епидемија на голема кашлица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/epidemija-na-golema-kashlitsa/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Feb 2024 09:10:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png епидемија на голема кашлица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/epidemija-na-golema-kashlitsa/ 32 32 Д-р Даниловски за епидмијата на голема кашлица: Со паметот сме некаде во 18. век, не знам со кое срце некои родители решаваат да не ги вакцинираат децата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-za-epidmijata-na-golema-kashlitsa-so-pametot-sme-nekade-vo-18-vek-ne-znam-so-koe-srtse-nekoi-roditeli-reshavaat-da-ne-gi-vaktsiniraat-detsata/ Thu, 08 Feb 2024 19:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=741976

Календарски сме во 21. век, но со паметот сме некаде во 18. век, вели проф. д-р Драган Даниловски, епидемилог, одговорајќи на прашањето во Тема на денот на телевизијата „Сител“, зошто во ова време се враќаат болести, како големата кашлица за кои постојат вакцини.

До денеска има вкупно 22 случаи на заболени од голема кашлица во Македонија. Вчера Комисијата за заразни болести препорача да се прогласи епидемија во Град Скопје каде што има најмногу заразени. Комисијата предлага во градинките да се примаат само целосно вакцинирани деца до траење на епидемијата. Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешниот брифинг со новинарите кажа дека очекува од службите да ги подготват документите за прогласување епидемија, да бидат испратени до вакциналните пунктови за да работат во две смени и да се испрати допис до градинките дека не смеат да примаат невакцинирани деца.

Последните 30 години ние произведуваме лоши генерации, неуки, игнорантни, генерации кои како што стасуваат стануваат родители и треба да ги воспитуваат своите деца и да им всадат квалитени вредности. Се случува триесетина година да имаме нефункционална клетка во општеството, а тоа е семејството. Школството ни е на ниски гранки, учениците не се учат да бидат егоисти и да го почитуваат јавниот интерес. Се изгуби чувството за заедништво. Во меѓувреме се создаде плодна почва за теории на заговор и тоа да не може да се искорени, вели професорот Даниловски.

Тој смета дека отпорот на родителите кон вакцинација доаѓа од неукост, неинформираност.

Кога ќе се всади еден страв, конкретно за вакцината против морбили, тоа некако се прошири и на сите други вакцини. Едноставно, луѓето не веруваат дека и другите вакцини се добри. На сето тоа се додава и хроничната недоверба на народот во системот, во институциите, едноставно не веруваат дека државата навистина се грижи за здравјето на граѓаните. Освен школството и семејството и докторите во примарното здравство имаат вина. Нивна задача е да ги едуцираат пациентите, ако гледаме дека семејството и образованието не ја вршат својата функција. Дел од матичните лекари не само што индолентно се однесуваат и функцинораат на ниво на 'желботека', дури и активно ги одвраќаат граѓаните од вакцинирање, смета професорот Даниловски.

Во тек е сезоната на настински и грип во која често има респиратно инфекции кои се проследени со кашлица. Но, големата кашлица е нешто што не може да се препознае, вели проф. Даниловски.

Тоа не е обично кашлање. Почнува со симптоми на обична настинка, но кога ќе почне кашлицата, во напади, тоа е нешто што може да го смисли само режисер на хорор филм. Тоа е толку драматично, толку страшно, потресно е да се биде сведок на таа кашлица. Детето не може да земе здив. Може да го загуби и животот заради задушување. Тоа кашлање оди со рикање, магарешко рикање, тоа е толку драматично. Се прашувам со кој памет, со кое срце одредени родители решаваат нивното дете така да се мачи, кога вакцините се сосема безбедни, вели д-р Даниловски.

Последните податоци за опфат со ДиТеПер вакцината, која се прима на 4, 6 и 8 месеци и ревакцина на 18 месеци, се дека е вакциниарно 83,9 од децата, а треба да биде над 95 отсто.

The post Д-р Даниловски за епидмијата на голема кашлица: Со паметот сме некаде во 18. век, не знам со кое срце некои родители решаваат да не ги вакцинираат децата appeared first on Република.

]]>

Календарски сме во 21. век, но со паметот сме некаде во 18. век, вели проф. д-р Драган Даниловски, епидемилог, одговорајќи на прашањето во Тема на денот на телевизијата „Сител“, зошто во ова време се враќаат болести, како големата кашлица за кои постојат вакцини. До денеска има вкупно 22 случаи на заболени од голема кашлица во Македонија. Вчера Комисијата за заразни болести препорача да се прогласи епидемија во Град Скопје каде што има најмногу заразени. Комисијата предлага во градинките да се примаат само целосно вакцинирани деца до траење на епидемијата. Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешниот брифинг со новинарите кажа дека очекува од службите да ги подготват документите за прогласување епидемија, да бидат испратени до вакциналните пунктови за да работат во две смени и да се испрати допис до градинките дека не смеат да примаат невакцинирани деца.