енрико лета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/enriko-leta/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Sep 2023 09:21:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png енрико лета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/enriko-leta/ 32 32 Енрико Лета задолжен да подготви извештај за иднината на единствениот пазар на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/enriko-leta-zadolzhen-da-podgotvi-izveshtaj-za-idninata-na-edinstveniot-pazar-na-eu/ Sat, 16 Sep 2023 09:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=682373

Актуелниот и идниот претседавач на ЕУ, Шпанија и Белгија и Европската комисија побараа од поранешниот италијански премиер Енрико Лета да подготви Извештај за иднината на единствениот пазар на Унијата, кој би бил презентиран во март 2024 година.

- Обврска на Енрико Лета е да собере мислења од различни европски и национални институции, здруженијата на работодавачи, синдикатите, како и од граѓанското општество, соопшти Европската комисија.

Во соопштението се додава дека ЕК, Шпанија и Белгија би сакале во извештајот на Лета да видат конкретни и амбициозни препораки за иднината на единствениот пазар.

Еврокомисијата потсетува дека Советот на ЕУ од 30 јуни годинава реши на неговиот состанок во март 2024 година да биде претставен независен Извештај за иднината на единствениот пазар и ги повика актуелниот и следниот претседавач на ЕУ и извршното тело на Унијата да ја организираат неговата изработка во консултации со земјите-членки.

- Лансиран пред 30 години, единствениот пазар е скапоцен камен во круната на европската интеграција и извор на заедничка благосостојба. Соочени со поконфликтен, нестабилен и сложен свет, потребен ни е посебен напор во однос на негово стратегиско преиспитување, се додава во соопштението.

The post Енрико Лета задолжен да подготви извештај за иднината на единствениот пазар на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Актуелниот и идниот претседавач на ЕУ, Шпанија и Белгија и Европската комисија побараа од поранешниот италијански премиер Енрико Лета да подготви Извештај за иднината на единствениот пазар на Унијата, кој би бил презентиран во март 2024 година. - Обврска на Енрико Лета е да собере мислења од различни европски и национални институции, здруженијата на работодавачи, синдикатите, како и од граѓанското општество, соопшти Европската комисија. Во соопштението се додава дека ЕК, Шпанија и Белгија би сакале во извештајот на Лета да видат конкретни и амбициозни препораки за иднината на единствениот пазар. Еврокомисијата потсетува дека Советот на ЕУ од 30 јуни годинава реши на неговиот состанок во март 2024 година да биде претставен независен Извештај за иднината на единствениот пазар и ги повика актуелниот и следниот претседавач на ЕУ и извршното тело на Унијата да ја организираат неговата изработка во консултации со земјите-членки. - Лансиран пред 30 години, единствениот пазар е скапоцен камен во круната на европската интеграција и извор на заедничка благосостојба. Соочени со поконфликтен, нестабилен и сложен свет, потребен ни е посебен напор во однос на негово стратегиско преиспитување, се додава во соопштението.

The post Енрико Лета задолжен да подготви извештај за иднината на единствениот пазар на ЕУ appeared first on Република.

]]>