Ентони Хопкинс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/entoni-hopkins/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 13:19:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ентони Хопкинс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/entoni-hopkins/ 32 32 Советите на Ентони Хопкинс кои се бесценети – Научив да живеам како секој ден да ми е последен https://arhiva3.republika.mk/vesti/sovetite-na-entoni-hopkins-koi-se-bestseneti-nauchiv-da-zhiveam-kako-sekoj-den-da-mi-e-posleden/ Sun, 03 Nov 2024 20:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=833765

Ентони Хопкинс е човек полн со елан, енергија и животна радост. На 86-годишна возраст, тој го започнува денот со танцување, а неговиот спонтан танц се споделува на социјалните мрежи како позитивна мантра.

Ви ги пренесуваме најмудрите совети на Ентони Хопкинс:

1. Откако ги засакав моите родители, браќа и сестри, мојата сопруга, децата и пријателите, конечно почнав да се сакам себеси.

2. Сфатив дека не сум Атлас. Светот не лежи на мојот грб.

3. Им оставам на келнерите поголем бакшиш. Дополнителните пари им измамуваат насмевка на лицето. Купувам работи од занаетчии, бидејќи тие дале сè од себе за да ги направат тие прекрасни предмети. Тие многу потешко заработуваат за живот од мене.

4. Престанав да им кажувам на постарите луѓе дека повеќепати ја раскажале истата приказна. Историјата ги тера да пешачат по патеката на сеќавањата и да го преживуваат своето минато.

5. Научив да не ги поправам луѓето, дури и кога знам дека не се во право. Товарот сè да биде совршено не е мој. Светот е повреден од совршенството.

6. Давам комплименти слободно и великодушно. Комплиментите не го развеселуваат само тој што ги добива, туку и мене. И совет за примачите, никогаш не одбивајте комплимент, само кажете „благодарам“.

7. Научив да ги игнорирам диплите и дамките на кошулата. Карактерот зборува повеќе од изгледот.

8. Ги оставам луѓето кои не ме ценат. Тие можеби не знаат колку вредам, но јас знам.

9. Останувам смирен кога некој игра „валкано“ за да ме победи во трка на стаорци. Јас не сум стаорец и тоа не е моја трка.

10. Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават човек.

11. Научив дека подобро е да го отфрлам моето его отколку да ја прекинам врската со некого. Поради моето его ќе бидам изолиран и осамен, додека во добра врска, никогаш нема да бидам сам.

12. Научив да живеам како секој ден да ми е последен. На крајот на краиштата, тој навистина би можел да ми биде последен.

13. Го правам тоа што ме прави среќен. Јас сум одговорен за мојата среќа и си ја должам себеси.

14. Ослободувајте го сето тоа што го носите во себе: несовршеностите, мракот, светлината, сè. Тоа значи дека живеете исполнет живот.

15. Немам време да жалам. Треба да ги прифатиме луѓето такви какви што се. Јас се прифатив себеси каков што сум, а не каков што треба да бидам, бидејќи тоа би било лага. Јас сум грешник, стар грешник. Но си простувам себеси и продолжувам понатаму.

The post Советите на Ентони Хопкинс кои се бесценети – Научив да живеам како секој ден да ми е последен appeared first on Република.

]]>

Ентони Хопкинс е човек полн со елан, енергија и животна радост. На 86-годишна возраст, тој го започнува денот со танцување, а неговиот спонтан танц се споделува на социјалните мрежи како позитивна мантра. Ви ги пренесуваме најмудрите совети на Ентони Хопкинс: 1. Откако ги засакав моите родители, браќа и сестри, мојата сопруга, децата и пријателите, конечно почнав да се сакам себеси. 2. Сфатив дека не сум Атлас. Светот не лежи на мојот грб. 3. Им оставам на келнерите поголем бакшиш. Дополнителните пари им измамуваат насмевка на лицето. Купувам работи од занаетчии, бидејќи тие дале сè од себе за да ги направат тие прекрасни предмети. Тие многу потешко заработуваат за живот од мене. 4. Престанав да им кажувам на постарите луѓе дека повеќепати ја раскажале истата приказна. Историјата ги тера да пешачат по патеката на сеќавањата и да го преживуваат своето минато. 5. Научив да не ги поправам луѓето, дури и кога знам дека не се во право. Товарот сè да биде совршено не е мој. Светот е повреден од совршенството. 6. Давам комплименти слободно и великодушно. Комплиментите не го развеселуваат само тој што ги добива, туку и мене. И совет за примачите, никогаш не одбивајте комплимент, само кажете „благодарам“. 7. Научив да ги игнорирам диплите и дамките на кошулата. Карактерот зборува повеќе од изгледот. 8. Ги оставам луѓето кои не ме ценат. Тие можеби не знаат колку вредам, но јас знам. 9. Останувам смирен кога некој игра „валкано“ за да ме победи во трка на стаорци. Јас не сум стаорец и тоа не е моја трка. 10. Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават човек. 11. Научив дека подобро е да го отфрлам моето его отколку да ја прекинам врската со некого. Поради моето его ќе бидам изолиран и осамен, додека во добра врска, никогаш нема да бидам сам. 12. Научив да живеам како секој ден да ми е последен. На крајот на краиштата, тој навистина би можел да ми биде последен. 13. Го правам тоа што ме прави среќен. Јас сум одговорен за мојата среќа и си ја должам себеси. 14. Ослободувајте го сето тоа што го носите во себе: несовршеностите, мракот, светлината, сè. Тоа значи дека живеете исполнет живот. 15. Немам време да жалам. Треба да ги прифатиме луѓето такви какви што се. Јас се прифатив себеси каков што сум, а не каков што треба да бидам, бидејќи тоа би било лага. Јас сум грешник, стар грешник. Но си простувам себеси и продолжувам понатаму.

The post Советите на Ентони Хопкинс кои се бесценети – Научив да живеам како секој ден да ми е последен appeared first on Република.

]]>
Ентони Хопкинс во улогата на Зигмунд Фројд во најновиот филм „Последната сесија на Фројд“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/entoni-hopkins-vo-ulogata-na-zigmund-frojd-vo-najnoviot-film-poslednata-sesija-na-frojd/ Mon, 30 Oct 2023 08:43:48 +0000 https://republika.mk/?p=696159

Најновиот филм на Ентони Хопкинс „Freud‘s Last Session“ со нетпрение се очекува поради тематиката и изборот на актерските имиња. Филмот е базиран на истоимената драма на Марко Ст. Жермен, во режија на Метју Браун, и двајцата го потпишаа сценариото. Во „Freud‘s Last Session“ играат и Лив Лиза Фрис и Џоди Балфор. Филмот во кината ќе може да го гледаме на 22 декември.

Од неодамна може да се погледне трејлерот на филмот во кој се појавуваат Ентони Хопкинс како Зигмунд Фројд и Метју Гуд како теологот К.С. Луис, а на снимката се гледа како познатиот невролог и психијатар, основачот на психоанализата и авторот разговараат за создавањето на Бога.

Дејствието се одвива за време на Втората светска војна, односно два дена откако Хитлер ја нападнал Полска. Додека германските бомби паѓаат врз Англија, Фројд, кој избегал од Виена поради нацистичките сили, го посетува теологот К.С. Луис во Лондон. Филмот, исто така, ја истражува уникатната врска на Фројд со грижата за неговата ќерка лезбејка Ана, како и неконвенционалната романса на Луис со мајката на неговиот најдобар пријател.

https://www.youtube.com/watch?v=-lM65Dm6Ytc&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Ентони Хопкинс во улогата на Зигмунд Фројд во најновиот филм „Последната сесија на Фројд“ appeared first on Република.

]]>

Најновиот филм на Ентони Хопкинс „Freud‘s Last Session“ со нетпрение се очекува поради тематиката и изборот на актерските имиња. Филмот е базиран на истоимената драма на Марко Ст. Жермен, во режија на Метју Браун, и двајцата го потпишаа сценариото. Во „Freud‘s Last Session“ играат и Лив Лиза Фрис и Џоди Балфор. Филмот во кината ќе може да го гледаме на 22 декември. Од неодамна може да се погледне трејлерот на филмот во кој се појавуваат Ентони Хопкинс како Зигмунд Фројд и Метју Гуд како теологот К.С. Луис, а на снимката се гледа како познатиот невролог и психијатар, основачот на психоанализата и авторот разговараат за создавањето на Бога. Дејствието се одвива за време на Втората светска војна, односно два дена откако Хитлер ја нападнал Полска. Додека германските бомби паѓаат врз Англија, Фројд, кој избегал од Виена поради нацистичките сили, го посетува теологот К.С. Луис во Лондон. Филмот, исто така, ја истражува уникатната врска на Фројд со грижата за неговата ќерка лезбејка Ана, како и неконвенционалната романса на Луис со мајката на неговиот најдобар пријател. https://www.youtube.com/watch?v=-lM65Dm6Ytc&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Ентони Хопкинс во улогата на Зигмунд Фројд во најновиот филм „Последната сесија на Фројд“ appeared first on Република.

]]>
Ентони Хопкинс ќе го игра Николас Винтон, човекот кој спасил 669 деца од нацистите https://arhiva3.republika.mk/scena/film/entoni-hopkins-ke-go-igra-nikolas-vinton-chovekot-koj-spasil-669-detsa-od-natsistite/ Sun, 13 Aug 2023 16:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=671706

Во 1939 година, младиот англиски брокер Николас Винтон помогнал да се спасат 669 еврејски деца од окупирана Чехословачка во пресрет на Втората светска војна.

Винтон слушнал за Киндертранспорт, кој спасувал германски и австриски еврејски деца и ги донел на безбедно во Велика Британија, и решил да организира слична спасувачка акција за децата од Чехословачка. На 14 март 1939 година, првиот транспорт на деца во неговата организација тргнал од Прага со авион за Лондон. Тој собрал пари за да го финансира патувањето и исто така нашол британски згрижувачки семејства за децата бегалци.

Винтон организирал уште седум спасувачки мисии со железница од Прага и преку Германија до брегот на Атлантикот, а потоа со брод преку Ла Манш до Велика Британија. На 2 август 1939 година, последниот воз полн со деца тргнал од Прага.

По војната, спасувачките напори на Винтон останале главно непознати. Бил прогонуван од оние што не можел да ги спаси и ретко зборувал за тоа. Во 1989 година, емитувана е епизода од That’s Life! во која Винтон запознал неколку деца кои успеал да ги спаси.

За време на директниот пренос на Би-Би-Си, водителката Естер Рантзен ја прашала публиката во студиото дали некој од нив му го должи животот на Николас Винтон. Тој бил шокиран кога возрасните кои седеле околу него станале. Имено, тоа биле децата кои ги спасил пред 50 години.

Приказната на Винтон наскоро ќе заврши на екранот. Филмот, наречен Еден живот, е адаптација на книгата од 2014 година „Ако не е невозможно… Животот на Сер Николас Винтон“, напишана од неговата ќерка Барбара.

Сер Ентони Хопкинс и Џони Флин го играат Николас Винтон во различни фази од неговиот живот, додека Хелена Бонам-Картер ја игра мајката на Винтон, Баби. Во актерската екипа се и Џонатан Прајс, Лена Олин, Ромола Гараи и Алекс Шарп.

Сер Николас Винтон починал во јули 2015 година. Имал 106 години.

The post Ентони Хопкинс ќе го игра Николас Винтон, човекот кој спасил 669 деца од нацистите appeared first on Република.

]]>

Во 1939 година, младиот англиски брокер Николас Винтон помогнал да се спасат 669 еврејски деца од окупирана Чехословачка во пресрет на Втората светска војна. Винтон слушнал за Киндертранспорт, кој спасувал германски и австриски еврејски деца и ги донел на безбедно во Велика Британија, и решил да организира слична спасувачка акција за децата од Чехословачка. На 14 март 1939 година, првиот транспорт на деца во неговата организација тргнал од Прага со авион за Лондон. Тој собрал пари за да го финансира патувањето и исто така нашол британски згрижувачки семејства за децата бегалци. Винтон организирал уште седум спасувачки мисии со железница од Прага и преку Германија до брегот на Атлантикот, а потоа со брод преку Ла Манш до Велика Британија. На 2 август 1939 година, последниот воз полн со деца тргнал од Прага. По војната, спасувачките напори на Винтон останале главно непознати. Бил прогонуван од оние што не можел да ги спаси и ретко зборувал за тоа. Во 1989 година, емитувана е епизода од That’s Life! во која Винтон запознал неколку деца кои успеал да ги спаси. За време на директниот пренос на Би-Би-Си, водителката Естер Рантзен ја прашала публиката во студиото дали некој од нив му го должи животот на Николас Винтон. Тој бил шокиран кога возрасните кои седеле околу него станале. Имено, тоа биле децата кои ги спасил пред 50 години. Приказната на Винтон наскоро ќе заврши на екранот. Филмот, наречен Еден живот, е адаптација на книгата од 2014 година „Ако не е невозможно… Животот на Сер Николас Винтон“, напишана од неговата ќерка Барбара. Сер Ентони Хопкинс и Џони Флин го играат Николас Винтон во различни фази од неговиот живот, додека Хелена Бонам-Картер ја игра мајката на Винтон, Баби. Во актерската екипа се и Џонатан Прајс, Лена Олин, Ромола Гараи и Алекс Шарп. Сер Николас Винтон починал во јули 2015 година. Имал 106 години.

The post Ентони Хопкинс ќе го игра Николас Винтон, човекот кој спасил 669 деца од нацистите appeared first on Република.

]]>