епидемија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/epidemija/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 10:12:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png епидемија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/epidemija/ 32 32 Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kirkov-nesposobnata-arsovska-beshe-na-prag-da-predizvika-epidemija-od-ptichji-grip/ Sun, 20 Oct 2024 10:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=829054

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија со птичјиот грип. Данела Арсовска заедно со коалицијата СДС, ДУИ и Левица со кои ги тера сите матни зделки се заинтересирани само за интриги и за влакно избегаа да бидат причинител за птичји грип и епидемија во целиот град. Арсовска, поддржана од СДС, ДУИ и Левица, само ги менуваше директорите на скопската Зоолошка градина која е обележје на Скопје и на цела Македонија, а единствено требаше да направи е само да назначи професионалец, изјави Стефан Кирков, советник во Советот на Град Скопје.

https://www.youtube.com/watch?v=Wn6A3ParI80&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип appeared first on Република.

]]>

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија со птичјиот грип. Данела Арсовска заедно со коалицијата СДС, ДУИ и Левица со кои ги тера сите матни зделки се заинтересирани само за интриги и за влакно избегаа да бидат причинител за птичји грип и епидемија во целиот град. Арсовска, поддржана од СДС, ДУИ и Левица, само ги менуваше директорите на скопската Зоолошка градина која е обележје на Скопје и на цела Македонија, а единствено требаше да направи е само да назначи професионалец, изјави Стефан Кирков, советник во Советот на Град Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=Wn6A3ParI80&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип appeared first on Република.

]]>
На Босна и Херцеговина и се заканува епидемија од детска парализа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-bosna-i-hertsegovina-i-se-zakanuva-epidemija-od-detska-paraliza/ Fri, 30 Aug 2024 11:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=811552

Ширењето на детска парализа, вирусна болест што може да има сериозни последици по здравјето на децата, но и на возрасните, стана закана за Босна и Херцеговина поради ниската стапка на вакцинација во таа земја, објавија денеска локалните медиуми.

Европскиот регионален комитет за сертификација на елиминација на детска парализа (RCC) ги повика властите во БиХ да преземат итни мерки за да се спречи ширењето на болеста, откако процени дека најмалку 64 отсто од нејзиното население живее во области каде стапката на вакцинација на децата е помала 80 проценти.

Полиовирусот е речиси искоренет во многу делови од светот, но неодамна тој е закана, особено во земјите со ниски стапки на имунизација. Поради опасноста од ширење на оваа болест, дури и Израел и Хамас се согласија на привремен прекин на огнот во Газа за да може медицинските тимови да ги вакцинираат децата таму, но Босна и Херцеговина сега се соочува со последиците од кампањите против вакцинација кои се проширија на социјалните мрежи во изминатите години, како и слаба информираност на нејзината популација.

Затоа малите сипаници почнаа да се шират кај децата од градинка и училишна возраст, а сега постои опасност од епидемија на детска парализа која во потешки случаи може да остави трајни последици, односно доживотна парализа.

Советот на министри на Босна и Херцеговина штотуку го усвои извештајот за состојбите и активностите во борбата против полиомиелитис за 2023 година, а во тој документ е наведено дека опфатот со вакцинација против полиомиелитис е под оптималното ниво, што доведе до земјата се смета за висок ризик.

Со оглед на високиот ризик, Европскиот регионален комитет (РЦЦ) ја повика Босна и Херцеговина да преземе итни мерки за да обезбеди подобра контрола и превенција“, се наведува во документот.

Благодарение на вакцинацијата, бројот на случаи на полио во светот е намален за повеќе од 99 проценти од 1988 година, а Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи Европа без полио во 2007 година. Сепак, не е искоренета во целиот свет бидејќи ја има во делови од Источна Азија, Африка и Источниот Медитеран, а со оглед на зголемените миграциски текови, постои ризик од негово повторно ширење и на европскиот континент.

 

The post На Босна и Херцеговина и се заканува епидемија од детска парализа appeared first on Република.

]]>

Ширењето на детска парализа, вирусна болест што може да има сериозни последици по здравјето на децата, но и на возрасните, стана закана за Босна и Херцеговина поради ниската стапка на вакцинација во таа земја, објавија денеска локалните медиуми. Европскиот регионален комитет за сертификација на елиминација на детска парализа (RCC) ги повика властите во БиХ да преземат итни мерки за да се спречи ширењето на болеста, откако процени дека најмалку 64 отсто од нејзиното население живее во области каде стапката на вакцинација на децата е помала 80 проценти. Полиовирусот е речиси искоренет во многу делови од светот, но неодамна тој е закана, особено во земјите со ниски стапки на имунизација. Поради опасноста од ширење на оваа болест, дури и Израел и Хамас се согласија на привремен прекин на огнот во Газа за да може медицинските тимови да ги вакцинираат децата таму, но Босна и Херцеговина сега се соочува со последиците од кампањите против вакцинација кои се проширија на социјалните мрежи во изминатите години, како и слаба информираност на нејзината популација. Затоа малите сипаници почнаа да се шират кај децата од градинка и училишна возраст, а сега постои опасност од епидемија на детска парализа која во потешки случаи може да остави трајни последици, односно доживотна парализа. Советот на министри на Босна и Херцеговина штотуку го усвои извештајот за состојбите и активностите во борбата против полиомиелитис за 2023 година, а во тој документ е наведено дека опфатот со вакцинација против полиомиелитис е под оптималното ниво, што доведе до земјата се смета за висок ризик.
Со оглед на високиот ризик, Европскиот регионален комитет (РЦЦ) ја повика Босна и Херцеговина да преземе итни мерки за да обезбеди подобра контрола и превенција“, се наведува во документот.
Благодарение на вакцинацијата, бројот на случаи на полио во светот е намален за повеќе од 99 проценти од 1988 година, а Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи Европа без полио во 2007 година. Сепак, не е искоренета во целиот свет бидејќи ја има во делови од Источна Азија, Африка и Источниот Медитеран, а со оглед на зголемените миграциски текови, постои ризик од негово повторно ширење и на европскиот континент.  

The post На Босна и Херцеговина и се заканува епидемија од детска парализа appeared first on Република.

]]>
Подгорица и Будва прогласија епидемија на морбили https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/podgoritsa-i-budva-proglasija-epidemija-na-morbili/ Mon, 26 Aug 2024 09:34:54 +0000 https://republika.mk/?p=810209

Во Подгорица и Будва е прогласена епидемија на сипаници(морбили), откако во текот на минатата недела беа регистрирани три нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број на регистрирани случаи во Црна Гора во последните пет месеци се зголеми на 19.

Институтот за јавно здравје апелира до родителите да ги вакцинираат своите деца и предупредуваат дека постои опасност од ширење на епидемијата на морбили. Родителите се повикуваат да не испраќаат невакцинирани деца во установите (предучилишни установи, игротеки, јасли, спортско-рекреативни објекти, патувања, екскурзии…)

Малите сипаници се акутна, заразна, вирусна болест предизвикана од вирусот на мали сипаници. Ризик да се заразат со вирусот на сипаници имаат лицата кои не прележале мали сипаници или кои не биле вакцинирани против сипаници, објави подгоричкиот портал ЦдМ.

 

The post Подгорица и Будва прогласија епидемија на морбили appeared first on Република.

]]>

Во Подгорица и Будва е прогласена епидемија на сипаници(морбили), откако во текот на минатата недела беа регистрирани три нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број на регистрирани случаи во Црна Гора во последните пет месеци се зголеми на 19. Институтот за јавно здравје апелира до родителите да ги вакцинираат своите деца и предупредуваат дека постои опасност од ширење на епидемијата на морбили. Родителите се повикуваат да не испраќаат невакцинирани деца во установите (предучилишни установи, игротеки, јасли, спортско-рекреативни објекти, патувања, екскурзии…) Малите сипаници се акутна, заразна, вирусна болест предизвикана од вирусот на мали сипаници. Ризик да се заразат со вирусот на сипаници имаат лицата кои не прележале мали сипаници или кои не биле вакцинирани против сипаници, објави подгоричкиот портал ЦдМ.  

The post Подгорица и Будва прогласија епидемија на морбили appeared first on Република.

]]>
СЗО задутре ќе одлучи дали епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници е глобална вонредна состојба https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-zadutre-ke-odluchi-dali-epidemijata-na-virusot-na-majmunski-sipanitsi-e-globalna-vonredna-sostojba/ Mon, 12 Aug 2024 12:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=805860

Независни експерти назначени од Светската здравствена организација (СЗО) задутре ќе одржат виртуелен состанок за да одлучат дали избувнувањето на вирусот мпокс (мајмунски сипаници) во Африка претставува глобална вонредна состојба.

Експертскиот комитет ќе му даде мислење на генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, дали мпокс претставува вонредна здравствена состојба на меѓународно ниво, како и какви препораки треба да се дадат за да се спречи ширењето на вирусот, пренесува денеска „Политико“.

Мпокс е вирусна инфекција која е типична за делови од Африка и се шири преку контакт со заразени животни, како и меѓу членовите на семејството, а се карактеризира со висока температура и појава на гнојни плускавци

 

The post СЗО задутре ќе одлучи дали епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници е глобална вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Независни експерти назначени од Светската здравствена организација (СЗО) задутре ќе одржат виртуелен состанок за да одлучат дали избувнувањето на вирусот мпокс (мајмунски сипаници) во Африка претставува глобална вонредна состојба. Експертскиот комитет ќе му даде мислење на генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, дали мпокс претставува вонредна здравствена состојба на меѓународно ниво, како и какви препораки треба да се дадат за да се спречи ширењето на вирусот, пренесува денеска „Политико“. Мпокс е вирусна инфекција која е типична за делови од Африка и се шири преку контакт со заразени животни, како и меѓу членовите на семејството, а се карактеризира со висока температура и појава на гнојни плускавци  

The post СЗО задутре ќе одлучи дали епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници е глобална вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
Нови 25 лица со голема кашлица, пет се лекуваат во болнички услови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novi-25-litsa-so-golema-kashlitsa-pet-se-lekuvaat-vo-bolnichki-uslovi/ Mon, 05 Aug 2024 12:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=803558

Епидемијата со голема кашлица никако не стивнува. Во Македонија за една недела пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, а бројката беше слична и претходната недела. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје најголем дел од случаите се пријавени во Скопје -11, а пријавени се и 6 случаи од Куманово, 4 случаи од Тетово, 2 случаи од Битола и по еден случај од Велес и Кичево. Во овој период од годината возраста на заболените се движи од 2 месеци до 27 години, а најголем број на случаи се до четири години.

-Во однос на вакциналниот статус на заболените, 16 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и три се вакцинирани согласно возраст. Од новите случаи пет лица се хоспитализирани-информираат од ИЈЗ.

Од стартот на епидемијата до 25 јули во Македонија регистрирани се вкупно 956 случаи на голема кашлица, а тоа е со инциденца од 52 на 100 000 жители.

-Најголем број лица околу 75 отсто, што се заразиле со пертусил изминативе месеци живеат во Скопје и тоа во 17 општини. Во рамките на епидемијата во Куманово се пријавени 67 заболени лица (7,0%), а во Тетово, пријавени се 50 заболени лица (5,2%). Останатите случаи на заразени со голема кашлица се во останатите 20 градови низ државата- анализира Институтот и дополнува дека досега најмладиот заразен со овој вирус е само еден месец, а најстариот 82 годишна возраст.

Од вкупниот број на заболени лица (956), кај 949 лица се регистрирани симптоми, додека болеста кај 7 лица е во асимптоматска форма.

-Епидемиската крива укажува дека симптомите кај првиот случај пријавен во скопската епидемија се регистрирани во 50-та недела од 2023 година. Согласно податоците од епидемиолошките анкети во однос на датумот на почеток на симптоми кај заболените лица, од првата недела во 2024 година се забележува континуиран пораст на бројот на случаи на неделно ниво, до 11-та недела. Од 12-17-та недела, бројот на случаи со регистрирани симптоми се намалува. Од 18-28-ма недела, бројот на новозаболени лица со регистрирани симптоми е константен со повремени флуктуации- објаснуваат од ИЈЗ.

Најголемиот дел, 595 лица или околу 62% од заболените не се вакцинирани, или се некомплетно вакцинирани согласно. Комплетно вакцинирани се 361 лице.

-Од заболените, хоспитализирани се 136 лица (14,2%) и тоа 116 (85,3%) од нив на возраст до 4 години. Затоа и најголем број од случаите  се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број на хоспитализирани лица, 132 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по 9 дена-посочуваат од Институтот.

Епидемиолошките истражувања покажуваат поврзаност на 151 случај. Спроведени активности за вакцинација со вакцина која содржи компонента на голема кашлица на територија на Скопје и Републиката Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18.01.2024 досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

-Од пронајдените 22.195 деца пропуштени за вакцинација, 15.360 се имунизирани. Од вакцинираните, најголем број примиле I-ва ревакцина , односно 6.744 лица, што е 43,9%. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 16.158 деца на возраст до 7 години, а најголем број и процент (10.802; 66,9%) од вакцинираните деца примиле I, II и III доза на примовакцинација-велат анализите на ИЈЗ.

Досега во Македонија од 18 јануари до 25 јули  вакцинирани се 61.024  лица, од кои што најмногу примиле прва доза вакцина за заштита од голема кашлица.

The post Нови 25 лица со голема кашлица, пет се лекуваат во болнички услови appeared first on Република.

]]>

Епидемијата со голема кашлица никако не стивнува. Во Македонија за една недела пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, а бројката беше слична и претходната недела. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје најголем дел од случаите се пријавени во Скопје -11, а пријавени се и 6 случаи од Куманово, 4 случаи од Тетово, 2 случаи од Битола и по еден случај од Велес и Кичево. Во овој период од годината возраста на заболените се движи од 2 месеци до 27 години, а најголем број на случаи се до четири години. -Во однос на вакциналниот статус на заболените, 16 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и три се вакцинирани согласно возраст. Од новите случаи пет лица се хоспитализирани-информираат од ИЈЗ. Од стартот на епидемијата до 25 јули во Македонија регистрирани се вкупно 956 случаи на голема кашлица, а тоа е со инциденца од 52 на 100 000 жители. -Најголем број лица околу 75 отсто, што се заразиле со пертусил изминативе месеци живеат во Скопје и тоа во 17 општини. Во рамките на епидемијата во Куманово се пријавени 67 заболени лица (7,0%), а во Тетово, пријавени се 50 заболени лица (5,2%). Останатите случаи на заразени со голема кашлица се во останатите 20 градови низ државата- анализира Институтот и дополнува дека досега најмладиот заразен со овој вирус е само еден месец, а најстариот 82 годишна возраст. Од вкупниот број на заболени лица (956), кај 949 лица се регистрирани симптоми, додека болеста кај 7 лица е во асимптоматска форма. -Епидемиската крива укажува дека симптомите кај првиот случај пријавен во скопската епидемија се регистрирани во 50-та недела од 2023 година. Согласно податоците од епидемиолошките анкети во однос на датумот на почеток на симптоми кај заболените лица, од првата недела во 2024 година се забележува континуиран пораст на бројот на случаи на неделно ниво, до 11-та недела. Од 12-17-та недела, бројот на случаи со регистрирани симптоми се намалува. Од 18-28-ма недела, бројот на новозаболени лица со регистрирани симптоми е константен со повремени флуктуации- објаснуваат од ИЈЗ. Најголемиот дел, 595 лица или околу 62% од заболените не се вакцинирани, или се некомплетно вакцинирани согласно. Комплетно вакцинирани се 361 лице. -Од заболените, хоспитализирани се 136 лица (14,2%) и тоа 116 (85,3%) од нив на возраст до 4 години. Затоа и најголем број од случаите  се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број на хоспитализирани лица, 132 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по 9 дена-посочуваат од Институтот. Епидемиолошките истражувања покажуваат поврзаност на 151 случај. Спроведени активности за вакцинација со вакцина која содржи компонента на голема кашлица на територија на Скопје и Републиката Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18.01.2024 досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација. -Од пронајдените 22.195 деца пропуштени за вакцинација, 15.360 се имунизирани. Од вакцинираните, најголем број примиле I-ва ревакцина , односно 6.744 лица, што е 43,9%. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 16.158 деца на возраст до 7 години, а најголем број и процент (10.802; 66,9%) од вакцинираните деца примиле I, II и III доза на примовакцинација-велат анализите на ИЈЗ. Досега во Македонија од 18 јануари до 25 јули  вакцинирани се 61.024  лица, од кои што најмногу примиле прва доза вакцина за заштита од голема кашлица.

The post Нови 25 лица со голема кашлица, пет се лекуваат во болнички услови appeared first on Република.

]]>
Во Појасот Газа прогласена епидемија на детска парализа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-pojasot-gaza-proglasena-epidemija-na-detska-paraliza/ Mon, 29 Jul 2024 17:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=801393

Министерството за здравство на Појасот Газа објави епидемија на детска парализа во енклавата.

Властите во Појасот Газа за епидемијата го обвинија Израел и неговата воената операција во палестинската енклава.

Израелските сили ја почнаа својата операција во Појасот Газа откако Хамас изврши напад врз Израел на 7 октомври минатата година, во кој, според израелските власти, беа убиени околу 1.200 Израелци, а речиси 250 беа земени како заложници.

Според информациите на Министерството за здравство во Газа, од почетокот на конфликтот во енклавата загинале повеќе од 39.000 Палестинци.

The post Во Појасот Газа прогласена епидемија на детска парализа appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство на Појасот Газа објави епидемија на детска парализа во енклавата. Властите во Појасот Газа за епидемијата го обвинија Израел и неговата воената операција во палестинската енклава. Израелските сили ја почнаа својата операција во Појасот Газа откако Хамас изврши напад врз Израел на 7 октомври минатата година, во кој, според израелските власти, беа убиени околу 1.200 Израелци, а речиси 250 беа земени како заложници. Според информациите на Министерството за здравство во Газа, од почетокот на конфликтот во енклавата загинале повеќе од 39.000 Палестинци.

The post Во Појасот Газа прогласена епидемија на детска парализа appeared first on Република.

]]>
По Скопје и Куманово прогласи епидемија на пертусис https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-skopje-i-kumanovo-proglasi-epidemija-na-pertusis/ Tue, 02 Apr 2024 11:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=761235

Центарот за јавно здравје Куманово прогласи епидемија на пертусис на ниво на Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Епидемиологот доктор Едита Размизи кажа дека од 26 пријавени на ниво на Центарот, 23 заболени се во Куманово.

На 8 февруари годинава во Скопје беше прогласена епидемија на пертусис од страна на Центарот за јавно здавје Скопје.

Земајќи го предвид зголемениот број на заболени од „голема кашлица“ епидемиолошка поврзаност сметаме дека треба да се пријави епидемија на пертусис за територија на град Куманово со вкупно 23 заболени од кои пет се регистрирани, хоспитализирани лица. Возраста на заболените се движи од 4 месеци до 60 години. Најголем број се од 1 до 4 годишна возраст, потоа е под една година, таа од пет до 9 години, останатите се застапени по еден случај. Секако дека останува препораката и апелот да се вакцинираат децата за да се заштитат од оваа болест. Сите случаи се лабораториски потврдени од кои најголем број се потврдени во микробиолошка лабораторија во центар за јавно здравје Куманово. Во однос на вакциналниот статус на заболените од Куманово осум лица се целосно вакцинирани, три се вакцинирани согласно возраста, пет лица се нецелосно вакцинирани, шест се невакцинирани, за лицето од 60 години вакциналниот статус е непознат, изјави д-р Рамизи.

Од Центарот за јавно здравје велат дека се преземени мерки согласно укажувањата на комисија за заразни болести и институтот за јавно здравје засилени епидемиолошки истражувања, откривање сомнителни случаи, проверки на вакцинални статуси, изолации на заболени и препораки за привремено исклучување од установи, школи, градинки, едукативни центри, редовно и навремено пријавување на заболувања од матични лекари, епидемиолошки увиди кај вакцинанлни пунктови, препораки за вакцинирање на сите невакцинирани, непотполно вакцинирани, повикување за вакцинација, комункации со надлежни установи да не се примаат на настава деца со сомнителна кашлица и температура, мерки за хигиена, забрани за посета во болницата на хоспитализираните…

По едно заболено лице има во Крива Паланка, Липково и Кратово.

The post По Скопје и Куманово прогласи епидемија на пертусис appeared first on Република.

]]>

Центарот за јавно здравје Куманово прогласи епидемија на пертусис на ниво на Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Епидемиологот доктор Едита Размизи кажа дека од 26 пријавени на ниво на Центарот, 23 заболени се во Куманово. На 8 февруари годинава во Скопје беше прогласена епидемија на пертусис од страна на Центарот за јавно здавје Скопје.
Земајќи го предвид зголемениот број на заболени од „голема кашлица“ епидемиолошка поврзаност сметаме дека треба да се пријави епидемија на пертусис за територија на град Куманово со вкупно 23 заболени од кои пет се регистрирани, хоспитализирани лица. Возраста на заболените се движи од 4 месеци до 60 години. Најголем број се од 1 до 4 годишна возраст, потоа е под една година, таа од пет до 9 години, останатите се застапени по еден случај. Секако дека останува препораката и апелот да се вакцинираат децата за да се заштитат од оваа болест. Сите случаи се лабораториски потврдени од кои најголем број се потврдени во микробиолошка лабораторија во центар за јавно здравје Куманово. Во однос на вакциналниот статус на заболените од Куманово осум лица се целосно вакцинирани, три се вакцинирани согласно возраста, пет лица се нецелосно вакцинирани, шест се невакцинирани, за лицето од 60 години вакциналниот статус е непознат, изјави д-р Рамизи.
Од Центарот за јавно здравје велат дека се преземени мерки согласно укажувањата на комисија за заразни болести и институтот за јавно здравје засилени епидемиолошки истражувања, откривање сомнителни случаи, проверки на вакцинални статуси, изолации на заболени и препораки за привремено исклучување од установи, школи, градинки, едукативни центри, редовно и навремено пријавување на заболувања од матични лекари, епидемиолошки увиди кај вакцинанлни пунктови, препораки за вакцинирање на сите невакцинирани, непотполно вакцинирани, повикување за вакцинација, комункации со надлежни установи да не се примаат на настава деца со сомнителна кашлица и температура, мерки за хигиена, забрани за посета во болницата на хоспитализираните… По едно заболено лице има во Крива Паланка, Липково и Кратово.

The post По Скопје и Куманово прогласи епидемија на пертусис appeared first on Република.

]]>
Порторико прогласи епидемија од денга https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/portoriko-proglasi-epidemija-od-denga/ Tue, 26 Mar 2024 10:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=758832

Министерот за здравство на Порторико прогласи епидемија на денга по порастот на бројот на случаите со заразната болест во американската карипска територија од 3,2 милиони луѓе.

Најмалку 549 случаи со денга се регистрирани годинава, а вкупно 1.293 биле регистрирани во цела 2023 година. Најмногу нови случаи се регистрирани во главниот град Сан Хуан.

Повеќе од 340 луѓе се лекуваат во болница поради вирусот што го пренесуваат комарците, соопшти Министерството за здравство на островската територија.

Порторико последен пат прогласи епидемија на денга во 2012 година.

Над пет милиони случаи со заразната болест се регистрирани минатата година во светот. Осумдесет отсто од нив биле на западната хемисфера, објави Светската здравствена организација. Од почетокот на оваа година во тој регион се регистрирани околу три милиони нови случаи, а здравствените власти велат дека обилните врнежи од дожд, заедно со високата влажност и топлината предизвикани од климатските промени, придонеле за порастот на заболените.

Вирусот може да предизвика силна главоболка, треска, повраќање, осип и други симптоми. Додека повеќето заразени луѓе не покажуваат симптоми, кај други акутниот тек на болеста може да доведе до акумулација на течност во стомакот и градите и смрт.

The post Порторико прогласи епидемија од денга appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство на Порторико прогласи епидемија на денга по порастот на бројот на случаите со заразната болест во американската карипска територија од 3,2 милиони луѓе. Најмалку 549 случаи со денга се регистрирани годинава, а вкупно 1.293 биле регистрирани во цела 2023 година. Најмногу нови случаи се регистрирани во главниот град Сан Хуан. Повеќе од 340 луѓе се лекуваат во болница поради вирусот што го пренесуваат комарците, соопшти Министерството за здравство на островската територија. Порторико последен пат прогласи епидемија на денга во 2012 година. Над пет милиони случаи со заразната болест се регистрирани минатата година во светот. Осумдесет отсто од нив биле на западната хемисфера, објави Светската здравствена организација. Од почетокот на оваа година во тој регион се регистрирани околу три милиони нови случаи, а здравствените власти велат дека обилните врнежи од дожд, заедно со високата влажност и топлината предизвикани од климатските промени, придонеле за порастот на заболените. Вирусот може да предизвика силна главоболка, треска, повраќање, осип и други симптоми. Додека повеќето заразени луѓе не покажуваат симптоми, кај други акутниот тек на болеста може да доведе до акумулација на течност во стомакот и градите и смрт.

The post Порторико прогласи епидемија од денга appeared first on Република.

]]>
Во Сараево е прогласена епидемија на голема кашлица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-saraevo-e-proglasena-epidemija-na-golema-kashlitsa/ Fri, 15 Mar 2024 17:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=755225

Во кантонот Сараево е прогласена епидемија на заразната болест пертусис, која уште се нарекува голема кашлица, пишува Н1 БиХ.

Прогласувањето на епидемија на болеста, која до неодамна се сметаше за искоренета, дојде по зголемениот број случаи и препораката на Федералниот институт за јавно здравје.

Ова го направивме по вообичаена процедура, исто како што прогласивме епидемија на морбили. Според процедурата, побаравме согласност од Федералниот институт за јавно здравје и Министерството за здравство на Федерацијата БиХ. Додека ја добивме, ние го побаравме истото од нашите канцеларии за законодавство и финансии и прогласивме епидемија од 12 март во областа на кантонот Сараево - изјави за На Енис Хасановиќ, министер за здравство на кантонот Сараево.

The post Во Сараево е прогласена епидемија на голема кашлица appeared first on Република.

]]>

Во кантонот Сараево е прогласена епидемија на заразната болест пертусис, која уште се нарекува голема кашлица, пишува Н1 БиХ. Прогласувањето на епидемија на болеста, која до неодамна се сметаше за искоренета, дојде по зголемениот број случаи и препораката на Федералниот институт за јавно здравје.
Ова го направивме по вообичаена процедура, исто како што прогласивме епидемија на морбили. Според процедурата, побаравме согласност од Федералниот институт за јавно здравје и Министерството за здравство на Федерацијата БиХ. Додека ја добивме, ние го побаравме истото од нашите канцеларии за законодавство и финансии и прогласивме епидемија од 12 март во областа на кантонот Сараево - изјави за На Енис Хасановиќ, министер за здравство на кантонот Сараево.

The post Во Сараево е прогласена епидемија на голема кашлица appeared first on Република.

]]>
Епидемија на менингитис во Нигерија, починаа 20 ученици https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/epidemija-na-meningitis-vo-nigerija-pochinaa-20-uchenitsi/ Wed, 28 Feb 2024 13:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=749285

Најмалку 20 ученици починааа од менингитис во Јобе, северна Нигерија. Мохамед Идрис, еден од службениците на Министерството за образование на државата Јобе, рече дека во некои училишта во областа се регистрирани случаи на менингитис.

Идрис изјави дека 20 студенти починале како последица на менингитис, а некои се хоспитализирани.

Тој изјави дека ги засилиле здравствените мерки против епидемијата на менингитис и ги преземале неопходните мерки на претпазливост.

Нигериската Влада најави дека презема нови мерки за да ја победи болеста до 2030 година.

Менингитисот е сериозна инфекција и голем предизвик за јавното здравје. Блискиот контакт или живеењето со заразено лице овозможува ширење на болеста. Менингитисот, кој може да се пренесе преку воздухот, може да го зафати целото тело, почнувајќи од мозокот.

The post Епидемија на менингитис во Нигерија, починаа 20 ученици appeared first on Република.

]]>

Најмалку 20 ученици починааа од менингитис во Јобе, северна Нигерија. Мохамед Идрис, еден од службениците на Министерството за образование на државата Јобе, рече дека во некои училишта во областа се регистрирани случаи на менингитис. Идрис изјави дека 20 студенти починале како последица на менингитис, а некои се хоспитализирани. Тој изјави дека ги засилиле здравствените мерки против епидемијата на менингитис и ги преземале неопходните мерки на претпазливост. Нигериската Влада најави дека презема нови мерки за да ја победи болеста до 2030 година. Менингитисот е сериозна инфекција и голем предизвик за јавното здравје. Блискиот контакт или живеењето со заразено лице овозможува ширење на болеста. Менингитисот, кој може да се пренесе преку воздухот, може да го зафати целото тело, почнувајќи од мозокот.

The post Епидемија на менингитис во Нигерија, починаа 20 ученици appeared first on Република.

]]>
Епидемија на грип во Албанија, се зголемува и бројот на заразени со морбили https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/epidemija-na-grip-vo-albanija-se-zgolemuva-i-brojot-na-zarazeni-so-morbili/ Fri, 16 Feb 2024 18:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=744980

Албанија е во епидемија на грип. Според Институтот за јавно здравје за една седмица се регистрирани 17.738 заразени случаи, јави Топ чанел.

- По пријавените 16.130 случаи претходната, минатата недела се регистрирани 1.608 случаи повеќе. Но, оваа бројка е уште поголема бидејќи голем дел од граѓаните ниту одат на лекар, ниту се вклучени во пријавените бројки. Грипот е раширен низ целата територија на земјата, потврдуваат од Институтот.

Доколку бројките се споредат со минатата сезона, се чини дека вирусот на грип Ah1 N1, Ah2N3, мали сипаници, респираторниот синцицијален вирус и многу други вируси ја влошија состојбата кај речиси сите возрасни групи.

Од Институтот за јавно здравје известуваат дека има и зголемување на случаите на деца заболени од морбили. Во моментов има 22 случаи при што половина од нив се во Тирана.

The post Епидемија на грип во Албанија, се зголемува и бројот на заразени со морбили appeared first on Република.

]]>

Албанија е во епидемија на грип. Според Институтот за јавно здравје за една седмица се регистрирани 17.738 заразени случаи, јави Топ чанел. - По пријавените 16.130 случаи претходната, минатата недела се регистрирани 1.608 случаи повеќе. Но, оваа бројка е уште поголема бидејќи голем дел од граѓаните ниту одат на лекар, ниту се вклучени во пријавените бројки. Грипот е раширен низ целата територија на земјата, потврдуваат од Институтот. Доколку бројките се споредат со минатата сезона, се чини дека вирусот на грип Ah1 N1, Ah2N3, мали сипаници, респираторниот синцицијален вирус и многу други вируси ја влошија состојбата кај речиси сите возрасни групи. Од Институтот за јавно здравје известуваат дека има и зголемување на случаите на деца заболени од морбили. Во моментов има 22 случаи при што половина од нив се во Тирана.

The post Епидемија на грип во Албанија, се зголемува и бројот на заразени со морбили appeared first on Република.

]]>
Србија е на прагот на епидемија на голема кашлица https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/srbija-e-na-pragot-na-epidemija-na-golema-kashlitsa/ Wed, 14 Feb 2024 13:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=744087

Министерката за здравство Даница Грујичиќ денеска изјави дека Србија не е на прагот на епидемија на морбили, туку е на праг на епидемија на голема кашлица, јави дописникот на МИА од Белград.

Од Нова година имаме околу 400 нови случаи на голема кашлица. Тоа е многу и моја моба до сите е да се вакцинираат децата според календарот што е законски предвиден. Преземаме непотребни ризици, изјави Грујучиќ при обиколката на Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

Таа рече дека наскоро ќе се одржи седница на Републичката комисија за заразни болести, на која ќе се одлучи дали бремените жени ќе се вакцинираат против голема кашлица, за да се заштитат децата до две години, бидејќи децата дури по наполнети две години почнуваат да примаат вакцина против таа болест.

Најголемиот број заразени деца се на возраст од 10 до 14 години, но за среќа, нивната клиничка слика не е толку тешка како онаа на малите бебиња. Децата кои починаа не беа заштитени со вакцината, рече Грујичиќ.

На територијата на Белград од 5 до 11 февруари се регистрирани 51 нов случај на голема кашлица, а од март 2023 година до 11 февруари годинава се регистрирани 815 случаи на оваа болест, соопшти Градскиот институт за јавно здравје.

До вчера на територијата на Србија се пријавени четири потврдени случаи на мали сипаници.

The post Србија е на прагот на епидемија на голема кашлица appeared first on Република.

]]>

Министерката за здравство Даница Грујичиќ денеска изјави дека Србија не е на прагот на епидемија на морбили, туку е на праг на епидемија на голема кашлица, јави дописникот на МИА од Белград.
Од Нова година имаме околу 400 нови случаи на голема кашлица. Тоа е многу и моја моба до сите е да се вакцинираат децата според календарот што е законски предвиден. Преземаме непотребни ризици, изјави Грујучиќ при обиколката на Универзитетскиот клинички центар во Ниш.
Таа рече дека наскоро ќе се одржи седница на Републичката комисија за заразни болести, на која ќе се одлучи дали бремените жени ќе се вакцинираат против голема кашлица, за да се заштитат децата до две години, бидејќи децата дури по наполнети две години почнуваат да примаат вакцина против таа болест.
Најголемиот број заразени деца се на возраст од 10 до 14 години, но за среќа, нивната клиничка слика не е толку тешка како онаа на малите бебиња. Децата кои починаа не беа заштитени со вакцината, рече Грујичиќ.
На територијата на Белград од 5 до 11 февруари се регистрирани 51 нов случај на голема кашлица, а од март 2023 година до 11 февруари годинава се регистрирани 815 случаи на оваа болест, соопшти Градскиот институт за јавно здравје. До вчера на територијата на Србија се пријавени четири потврдени случаи на мали сипаници.

The post Србија е на прагот на епидемија на голема кашлица appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заразни болести предлага да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-predlaga-da-se-proglasi-epidemija-na-golema-kashlitsa-vo-skopje/ Wed, 07 Feb 2024 13:49:11 +0000 https://republika.mk/?p=741506

Комисијата за заразни болести ќе му предложи на министертот за здраввство да се прогласи епидмија на голема кашлица во Скопје, кажа денеска претседателот на Комисијата, проф. д-р Александар Петличковски на прес-конфренција.

Со оглед на последните бројки, 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде што се потврдени 14 случаи, се одлучивме да предложиме да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје, изјави денеска д-р Петличковски.

Како што беше кажано на прес-конфренцијата, Комисијата ќе препорача забрана за прием на деца невакцинирани за пертусис во градинки. Со овој потег се очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е на заштита на најмалите, бидејќи, големата кашлица може да биде и е практично тешка, најтешка болест за најмалите.

Ова звучи малку страшно, но реално треба да ни олесни во справување со ризикот кој доаѓа со болеста големи кашлици. Во таа насока моментално го подготвуваме, односно очекуваме да излезе подготвено упатство за постапување во услови на епидемија од страна на Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини, изјави проф. д-р Петличковски.

Според податоците од Министерството за здравство за 2023 година опфатот со вакцинација за Дитепер е 83,9 отсто, што е е незадоволително. За да делуваат вакцините, опфатот теба да биде најмалку 95 проценти. .

Значи, тука треба да се фокусираме, да поправиме она што е промашено во изминатиот период. Затоа ќе ги повикуваме сите кои ја пропуштиле вакцинацијата предвидена со редовниот календар. Ќе предложиме да се организира работата на вакциналните пунктови во две смени и дополнително во сабота да се примаат деца за вакцинација, изјави д-р Петличковски.

Во однос на училиштата, тој посочи дека во моментов немаат решение со оглед дека образованието е задолжително. Препораката за непримање деца кои не се вакцинирани не се однесува на училиштата, туку само на градинките, кажа Петличковски.

Заразноста на оваа болест трае 5-6 дена, инкубацискиот период може да се движи од 7 до 21 ден, а потврдените случаи по започнување на антибиотска терапија да останат во изолација, пет дена.

Имаме доста тестови на располагање, матичните лекари и специјалистите ќе добијат упатства од СЗО за упатување за тестирање на сомнителните случаи, изјави Петличковски.

 

The post Комисијата за заразни болести предлага да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести ќе му предложи на министертот за здраввство да се прогласи епидмија на голема кашлица во Скопје, кажа денеска претседателот на Комисијата, проф. д-р Александар Петличковски на прес-конфренција.
Со оглед на последните бројки, 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде што се потврдени 14 случаи, се одлучивме да предложиме да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје, изјави денеска д-р Петличковски.
Како што беше кажано на прес-конфренцијата, Комисијата ќе препорача забрана за прием на деца невакцинирани за пертусис во градинки. Со овој потег се очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е на заштита на најмалите, бидејќи, големата кашлица може да биде и е практично тешка, најтешка болест за најмалите.
Ова звучи малку страшно, но реално треба да ни олесни во справување со ризикот кој доаѓа со болеста големи кашлици. Во таа насока моментално го подготвуваме, односно очекуваме да излезе подготвено упатство за постапување во услови на епидемија од страна на Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини, изјави проф. д-р Петличковски.
Според податоците од Министерството за здравство за 2023 година опфатот со вакцинација за Дитепер е 83,9 отсто, што е е незадоволително. За да делуваат вакцините, опфатот теба да биде најмалку 95 проценти. .
Значи, тука треба да се фокусираме, да поправиме она што е промашено во изминатиот период. Затоа ќе ги повикуваме сите кои ја пропуштиле вакцинацијата предвидена со редовниот календар. Ќе предложиме да се организира работата на вакциналните пунктови во две смени и дополнително во сабота да се примаат деца за вакцинација, изјави д-р Петличковски.
Во однос на училиштата, тој посочи дека во моментов немаат решение со оглед дека образованието е задолжително. Препораката за непримање деца кои не се вакцинирани не се однесува на училиштата, туку само на градинките, кажа Петличковски. Заразноста на оваа болест трае 5-6 дена, инкубацискиот период може да се движи од 7 до 21 ден, а потврдените случаи по започнување на антибиотска терапија да останат во изолација, пет дена.
Имаме доста тестови на располагање, матичните лекари и специјалистите ќе добијат упатства од СЗО за упатување за тестирање на сомнителните случаи, изјави Петличковски.
 

The post Комисијата за заразни болести предлага да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје appeared first on Република.

]]>
Се зголемува ризикот од појава на епидемија на мали сипаници, бидејќи опфатот со МРП вакцината е мал, апелираат докторите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-zgolemuva-rizikot-od-pojava-na-epidemija-na-mali-sipanitsi-bidejki-opfatot-so-mrp-vaktsinata-e-mal-apeliraat-doktorite/ Tue, 12 Dec 2023 12:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=722137

Се зголемува ризикот од појава и проширување на епидемија од мали сипаници во државата бидејќи опфатот со МРП вакцината е многу мал, апелираат здравствените работинци.

Најзагрижувачки се бројките во Битола, Струга, Гевгелија и особено Куманово каде што опфатот на вакцинирани е само 40,3 отсто.

Најмалку 95 отсто е потребно да бидат вакцинирано населението за да се постигне колективен имунитет. Во моментов, со прва доза од МРП вакцината се имнизирани 83 отсто, а со втора доза 74 проценти, што е далеку под минимумот кој е неопходен за постигнување на колективен имунитет, истакна епидемиологот д-р Кристина Ставридис од Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ).

Таа заедно со примариус д-р Љиљана Којиќ, специјалист педијатар од Клиниката за детски болести, д-р Злате Мехмедовиќ, портарол на Комисијата за заразни болести и Патиција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ за Македонија говореа на брифингот за новинари за важноста од имунизацијата на населението.

Годинава е регистриран само еден случај на мали сипаници кај 13 месечно невакцинирано бебе од Свети Николе, каде опфатот со вакцина бил над 98 отсто, што придонело да не се појави епидемија.

Најдобро е вакцините да се примаат навремено, според календарот за имунизација, но и ако се одложи некоја вакцина, може да се стави подоцна. Но, важно е децата да бидат имунизирани, за да не се соочуваме со епидемии од болести кои треба да се сметаат за изчезнати или болести кои се јавувале и земале жртви пред да ги имаме вакцините како одлично средство во борбата со многу болести, рече д-р Ставридис.

Согласно календарот за вакцинација во Македонија, првата доза се дава кога детето ќе наполни 12 месеци, а втората на возраст од 6 години. Ако МРП вакцината не се прими со навршени 12 месеци и се одложи за понатаму, д-р Ставридис појаснува дека таа може да биде аплицирана подоцна. На пример, ако детето ја прими на две години, ревакцината се врши според календарот, на шест години. Доколку првата доза се прими по навршени шест години, ревакцинацијата се врши по еден месец.

Како што потсетуваат од Одделението за имунизација и вакцино - превентабилни заболувања при ИЈЗ, последната епидемија на мали сипаници беше во 2019 година со вкупно 1.901 заболено лице.

Над 80,5 отсто од заболените лица во епидемијата беа невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Епидемијата заврши како резултат на интензивната вакцинална кампања со МРП вакцинација, со која беа опфатени над 44.000 деца до 14 годишна возраст, како најефикасна противепидемиска мерка. Таа година, опфатот со МРП вакцина надмина 93 проценти и за прва, и за втора доза. Но, веќе следната година со почеток на Ковид-19 пандемијата, вакциналниот опфат се намалува на 63,0 отсто за прва доза и 68.5 проценти за втора доза. Следните две години се бележи скромно зголемување на кое достигна 70.7 отсто за прва доза и 89.2 проценти за втора доза, во 2022 година. Нискиот опфат последните две години доведува до зголемување на бројот на невакцинирано, осетливо население на мали сипаници“, информираат од ова Одделение.

Примариус д-р Којиќ, говореше за компликациите што можат да настанат по прележување на морбили. Таа кажа дека во нејзиното претходно работно искуство, имало случаи на 11 деца со аутистичен спектар што не биле вакцинирани, па нагласи дека кај нив во никој случај не може да има поврзаност со вакцинирање. На родителите што сакаат да ги вакцинираат децата кои се алергични, им советува да се обратат за консултација на Одделот за имунологија, на Клиниката за детски болести.

Свое обраќање пред новинарите имаше и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани.

На настанот беше кажано дека МРП вакцината е безбедна и ефикасна, најдобар начин на превенција, комбинирана вакцина што обезбедува истовремена заштита против три сериозни болести, мали сипаници, рубеола и заразни заушки.

Причина за овие болести е вирусна инфекција. Најчесто се јавуваат во детската возраст иако може да заболат и возрасни лица. Беше нагласено дека не постои специфичен третман за овие болести, но, успешно може да се превенираат со навремена и редовна вакцинација.

Беше потсетено дека мали сипаници се високо контагиозно, респираторно заболување предизвикано од вирус што може да доведе до тешки компликации и смрт.

Рубеолата е вирусна респираторна инфекција која вообичаено предизвикува благи симптоми кај децата, како зголемена температура, осип и отечени лимфни жлезди. Кај децата може да помине и без симптоми, но кај бремените жени и нивниот плод може да предизвика сериозни здравствени компликации.

Заразните заушки - паротит, се вирусна респираторна инфекција која се манифестира со зголемена температура, главоболка и оток на плунковите жлезди. Вообичаено болеста поминува со блага клиничка слика, но кај одредени случаи може да предизвика сериозни компликации како воспаление на мозочните обвивки - менингитис, или воспаление на мозокот - енцефалитис. Ретка, но карактеристична компликација е губење на слухот. Секој четврти адолесцент или возрасен маж развива оток и воспаление на тестисите, што ретко може да доведе до неплодност.

https://republika.mk/zivot/zdravje/se-somnevaat-vo-vaktsinite-a-nikoj-ne-prashuva-kakov-e-kvalitetot-na-vaktsina-za-zholta-treska-bidejki-treba-na-maldivi-da-se-patuva-veli-prof-d-r-grozdanova/

https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/

The post Се зголемува ризикот од појава на епидемија на мали сипаници, бидејќи опфатот со МРП вакцината е мал, апелираат докторите appeared first on Република.

]]>

Се зголемува ризикот од појава и проширување на епидемија од мали сипаници во државата бидејќи опфатот со МРП вакцината е многу мал, апелираат здравствените работинци. Најзагрижувачки се бројките во Битола, Струга, Гевгелија и особено Куманово каде што опфатот на вакцинирани е само 40,3 отсто. Најмалку 95 отсто е потребно да бидат вакцинирано населението за да се постигне колективен имунитет. Во моментов, со прва доза од МРП вакцината се имнизирани 83 отсто, а со втора доза 74 проценти, што е далеку под минимумот кој е неопходен за постигнување на колективен имунитет, истакна епидемиологот д-р Кристина Ставридис од Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ). Таа заедно со примариус д-р Љиљана Којиќ, специјалист педијатар од Клиниката за детски болести, д-р Злате Мехмедовиќ, портарол на Комисијата за заразни болести и Патиција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ за Македонија говореа на брифингот за новинари за важноста од имунизацијата на населението. Годинава е регистриран само еден случај на мали сипаници кај 13 месечно невакцинирано бебе од Свети Николе, каде опфатот со вакцина бил над 98 отсто, што придонело да не се појави епидемија.
Најдобро е вакцините да се примаат навремено, според календарот за имунизација, но и ако се одложи некоја вакцина, може да се стави подоцна. Но, важно е децата да бидат имунизирани, за да не се соочуваме со епидемии од болести кои треба да се сметаат за изчезнати или болести кои се јавувале и земале жртви пред да ги имаме вакцините како одлично средство во борбата со многу болести, рече д-р Ставридис.
Согласно календарот за вакцинација во Македонија, првата доза се дава кога детето ќе наполни 12 месеци, а втората на возраст од 6 години. Ако МРП вакцината не се прими со навршени 12 месеци и се одложи за понатаму, д-р Ставридис појаснува дека таа може да биде аплицирана подоцна. На пример, ако детето ја прими на две години, ревакцината се врши според календарот, на шест години. Доколку првата доза се прими по навршени шест години, ревакцинацијата се врши по еден месец. Како што потсетуваат од Одделението за имунизација и вакцино - превентабилни заболувања при ИЈЗ, последната епидемија на мали сипаници беше во 2019 година со вкупно 1.901 заболено лице.
Над 80,5 отсто од заболените лица во епидемијата беа невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Епидемијата заврши како резултат на интензивната вакцинална кампања со МРП вакцинација, со која беа опфатени над 44.000 деца до 14 годишна возраст, како најефикасна противепидемиска мерка. Таа година, опфатот со МРП вакцина надмина 93 проценти и за прва, и за втора доза. Но, веќе следната година со почеток на Ковид-19 пандемијата, вакциналниот опфат се намалува на 63,0 отсто за прва доза и 68.5 проценти за втора доза. Следните две години се бележи скромно зголемување на кое достигна 70.7 отсто за прва доза и 89.2 проценти за втора доза, во 2022 година. Нискиот опфат последните две години доведува до зголемување на бројот на невакцинирано, осетливо население на мали сипаници“, информираат од ова Одделение.
Примариус д-р Којиќ, говореше за компликациите што можат да настанат по прележување на морбили. Таа кажа дека во нејзиното претходно работно искуство, имало случаи на 11 деца со аутистичен спектар што не биле вакцинирани, па нагласи дека кај нив во никој случај не може да има поврзаност со вакцинирање. На родителите што сакаат да ги вакцинираат децата кои се алергични, им советува да се обратат за консултација на Одделот за имунологија, на Клиниката за детски болести. Свое обраќање пред новинарите имаше и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани. На настанот беше кажано дека МРП вакцината е безбедна и ефикасна, најдобар начин на превенција, комбинирана вакцина што обезбедува истовремена заштита против три сериозни болести, мали сипаници, рубеола и заразни заушки. Причина за овие болести е вирусна инфекција. Најчесто се јавуваат во детската возраст иако може да заболат и возрасни лица. Беше нагласено дека не постои специфичен третман за овие болести, но, успешно може да се превенираат со навремена и редовна вакцинација. Беше потсетено дека мали сипаници се високо контагиозно, респираторно заболување предизвикано од вирус што може да доведе до тешки компликации и смрт. Рубеолата е вирусна респираторна инфекција која вообичаено предизвикува благи симптоми кај децата, како зголемена температура, осип и отечени лимфни жлезди. Кај децата може да помине и без симптоми, но кај бремените жени и нивниот плод може да предизвика сериозни здравствени компликации. Заразните заушки - паротит, се вирусна респираторна инфекција која се манифестира со зголемена температура, главоболка и оток на плунковите жлезди. Вообичаено болеста поминува со блага клиничка слика, но кај одредени случаи може да предизвика сериозни компликации како воспаление на мозочните обвивки - менингитис, или воспаление на мозокот - енцефалитис. Ретка, но карактеристична компликација е губење на слухот. Секој четврти адолесцент или возрасен маж развива оток и воспаление на тестисите, што ретко може да доведе до неплодност. https://republika.mk/zivot/zdravje/se-somnevaat-vo-vaktsinite-a-nikoj-ne-prashuva-kakov-e-kvalitetot-na-vaktsina-za-zholta-treska-bidejki-treba-na-maldivi-da-se-patuva-veli-prof-d-r-grozdanova/ https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/

The post Се зголемува ризикот од појава на епидемија на мали сипаници, бидејќи опфатот со МРП вакцината е мал, апелираат докторите appeared first on Република.

]]>
Изолација и строги контроли: Како Русија за само две недели ја спречи епидемијата на големи сипаници во 1959 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/izolatsija-i-strogi-kontroli-kako-rusija-za-samo-dve-nedeli-ja-sprechi-epidemijata-na-golemi-sipanitsi-vo-1959-godina/ Wed, 22 Mar 2023 10:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=622329

Речиси целиот свет треба да учи од руската медицина во справувањето со епидемии. Голема епидемија на сипаници се случила во 1959 година во Русија.

Нив ги донел рускиот сликар Алексеј Кококерин од Русија. Кога тој пристигнал во Москва неколку дена не можее да откријат од што му е висоската температура и болките по телото.

Кога му поставиле дијагнозата тој починал по неколку дена во соба со уште неколку пациенти кои боледувале од обичен грип.

И тогаш почнала битката на руските лекари да го запрат ширењето на болеста која е позната и како вариола вера.

А тоа значело целосен карантин и изолација на буквално сите луѓе кои биле во контакт со лекарот и неговото семејство . Издвојување на сите, па дури и на оние кои се возеле со него во ист воз и авион.

Во излолација биле ставени дури колегите на неговата ќерка со кои таа слушала предавања на факултет.

Откако се превенирале сите луѓе следела масовна вакцинација на луѓето.Резултатот бил целосно искоренување на епидемијата за само две недели.

The post Изолација и строги контроли: Како Русија за само две недели ја спречи епидемијата на големи сипаници во 1959 година appeared first on Република.

]]>

Речиси целиот свет треба да учи од руската медицина во справувањето со епидемии. Голема епидемија на сипаници се случила во 1959 година во Русија. Нив ги донел рускиот сликар Алексеј Кококерин од Русија. Кога тој пристигнал во Москва неколку дена не можее да откријат од што му е висоската температура и болките по телото. Кога му поставиле дијагнозата тој починал по неколку дена во соба со уште неколку пациенти кои боледувале од обичен грип. И тогаш почнала битката на руските лекари да го запрат ширењето на болеста која е позната и како вариола вера. А тоа значело целосен карантин и изолација на буквално сите луѓе кои биле во контакт со лекарот и неговото семејство . Издвојување на сите, па дури и на оние кои се возеле со него во ист воз и авион. Во излолација биле ставени дури колегите на неговата ќерка со кои таа слушала предавања на факултет. Откако се превенирале сите луѓе следела масовна вакцинација на луѓето.Резултатот бил целосно искоренување на епидемијата за само две недели.

The post Изолација и строги контроли: Како Русија за само две недели ја спречи епидемијата на големи сипаници во 1959 година appeared first on Република.

]]>
СЗО предупредува на епидемија на колера во Малави, 1200 смртни случаи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-predupreduva-na-epidemija-na-kolera-vo-malavi-1200-smrtni-sluchai/ Thu, 09 Feb 2023 18:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=607029

Малави е среде најлошата епидемија на колера во својата историја, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), информирајќи дека се потврдени повеќе од 1.200 смртни случаи.

Од избувнувањето на болеста во јужноафриканската земја пред речиси една година, имало 1.210 смртни случаи од колера и речиси 37.000 заразени, соопшти СЗО. Сите 29 административни области на Малави се погодени.

Колерата е ендемична во земјата со 20 милиони жители од 1998 година, но претходно секогаш беше ограничена на сезонски епидемии за време на сезоната на дождови од ноември до мај.

Сепак, сегашната епидемија, која започна на 3 март 2022 година, се прошири и на сушната сезона, вели СЗО.

Владата на Малави прогласи здравствена криза на почетокот на декември, поради тековната сезона на дождови, големото географско ширење на болеста и постојано високата стапка на смртност од повеќе од 3 проценти.

СЗО соопшти дека бројот на заразени нагло се зголемил во јануари, а здравствениот систем во земјата е веќе преоптоварен.

Според СЗО, епидемијата во Малави се јавува во позадина на светскиот пораст на епидемијата на колера, што ја ограничи достапноста на вакцини, тестови и третмани.

Колерата е акутна бактериска цревна инфекција која се пренесува преку нечиста вода за пиење или храна.

Болеста лесно се лекува со лекови, но ако не се лекува, може да предизвика откажување на бубрезите и смрт поради значително губење на течности.

The post СЗО предупредува на епидемија на колера во Малави, 1200 смртни случаи appeared first on Република.

]]>

Малави е среде најлошата епидемија на колера во својата историја, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), информирајќи дека се потврдени повеќе од 1.200 смртни случаи. Од избувнувањето на болеста во јужноафриканската земја пред речиси една година, имало 1.210 смртни случаи од колера и речиси 37.000 заразени, соопшти СЗО. Сите 29 административни области на Малави се погодени. Колерата е ендемична во земјата со 20 милиони жители од 1998 година, но претходно секогаш беше ограничена на сезонски епидемии за време на сезоната на дождови од ноември до мај. Сепак, сегашната епидемија, која започна на 3 март 2022 година, се прошири и на сушната сезона, вели СЗО. Владата на Малави прогласи здравствена криза на почетокот на декември, поради тековната сезона на дождови, големото географско ширење на болеста и постојано високата стапка на смртност од повеќе од 3 проценти. СЗО соопшти дека бројот на заразени нагло се зголемил во јануари, а здравствениот систем во земјата е веќе преоптоварен. Според СЗО, епидемијата во Малави се јавува во позадина на светскиот пораст на епидемијата на колера, што ја ограничи достапноста на вакцини, тестови и третмани. Колерата е акутна бактериска цревна инфекција која се пренесува преку нечиста вода за пиење или храна. Болеста лесно се лекува со лекови, но ако не се лекува, може да предизвика откажување на бубрезите и смрт поради значително губење на течности.

The post СЗО предупредува на епидемија на колера во Малави, 1200 смртни случаи appeared first on Република.

]]>
Се шири епидемијата на мали сипаници во Смедерево, никој од заразените не е вакциниран https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-shiri-epidemijata-na-mali-sipanitsi-vo-smederevo-nikoj-od-zarazenite-ne-e-vaktsiniran/ Mon, 23 Jan 2023 11:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=599933

Српскиот Институт за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ денеска соопшти дека кај 14 лица во Смедерево се потврдена мали сипаници.

Станува збор за десет невакцинирани лица (под две години) и четири возрасни лица со непознат и нецелосен статус на вакцинација (вработени во здравствена установа, трудници). Кај две заболени деца има компликации во форма на пневмонија, хоспитализирани се две лица. Примените во болница и тие кои се во домашна изолација се во стабилна состојба, се наведува во соопштението од Институтот.

Епидемијата на мали сипаници во Смедерево беше пријавена на 12 јануари годинава.

The post Се шири епидемијата на мали сипаници во Смедерево, никој од заразените не е вакциниран appeared first on Република.

]]>

Српскиот Институт за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ денеска соопшти дека кај 14 лица во Смедерево се потврдена мали сипаници. Станува збор за десет невакцинирани лица (под две години) и четири возрасни лица со непознат и нецелосен статус на вакцинација (вработени во здравствена установа, трудници). Кај две заболени деца има компликации во форма на пневмонија, хоспитализирани се две лица. Примените во болница и тие кои се во домашна изолација се во стабилна состојба, се наведува во соопштението од Институтот. Епидемијата на мали сипаници во Смедерево беше пријавена на 12 јануари годинава.

The post Се шири епидемијата на мали сипаници во Смедерево, никој од заразените не е вакциниран appeared first on Република.

]]>
Црна Гора на прагот на епидемија на сипаници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tsrna-gora-na-pragot-na-epidemija-na-sipanitsi/ Thu, 12 Jan 2023 19:25:41 +0000 https://republika.mk/?p=596330

Црногорскиот Институт за јавно здравје, повторно апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината, бидејќи, како што посочуваат од установата, државата е на прагот на епидемија.

Мали сипаници - морбили, кои се појавија во регионот, се една од најзаразните болести, а само едно инфицирано лице ќе го пренесе вирусот на 12-18 ранливи, објаснува епидемиологот, Милена Поповиќ Самарџиќ.

Таа на својот Фејсбук профил напиша дека човек се смета за ранлив доколку не е вакциниран или не прележал морбили.

Пред воведувањето на вакцината, честите циклични епидемии на сипаници однесоа дури 2,6 милиони животи годишно според податоците на СЗО. По воведувањето на МРП вакцината, бројот на смртни случаи се намали за 73 отсто во периодот од 2000 до 2018 година. Се проценува дека со вакцинација против големи сипаници во овој период биле спречени 23,2 милиони смртни случаи. Сепак, ефектите од вакцинацијата МРП зависат од опфатот, вели Поповиќ Самарџиќ.

Како што појаснува таа, благодарение на вакцинацијата, бројот на смртни случаи од сипаници се намалил од 1.070.000 во 2000 година на 60.700 во 2020 година (извор СЗО).

Морбилите се респираторна инфекција. Вирусот се пренесува со директен контакт и преку воздух. Затоа, честичките што го содржат вирусот се исфрлаат со кашлање, кивање и зборување. Тие честички, кои потоа ги вдишуваме, остануваат во воздухот до два часа. Доволно е да поминете низ коридор или затворен простор во кој престојувало заразено лице, кое тоа сè уште не го знае или не го препознало, бидејќи лицето е заразно четири дена пред и четири дена по појавата на сипаници, и да се вдишат овие честички кои содржат вирус, објаснува Поповиќ Самарџиќ.

The post Црна Гора на прагот на епидемија на сипаници appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот Институт за јавно здравје, повторно апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината, бидејќи, како што посочуваат од установата, државата е на прагот на епидемија.
Мали сипаници - морбили, кои се појавија во регионот, се една од најзаразните болести, а само едно инфицирано лице ќе го пренесе вирусот на 12-18 ранливи, објаснува епидемиологот, Милена Поповиќ Самарџиќ.
Таа на својот Фејсбук профил напиша дека човек се смета за ранлив доколку не е вакциниран или не прележал морбили.
Пред воведувањето на вакцината, честите циклични епидемии на сипаници однесоа дури 2,6 милиони животи годишно според податоците на СЗО. По воведувањето на МРП вакцината, бројот на смртни случаи се намали за 73 отсто во периодот од 2000 до 2018 година. Се проценува дека со вакцинација против големи сипаници во овој период биле спречени 23,2 милиони смртни случаи. Сепак, ефектите од вакцинацијата МРП зависат од опфатот, вели Поповиќ Самарџиќ.
Како што појаснува таа, благодарение на вакцинацијата, бројот на смртни случаи од сипаници се намалил од 1.070.000 во 2000 година на 60.700 во 2020 година (извор СЗО).
Морбилите се респираторна инфекција. Вирусот се пренесува со директен контакт и преку воздух. Затоа, честичките што го содржат вирусот се исфрлаат со кашлање, кивање и зборување. Тие честички, кои потоа ги вдишуваме, остануваат во воздухот до два часа. Доволно е да поминете низ коридор или затворен простор во кој престојувало заразено лице, кое тоа сè уште не го знае или не го препознало, бидејќи лицето е заразно четири дена пред и четири дена по појавата на сипаници, и да се вдишат овие честички кои содржат вирус, објаснува Поповиќ Самарџиќ.

The post Црна Гора на прагот на епидемија на сипаници appeared first on Република.

]]>
Постои реална шанса за епидемија на сипаници, тврди претседателот на Здружението на педијатри на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/postoi-realna-shansa-za-epidemija-na-sipanici-tvrdi-pretsedatelot-na-zdruzenieto-na-pedijatri-na-srbija/ Mon, 26 Dec 2022 10:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=590007

Претседателот на Здружението на педијатри на Србија, Георгиос Константинидис денеска изјави дека поради пад на бројот на вакцинирани, во Србија постои реална шанса за епидемија на сипаници. Во изјава за РТС посочи дека несакани ефекти по вакцинацијата генерално не постојат.

Според него, особено загрижува падот на стапката на вакцинација против морбили, заушки и рубеола со ММР вакцината, која во 2021 година изнесувала 75 отсто на национално ниво и, како што наведе, „во еден град 24 отсто“, пренесе Бета.

Довербата, која постоеше во медицината и во институциите на општеството, исчезна благодарение на дезинформациите…медиумите наместо да бидат извор на точни информации, во голема мера станаа извор на дезинформации. Малите сипаници и вакцините се репрезентативен пример на таа политика, рече Константинидис.

РТС на својата веб-страница објави дека УНИЦЕФ предупредиле дека во Србија е можна појава на сипаници и други болести што можат да се спречат со вакцини.

The post Постои реална шанса за епидемија на сипаници, тврди претседателот на Здружението на педијатри на Србија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Здружението на педијатри на Србија, Георгиос Константинидис денеска изјави дека поради пад на бројот на вакцинирани, во Србија постои реална шанса за епидемија на сипаници. Во изјава за РТС посочи дека несакани ефекти по вакцинацијата генерално не постојат. Според него, особено загрижува падот на стапката на вакцинација против морбили, заушки и рубеола со ММР вакцината, која во 2021 година изнесувала 75 отсто на национално ниво и, како што наведе, „во еден град 24 отсто“, пренесе Бета.
Довербата, која постоеше во медицината и во институциите на општеството, исчезна благодарение на дезинформациите…медиумите наместо да бидат извор на точни информации, во голема мера станаа извор на дезинформации. Малите сипаници и вакцините се репрезентативен пример на таа политика, рече Константинидис.
РТС на својата веб-страница објави дека УНИЦЕФ предупредиле дека во Србија е можна појава на сипаници и други болести што можат да се спречат со вакцини.

The post Постои реална шанса за епидемија на сипаници, тврди претседателот на Здружението на педијатри на Србија appeared first on Република.

]]>
Епидемија на птичји грип во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/epidemija-na-ptichji-grip-vo-evropa/ Thu, 22 Dec 2022 08:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=588618

Европа е опустошена повеќе од една година од најлошиот птичји грип од сите оние што некогаш се појавиле, предупредија санитарните власти, при што околу 50 милиони живина на фармите ѓирум континентот се заразени со вирусот.

Од октомври 2021 до септември 2022 година, Европа беше погодена од најлошата појава на високопатогена птичји грип (HPAI), која се прошири во 37 европски земји, со повеќе од 2.500 фокуси на фармите на континентот, се вели во извештајот на Европската агенција за безбедност на храна, (ЕФСА) Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) и референтната лабораторија на Европската унија.

Загубите на кокошки, патки и мисирки на фармите се всушност поголеми, бидејќи во бројката од 50 милиони заклана живина не е вклучено превентивното убивање што мораше да се изврши околу жариштата, додаваат од санитарната агенција. Епидемијата не стивнува од септември, а бројот на заразена живина дури се удвои со доаѓањето на зимата.

ЕФСА истакнува дека за прв пат повеќе немало јаз меѓу два епидемични бранови бидејќи вирусот не се повлекол во текот на летото. Оваа есен епидемијата беше полоша отколку во истото време минатата година, со повеќе од 35 отсто повеќе заразени фарми.

Од 10 септември до 2 декември годинава биле пријавени речиси 400 епидемии на фарми во 18 европски земји, особено во Франција, Велика Британија и Унгарија. Вирусот е откриен повеќе од 600 пати кај дивите птици, главно водни птици (патки, лебеди), кои можеби придонеле за ширење на вирусот во фармите, се вели во извештајот. На барање на Европската комисија, ЕФСА во моментов ја проучува можната стратегија за вакцинација, а резултатите ќе бидат познати во втората половина на следната година.

The post Епидемија на птичји грип во Европа appeared first on Република.

]]>

Европа е опустошена повеќе од една година од најлошиот птичји грип од сите оние што некогаш се појавиле, предупредија санитарните власти, при што околу 50 милиони живина на фармите ѓирум континентот се заразени со вирусот. Од октомври 2021 до септември 2022 година, Европа беше погодена од најлошата појава на високопатогена птичји грип (HPAI), која се прошири во 37 европски земји, со повеќе од 2.500 фокуси на фармите на континентот, се вели во извештајот на Европската агенција за безбедност на храна, (ЕФСА) Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) и референтната лабораторија на Европската унија. Загубите на кокошки, патки и мисирки на фармите се всушност поголеми, бидејќи во бројката од 50 милиони заклана живина не е вклучено превентивното убивање што мораше да се изврши околу жариштата, додаваат од санитарната агенција. Епидемијата не стивнува од септември, а бројот на заразена живина дури се удвои со доаѓањето на зимата. ЕФСА истакнува дека за прв пат повеќе немало јаз меѓу два епидемични бранови бидејќи вирусот не се повлекол во текот на летото. Оваа есен епидемијата беше полоша отколку во истото време минатата година, со повеќе од 35 отсто повеќе заразени фарми. Од 10 септември до 2 декември годинава биле пријавени речиси 400 епидемии на фарми во 18 европски земји, особено во Франција, Велика Британија и Унгарија. Вирусот е откриен повеќе од 600 пати кај дивите птици, главно водни птици (патки, лебеди), кои можеби придонеле за ширење на вирусот во фармите, се вели во извештајот. На барање на Европската комисија, ЕФСА во моментов ја проучува можната стратегија за вакцинација, а резултатите ќе бидат познати во втората половина на следната година.

The post Епидемија на птичји грип во Европа appeared first on Република.

]]>