епидемиолошка слика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/epidemioloshka-slika/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Jul 2022 06:24:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png епидемиолошка слика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/epidemioloshka-slika/ 32 32 Нема дополнителни ковид-мерки, епидемиолошката состоjба стабилна и покрај зголемениот број на случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-dopolnitelni-kovid-merki-epidemioloshkata-sostojba-stabilna-i-pokraj-zgolemeniot-broj-na-sluchai/ Sat, 23 Jul 2022 06:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=532325

Епидемиолошката состоjба во земјава е стабилна. Засега нема потреба од дополнителни нови ковид-мерки. Има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но Комисијата за заразни болести на последниот состанок, констатира оти според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера во гостување во вестите на ТВ Сител изјави дека во овој момент немаме никаков значаен притисок врз здравствениот систем.

Иако бројот на случаи со Ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките, рече Петличковски.

Тој истакна дека веројатно и поради сериозниот удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на Ковид-19 не е тешка и оттука бројот на сериозни случаи, бројот на смртни случаи е многу низок.

Тоа ни дава за право да очекуваме дека во следните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како слични болести сезонски, ендемски и да се обидеме животот да го вратиме во нормала, додаде Петличковски.

Бројот на активни случаи вчера изнесуваша 4.136, откако во претходното деноноќие беа регистрирани 779 нови случаи со КОВИД-19, што е петти ден по ред со над 700 нови случаи. Најголемиот број на активните случаи се во Скопје – 1965, а во Дојран нема активни случаи на вирусот.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ завчера изјави дека трансмисијата на вирусот е висока, но во исто време не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не очекуваат да има луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болници. Сепак според него, системот е подготвен и во случај да има зголемување на бројот на вакви случаи.

Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ.

Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Градот Скопје во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено во текот на наредната недела да почнат со работат пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот. Поточно, во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Ѓорче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир.

Според д-р Петличковски, идејата за вакви ковид амбуланти е заговарана уште на почетокот на пандемијата и целта е тријажирање на пациентите и нивно благовремено насочување дали се за лекување во домашни услови, дали се за лекување во секундарна и во терцијарна установа.

Од почетокот на пандемијата досега имаме огромен притисок главно на Инфективната клиника, ковид центрите на начин што штом пациентот стане позитивен дури и ако се сомнева на позитивен резултат веднаш стигнува на клиника. Тоа не е дозволиво и не може да опстане. Идејата на предлогот за фирмирање на овие амбуланти е на едно место пациентите кои се сомневаат дека можеби имаат Ковид да дојдат, да добијат клинички, физикален преглед и доктор да процени дали нивната состојба одговара на домашно лекување или можеби итно треба да се испрати во некоја болничка установа и истовремено да го добие тестирањето. Сега имаме ситуација пациентите да се јават на матичен лекар, таму да се закаже тестирање по четири, пет дена, резултатот да се добие уште по дополнителни ден, два, тоа се шест изгубени дена само во тестирање. Идејата е матичниот лекар кој ќе држи смена во овие ковид амбуланти да ја направи проценката веднаш штом човекот почувствува симптоми и веднаш да биде тестиран…, рече Петличковски.

Министерството за здравство минатата недела препорача носење маски во затворени простории при подолг престој и редовно проветрување, но и да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра.

Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353.

И во некои европски и светски земји, се зголеми бројот на новозаразени со Ковид-19. Нов Зеланд бележи рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, а новиот бран на инфекција со варијантата омикрон се покажа особено тежок за постарата популација. Според Министерството за здравство, за седум дена до 16 јули од Ковид-19 починале 151 лице, повеќе од најлошата седмица од претходниот бран во март кога имаше 115 починати. Во последните 24 час како последица на инфекција на коронавирус починале 26 лица, сите над 60 години.

Во новиот бран зарази во Нов Зеланд, земја со население од 5,1 милиони жители, преовладува омикронската подваријанта BA.5. За една недела се регистрирани 64.780 активни случаи, но надлежните тврдат има голем број непријавени заразени. Иако Владата во моментов не наметнува ограничувања за движење и задолжителни маски во училиштата, Министерството за образование ги советува училиштата да ги вратат маските откако децата ќе се вратат од распуст следната недела.

The post Нема дополнителни ковид-мерки, епидемиолошката состоjба стабилна и покрај зголемениот број на случаи appeared first on Република.

]]>

Епидемиолошката состоjба во земјава е стабилна. Засега нема потреба од дополнителни нови ковид-мерки. Има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но Комисијата за заразни болести на последниот состанок, констатира оти според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера во гостување во вестите на ТВ Сител изјави дека во овој момент немаме никаков значаен притисок врз здравствениот систем.
Иако бројот на случаи со Ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките, рече Петличковски.
Тој истакна дека веројатно и поради сериозниот удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на Ковид-19 не е тешка и оттука бројот на сериозни случаи, бројот на смртни случаи е многу низок.
Тоа ни дава за право да очекуваме дека во следните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како слични болести сезонски, ендемски и да се обидеме животот да го вратиме во нормала, додаде Петличковски.
Бројот на активни случаи вчера изнесуваша 4.136, откако во претходното деноноќие беа регистрирани 779 нови случаи со КОВИД-19, што е петти ден по ред со над 700 нови случаи. Најголемиот број на активните случаи се во Скопје – 1965, а во Дојран нема активни случаи на вирусот. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ завчера изјави дека трансмисијата на вирусот е висока, но во исто време не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не очекуваат да има луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болници. Сепак според него, системот е подготвен и во случај да има зголемување на бројот на вакви случаи.
Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ.
Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца. Градот Скопје во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено во текот на наредната недела да почнат со работат пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот. Поточно, во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Ѓорче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир. Според д-р Петличковски, идејата за вакви ковид амбуланти е заговарана уште на почетокот на пандемијата и целта е тријажирање на пациентите и нивно благовремено насочување дали се за лекување во домашни услови, дали се за лекување во секундарна и во терцијарна установа.
Од почетокот на пандемијата досега имаме огромен притисок главно на Инфективната клиника, ковид центрите на начин што штом пациентот стане позитивен дури и ако се сомнева на позитивен резултат веднаш стигнува на клиника. Тоа не е дозволиво и не може да опстане. Идејата на предлогот за фирмирање на овие амбуланти е на едно место пациентите кои се сомневаат дека можеби имаат Ковид да дојдат, да добијат клинички, физикален преглед и доктор да процени дали нивната состојба одговара на домашно лекување или можеби итно треба да се испрати во некоја болничка установа и истовремено да го добие тестирањето. Сега имаме ситуација пациентите да се јават на матичен лекар, таму да се закаже тестирање по четири, пет дена, резултатот да се добие уште по дополнителни ден, два, тоа се шест изгубени дена само во тестирање. Идејата е матичниот лекар кој ќе држи смена во овие ковид амбуланти да ја направи проценката веднаш штом човекот почувствува симптоми и веднаш да биде тестиран…, рече Петличковски.
Министерството за здравство минатата недела препорача носење маски во затворени простории при подолг престој и редовно проветрување, но и да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра. Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353. И во некои европски и светски земји, се зголеми бројот на новозаразени со Ковид-19. Нов Зеланд бележи рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, а новиот бран на инфекција со варијантата омикрон се покажа особено тежок за постарата популација. Според Министерството за здравство, за седум дена до 16 јули од Ковид-19 починале 151 лице, повеќе од најлошата седмица од претходниот бран во март кога имаше 115 починати. Во последните 24 час како последица на инфекција на коронавирус починале 26 лица, сите над 60 години. Во новиот бран зарази во Нов Зеланд, земја со население од 5,1 милиони жители, преовладува омикронската подваријанта BA.5. За една недела се регистрирани 64.780 активни случаи, но надлежните тврдат има голем број непријавени заразени. Иако Владата во моментов не наметнува ограничувања за движење и задолжителни маски во училиштата, Министерството за образование ги советува училиштата да ги вратат маските откако децата ќе се вратат од распуст следната недела.

The post Нема дополнителни ковид-мерки, епидемиолошката состоjба стабилна и покрај зголемениот број на случаи appeared first on Република.

]]>