ЕП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ep/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 09:58:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ep/ 32 32 Продолжува сагата во ЕП околу одобрувањето на кандидатите за потпретседатели на Еврокомисијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prodolzhuva-sagata-vo-ep-okolu-odobruvaneto-na-kandidatite-za-potpretsedateli-na-evrokomisijata/ Thu, 14 Nov 2024 09:58:42 +0000 https://republika.mk/?p=837524

Лидерите на трите партии од т.н. проевропското мнозинство во Европскиот парламент - Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ синоќа не успеаја да постигнат договор околу одобрувањето на номинациите на шесте кандидати за потпретседатели на Европската комисија.

Нивните кандидатури според првичниот план требаше да бидат одобрувани одделно по завршувањето на нивните сослушувања во вторникот, но трите партии се договорија да го одложат потврдувањето со цел, како што беше образложено, да се обезбеди „сеопфатен пакет на сите шест номинирани“.

Според извори во Европарламентот, на синоќешната средба претставниците на СД соопштиле дека „одбиваат“ да ги поддржат номинациите на кандидатот за извршен потпретседател на ЕК за кохезија и реформи и за еврокомесар за кохезивна политика, регионален развој и градовите, Италијанецот Рафаеле Фито, кој доаѓа од редовите на десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), како и на предложениот еврокомесар за здравство и благосостојба на животните, Унгарецот Оливер Вархеји, близок до екстремно десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ), чие одобрување исто така беше одложено по сослушувањето одржано минатата среда.

Истите извори посочуваат дека ваквиот став на претставниците на СД довел до „вжештување на атмосферата“ на синоќешната средба.

Противењето на социјалдемократите на двете номинации се оценува како реакција на резервите на ЕПП кон кандидатката за извршна потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност Тереза Рибера Родригез од Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), која е дел од семејството на СД.

Резервите кон поддршката на номинацијата на Рибера Родригез беа оценети како обид на ЕПП да изврши притисок за добивање поддршка од страна на социјалдемократите за нејзиниот предлог за измени на Регулативата на ЕУ за уништување на шумите, со што би се ублажиле некои од рестриктивните мерки во неа, на што се против СД.

ЕП треба денеска да се изјасни за овие измени, поради што се очекуваше да биде постигнат „пакет договор“ за нивно усвојување заедно со поддршка на ЕПП за Рибера Родригез. Но, сега социјалдемократите го „проширија“ евентуалниот пакет со противење на номинациите на Фито и Вархеји.

Извори во Европарламентот посочуваат дека ЕПП цврсто стои за поддршката на Фито, кој пред да премине во партијата Браќата на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони, беше член на конзервативната Форца Италија (ФИ), која е дел од Европската народна партија.

Дополнително, се посочува и дека главен противник на поддршката на Рибера Родригез во ЕПП е нејзината шпанска членка – Народната партија (ПП), која се обидува политичките судири од Мадрид меѓу неа и ПСОЕ на премиерот Педро Санчез да ги пренесе во Брисел. ПП жестоко ја критикува Рибера Родригез, која е актуелна шпанска министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици, како одговорна за начинот на кој Владата на Шпанија се справува со неодамнешните поплави во земјата.

Од овие причини претставник на СД во изјава за „Еурактив“ одговорноста за застојот во одобрувањето на номинациите на кандидатите за членови на Еврокомисијата ја насочи кон ЕПП и нејзиниот лидер Манфред Вебер.

- Ако стабилноста на европскиот проект и на идната Европска комисија се доведени во опасност, за тоа се одговорни само ЕПП и Манфред Вебер, изјави социјалдемократскиот претставник.

Според него, СД смета дека нема простор за преговори што би го надминале договорот околу изборот на новата ЕК постигнат меѓу трите партии од т.н. проевропско мнозинство.

Аналитичарите посочуваат дека и покрај противењето на СД и веројатно на другите левичарски групи, ЕПП би можела да обезбеди одобрување на кандидатурите на Фито, но и на Варехји, со поддршка на десничарските групи во Европарламентот - ЕЦР, ПФЕ и Европа на суверените нации (ЕСН).

Сепак ваквото сценарио не би било најсоодветно за претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која при реизборот на функцијата, покрај од нејзината ЕПП, беше поддржана и од СД, либералите и Зелените, но не и од десничарските групи. Останува и да се види дали ставот на социјалдемократите е само тактика за обезбедување на поддршка од ЕПП за изборот на Рибера или проевропската коалиција е навистина загрозена.

Според аналитичарите, по синоќешниот маневар на социјалдемократите со противењето на кандидатурите на Фито и Вархеји, топката сега е во полето на ЕПП и Фон дер Лајен, кои ќе треба да решат дали ќе останат доследни на договорот на проевропските сили дека во мнозинството во Европарламентот нема да бидат вклучени евроскептичните десничарски или екстремно десничарски партии или пак ќе се свртат кон создавање ново мнозинство составено од „партиите десно од центарот“.

The post Продолжува сагата во ЕП околу одобрувањето на кандидатите за потпретседатели на Еврокомисијата appeared first on Република.

]]>

Лидерите на трите партии од т.н. проевропското мнозинство во Европскиот парламент - Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ синоќа не успеаја да постигнат договор околу одобрувањето на номинациите на шесте кандидати за потпретседатели на Европската комисија. Нивните кандидатури според првичниот план требаше да бидат одобрувани одделно по завршувањето на нивните сослушувања во вторникот, но трите партии се договорија да го одложат потврдувањето со цел, како што беше образложено, да се обезбеди „сеопфатен пакет на сите шест номинирани“. Според извори во Европарламентот, на синоќешната средба претставниците на СД соопштиле дека „одбиваат“ да ги поддржат номинациите на кандидатот за извршен потпретседател на ЕК за кохезија и реформи и за еврокомесар за кохезивна политика, регионален развој и градовите, Италијанецот Рафаеле Фито, кој доаѓа од редовите на десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), како и на предложениот еврокомесар за здравство и благосостојба на животните, Унгарецот Оливер Вархеји, близок до екстремно десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ), чие одобрување исто така беше одложено по сослушувањето одржано минатата среда. Истите извори посочуваат дека ваквиот став на претставниците на СД довел до „вжештување на атмосферата“ на синоќешната средба. Противењето на социјалдемократите на двете номинации се оценува како реакција на резервите на ЕПП кон кандидатката за извршна потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност Тереза Рибера Родригез од Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), која е дел од семејството на СД. Резервите кон поддршката на номинацијата на Рибера Родригез беа оценети како обид на ЕПП да изврши притисок за добивање поддршка од страна на социјалдемократите за нејзиниот предлог за измени на Регулативата на ЕУ за уништување на шумите, со што би се ублажиле некои од рестриктивните мерки во неа, на што се против СД. ЕП треба денеска да се изјасни за овие измени, поради што се очекуваше да биде постигнат „пакет договор“ за нивно усвојување заедно со поддршка на ЕПП за Рибера Родригез. Но, сега социјалдемократите го „проширија“ евентуалниот пакет со противење на номинациите на Фито и Вархеји. Извори во Европарламентот посочуваат дека ЕПП цврсто стои за поддршката на Фито, кој пред да премине во партијата Браќата на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони, беше член на конзервативната Форца Италија (ФИ), која е дел од Европската народна партија. Дополнително, се посочува и дека главен противник на поддршката на Рибера Родригез во ЕПП е нејзината шпанска членка – Народната партија (ПП), која се обидува политичките судири од Мадрид меѓу неа и ПСОЕ на премиерот Педро Санчез да ги пренесе во Брисел. ПП жестоко ја критикува Рибера Родригез, која е актуелна шпанска министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици, како одговорна за начинот на кој Владата на Шпанија се справува со неодамнешните поплави во земјата. Од овие причини претставник на СД во изјава за „Еурактив“ одговорноста за застојот во одобрувањето на номинациите на кандидатите за членови на Еврокомисијата ја насочи кон ЕПП и нејзиниот лидер Манфред Вебер. - Ако стабилноста на европскиот проект и на идната Европска комисија се доведени во опасност, за тоа се одговорни само ЕПП и Манфред Вебер, изјави социјалдемократскиот претставник. Според него, СД смета дека нема простор за преговори што би го надминале договорот околу изборот на новата ЕК постигнат меѓу трите партии од т.н. проевропско мнозинство. Аналитичарите посочуваат дека и покрај противењето на СД и веројатно на другите левичарски групи, ЕПП би можела да обезбеди одобрување на кандидатурите на Фито, но и на Варехји, со поддршка на десничарските групи во Европарламентот - ЕЦР, ПФЕ и Европа на суверените нации (ЕСН). Сепак ваквото сценарио не би било најсоодветно за претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која при реизборот на функцијата, покрај од нејзината ЕПП, беше поддржана и од СД, либералите и Зелените, но не и од десничарските групи. Останува и да се види дали ставот на социјалдемократите е само тактика за обезбедување на поддршка од ЕПП за изборот на Рибера или проевропската коалиција е навистина загрозена. Според аналитичарите, по синоќешниот маневар на социјалдемократите со противењето на кандидатурите на Фито и Вархеји, топката сега е во полето на ЕПП и Фон дер Лајен, кои ќе треба да решат дали ќе останат доследни на договорот на проевропските сили дека во мнозинството во Европарламентот нема да бидат вклучени евроскептичните десничарски или екстремно десничарски партии или пак ќе се свртат кон создавање ново мнозинство составено од „партиите десно од центарот“.

The post Продолжува сагата во ЕП околу одобрувањето на кандидатите за потпретседатели на Еврокомисијата appeared first on Република.

]]>
Без голови по првите 45 минути на фудбалското европско финале во Берлин https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bez-golovi-po-prvite-45-minuti-na-fudbalskoto-evropsko-finale-vo-berlin/ Sun, 14 Jul 2024 20:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=796798

Без голови, 0-0 е по првите 45 минути игра во финалето од Европското првенство, меѓу Шпанија и Англија.

Шпанците ја имаат контролата на играта, но без сериозни шанси. Најголемата прилика ја имаше Фил Фоден пред истекот на полувремето кога за малку не го совлада Унаи Симон.

Одлично играат англиските бекови кои комплетно ги неутрализираа Јамал и Вилијамс, па Шпанија само еднаш се закани, но безопасно по голот на Пикфорд.

 

The post Без голови по првите 45 минути на фудбалското европско финале во Берлин appeared first on Република.

]]>

Без голови, 0-0 е по првите 45 минути игра во финалето од Европското првенство, меѓу Шпанија и Англија. Шпанците ја имаат контролата на играта, но без сериозни шанси. Најголемата прилика ја имаше Фил Фоден пред истекот на полувремето кога за малку не го совлада Унаи Симон. Одлично играат англиските бекови кои комплетно ги неутрализираа Јамал и Вилијамс, па Шпанија само еднаш се закани, но безопасно по голот на Пикфорд.  

The post Без голови по првите 45 минути на фудбалското европско финале во Берлин appeared first on Република.

]]>
Шпанија сака злато, Англија чека титула европски фудбалски првак https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/shpanija-saka-zlato-anglija-cheka-titula-evropski-fudbalski-prvak/ Sun, 14 Jul 2024 19:18:45 +0000 https://republika.mk/?p=796787

Шпанија ѝ стои на патот на Англија која, пак, чека злато од 1966 година кога победи на Светското првенство. Од своја страна Шпанија ја брка четвртата европска титула за да го израмни рекордот на Германија/Западна Германија. Шпанија ги освои титулите во 1964, 2008 и 2012 година.

Младата ѕвезда на Шпанија – Ламин Јамал, собори уште еден рекорд на УЕФА ЕУРО 2024 година. Сосема очекувано, 17-годишниот фудбалер на Барселона се најде во стартниот состав за вечерашното финале против Англија.

Така, Јамал стана најмладиот играч кој учествувал во финалето на голем меѓународен турнир (Светско или Европско првенство).

Натпреварот се одржува на Олимпискиот стадион во Берлин, а шпанската селекција важи за фаворит, бидејќи ги доби сите шест натпревари на ЕП и според рејтингот одигра најдобро.

 

The post Шпанија сака злато, Англија чека титула европски фудбалски првак appeared first on Република.

]]>

Шпанија ѝ стои на патот на Англија која, пак, чека злато од 1966 година кога победи на Светското првенство. Од своја страна Шпанија ја брка четвртата европска титула за да го израмни рекордот на Германија/Западна Германија. Шпанија ги освои титулите во 1964, 2008 и 2012 година. Младата ѕвезда на Шпанија – Ламин Јамал, собори уште еден рекорд на УЕФА ЕУРО 2024 година. Сосема очекувано, 17-годишниот фудбалер на Барселона се најде во стартниот состав за вечерашното финале против Англија. Така, Јамал стана најмладиот играч кој учествувал во финалето на голем меѓународен турнир (Светско или Европско првенство). Натпреварот се одржува на Олимпискиот стадион во Берлин, а шпанската селекција важи за фаворит, бидејќи ги доби сите шест натпревари на ЕП и според рејтингот одигра најдобро.  

The post Шпанија сака злато, Англија чека титула европски фудбалски првак appeared first on Република.

]]>
Шпанската ѕвезда Ламин Јамал го претрка Пеле https://arhiva3.republika.mk/vesti/shpanskata-zvezda-lamin-jamal-go-pretrka-pele/ Sun, 14 Jul 2024 19:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=796783

Младата ѕвезда на Шпанија Ламин Јамал вечерва во финалето на фудбалското Европско првенство меѓу Шпанија и Англија собори уште еден рекорд на УЕФА ЕУРО 2024 година.

17-годишниот фудбалер на Барселона стана најмладиот играч кој учествувал во финалето на голем меѓународен турнир (Светско или Европско првенство).

До тој момент постигнувањето го држеше Пеле. Бразилската легенда играше во финалето на Светското првенство во 1958 година на 17 години и 249 дена. Ламин Јамал има 17 години и 1 ден.

 

The post Шпанската ѕвезда Ламин Јамал го претрка Пеле appeared first on Република.

]]>

Младата ѕвезда на Шпанија Ламин Јамал вечерва во финалето на фудбалското Европско првенство меѓу Шпанија и Англија собори уште еден рекорд на УЕФА ЕУРО 2024 година. 17-годишниот фудбалер на Барселона стана најмладиот играч кој учествувал во финалето на голем меѓународен турнир (Светско или Европско првенство). До тој момент постигнувањето го држеше Пеле. Бразилската легенда играше во финалето на Светското првенство во 1958 година на 17 години и 249 дена. Ламин Јамал има 17 години и 1 ден.  

The post Шпанската ѕвезда Ламин Јамал го претрка Пеле appeared first on Република.

]]>
Шпанија е првиот финалист на фудбалското ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/shpanija-e-prviot-finalist-na-fudbalskoto-ep/ Tue, 09 Jul 2024 21:03:53 +0000 https://republika.mk/?p=795110

Машката фудбалска репрезентација на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Германија откако се пресверт славеше над Франција со 2-1, а Ламин Јамал со 16 години стана најмладиот стрелец на големите натпреварувања.

Шпанија во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Англија и Холандија кои играат утре.

Франција го отвори резултатот. Во 9. минута по асистенција од Мбапе, Коло Муани постигна гол за водство од 1-0. Тоа беше првиот погодок на Французите од игра на ова Европско првенство.

Во 21. минута Ламин Јамал постигна спектакуларен гол за израмнување на 1-1. Со овој погодок тој стана најмладиот фудбалер кој постигнал гол на Европските првенства, но и воопшто на големите турнири.

Само четири минути подоцна Дани Олмо со помош на Кунде погоди за комплетен пресврт и водство на Шпанија од 2-1, што беше и конечен резултат на мечот.

The post Шпанија е првиот финалист на фудбалското ЕП appeared first on Република.

]]>

Машката фудбалска репрезентација на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Германија откако се пресверт славеше над Франција со 2-1, а Ламин Јамал со 16 години стана најмладиот стрелец на големите натпреварувања. Шпанија во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Англија и Холандија кои играат утре. Франција го отвори резултатот. Во 9. минута по асистенција од Мбапе, Коло Муани постигна гол за водство од 1-0. Тоа беше првиот погодок на Французите од игра на ова Европско првенство. Во 21. минута Ламин Јамал постигна спектакуларен гол за израмнување на 1-1. Со овој погодок тој стана најмладиот фудбалер кој постигнал гол на Европските првенства, но и воопшто на големите турнири. Само четири минути подоцна Дани Олмо со помош на Кунде погоди за комплетен пресврт и водство на Шпанија од 2-1, што беше и конечен резултат на мечот.

The post Шпанија е првиот финалист на фудбалското ЕП appeared first on Република.

]]>
Грузијците немаа сили за ново изненадување, Шпанија се пласираше во четвртфиналето на ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/gruzijtsite-nemaa-sili-za-novo-iznenaduvane-shpanija-se-plasirashe-vo-chetvrtfinaleto-na-ep/ Sun, 30 Jun 2024 21:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=792239

Репрезентацијата на Грузија не успеа да приреди уште една сензација и загуби од фаворизираната Шпанија со конечни 4-1 (1-1) во осминафиналниот натпревар од Европското првенство. „Фуријата“ беше многу подобар противник и сосема заслужено оди меѓу осумте најдобри на турнирот, но Грузијците со пожртвуваната игра успеаја да ги освојат симпатиите на неутралните љубители на фудбалот.

Почетен шок во Келн но Грузијците немаа сили за целосен пресврт. По второто нафрлање на половината на Шпанија поведоа со автогол по несмасната реакција на Ле Норман кој го измами својот голман Симон.

Но, Шпанија успеа да направи пресврт. Следно, Џамал ​​шутираше по слободен удар, Мамадаршвили брилијантно одбрани, а во продолжението од акцијата Џамал ​​повторно нафрли, а Фабијан Руиз со глава ја затресе мрежата на Грузија за конечни 4-1.

 

The post Грузијците немаа сили за ново изненадување, Шпанија се пласираше во четвртфиналето на ЕП appeared first on Република.

]]>

Репрезентацијата на Грузија не успеа да приреди уште една сензација и загуби од фаворизираната Шпанија со конечни 4-1 (1-1) во осминафиналниот натпревар од Европското првенство. „Фуријата“ беше многу подобар противник и сосема заслужено оди меѓу осумте најдобри на турнирот, но Грузијците со пожртвуваната игра успеаја да ги освојат симпатиите на неутралните љубители на фудбалот. Почетен шок во Келн но Грузијците немаа сили за целосен пресврт. По второто нафрлање на половината на Шпанија поведоа со автогол по несмасната реакција на Ле Норман кој го измами својот голман Симон. Но, Шпанија успеа да направи пресврт. Следно, Џамал ​​шутираше по слободен удар, Мамадаршвили брилијантно одбрани, а во продолжението од акцијата Џамал ​​повторно нафрли, а Фабијан Руиз со глава ја затресе мрежата на Грузија за конечни 4-1.  

The post Грузијците немаа сили за ново изненадување, Шпанија се пласираше во четвртфиналето на ЕП appeared first on Република.

]]>
Англичаните се пласираа во четвртфиналето на ЕП по продолженијата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/anglichanite-se-plasiraa-vo-chetvrtfinaleto-na-ep-po-prodolzhenijata/ Sun, 30 Jun 2024 18:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=792215

Фудбалската репрезентација на Англија е третиот четвртфиналист на ЕП во Германија, откако во Гелзенкирхен славеше над Словачка со 2-1.

Словаците поведоа со погодокот на Иван Шранц во 25. минута за 1-0, а англичаните преку Фил Фоуден успеаја да израмнат на 1-1 во 50. минута, но по проверка на ВАР очигледно беше дека Англичанецот беше во офсајд, па погодокот беше поништен.

И кога Англија требаше да биде елиминирана поради катастрофалната игра, Џуд Белингем со феноменален гол со „ножички во 95. минута (1-1) ја спаси Англија од голем срам.

Уште во првата минута од продолженијата Хари Кејн со својот прв гол на шампионатот успеа да ја одведе Англија до целосен пресврт (2-1).

Во четвртфиналето Англичаните за противник ќе ја имаат Швајцарија која вчера славеше над Италија со 2-0.

 

The post Англичаните се пласираа во четвртфиналето на ЕП по продолженијата appeared first on Република.

]]>

Фудбалската репрезентација на Англија е третиот четвртфиналист на ЕП во Германија, откако во Гелзенкирхен славеше над Словачка со 2-1. Словаците поведоа со погодокот на Иван Шранц во 25. минута за 1-0, а англичаните преку Фил Фоуден успеаја да израмнат на 1-1 во 50. минута, но по проверка на ВАР очигледно беше дека Англичанецот беше во офсајд, па погодокот беше поништен. И кога Англија требаше да биде елиминирана поради катастрофалната игра, Џуд Белингем со феноменален гол со „ножички во 95. минута (1-1) ја спаси Англија од голем срам. Уште во првата минута од продолженијата Хари Кејн со својот прв гол на шампионатот успеа да ја одведе Англија до целосен пресврт (2-1). Во четвртфиналето Англичаните за противник ќе ја имаат Швајцарија која вчера славеше над Италија со 2-0.  

The post Англичаните се пласираа во четвртфиналето на ЕП по продолженијата appeared first on Република.

]]>
Се степаа навивачите на Англија и Србија: Летаа маси. столици, шишиња… https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/se-stepaa-navivachite-na-anglija-i-srbija-letaa-masi-stolitsi-shishina/ Sun, 16 Jun 2024 18:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=788212

Навивачите на Србија и Англија се степаа во Гелзенкирхен пред натпреварот на овие две селекции на Европското првенство, а по улиците настана вистински хаос, барем така тврдат на социјалните мрежи, каде има и видеа. Еден од нив доаѓа од британскиот новинар Тајрон Френсис.

Нетрпеливоста меѓу овие две страни се „готви“ веќе неколку дена, особено по срамните текстови на Англичаните во кои едноставно бараа гужва и проблем, што очигледно ги испровоцира српските фанови.
На социјалните мрежи беше споделено видео на кое се гледа како полицијата се разделува и луѓето се тепаат, а како што велат летале и столици, маси и стаклени шишиња.

Немилите сцени пред овој дуел можете да ги погледнете во продолжение.

The post Се степаа навивачите на Англија и Србија: Летаа маси. столици, шишиња… appeared first on Република.

]]>

Навивачите на Србија и Англија се степаа во Гелзенкирхен пред натпреварот на овие две селекции на Европското првенство, а по улиците настана вистински хаос, барем така тврдат на социјалните мрежи, каде има и видеа. Еден од нив доаѓа од британскиот новинар Тајрон Френсис. Нетрпеливоста меѓу овие две страни се „готви“ веќе неколку дена, особено по срамните текстови на Англичаните во кои едноставно бараа гужва и проблем, што очигледно ги испровоцира српските фанови. На социјалните мрежи беше споделено видео на кое се гледа како полицијата се разделува и луѓето се тепаат, а како што велат летале и столици, маси и стаклени шишиња. Немилите сцени пред овој дуел можете да ги погледнете во продолжение.

The post Се степаа навивачите на Англија и Србија: Летаа маси. столици, шишиња… appeared first on Република.

]]>
Германија ја растури Шкотска со 5-1 на отворањето на ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/germanija-ja-rasturi-shkotska-so-5-1-na-otvoraneto-na-ep/ Fri, 14 Jun 2024 21:07:29 +0000 https://republika.mk/?p=787721

Фудбалската селекција на Германија ја декласираше Шкорска со 5-1 на отворањето на Европското првенство (ЕП) вечерва во Минхен на „Алијанц арената“.

Германија тргна доминантно, по десет минути го видовме и првиот погодок. Стрелецот на првиот гол на Европското првенство беше напаѓачот на Баер Леверкузен Флоријан Вирц. Не застанаа Германците со играта ниту по постигнатиот погодок, па веќе во 19. минута Мусиала зголеми на 2-0. Германија комплетно ја контролираше играта. Во финишот од првите 45 минути Каи Хаверц од пенал зголеми на 3-0.

Во вториот дел Германија постигна уште еден гол преку Фулкруг во 63. минута. Фулкруг и уште еднаш ја затресе мрежата, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција. Рудгиер во 87. минута по нафрлувањето си ја погоди сопствената мрежа, а во самата завршница Емре Чан ги постави конечните 5-1.

Во следното коло Германија ќе игра против Унгарија, а Шкотска шанса да го поправи впечатокот ќе има против Швајцарија.

 

The post Германија ја растури Шкотска со 5-1 на отворањето на ЕП appeared first on Република.

]]>

Фудбалската селекција на Германија ја декласираше Шкорска со 5-1 на отворањето на Европското првенство (ЕП) вечерва во Минхен на „Алијанц арената“. Германија тргна доминантно, по десет минути го видовме и првиот погодок. Стрелецот на првиот гол на Европското првенство беше напаѓачот на Баер Леверкузен Флоријан Вирц. Не застанаа Германците со играта ниту по постигнатиот погодок, па веќе во 19. минута Мусиала зголеми на 2-0. Германија комплетно ја контролираше играта. Во финишот од првите 45 минути Каи Хаверц од пенал зголеми на 3-0. Во вториот дел Германија постигна уште еден гол преку Фулкруг во 63. минута. Фулкруг и уште еднаш ја затресе мрежата, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција. Рудгиер во 87. минута по нафрлувањето си ја погоди сопствената мрежа, а во самата завршница Емре Чан ги постави конечните 5-1. Во следното коло Германија ќе игра против Унгарија, а Шкотска шанса да го поправи впечатокот ќе има против Швајцарија.  

The post Германија ја растури Шкотска со 5-1 на отворањето на ЕП appeared first on Република.

]]>
Германија води со 1-0, Вирц е стрелец на првиот гол на ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/germanija-vodi-so-1-0-virts-e-strelets-na-prviot-gol-na-ep/ Fri, 14 Jun 2024 19:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=787711

Фудбалската репрезентација на Германија води со 1-0 против Шкотска по првите 10 минути на стартот од Европското првенство (ЕП) со голот на Флоријан Вирц, по асистенција на Кимих.

 

The post Германија води со 1-0, Вирц е стрелец на првиот гол на ЕП appeared first on Република.

]]>

Фудбалската репрезентација на Германија води со 1-0 против Шкотска по првите 10 минути на стартот од Европското првенство (ЕП) со голот на Флоријан Вирц, по асистенција на Кимих.  

The post Германија води со 1-0, Вирц е стрелец на првиот гол на ЕП appeared first on Република.

]]>
Затворена фан зона во Берлин пред почетокот на ЕП поради сомнителен предмет https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zatvorena-fan-zona-vo-berlin-pred-pochetokot-na-ep-poradi-somnitelen-predmet/ Fri, 14 Jun 2024 18:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=787703

На неколку часа пред почетокот на премиерниот натпревар од Европското првенство меѓу Германија и Шкотска, полицијата затвори фан зона во Берлин.

Германските медиуми пренесуваат дека причината за ова е сомнителен предмет кој бил пронајден во неа. Едно лице е уапсено, а на местото има и кучиња кои бараат бомби и стручњаци за нивно деактивирање.

Предметот бил пронајден при рутинска проверка на просторот наменет за навивачи, а уапсен е маж кој го оставил ранецот покрај влезот. Во фан-зоната во Берлин било предвидено во живо да се следи натпреварот меѓу Германија и Шкотска кој се игра во Минхен.

 

The post Затворена фан зона во Берлин пред почетокот на ЕП поради сомнителен предмет appeared first on Република.

]]>

На неколку часа пред почетокот на премиерниот натпревар од Европското првенство меѓу Германија и Шкотска, полицијата затвори фан зона во Берлин. Германските медиуми пренесуваат дека причината за ова е сомнителен предмет кој бил пронајден во неа. Едно лице е уапсено, а на местото има и кучиња кои бараат бомби и стручњаци за нивно деактивирање. Предметот бил пронајден при рутинска проверка на просторот наменет за навивачи, а уапсен е маж кој го оставил ранецот покрај влезот. Во фан-зоната во Берлин било предвидено во живо да се следи натпреварот меѓу Германија и Шкотска кој се игра во Минхен.  

The post Затворена фан зона во Берлин пред почетокот на ЕП поради сомнителен предмет appeared first on Република.

]]>
Му падна секирата во мед: Кипарски јутјубер(24), обезбеди место во Европскиот Парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mu-padna-sekirata-vo-med-kiparski-jutjuber-24-obezbedi-mesto-vo-evropskiot-parlament/ Mon, 10 Jun 2024 11:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=786184

Познатиот кипарски јутјубер и инфлуенсер Фидиас Панајоту, кој на европските избори во Република Кипар учествуваше како независен кандидат освои 19,4 отсто од гласовите и е на третата позиција со што обезбеди место во Европскиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за 24-годишен јутјубер, инфлуенсер, тик-токер и слично, познат под името Фидиас особено популарен на Кипар и без никакво искуство во политиката, а според официјалните резултати, освои 71.330 гласови, 20.000 помалку од првата партија ДИСИ и 7.800 помалку од втората АКЕЛ.

Централно-десничарската ДИСИ победи со 24,8 проценти од гласовите, а комунистичката АКЕЛ доби 21,5 проценти.

На европските избори, Република Кипар одбира вкупно шест претставници во Европскиот Парламент.

ДИСИ доби двајца европратеници, а по еден претставник ќе имаат АКЕЛ, ултранационалистичката ЕЛАМ, Демократската партија, а место обезбеди и јутјуберот.

По соопштувањето на резултатите Фидиас рече дека ни тој не може да поверува дека доби речиси 20 отсто од гласовите, потенцирајќи дека е шокиран.

The post Му падна секирата во мед: Кипарски јутјубер(24), обезбеди место во Европскиот Парламент appeared first on Република.

]]>

Познатиот кипарски јутјубер и инфлуенсер Фидиас Панајоту, кој на европските избори во Република Кипар учествуваше како независен кандидат освои 19,4 отсто од гласовите и е на третата позиција со што обезбеди место во Европскиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за 24-годишен јутјубер, инфлуенсер, тик-токер и слично, познат под името Фидиас особено популарен на Кипар и без никакво искуство во политиката, а според официјалните резултати, освои 71.330 гласови, 20.000 помалку од првата партија ДИСИ и 7.800 помалку од втората АКЕЛ. Централно-десничарската ДИСИ победи со 24,8 проценти од гласовите, а комунистичката АКЕЛ доби 21,5 проценти. На европските избори, Република Кипар одбира вкупно шест претставници во Европскиот Парламент. ДИСИ доби двајца европратеници, а по еден претставник ќе имаат АКЕЛ, ултранационалистичката ЕЛАМ, Демократската партија, а место обезбеди и јутјуберот. По соопштувањето на резултатите Фидиас рече дека ни тој не може да поверува дека доби речиси 20 отсто од гласовите, потенцирајќи дека е шокиран.

The post Му падна секирата во мед: Кипарски јутјубер(24), обезбеди место во Европскиот Парламент appeared first on Република.

]]>
Избори ЕП: Во Хрватска најмала излезност, најголема во Белгија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izbori-ep-vo-hrvatska-najmala-izleznost-najgolema-vo-belgija/ Mon, 10 Jun 2024 09:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=786117

Со излезност од околу 21 отсто, Хрватска е земјата чии гласачи беа најмалку мотивирани да ги изберат своите европратеници, јавија француски медиуми повикувајќи се на резултатите објавени од ЕУ утринава.

На изборите за Европскиот парламент вчера излегоа само 21,34 отсто од хрватските гласачи, што значи помалку од секој четврти и помалку од европските избори во 2014 и 2019 година.

Следна според нискиот одѕив е Литванија со 28,9 отсто од гласачите, а по неа е Бугарија со 31,8 отсто.

На листата води Белгија со најголема излезност - 89,2 отсто, а по неа следат Луксембург (82,3 отсто) и Малта со 72,8 отсто.

Меѓу земјите од ЕУ задолжително гласање е и во Белгија, Луксембург, Грција и Бугарија.

Хрватска, со 3,8 милиони жители, испраќа 12 пратеници во Европскиот парламент, дека конзервативната десничарска Хрватска демократска заедница (ХДЗ) доби најмногу гласови - 34,6 отсто, обезбедувајќи шест пратенички места. На второ место се социјалистите СДП со четири пратеници и 26 отсто од гласовите.

The post Избори ЕП: Во Хрватска најмала излезност, најголема во Белгија appeared first on Република.

]]>

Со излезност од околу 21 отсто, Хрватска е земјата чии гласачи беа најмалку мотивирани да ги изберат своите европратеници, јавија француски медиуми повикувајќи се на резултатите објавени од ЕУ утринава. На изборите за Европскиот парламент вчера излегоа само 21,34 отсто од хрватските гласачи, што значи помалку од секој четврти и помалку од европските избори во 2014 и 2019 година. Следна според нискиот одѕив е Литванија со 28,9 отсто од гласачите, а по неа е Бугарија со 31,8 отсто. На листата води Белгија со најголема излезност - 89,2 отсто, а по неа следат Луксембург (82,3 отсто) и Малта со 72,8 отсто. Меѓу земјите од ЕУ задолжително гласање е и во Белгија, Луксембург, Грција и Бугарија. Хрватска, со 3,8 милиони жители, испраќа 12 пратеници во Европскиот парламент, дека конзервативната десничарска Хрватска демократска заедница (ХДЗ) доби најмногу гласови - 34,6 отсто, обезбедувајќи шест пратенички места. На второ место се социјалистите СДП со четири пратеници и 26 отсто од гласовите.

The post Избори ЕП: Во Хрватска најмала излезност, најголема во Белгија appeared first on Република.

]]>
Грција денеска избира 21 претставник за Европскиот Парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-deneska-izbira-21-pretstavnik-za-evropskiot-parlament/ Sun, 09 Jun 2024 06:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=785834

Меѓу 1.168 кандидати од 31 партија, нешто помалку од десет милиони Грци денеска ги избираат нивните претставници во Европскиот парламент, а земјата добива 21 пратеничко место од вкупно 720 во ЕП, јави дописничката на МИА од Атина.

Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот, право на глас имаат 9.796.330 граѓани, првпат ќе гласаат родените во 2007 година, а бројот на нови гласачи е 111.500.

Граѓаните ќе имаат можност да одберат најмногу четворица кандидати од една партија.

Европските избори во Грција овој пат имаат и особена важност, поради фактот што за првпат се воведе поштенско гласање за сите, односно и за оние кои живеат во странство и за оние кои се во земјата, а на специјалната платформа за гласање по пошта биле пријавените 202.000 граѓани.

Традиционално веднаш по затворањето на гласачките места, во 19 часот, медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат, односно т.н exit polls, кои доста често го најавуваат победникот.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое е и надлежно за пребројувањето на гласовите, се очекува да бидат соопштени околу 21 часот по локално време, кога ќе се знае и колку партии го поминале изборниот праг од три отсто и обезбедиле место во Европскиот Парламент.

На европските избори во 2019 година Нова демократија доби 33 отсто од гласовите и осум европратеници, СИРИЗА беше втора со 23,75 проценти и шест пратенички места, ПАСОК, Комунистичката партија и Златна зора имаа по двајца европратеници, а Грчко решение еден претставник во Европскиот Парламент.

Оваа година, истражувањата на јавното мислење во Грција во изминатиот период прогнозираат убедлива победа на Нова демократија, веројатно со двојно повеќе гласови пред опозициската СИРИЗА, но и мала излезност и на овие избори.

На парламентарните во јуни минатата година, излезноста беше 52,82 отсто, што значи дека речиси половина од граѓаните со право на глас, одбрале да не гласаат, додека пак за денеска прогнозите сè уште попесимистички, со оглед на тоа дека традиционално интересот е помал кога станува збор за евроизбори.

Грчкиот Центар за либерални студии (КЕФИМ) неодамна објави анализа на профилот на кандидатите за европратеници во земјата, а главниот заклучок беше дека претежно се мажи, на возраст од околу 50 години, адвокати, академци, лекари и новинари.

Од кандидатите, речиси шест од десет, односно 58 отсто се мажи, 42 проценти жени, а просечната возраст на мажите е 53 години, на жените 50 години, најголем број жени-кандидатки имаат СИРИЗА и Нова левица, а најмалку Нова демократија, ПАСОК, Грчко решение и Победа.

Со високо образование се 36 отсто од кандидатите, 22 проценти имаат завршено постдипломски студии и 19 отсто имаат докторати, а најзастапени професии се адвокати, академици, доктори, новинари и уметници

Нова левица има најголем процент на кандидати со докторат (38 отсто), ПАСОК има најголем процент на кандидати со диплома и магистерска диплома (38 отсто), а Комунистичката партија има најголем процент на кандидати со диплома (62 отсто).

Околу 150 новинари, дописници, фоторепортери, од кои 50 се од странски медиуми од 11 земји, меѓу кои и од Македонија се акредитирани да ги следат утрешните евроизбори во Грција, споре

За следење на денешните евроизбори во Грција акредитирани се околу 150 новинари, дописници, фоторепортери, од кои 50 се од странски медиуми од 11 земји, меѓу кои и од Македонија, а како и за секој изборен циклус во земјата, отворен е специјален прес-центар во палатата Запио во центарот на Атина.

Освен неопходните услови за новинарите да го следат изборниот процес, во прес центарот има и просторија за интервјуа и прес конференции во случај некој од лидерите на политичките партии да сака да даде изјава за медиумите.

Голем број претставници на грчки и меѓународни медиуми изразија интерес да бидат акредитирани за покривање на европските избори на 9 јуни 2024 година од прес-центарот во Запио. До денес се акредитирани околу 150 новинари, дописници, фоторепортери и членови на екипи на телевизиски станици, од кои 50 претставуваат меѓународни медиуми, од 11 земји (САД, Германија, Франција, Обединетото Кралство, Белгија, Бугарија, Кина, Македонија, Турција, Египет, Обединетите Арапски Емирати), соопштија од Генералниот секретаријат за медиуми.

The post Грција денеска избира 21 претставник за Европскиот Парламент appeared first on Република.

]]>

Меѓу 1.168 кандидати од 31 партија, нешто помалку од десет милиони Грци денеска ги избираат нивните претставници во Европскиот парламент, а земјата добива 21 пратеничко место од вкупно 720 во ЕП, јави дописничката на МИА од Атина. Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот, право на глас имаат 9.796.330 граѓани, првпат ќе гласаат родените во 2007 година, а бројот на нови гласачи е 111.500. Граѓаните ќе имаат можност да одберат најмногу четворица кандидати од една партија. Европските избори во Грција овој пат имаат и особена важност, поради фактот што за првпат се воведе поштенско гласање за сите, односно и за оние кои живеат во странство и за оние кои се во земјата, а на специјалната платформа за гласање по пошта биле пријавените 202.000 граѓани. Традиционално веднаш по затворањето на гласачките места, во 19 часот, медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат, односно т.н exit polls, кои доста често го најавуваат победникот. Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое е и надлежно за пребројувањето на гласовите, се очекува да бидат соопштени околу 21 часот по локално време, кога ќе се знае и колку партии го поминале изборниот праг од три отсто и обезбедиле место во Европскиот Парламент. На европските избори во 2019 година Нова демократија доби 33 отсто од гласовите и осум европратеници, СИРИЗА беше втора со 23,75 проценти и шест пратенички места, ПАСОК, Комунистичката партија и Златна зора имаа по двајца европратеници, а Грчко решение еден претставник во Европскиот Парламент. Оваа година, истражувањата на јавното мислење во Грција во изминатиот период прогнозираат убедлива победа на Нова демократија, веројатно со двојно повеќе гласови пред опозициската СИРИЗА, но и мала излезност и на овие избори. На парламентарните во јуни минатата година, излезноста беше 52,82 отсто, што значи дека речиси половина од граѓаните со право на глас, одбрале да не гласаат, додека пак за денеска прогнозите сè уште попесимистички, со оглед на тоа дека традиционално интересот е помал кога станува збор за евроизбори. Грчкиот Центар за либерални студии (КЕФИМ) неодамна објави анализа на профилот на кандидатите за европратеници во земјата, а главниот заклучок беше дека претежно се мажи, на возраст од околу 50 години, адвокати, академци, лекари и новинари. Од кандидатите, речиси шест од десет, односно 58 отсто се мажи, 42 проценти жени, а просечната возраст на мажите е 53 години, на жените 50 години, најголем број жени-кандидатки имаат СИРИЗА и Нова левица, а најмалку Нова демократија, ПАСОК, Грчко решение и Победа. Со високо образование се 36 отсто од кандидатите, 22 проценти имаат завршено постдипломски студии и 19 отсто имаат докторати, а најзастапени професии се адвокати, академици, доктори, новинари и уметници Нова левица има најголем процент на кандидати со докторат (38 отсто), ПАСОК има најголем процент на кандидати со диплома и магистерска диплома (38 отсто), а Комунистичката партија има најголем процент на кандидати со диплома (62 отсто). Околу 150 новинари, дописници, фоторепортери, од кои 50 се од странски медиуми од 11 земји, меѓу кои и од Македонија се акредитирани да ги следат утрешните евроизбори во Грција, споре За следење на денешните евроизбори во Грција акредитирани се околу 150 новинари, дописници, фоторепортери, од кои 50 се од странски медиуми од 11 земји, меѓу кои и од Македонија, а како и за секој изборен циклус во земјата, отворен е специјален прес-центар во палатата Запио во центарот на Атина. Освен неопходните услови за новинарите да го следат изборниот процес, во прес центарот има и просторија за интервјуа и прес конференции во случај некој од лидерите на политичките партии да сака да даде изјава за медиумите. Голем број претставници на грчки и меѓународни медиуми изразија интерес да бидат акредитирани за покривање на европските избори на 9 јуни 2024 година од прес-центарот во Запио. До денес се акредитирани околу 150 новинари, дописници, фоторепортери и членови на екипи на телевизиски станици, од кои 50 претставуваат меѓународни медиуми, од 11 земји (САД, Германија, Франција, Обединетото Кралство, Белгија, Бугарија, Кина, Македонија, Турција, Египет, Обединетите Арапски Емирати), соопштија од Генералниот секретаријат за медиуми.

The post Грција денеска избира 21 претставник за Европскиот Парламент appeared first on Република.

]]>
Шолц ја повтори поддршката за Украина во видео-говорот пред гласањето за ЕП https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-ja-povtori-poddrshkata-za-ukraina-vo-video-govorot-pred-glasaneto-za-ep/ Sat, 08 Jun 2024 11:15:02 +0000 https://republika.mk/?p=785706

Еден ден пред Германците да излезат на гласање на изборите за Европскиот парламент, канцеларот Олаф Шолц ја потврди својата поддршка за Украина која е разурната од војна.

- Русија нема да се извлече од своите империјалистички планови, рече канцеларот од Социјалдемократската (СПД) партија во својата неделна видео порака објавена денеска.

- Путин мора да сфати дека не може да ја добие својата брутална кампања. Дека може да има само праведен мир за Украина, нагласи тој.

Анкетите пред утрешното гласање покажуваат дека СПД со околу 15 отсто од гласовите е приближно исто колку и екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД). Ако ја победи СПД, АфД ќе го зацврсти статусот на втора најпопуларна партија во Германија, зад конзервативната опозиција ЦДУ/ЦСУ.

Пред самитот на Групата седум (Г7) во Италија, кој почнува в четврток, и швајцарската мировна конференција за Украина што ќе почне на 15 јуни, Шолц ја нагласи постојаната координација со партнерите и сојузниците.

Тој рече дека ќе промовира заеднички став кон Русија со претставници од Азија, Африка и Јужна Америка на швајцарската конференција. Важно е нациите да се придржуваат до меѓународното право и повелбата на Обединетите нации, рече тој.

- И затоа Русија мора да ја прекине својата освојувачка војна, нагласи Шолц.

The post Шолц ја повтори поддршката за Украина во видео-говорот пред гласањето за ЕП appeared first on Република.

]]>

Еден ден пред Германците да излезат на гласање на изборите за Европскиот парламент, канцеларот Олаф Шолц ја потврди својата поддршка за Украина која е разурната од војна. - Русија нема да се извлече од своите империјалистички планови, рече канцеларот од Социјалдемократската (СПД) партија во својата неделна видео порака објавена денеска. - Путин мора да сфати дека не може да ја добие својата брутална кампања. Дека може да има само праведен мир за Украина, нагласи тој. Анкетите пред утрешното гласање покажуваат дека СПД со околу 15 отсто од гласовите е приближно исто колку и екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД). Ако ја победи СПД, АфД ќе го зацврсти статусот на втора најпопуларна партија во Германија, зад конзервативната опозиција ЦДУ/ЦСУ. Пред самитот на Групата седум (Г7) во Италија, кој почнува в четврток, и швајцарската мировна конференција за Украина што ќе почне на 15 јуни, Шолц ја нагласи постојаната координација со партнерите и сојузниците. Тој рече дека ќе промовира заеднички став кон Русија со претставници од Азија, Африка и Јужна Америка на швајцарската конференција. Важно е нациите да се придржуваат до меѓународното право и повелбата на Обединетите нации, рече тој. - И затоа Русија мора да ја прекине својата освојувачка војна, нагласи Шолц.

The post Шолц ја повтори поддршката за Украина во видео-говорот пред гласањето за ЕП appeared first on Република.

]]>
ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан за подобро да го контролира проширувањето на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ep-ke-otvori-kantselarija-vo-zapaden-balkan-za-podobro-da-go-kontrolira-proshiruvaneto-na-eu/ Fri, 26 Apr 2024 15:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=771484

Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија во Западен Балкан со цел да се подобри контролата врз процесот на проширување, објави порталот „Еурактив“ (Euractiv).

Во документот усвоен на пленарната седница на ЕП во Стразбур оваа недела се наведува дека отворање нова канцеларија на Западен Балкан е со цел да се понуди поголема поддршка на патот на европската интеграција на земјите кандидати или потенцијалните кандидати за членство во Европска Унија.

Новата канцеларија ќе ги зајакне односите со партнерските парламенти од Западен Балкан и ќе ја зголеми видливоста на претставниците на ЕП во активностите поврзани со процесот на проширување на ЕУ … Канцеларијата ќе му даде на ЕП поголема контрола врз процесот на пристапување бидејќи ќе работи со постојните делегации на ЕУ кои работат под контрола на Европската служба за надворешни работи, се истакнува во документот.

ЕП има локална канцеларија во секоја земја-членка на ЕУ. Поддржува контакт и комуникација, организирање настани и интеракција со локалните медиуми. Во ноември минатата година, ЕП отвори канцеларија во Украина на барање на Владата во Киев.

Во моментов има само неколку локални канцеларии на ЕП во земји надвор од ЕУ, како што се САД, Етиопија и Индонезија.

Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија се земјите од Западен Балкан кои имаат статус на кандидати за членство во ЕУ.

The post ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан за подобро да го контролира проширувањето на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија во Западен Балкан со цел да се подобри контролата врз процесот на проширување, објави порталот „Еурактив“ (Euractiv). Во документот усвоен на пленарната седница на ЕП во Стразбур оваа недела се наведува дека отворање нова канцеларија на Западен Балкан е со цел да се понуди поголема поддршка на патот на европската интеграција на земјите кандидати или потенцијалните кандидати за членство во Европска Унија. Новата канцеларија ќе ги зајакне односите со партнерските парламенти од Западен Балкан и ќе ја зголеми видливоста на претставниците на ЕП во активностите поврзани со процесот на проширување на ЕУ … Канцеларијата ќе му даде на ЕП поголема контрола врз процесот на пристапување бидејќи ќе работи со постојните делегации на ЕУ кои работат под контрола на Европската служба за надворешни работи, се истакнува во документот. ЕП има локална канцеларија во секоја земја-членка на ЕУ. Поддржува контакт и комуникација, организирање настани и интеракција со локалните медиуми. Во ноември минатата година, ЕП отвори канцеларија во Украина на барање на Владата во Киев. Во моментов има само неколку локални канцеларии на ЕП во земји надвор од ЕУ, како што се САД, Етиопија и Индонезија. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија се земјите од Западен Балкан кои имаат статус на кандидати за членство во ЕУ.

The post ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан за подобро да го контролира проширувањето на ЕУ appeared first on Република.

]]>
ЕП ќе ја тужи ЕК поради нејзината одлука да и дозволи на Унгарија пристап до фондовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ep-ke-ja-tuzhi-ek-poradi-nejzinata-odluka-da-i-dozvoli-na-ungarija-pristap-do-fondovite/ Thu, 14 Mar 2024 20:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=754904

Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради нејзината минатогодишна одлука да и дозволи на Унгарија пристап до милијарди евра кои и беа замрзнати во европските фондови.

Лидерите на партиите во Европскиот парламент се договориле да ја тужат ЕК пред Европскиот суд на правдата, пишува Фајненшл тајмс.

Потегот на ЕП може, според весникот, да ја искомплицира кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат на претседател на Комисијата оваа година.

Пред една година, извршната власт на Европската унија блокираше значителни суми пари наменети за Унгарија, загрижена дека демократското назадување на националистичката влада на премиерот Виктор Орбан може да го загрози европскиот буџет.

На 13 декември, ЕК деблокираше третина од околу 30 милијарди евра средства бидејќи Орбан изгледаше подготвен да им пркоси на своите партнери во ЕУ и да стави вето на отворањето на преговорите за членство со Украина и финансирањето на нејзината економија разурната од војна.

По потегот на Фон дер Лајен, Орбан ја поддржа одлуката на ЕУ да испрати помош од 50 милијарди евра за Киев.

Роберта Мецола, претседателката на парламентот, рече дека ќе поднесе тужба пред 25 март.

The post ЕП ќе ја тужи ЕК поради нејзината одлука да и дозволи на Унгарија пристап до фондовите appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради нејзината минатогодишна одлука да и дозволи на Унгарија пристап до милијарди евра кои и беа замрзнати во европските фондови. Лидерите на партиите во Европскиот парламент се договориле да ја тужат ЕК пред Европскиот суд на правдата, пишува Фајненшл тајмс. Потегот на ЕП може, според весникот, да ја искомплицира кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат на претседател на Комисијата оваа година. Пред една година, извршната власт на Европската унија блокираше значителни суми пари наменети за Унгарија, загрижена дека демократското назадување на националистичката влада на премиерот Виктор Орбан може да го загрози европскиот буџет. На 13 декември, ЕК деблокираше третина од околу 30 милијарди евра средства бидејќи Орбан изгледаше подготвен да им пркоси на своите партнери во ЕУ и да стави вето на отворањето на преговорите за членство со Украина и финансирањето на нејзината економија разурната од војна. По потегот на Фон дер Лајен, Орбан ја поддржа одлуката на ЕУ да испрати помош од 50 милијарди евра за Киев. Роберта Мецола, претседателката на парламентот, рече дека ќе поднесе тужба пред 25 март.

The post ЕП ќе ја тужи ЕК поради нејзината одлука да и дозволи на Унгарија пристап до фондовите appeared first on Република.

]]>
Советот на ЕУ и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sovetot-na-eu-i-evropskiot-parlament-donesoa-odluka-za-zabrana-na-zabnite-plombi-so-amalgam/ Thu, 14 Mar 2024 11:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=754719

Советот на Европската Унија и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам што содржат жива, која ќе стапи на сила на 1 јануари 2025 година.

Сребрените или амалгамските пломби се основни во третманот на кариес со децении, пренесува Euroweekly news и додава дека за нивно производство се користени метали како сребро, калај, бакар и жива.

Од 2018 година, забрането е користење на амалгамски пломби за лекување на забите на деца под 18-годишна возраст и бремени жени.

Според Светската здравствена организација, живата е еден од 10-те производи или групи хемиски производи кои претставуваат посебни проблеми за јавното здравје, поради што се препорачани побезбедни алтернативи.

The post Советот на ЕУ и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам appeared first on Република.

]]>

Советот на Европската Унија и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам што содржат жива, која ќе стапи на сила на 1 јануари 2025 година. Сребрените или амалгамските пломби се основни во третманот на кариес со децении, пренесува Euroweekly news и додава дека за нивно производство се користени метали како сребро, калај, бакар и жива. Од 2018 година, забрането е користење на амалгамски пломби за лекување на забите на деца под 18-годишна возраст и бремени жени. Според Светската здравствена организација, живата е еден од 10-те производи или групи хемиски производи кои претставуваат посебни проблеми за јавното здравје, поради што се препорачани побезбедни алтернативи.

The post Советот на ЕУ и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам appeared first on Република.

]]>
Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради Орбан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskiot-parlament-ke-ja-tuzhi-evropskata-komisija-poradi-orban/ Tue, 12 Mar 2024 11:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=754003

Европскиот Парламент се подготвува да ја тужи Европската комисија поради нејзината контроверзна одлука за одмрзнување на милијарди евра средства за Унгарија кон крајот на минатата година, изјавија за Политико лица вклучени во одлуката.

 

Собраниската комисија за правни прашања речиси едногласно изгласа – со 16 членови „за“, еден против и ниту еден воздржан – да ја тужи Комисијата за „прекршување на должноста за заштита на парите на даночните обврзници од злоупотреба“. Во декември минатата година, Комисијата деблокираше 10,2 милијарди евра замрзнати кохезиони фондови на ЕУ наменети за Будимпешта.

Одлуката беше донесена еден ден пред самитот на ЕУ на кој лидерите требаше да разговараат за новата помош за Украина и отворањето на пристапните преговори за Киев, потези кои унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе ги блокира. Одлуката на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен да ги одмрзне средствата наиде на реакција кај пратениците во Европскиот парламент, кои ја обвинија дека попуштила пред уцените на Орбан.

The post Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради Орбан appeared first on Република.

]]>

Европскиот Парламент се подготвува да ја тужи Европската комисија поради нејзината контроверзна одлука за одмрзнување на милијарди евра средства за Унгарија кон крајот на минатата година, изјавија за Политико лица вклучени во одлуката.   Собраниската комисија за правни прашања речиси едногласно изгласа – со 16 членови „за“, еден против и ниту еден воздржан – да ја тужи Комисијата за „прекршување на должноста за заштита на парите на даночните обврзници од злоупотреба“. Во декември минатата година, Комисијата деблокираше 10,2 милијарди евра замрзнати кохезиони фондови на ЕУ наменети за Будимпешта. Одлуката беше донесена еден ден пред самитот на ЕУ на кој лидерите требаше да разговараат за новата помош за Украина и отворањето на пристапните преговори за Киев, потези кои унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе ги блокира. Одлуката на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен да ги одмрзне средствата наиде на реакција кај пратениците во Европскиот парламент, кои ја обвинија дека попуштила пред уцените на Орбан.

The post Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради Орбан appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен избрана за водечки кандидат на ЕПП за изборите за ЕП https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-izbrana-za-vodechki-kandidat-na-epp-za-izborite-za-ep/ Thu, 07 Mar 2024 15:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=752329

Со 400 од вкупно 489 валидни гласови, Урсула фон дер Лајен денеска е избрана за водечки кандидат на листата на Европската народна партија (ЕПП) за изборите за Европскиот парламент во јуни.

Гласањето се случи на вториот ден од партискиот конгрес во Букурешт. По објвувањето на резултатите во салата за состаноци беше пуштена химната на Европа „Ода на радоста“.

Партијата што ќе постигне најдобри резултати на изборите за Европскиот парламент по правило го назначува идниот претседател на Европската комисија. Испитувањата на јавното мислење ја ставаат Европската народна партија како прва политичка сила во перспективата на европските избори во јуни.

-До изборниот ден остануваат 90 дена. ЕУ е највредното нешто кое треба да го зачуваме за идните генерации, рече фон дер Лајен на завршната прес-конференција.

Таа повторно се осврна на некои надворешно политички теми, меѓу кои и таа за војната во Украина.

-Владимир Путин не треба да ја добие војната во Украина. Ќе застанеме покрај Украина на нејзините чекори кон Европа. Тоа е единствениот начин по кој можеме да ја сочуваме безбедна Европа, рече фон дер Лајен.

Таа ја нагласи неопходноста од повеќе инвестиции во европската безбедност.

The post Фон дер Лајен избрана за водечки кандидат на ЕПП за изборите за ЕП appeared first on Република.

]]>

Со 400 од вкупно 489 валидни гласови, Урсула фон дер Лајен денеска е избрана за водечки кандидат на листата на Европската народна партија (ЕПП) за изборите за Европскиот парламент во јуни. Гласањето се случи на вториот ден од партискиот конгрес во Букурешт. По објвувањето на резултатите во салата за состаноци беше пуштена химната на Европа „Ода на радоста“. Партијата што ќе постигне најдобри резултати на изборите за Европскиот парламент по правило го назначува идниот претседател на Европската комисија. Испитувањата на јавното мислење ја ставаат Европската народна партија како прва политичка сила во перспективата на европските избори во јуни. -До изборниот ден остануваат 90 дена. ЕУ е највредното нешто кое треба да го зачуваме за идните генерации, рече фон дер Лајен на завршната прес-конференција. Таа повторно се осврна на некои надворешно политички теми, меѓу кои и таа за војната во Украина. -Владимир Путин не треба да ја добие војната во Украина. Ќе застанеме покрај Украина на нејзините чекори кон Европа. Тоа е единствениот начин по кој можеме да ја сочуваме безбедна Европа, рече фон дер Лајен. Таа ја нагласи неопходноста од повеќе инвестиции во европската безбедност.

The post Фон дер Лајен избрана за водечки кандидат на ЕПП за изборите за ЕП appeared first on Република.

]]>