Енгелс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/engels/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Dec 2022 18:23:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Енгелс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/engels/ 32 32 Инцидент и експлозија во руската воздухопловна база „Енгелс“ каде што има стратешки бомбардери https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/intsident-i-eksplozija-vo-ruskata-vozduhoplovna-baza-engels-kade-shto-ima-strateshki-bombarderi/ Mon, 26 Dec 2022 19:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=590256

Извештаите за инцидент во воздухопловната база Енгелс во руската област Саратов се проверуваат, но нема штета врз цивилната инфраструктура, изјави локалниот гувернер Роман Бусаргин по извештаите на медиумите за експлозии во базата.

Нема апсолутно никаква опасност за жителите. Нема оштетени цивилни инфраструктурни локации. Информациите за инцидент на воена локација се проверуваат од органите на редот“, изјави Бусаргин.

Новинската агенција „РБЦ-Украина“ објави дека се случиле две експлозии. Руското издание „База“, цитирајќи локални жители, објави дека биле активирани сирени за воздушен напад и дека одекнала експлозија.

На 5 декември, Русија соопшти дека оваа воздухопловна база, која се наоѓа на околу 730 километри југоисточно од Москва во близина на градот Саратов, била цел на напади со украински беспилотни летала.

Украина никогаш јавно не презеде одговорност за нападите во Русија.

Украинската агенција „Укринформ“, која јави за експлозии во базата Енгелс, повикувајќи се на руски канали на социјалната мрежа Телеграм, забележува дека токму од оваа база се извршуваат сите масовни руски ракетни напади против Украина. „Укринформ“ додава дека таму се сместени руски стратешки бомбардери Ту-95 и Ту-160.

The post Инцидент и експлозија во руската воздухопловна база „Енгелс“ каде што има стратешки бомбардери appeared first on Република.

]]>

Извештаите за инцидент во воздухопловната база Енгелс во руската област Саратов се проверуваат, но нема штета врз цивилната инфраструктура, изјави локалниот гувернер Роман Бусаргин по извештаите на медиумите за експлозии во базата.
Нема апсолутно никаква опасност за жителите. Нема оштетени цивилни инфраструктурни локации. Информациите за инцидент на воена локација се проверуваат од органите на редот“, изјави Бусаргин.
Новинската агенција „РБЦ-Украина“ објави дека се случиле две експлозии. Руското издание „База“, цитирајќи локални жители, објави дека биле активирани сирени за воздушен напад и дека одекнала експлозија. На 5 декември, Русија соопшти дека оваа воздухопловна база, која се наоѓа на околу 730 километри југоисточно од Москва во близина на градот Саратов, била цел на напади со украински беспилотни летала. Украина никогаш јавно не презеде одговорност за нападите во Русија. Украинската агенција „Укринформ“, која јави за експлозии во базата Енгелс, повикувајќи се на руски канали на социјалната мрежа Телеграм, забележува дека токму од оваа база се извршуваат сите масовни руски ракетни напади против Украина. „Укринформ“ додава дека таму се сместени руски стратешки бомбардери Ту-95 и Ту-160.

The post Инцидент и експлозија во руската воздухопловна база „Енгелс“ каде што има стратешки бомбардери appeared first on Република.

]]>