еп во кошарка 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ep-vo-kosharka-2022/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Sep 2022 06:28:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еп во кошарка 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ep-vo-kosharka-2022/ 32 32 Дончиќ ја презеде вината за четвртфиналниот пораз од Словенија https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/donchikj-ja-prezede-vinata-za-chetvrtfinalniot-poraz-od-slovenija/ Thu, 15 Sep 2022 06:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=550891

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ ја презема одговорноста за елиминацијата на неговата репрезентација во четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство.

Словенија синоќа во Берлин загуби од Полска со 90:87, а ѕвездата на Далас, не го доигра натпреварот поради петта лична грешка на пет минути пред крајот. Претходно Дончиќ доби техничка грешка поради протест кон судиите.

– Можеби не бев 100% подготвен, ми дадоа инекција, но тоа не е поентата. Играв ужасно. Го изневерив мојот тим. Ја разочарав целата земја што не поддржуваше. Тоа е моја грешка. Ќе го анализирам овој натпревар и ќе бидам подобар, изјави Дончиќ од „Еурохупс“.

Дончиќ кој средбата ја заврши со 14 поени, во текот на натпреварот, во повеќе наврати упатуваше пцовки кон судиите .

Словенија не успеа да го одбрани шампионскиот трофеј освоен во 2017 година.

Во полуфиналето, Полска ќе игра со Франција.

The post Дончиќ ја презеде вината за четвртфиналниот пораз од Словенија appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ ја презема одговорноста за елиминацијата на неговата репрезентација во четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство. Словенија синоќа во Берлин загуби од Полска со 90:87, а ѕвездата на Далас, не го доигра натпреварот поради петта лична грешка на пет минути пред крајот. Претходно Дончиќ доби техничка грешка поради протест кон судиите.
– Можеби не бев 100% подготвен, ми дадоа инекција, но тоа не е поентата. Играв ужасно. Го изневерив мојот тим. Ја разочарав целата земја што не поддржуваше. Тоа е моја грешка. Ќе го анализирам овој натпревар и ќе бидам подобар, изјави Дончиќ од „Еурохупс“.
Дончиќ кој средбата ја заврши со 14 поени, во текот на натпреварот, во повеќе наврати упатуваше пцовки кон судиите . Словенија не успеа да го одбрани шампионскиот трофеј освоен во 2017 година. Во полуфиналето, Полска ќе игра со Франција.

The post Дончиќ ја презеде вината за четвртфиналниот пораз од Словенија appeared first on Република.

]]>
Не ми е судено да ѝ помогнам на Словенија: Заврши Евробаскетот за Драгиќ https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/ne-mi-e-sudeno-da-pomognam-na-slovenija-zavrshi-evrobasketot-za-dragikj/ Sun, 11 Sep 2022 19:33:51 +0000 https://republika.mk/?p=549848

Словенечката кошаркарска репрезентација нема да може да смета на услугите на Зоран Драгиќ во обидот за одбрана на златниот медал на континенталниот собир. Словенецот се повреди на натпреварот против Беглија, а по деталните медицински прегледи се утврди дека станува збор за повреда на бутниот мускул која ќе го оддалечи од паркетот од шест до осум недели.

Крајот на Евробаскетот го потврди и самиот Зоран Драгиќ кој изјави дека нема да може да им помогне на соиграчите на теренот, но ќе дава поддршка од клупата.

„Очигледно не ми е судено да ѝ помогнам на репрезентацијата во одлучните натпревари во Евробаскетот. Ќе им помогнам на соиграчите од клупата, гласно ќе ги бодрам и на тој начин ќе им дадам позитивна енергија кој ќе ни биде потребна во следните денови. Верувам дека момците ќе го остават срцето на терен и на крајот заедно ќе се радуваме на добар резултат кој сите го посакуваме“, изјави Драгиќ.

Словенија во четвртфиналето за противник ќе ја има Полска.

The post Не ми е судено да ѝ помогнам на Словенија: Заврши Евробаскетот за Драгиќ appeared first on Република.

]]>

Словенечката кошаркарска репрезентација нема да може да смета на услугите на Зоран Драгиќ во обидот за одбрана на златниот медал на континенталниот собир. Словенецот се повреди на натпреварот против Беглија, а по деталните медицински прегледи се утврди дека станува збор за повреда на бутниот мускул која ќе го оддалечи од паркетот од шест до осум недели. Крајот на Евробаскетот го потврди и самиот Зоран Драгиќ кој изјави дека нема да може да им помогне на соиграчите на теренот, но ќе дава поддршка од клупата. „Очигледно не ми е судено да ѝ помогнам на репрезентацијата во одлучните натпревари во Евробаскетот. Ќе им помогнам на соиграчите од клупата, гласно ќе ги бодрам и на тој начин ќе им дадам позитивна енергија кој ќе ни биде потребна во следните денови. Верувам дека момците ќе го остават срцето на терен и на крајот заедно ќе се радуваме на добар резултат кој сите го посакуваме“, изјави Драгиќ. Словенија во четвртфиналето за противник ќе ја има Полска.

The post Не ми е судено да ѝ помогнам на Словенија: Заврши Евробаскетот за Драгиќ appeared first on Република.

]]>
Италија ја елиминира Србија од ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/italija-ja-eliminira-srbija-od-ep/ Sun, 11 Sep 2022 19:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=549843

Италија го направи најголемото изненадување на Европското првенство во кошарка, откако во осминафиналето ја елиминираше Србија. Аѕурите победија со 94:86, во меч на кој одиграа одлично во второто полувреме.

Србија имаше пет победи во пет натпревари во групната фаза и потоа во нокаут фазата влезе како голем фаворит за медал на континенталниот собир. Дуелот против Италија започна како што посакуваа Србите, па по неколку минути поведоа со двоцифрена предност од 20:9, а по првите 10 минути резултатот беше 28:20.

Во средината на втората четвртина Србија поведе и со 14 разлика (38:24), но Италијанците се вратија и на полувреме Аѕурите губеа со пристојни шест разлика (51:45).

И во првите неколку минути од третата четвртина Србија имаше контрола на резултатот и водеше со 59:49, но потоа почна неверојатниот пресврт на Италија. Пред крајот на третата четвртина Аѕурите не само што ја анулираа негативата, туку стигнаа и до водство од 63:66, благодарение на низата од 17:4.

Србија имаше водство од 68:66 во пресрет на последните 10 минути кога започна вистинското шоу на Италија. Аѕурите започнаа фуриозно направија низа од 16:2, па на пет минути до крајот прв пат стигнаа и до двоцифрена предност од 82:72. Во последните две минути Италија водеше со 79:88 и беше јасно дека ќе се случи сензација.

Предводници на италијанските кошаркарски херои се Марко Спису i Николо Мели кои постигнаа по 21 поени, а Симоне Фонтекио заврши со 19 поени. Кај Србија, единствено расположени беа Никола Јокиќ со 32 поени, а Василие Мициќ постигна 16 поени.

Во четвртфиналето, Италија ќе игра против Франција.

The post Италија ја елиминира Србија од ЕП appeared first on Република.

]]>

Италија го направи најголемото изненадување на Европското првенство во кошарка, откако во осминафиналето ја елиминираше Србија. Аѕурите победија со 94:86, во меч на кој одиграа одлично во второто полувреме. Србија имаше пет победи во пет натпревари во групната фаза и потоа во нокаут фазата влезе како голем фаворит за медал на континенталниот собир. Дуелот против Италија започна како што посакуваа Србите, па по неколку минути поведоа со двоцифрена предност од 20:9, а по првите 10 минути резултатот беше 28:20. Во средината на втората четвртина Србија поведе и со 14 разлика (38:24), но Италијанците се вратија и на полувреме Аѕурите губеа со пристојни шест разлика (51:45). И во првите неколку минути од третата четвртина Србија имаше контрола на резултатот и водеше со 59:49, но потоа почна неверојатниот пресврт на Италија. Пред крајот на третата четвртина Аѕурите не само што ја анулираа негативата, туку стигнаа и до водство од 63:66, благодарение на низата од 17:4. Србија имаше водство од 68:66 во пресрет на последните 10 минути кога започна вистинското шоу на Италија. Аѕурите започнаа фуриозно направија низа од 16:2, па на пет минути до крајот прв пат стигнаа и до двоцифрена предност од 82:72. Во последните две минути Италија водеше со 79:88 и беше јасно дека ќе се случи сензација. Предводници на италијанските кошаркарски херои се Марко Спису i Николо Мели кои постигнаа по 21 поени, а Симоне Фонтекио заврши со 19 поени. Кај Србија, единствено расположени беа Никола Јокиќ со 32 поени, а Василие Мициќ постигна 16 поени. Во четвртфиналето, Италија ќе игра против Франција.

The post Италија ја елиминира Србија од ЕП appeared first on Република.

]]>