ставови по однос на родот и родовиот идентитет, нешто што не постои во нашите закони, кое не е ниту дефинирано ниту правно признато. И не само тоа, туку и наведуваат дека сум дел од некаква мобилизација против родовата еднаквост и ЛГБТИ правата која е финансирана од САД, дека мене некој ме плаќа за да си го љубам народот и децата. Патем, тие обвинуваат, а докази, се разбира немаат доставено зашто не постојат. Наведуваат дека родовата дисфорија е депатологизирана и ставена во „состојби поврзани со сексуалното здравје“, а намерно изоставаат да кажат дека депатологизација не може да се изврши кога сè уште стои во класификација за болести и сродни здравствени проблеми и самиот збор „состојба“ на англиски значи – здравствен проблем.Сите овие документи ќе бидат јавно објавени, за да видите со какви лаги, манипулации, извртувања и малициозност се служат, само за да ги заплашат, да ги уценат и да ги замолчат оние со здрав разум, кои имаат свои ставови. Произволни толкувања на членови, поддршка на педофилија, омаловажување на жените, цензура на слободниот говор… тоа е она што може да се забележи дека Комисијата поддржува.Ова е правна шарада која е недозволива, но сега е озаконета со законот за недискриминација кој ги дава првите плодови на злото што се подготвува за сите нас. Оваа тоталитаристичкаодлука е во духот токму на оној Секретаријат што се планира со предлог-Законот за родова еднаквост, за кој цело време предупредувам, а кој ќе биде со далеку поголеми ингеренции од оние на оваа ситна и мала Комисија. Тој Секретаријат ќе ја има улогата и на тужител и на судија и на казнен извршител, така што може да замислите каква правда ќе се дели дури тогаш – исто тело ве обвинува, ви пресудува и ве казнува. Тогаш и „1000 стапа“ ќе бидат малку за жртвата што ќе падне во рацете на Секретаријатот.Во Законот за заштита од дискриминација има член кој товарот на докажување го префрла на тужениот. Ова е таа „демократска придобивка“, каде пресумпцијата за невиност е згазена и избришана со единствена цел сите да се држат во постојан страв од поднесување на претставки и замолчување на секој оној што ќе се осуди да каже нешто што нема да им се допадне на членовите на Комисијата. Сосема истиот член се предлага и во Законот за родова еднаквост!Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на крајот ми ПРЕПОРАЧУВА дека во рок од 30 дена треба да се извинам за стореното „злосторство“ и ми наметнува казна, повторно во форма на дискриминирачка препорака, да се воздржувам од јавни настапи во кои ќе говорам за родовиот идентиет, што тука ги вклучува и моите јавни настапи на прес конференции и гостувања во ТВ емисии токму во овие денови пред протестот. Во спротивно, оваа т.н. Комисија за спречување и заштита од дискриминација ми се заканува со покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд. Јас би сакал топло да ѝ се заблагодарам на Комисијата за трудот да состават вакво капитално дело, прво од ваков вид упатено кон владика кој не ги застапува нивните родово-идеолошки ставови. Исто така, голема благодарност и за препораките да замолчам и да се извнинам… но, и јас им испраќам топол поздрав од мене и ги известувам дека нивните препораки не се прифаќаат, и дека сум подготвен да бидам суден, но и на многу повеќе, за тоа што сум ја говорел и исповедал Вистината.Се гледаме на протест во четврток“, стои во реакцијата на Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков.

 

The post Епископoт Јаков Стобиски нема да се извини: Подготвен сум да бидам изведен пред суд оти ја говорам вистината appeared first on Република.

]]>

Неодама добив претставка од Квир Центарот во Скопје, порано познат како Субверзивен фронт, обвинувајќи ме дека сум извршил говор на омраза и насилство врз трансродовите лица со тоа што на моето гостување во емисијата Детектор, каде се дебатираше за Законот за родова еднаквост, искажав ставови кои ги потврдуваат врвни светски стручни лица, доктори, психолози и психијатри – дека за некој да биде трансродов, треба да биде дијагностициран со патолошката состојба наречена родова дисфорија или растројство на родовиот идентитет. Ова е реакцијата на Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков на одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дека свештеното лице во својот речник употребил говор на омраза и треба да се извини. Ви ја пренесуваме целата реакција на Епископ Стобиски г.Јаков. „Се разбира, јас веднаш одговорив на таквите обвинувања и испратив детален одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во кој понудив линкови од светски реномирани медиуми, прирачници за психијатри, изјави од доктори и психолози, кои ги потврдуваат изнесените ставови. Воедно, во мојот одговор поднесов и линк од веб-сајтот на подносителот на претставката, Субверзивен фронт, каде самите тие велат дека „транссексуалните личности се луѓе кои патат од она што во медицината се нарекува родова дисфорија“ и дека тоа е „медицинска состојба“.Иако во самата емисија јас бев доста јасен и концизен дека Црквата го љуби секој човек, без разлика колку и да е грешен, и дека на секој што страда треба да му се помогне, и иако во одговорот образложив дека насилство може да се смета тоа што подносителот на претставката сака да го смени природниот ред и општоприфатениот установен начин на однесување со тоа што сакаат да прифатиме дека маж може да стане жена и да се натпреварува во сите општествени сфери со жените, Комисијата реши дека јас сум ги повредил чувствата на, како што вели Ирена Цветковиќ, помалку од 100 трансродови лица, и тие се чувствувале многу вознемирени. Колку вознемирени биле и како ја оцениле вознемиреноста, тоа не знаеме.По некои недефинирани правила, Комисијата решила на оваа претставка да припои уште една претставка, овојпат од Коалиција Маргини, која е доставена до Комисијата месец дена после првата, притоа без воопшто да ме известат за истата и без да ми дадат легитимно законско право да одговорам.Внимавајте, ми испраќаат претставка за искажани ставови по однос на родот и родовиот идентитет, нешто што не постои во нашите закони, кое не е ниту дефинирано ниту правно признато. И не само тоа, туку и наведуваат дека сум дел од некаква мобилизација против родовата еднаквост и ЛГБТИ правата која е финансирана од САД, дека мене некој ме плаќа за да си го љубам народот и децата. Патем, тие обвинуваат, а докази, се разбира немаат доставено зашто не постојат. Наведуваат дека родовата дисфорија е депатологизирана и ставена во „состојби поврзани со сексуалното здравје“, а намерно изоставаат да кажат дека депатологизација не може да се изврши кога сè уште стои во класификација за болести и сродни здравствени проблеми и самиот збор „состојба“ на англиски значи – здравствен проблем.Сите овие документи ќе бидат јавно објавени, за да видите со какви лаги, манипулации, извртувања и малициозност се служат, само за да ги заплашат, да ги уценат и да ги замолчат оние со здрав разум, кои имаат свои ставови. Произволни толкувања на членови, поддршка на педофилија, омаловажување на жените, цензура на слободниот говор… тоа е она што може да се забележи дека Комисијата поддржува.Ова е правна шарада која е недозволива, но сега е озаконета со законот за недискриминација кој ги дава првите плодови на злото што се подготвува за сите нас. Оваа тоталитаристичкаодлука е во духот токму на оној Секретаријат што се планира со предлог-Законот за родова еднаквост, за кој цело време предупредувам, а кој ќе биде со далеку поголеми ингеренции од оние на оваа ситна и мала Комисија. Тој Секретаријат ќе ја има улогата и на тужител и на судија и на казнен извршител, така што може да замислите каква правда ќе се дели дури тогаш – исто тело ве обвинува, ви пресудува и ве казнува. Тогаш и „1000 стапа“ ќе бидат малку за жртвата што ќе падне во рацете на Секретаријатот.Во Законот за заштита од дискриминација има член кој товарот на докажување го префрла на тужениот. Ова е таа „демократска придобивка“, каде пресумпцијата за невиност е згазена и избришана со единствена цел сите да се држат во постојан страв од поднесување на претставки и замолчување на секој оној што ќе се осуди да каже нешто што нема да им се допадне на членовите на Комисијата. Сосема истиот член се предлага и во Законот за родова еднаквост!Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на крајот ми ПРЕПОРАЧУВА дека во рок од 30 дена треба да се извинам за стореното „злосторство“ и ми наметнува казна, повторно во форма на дискриминирачка препорака, да се воздржувам од јавни настапи во кои ќе говорам за родовиот идентиет, што тука ги вклучува и моите јавни настапи на прес конференции и гостувања во ТВ емисии токму во овие денови пред протестот. Во спротивно, оваа т.н. Комисија за спречување и заштита од дискриминација ми се заканува со покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд. Јас би сакал топло да ѝ се заблагодарам на Комисијата за трудот да состават вакво капитално дело, прво од ваков вид упатено кон владика кој не ги застапува нивните родово-идеолошки ставови. Исто така, голема благодарност и за препораките да замолчам и да се извнинам… но, и јас им испраќам топол поздрав од мене и ги известувам дека нивните препораки не се прифаќаат, и дека сум подготвен да бидам суден, но и на многу повеќе, за тоа што сум ја говорел и исповедал Вистината.Се гледаме на протест во четврток“, стои во реакцијата на Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков.  

The post Епископoт Јаков Стобиски нема да се извини: Подготвен сум да бидам изведен пред суд оти ја говорам вистината appeared first on Република.

]]>
Епископ Јаков: Воскресението Христово не е само историски настан, туку над сѐ смисла на постоењето и животна цел https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/episkop-jakov-voskresenieto-hristovo-ne-e-samo-istoriski-nastan-tuku-nad-s-smisla-na-postoenjeto-i-zivotna-cel/ Sat, 23 Apr 2022 10:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=492592

Воскресението Христово за православните христијани не е само сеќавање и празнување на тој историски настан во одреден ден од годината, туку пред сѐ и над сѐ смисла на постоењето и животна цел. Но, како и да е, по Божјата Милост оваа година народот Божји ќе празнува во полни храмови собран околу својот епископ на Светата Литургија каде што најреално се среќава и заедничари со Воскреснатиот Христос, вели во интревју за МИА викарниот епископ г. Јаков Стобиски.

Епископот Јаков во интервјуто говори и за административното признавање на фактичката автокефалност на МПЦ-ОА, за однесувањето на Црквата во време на пандемијата, за пописните резултати за религиозната припадност, за случувањата во Украина и заземањето „исправна“ страна од страна на „верниците“, за исполнувањето на верата, обичаите и традицијата, за тоа дали формата ја заменува суштината и дали може да ни се случи да го празнуваме Христовото воскресение без Христос.

Ваше Преосвештенство, во недела ќе го прославиме Воскресението Христово. По два Велигдена во рестрикции, овојпат ќе биде без ограничувања. Како МПЦ – ОА и Струмичката епархија ќе го одбележат Христовото воскресение?

„Навистина, во текот на овие две години сите поминавме низ исклучително тежок период, којшто не го окарактеризираа како тежок единствено мерките и ограничувањата, туку пред сѐ страдањето и загубата на многу наши ближни. Воскресението Христово за православните христијани не е само сеќавање и празнување на тој историски настан во одреден ден од годината, туку пред сѐ и над сѐ смисла на постоењето и животна цел. Но, како и да е, по Божјата Милост оваа година народот Божји ќе празнува во полни храмови собран околу својот епископ на Светата Литургија каде што најреално се среќава и заедничари со Воскреснатиот Христос“.

Црквата во изминатите две години беше цел на критики, иако многупати повикуваше на почитување на здравствените мерки. Како го оценувате однесувањето на Црквата и на верниците во време на пандемијата?

„Црквата, не само во овие две години, туку откако постои, повикува на љубов и сострадание и во изминатите две илјади години е цел на критики, најчесто недобронамерни. Не велам дека секогаш се неосновани и неаргументирани, ниту пак дека никој нема право да ја критикува Црквата, но за време на пандемијата се соочивме со критики и анализи на литургискиот живот на Црквата, кој е впрочем нејзиниот најавтентичен живот, од луѓе крајно нецрковни, кои на моменти користеа и крајно антицрковна реторика. Но, тоа е појава што не нѐ чуди, ниту пак, нѐ обесхрабрува, односно таков е односот помеѓу овој свет и Црквата. Црквата не е од овој свет и сака да го преобрази светот, а светот сака да ја проголта Црквата, правејќи ја дел од себе. Затоа Црквата за време на оваа криза, како и низ сите други во историјата на човештвото, му Го нудеше Христос на овој свет, непрестајно служејќи Литургија, а верниците ја покажаа на дело својата вера причестувајќи се со Него“.

Бројни реакции предизвикаа пописните резултати, особено за графите православни и за христијани. МПЦ – ОА излезе со реакција, но некако без одглас кај надлежните институции. Каков е вашиот став за ова и дали МПЦ и другите верски заедници беа консултирани од ДЗС за да се избегнат вакви ситуации?

„Реакции имаше и дали се случиле пропусти или не, како што рековте, допрва ќе видиме, но она што мене како епископ на Црквата најсериозно ме загрижува е длабокото непознавање и неживеење на верата, односно неправославноста на голем дел од народот. Тоа е за мене најголемиот проблем, и секако, одговорноста и вината за тоа ја чувствувам најпрвин лично“.

МПЦ – ОА и натаму е во очекување да биде признаена нејзината автокефалија. По непродуктивниот долгогодишен дијалог со СПЦ, надежите се насочени кон Вселенскиот патријарх. Очекувате ли ова прашање конечно да биде затворено со помош на Фанар?

„МПЦ – ОА со децении ја живее својата автокефалност, чувајќи ја чистотата на Православната вера и сите свои надежи ги полага на Богочовекот Христос, Кој ја возглавува. Административното признавање на оваа фактичка состојба секогаш ќе влегува во ќорсокак доколку ѝ се пристапува на политички, како и досега, а не на црковен начин. Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх е просветлен и добронамерен човек, кој тежнее кон единство на сите православни. Во тој контекст неговата помош во решавањето на нашето црковно прашање е од огромно значење“.

Дали актуелните случувања во Украина можат да влијаат на решавањето на нашето црковно прашање. Забележливо е и раздвојување и заземање страна кај верниците, дали е тоа во христијанскиот дух?

„Актуелните случување во Украина влијаат на целокупниот наш живот. Во Украина страда, крвари и гине православен народ, од двете страни, со кој сме органски поврзани преку тајната на Црквата, и невозможно е да не ја чувствуваме таа болка и страдање. Единствена поголема трагедија и апсурд од /самата/ трагедија, и апсурдот на војната е заземањето „исправна“ страна од страна на „верниците“. Тоа не е христијански дух. Токму тоа е, и таков е духот на војната. Само чека соодветна можност да се пројави надвор од нас, налик целото зло што го гледаме во Украина. Господ нека ни е напомош!“

Во лоши времиња луѓето бараат утеха во верата и Црквата. Дали Црквата е подготвена да ги прифати, утеши и приближи, особено младите, кои живеат во време на криза, нарушени вредности, виртуелни „реалности“…?

„Црквата е вечно млада и вечно актуелна и привлечна за обременетиот млад човек. Зошто? Поради тоа што вредностите коишто му ги нуди Црквата се длабоки и постојани и единствено Црквата не ја релативизира смислата на неговиот живот и постоење. Гледано од духовна перспектива, човекот живее во време на криза од прародителскиот пад па наваму, барајќи го изгубениот дом и Оној од Кого и за Кого е создаден. Секоја друга реалност наспроти оваа е виртуелна и не може да го успокои и да го исполни човекот. Колку и да изгледа розово концептот на живот што му се сервира на младиот човек според критериумите на овој и ваков свет, тој е доволно прониклив да ја согледа вистината, но и измамата на егзистенцијално ниво, а тоа е дека на крајот смртта обесмислува и уништува сѐ. Единствено Воскреснатиот Христос може да го утеши младиот човек во таа смисла и вистински да му го осмисли животот, а тоа е впрочем и сведоштвото и мисијата на Црквата во овој свет“.

Се чини дека обичаите и традицијата доминираат кај народот. Дали формата ја заменува суштината, дали свештениците доволно го поучуваат народот и дали може да се случи ситуација да го празнуваме Христовото воскресение без Христос?

„Кога зборуваме за обичаите и традицијата секогаш се спомнуваат во контекст на манифестација на некаква побожност, но треба внимателно да испитаме каква. И, не секоја традиција можеме да ја наречеме христијанска, туку само онаа во која Го препознаваме Христос или, подобро кажано, која би нѐ водела кон Него. За жал, доминантната категорија на обичаи се со пагански корени и со антихристијански карактер. Сѐ додека постојат вакви девијации во пракса, воопшто не е полезно да мислиме и да тврдиме дека доволно го поучуваме народот, како што велите, но од друга страна, потребно е да има и кој да ве послуша кога поучувате, нели? Како и да е, формалниот дел од практичниот живот на христијанинот секогаш мора да води кон Суштината, а тоа е Богочовекот Христос. Животните принципи секогаш извираат од Евангелието, а не од народните обичаи и традиција. Во спротивно, може да ни се случи или ни се случува токму тоа, да празнуваме Воскресение Христово без Христос“.

Ваше Преосвештенство, за крај, која е вашата празнична велигденска порака?

„Она што Црквата го возгласува веќе две илјади години: Христос Воскресна!“

The post Епископ Јаков: Воскресението Христово не е само историски настан, туку над сѐ смисла на постоењето и животна цел appeared first on Република.

]]>

Воскресението Христово за православните христијани не е само сеќавање и празнување на тој историски настан во одреден ден од годината, туку пред сѐ и над сѐ смисла на постоењето и животна цел. Но, како и да е, по Божјата Милост оваа година народот Божји ќе празнува во полни храмови собран околу својот епископ на Светата Литургија каде што најреално се среќава и заедничари со Воскреснатиот Христос, вели во интревју за МИА викарниот епископ г. Јаков Стобиски. Епископот Јаков во интервјуто говори и за административното признавање на фактичката автокефалност на МПЦ-ОА, за однесувањето на Црквата во време на пандемијата, за пописните резултати за религиозната припадност, за случувањата во Украина и заземањето „исправна“ страна од страна на „верниците“, за исполнувањето на верата, обичаите и традицијата, за тоа дали формата ја заменува суштината и дали може да ни се случи да го празнуваме Христовото воскресение без Христос. Ваше Преосвештенство, во недела ќе го прославиме Воскресението Христово. По два Велигдена во рестрикции, овојпат ќе биде без ограничувања. Како МПЦ – ОА и Струмичката епархија ќе го одбележат Христовото воскресение? „Навистина, во текот на овие две години сите поминавме низ исклучително тежок период, којшто не го окарактеризираа како тежок единствено мерките и ограничувањата, туку пред сѐ страдањето и загубата на многу наши ближни. Воскресението Христово за православните христијани не е само сеќавање и празнување на тој историски настан во одреден ден од годината, туку пред сѐ и над сѐ смисла на постоењето и животна цел. Но, како и да е, по Божјата Милост оваа година народот Божји ќе празнува во полни храмови собран околу својот епископ на Светата Литургија каде што најреално се среќава и заедничари со Воскреснатиот Христос“. Црквата во изминатите две години беше цел на критики, иако многупати повикуваше на почитување на здравствените мерки. Како го оценувате однесувањето на Црквата и на верниците во време на пандемијата? „Црквата, не само во овие две години, туку откако постои, повикува на љубов и сострадание и во изминатите две илјади години е цел на критики, најчесто недобронамерни. Не велам дека секогаш се неосновани и неаргументирани, ниту пак дека никој нема право да ја критикува Црквата, но за време на пандемијата се соочивме со критики и анализи на литургискиот живот на Црквата, кој е впрочем нејзиниот најавтентичен живот, од луѓе крајно нецрковни, кои на моменти користеа и крајно антицрковна реторика. Но, тоа е појава што не нѐ чуди, ниту пак, нѐ обесхрабрува, односно таков е односот помеѓу овој свет и Црквата. Црквата не е од овој свет и сака да го преобрази светот, а светот сака да ја проголта Црквата, правејќи ја дел од себе. Затоа Црквата за време на оваа криза, како и низ сите други во историјата на човештвото, му Го нудеше Христос на овој свет, непрестајно служејќи Литургија, а верниците ја покажаа на дело својата вера причестувајќи се со Него“. Бројни реакции предизвикаа пописните резултати, особено за графите православни и за христијани. МПЦ – ОА излезе со реакција, но некако без одглас кај надлежните институции. Каков е вашиот став за ова и дали МПЦ и другите верски заедници беа консултирани од ДЗС за да се избегнат вакви ситуации? „Реакции имаше и дали се случиле пропусти или не, како што рековте, допрва ќе видиме, но она што мене како епископ на Црквата најсериозно ме загрижува е длабокото непознавање и неживеење на верата, односно неправославноста на голем дел од народот. Тоа е за мене најголемиот проблем, и секако, одговорноста и вината за тоа ја чувствувам најпрвин лично“. МПЦ – ОА и натаму е во очекување да биде признаена нејзината автокефалија. По непродуктивниот долгогодишен дијалог со СПЦ, надежите се насочени кон Вселенскиот патријарх. Очекувате ли ова прашање конечно да биде затворено со помош на Фанар? „МПЦ – ОА со децении ја живее својата автокефалност, чувајќи ја чистотата на Православната вера и сите свои надежи ги полага на Богочовекот Христос, Кој ја возглавува. Административното признавање на оваа фактичка состојба секогаш ќе влегува во ќорсокак доколку ѝ се пристапува на политички, како и досега, а не на црковен начин. Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх е просветлен и добронамерен човек, кој тежнее кон единство на сите православни. Во тој контекст неговата помош во решавањето на нашето црковно прашање е од огромно значење“. Дали актуелните случувања во Украина можат да влијаат на решавањето на нашето црковно прашање. Забележливо е и раздвојување и заземање страна кај верниците, дали е тоа во христијанскиот дух? „Актуелните случување во Украина влијаат на целокупниот наш живот. Во Украина страда, крвари и гине православен народ, од двете страни, со кој сме органски поврзани преку тајната на Црквата, и невозможно е да не ја чувствуваме таа болка и страдање. Единствена поголема трагедија и апсурд од /самата/ трагедија, и апсурдот на војната е заземањето „исправна“ страна од страна на „верниците“. Тоа не е христијански дух. Токму тоа е, и таков е духот на војната. Само чека соодветна можност да се пројави надвор од нас, налик целото зло што го гледаме во Украина. Господ нека ни е напомош!“ Во лоши времиња луѓето бараат утеха во верата и Црквата. Дали Црквата е подготвена да ги прифати, утеши и приближи, особено младите, кои живеат во време на криза, нарушени вредности, виртуелни „реалности“…? „Црквата е вечно млада и вечно актуелна и привлечна за обременетиот млад човек. Зошто? Поради тоа што вредностите коишто му ги нуди Црквата се длабоки и постојани и единствено Црквата не ја релативизира смислата на неговиот живот и постоење. Гледано од духовна перспектива, човекот живее во време на криза од прародителскиот пад па наваму, барајќи го изгубениот дом и Оној од Кого и за Кого е создаден. Секоја друга реалност наспроти оваа е виртуелна и не може да го успокои и да го исполни човекот. Колку и да изгледа розово концептот на живот што му се сервира на младиот човек според критериумите на овој и ваков свет, тој е доволно прониклив да ја согледа вистината, но и измамата на егзистенцијално ниво, а тоа е дека на крајот смртта обесмислува и уништува сѐ. Единствено Воскреснатиот Христос може да го утеши младиот човек во таа смисла и вистински да му го осмисли животот, а тоа е впрочем и сведоштвото и мисијата на Црквата во овој свет“. Се чини дека обичаите и традицијата доминираат кај народот. Дали формата ја заменува суштината, дали свештениците доволно го поучуваат народот и дали може да се случи ситуација да го празнуваме Христовото воскресение без Христос? „Кога зборуваме за обичаите и традицијата секогаш се спомнуваат во контекст на манифестација на некаква побожност, но треба внимателно да испитаме каква. И, не секоја традиција можеме да ја наречеме христијанска, туку само онаа во која Го препознаваме Христос или, подобро кажано, која би нѐ водела кон Него. За жал, доминантната категорија на обичаи се со пагански корени и со антихристијански карактер. Сѐ додека постојат вакви девијации во пракса, воопшто не е полезно да мислиме и да тврдиме дека доволно го поучуваме народот, како што велите, но од друга страна, потребно е да има и кој да ве послуша кога поучувате, нели? Како и да е, формалниот дел од практичниот живот на христијанинот секогаш мора да води кон Суштината, а тоа е Богочовекот Христос. Животните принципи секогаш извираат од Евангелието, а не од народните обичаи и традиција. Во спротивно, може да ни се случи или ни се случува токму тоа, да празнуваме Воскресение Христово без Христос“. Ваше Преосвештенство, за крај, која е вашата празнична велигденска порака? „Она што Црквата го возгласува веќе две илјади години: Христос Воскресна!“

The post Епископ Јаков: Воскресението Христово не е само историски настан, туку над сѐ смисла на постоењето и животна цел appeared first on Република.

]]>